ковид центар тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-centar-tetovo/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Sep 2022 08:54:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковид центар тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-centar-tetovo/ 32 32 Ни Заев, ни Филипче, ни ДУИ, ни Анѓушев – одговорноста за трагедијата, како и секогаш, оди кај друг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ni-zaev-ni-filipche-ni-dui-ni-angjushev-odgovornosta-za-tragedijata-kako-i-sekogash-odi-kaj-drug/ Thu, 08 Sep 2022 08:54:02 +0000 https://republika.mk/?p=548574

Денеска се навршува една година од пожарот во модуларната болница во Тетово во која животите ги загубија 14 луѓе, кои таму беа на болничко лекување поради дијагностициран КОВИД-19. Пожарот избувна на 8 септември 2021 година околу 21 часот во монтажниот објект од модуларна болница.

По пожарот беа констатирани 14 смртни случаи, додека 12 пациенти го преживеаа пожарот и беа хоспитализирани уште неколку денови во други објекти на болницата. Советот на Општина Тетово на вонредна седница прогласи три дена жалост во градот, од 9 до 11 септември.

Откако беше направен увид на местото на пожарот Основното Јавно Обвинителство Тетово направи и повеќе вештачења за да се утврдат околностите поради кои е дојдено во пожарот. Стручни анализи беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, од стручно лице – електроинжинер како и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

Истрагата, прибирањето на докази и поднесувањето на обвинителен предлог до Основен суд Тетово траеја до 27 јули 2022 година. Обвинителството поднесе кривични пријави за двајцата директори на болницата, еден доктор и ЈЗУ Клиничка болница како правно лице.

https://republika.mk/vesti/makedonija/poddrshka-od-tetovci-za-doktor-bobani-gradot-e-so-tebe-skopski/

Судот на 16 август сооопшти за кои дела се осомничени двајцата директори, докторот како и Клиничката болница.

Двајцата првообвинети, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност, третиот обвинет докторот Бобан Вучевски дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, додека обвинетото правно лице за двете кривични дела – Предизвикување општа опасност и Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопшти судот на 16 август.

На 6 септември годинава судијата Јордан Велковски го закажа првото рочиште, кое веднаш беше одложени за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите.

The post Ни Заев, ни Филипче, ни ДУИ, ни Анѓушев – одговорноста за трагедијата, како и секогаш, оди кај друг appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршува една година од пожарот во модуларната болница во Тетово во која животите ги загубија 14 луѓе, кои таму беа на болничко лекување поради дијагностициран КОВИД-19. Пожарот избувна на 8 септември 2021 година околу 21 часот во монтажниот објект од модуларна болница. По пожарот беа констатирани 14 смртни случаи, додека 12 пациенти го преживеаа пожарот и беа хоспитализирани уште неколку денови во други објекти на болницата. Советот на Општина Тетово на вонредна седница прогласи три дена жалост во градот, од 9 до 11 септември. Откако беше направен увид на местото на пожарот Основното Јавно Обвинителство Тетово направи и повеќе вештачења за да се утврдат околностите поради кои е дојдено во пожарот. Стручни анализи беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, од стручно лице – електроинжинер како и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија. Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред. Истрагата, прибирањето на докази и поднесувањето на обвинителен предлог до Основен суд Тетово траеја до 27 јули 2022 година. Обвинителството поднесе кривични пријави за двајцата директори на болницата, еден доктор и ЈЗУ Клиничка болница како правно лице. https://republika.mk/vesti/makedonija/poddrshka-od-tetovci-za-doktor-bobani-gradot-e-so-tebe-skopski/ Судот на 16 август сооопшти за кои дела се осомничени двајцата директори, докторот како и Клиничката болница.
Двајцата првообвинети, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми се товарат дека сториле по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност, третиот обвинет докторот Бобан Вучевски дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, додека обвинетото правно лице за двете кривични дела – Предизвикување општа опасност и Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопшти судот на 16 август.
На 6 септември годинава судијата Јордан Велковски го закажа првото рочиште, кое веднаш беше одложени за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите.

The post Ни Заев, ни Филипче, ни ДУИ, ни Анѓушев – одговорноста за трагедијата, како и секогаш, оди кај друг appeared first on Република.

