ковид сертификати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-sertifikati/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Jun 2022 10:56:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковид сертификати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-sertifikati/ 32 32 До јуни 2023 година: Продолжена употребата на ковид сертификатот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-ja-prodolzi-upotrebata-na-kovid-sertifikatot-do-juni-2023-godina/ Tue, 28 Jun 2022 10:41:49 +0000 https://republika.mk/?p=520706

Советот на ЕУ денеска даде зелено светло за продолжување на користењето на дигиталните сертификати за Ковид-19 до 30 јуни 2023 година.

Проширувањето на таа регулатива ќе обезбеди дека патниците од ЕУ, како и оние од трети земји поврзани со системот, ќе можат да продолжат да го користат својот дигитален сертификат на ЕУ за патувања во Унијата во земјите-членки каде што тие сертификати и понатаму се потребни.

The post До јуни 2023 година: Продолжена употребата на ковид сертификатот appeared first on Република.

]]>

Советот на ЕУ денеска даде зелено светло за продолжување на користењето на дигиталните сертификати за Ковид-19 до 30 јуни 2023 година. Проширувањето на таа регулатива ќе обезбеди дека патниците од ЕУ, како и оние од трети земји поврзани со системот, ќе можат да продолжат да го користат својот дигитален сертификат на ЕУ за патувања во Унијата во земјите-членки каде што тие сертификати и понатаму се потребни.

The post До јуни 2023 година: Продолжена употребата на ковид сертификатот appeared first on Република.

]]>
ЕК засега не планира укинување на Ковид сертификатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-zasega-ne-planira-ukinuvanje-na-kovid-sertifikatite/ Wed, 20 Apr 2022 12:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=491159

Од Европската Комисија денеска порачаа дека е прерано да се укинат Ковид сертификатите иако тие сѐ помалку се користат во земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова денеска го изјави портпаролот на ЕК, Кристијан Виганд, на редовниот брифинг за новинари во Комисијата.

Законскиот предлог за Ковид сертификатите, со кои се патува во ЕУ и уште шеесетина земји приклучени кон системот, е продолжен веќе два пати, сега до крајот на јуни. Виганд рече дека ќе се предложи уште едно пролонгирање после тоа.

-Затоа што не знаеме каква ќе биде епидемиолошката состојба наесен, нови соеви може да се појават, добро е да останеме подготвени, а некои земји сѐ уште го користат сертификатот на национално ниво, додаде портпаролот.

Европската Комисија со задоволство ќе предложи негово укинување кога веќе нема да има потреба од овој сертификат, но засега тоа не е случај. Виганд додаде дека сертификатите овозможија да се патува безбедно во ЕУ од почетокот на епидемијата, но дека целта на овој документ не е да биде предуслов за патување.

The post ЕК засега не планира укинување на Ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>

Од Европската Комисија денеска порачаа дека е прерано да се укинат Ковид сертификатите иако тие сѐ помалку се користат во земјите членки на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова денеска го изјави портпаролот на ЕК, Кристијан Виганд, на редовниот брифинг за новинари во Комисијата. Законскиот предлог за Ковид сертификатите, со кои се патува во ЕУ и уште шеесетина земји приклучени кон системот, е продолжен веќе два пати, сега до крајот на јуни. Виганд рече дека ќе се предложи уште едно пролонгирање после тоа. -Затоа што не знаеме каква ќе биде епидемиолошката состојба наесен, нови соеви може да се појават, добро е да останеме подготвени, а некои земји сѐ уште го користат сертификатот на национално ниво, додаде портпаролот. Европската Комисија со задоволство ќе предложи негово укинување кога веќе нема да има потреба од овој сертификат, но засега тоа не е случај. Виганд додаде дека сертификатите овозможија да се патува безбедно во ЕУ од почетокот на епидемијата, но дека целта на овој документ не е да биде предуслов за патување.

The post ЕК засега не планира укинување на Ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>
Д-р Пановски: Сертификатите и маските за учениците веќе требаше да се укинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-panovski-sertifikatite-i-maskite-za-uchenicite-vekje-trebashe-da-se-ukinati/ Tue, 15 Mar 2022 09:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=473016

Епидемиолошката сосотојба во земјата е стабилна, со континуран пад на бројот на новозаразени, хоспитализирани и починати, вели во разговор за „Локално“, проф.др. Никола Пановски. Според него следен чекор кој бил треба да биде превземен од надлежните би требало да биде комплетно укинување на сертификатите и незадолжително носење маски во училиштата.

