ковид криза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-kriza/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 07:29:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковид криза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-kriza/ 32 32 Како СДСМ и ДУИ ја искористија ковид-кризата за да доделат 33 милиони евра на свои луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kako-sdsm-i-dui-ja-iskoristija-kovid-krizata-za-da-dodelat-33-milioni-evra-na-svoi-luge/ Wed, 25 Sep 2024 07:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=819416

Владата предводена од СДС и ДУИ не правела ништо освен што крадела од граѓаните и државата, односно народните пари завршувале во џебови на поединци наместо за развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека ваквото однесување го поткрепува и Државна ревизија, или со ревизијата завршена во мај 2023 година се гледа дека неосновано се трошеле стотици милиони евра народни пари.

Извештајот констатира дека преку владината потпрограма Мерки за справување со ковид кризата, исплатени се средства во износ од над 6 милијарди денари или околу 100 милиони евра. Станува збор за пари исплатени без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства.

Според Извештајот на Државна ревизија при поделбата на овие 100 милиони евра, 33% од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. Или на владата на СДС и ДУИ и летнале 33 милиони евра во нечии џебови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Колку за илустрација, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, овие околу 100 милиони се средства со кои можеше да се изгради нов клинички. Или за споредба, изградбата на нов клинички центар во Скопје според проектот од 2017 година ќе чинеше 128 милиони евра.

Оттука владата на СДС и ДУИ, средства колку за нов клинички, ги дели на сомнителен начин и без процедури.

Ова е само дел од злоупотреби констатирани од Државниот завод за ревизија. Продолжуваме со објава на детали од истиот Извештај во однос на други злоупотреби. Секој што постапувал спротивно на правните норми мора да одговара, реагира владејачката партија.

The post Како СДСМ и ДУИ ја искористија ковид-кризата за да доделат 33 милиони евра на свои луѓе appeared first on Република.

]]>

Владата предводена од СДС и ДУИ не правела ништо освен што крадела од граѓаните и државата, односно народните пари завршувале во џебови на поединци наместо за развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека ваквото однесување го поткрепува и Државна ревизија, или со ревизијата завршена во мај 2023 година се гледа дека неосновано се трошеле стотици милиони евра народни пари.
Извештајот констатира дека преку владината потпрограма Мерки за справување со ковид кризата, исплатени се средства во износ од над 6 милијарди денари или околу 100 милиони евра. Станува збор за пари исплатени без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства. Според Извештајот на Државна ревизија при поделбата на овие 100 милиони евра, 33% од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. Или на владата на СДС и ДУИ и летнале 33 милиони евра во нечии џебови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Колку за илустрација, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, овие околу 100 милиони се средства со кои можеше да се изгради нов клинички. Или за споредба, изградбата на нов клинички центар во Скопје според проектот од 2017 година ќе чинеше 128 милиони евра.
Оттука владата на СДС и ДУИ, средства колку за нов клинички, ги дели на сомнителен начин и без процедури. Ова е само дел од злоупотреби констатирани од Државниот завод за ревизија. Продолжуваме со објава на детали од истиот Извештај во однос на други злоупотреби. Секој што постапувал спротивно на правните норми мора да одговара, реагира владејачката партија.

The post Како СДСМ и ДУИ ја искористија ковид-кризата за да доделат 33 милиони евра на свои луѓе appeared first on Република.

]]>
Лефков: Филипче, брат по криминал на Заев, во Ковид кризата преговараше вакцини двојно поскапи од вообичаеното https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-filipche-brat-po-kriminal-na-zaev-vo-kovid-krizata-pregovarashe-vaktsini-dvojno-poskapi-od-voobichaenoto/ Fri, 05 Jul 2024 11:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=793768

Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските вакцини во ек на Ковид, рече на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Филипче преку фирмата Стабри Интернешенал од Хонг Конг формирана само три месеци откако СДС дошле на власт во 2017-тата година сакаа да купат вакцини повеќе од 100% поскапо од тоа што го плаќаа другите држави. Додека другите држави купуваа кинески вакцини по најмногу 30 долари, Филипче сакаше преку посредничка фирма да плати 62 долари, што е најмалку 100% повеќе. Овој скандал го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, а обвинителството на Заев го заташка и не го истражи. Од 200.000 вакцини, Филипче и Заев на фирмата посредник и местеле над 6 милиони евра провизија. Каде требало да завршат овие 6 милиони евра? Дали Заев и Филипче се тие кои стоеле на крајот на криминалната шема? Колку матни тендери се изреализирани и колку милиони испумпани од државата? Филипче доаѓа за претседател на СДС поставен од Заев, со цел и двајцата да го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив, а ако во тоа не успеат, да се жалат дека се гонети како последица на политички притисок. Филипче кој сакаше да го краде својот народ во ек на Ковид додека илјадници умираа и страдаа, нема најпрвин морална величина да биде претседател на партија, а потоа наместо во партија, треба да се најде пред суд, истакна Лефков.

Филипче само сака да се заштити себе, а потоа и повторно некогаш да дојде во позиција за да го краде народот. Филипче и Заев се прочитана книга, со нив СДС на следните избори е многу блиску да стане вонпарламентарна партија, додава Лефков.

The post Лефков: Филипче, брат по криминал на Заев, во Ковид кризата преговараше вакцини двојно поскапи од вообичаеното appeared first on Република.

Потребно е сите заедно да се бориме против несоодветната употреба на антибиотици која порасна за време на ковид-кризата кажа министерот за здравство Фатмир Меџити https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/potrebno-e-site-zaedno-da-se-borime-protiv-nesoodvetnata-upotreba-na-antibiotitsi-koja-porasna-za-vreme-na-kovid-krizata-kazha-ministerot-za-zdravstvo-fatmir-medhiti/ Thu, 14 Dec 2023 14:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=722963

Сите со заедничките напори треба да се бориме против оваа таканаречена тивка треска со спречување на несоодветната употреба на антибиотици и да се справиме со антимикробната резистенција, рече денеска Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој се обрати на панел дискусијата „Заеднички во спречување на антимикробната отпорност“ во организација на Здружението за одржлив развој БИОМ Скопје и мултисекторската комисија за контрола на антимикробна отпорност при Министерството за здравство и поддршка на Светската здравствена организација.

Меџити кажа дека резистенцијата на антибиотици е сериозна закана пред се по здравјето на граѓаните, која ја загрозува здравствената сигурност на локално и на глобално ниво.

Антимикробната резистенција треба да ја решаваме сите заедно. Основата на силните здравствени системи е клучна за спречување на ширењето на заразните болести и поттикнување на нивното искоренување. Областа на безбедна хирургија и третман на рак, зајакната со ефективни антибиотици се составен дел за управување со ризиците од инфекции.

И покрај сите напори, се соочуваме со вознемирувачки предизвик во форма на антимикробна отпорност, што ги загрозува чекорите што ги направивме во минатото со имплементирање на стратегијата за антимикробна отпорност. Овој отпор веќе го бара данокот од јавното здравје, што доведува до зголемена стапка на смртност, постојани инфекции и зголемување на трошоците за здравствена заштита.

Борбата против антимикробна отпорност наиде на неуспеси за време на Ковид пандемијата, сведочејќи на пораст на несоодветната употреба на антибиотици. Токму пандемијата го нагласи огромното значење на програмите за заштита и превенција, контрола на антимикробна отпорност, рече Меџити.

Во насока на подржување на напорите на СЗО и на другите релевантни меѓународни организации Македонија го потпишала документот за прифаќање на патоказот за антимикробна резистенција на СЗО 2023-2030, во октомври 2023 година на состанокот на СЗО во Астана, Казахстан.

Македонија постигна напредок во ублажувањето на антимикробна резистенција. Аспектот „Едно здравје“ за превенција и контрола на АМР бара дополнителни интервенции. Колективната акција е императив за да се справиме со развојот и ширењето на антимикробната отпорност, не само меѓу луѓето, туку и кај животните и во секторот за производство на храна и во областа на животната средина. Овој холистички пристап, кој го опфаќа здравјето на луѓето, здравјето на животните, земјоделството и животната средина е познат како „Едно здравје“.