]]>
Почнува судењето за трагедијата во тетовската болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-sudenjeto-za-tragedijata-vo-tetovskata-bolnica/ Tue, 06 Sep 2022 07:01:00 +0000 https://republika.mk/?p=547836

Денеска во 10 часот започнува првото рочиште за пожарот во модуларна болница.

Првото рочиште е закажано согласно Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС).

Обвинети за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово се поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими, раководно лице во болницата и дежурниот доктор.

Во пожарот во модуларната болница на 8 септември лани загинаа 14 луѓе. Обвинение има и за Општата болница – Тетово.

The post Почнува судењето за трагедијата во тетовската болница appeared first on Република.

]]>

Денеска во 10 часот започнува првото рочиште за пожарот во модуларна болница. Првото рочиште е закажано согласно Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС). Обвинети за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово се поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими, раководно лице во болницата и дежурниот доктор. Во пожарот во модуларната болница на 8 септември лани загинаа 14 луѓе. Обвинение има и за Општата болница – Тетово.

The post Почнува судењето за трагедијата во тетовската болница appeared first on Република.

]]>
СДСМ и ДУИ не присуствуваат на сединцата за трагедиите во Тетово и во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-ne-prisustvuvaat-na-sedincata-za-tragediite-vo-tetovo-i-vo-bugarija/ Thu, 09 Jun 2022 11:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=513118

Во Собранието попладнево почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред се Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово.

На седницата не присуствуваат пратеници од парламентарното мнозинството. Седницата ја води претседатлот на комисијата Халил Снопче, а присутни се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од АА и од Беса.

Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија од Министерството за транспорт и врски е добиена по барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири.

Пред членовите на Постојаната анкетна комисија се и годишните извештаи на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, како и на Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2021 година, а разгледан треба да биде и Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година.

The post СДСМ и ДУИ не присуствуваат на сединцата за трагедиите во Тетово и во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Во Собранието попладнево почна седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред се Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Бугарија, како и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово. На седницата не присуствуваат пратеници од парламентарното мнозинството. Седницата ја води претседатлот на комисијата Халил Снопче, а присутни се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од АА и од Беса. Информацијата за автобуската несреќа во Бугарија од Министерството за транспорт и врски е добиена по барање на претседателот на Постојаната анкетна комисија, а Информацијата за тетовската модуларна болница е поднесена од пратениците Халил Снопче и Елми Азири. Пред членовите на Постојаната анкетна комисија се и годишните извештаи на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2021 година, како и на Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права за 2021 година, а разгледан треба да биде и Годишниот извештај за работата на Меѓуресорската комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за 2020 година.

The post СДСМ и ДУИ не присуствуваат на сединцата за трагедиите во Тетово и во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Јовески: Има осомничени за пожарот во тетовската болница, нема да е кабелот виновен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/joveski-ima-osomnicheni-za-pozarot-vo-tetovskata-bolnica-nema-da-e-kabelot-vinoven/ Sun, 15 May 2022 16:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=502571

Има осомничени за пожарот кој минатата година се случи во модуларната болница во Тетово открива јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Јовевски екслклузивно за емисијата „25 минути“.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-kje-bidat-podneseni-chetiri-tuzbi/

Не може да се каже дека кабелот е виновен и дека никој нема да одговара. Познато е во јавноста дека обвинителството води постапка за овај случај. Мора да сфатите дека се работи за огромна трагедија, за изгубени многу животи на наши граѓани, дека обвинителството превзема многу дејствија само. Сослушани се повеќе од 40-тина сведоци..., вели тој.

На прашањето зошто премногу трае овој процес, Јовески рече дека токму сложеноста на предметот бара време и дека деновиве ќе биде поднесено обвинение.

The post Јовески: Има осомничени за пожарот во тетовската болница, нема да е кабелот виновен appeared first on Република.

