ковид вакцина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-vakcina/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jul 2024 15:50:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковид вакцина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-vakcina/ 32 32 Белгија ќе уништи вакцини против Ковид, маски и друга заштитна опрема вредна 207 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgija-ke-unishti-vaktsini-protiv-kovid-maski-i-druga-zashtitna-oprema-vredna-207-milioni-evra/ Thu, 25 Jul 2024 15:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=800268

Белгија ќе ги уништи непотребните вакцини против Ковид, маски, заштитна облека и тестови со поминат рок вредни 207 милиони евра, соопшти Министерството за здравство.

Министерството напоменува дека со таа мерка ќе се расчисти просторот за пополнување на залихи и ќе се заштедат трошоци за складирање на вишокот средства. Се додава дека за време на изминатата пандемија, Белгија се преполни со лекови, главно обезбедени преку договорите што Европската комисија ги подготви со производителите на вакцини. Белгија ја искористи можноста да донира дел од вишокот вакцини, но повеќе нема побарувачка.

На почетокот на пандемијата пред четири години, во Белгија избувна политички скандал откако беше откриено дека земјата нема доволно залихи на маски за лице, а маските што не ги исполнуваа условите подоцна беа уништени.

The post Белгија ќе уништи вакцини против Ковид, маски и друга заштитна опрема вредна 207 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Белгија ќе ги уништи непотребните вакцини против Ковид, маски, заштитна облека и тестови со поминат рок вредни 207 милиони евра, соопшти Министерството за здравство. Министерството напоменува дека со таа мерка ќе се расчисти просторот за пополнување на залихи и ќе се заштедат трошоци за складирање на вишокот средства. Се додава дека за време на изминатата пандемија, Белгија се преполни со лекови, главно обезбедени преку договорите што Европската комисија ги подготви со производителите на вакцини. Белгија ја искористи можноста да донира дел од вишокот вакцини, но повеќе нема побарувачка. На почетокот на пандемијата пред четири години, во Белгија избувна политички скандал откако беше откриено дека земјата нема доволно залихи на маски за лице, а маските што не ги исполнуваа условите подоцна беа уништени.

The post Белгија ќе уништи вакцини против Ковид, маски и друга заштитна опрема вредна 207 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Белгија уништува ковид вакцини вредни 80 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgija-unishtuva-kovid-vaktsini-vredni-80-milioni-evra/ Thu, 20 Jul 2023 16:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=663681

Белгија ќе уништи 3,5 милиони вакцини против Ковид за 80,2 милиони евра, соопшти Министерството за здравство. Се прецизира дека тоа е неопходно поради истекување на рокот на траење на вакцините.

Уништените количества сочинуваат 6,45 отсто од вкупно 54,3 милиони дози обезбедени од властите.

Со население од 11,7 милиони луѓе, тоа значи дека белгиските власти платиле за вакцинација со пет дози на секој белгиски граѓанин.

Белгиското Министерство за здравство наведува дека сите земји од ЕУ ќе ги уништат вакцините против Ковид, но некаде количините ќе бидат уште поголеми.

Се додава дека, покрај вакцините, во Белгија ќе бидат фрлени и други материјали поврзани со пандемијата како маски и комплети за тестирање - за вкупно 131 милион евра

The post Белгија уништува ковид вакцини вредни 80 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Белгија ќе уништи 3,5 милиони вакцини против Ковид за 80,2 милиони евра, соопшти Министерството за здравство. Се прецизира дека тоа е неопходно поради истекување на рокот на траење на вакцините. Уништените количества сочинуваат 6,45 отсто од вкупно 54,3 милиони дози обезбедени од властите. Со население од 11,7 милиони луѓе, тоа значи дека белгиските власти платиле за вакцинација со пет дози на секој белгиски граѓанин. Белгиското Министерство за здравство наведува дека сите земји од ЕУ ќе ги уништат вакцините против Ковид, но некаде количините ќе бидат уште поголеми. Се додава дека, покрај вакцините, во Белгија ќе бидат фрлени и други материјали поврзани со пандемијата како маски и комплети за тестирање - за вкупно 131 милион евра

The post Белгија уништува ковид вакцини вредни 80 милиони евра appeared first on Република.