Деновиве потпишав решение за назначување нова мултисекторска комисија за справување со антимикробната ресизистенција во Македонија, составена од експерти и претставници од здравство, ветерина, земјоделство и животна средина со што го промовираме мултисекторскиот пристап на проблемот со антимикробна резистенција во нашата држава, односно пристапот за „Едно здравје“.

Задоволен сум што гледам дека на денешната конференција учествуваат национални експерти од оваа област од различни сектори, вклучително и здравство, ветеринарство и фармација. Сите овие сектори се сведоци на широко распространетата злоупотреба на антибиотици, кажа Меџити.

The post Потребно е сите заедно да се бориме против несоодветната употреба на антибиотици која порасна за време на ковид-кризата кажа министерот за здравство Фатмир Меџити appeared first on Република.

]]>

Сите со заедничките напори треба да се бориме против оваа таканаречена тивка треска со спречување на несоодветната употреба на антибиотици и да се справиме со антимикробната резистенција, рече денеска Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој се обрати на панел дискусијата „Заеднички во спречување на антимикробната отпорност“ во организација на Здружението за одржлив развој БИОМ Скопје и мултисекторската комисија за контрола на антимикробна отпорност при Министерството за здравство и поддршка на Светската здравствена организација. Меџити кажа дека резистенцијата на антибиотици е сериозна закана пред се по здравјето на граѓаните, која ја загрозува здравствената сигурност на локално и на глобално ниво. Антимикробната резистенција треба да ја решаваме сите заедно. Основата на силните здравствени системи е клучна за спречување на ширењето на заразните болести и поттикнување на нивното искоренување. Областа на безбедна хирургија и третман на рак, зајакната со ефективни антибиотици се составен дел за управување со ризиците од инфекции.
И покрај сите напори, се соочуваме со вознемирувачки предизвик во форма на антимикробна отпорност, што ги загрозува чекорите што ги направивме во минатото со имплементирање на стратегијата за антимикробна отпорност. Овој отпор веќе го бара данокот од јавното здравје, што доведува до зголемена стапка на смртност, постојани инфекции и зголемување на трошоците за здравствена заштита. Борбата против антимикробна отпорност наиде на неуспеси за време на Ковид пандемијата, сведочејќи на пораст на несоодветната употреба на антибиотици. Токму пандемијата го нагласи огромното значење на програмите за заштита и превенција, контрола на антимикробна отпорност, рече Меџити.
Во насока на подржување на напорите на СЗО и на другите релевантни меѓународни организации Македонија го потпишала документот за прифаќање на патоказот за антимикробна резистенција на СЗО 2023-2030, во октомври 2023 година на состанокот на СЗО во Астана, Казахстан. Македонија постигна напредок во ублажувањето на антимикробна резистенција. Аспектот „Едно здравје“ за превенција и контрола на АМР бара дополнителни интервенции. Колективната акција е императив за да се справиме со развојот и ширењето на антимикробната отпорност, не само меѓу луѓето, туку и кај животните и во секторот за производство на храна и во областа на животната средина. Овој холистички пристап, кој го опфаќа здравјето на луѓето, здравјето на животните, земјоделството и животната средина е познат како „Едно здравје“.
Деновиве потпишав решение за назначување нова мултисекторска комисија за справување со антимикробната ресизистенција во Македонија, составена од експерти и претставници од здравство, ветерина, земјоделство и животна средина со што го промовираме мултисекторскиот пристап на проблемот со антимикробна резистенција во нашата држава, односно пристапот за „Едно здравје“. Задоволен сум што гледам дека на денешната конференција учествуваат национални експерти од оваа област од различни сектори, вклучително и здравство, ветеринарство и фармација. Сите овие сектори се сведоци на широко распространетата злоупотреба на антибиотици, кажа Меџити.
 
The post Потребно е сите заедно да се бориме против несоодветната употреба на антибиотици која порасна за време на ковид-кризата кажа министерот за здравство Фатмир Меџити appeared first on Република.

