Ковид 19 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-19/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 13:22:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ковид 19 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovid-19/ 32 32 МЗ: Пристигнаа 11.520 дози вакцини против Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mz-pristignaa-11-520-dozi-vaktsini-protiv-kovid-19/ Wed, 09 Oct 2024 13:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=824755

Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против Ковид-19, вкупно 11.520 дози, а во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови.

За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против Ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом. Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника „Бит Пазар“, се наведува во денешното соопштение на Министерството.

Како што се појаснува, вакцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.

Од Министерството потсетуваат дека вакцинацијата претставува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни заболувања.

Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со Ковид-19, потенцираат оттаму.

The post МЗ: Пристигнаа 11.520 дози вакцини против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против Ковид-19, вкупно 11.520 дози, а во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови.
За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против Ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом. Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника „Бит Пазар“, се наведува во денешното соопштение на Министерството.
Како што се појаснува, вакцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години. Од Министерството потсетуваат дека вакцинацијата претставува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни заболувања.
Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со Ковид-19, потенцираат оттаму.

The post МЗ: Пристигнаа 11.520 дози вакцини против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Не го обманувајте народот, починале СО ковид, не ОД ковид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-ne-go-obmanuvajte-narodot-pochinale-so-kovid-ne-od-kovid/ Wed, 18 Sep 2024 05:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=817281

Врие денес „мрежата” од наслови кои соопштуваат дека четири лица починале од Ковид-19 минатата недела! Сите лажат! Не починале ОД Ковид-19. Починале СО Ковид-19, реагира епидемиологот д-р Драган Даниловски, откако ИЈЗ повторно почна да споделува извештаи за заразени лица.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје јасно и разбирливо си пишува:
„Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се
невакцинирани против КОВИД-19.”
Што значи ова?
Ова значи дека починале од некоја своја хронична болест (тоа е основната причина за смрт), а Ковид-19 бил само придружна (асоцирана) состојба (болест) која го забрзала настапувањето на смртта.
А тоа понатаму значи:
Ковид-19 не смее да се наведе како ,,основна причина за смрт”, туку само како ,,асоцирана” (придружна).
Накратко:
Ниту еден од четирите починати минатата недела не умрел од Ковид-19! (Иако биле заразени!)
Медиуми, портали, поединци и други, не вознемирувајте го народот со лажни вести!
Намерно ли е тоа или од незнаење?
Сменете ги насловите, „ако ви е вистината мила”!, апелира тој.

The post Д-р Даниловски: Не го обманувајте народот, починале СО ковид, не ОД ковид appeared first on Република.

]]>

Врие денес „мрежата” од наслови кои соопштуваат дека четири лица починале од Ковид-19 минатата недела! Сите лажат! Не починале ОД Ковид-19. Починале СО Ковид-19, реагира епидемиологот д-р Драган Даниловски, откако ИЈЗ повторно почна да споделува извештаи за заразени лица.
Во извештајот на Институтот за јавно здравје јасно и разбирливо си пишува: „Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против КОВИД-19.” Што значи ова? Ова значи дека починале од некоја своја хронична болест (тоа е основната причина за смрт), а Ковид-19 бил само придружна (асоцирана) состојба (болест) која го забрзала настапувањето на смртта. А тоа понатаму значи: Ковид-19 не смее да се наведе како ,,основна причина за смрт”, туку само како ,,асоцирана” (придружна). Накратко: Ниту еден од четирите починати минатата недела не умрел од Ковид-19! (Иако биле заразени!) Медиуми, портали, поединци и други, не вознемирувајте го народот со лажни вести! Намерно ли е тоа или од незнаење? Сменете ги насловите, „ако ви е вистината мила”!, апелира тој.

The post Д-р Даниловски: Не го обманувајте народот, починале СО ковид, не ОД ковид appeared first on Република.

]]>
Двајца скопјани, битолчанец и тетовец над 70 години кои не биле вакцинирани починале од ковид-19, регистрирани се нови 57 случаи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dvajtsa-skopjani-bitolchanets-i-tetovets-nad-70-godini-koi-ne-bile-vaktsinirani-pochinale-od-kovid-19-registrirani-se-novi-57-sluchai/ Tue, 17 Sep 2024 09:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=817033

Во периодот од 9 до 15 септември во земјава се регистрирани 57 нови случаи на SARS-CoV-2, пријавени се четири починати лица - две во Скопје и по еден во Битола и Тетово, сите над 70-годишна возраст и невакцинирани, се посочува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Од 9 до 15 септември тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 36,5 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 57 нови позитивни случаи, со намалување од 48,6 отсто во однос на минатата недела.

Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од осум градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=39; 68,4 отсто), a највисока инциденца е регистрирана во Делчево (14,7/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години.

Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се четири починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години. Тројца починале во болнички услови, а кај три лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против КОВИД-19.

Во текот на 2024 година, а заклучно со 15.09.2024, во земјава се регистрирани вкупно 1.560 заболени и 20 починати лица асоцирани со КОВИД-19. Од појавата на првиот случај на КОВИД-19 на 26 февруари 2020 година пријавени се вкупно 351.876 заболени со КОВИД-19 и 9.999 починати лица асоцирани со КОВИД-19.

The post Двајца скопјани, битолчанец и тетовец над 70 години кои не биле вакцинирани починале од ковид-19, регистрирани се нови 57 случаи appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 9 до 15 септември во земјава се регистрирани 57 нови случаи на SARS-CoV-2, пријавени се четири починати лица - две во Скопје и по еден во Битола и Тетово, сите над 70-годишна возраст и невакцинирани, се посочува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Од 9 до 15 септември тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 36,5 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 57 нови позитивни случаи, со намалување од 48,6 отсто во однос на минатата недела. Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од осум градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=39; 68,4 отсто), a највисока инциденца е регистрирана во Делчево (14,7/100.000). Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се четири починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години. Тројца починале во болнички услови, а кај три лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против КОВИД-19. Во текот на 2024 година, а заклучно со 15.09.2024, во земјава се регистрирани вкупно 1.560 заболени и 20 починати лица асоцирани со КОВИД-19. Од појавата на првиот случај на КОВИД-19 на 26 февруари 2020 година пријавени се вкупно 351.876 заболени со КОВИД-19 и 9.999 починати лица асоцирани со КОВИД-19.

The post Двајца скопјани, битолчанец и тетовец над 70 години кои не биле вакцинирани починале од ковид-19, регистрирани се нови 57 случаи appeared first on Република.

]]>
За една недела нови 131 случаи на ковид-19, најмногу заразени во Скопје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-edna-nedela-novi-131-sluchai-na-kovid-19-najmnogu-zarazeni-vo-skopje/ Mon, 02 Sep 2024 12:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=812318

Од 26 август до 1 септември, тестирани се вкупно 379 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, регистрирани сe 131 нов позитивен случај, со намалување од 38,5 отсто во однос на минатата недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен попладнево.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје - 67, Охрид - 15, Тетово - 11 и од Кавадарци - десет. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 194 лица. Во текот на минатата недела, не се пријавени починати лица асоцирани со Ковид-19, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Податоците покажуваат дека од појавата на првиот случај на Ковид-19 во државава, на 26 февруари 2020 година, а заклучно со вчерашниот ден, пријавени се вкупно 351.708 заболени и 9.995 починати лица асоцирани со коронавирус. Во текот на 2024 година, регистрирани се вкупно 1.392 заболени и 16 починати лица асоцирани со коронавирус.

Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект, со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход - како што се повозрасните лица, се додава во извештајот на Институтот.

The post За една недела нови 131 случаи на ковид-19, најмногу заразени во Скопје appeared first on Република.

Во Грција за една недела од ковид-19 починале 39 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-grtsija-za-edna-nedela-od-kovid-19-pochinale-39-litsa/ Fri, 30 Aug 2024 08:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=811455

Летниот пораст на вирусната активност оваа година започна порано за разлика од летото во 2023 година и досега се чини дека се карактеризира со поголем број хоспитализации, но помал број пациенти приклучени на апарати и смртни случаи во споредба со лани, пишува во неделниот извештај за Ковид-19 во Грција на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци, во периодот од 19 до 25 август позитивноста кај сите тестирани примероци бележи мал пад во однос на претходната седмица, регистрирани се 815 нови хоспитализации, а вкупно 38 пациенти се приклучени на апарати.

Од Ковид-19 починале 39 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 40.

Од ЕОДИ соопштуваат дека од крајот на пролетта доминира варијантата BA. 2.86 што носи најмалку една од мутациите F456L и R346T и посочуваат дека оваа категорија на мутации не е поврзана со зголемен ризик од тешка болест.

The post Во Грција за една недела од ковид-19 починале 39 лица appeared first on Република.

