Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kozata-e-elastichnata-obvivka-shto-go-opfakja-celoto-telo/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Oct 2022 09:04:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kozata-e-elastichnata-obvivka-shto-go-opfakja-celoto-telo/ 32 32 Онлајн промоција на романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/onlajn-promocija-na-romanot-kozata-e-elastichnata-obvivka-shto-go-opfakja-celoto-telo-od-bjorn-rasmusen/ Thu, 27 Oct 2022 09:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=566201

Романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од данскиот поет и писател Бјорн Расмусен, ќе биде промовиран онлајн, вечерва (27 октомври, четврток), со почеток во 19 часот. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е првиот наслов од новата едиција „Порта Европа“.

На промоцијата, која ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе зборуваат уредничката Бисера Бендевска и Искра Бадева, која го преведе делото од дански јазик.

Авторот Бјорн Расмусен е роден во 1983 година во Лемвиг, Данска. Дипломира на Данската школа за драматургија во 2007 година и на Данската школа за писатели во 2011 година. Истата година ја добива книжевната награда „Монтана“ за романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“. Во 2013 година се здобива со тригодишен грант за работа од данската влада, а следната година ја добива и наградата „Култур Борнхолм“. Во 2016 година е награден со книжевната награда на Европската унија, за истиот роман.

„Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ е роман за растењето на еден млад човек кој се навраќа на животот од неговото детство во рурална Данска и конкретно – на неговиот однос со многу повозрасниот инструктор по јавање, со кој развива приврзаност што прераснува во романтична и еротска опсесија.

Идејното решение на корицата на македонското издание е на дизајнерката Катерина Соколова. Тоа беше избрано како победничко на конкурсот за дизајн на корици на сите шест романи од едицијата „Порта Европа“, како дел од истоимениот проект, чиишто активности се однесуваат на ублажување на економските ефекти од рестрикциите предизвикани од пандемијата на Ковид-19 врз издавачкиот сектор, преку соработка со чинители од синџирот на книгоиздателството на домашниот пазар.

Проектот „Порта Европа“ е кофинансиран од Европската унија.

The post Онлајн промоција на романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен appeared first on Република.

]]>

Романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од данскиот поет и писател Бјорн Расмусен, ќе биде промовиран онлајн, вечерва (27 октомври, четврток), со почеток во 19 часот. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е првиот наслов од новата едиција „Порта Европа“. На промоцијата, која ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе зборуваат уредничката Бисера Бендевска и Искра Бадева, која го преведе делото од дански јазик. Авторот Бјорн Расмусен е роден во 1983 година во Лемвиг, Данска. Дипломира на Данската школа за драматургија во 2007 година и на Данската школа за писатели во 2011 година. Истата година ја добива книжевната награда „Монтана“ за романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“. Во 2013 година се здобива со тригодишен грант за работа од данската влада, а следната година ја добива и наградата „Култур Борнхолм“. Во 2016 година е награден со книжевната награда на Европската унија, за истиот роман. „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ е роман за растењето на еден млад човек кој се навраќа на животот од неговото детство во рурална Данска и конкретно – на неговиот однос со многу повозрасниот инструктор по јавање, со кој развива приврзаност што прераснува во романтична и еротска опсесија. Идејното решение на корицата на македонското издание е на дизајнерката Катерина Соколова. Тоа беше избрано како победничко на конкурсот за дизајн на корици на сите шест романи од едицијата „Порта Европа“, како дел од истоимениот проект, чиишто активности се однесуваат на ублажување на економските ефекти од рестрикциите предизвикани од пандемијата на Ковид-19 врз издавачкиот сектор, преку соработка со чинители од синџирот на книгоиздателството на домашниот пазар. Проектот „Порта Европа“ е кофинансиран од Европската унија.

The post Онлајн промоција на романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен appeared first on Република.

]]>