Според мене веќе требаше да бидат олеснети овие две мерки. Сертификатите прво, тие според мене се неетички уште кога се донесоа. Имено, забрануваат слободно движење на здрави луѓе. При епидемија треба да се забрани движење на болни. Второ, нивна цел е да ги натераат на присилна вакцинација лицата со вакцина кој е доброволна и за која самите присилно натерани лица наведуваат пред да ја примат, дека ја примаат доброволно и на сопствен ризик. Сосема неетички, и правно прилично сомнително. Трето, нивната цел била да се заштитат вакцинираните од невакицинираните!!! Поголема антикампања за вакцините не сум сретнал. Значи толку се добри вакцините, што вакцинираниот се плаши од невакцинираниот да не го зарази. Четврто, откога се виде дека и вакцинираните и невакцинирати и прележаните го шират вирусот подеднакво, особено кога се појави омикронот, образложението се измени. Сега е, да го заштитиме здравјето на невакцинираните, да не се инфицираат. Зошто да не се инфицираат, ако се млади, здрави, веќе прележани, со антитела итн. Не го пуштаме Новак Ѓоковиќ во Австралија да не ги зарази Австралијанците сега се промени во не го пуштаме за да го заштитиме од зараза. Ете со вакви невидени небулози се уште се расправаме, објаснува микробиологот.

The post Д-р Пановски: Сертификатите и маските за учениците веќе требаше да се укинати appeared first on Република.

Комисијата за заразни болести предлага укинивање на ковид-сертификатите при излез од државата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/komisijata-za-zarazni-bolesti-predlaga-ukinivanje-na-kovid-sertifikatite-pri-izlez-od-drzavata/ Tue, 22 Feb 2022 12:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=461937

Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ денеска соопшти дека Комисијата предложила нови мерки до министерот за здравство и Владата.

Една од нив е да се укине обврската за поседување на ковид-сертификат (вакцини или прележан ковид) при излез од Македонија.

И дополнително, како нова предлог-мерка , да се укине ослободувањето од работни обврски за трудниците.

The post Комисијата за заразни болести предлага укинивање на ковид-сертификатите при излез од државата appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Комисијата за заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ денеска соопшти дека Комисијата предложила нови мерки до министерот за здравство и Владата. Една од нив е да се укине обврската за поседување на ковид-сертификат (вакцини или прележан ковид) при излез од Македонија. И дополнително, како нова предлог-мерка , да се укине ослободувањето од работни обврски за трудниците.

The post Комисијата за заразни болести предлага укинивање на ковид-сертификатите при излез од државата appeared first on Република.

]]>
Израел ги укина ковид сертификатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-gi-ukina-kovid-sertifikatite/ Thu, 17 Feb 2022 13:28:56 +0000 https://republika.mk/?p=459887

Израел   целосно ги укина ковид сертификатите, што е продолжение на трендот на укинување на мерките против Ковид-19, со оглед на тоа што бројот на новозаразени се намалува изминатите денови.

Ковид сертификатите со кои се докажува дека некое лице е вакцинирано, прележало Ковид-19 или има негативен тест, веќе се делумно укинати во Израел од 4 февруари. Оттогаш, тие останаа во сила само за некои јавни места, како што се ноќните клубови и спортските сали.

Омикрон, многу позаразен сој на коронавирусот, го достигна својот врв во Израел кон крајот на јануари, кога дневно имаше и до 85.000 нови инфекции. После тоа, тој број почна да опаѓа и вчера имаше 21.000 заразени.

Бранот помина, изјави израелскиот премиер Нафтали Бенет на почетокот на дебатата за пандемијата со здравствените власти.

Во истото обраќање тој ја информира јавноста дека целосно се укинуваат ковид сертификатите. Бенет наведе и дека родителите сепак ќе мора да ги тестираат своите деца двапати неделно и оти ќе мора да се покаже негативен тест при посета на домовите за стари лица.

The post Израел ги укина ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>

Израел   целосно ги укина ковид сертификатите, што е продолжение на трендот на укинување на мерките против Ковид-19, со оглед на тоа што бројот на новозаразени се намалува изминатите денови. Ковид сертификатите со кои се докажува дека некое лице е вакцинирано, прележало Ковид-19 или има негативен тест, веќе се делумно укинати во Израел од 4 февруари. Оттогаш, тие останаа во сила само за некои јавни места, како што се ноќните клубови и спортските сали. Омикрон, многу позаразен сој на коронавирусот, го достигна својот врв во Израел кон крајот на јануари, кога дневно имаше и до 85.000 нови инфекции. После тоа, тој број почна да опаѓа и вчера имаше 21.000 заразени.
Бранот помина, изјави израелскиот премиер Нафтали Бенет на почетокот на дебатата за пандемијата со здравствените власти.
Во истото обраќање тој ја информира јавноста дека целосно се укинуваат ковид сертификатите. Бенет наведе и дека родителите сепак ќе мора да ги тестираат своите деца двапати неделно и оти ќе мора да се покаже негативен тест при посета на домовите за стари лица.