]]>

Летниот пораст на вирусната активност оваа година започна порано за разлика од летото во 2023 година и досега се чини дека се карактеризира со поголем број хоспитализации, но помал број пациенти приклучени на апарати и смртни случаи во споредба со лани, пишува во неделниот извештај за Ковид-19 во Грција на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци, во периодот од 19 до 25 август позитивноста кај сите тестирани примероци бележи мал пад во однос на претходната седмица, регистрирани се 815 нови хоспитализации, а вкупно 38 пациенти се приклучени на апарати. Од Ковид-19 починале 39 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 40. Од ЕОДИ соопштуваат дека од крајот на пролетта доминира варијантата BA. 2.86 што носи најмалку една од мутациите F456L и R346T и посочуваат дека оваа категорија на мутации не е поврзана со зголемен ризик од тешка болест.  

The post Во Грција за една недела од ковид-19 починале 39 лица appeared first on Република.

]]>
Најавена донација од 11.000 вакцини против Ковид-19 во наредните 10 дена https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/najavena-donatsija-od-11-000-vaktsini-protiv-kovid-19-vo-narednite-10-dena/ Mon, 26 Aug 2024 11:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=810259

Министерот за здравство Арбен Таравари најави донација од 11 илјади вакцини против Ковид-19, изразувајќи надеж дека ќе пристигнат следните 10 дена.

За другите вакцини со Европската комисија се води набавка за сите држави во Европската Унија и Македонија е во тој пакет. Колку што имам информации, тој е во финална фаза и наскоро ќе бидат снабдени сите европски држави, па и Македонија, со вакцини за инфлуенца и за ковид, одговори министерот на новинарско прашање.

Тој одговараше на новинарски прашања, по увидот во градежните работи на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар, заедно со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Прашан до каде се процедурите за штипската и кичевската болница, тој рече дека се подготвува документација.

Ние моментално во проектната единица на Министерството за здравство, подготвуваме документација. Се прави пресек до каде се болниците во Кичево и во Штип за да што поскоро можеме да објавиме набавка со што ќе побараме паралелно да се изведуваат сите понатамошни работи во штипската и во кичевската болница. Јас се надевам и сум сигурен дека првпат идната година ќе започнат две болници да се градат во исто време и максимум за две години откако ќе заврши изградбата, ќе бидат пуштени во употреба. Дозволете ми, јас се надевам дека октомври - ноември ќе излеземе со дефинитивен пресек што треба и каква објава ќе направиме за да се пријават сите тие кои се заинтересирани за да ги изградат овие две болници, појасни Таравари.

Тој информираше дека го посетил акцелераторот во Битола и тој функционира.

За акцелераторите, во Битола бев, го посетив и функционира. За штипскиот се уште чекаме информации. Меѓутоа, од тоа што добивам недефинитивни информации, е дека тој акцелератор тешко ќе можеме да го користиме понатаму, соопшти Таравари.

The post Најавена донација од 11.000 вакцини против Ковид-19 во наредните 10 дена appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари најави донација од 11 илјади вакцини против Ковид-19, изразувајќи надеж дека ќе пристигнат следните 10 дена.
За другите вакцини со Европската комисија се води набавка за сите држави во Европската Унија и Македонија е во тој пакет. Колку што имам информации, тој е во финална фаза и наскоро ќе бидат снабдени сите европски држави, па и Македонија, со вакцини за инфлуенца и за ковид, одговори министерот на новинарско прашање.
Тој одговараше на новинарски прашања, по увидот во градежните работи на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар, заедно со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Прашан до каде се процедурите за штипската и кичевската болница, тој рече дека се подготвува документација.
Ние моментално во проектната единица на Министерството за здравство, подготвуваме документација. Се прави пресек до каде се болниците во Кичево и во Штип за да што поскоро можеме да објавиме набавка со што ќе побараме паралелно да се изведуваат сите понатамошни работи во штипската и во кичевската болница. Јас се надевам и сум сигурен дека првпат идната година ќе започнат две болници да се градат во исто време и максимум за две години откако ќе заврши изградбата, ќе бидат пуштени во употреба. Дозволете ми, јас се надевам дека октомври - ноември ќе излеземе со дефинитивен пресек што треба и каква објава ќе направиме за да се пријават сите тие кои се заинтересирани за да ги изградат овие две болници, појасни Таравари.
Тој информираше дека го посетил акцелераторот во Битола и тој функционира.
За акцелераторите, во Битола бев, го посетив и функционира. За штипскиот се уште чекаме информации. Меѓутоа, од тоа што добивам недефинитивни информации, е дека тој акцелератор тешко ќе можеме да го користиме понатаму, соопшти Таравари.
 
The post Најавена донација од 11.000 вакцини против Ковид-19 во наредните 10 дена appeared first on Република.