]]>
Здравствената криза предизвикана од Ковид-19 откри многу слабости во општествениот систем https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zdravstvenata-kriza-predizvikana-od-kovid-19-otkri-mnogu-slabosti-vo-opshtestveniot-sistem/ Thu, 07 Apr 2022 08:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=484586

За заштита на здравјето, како основно човеково право, неопходно е во креирањето на мерки и политики да постои конзистентен пристап за зачувување на животната средина, унапредување на здравствениот систем и на лекарската професија, истакна претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, по повод одбележување на Светскиот ден на здравјето, 7 Април, чие мото годинава е „Наша планета, наше здравје“.

Здравствените системи и докторите се справуваат со последиците од сите овие состојби. Здравствената криза предизвикана од Ковид-19 откри многу слабости во општествениот систем и ја акцентираше потребата од зајакнување на здравствениот систем. Докторите, како основна алка на овој систем, во изминатите години се соочија со најголеми предизвици, но и понатаму храбро и одлучно стојат на првата борбена линија со Kовид-19 и секојдневно се борат за животите на пациентите. Пошироката заедница стана свесна за важноста за надминување на предизвиците кои се појавуваат во овој сектор и за потребата од обезбедување на доволен број на високостручен медицински кадар и соодветни услови за работа, како би можело да се постигнат и подобри ефекти во лекувањето.

Одбележувањето на Светскиот ден на здравјето го ставаме и во функција на тоа да истакнеме што е потребно за унапредување на состојбите. Неопходно е поскоро да влезат во собраниска процедура и да бидат побрзо изгласани измените на Законот за здравствена заштита, со што ќе се регулира правото на дополнителна дејност, како и можноста матичните пациенти да се водат на здравствената установа, а не на матичниот лекар. Неопходно е побрзо донесување на измените на Кривичниот законик со кои нападот врз здравствен работник се смета за напад врз службено лице, што значително ќе придонесе за создавање на побезбедни услови на работното место. Законските измени подолго време без причина чекаат зелено светло од пратениците, поради што е потребно конечно да се заврши постапката на нивно донесување и да стапат во примена. Здравствениот систем не може да биде стабилен и одржлив доколку во него не ги задржиме младите лекари. За да се постигне тоа неопходно е да бидат мотивирани со подобрување на условите за вработување и работење, како и унапредување на знаењата и создавање на можности за развивање на научната дејност. Законот за докторска дејност, исто така е неопходно да стане дел од позитивните правни прописи, поради тоа што со него може да се направи баланс меѓу правата и обврските кои ги носи современиот начин на живот и начин на работа, истакнува проф. д-р Гривчева Старделова.

Лекарската комора во континуитет е во комуникација со сите надлежни институции и активно се залага за надминување на предизвиците и подобрување на состојбите и очекува во претстојниот период да се постигне поширок општествен консензус и разбирање кај оние кои ги носат одлуките за потребата од процесирање на истакнатите забелешки. Патот на развојот на здравствениот сектор, како еден од главните општествени столбови, мора добро да се трасира и конзистентно да се работи на реализација на зацртаните мерки кои ќе имаат широк бенефит за здравствените работници и за пациентите.

The post Здравствената криза предизвикана од Ковид-19 откри многу слабости во општествениот систем appeared first on Република.