The post Израел ги укина ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд не ги укина ковид сертификатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-ne-gi-ukina-kovid-sertifikatite/ Wed, 16 Feb 2022 12:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=459333

Уставниот суд не поведе постапка со која ќе ја оценеше законитоста на ковид сертификатите. Според информацијата, иницијативната со која се спореше одлуката на здравствените власти да се забрани влез во објекти и делови од објекти без поседување сертификат за извршена вакцинација за корона вирусот односно примена најмалку прва доза од вакцина против Ковид -19 и потврда за прележана болест во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Судијата Вангелина Маркудова на седницата рече дека наводите во иницијативата се неосновани, бидејќи одлуката на здравствените власти е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со Ковид -19, а врз основа на препораките на СЗО. И судијата Дарко Костадиновски се согласи дека Одлуката на здравствените власти е разумна, легитимна и е за општото здравје на граѓаните.

Спорно за подносителот на иницијативата Николче Марушевски, меѓу другото било ограничувањето на движењето.

Неколку земји во Европа ги укинаа сертификатите за влез во јавните објекти и за патување, но во нив бројот на вакцинирани лица е висок, за разлика од Македонија каде што тој е под 40 отсто и е еден од најниските во Европа.

The post Уставниот суд не ги укина ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд не поведе постапка со која ќе ја оценеше законитоста на ковид сертификатите. Според информацијата, иницијативната со која се спореше одлуката на здравствените власти да се забрани влез во објекти и делови од објекти без поседување сертификат за извршена вакцинација за корона вирусот односно примена најмалку прва доза од вакцина против Ковид -19 и потврда за прележана болест во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Судијата Вангелина Маркудова на седницата рече дека наводите во иницијативата се неосновани, бидејќи одлуката на здравствените власти е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со Ковид -19, а врз основа на препораките на СЗО. И судијата Дарко Костадиновски се согласи дека Одлуката на здравствените власти е разумна, легитимна и е за општото здравје на граѓаните. Спорно за подносителот на иницијативата Николче Марушевски, меѓу другото било ограничувањето на движењето. Неколку земји во Европа ги укинаа сертификатите за влез во јавните објекти и за патување, но во нив бројот на вакцинирани лица е висок, за разлика од Македонија каде што тој е под 40 отсто и е еден од најниските во Европа.

The post Уставниот суд не ги укина ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>
Ковид сертификатите денеска пред Уставен суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovid-sertifikatite-deneska-pred-ustaven-sud/ Wed, 16 Feb 2022 08:03:40 +0000 https://republika.mk/?p=459099

Четири иницијативи за утврдување на уставноста се на дневен ред на петтата седница на Уставниот суд на Македонија, што ќе се одржи денеска.

Како што соопштија од прес-службата на Уставен суд, првата иницијатива која ќе биде разгледана е поднесена од еколошката групација „Грин Пауер” од Велес, Движење за социјална правда „Ленка” од Скопје и политичка партија „Левица” од Скопје.

Втората иницијатива се однесува за одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест COVID-19 и сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Останатите две иницијатива кои се најавени дека денеска ќе бидат разгледани од уставните судии се од делот на Законот за данок на личен доход и за исплата на регрес на комунално претпријатие во Делчево.

The post Ковид сертификатите денеска пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Четири иницијативи за утврдување на уставноста се на дневен ред на петтата седница на Уставниот суд на Македонија, што ќе се одржи денеска. Како што соопштија од прес-службата на Уставен суд, првата иницијатива која ќе биде разгледана е поднесена од еколошката групација „Грин Пауер” од Велес, Движење за социјална правда „Ленка” од Скопје и политичка партија „Левица” од Скопје. Втората иницијатива се однесува за одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест COVID-19 и сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Останатите две иницијатива кои се најавени дека денеска ќе бидат разгледани од уставните судии се од делот на Законот за данок на личен доход и за исплата на регрес на комунално претпријатие во Делчево.

The post Ковид сертификатите денеска пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>
За Оскарите во март нема да биде потребен доказ за вакцинација https://arhiva3.republika.mk/scena/film/za-oskarite-vo-mart-nema-da-bide-potreben-dokaz-za-vakcinacija/ Thu, 10 Feb 2022 12:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=456759

Нема да биде потребен доказ за вакцинација против коронавирус за да присуствувате на годинешните Оскари. Доделувањето на 94. Филмски награди на академијата на САД ќе се одржат на 27 март.

