ковид-тестови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-testovi/ За подобро да се разбереме Fri, 24 May 2024 12:07:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковид-тестови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-testovi/ 32 32 Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-atina-uapseni-dve-litsa-koi-pushtale-vo-prodazhba-kovid-testovi-i-meditsinski-maski-so-izmenet-rok/ Fri, 24 May 2024 12:07:29 +0000 https://republika.mk/?p=781390

Грчката полиција во Атина уапсила две лица, странски државјани, кои пуштале во продажба медицински маски и ковид тестови на кои им ги менувале датумите на производство и рокот на траење, а процените се дека нелегално се стекнале со 1,6 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Биле откриени и одземени 351.000 селф тестови за Ковид, 2.500.000 медицински маски и 120.000 налепници-етикети од странска фармацевтска индустрија.

- Според Националната агенција за лекови, промената на датумите на производство и на траење, како и условите за складирање, транспорт и ракување со производите, ги прават медицинските маски и тестови опасни за јавното здравје, соопштија од грчката полиција.

The post Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок appeared first on Република.

]]>

Грчката полиција во Атина уапсила две лица, странски државјани, кои пуштале во продажба медицински маски и ковид тестови на кои им ги менувале датумите на производство и рокот на траење, а процените се дека нелегално се стекнале со 1,6 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Биле откриени и одземени 351.000 селф тестови за Ковид, 2.500.000 медицински маски и 120.000 налепници-етикети од странска фармацевтска индустрија.
- Според Националната агенција за лекови, промената на датумите на производство и на траење, како и условите за складирање, транспорт и ракување со производите, ги прават медицинските маски и тестови опасни за јавното здравје, соопштија од грчката полиција.

The post Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок appeared first on Република.

]]>
Франција бара од ЕУ воведување негативни ковид-тестови за патниците од Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-bara-od-eu-voveduvane-negativni-kovid-testovi-za-patnitsite-od-kina/ Sun, 01 Jan 2023 21:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=592643

Поради зголемениот број на заболени од коронавирус во Кина, Франција денеска ги повика земјите од ЕУ да воведат заштитна мерка за задолжителен негативен тест за патниците кои доаѓаат од таа земја, не постари од 48 часа.

Од вкупно 27 земји на ЕУ, Италија и Шпанија засега бараат негативни тестови за коронавирус.

Челниците на ЕУ, сепак, минатата недела не успеаја да се договорат за воведување заеднички заштитни мерки, а разговорите на оваа тема ќе продолжат оваа недела.

Франција ќе се залага за примена на оваа методологија во ЕУ, изјави францускиот министер за здравство Франсоа Брон додека ги проверуваше новите процедури со министерот за транспорт Клемент Бон на парискиот аеродром Шарл де Гол.

 

The post Франција бара од ЕУ воведување негативни ковид-тестови за патниците од Кина appeared first on Република.

]]>

Поради зголемениот број на заболени од коронавирус во Кина, Франција денеска ги повика земјите од ЕУ да воведат заштитна мерка за задолжителен негативен тест за патниците кои доаѓаат од таа земја, не постари од 48 часа. Од вкупно 27 земји на ЕУ, Италија и Шпанија засега бараат негативни тестови за коронавирус. Челниците на ЕУ, сепак, минатата недела не успеаја да се договорат за воведување заеднички заштитни мерки, а разговорите на оваа тема ќе продолжат оваа недела.
Франција ќе се залага за примена на оваа методологија во ЕУ, изјави францускиот министер за здравство Франсоа Брон додека ги проверуваше новите процедури со министерот за транспорт Клемент Бон на парискиот аеродром Шарл де Гол.
 

The post Франција бара од ЕУ воведување негативни ковид-тестови за патниците од Кина appeared first on Република.

]]>
Ќе се бара оптимална цена за тестовите за Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-se-bara-optimalna-cena-za-testovite-za-kovid-19/ Sun, 31 Jul 2022 12:05:52 +0000 https://republika.mk/?p=535323

Во разговори со претставници на јавното здравство и на приватните здравствени установи треба да се бара начин за формирање на оптимална цена на тестовите за Ковид-19, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање како ќе се подобри состојбата со оглед дека тестови нема во државните установи, а граѓаните алармираат на високи цени во приватните центри, премиерот кажа дека веќе разговарале со министерот за здравство Беким Сали дека бројот на тестови за Ковид-19 во јавното здравство ги има во доволен број и во однос на цената во приватното здравство.

Ние веќе разговараме со министерот за здравство во однос на количините на тестови кои што ги има во јавното здравство кои се на доволно ниво и во однос на цената која што се нуди во приватното здравство. И нормално ќе треба да се седне заедно и со оние кои што во приватното здравство ги нудат бидејќи се работи за приватни економски оператори и да се види која би можело да биде оптималната цена која би можеле да ја имаме оваа есен бидејќи како што гледаме короната се уште е присутна во светски рамки не само кај нас. Бројките растат, истакна Ковачевски од Тетово.

