ковид вакцини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-vakcini/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Oct 2022 20:59:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковид вакцини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-vakcini/ 32 32 Обилната менструација – можен несакан ефект на вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/obilnata-menstruacija-mozen-nesakan-efekt-na-vakcinite-fajzer-i-moderna/ Fri, 28 Oct 2022 20:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=566990

Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача обилно менструално крварење да се додаде на листата несакани ефекти од вакцината мРНК против Ковид-19 произведена од Модерна, како и од партнерите Фајзер и БиоНТек.

Извештаи за обилни менструации – крварење кое се карактеризира со зголемен волумен и/или времетраење што го попречува квалитетот на животот – се забележани во клиничките испитувања, од случаите во реалниот свет и во медицинската литература, соопшти ЕМА.

Случаите – кои беа главно не се сериозни и се привремени по природа – беа пријавени по првата, втората и засилената доза на вакцините, се додава во соопштенито.

Регулаторот сега заклучи дека постои барем „разумна можност“ обилно менструално крварење да е причински поврзано со овие вакцини.

Менструалните нарушувања може да се појават поради повеќе причини, вклучувајќи хронични болести, стрес и замор. Здравствените власти нагласија дека се евидентирани вакви случаи и по заболување од Ковид-19.

The post Обилната менструација – можен несакан ефект на вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ appeared first on Република.

]]>

Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача обилно менструално крварење да се додаде на листата несакани ефекти од вакцината мРНК против Ковид-19 произведена од Модерна, како и од партнерите Фајзер и БиоНТек. Извештаи за обилни менструации – крварење кое се карактеризира со зголемен волумен и/или времетраење што го попречува квалитетот на животот – се забележани во клиничките испитувања, од случаите во реалниот свет и во медицинската литература, соопшти ЕМА. Случаите – кои беа главно не се сериозни и се привремени по природа – беа пријавени по првата, втората и засилената доза на вакцините, се додава во соопштенито. Регулаторот сега заклучи дека постои барем „разумна можност“ обилно менструално крварење да е причински поврзано со овие вакцини. Менструалните нарушувања може да се појават поради повеќе причини, вклучувајќи хронични болести, стрес и замор. Здравствените власти нагласија дека се евидентирани вакви случаи и по заболување од Ковид-19.

The post Обилната менструација – можен несакан ефект на вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ appeared first on Република.

]]>
Грција ги набави вакцините и за подваријантите БА 4/5 на Омикрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-gi-nabavi-vakcinite-i-za-podvarijantite-ba-4-5-na-omikron/ Tue, 27 Sep 2022 10:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=554744

Ажурираните вакцини против Ковид-19, кои заштитуваат од подваријантите БА 4/5 на мутацијата Омикрон, пристигнаа во Грција, а попладнево ќе се отвори платформата за закажување термин за вакцинација и ќе се користат само како прва или втора дополнителна доза односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози, јави дописничката на МИА од Атина.

Пред две седмици започна имунизацијата со вакцините наменети за сојот Омикрон и како што и беше најавено дополнително пристигнаа и новите вакцини, а планирано е, како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, вакцинацијата да започне в понеделник.

Приоритет и за двете ажурирани вакцини имаат граѓаните над 60-годишна возраст и лицата од 12 до 59 години со здравствени проблеми.

Станува збор за мРНА вакцини кои се користат како прва или втора дополнителна доза, односно трета и четврта доза и треба да се примат три месеци по вакцинацијата или по прележан Ковид-19.

Ажурирани вакцини се наменети само за вакцинираните, а оние кои се невакцинирани, ќе се имунизираат со постоечките вакцини.

The post Грција ги набави вакцините и за подваријантите БА 4/5 на Омикрон appeared first on Република.

]]>

Ажурираните вакцини против Ковид-19, кои заштитуваат од подваријантите БА 4/5 на мутацијата Омикрон, пристигнаа во Грција, а попладнево ќе се отвори платформата за закажување термин за вакцинација и ќе се користат само како прва или втора дополнителна доза односно само за оние кои се веќе вакцинирани до две или три дози, јави дописничката на МИА од Атина. Пред две седмици започна имунизацијата со вакцините наменети за сојот Омикрон и како што и беше најавено дополнително пристигнаа и новите вакцини, а планирано е, како што соопштија од Министерството за здравство на Грција, вакцинацијата да започне в понеделник. Приоритет и за двете ажурирани вакцини имаат граѓаните над 60-годишна возраст и лицата од 12 до 59 години со здравствени проблеми. Станува збор за мРНА вакцини кои се користат како прва или втора дополнителна доза, односно трета и четврта доза и треба да се примат три месеци по вакцинацијата или по прележан Ковид-19. Ажурирани вакцини се наменети само за вакцинираните, а оние кои се невакцинирани, ќе се имунизираат со постоечките вакцини.

The post Грција ги набави вакцините и за подваријантите БА 4/5 на Омикрон appeared first on Република.

]]>
САД: Одобрена вакцинација против Ковид-19 на деца од шест месеци до пет години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sad-odobrena-vakcinacija-protiv-kovid-19-na-deca-od-shest-meseci-do-pet-godini/ Sun, 19 Jun 2022 10:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=517145

Американските здравствени власти препорачаа да се даде вакцина против Ковид-19 на деца на возраст од шест месеци до пет години, последната возрасна група за која вакцината се уште не беше одобрена.