]]>
ЦДЦ: Нема доволно докази за да се препорача повеќе од една „бустер” доза против ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tsdts-nema-dovolno-dokazi-za-da-se-preporacha-poveke-od-edna-buster-doza-protiv-kovid-19/ Sat, 25 Feb 2023 20:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=613210

Нема доволно докази за да се препорача повеќе од една „бустер” доза за ковид-19 на годишно ниво за постарите луѓе и оние со ослабен имунолошки систем, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ).

Работната група ковид-19 на Советодавниот комитет за имунизација на ЦДЦ (АЦИП) поддржа годишна кампања за засилување, најверојатно наесен, особено за популации кои се сметаат со висок ризик, рече д-р Сара Оливер, службеник на ЦДЦ кој ја предводи групата, за време на состанокот на надворешните советници на агенцијата.

Агенцијата во моментов препорачува постарите и имунокомпромитирани луѓе почесто да го проверуваат имунитетот за да видат дали им е потребно зајакнување за ковид, бидејќи ефективноста на вакцините обично опаѓа побрзо кај тие популации во споредба со помладите луѓе со подобар имунолошки систем.

Во пролетта 2022 година, ЦДЦ препорача имунокомпромитирани и лицата постари од 50 години да добијат дополнителна вакцина доколку го примиле првата бустер доза најмалку четири месеци порано.

The post ЦДЦ: Нема доволно докази за да се препорача повеќе од една „бустер” доза против ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Нема доволно докази за да се препорача повеќе од една „бустер” доза за ковид-19 на годишно ниво за постарите луѓе и оние со ослабен имунолошки систем, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ). Работната група ковид-19 на Советодавниот комитет за имунизација на ЦДЦ (АЦИП) поддржа годишна кампања за засилување, најверојатно наесен, особено за популации кои се сметаат со висок ризик, рече д-р Сара Оливер, службеник на ЦДЦ кој ја предводи групата, за време на состанокот на надворешните советници на агенцијата. Агенцијата во моментов препорачува постарите и имунокомпромитирани луѓе почесто да го проверуваат имунитетот за да видат дали им е потребно зајакнување за ковид, бидејќи ефективноста на вакцините обично опаѓа побрзо кај тие популации во споредба со помладите луѓе со подобар имунолошки систем. Во пролетта 2022 година, ЦДЦ препорача имунокомпромитирани и лицата постари од 50 години да добијат дополнителна вакцина доколку го примиле првата бустер доза најмалку четири месеци порано.

The post ЦДЦ: Нема доволно докази за да се препорача повеќе од една „бустер” доза против ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: „Синофарм“ и „Синовак“ речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон, потребен е бустер https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-sinofarm-i-sinovak-rechisi-ne-obezbeduvaat-nikakva-zashtita-od-omikron-potreben-e-buster/ Sat, 29 Jan 2022 09:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=451067

Епидемиологот Драган Даниловски, во изјава за „Дојче Веле“ вели дека Омикрон го заобиколува имунитетот стекнат од вакцините.

„Никогаш ниедна вакцина не штитела стопроцентно од смртен исход! Особено не кон варијанта на вирусот што го заобиколува во голема мера имунитетот стекнат од вакцините, како што е Омикрон“, вели епидемилогот, професор Даниловски, откако деновиве во здравствените билтени се почесто се забележуваат починати лица коишто имале примено по две вакцини за заштита од Ковид-19.

Епидемиологот смета дека ако опфатот со трета (бустер) доза е поголем, би се избегнале непотребни жртви.

„Таа го подига нивото на заштита од заразување од Омикрон на околу 50 проценти, од хоспитализација на околу 90 проценти и од смртен исход преку 90 проценти. За жал, кај нас опфатот со трета (бустер) доза е симболичен“, објаснува Даниловски за ДВ.