Според него, добро е што е створено одредено ниво на колективен имунитет во општеството.

Со тоа болничките капацитети не се преоптеретени како што беше при првите бранови во 2020 особено. Целиот здраствен сектор е подготвен, нашите здравствените работници имаат искуство во однос на справувањето исто така и граѓаните имаат поголемо искуство во однос на совата личната заштита и третирање, изјави Ковачевски.

The post Ќе се бара оптимална цена за тестовите за Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Во разговори со претставници на јавното здравство и на приватните здравствени установи треба да се бара начин за формирање на оптимална цена на тестовите за Ковид-19, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарско прашање како ќе се подобри состојбата со оглед дека тестови нема во државните установи, а граѓаните алармираат на високи цени во приватните центри, премиерот кажа дека веќе разговарале со министерот за здравство Беким Сали дека бројот на тестови за Ковид-19 во јавното здравство ги има во доволен број и во однос на цената во приватното здравство.
Ние веќе разговараме со министерот за здравство во однос на количините на тестови кои што ги има во јавното здравство кои се на доволно ниво и во однос на цената која што се нуди во приватното здравство. И нормално ќе треба да се седне заедно и со оние кои што во приватното здравство ги нудат бидејќи се работи за приватни економски оператори и да се види која би можело да биде оптималната цена која би можеле да ја имаме оваа есен бидејќи како што гледаме короната се уште е присутна во светски рамки не само кај нас. Бројките растат, истакна Ковачевски од Тетово.
Според него, добро е што е створено одредено ниво на колективен имунитет во општеството.
Со тоа болничките капацитети не се преоптеретени како што беше при првите бранови во 2020 особено. Целиот здраствен сектор е подготвен, нашите здравствените работници имаат искуство во однос на справувањето исто така и граѓаните имаат поголемо искуство во однос на совата личната заштита и третирање, изјави Ковачевски.

The post Ќе се бара оптимална цена за тестовите за Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Во Германија брзите Ковид тестови од 1 јули ќе се наплаќаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-brzite-kovid-testovi-od-1-juli-kje-se-naplakjaat/ Fri, 24 Jun 2022 16:39:35 +0000 https://republika.mk/?p=519405

Германија ќе започне да ги наплаќа брзите тестови за Ковид, кои досега беа бесплатни, но ќе ги ослободи ранливите групи од плаќањето.

Од 1 јули, брзите тестови, кои се широко достапни низ цела Германија, ќе ги чинат граѓаните по 3 евра, а остатокот ќе го сноси државата, изјави денеска германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.

Тестовите ќе останат бесплатни за луѓето кои припаѓаат на ранливите групи, лицата во старските домови, болниците и децата.

Планираниот прекин на бесплатните тестови предизвика загриженост дека во Германија може да се забележи пораст на инфекции со коронавирус во наредните месеци.

Во последните 24 часа, Германија регистрираше повеќе од 108.000 нови случаи на инфекција, како и 90 смртни случаи.

The post Во Германија брзите Ковид тестови од 1 јули ќе се наплаќаат appeared first on Република.

]]>

Германија ќе започне да ги наплаќа брзите тестови за Ковид, кои досега беа бесплатни, но ќе ги ослободи ранливите групи од плаќањето. Од 1 јули, брзите тестови, кои се широко достапни низ цела Германија, ќе ги чинат граѓаните по 3 евра, а остатокот ќе го сноси државата, изјави денеска германскиот министер за здравство Карл Лаутербах. Тестовите ќе останат бесплатни за луѓето кои припаѓаат на ранливите групи, лицата во старските домови, болниците и децата. Планираниот прекин на бесплатните тестови предизвика загриженост дека во Германија може да се забележи пораст на инфекции со коронавирус во наредните месеци. Во последните 24 часа, Германија регистрираше повеќе од 108.000 нови случаи на инфекција, како и 90 смртни случаи.

The post Во Германија брзите Ковид тестови од 1 јули ќе се наплаќаат appeared first on Република.

]]>
Од денеска ковид-тестирања на уште три пункта: Во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-kovid-testiranja-na-ushte-tri-punkta-vo-gjorche-petrov-idadija-i-bit-pazar/ Tue, 15 Feb 2022 14:53:18 +0000 https://republika.mk/?p=458965

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски соопшти дека од денеска КОВИД-тестирања може да се закажуваат и на пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар.

Според Петличковски, се планира отворање на пунктови и во центрите за јавно здравје.

Со оглед дека бројката на новозаразени меѓу децата до 14 години е зголемена, Петличковски апелира до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето.

Апелираме и до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето, да бидат пореспонсивни кон тестирањето. Затоа отвораме неколку дополнителни пунктови за тестирање. Во Скопје од денеска пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар се активни за закажување на термини и во нив може да се закажуваат тестирањата за КОВИД преку матичен лекар. Дополнително планираме отворање пунктови во центрите за јавно здравје со цел тој период кој го воочивме како предолг за закажување на тестирање да го скратиме, истакна Петличковски.

