ковид протоколи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-protokoli/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Oct 2022 10:06:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковид протоколи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-protokoli/ 32 32 Се подготвува закон за амнестија на лицата кои ги прекршиле Ковид протоколите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-podgotvuva-zakon-za-amnestija-na-licata-koi-gi-prekrshile-kovid-protokolite/ Thu, 06 Oct 2022 10:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=557944

Се подготвува Закон за амнестија за граѓаните кои не можат да ги платат казните поради непочитување на мерките за време на пандемијата. Нема да важи за рестораните, за кафулињата, за фирмите и за другите правни лица кои ги прекршуваа протоколите, објави Телма.

Освен социјалниот елемент, намерата на овој закон е да се избегне и одење во затвор на оние кои не можат да платат. Само во Кривичниот суд до сега над 200 граѓани добиле покана за затвор

Со Закон за амнестија, државата ќе им простува на прекршителите на мерките во ковид-19 пандемијата, дознава Телма. Предлог законот кој се изготвува, треба да го предложат група на пратеници од владеачкото мнозинство, велат нашите извори. Една од целите на законот е социјалниот момент, односно да им се помогне на граѓаните кои не можат да ги платат казните кои се движеа од 1 до повеќе илјади евра за двете кривични дела – Пренесување заразна болест и Непостапување според здравствените прописи во време на пандемија. Законот, според наши информации, нема да важи за фирмите, за институции, за угостителски објекти и за други правни лица кои не ги почитуваа уредбите и мерките ниту за нивните одговорни лица.

Другиот апсект, велат, е да се избегне пренатрупаноста на затворите, бидејки сите оние кои во рок од две години нема да ги платат паричните казни, казната им се заменува со затворска.

The post Се подготвува закон за амнестија на лицата кои ги прекршиле Ковид протоколите appeared first on Република.

]]>

Се подготвува Закон за амнестија за граѓаните кои не можат да ги платат казните поради непочитување на мерките за време на пандемијата. Нема да важи за рестораните, за кафулињата, за фирмите и за другите правни лица кои ги прекршуваа протоколите, објави Телма. Освен социјалниот елемент, намерата на овој закон е да се избегне и одење во затвор на оние кои не можат да платат. Само во Кривичниот суд до сега над 200 граѓани добиле покана за затвор Со Закон за амнестија, државата ќе им простува на прекршителите на мерките во ковид-19 пандемијата, дознава Телма. Предлог законот кој се изготвува, треба да го предложат група на пратеници од владеачкото мнозинство, велат нашите извори. Една од целите на законот е социјалниот момент, односно да им се помогне на граѓаните кои не можат да ги платат казните кои се движеа од 1 до повеќе илјади евра за двете кривични дела – Пренесување заразна болест и Непостапување според здравствените прописи во време на пандемија. Законот, според наши информации, нема да важи за фирмите, за институции, за угостителски објекти и за други правни лица кои не ги почитуваа уредбите и мерките ниту за нивните одговорни лица. Другиот апсект, велат, е да се избегне пренатрупаноста на затворите, бидејки сите оние кои во рок од две години нема да ги платат паричните казни, казната им се заменува со затворска.

The post Се подготвува закон за амнестија на лицата кои ги прекршиле Ковид протоколите appeared first on Република.

]]>
МТСП: Се укинуваат Ковид протоколите во предучилишните установи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mtsp-se-ukinuvaat-kovid-protokolite-vo-preduchilishnite-ustanovi/ Mon, 09 May 2022 12:50:39 +0000 https://republika.mk/?p=499943

Владата на Република Македонија на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување мна возрасни лица и лица со попреченост.

Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика,  ја известува јавноста  дека спроведувањето  и  почитувањето  на  општите  и  посебни   мерки   и   протоколи   за  заштита  од  Ковид  19 во предучилишните установи престануваат да важат. ​

The post МТСП: Се укинуваат Ковид протоколите во предучилишните установи appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести. Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување мна возрасни лица и лица со попреченост. Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика,  ја известува јавноста  дека спроведувањето  и  почитувањето  на  општите  и  посебни   мерки   и   протоколи   за  заштита  од  Ковид  19 во предучилишните установи престануваат да важат. ​

The post МТСП: Се укинуваат Ковид протоколите во предучилишните установи appeared first on Република.

]]>
Обединетото Кралство и Франција со нови Ковид протоколи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/obedinetoto-kralstvo-i-francija-so-novi-kovid-protokoli/ Mon, 14 Feb 2022 14:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=458448

Со новите Ковид протоколи во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за Ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во ОК. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници.