]]>

Има осомничени за пожарот кој минатата година се случи во модуларната болница во Тетово открива јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Јовевски екслклузивно за емисијата „25 минути“. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo-kje-bidat-podneseni-chetiri-tuzbi/
Не може да се каже дека кабелот е виновен и дека никој нема да одговара. Познато е во јавноста дека обвинителството води постапка за овај случај. Мора да сфатите дека се работи за огромна трагедија, за изгубени многу животи на наши граѓани, дека обвинителството превзема многу дејствија само. Сослушани се повеќе од 40-тина сведоци..., вели тој.
На прашањето зошто премногу трае овој процес, Јовески рече дека токму сложеноста на предметот бара време и дека деновиве ќе биде поднесено обвинение.

The post Јовески: Има осомничени за пожарот во тетовската болница, нема да е кабелот виновен appeared first on Република.

]]>
Јовески се обидува да објасни зошто уште не е завршена постапката за трагедијата во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/joveski-se-obiduva-da-objasni-zoshto-ushte-ne-e-zavrshena-postapkata-za-tragedijata-vo-tetovo/ Thu, 28 Apr 2022 13:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=494829

Жал ми е што големата трагедија во болницата во Тетово се користи за политички цели. При крај е овој дел од постапката и деновиве, за брзо време, очекувам Обвинителството во Тетово да донесе одлука во врска со овој настан, рече денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Одговорајќи на пратеничко прашање на собраниска седница, Јовески напомена дека Обвинителството од почеток пристапи одговорно кон овој случај.

Доколку ние како што беше поставено во пратеничкото прашање сакавме да го забошотуваме овој случај и да не го истражуваме, немаше уште вечерта на помош на јавните обвинители од ОЈО во Тетово да им ги ставиме на располагање двајцата дежурни јавни обвинители од ОЈО во Скопје и на Обвинителството во Тетово му ги ставиме на располагање сите ресурси со кои располага Обвинителството, истакна Јовески.

Според него, доволна проценка дека Обвинителството постапува објективно во овој случај треба да биде и фактот дека Обвинителството побара меѓународна правна помош од германски експерти за да извршат вештачење на конкретниот настан.

Во овој предмет, во овој дел на постапката не се преземени дејства само овие вештачења, туку сослушани се повеќе лица, извршени се други вештачења од Технолошкиот факултет, вештачење на електричната инсталација,… Јас нема сега со оглед на фазата во која се наоѓа предметот да ги изложувам сите дејства што се преземени од страна на Обвинителството, но уште еднаш сакам да ве уверам дека Обвинителството целосно го истражува овој случај и на поставените конкретни дилеми одговорности евентуални на определени лица ќе даде одговор. Покрај тоа, сакам уште еднаш во делот на објективното постапување на Обвинителството да ве известам дека беше формирана во врска со овој трагичен настан и работна група во Обвинителството од страна на обвинители која им помагаше на обвинителите доколку имаа правни или други прашања што не можеа сами да ги разрешат, објасни државниот јавен обвинител.

The post Јовески се обидува да објасни зошто уште не е завршена постапката за трагедијата во Тетово appeared first on Република.

]]>

Жал ми е што големата трагедија во болницата во Тетово се користи за политички цели. При крај е овој дел од постапката и деновиве, за брзо време, очекувам Обвинителството во Тетово да донесе одлука во врска со овој настан, рече денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Одговорајќи на пратеничко прашање на собраниска седница, Јовески напомена дека Обвинителството од почеток пристапи одговорно кон овој случај.
Доколку ние како што беше поставено во пратеничкото прашање сакавме да го забошотуваме овој случај и да не го истражуваме, немаше уште вечерта на помош на јавните обвинители од ОЈО во Тетово да им ги ставиме на располагање двајцата дежурни јавни обвинители од ОЈО во Скопје и на Обвинителството во Тетово му ги ставиме на располагање сите ресурси со кои располага Обвинителството, истакна Јовески.
Според него, доволна проценка дека Обвинителството постапува објективно во овој случај треба да биде и фактот дека Обвинителството побара меѓународна правна помош од германски експерти за да извршат вештачење на конкретниот настан.
Во овој предмет, во овој дел на постапката не се преземени дејства само овие вештачења, туку сослушани се повеќе лица, извршени се други вештачења од Технолошкиот факултет, вештачење на електричната инсталација,… Јас нема сега со оглед на фазата во која се наоѓа предметот да ги изложувам сите дејства што се преземени од страна на Обвинителството, но уште еднаш сакам да ве уверам дека Обвинителството целосно го истражува овој случај и на поставените конкретни дилеми одговорности евентуални на определени лица ќе даде одговор. Покрај тоа, сакам уште еднаш во делот на објективното постапување на Обвинителството да ве известам дека беше формирана во врска со овој трагичен настан и работна група во Обвинителството од страна на обвинители која им помагаше на обвинителите доколку имаа правни или други прашања што не можеа сами да ги разрешат, објасни државниот јавен обвинител.