Даниловски укажува дека заштитата од вакцините трае само неколку месеци, така што кај сите што се вакцинирале од почетокот на вакцинацијата во Македонија, па сѐ до пред 3-6 месеци, заштитата од заразување практично е исчезната, а од хоспитализација и смрт е значајно редуцирана.

Неповолен момент, според него, е и фактот што огромен број граѓани беа вакцинирани со кинеските вакцини Синофарм и Синовак, кои речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон.

Од 21 до 26 јануари - 36 лица коишто биле вакцинирани, или повеќе од една третина, се најдоа меѓу стотината граѓани коишто ја изгубија битката со Ковид-19.

The post Д-р Даниловски: „Синофарм“ и „Синовак“ речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон, потребен е бустер appeared first on Република.

]]>

Епидемиологот Драган Даниловски, во изјава за „Дојче Веле“ вели дека Омикрон го заобиколува имунитетот стекнат од вакцините.
„Никогаш ниедна вакцина не штитела стопроцентно од смртен исход! Особено не кон варијанта на вирусот што го заобиколува во голема мера имунитетот стекнат од вакцините, како што е Омикрон“, вели епидемилогот, професор Даниловски, откако деновиве во здравствените билтени се почесто се забележуваат починати лица коишто имале примено по две вакцини за заштита од Ковид-19.
Епидемиологот смета дека ако опфатот со трета (бустер) доза е поголем, би се избегнале непотребни жртви.
„Таа го подига нивото на заштита од заразување од Омикрон на околу 50 проценти, од хоспитализација на околу 90 проценти и од смртен исход преку 90 проценти. За жал, кај нас опфатот со трета (бустер) доза е симболичен“, објаснува Даниловски за ДВ.
Даниловски укажува дека заштитата од вакцините трае само неколку месеци, така што кај сите што се вакцинирале од почетокот на вакцинацијата во Македонија, па сѐ до пред 3-6 месеци, заштитата од заразување практично е исчезната, а од хоспитализација и смрт е значајно редуцирана. Неповолен момент, според него, е и фактот што огромен број граѓани беа вакцинирани со кинеските вакцини Синофарм и Синовак, кои речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон. Од 21 до 26 јануари - 36 лица коишто биле вакцинирани, или повеќе од една третина, се најдоа меѓу стотината граѓани коишто ја изгубија битката со Ковид-19.

The post Д-р Даниловски: „Синофарм“ и „Синовак“ речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон, потребен е бустер appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски за вакцинацијата: Балканецот е тврдоглав, не можеш со забрани да го поттикнеш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekjarovski-za-vakcinacijata-balkanecot-e-tvrdoglav-ne-mozesh-so-zabrani-da-go-pottiknesh/ Wed, 26 Jan 2022 18:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=449945

Менталитетот на народот не го научивме. Балканецот е тврдоглав. Кога нешто ќе му забраните, за инает го прави, вели д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, говорејќи за тоа зошто граѓаните не се поттикнуваат на вакцинација.

Според него, ние продолжуваме со забрани да направиме нешто за да ги поттикнеме и всушност се добива контра ефект.

-Врие од лажни сертификати. Никој не ги проверува. Сега секаде е полно. Но од друга страна, таквите сертификати веќе немаат медицинско влијание, затоа што и вакцинираните можат да се заразат. Таа мерка веќе не е оправдана, потенцира д-р Беќаровски, во емисијата „Само вистина“.

The post Д-р Беќаровски за вакцинацијата: Балканецот е тврдоглав, не можеш со забрани да го поттикнеш appeared first on Република.

]]>

Менталитетот на народот не го научивме. Балканецот е тврдоглав. Кога нешто ќе му забраните, за инает го прави, вели д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, говорејќи за тоа зошто граѓаните не се поттикнуваат на вакцинација. Според него, ние продолжуваме со забрани да направиме нешто за да ги поттикнеме и всушност се добива контра ефект.
-Врие од лажни сертификати. Никој не ги проверува. Сега секаде е полно. Но од друга страна, таквите сертификати веќе немаат медицинско влијание, затоа што и вакцинираните можат да се заразат. Таа мерка веќе не е оправдана, потенцира д-р Беќаровски, во емисијата „Само вистина“.