ОК го прифаќа нашиот сертификат за примени вакцини, за оние кои ги признава (Moderna; Janssen (single dose vaccine); Novavax (Nuvaxovid and Covovax); Oxford/AstraZeneca; Pfizer BioNTech; Sinopharm Beijing; и Sinovac-CoronaVac), а EU Digital COVID Certificate за нашите граѓани ќе почне да го признава од 28 февруари 2022 г. Дополнително, невакцинираните лица се сметаат оние без ниту една или само со една вакцина (освен ако е Janssen) или лица кои имаат примено вакцина чиј сертификат ОК не го признава, на пример Sputnik.

Потсетуваме дека на државјаните на Република Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.

Државјани на Република  Македонија може да влезат во Франција доколку се вакцинирани, односно примиле една од следниве вакцини: Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield et Johnson & Johnson. Условите се однесуваат на: да се поминати 7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield (вакцини признати од Европската агенција за лекови-EMA), 28 дена од Johnson & Johnson, 7 дена од трета доза вакцина Pfizer за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA. Исто така, треба да се приложи потврда за статусот на вакцинација.

The post Обединетото Кралство и Франција со нови Ковид протоколи appeared first on Република.

]]>

Со новите Ковид протоколи во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за Ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во ОК. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници. ОК го прифаќа нашиот сертификат за примени вакцини, за оние кои ги признава (Moderna; Janssen (single dose vaccine); Novavax (Nuvaxovid and Covovax); Oxford/AstraZeneca; Pfizer BioNTech; Sinopharm Beijing; и Sinovac-CoronaVac), а EU Digital COVID Certificate за нашите граѓани ќе почне да го признава од 28 февруари 2022 г. Дополнително, невакцинираните лица се сметаат оние без ниту една или само со една вакцина (освен ако е Janssen) или лица кои имаат примено вакцина чиј сертификат ОК не го признава, на пример Sputnik. Потсетуваме дека на државјаните на Република Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој. Државјани на Република  Македонија може да влезат во Франција доколку се вакцинирани, односно примиле една од следниве вакцини: Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield et Johnson & Johnson. Условите се однесуваат на: да се поминати 7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield (вакцини признати од Европската агенција за лекови-EMA), 28 дена од Johnson & Johnson, 7 дена од трета доза вакцина Pfizer за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA. Исто така, треба да се приложи потврда за статусот на вакцинација.

The post Обединетото Кралство и Франција со нови Ковид протоколи appeared first on Република.

]]>
Модната недела во Њујорк под маски и со помалку публика https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/modnata-nedela-vo-njujork-pod-maski-i-so-pomalku-publika/ Mon, 07 Feb 2022 20:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=455340

Поканетите и гостите ќе ги комбинираат своите облеки со задолжителни маски за да присуствуваат на Модната недела во Њујорк оваа сезона, придржувајќи се до строгите ковид- протоколи, кои подразбираат помали ревии на модните писти и помалку гости во публиката.

 

 

Со враќањето на ревиите во живо во септември по виртуелните модни недели порано во пандемијата, организаторите прифаќаат „нова нормална“ мешавина на физички и дигитални презентации.

 

 

 

 

Дизајнерите како Мајкл Корс, Каролина Херера и Кристијан Сириано ќе ги претстават своите најнови колекции во живо за време на настанот од 11 до 16 февруари, според IMG Fashion што ја одржува Модната недела во Њујорк: The Shows.

Други како Бадгли Мишка и Тадаши Шоџи ќе обезбедат дигитални изданија, сите сакаат да профитираат од зголемената побарувачка за луксузни стоки .

„Тоа е новото нормално. Оваа сезона ќе има носење маска во затворен простор што ќе биде услов на сите ревии, доказ за вакцинација, тоа ќе биде задолжително“, изјави за Ројтерс Ноа Козловски, директор за односи со дизајнери и развој во IMG Fashion. .

Како и минатата сезона, списоците на гости се помали и се очекуваат во просек околу 200 гледачи.

„Најголемиот предизвик ќе биде за носителите на одлуки за тоа кој ќе може да присуствува на ревиите, бидејќи насекаде ќе има намалени капацитети слични на она што го видовме минатата сезона“, рече Козловски.

Некои дизајнери отсуствуваат од распоредот. Том Форд го откажа своето шоу додека Том Браун го одложи за април .

Њујорк, кој го започнува сезонскиот календар на модните писти, е познат по етаблираните брендови и поновите етикети за улична облека.

„Американската мода никогаш не била толку моќна како што е сега“, рече стилскиот директор на Women’s Wear Daily, Алекс Бадија.

По Њујорк, другите модни престолнини Лондон, Милано и Париз, исто така, планираат ревии во живо.

The post Модната недела во Њујорк под маски и со помалку публика appeared first on Република.