Според британски „Гардијан“, Американската академија за филмски уметности и науки нема да бара пропусница за ковид за присуство на церемонијата. Наместо тоа, од гостите ќе се бара негативен ПЦР-тест или негативен брз антигенски тест, објави „Холивуд репортер“.

Филмот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) на Нетфликс, ревизионистички вестерн кој го користи овој жанр за да ја истражи токсичната машкост, доминира со 12 номинации за Оскар. Веднаш зад него е „Дина“, голема адаптација на популарниот научно-фантастичен роман за кој некогаш се веруваше дека не може да се пренесе на големото платно, доби 10 номинации за Оскар. „Приказната од западната страна“ и „Белфаст“ добија по седум номинации.

The post За Оскарите во март нема да биде потребен доказ за вакцинација appeared first on Република.

]]>

Нема да биде потребен доказ за вакцинација против коронавирус за да присуствувате на годинешните Оскари. Доделувањето на 94. Филмски награди на академијата на САД ќе се одржат на 27 март. Според британски „Гардијан“, Американската академија за филмски уметности и науки нема да бара пропусница за ковид за присуство на церемонијата. Наместо тоа, од гостите ќе се бара негативен ПЦР-тест или негативен брз антигенски тест, објави „Холивуд репортер“. Филмот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) на Нетфликс, ревизионистички вестерн кој го користи овој жанр за да ја истражи токсичната машкост, доминира со 12 номинации за Оскар. Веднаш зад него е „Дина“, голема адаптација на популарниот научно-фантастичен роман за кој некогаш се веруваше дека не може да се пренесе на големото платно, доби 10 номинации за Оскар. „Приказната од западната страна“ и „Белфаст“ добија по седум номинации.

The post За Оскарите во март нема да биде потребен доказ за вакцинација appeared first on Република.

]]>
Литванија ги укина ковид сертификатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/litvanija-gi-ukina-kovid-sertifikatite/ Sat, 05 Feb 2022 18:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=454598

Литванија ја укина употребата на ковид сертификатите, иако земјата постојано има висока стапка на инфекција, јави ДПА.

Од денеска нема да мора да се покажува ковид потврда за влез во ресторани, продавници, театри, кина, музеи и слично.

Истовремено, укината е и обврската на вработените во одредени занимања, вклучително и здравствениот и образовниот сектор, редовно да се тестираат.

Од мерките и натаму останува задолжителното носење маски, дистанцата и дезинфекцијата.

Министерство за здравство на Литванија наведува дека сертификатите за вакцинација или прележаност одиграле важна улога во борбата против пандемијата.

„Меѓутоа, со ширењето на позаразната варијанта Омикрон, постои ризик од инфекција и за вакцинираните и оние кои ја поминале болеста, што значи дека ефикасноста на ковид потврдите е значително намалена“, соопшти Владата.

Владата не ја отфрли можноста за повторно воведување сертификати за коронавирус доколку тоа го бара ситуацијата.

Литванија воведе ковид сертификати во дигитална форма во мај 2021 година и оттогаш повеќе од два милиона луѓе го земале сертификатот барем еднаш.

Во Литванија, како и во многу други земји, зголемен е бројот на заразени со Омикрон.

Во земјата, со речиси три милиони луѓе, пријавени се повеќе од 740.000 случаи од почетокот на пандемијата и 7.900 смртни случаи.

The post Литванија ги укина ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>

Литванија ја укина употребата на ковид сертификатите, иако земјата постојано има висока стапка на инфекција, јави ДПА. Од денеска нема да мора да се покажува ковид потврда за влез во ресторани, продавници, театри, кина, музеи и слично. Истовремено, укината е и обврската на вработените во одредени занимања, вклучително и здравствениот и образовниот сектор, редовно да се тестираат. Од мерките и натаму останува задолжителното носење маски, дистанцата и дезинфекцијата. Министерство за здравство на Литванија наведува дека сертификатите за вакцинација или прележаност одиграле важна улога во борбата против пандемијата.
„Меѓутоа, со ширењето на позаразната варијанта Омикрон, постои ризик од инфекција и за вакцинираните и оние кои ја поминале болеста, што значи дека ефикасноста на ковид потврдите е значително намалена“, соопшти Владата.
Владата не ја отфрли можноста за повторно воведување сертификати за коронавирус доколку тоа го бара ситуацијата. Литванија воведе ковид сертификати во дигитална форма во мај 2021 година и оттогаш повеќе од два милиона луѓе го земале сертификатот барем еднаш. Во Литванија, како и во многу други земји, зголемен е бројот на заразени со Омикрон. Во земјата, со речиси три милиони луѓе, пријавени се повеќе од 740.000 случаи од почетокот на пандемијата и 7.900 смртни случаи.