The post Јовески се обидува да објасни зошто уште не е завршена постапката за трагедијата во Тетово appeared first on Република.

]]>
Koго штити Џафери и зошто трагедиите од Бугарија и Тетово никако да стигнат на дневен ред? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kogo-shtiti-dzaferi-i-zoshto-tragediite-od-bugarija-i-tetovo-nikako-da-stignat-na-dneven-red/ Wed, 06 Apr 2022 07:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=483859

Семејствата на жртвите кои ги загубија животите во автобуската трагедија во Бугарија, денеска во допис до медиумите јавно прашуваат кого сака да заштити претседателот на Собранитео, Талат Џафери и зошто не дозволува собраниска истрага за случајот.

Сега кога веќе ги немаме нашите најблиски, ја бараме само вистината и правдата. За таа цел побаравме Анкетната комисија во Собранието да одржи состанок за човековите права и слободи. Но, денеска добивме одговор дека оваа средба, иако ја свика претседателот на Комисијата, Халил Снопче, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја откажа, се наведува во дописот.

Семејствата на жртвите во трагичната несреќа нагласуваат дека пратениците се народни претставници во Собранието и тие треба да бидат глас и поддршка за граѓаните.

Ние ја бараме само вистината и правдата, а таквите одлуки ги цениме како обид да се сокрие истото. Денес, господинот Џафери уште повеќе ни ја отежна болката и јавно го прашуваме зошто му смета вистината, кого сака да заштити и зошто не дозволува собраниска истрага, стои во дописот до медиумите.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја откажа седницата на Постојаната анкетна комисија во Собранието. На дневен ред беа точките за тетовската модуларна болница, трагедијата во Бугарија и жалбата на вработен во Министерството за одбрана. Според првиот човек на комисијата, Халил Снопче, откажувањето на седницата е прекршок за кој ќе следи одговорност.

The post Koго штити Џафери и зошто трагедиите од Бугарија и Тетово никако да стигнат на дневен ред? appeared first on Република.

Шест месеци по трагедијата Обвинителството е во „фаза на анализа на доказите“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shest-meseci-po-tragedijata-obvinitelstvoto-e-vo-faza-na-analiza-na-dokazite/ Tue, 08 Mar 2022 11:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=469565

Шест месеци по пожарот во модуларната ковид болница во Тетово кога 14 луѓе го загубија животот, Обвинителството информира дека во тек е фаза на анализа на сите прибрани докази. Според нивната информација, се уште е потребно да се работи на целосно утврдување на фактите во предметот за да се донесе одлука околу евентуална кривична одговорност.

Во предметот во континуитет се преземаат дејствија во рамките на предистражна постапка со цел да се утврдат сите факти и околности. Во таа насока, беше наредено вештачење од МВР – Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења (ОКТИВ) кое обвинителството веднаш го објави и кое се однесува на директните причини за самиот пожар. Беа наредени и извршени уште две вештачења – од Технолошкиот факултет и од стручно лице – електроинжинер, се вели во соопштението на Јавното oбвинителство.

Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој билe приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

Во тој период беше побарана помош во истрагата од експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција нa Германија, чиј извештај дојде во јануари 2022 година.

По меѓународна правна помош беше побарано вештачење од германските експерти, а пристигнатиот извештај, во поглед на директните причини за настанување на пожарот, не се разликува многу од она што го утврдија стручните лица од од МВР – Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења (ОКТИВ). Сепак, сите извештаи се анализираат во корелација со останатите прибавени докази, како и со вербалните искази на сослушаните сведоци и други лица кои имаат сознанија за настанот. Анализата на сите прибрани докази е во тек. Јавните обвинители, по целосно утврдување на фактите во предметот, ќе донесат одлука за која јавноста веднаш ќе биде известена, се вели во известувањето на Јавното oбвинителство.

Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе. Во октомври имаше и граѓански марш од кој беше побарана одговорност за трагедијата

The post Шест месеци по трагедијата Обвинителството е во „фаза на анализа на доказите“ appeared first on Република.

]]>

Шест месеци по пожарот во модуларната ковид болница во Тетово кога 14 луѓе го загубија животот, Обвинителството информира дека во тек е фаза на анализа на сите прибрани докази. Според нивната информација, се уште е потребно да се работи на целосно утврдување на фактите во предметот за да се донесе одлука околу евентуална кривична одговорност.
Во предметот во континуитет се преземаат дејствија во рамките на предистражна постапка со цел да се утврдат сите факти и околности. Во таа насока, беше наредено вештачење од МВР – Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења (ОКТИВ) кое обвинителството веднаш го објави и кое се однесува на директните причини за самиот пожар. Беа наредени и извршени уште две вештачења – од Технолошкиот факултет и од стручно лице – електроинжинер, се вели во соопштението на Јавното oбвинителство.
Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој билe приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред. Во тој период беше побарана помош во истрагата од експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција нa Германија, чиј извештај дојде во јануари 2022 година.
По меѓународна правна помош беше побарано вештачење од германските експерти, а пристигнатиот извештај, во поглед на директните причини за настанување на пожарот, не се разликува многу од она што го утврдија стручните лица од од МВР – Оддел за криминалистичко технички испитувања и вештачења (ОКТИВ). Сепак, сите извештаи се анализираат во корелација со останатите прибавени докази, како и со вербалните искази на сослушаните сведоци и други лица кои имаат сознанија за настанот. Анализата на сите прибрани докази е во тек. Јавните обвинители, по целосно утврдување на фактите во предметот, ќе донесат одлука за која јавноста веднаш ќе биде известена, се вели во известувањето на Јавното oбвинителство.
Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе. Во октомври имаше и граѓански марш од кој беше побарана одговорност за трагедијата

The post Шест месеци по трагедијата Обвинителството е во „фаза на анализа на доказите“ appeared first on Република.

]]>
ОЈО уште не знае дали некој кривично ќе одговара зa пожарот, изгорената барака уште стои на истото место https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ojo-ushte-ne-znae-dali-nekoj-krivichno-kje-odgovara-za-pozarot-izgorenata-baraka-ushte-stoi-na-istoto-mesto/ Wed, 26 Jan 2022 10:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=449657

Дали ќе има кривична одговорност против некој за 14 загубени животи во тетовската модуларна болница, обвинителите сеуште не знаат. Од тетовското обвинителство за ТВ 24 велат мораат детално да го прочешлаат извештајот од германските експерти, бидејќи од еден збор може да произлезат нови правци. Станува збор за извештај од околу 7 страни, а во моментов го анализираат 5 обвинители. Отаму велат дека секојдневно работат на овој случај, но кога ќе има епилог не можат да предвидат.

Од Јавното обвинителство пак за ТВ 24 велат дека мора да завршат сите анализи за да се донесе одлука дали некој кривично ќе одговара.

Во овој момент не може да се каќе дали ќе има обвинение против некој, ќе се знае откако ќе се анализираат сите докази и извештаи. Очекуваме тоа да биде во брзо време, односно во наредните три недели, велат од ОЈО.

Модуларната болница пак во руина. Изгорена до темел, само со остатоци од некогашниот простор каде се лекуваа пациенти од коронавирусот. Непријатна слика која потсетува на големата трагедија на 8ми септември, велат тетовци. Од тетовското обвинителство велат дека тој простор повеќе не им е потребен за прибирање докази, па директорот на болницата треба да одлучи што ќе прави со него.

Директорот Амир Елези, за ТВ 24 вели сеуште не знаат кога ќе го отстранат изгорениот објект, бидејќи треба да се одлучи со Управниот одбор на болницата.

The post ОЈО уште не знае дали некој кривично ќе одговара зa пожарот, изгорената барака уште стои на истото место appeared first on Република.