]]>
Расте бројот заболени од Ковид-19: Комисијата за заразни заболувања апелира да се почитуваат мерките за превенција од инфекции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/raste-brojot-zaboleni-od-kovid-19-komisijata-za-zarazni-zaboluvana-apelira-da-se-pochituvaat-merkite-za-preventsija-od-infektsii/ Tue, 20 Aug 2024 14:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=808365

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатира дека има зголемување на бројот позитивни случаи на Ковид-19, во однос од минатата недела, па по тој повод, ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции.

Да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Од Министерството нагласуваат дека вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста.

На состанокот, Комисијата ја реафирмираше препораката дека тестирање за Ковид-19 не е услов за прием во здравствена установа. За Ковид-19 треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно, доколку пациентот има симптоми карактеристични за Ковид-19, се додава во соопштението.

Од Комисијата истакнале дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се позитивни на Ковид-19, „со тоа што, здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот, со изолирање на позитивните пациенти“.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените, ќе донесе соодветни препораки, пишува во соопштението на Министерството.

The post Расте бројот заболени од Ковид-19: Комисијата за заразни заболувања апелира да се почитуваат мерките за превенција од инфекции appeared first on Република.

ИЈЗ: Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-vkupno-250-sluchai-na-kovid-19-vo-juli-vo-makedonija/ Mon, 12 Aug 2024 20:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=805871

Во текот на месец јули, пријавени се вкупно 250 случаи на Ковид-19 низ државава. Во однос на претходниот месец јуни, се регистрира десеткратно зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19, како и во однос на месец јули, 2023 година. Од заболените во јули 2024, најголем број - 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (43,0/100.000) се регистрира во Кавадарци, се наведува во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули, објавен попладнево.

Во текот на месецот регистрирано било едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Најголем број заболени биле регистрирани од возрасната група над 60 години и кај деца до девет години.

Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец јули, се тестирани вкупно 906 материјали со повеќе од двојно зголемување на бројот на тестирани во однос на минатиот месец - 409. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јули 2024, пријавени се вкупно 350.875 потврдени случаи на Ковид-19 (I=19.103,4/100.000) и 9.992 смртни случаи (Mt= 544,0/100.000; CFR=2,8%), се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Тој месец во Република Македонија, пријавени биле вкупно 1.500 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 81,7 на 100.000 жители.

Во текот на месец јули се бележи зголемување на вкупниот број на заболени лица за 30,1 отсто во однос на претходниот месец јуни 2024, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014-2023, за 12,3 проценти, додека во однос на јули 2023, се бележи зголемување за 57,6 проценти, додаваат од ИЈЗ.

The post ИЈЗ: Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во текот на месец јули, пријавени се вкупно 250 случаи на Ковид-19 низ државава. Во однос на претходниот месец јуни, се регистрира десеткратно зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19, како и во однос на месец јули, 2023 година. Од заболените во јули 2024, најголем број - 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (43,0/100.000) се регистрира во Кавадарци, се наведува во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања за месец јули, објавен попладнево. Во текот на месецот регистрирано било едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Најголем број заболени биле регистрирани од возрасната група над 60 години и кај деца до девет години.
Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец јули, се тестирани вкупно 906 материјали со повеќе од двојно зголемување на бројот на тестирани во однос на минатиот месец - 409. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 јули 2024, пријавени се вкупно 350.875 потврдени случаи на Ковид-19 (I=19.103,4/100.000) и 9.992 смртни случаи (Mt= 544,0/100.000; CFR=2,8%), се појаснува во извештајот на ИЈЗ.
Тој месец во Република Македонија, пријавени биле вкупно 1.500 заболени лица од акутни заразни заболувања - без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 81,7 на 100.000 жители.
Во текот на месец јули се бележи зголемување на вкупниот број на заболени лица за 30,1 отсто во однос на претходниот месец јуни 2024, како и во однос на аритметичката средина за периодот 2014-2023, за 12,3 проценти, додека во однос на јули 2023, се бележи зголемување за 57,6 проценти, додаваат од ИЈЗ.
 
The post ИЈЗ: Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во Македонија appeared first on Република.

]]>
Активноста на Ковид-19 во Грција е намалена, но се уште има многу хоспитализирани и починати лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/aktivnosta-na-kovid-19-vo-grtsija-e-namalena-no-se-ushte-ima-mnogu-hospitalizirani-i-pochinati-litsa/ Fri, 09 Aug 2024 06:00:35 +0000 https://republika.mk/?p=804677

Активноста на Ковид-19 во Грција е намалена во изминатата седмица по трендот на зголемување во последните недели, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), но сепак останува висок бројот на хоспитализирани и починати лица.