The post Литванија ги укина ковид сертификатите appeared first on Република.

]]>
Да продолжи употребата на ковид-сертификатите, предлага Европската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/da-prodolzi-upotrebata-na-kovid-sertifikatite-predlaga-evropskata-komisija/ Thu, 03 Feb 2022 13:19:53 +0000 https://republika.mk/?p=453617

Денеска, Европската комисија предложи да се продолжи употребата на дигиталните сертификати за Ковид-19 на ЕУ до 30 јуни 2023 година, со оценка дека коронавирусот сè уште е распространет во Европа и дека граѓаните мора да се осигурат безбедно да патуваат во ЕУ и да користат сертификати.

Мора да бидеме подготвени за евентуално зголемување на инфекциите во вториот дел од оваа година или од појава на нови соеви, соопшти ЕК.

Комисијата наведува дека потврдите за Ковид-19 се вонредна мерка и дека ќе бидат укинати кога веќе нема да бидат потребни.

Комисијата исто така предложи вклучување висококвалитетни лабораториски антигенски тестови меѓу видовите тестови за кои може да се издаде сертификат за тестирање, како и евиденција за бројот на дози администрирани во која било земја членка, а не само во онаа што издала сертификат.

Европскиот парламент и Советот на ЕУ треба да одлучат за предлогот на Комисијата за да влезат во законска процедура.

The post Да продолжи употребата на ковид-сертификатите, предлага Европската комисија appeared first on Република.

]]>

Денеска, Европската комисија предложи да се продолжи употребата на дигиталните сертификати за Ковид-19 на ЕУ до 30 јуни 2023 година, со оценка дека коронавирусот сè уште е распространет во Европа и дека граѓаните мора да се осигурат безбедно да патуваат во ЕУ и да користат сертификати. Мора да бидеме подготвени за евентуално зголемување на инфекциите во вториот дел од оваа година или од појава на нови соеви, соопшти ЕК. Комисијата наведува дека потврдите за Ковид-19 се вонредна мерка и дека ќе бидат укинати кога веќе нема да бидат потребни. Комисијата исто така предложи вклучување висококвалитетни лабораториски антигенски тестови меѓу видовите тестови за кои може да се издаде сертификат за тестирање, како и евиденција за бројот на дози администрирани во која било земја членка, а не само во онаа што издала сертификат. Европскиот парламент и Советот на ЕУ треба да одлучат за предлогот на Комисијата за да влезат во законска процедура.

The post Да продолжи употребата на ковид-сертификатите, предлага Европската комисија appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Времено да ги суспендираме ковид-сертификатите, комплетно се смешни во ерата на Омикрон https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekjarovski-vremeno-da-gi-suspendirame-kovid-sertifikatite-kompletno-se-smeshni-vo-erata-na-omikron/ Thu, 20 Jan 2022 07:06:16 +0000 https://republika.mk/?p=446884

Ајде барем во нешто да бидеме ЛИДЕРИ во Европа.Ковид сертификатите се комплетно смешни во ерата на Омикрон сојот од Sars-Cov-2 и ајде да бидеме меѓу првите кои времено ќе ги суспендираме, барем на територијата на Македонија !!!, предлага д-р Нико Беќаровски.

-Ако сите се сложуваме дека ниту вакцината, ниту претходното прележување не заштитува од можноста да се заразиме и да го пренесеме омикронот, тогаш која е целта на КОВИД СЕРТИФИКАТОТ во дадениов момент ???Некој ќе каже, вакцинираните и прележаните многу полесно ја поминуваат болеста и потешко се заразуваат.Да 100% точно и затоа е паметно да сте вакцинирани, ама тоа е личен ризик на непрележаните и невакцинираните, а не ризик по колективното здравје, поради кои и се воведоа овие сертификати. Место тражење на сертификат на влезовите, денес многу поцелисходно е термокамера т е. мерење на телесната температура.Почитувани колеги од Комисијата за заразни болести, ќе Ве замолам размислете и ставете ја на дневен ред оваа идеја. Покажете малку оригиналност, пишува на ФБ, д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Времено да ги суспендираме ковид-сертификатите, комплетно се смешни во ерата на Омикрон appeared first on Република.