]]>

Поканетите и гостите ќе ги комбинираат своите облеки со задолжителни маски за да присуствуваат на Модната недела во Њујорк оваа сезона, придржувајќи се до строгите ковид- протоколи, кои подразбираат помали ревии на модните писти и помалку гости во публиката.
 
 
Со враќањето на ревиите во живо во септември по виртуелните модни недели порано во пандемијата, организаторите прифаќаат „нова нормална“ мешавина на физички и дигитални презентации.
 
 
 
 
Дизајнерите како Мајкл Корс, Каролина Херера и Кристијан Сириано ќе ги претстават своите најнови колекции во живо за време на настанот од 11 до 16 февруари, според IMG Fashion што ја одржува Модната недела во Њујорк: The Shows. Други како Бадгли Мишка и Тадаши Шоџи ќе обезбедат дигитални изданија, сите сакаат да профитираат од зголемената побарувачка за луксузни стоки . „Тоа е новото нормално. Оваа сезона ќе има носење маска во затворен простор што ќе биде услов на сите ревии, доказ за вакцинација, тоа ќе биде задолжително“, изјави за Ројтерс Ноа Козловски, директор за односи со дизајнери и развој во IMG Fashion. . Како и минатата сезона, списоците на гости се помали и се очекуваат во просек околу 200 гледачи. „Најголемиот предизвик ќе биде за носителите на одлуки за тоа кој ќе може да присуствува на ревиите, бидејќи насекаде ќе има намалени капацитети слични на она што го видовме минатата сезона“, рече Козловски. Некои дизајнери отсуствуваат од распоредот. Том Форд го откажа своето шоу додека Том Браун го одложи за април . Њујорк, кој го започнува сезонскиот календар на модните писти, е познат по етаблираните брендови и поновите етикети за улична облека. „Американската мода никогаш не била толку моќна како што е сега“, рече стилскиот директор на Women’s Wear Daily, Алекс Бадија. По Њујорк, другите модни престолнини Лондон, Милано и Париз, исто така, планираат ревии во живо.

The post Модната недела во Њујорк под маски и со помалку публика appeared first on Република.

]]>
Грција и Холандија со нови Ковид протоколи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grcija-i-holandija-so-novi-kovid-protokoli/ Mon, 07 Feb 2022 17:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=455281

Со најновата одлука за Република Грција се утврдуваат новите услови за влез, кои важат за периодот од 7 до 24 февруари 2022 година, информира министерството за надворешни работи.

При тоа се наведува дека влезот на патници од земјите - членки на ЕУ и Шенгенскиот договор, како и од 33-те земји кои не се членки на ЕУ, а кои се приклучија на системот за дигитални сертификати COVID на Европската унија  (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), меѓу кои е и Република Македонија влезот е дозволен со прикажување на Европски дигитален сертификат, односно алтернативно според следниот редослед:

Сертификат за вакцинација: доколку имаат навршено најмалку четиринаесет (14) дена од вакцинацијата и не повеќе од 9 месеци по завршувањето на основната вакцинација или без временско ограничување за патниците кои ја примиле и третата доза, потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со методот PCR или по контрола со користење на брзи антиген тестови (rapid test). Европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава четиринаесет (14) дена по првиот позитивен тест и неговата важност трае до сто и осумдесет (180) дена по тестот; или негативни резултати од лабораториски тест со методот PCR спроведен во последните седумдесет и два (72) часа пред нивното пристигнување во Грција или со брз антиген тест (rapid test) во рок од дваесет и четири (24) часа пред пристигнувањето во Грција.

Додека, од утре (8 јануари 2022 година), нови услови за влез на патници од Македонија во Холандија. Министерството за здравство во Холандија ја класифицираше Република Македонија како „зона со многу висок ризик“, значи едно ниво повисоко од досегашнотоЗа сите патници од Македонија кои патуваат за Холандија,  ќе важи  правилото  за задолжителен  карантин.  Од друга страна, вакцинираните патници (две вакцини и дополнителна трета вакцина/бустер) кои патуваат од многу високо ризични земји не мора да одат во карантин.

 Достапни информации на следниот линк: Exemptions to the mandatory quarantine requirement | Coronavirus COVID-19 | Government.nl.

The post Грција и Холандија со нови Ковид протоколи appeared first on Република.

]]>

Со најновата одлука за Република Грција се утврдуваат новите услови за влез, кои важат за периодот од 7 до 24 февруари 2022 година, информира министерството за надворешни работи.