Според неделниот извештај на ЕОДИ, во периодот од 29 јули до 4 август 2024 година, позитивноста кај сите тестирани примероци е стабилна во однос на претходната седмица, регистрирани се 833 нови хоспитализации, што бележи намалување, а вкупно 23 пациенти се приклучени на апарати.

Од Ковид-19 починале 40 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 34, а бројот на смртни случаи во истата недела во 2023 година бил 27 лица.

Од ЕОДИ соопштуваат дека и понатаму се забележува растечки тренд на варијантата BA.2.86 што носи најмалку една од мутациите F456L и R346T и посочуваат дека оваа категорија на мутации не е поврзана со зголемен ризик од тешка болест.

The post Активноста на Ковид-19 во Грција е намалена, но се уште има многу хоспитализирани и починати лица appeared first on Република.

]]>

Активноста на Ковид-19 во Грција е намалена во изминатата седмица по трендот на зголемување во последните недели, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), но сепак останува висок бројот на хоспитализирани и починати лица. Според неделниот извештај на ЕОДИ, во периодот од 29 јули до 4 август 2024 година, позитивноста кај сите тестирани примероци е стабилна во однос на претходната седмица, регистрирани се 833 нови хоспитализации, што бележи намалување, а вкупно 23 пациенти се приклучени на апарати. Од Ковид-19 починале 40 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 34, а бројот на смртни случаи во истата недела во 2023 година бил 27 лица. Од ЕОДИ соопштуваат дека и понатаму се забележува растечки тренд на варијантата BA.2.86 што носи најмалку една од мутациите F456L и R346T и посочуваат дека оваа категорија на мутации не е поврзана со зголемен ризик од тешка болест.

The post Активноста на Ковид-19 во Грција е намалена, но се уште има многу хоспитализирани и починати лица appeared first on Република.

]]>
Најмалку 40 олимпијци позитивни на коронавирус https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/najmalku-40-olimpijtsi-pozitivni-na-koronavirus/ Tue, 06 Aug 2024 17:30:15 +0000 https://republika.mk/?p=804010

Најмалку 40 спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз се позитивни на Ковид-19, но ситуацијата не е изненадувачка со оглед на порастот на случаите низ светот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

„Не е изненадувачки да се видат заразени спортисти бидејќи вирусот доста брзо циркулира во другите земји“, рече д-р Марија Ван Керхове, шеф на Канцеларијата за подготвеност за епидемии и пандемии, за време на брифинг со новинарите во Женева.

Таа нагласи дека вирусот сè уште е многу присутен во светот.

„Податоците што ги собира СЗО преку системот за надзор во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови е зголемен во последните недели, во Европа за околу 20 отсто. Ова зголемување доведе до зголемување на хоспитализирањата и смртните случаи во неколку земји“, рече Ван Керхове.

The post Најмалку 40 олимпијци позитивни на коронавирус appeared first on Република.

СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-brojot-na-zarazeni-so-kovid-vo-svetot-se-zgolemuva-i-nema-naskoro-da-se-namali/ Tue, 06 Aug 2024 17:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=804006

Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува ширум светот и веројатно нема да се намали наскоро, а постои и ризик од појава на нови мутации, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО).

„Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во текот на неколку недели. Севкупно, позитивноста на тестот е над 10 проценти, но тоа варира во зависност од регионот. Во Европа, процентот на позитивност е над 20 проценти“, рече Марија Ван Керхове од СЗО.

Нови бранови на инфекција се регистрирани во Америка, Европа и Западен Пацифик, се наведува на веб-страницата на СЗО.

The post СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали appeared first on Република.

Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zgolemen-brojot-na-hospitalizirani-i-pochinati-od-kovid-19-vo-grtsija/ Thu, 25 Jul 2024 16:43:31 +0000 https://republika.mk/?p=800276

За една седмица, 788 лица биле хоспитализирани со Ковид-19 во Грција, а од вирусот починале 35 лица, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

И оваа седмица, исто како и претходната, има тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и починатите, согласно официјалните податоци за периодот од 15 до 21 јули годинава.

Според ЕОДИ позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување споредбено со една седмица претходно.

Во однос на хоспитализираните 788 лица, исто така има зголемување, со оглед на тоа што просекот во претходните четири седмици беше 551 пациент, додека, пак, на апарати биле приклучени шест лица.

За една седмица од Ковид-19 починале 35 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 23.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција на ранливите групи на населението им препорачуваат да ги следат превентивните мерки против респираторни инфекции и навремено да побараат лекарска помош при појава на симптоми, додека на општата популација ѝ препорачуваат при присуство на симптоми на респираторна инфекција да ги ограничи контактите со лицата кои припаѓаат на ранливите категории.