The post Д-р Беќаровски за вакцинацијата: Балканецот е тврдоглав, не можеш со забрани да го поттикнеш appeared first on Република.

]]>
Израел: Четвртата доза анти-ковид вакцина ги штити постарите луѓе трипати повеќе од третата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/izrael-chetvrtata-doza-anti-kovid-vakcina-gi-shtiti-postarite-lugje-tripati-povekje-od-tretata/ Sun, 23 Jan 2022 22:33:29 +0000 https://republika.mk/?p=448492

Четвртата доза вакцина против Ковид-19 што ја примиле лица над 60 години во Израел ги направи три пати поотпорни на сериозно заболување од трипати вакцинираните лица од иста возрасна група, објави вечерва израелското Министерство за здравство.

Израел овој месец почна со давање на четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бионтек на луѓето постари од 60 години.

Кај луѓето кои ја примиле четвртата доза, антителата биле со уште повисоко ниво од оние со примена „бустер“ доза, но според истражувачите, тоа „веројатно“ не е доволно тие да бидат целосно заштитени од заразување со високопреносливиот сој омикрон.

The post Израел: Четвртата доза анти-ковид вакцина ги штити постарите луѓе трипати повеќе од третата appeared first on Република.

]]>

Четвртата доза вакцина против Ковид-19 што ја примиле лица над 60 години во Израел ги направи три пати поотпорни на сериозно заболување од трипати вакцинираните лица од иста возрасна група, објави вечерва израелското Министерство за здравство. Израел овој месец почна со давање на четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бионтек на луѓето постари од 60 години. Кај луѓето кои ја примиле четвртата доза, антителата биле со уште повисоко ниво од оние со примена „бустер“ доза, но според истражувачите, тоа „веројатно“ не е доволно тие да бидат целосно заштитени од заразување со високопреносливиот сој омикрон.

The post Израел: Четвртата доза анти-ковид вакцина ги штити постарите луѓе трипати повеќе од третата appeared first on Република.

]]>
Јапонија прави вакцина против Ковид-19 која ќе трае цел живот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/japonija-pravi-vakcina-protiv-kovid-19-koja-kje-trae-cel-zivot/ Sat, 01 Jan 2022 19:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=439415

Светот е пред третата година во борбата против коронавирусот, но добрите вести доаѓаат од Токио, Јапонија. Имено, тамошните научници забрзано работат на револуционерна вакцина која ќе гарантира доживотна ефикасност, објави порталот Japan Times, а пренесува Јутарњи лист.

Постоечките вакцини поради падот на нивото на антитела бараат инјектирање засилувачи – т.н. бустер дози – а новата вакцина треба да му донесе голем пресврт на човештвото – покрај здравствените придобивки, може да доведе и до значителни финансиски заштеди – и тоа на глобално ниво.

Мичинори Кохара, почесен професор на Метрополитен институтот за медицински науки во Токио, почна да размислува на почетокот на 2020 година за вакцина која, како онаа за големи сипаници, ќе помогне да се искорени опасниот коронавирус. Кохара веќе три децении работи на темата вирус вакцинија (vaccinia virus), кој се користел во вакцината против сипаници, а кој бил развиен во 1796 година од британскиот лекар Едвард Џенер. Неговата вакцина успешно искоренила заразна болест, а последниот познат случај бил пациент од Сомалија во 1977 година.

Во април 2020 година, Кохара, во соработка со Националниот институт за заразни болести, почна да го развива рекомбинантниот вирус вакцинија, кој го содржи шилестиот протеин на вирусот САРС-КоВ-2, предизвикувачкиот агенс на Ковид-19. Неговиот тим избра непатоген вид на вакцина наречена DIs, кој делува како исклучително ефикасен и безбеден вирусен вектор.