„Знаеме дека милиони родители и старатели чекаат нивните деца да бидат вакцинирани, а со денешната одлука тој ќе може да го направи тоа“, изјави д-р Рошел Валенски, директор на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Советодавното тело на ЦДЦ нагласи дека вакцините им даваат заштита на малите деца од хоспитализација, смрт и можни долгорочни компликации.

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) ги одобрува вакцините и ЦДЦ одлучува кој може да ги добие.

Американската влада се подготвува да започне да дава вакцини за најмалите деца на почетокот на следната недела, а милиони дози се нарачани за дистрибуција до лекарите, болниците и здравствените клиники низ целата земја.

The post САД: Одобрена вакцинација против Ковид-19 на деца од шест месеци до пет години appeared first on Република.

]]>

Американските здравствени власти препорачаа да се даде вакцина против Ковид-19 на деца на возраст од шест месеци до пет години, последната возрасна група за која вакцината се уште не беше одобрена.
„Знаеме дека милиони родители и старатели чекаат нивните деца да бидат вакцинирани, а со денешната одлука тој ќе може да го направи тоа“, изјави д-р Рошел Валенски, директор на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Советодавното тело на ЦДЦ нагласи дека вакцините им даваат заштита на малите деца од хоспитализација, смрт и можни долгорочни компликации. Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) ги одобрува вакцините и ЦДЦ одлучува кој може да ги добие. Американската влада се подготвува да започне да дава вакцини за најмалите деца на почетокот на следната недела, а милиони дози се нарачани за дистрибуција до лекарите, болниците и здравствените клиники низ целата земја.

The post САД: Одобрена вакцинација против Ковид-19 на деца од шест месеци до пет години appeared first on Република.

]]>
Фајзер годинава од антиковид вакцините ќе заработи 32 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/fajzer-godinava-od-antikovid-vakcinite-kje-zaraboti-32-milijardi-dolari/ Tue, 03 May 2022 19:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=497134

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ денеска ги потврди проценките за годишниот приход од вакцините и таблетите против Ковид-19, за првпат откако се пуштени во продажба.

Компанијата соопшти дека оваа година очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња Paxlovid. Тие досега истакнуваа дека оваа проценка се базира само на дел од нивниот производствен капацитет.

Приходите од вакцините развиени во соработка со германската BioNTech се очекува да бидат 32 милијарди долари, според досегашната прогноза.

Тие малку ја намалија својата прогноза за овогодинешната приспособена заработка, од 6,35 на 6,55 долари, односно на 6,25 до 6,45 долари по акција, поради трошоците за стекнување и клучните плаќања.

Извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, ја истакна зголемената побарувачка за Paxlovid во САД.

„Генерално очекуваме нови трендови за подобрен пристап до Paxlovid и владини прашања во услови на мутации на вирусите и нови бранови на инфекција ширум светот да резултираат со зголемување на нарачките во наредните месеци“, рече Бурла.

The post Фајзер годинава од антиковид вакцините ќе заработи 32 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ денеска ги потврди проценките за годишниот приход од вакцините и таблетите против Ковид-19, за првпат откако се пуштени во продажба. Компанијата соопшти дека оваа година очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња Paxlovid. Тие досега истакнуваа дека оваа проценка се базира само на дел од нивниот производствен капацитет. Приходите од вакцините развиени во соработка со германската BioNTech се очекува да бидат 32 милијарди долари, според досегашната прогноза. Тие малку ја намалија својата прогноза за овогодинешната приспособена заработка, од 6,35 на 6,55 долари, односно на 6,25 до 6,45 долари по акција, поради трошоците за стекнување и клучните плаќања. Извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла, ја истакна зголемената побарувачка за Paxlovid во САД.
„Генерално очекуваме нови трендови за подобрен пристап до Paxlovid и владини прашања во услови на мутации на вирусите и нови бранови на инфекција ширум светот да резултираат со зголемување на нарачките во наредните месеци“, рече Бурла.

The post Фајзер годинава од антиковид вакцините ќе заработи 32 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Сали: Жално е што бројот на вакцинирани е низок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sali-zalno-e-shto-brojot-na-vakcinirani-e-nizok/ Wed, 09 Feb 2022 18:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=456417

Министерот за здравство, Беким Сали, во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, истакна дека состојбата со пандемијата се анализира секоја недела и „пикот на омикрон е во благ пад“.

„На неделна основа ја анализираме неделната епидемиолошка состојба и врз основа на неа носиме одлуки и чекори што ќе ги преземеме. Во моментов пикот на омикрон е во благо опаѓање и сега доаѓаме во фаза на хоспитализации“, изјави Сали.

Министерот вели дека најголем проблем во справувањето со вирусот е големиот отпор кон вакцинацијата, а вели и дека видел „макотрпна работа“ на здравствените работници во неколку ковид-центри низ земјава кои досега ги посети.

„Нашето општество има отпор кон вакцинација и тоа е голем проблем. Немаме финално решение за тоа. Ќе продолжуваме да апелираме и да обезбедуваме вакцини и понатаму. Има максимални напори. Жално е што е низок е бројот на вакцинирани. Гледаме пациенти кои се жртви на пропаганда, за која е необјасниво зошто се прави. Теории на заговор, неспособност… Ние се трудиме да ги развиваме нашите позитивни политики“, додаде Сали.

Министерот нагласи и дека една од клучните причини зошто бројот на жртви од ковид-19 е висок, всушност е токму ниската стапка на вакцинирани граѓани.

The post Сали: Жално е што бројот на вакцинирани е низок appeared first on Република.