The post Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција appeared first on Република.

]]>

За една седмица, 788 лица биле хоспитализирани со Ковид-19 во Грција, а од вирусот починале 35 лица, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. И оваа седмица, исто како и претходната, има тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и починатите, согласно официјалните податоци за периодот од 15 до 21 јули годинава. Според ЕОДИ позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување споредбено со една седмица претходно. Во однос на хоспитализираните 788 лица, исто така има зголемување, со оглед на тоа што просекот во претходните четири седмици беше 551 пациент, додека, пак, на апарати биле приклучени шест лица. За една седмица од Ковид-19 починале 35 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 23. Од Националната организација за јавно здравје на Грција на ранливите групи на населението им препорачуваат да ги следат превентивните мерки против респираторни инфекции и навремено да побараат лекарска помош при појава на симптоми, додека на општата популација ѝ препорачуваат при присуство на симптоми на респираторна инфекција да ги ограничи контактите со лицата кои припаѓаат на ранливите категории.

The post Зголемен бројот на хоспитализирани и починати од Ковид-19 во Грција appeared first on Република.

]]>
Зголемен број на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19 во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zgolemen-broj-na-zarazeni-hospitalizirani-i-pochinati-od-kovid-19-vo-grtsija/ Fri, 19 Jul 2024 08:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=798341

Тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 во Грција е регистриран во изминатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 8 до 14 јули годинава, позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на една седмица претходно.

Хоспитализирани биле 669 лица, зголемување во споредба со просекот во претходните четири седмици што беше 464 пациенти, а на апарати биле приклучени 12 пациенти.

За една седмица од Ковид-19 починале 26 лица, што според ЕОДИ е зголемен број, со оглед на тоа дека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 17.

The post Зголемен број на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19 во Грција appeared first on Република.

]]>

Тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 во Грција е регистриран во изминатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 8 до 14 јули годинава, позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на една седмица претходно. Хоспитализирани биле 669 лица, зголемување во споредба со просекот во претходните четири седмици што беше 464 пациенти, а на апарати биле приклучени 12 пациенти. За една седмица од Ковид-19 починале 26 лица, што според ЕОДИ е зголемен број, со оглед на тоа дека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 17.  

The post Зголемен број на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19 во Грција appeared first on Република.

]]>
Пандемијата на коронавирусот го скрати животниот век за две години https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pandemijata-na-koronavirusot-go-skrati-zhivotniot-vek-za-dve-godini/ Thu, 11 Apr 2024 09:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=764864

Пандемијата на коронавирусот која го зафати светот во 2020 години го скрати животниот век за околу две години, покажаа некои истражувања. Според последните податоци, стапката на смртност е зголемена за 22 отсто кај мажите и за 17 отсто кај жените.

Постковид-период може на многу начини да го уништи нашето тело.

Меѓу најчестите постковид-симптоми се: забрзано чукање на срцето, чувство на прескокнување на ритамот на срцето, отежнато дишење, задушување, премаленост и замор, синдром на хроничен замор, варијации на крвниот притисок, зголемена анксиозност, чести главоболки и вртоглавица, губење на слухот, зголемено потење.

Меѓу најопасните болести што се јавуваат во овој постковид-период, особено кај луѓе што веќе имале слабости на еден од системите во телото, се: оштетување на белите дробови, оштетување на срцето, оштетување на бубрезите, оштетување на мозокот. Исто така, како последица на ковид-19 се појавуваат и продолжена премаленост, болки во зглобовите, болки во градите, отежнато дишење, астма, срцеви заболувања, деменција…

Ковид-19 може да предизвика и астма или да им ја „врати“ на возрасните што ја имале во детството. Кај некои луѓе што имале коронавирус пред повеќе од една година, кашлицата што се појавувала повремено почнувала да станува посилна, а некои од нив добиле и дијагноза на астма.

Аритмиите се меѓу симптомите по инфекција со коронавирус, кои предупредуваат дека е време пациентот да оди на лекар.

Во периодот по долгиот ковид, некои луѓе развиле и невролошки проблеми. Има примери на луѓе што биле во почетна фаза на деменција, кој кои се забрзала болеста, а голем број луѓе се жалеле дека имаат проблеми со меморијата, дека станале заборавени, расеани и деконцентрирани. Дијагнозите што се јавуваат две години по коронавирусот се разликуваат во однос на возраста на луѓето, па деменцијата, мозочните удари и мозочната магла се најчести кај возрасните над 65 години, а мозочната магла кај оние меѓу 18 и 64-годишна возраст, додека епилепсиите и психотичните нарушувања се најчести кај најмладите, односно кај децата.