При тоа се наведува дека влезот на патници од земјите - членки на ЕУ и Шенгенскиот договор, како и од 33-те земји кои не се членки на ЕУ, а кои се приклучија на системот за дигитални сертификати COVID на Европската унија  (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), меѓу кои е и Република Македонија влезот е дозволен со прикажување на Европски дигитален сертификат, односно алтернативно според следниот редослед:

Сертификат за вакцинација: доколку имаат навршено најмалку четиринаесет (14) дена од вакцинацијата и не повеќе од 9 месеци по завршувањето на основната вакцинација или без временско ограничување за патниците кои ја примиле и третата доза, потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со методот PCR или по контрола со користење на брзи антиген тестови (rapid test). Европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава четиринаесет (14) дена по првиот позитивен тест и неговата важност трае до сто и осумдесет (180) дена по тестот; или негативни резултати од лабораториски тест со методот PCR спроведен во последните седумдесет и два (72) часа пред нивното пристигнување во Грција или со брз антиген тест (rapid test) во рок од дваесет и четири (24) часа пред пристигнувањето во Грција.

Додека, од утре (8 јануари 2022 година), нови услови за влез на патници од Македонија во Холандија. Министерството за здравство во Холандија ја класифицираше Република Македонија како „зона со многу висок ризик“, значи едно ниво повисоко од досегашнотоЗа сите патници од Македонија кои патуваат за Холандија,  ќе важи  правилото  за задолжителен  карантин.  Од друга страна, вакцинираните патници (две вакцини и дополнителна трета вакцина/бустер) кои патуваат од многу високо ризични земји не мора да одат во карантин.

 Достапни информации на следниот линк: Exemptions to the mandatory quarantine requirement | Coronavirus COVID-19 | Government.nl.

The post Грција и Холандија со нови Ковид протоколи appeared first on Република.

]]>
Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/germanija-finska-i-hong-kong-so-novi-kovid-protokoli-za-makedonskite-drzavjani/ Wed, 19 Jan 2022 10:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=446624

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Македонија на листата на ризични земји.

Со најновата одлука на германските власти, од државјаните на Македонија при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележана Ковид или негативен ПЦР тест.

 

За лицата кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10 дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена.

 

Со нов Ковид-протокол и Република Финска. Сите лица, вклучувајќи и наши државјани, кои не можат да се вакцинираат против Ковид 19 од медицински причини, можат да влезат во Финска доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен Ковид 19 тест, не постар од 48 часа.

За сите останати (освен оние со регулиран престој) кои пристигнуваат во Финска и натаму се задолжени да приложат доказ за целосна вакцинација или оздравување од Ковид 19 (во изминатите шест месеци) заедно со негативен тест за Ковид (не постар од 48 часа).

 

Истовремено, Владата на Хонг Конг Специјален Административен Регион донесе одлука за измена на условите за влез во Хонг Конг, согласно која Република Македонија се наоѓа во Група А земји каде се детектирани случаи на омикрон.

Поради тоа, се ограничува влез на наши државјани и странци (кои не се резиденти на Хонг Конг), а кои во изминатите 21 ден престојувале во Македонија. Дополнително, дозволен е влез за резиденти на Хонг Конг, но со 21 дневен задолжителен карантин и 6 ПЦР теста.

The post Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани appeared first on Република.

]]>

Заради ситуацијата со Ковид 19- пандемијата, Сојузна Република Германија ја врати Република Македонија на листата на ризични земји. Со најновата одлука на германските власти, од државјаните на Македонија при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележана Ковид или негативен ПЦР тест.  
За лицата кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10 дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена.   Со нов Ковид-протокол и Република Финска. Сите лица, вклучувајќи и наши државјани, кои не можат да се вакцинираат против Ковид 19 од медицински причини, можат да влезат во Финска доколку имаат лекарско уверение кое го покажува тоа, заедно со потврда за негативен Ковид 19 тест, не постар од 48 часа. За сите останати (освен оние со регулиран престој) кои пристигнуваат во Финска и натаму се задолжени да приложат доказ за целосна вакцинација или оздравување од Ковид 19 (во изминатите шест месеци) заедно со негативен тест за Ковид (не постар од 48 часа).   Истовремено, Владата на Хонг Конг Специјален Административен Регион донесе одлука за измена на условите за влез во Хонг Конг, согласно која Република Македонија се наоѓа во Група А земји каде се детектирани случаи на омикрон. Поради тоа, се ограничува влез на наши државјани и странци (кои не се резиденти на Хонг Конг), а кои во изминатите 21 ден престојувале во Македонија. Дополнително, дозволен е влез за резиденти на Хонг Конг, но со 21 дневен задолжителен карантин и 6 ПЦР теста.

The post Германија, Финска и Хонг Конг со нови Ковид протоколи за македонските државјани appeared first on Република.

]]>