Револуционерната вакцина на Кохара може да произведе моќни неутрализирачки антитела во рок од една недела по имунизацијата и да понуди долготрајна заштита. И ако две инјекции од вакцината се дадат со разлика од три недели, неутрализирачките антитела се зголемуваат за дури десет пати. Вакцината, исто така, најверојатно ќе биде ефикасна против омикрон. Друга предност е нејзината способност да се чува долго време на собна температура.

– Оваа вакцина може да предизвика антитела и да создаде доживотен имунитет. Една инјекција ја задржува својата ефикасност повеќе од 20 месеци, а не постои друга вакцина која може да постигне такви ефекти, изјави Мичинори Кохара.

Јапонскиот производител на лекови Nobelpharma Co. планира да ги спроведе првата и втората фаза од клиничките испитувања на вакцината на Кохарин до почетокот на 2023 година. Студијата ќе вклучи 150 до 200 волонтери, вклучувајќи ги и оние кои го прележале вирусот и оние кои биле целосно вакцинирани. Доколку се потврдат ефикасноста и безбедноста, завршната фаза од клиничкото испитување треба да започне веднаш потоа, а комерцијализацијата на вакцината е закажана најрано за 2024 година.

The post Јапонија прави вакцина против Ковид-19 која ќе трае цел живот appeared first on Република.

]]>

Светот е пред третата година во борбата против коронавирусот, но добрите вести доаѓаат од Токио, Јапонија. Имено, тамошните научници забрзано работат на револуционерна вакцина која ќе гарантира доживотна ефикасност, објави порталот Japan Times, а пренесува Јутарњи лист. Постоечките вакцини поради падот на нивото на антитела бараат инјектирање засилувачи – т.н. бустер дози – а новата вакцина треба да му донесе голем пресврт на човештвото – покрај здравствените придобивки, може да доведе и до значителни финансиски заштеди – и тоа на глобално ниво. Мичинори Кохара, почесен професор на Метрополитен институтот за медицински науки во Токио, почна да размислува на почетокот на 2020 година за вакцина која, како онаа за големи сипаници, ќе помогне да се искорени опасниот коронавирус. Кохара веќе три децении работи на темата вирус вакцинија (vaccinia virus), кој се користел во вакцината против сипаници, а кој бил развиен во 1796 година од британскиот лекар Едвард Џенер. Неговата вакцина успешно искоренила заразна болест, а последниот познат случај бил пациент од Сомалија во 1977 година. Во април 2020 година, Кохара, во соработка со Националниот институт за заразни болести, почна да го развива рекомбинантниот вирус вакцинија, кој го содржи шилестиот протеин на вирусот САРС-КоВ-2, предизвикувачкиот агенс на Ковид-19. Неговиот тим избра непатоген вид на вакцина наречена DIs, кој делува како исклучително ефикасен и безбеден вирусен вектор. Револуционерната вакцина на Кохара може да произведе моќни неутрализирачки антитела во рок од една недела по имунизацијата и да понуди долготрајна заштита. И ако две инјекции од вакцината се дадат со разлика од три недели, неутрализирачките антитела се зголемуваат за дури десет пати. Вакцината, исто така, најверојатно ќе биде ефикасна против омикрон. Друга предност е нејзината способност да се чува долго време на собна температура. – Оваа вакцина може да предизвика антитела и да создаде доживотен имунитет. Една инјекција ја задржува својата ефикасност повеќе од 20 месеци, а не постои друга вакцина која може да постигне такви ефекти, изјави Мичинори Кохара. Јапонскиот производител на лекови Nobelpharma Co. планира да ги спроведе првата и втората фаза од клиничките испитувања на вакцината на Кохарин до почетокот на 2023 година. Студијата ќе вклучи 150 до 200 волонтери, вклучувајќи ги и оние кои го прележале вирусот и оние кои биле целосно вакцинирани. Доколку се потврдат ефикасноста и безбедноста, завршната фаза од клиничкото испитување треба да започне веднаш потоа, а комерцијализацијата на вакцината е закажана најрано за 2024 година.

The post Јапонија прави вакцина против Ковид-19 која ќе трае цел живот appeared first on Република.

]]>