Експертите забележале дека меѓу долготрајните симптоми на ковид-19 е и опаѓањето на косата.

The post Пандемијата на коронавирусот го скрати животниот век за две години appeared first on Република.

]]>

Пандемијата на коронавирусот која го зафати светот во 2020 години го скрати животниот век за околу две години, покажаа некои истражувања. Според последните податоци, стапката на смртност е зголемена за 22 отсто кај мажите и за 17 отсто кај жените. Постковид-период може на многу начини да го уништи нашето тело. Меѓу најчестите постковид-симптоми се: забрзано чукање на срцето, чувство на прескокнување на ритамот на срцето, отежнато дишење, задушување, премаленост и замор, синдром на хроничен замор, варијации на крвниот притисок, зголемена анксиозност, чести главоболки и вртоглавица, губење на слухот, зголемено потење. Меѓу најопасните болести што се јавуваат во овој постковид-период, особено кај луѓе што веќе имале слабости на еден од системите во телото, се: оштетување на белите дробови, оштетување на срцето, оштетување на бубрезите, оштетување на мозокот. Исто така, како последица на ковид-19 се појавуваат и продолжена премаленост, болки во зглобовите, болки во градите, отежнато дишење, астма, срцеви заболувања, деменција… Ковид-19 може да предизвика и астма или да им ја „врати“ на возрасните што ја имале во детството. Кај некои луѓе што имале коронавирус пред повеќе од една година, кашлицата што се појавувала повремено почнувала да станува посилна, а некои од нив добиле и дијагноза на астма. Аритмиите се меѓу симптомите по инфекција со коронавирус, кои предупредуваат дека е време пациентот да оди на лекар. Во периодот по долгиот ковид, некои луѓе развиле и невролошки проблеми. Има примери на луѓе што биле во почетна фаза на деменција, кој кои се забрзала болеста, а голем број луѓе се жалеле дека имаат проблеми со меморијата, дека станале заборавени, расеани и деконцентрирани. Дијагнозите што се јавуваат две години по коронавирусот се разликуваат во однос на возраста на луѓето, па деменцијата, мозочните удари и мозочната магла се најчести кај возрасните над 65 години, а мозочната магла кај оние меѓу 18 и 64-годишна возраст, додека епилепсиите и психотичните нарушувања се најчести кај најмладите, односно кај децата. Експертите забележале дека меѓу долготрајните симптоми на ковид-19 е и опаѓањето на косата.  

The post Пандемијата на коронавирусот го скрати животниот век за две години appeared first on Република.

]]>
Германец бил вакциниран против корона 217 пати https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/germanets-bil-vaktsiniran-protiv-korona-217-pati/ Tue, 05 Mar 2024 19:51:34 +0000 https://republika.mk/?p=751666

62-годишен маж од Германија, против лекарски совет, бил вакциниран 217 пати против Ковид, според лекарите. Сето тоа се одвиваше во период од 29 месеци. Бизарниот случај е документиран во списанието The Lancet Infectious Diseases, пишува „Би-би-си“.

Изгледа дека човекот не претрпел никакви лоши последици, велат истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг.

„За неговиот случај дознавме преку написи во весниците. Потоа го контактиравме и го поканивме да направи различни тестови во Ерланген. Тој беше многу заинтересиран за тоа“, рече д-р Килијан Шобер од одделот за микробиологија на универзитетот.

Човекот дал примероци од свежа крв и плунка. Истражувачите тестирале и некои од неговите замрзнати примероци на крв кои биле складирани во претходните години.

„Успеавме сами да земеме примероци од крв кога еден човек прими дополнителна вакцина за време на студијата на негово инсистирање“, рече д-р Шобер.

The post Германец бил вакциниран против корона 217 пати appeared first on Република.

]]>

62-годишен маж од Германија, против лекарски совет, бил вакциниран 217 пати против Ковид, според лекарите. Сето тоа се одвиваше во период од 29 месеци. Бизарниот случај е документиран во списанието The Lancet Infectious Diseases, пишува „Би-би-си“. Изгледа дека човекот не претрпел никакви лоши последици, велат истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг.
„За неговиот случај дознавме преку написи во весниците. Потоа го контактиравме и го поканивме да направи различни тестови во Ерланген. Тој беше многу заинтересиран за тоа“, рече д-р Килијан Шобер од одделот за микробиологија на универзитетот.
Човекот дал примероци од свежа крв и плунка. Истражувачите тестирале и некои од неговите замрзнати примероци на крв кои биле складирани во претходните години.
„Успеавме сами да земеме примероци од крв кога еден човек прими дополнителна вакцина за време на студијата на негово инсистирање“, рече д-р Шобер.

