ковид ограничувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-ogranichuvanja/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Feb 2022 15:36:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковид ограничувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-ogranichuvanja/ 32 32 Бугарија до 20 март ќе ги укине ковид ограничувањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-do-20-mart-kje-gi-ukine-kovid-ogranichuvanjata/ Mon, 21 Feb 2022 15:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=461574

Бугарија влегува во втора и трета фаза од пандемијата, а се очекува земјата за краток период да стигне до првата фаза, што значи дека наскоро цела Бугарија ќе биде во зелената зона, изјави премиерот Кирил Петков.

Според Петков, до 20 март ќе може да се укинат сите ограничувања во земјава, а зелениот сертификат ќе остане единствениот актуелен документ што ќе важи во европската регулатива за патување.

Од 24 февруари, првиот чекор е секој објект во Бугарија да дозволи влез за лица без зелен сертификат, но за вработените ќе остане условот за зелен сертификат.

Во образовните центри и училиштата ќе биде дозволено да учат до 12 деца.

Следниот битен датум е 5 март – доколку дотогаш работите се развиваат позитивно, посети без зелен сертификат ќе бидат можни на активности и услуги во објекти од јавен интерес, изјави Ангел Кунчев.

На 20 март ќе може да се соопшти дека посетите на дејности и услуги се одвиваат без сертификат, како и без потврда за персонал. Зелениот сертификат ќе важи се додека лицето, кое сака да патува, со него ќе му се обезбедува олеснет режим на патување, изјави главниот санитарен инспектор на Бугарија Ангел Кунчев.

The post Бугарија до 20 март ќе ги укине ковид ограничувањата appeared first on Република.

]]>

Бугарија влегува во втора и трета фаза од пандемијата, а се очекува земјата за краток период да стигне до првата фаза, што значи дека наскоро цела Бугарија ќе биде во зелената зона, изјави премиерот Кирил Петков. Според Петков, до 20 март ќе може да се укинат сите ограничувања во земјава, а зелениот сертификат ќе остане единствениот актуелен документ што ќе важи во европската регулатива за патување. Од 24 февруари, првиот чекор е секој објект во Бугарија да дозволи влез за лица без зелен сертификат, но за вработените ќе остане условот за зелен сертификат. Во образовните центри и училиштата ќе биде дозволено да учат до 12 деца. Следниот битен датум е 5 март – доколку дотогаш работите се развиваат позитивно, посети без зелен сертификат ќе бидат можни на активности и услуги во објекти од јавен интерес, изјави Ангел Кунчев. На 20 март ќе може да се соопшти дека посетите на дејности и услуги се одвиваат без сертификат, како и без потврда за персонал. Зелениот сертификат ќе важи се додека лицето, кое сака да патува, со него ќе му се обезбедува олеснет режим на патување, изјави главниот санитарен инспектор на Бугарија Ангел Кунчев.

The post Бугарија до 20 март ќе ги укине ковид ограничувањата appeared first on Република.

]]>