The post Од денеска ковид-тестирања на уште три пункта: Во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски соопшти дека од денеска КОВИД-тестирања може да се закажуваат и на пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар. Според Петличковски, се планира отворање на пунктови и во центрите за јавно здравје. Со оглед дека бројката на новозаразени меѓу децата до 14 години е зголемена, Петличковски апелира до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето.
Апелираме и до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето, да бидат пореспонсивни кон тестирањето. Затоа отвораме неколку дополнителни пунктови за тестирање. Во Скопје од денеска пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар се активни за закажување на термини и во нив може да се закажуваат тестирањата за КОВИД преку матичен лекар. Дополнително планираме отворање пунктови во центрите за јавно здравје со цел тој период кој го воочивме како предолг за закажување на тестирање да го скратиме, истакна Петличковски.

The post Од денеска ковид-тестирања на уште три пункта: Во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар appeared first on Република.

]]>
Во Израел нема тестови и се чека со часови пред аптеките, бројот на ковид-позитивни расте https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-izrael-nema-testovi-i-se-cheka-so-chasovi-pred-aptekite-brojot-na-kovid-pozitivni-raste/ Mon, 10 Jan 2022 11:09:47 +0000 https://republika.mk/?p=442536

Во Израел до 40 отсто од населението може да биде заразено со коронавирус во сегашниот бран, рече премиерот Нафтали Бенет, а капацитетите за тестирање низ целата земја се преоптоварени.

Податоците презентирани на состанокот на владата покажуваат дека овде во Израел, вкупно меѓу два и четири милиони граѓани ќе бидат заразени за време на овој сегашен бран, напиша Бенет на својот профил на Твитер.

Израел, земја со 9,4 милиони жители, забележа речиси четири пати повеќе од бројот на заразени минатата недела. Министерството за здравство во саботата објави 17.518 новозаразени.

Недостигот на локации за тестирање изврши голем притисок врз постоечките, поради што владата ја ревидира својата политика за тестирање и утврди дека PCR тестовите треба да бидат наменети само за оние кои се изложени на ризик и постари од 60 години.

Сите останати треба да направат антигенски тест, или дома или кај лекар.

Но, се покажа дека дури и новите упатства не може да се следат.

Во аптеките низ земјата залихите на антигенски тестови се ретки, а луѓето чекаат во редици со часови.

Израел почна да ослободува вакцинирани посетители во земјата во неделата, шест недели по целосно затворање на границите во обид да се подготви за неизбежниот петти бран со вакцинирање и набавка на лекови.

Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека повеќе од 4,3 милиони Израелци се целосно вакцинирани со три дози, а 204 лица се хоспитализирани во тешка состојба поради Ковид во неделата.

Повеќе од 1,5 милиони случаи на ковид се официјално пријавени во Израел, вклучувајќи 8.269 смртни случаи.

The post Во Израел нема тестови и се чека со часови пред аптеките, бројот на ковид-позитивни расте appeared first on Република.

]]>

Во Израел до 40 отсто од населението може да биде заразено со коронавирус во сегашниот бран, рече премиерот Нафтали Бенет, а капацитетите за тестирање низ целата земја се преоптоварени.
Податоците презентирани на состанокот на владата покажуваат дека овде во Израел, вкупно меѓу два и четири милиони граѓани ќе бидат заразени за време на овој сегашен бран, напиша Бенет на својот профил на Твитер.
Израел, земја со 9,4 милиони жители, забележа речиси четири пати повеќе од бројот на заразени минатата недела. Министерството за здравство во саботата објави 17.518 новозаразени. Недостигот на локации за тестирање изврши голем притисок врз постоечките, поради што владата ја ревидира својата политика за тестирање и утврди дека PCR тестовите треба да бидат наменети само за оние кои се изложени на ризик и постари од 60 години. Сите останати треба да направат антигенски тест, или дома или кај лекар. Но, се покажа дека дури и новите упатства не може да се следат. Во аптеките низ земјата залихите на антигенски тестови се ретки, а луѓето чекаат во редици со часови. Израел почна да ослободува вакцинирани посетители во земјата во неделата, шест недели по целосно затворање на границите во обид да се подготви за неизбежниот петти бран со вакцинирање и набавка на лекови. Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека повеќе од 4,3 милиони Израелци се целосно вакцинирани со три дози, а 204 лица се хоспитализирани во тешка состојба поради Ковид во неделата. Повеќе од 1,5 милиони случаи на ковид се официјално пријавени во Израел, вклучувајќи 8.269 смртни случаи.

The post Во Израел нема тестови и се чека со часови пред аптеките, бројот на ковид-позитивни расте appeared first on Република.

]]>