]]>

За заштита на здравјето, како основно човеково право, неопходно е во креирањето на мерки и политики да постои конзистентен пристап за зачувување на животната средина, унапредување на здравствениот систем и на лекарската професија, истакна претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, по повод одбележување на Светскиот ден на здравјето, 7 Април, чие мото годинава е „Наша планета, наше здравје“. Здравствените системи и докторите се справуваат со последиците од сите овие состојби. Здравствената криза предизвикана од Ковид-19 откри многу слабости во општествениот систем и ја акцентираше потребата од зајакнување на здравствениот систем. Докторите, како основна алка на овој систем, во изминатите години се соочија со најголеми предизвици, но и понатаму храбро и одлучно стојат на првата борбена линија со Kовид-19 и секојдневно се борат за животите на пациентите. Пошироката заедница стана свесна за важноста за надминување на предизвиците кои се појавуваат во овој сектор и за потребата од обезбедување на доволен број на високостручен медицински кадар и соодветни услови за работа, како би можело да се постигнат и подобри ефекти во лекувањето.
Одбележувањето на Светскиот ден на здравјето го ставаме и во функција на тоа да истакнеме што е потребно за унапредување на состојбите. Неопходно е поскоро да влезат во собраниска процедура и да бидат побрзо изгласани измените на Законот за здравствена заштита, со што ќе се регулира правото на дополнителна дејност, како и можноста матичните пациенти да се водат на здравствената установа, а не на матичниот лекар. Неопходно е побрзо донесување на измените на Кривичниот законик со кои нападот врз здравствен работник се смета за напад врз службено лице, што значително ќе придонесе за создавање на побезбедни услови на работното место. Законските измени подолго време без причина чекаат зелено светло од пратениците, поради што е потребно конечно да се заврши постапката на нивно донесување и да стапат во примена. Здравствениот систем не може да биде стабилен и одржлив доколку во него не ги задржиме младите лекари. За да се постигне тоа неопходно е да бидат мотивирани со подобрување на условите за вработување и работење, како и унапредување на знаењата и создавање на можности за развивање на научната дејност. Законот за докторска дејност, исто така е неопходно да стане дел од позитивните правни прописи, поради тоа што со него може да се направи баланс меѓу правата и обврските кои ги носи современиот начин на живот и начин на работа, истакнува проф. д-р Гривчева Старделова.
Лекарската комора во континуитет е во комуникација со сите надлежни институции и активно се залага за надминување на предизвиците и подобрување на состојбите и очекува во претстојниот период да се постигне поширок општествен консензус и разбирање кај оние кои ги носат одлуките за потребата од процесирање на истакнатите забелешки. Патот на развојот на здравствениот сектор, како еден од главните општествени столбови, мора добро да се трасира и конзистентно да се работи на реализација на зацртаните мерки кои ќе имаат широк бенефит за здравствените работници и за пациентите.  

The post Здравствената криза предизвикана од Ковид-19 откри многу слабости во општествениот систем appeared first on Република.

]]>
Над 16.000 македонски граѓани останале без работата поради ковид-кризата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nad-16-000-makedonski-gragjani-ostanale-bez-rabotata-poradi-kovid-krizata/ Fri, 28 Jan 2022 11:26:51 +0000 https://republika.mk/?p=450653

Директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати на вчерашната прес-конференција информираше дека вкупно 16.073 граѓани добиле отказ од работното место поради пандемијата на корона вирус.

Од 11 март 2020 година, вкупниот број на работници 16.073 се одјавени врз база на тоа дека поради кризата го загубиле работното место. Во Агенцијата за вработување со состојба од 31.12.2021 година е регистрирано дека вкупниот број на активни баратели на работа се 130.982 и 54.618 кои се пријавуваат на шест месеци, додаде Мурати на новинарско прашање.

Иако од бизнис фелата пак тврдат дека бројката на загубени работни места изнесува над 40.000, Мурати вели дека таква статистика нема.

Во моментов активни баратели на работа има речиси 131.000, а пасивни се околу 54.000 лица.

The post Над 16.000 македонски граѓани останале без работата поради ковид-кризата appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за вработување, Беким Мурати на вчерашната прес-конференција информираше дека вкупно 16.073 граѓани добиле отказ од работното место поради пандемијата на корона вирус.
Од 11 март 2020 година, вкупниот број на работници 16.073 се одјавени врз база на тоа дека поради кризата го загубиле работното место. Во Агенцијата за вработување со состојба од 31.12.2021 година е регистрирано дека вкупниот број на активни баратели на работа се 130.982 и 54.618 кои се пријавуваат на шест месеци, додаде Мурати на новинарско прашање.
Иако од бизнис фелата пак тврдат дека бројката на загубени работни места изнесува над 40.000, Мурати вели дека таква статистика нема. Во моментов активни баратели на работа има речиси 131.000, а пасивни се околу 54.000 лица.

The post Над 16.000 македонски граѓани останале без работата поради ковид-кризата appeared first on Република.

]]>