]]>

Дали ќе има кривична одговорност против некој за 14 загубени животи во тетовската модуларна болница, обвинителите сеуште не знаат. Од тетовското обвинителство за ТВ 24 велат мораат детално да го прочешлаат извештајот од германските експерти, бидејќи од еден збор може да произлезат нови правци. Станува збор за извештај од околу 7 страни, а во моментов го анализираат 5 обвинители. Отаму велат дека секојдневно работат на овој случај, но кога ќе има епилог не можат да предвидат. Од Јавното обвинителство пак за ТВ 24 велат дека мора да завршат сите анализи за да се донесе одлука дали некој кривично ќе одговара.
Во овој момент не може да се каќе дали ќе има обвинение против некој, ќе се знае откако ќе се анализираат сите докази и извештаи. Очекуваме тоа да биде во брзо време, односно во наредните три недели, велат од ОЈО.
Модуларната болница пак во руина. Изгорена до темел, само со остатоци од некогашниот простор каде се лекуваа пациенти од коронавирусот. Непријатна слика која потсетува на големата трагедија на 8ми септември, велат тетовци. Од тетовското обвинителство велат дека тој простор повеќе не им е потребен за прибирање докази, па директорот на болницата треба да одлучи што ќе прави со него. Директорот Амир Елези, за ТВ 24 вели сеуште не знаат кога ќе го отстранат изгорениот објект, бидејќи треба да се одлучи со Управниот одбор на болницата.

The post ОЈО уште не знае дали некој кривично ќе одговара зa пожарот, изгорената барака уште стои на истото место appeared first on Република.

]]>
Конечно е преведен извештајот од германските експерти, сега Обвинителство ќе почне со разгледување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konechno-e-preveden-izveshtajot-od-germanskite-eksperti-sega-obvinitelstvo-kje-pochne-so-razgleduvanje/ Mon, 24 Jan 2022 13:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=448774

Основното јавно обвинителство го доби преведениот извештајот од истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница направен од експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија, информираат од Јавното Обвинителство. Сега петте обвинители кои работат на предметот отворен поради пожарот во тетовската модуларна болница започнаа да го разгледуваат извештајот со цел да утврдат дали и што ќе се преземе во насока на понатамошна постапка.

Извештајот од германските експерти е преведен и доставен до Основното јавно обвинителство Тетово. Надлежните обвинители го разгледуваат, а наводите ќе бидат споредени со другите прибрани докази во предметот. Во предметот обвинителството постапува ажурно и темелно со цел во детали да се утврдат сите факти за несреќата. Во зависност од тоа што ќе биде утврдено, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување во предметот, информираат од Служба за односи со јавноста при ЈОРМ.

По пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе, во истрагата во текот на истиот месец учествуваа и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција од Германија. Нивниот извештај од седум страници до ОЈО Тетово стигнал на 14 јануари, а бидејќи беше на германски јазик, досега се чекаше негов соодветен превод.

Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

The post Конечно е преведен извештајот од германските експерти, сега Обвинителство ќе почне со разгледување appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство го доби преведениот извештајот од истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница направен од експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија, информираат од Јавното Обвинителство. Сега петте обвинители кои работат на предметот отворен поради пожарот во тетовската модуларна болница започнаа да го разгледуваат извештајот со цел да утврдат дали и што ќе се преземе во насока на понатамошна постапка.
Извештајот од германските експерти е преведен и доставен до Основното јавно обвинителство Тетово. Надлежните обвинители го разгледуваат, а наводите ќе бидат споредени со другите прибрани докази во предметот. Во предметот обвинителството постапува ажурно и темелно со цел во детали да се утврдат сите факти за несреќата. Во зависност од тоа што ќе биде утврдено, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување во предметот, информираат од Служба за односи со јавноста при ЈОРМ.
По пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе, во истрагата во текот на истиот месец учествуваа и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција од Германија. Нивниот извештај од седум страници до ОЈО Тетово стигнал на 14 јануари, а бидејќи беше на германски јазик, досега се чекаше негов соодветен превод. Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

The post Конечно е преведен извештајот од германските експерти, сега Обвинителство ќе почне со разгледување appeared first on Република.

]]>