The post Германец бил вакциниран против корона 217 пати appeared first on Република.

]]>
Што научивме од Ковид-19? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shto-nauchivme-od-kovid19/ Wed, 28 Feb 2024 10:36:28 +0000 https://republika.mk/?p=749197

Три години се живееше во ограничувања и со рестриктивни мерки, а враќање на животот во нормала одеше постепено. Но, сега откако научивме да живееме и со присуството на Ковид-19, но не во пандемиски размери, се чини дека е вистинско време да се постават одредени прашања. Преиспитувањето се чини посебно важно затоа што микробиолози и епидемиолози, научници и истражувачи повеќе пати предупредуваат дека Ковид-19 досега беше најстрашната глобална здравствена закана, но ниту е единствена а уште помалку последна, пишува „Нетпрес“.

Пример треба да започнеме со прашањето што навистина научивме од Ковид-19? Дали и во случај на следна епидемија ќе правиме експерименти со сомнителни лекови, а ќе спориме официјално одобрени методи.

„Ивермектинот“, ветеринарен антипаразитски лек со широк спектар на делување, кој се користи за лекување животни, во првиот ударен бран на вирусот се користеше и како превенција и за лекување на Ковид 19. Уште пред да се започне со терапевтско лечење со „Ивермектин“, многу пациенти го примаа на своја рака, купувајќи го од соседните земји, а домашните епидемиолози и микробиолози укажаа дека овој лек може да направи пресврт во пандемијата.

По ова, на 2 јануари, 2021 година Комисијата за заразни болести, откако доби уверување дека лекот е евтин и ефикасен, даде зелено светло да се користи кај нас. Лекот не се произведува во Македонија, а дотогаш не беше ни регистриран и затоа се направи интервентен увоз на лекот. Веќе на 14 јануари Министерството за здравство информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија изготви Протоколот за лекување на пациентите со ковид-19 и истиот е доставен до матичните лекари.

Поранешната директорка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, доктор Милена Стевановиќ изјави дека на Инфектологија немаат никакво искуство со „Ивермектинот“, но нивните колеги од Фармацевтскиот факултет кои го анализирале лекот малку повеќе, од фармаколошки аспект, сугерираат дека треба да му се даде шанса.

Лекувањето со овој лек, проследено со многу контроверзии и неосновани теории, во еден краток период зеде голем замав, но во другите земји траеше кратко, за разлика од кај нас.

Во светот веќе ќе почне да се отфрла идејата и употребата на ветеринарниот „Ивермектин“ за третман на луѓе. Производителот на лекови „Мерк“ објави дека овој лек не лекува Ковид-19, сепак само ден потоа Министерство за здравство на 5 февруари, ќе рече дека лекот „Ивермектин“ ќе продолжи да се дава кај ковид пациенти во Македонија.

Немаше вакцини, а имаше лек „Ивермектин“. За истиот тој лек, неколку месеци претходно и американската Агенција за храна и лекови предупреди на социјалната мрежа Твитер – „Не сте коњи. Ниту крави. Сериозно, сите, престанете да го земате лекот Ивермектин“.

Многу порано, уште на 22 март Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека „Ивермектин“ не помага во спречувањето и лекувањето на Ковид-19. Во целиот тој период во Европската Унија, овој лек се користи исклучиво за лекување на паразитски и кожни заболувања кај животните, но не е одобрен за лекување на Ковид-19. ЕМА објави дека не добила апликација за таква употреба.

Повеќе од една година македонските пациенти спротивно на препораките од најрепрезентативните глобални агенции за лекови, се лекуваа со ветеринарен лек, по протокол и со препорака од лекар. За последиците од ваквото лекување сѐ уште нема никаде никакви податоци, ни истражување, затоа што во Македонија, како една од ретките земји каде се појавија доволно околности да се спроведе едно вакво истражување, не се направи. Сето ова без никаква, ни колективна, ни индивидуална а најмалку институционална одговорност.

The post Што научивме од Ковид-19? appeared first on Република.

]]>

Три години се живееше во ограничувања и со рестриктивни мерки, а враќање на животот во нормала одеше постепено. Но, сега откако научивме да живееме и со присуството на Ковид-19, но не во пандемиски размери, се чини дека е вистинско време да се постават одредени прашања. Преиспитувањето се чини посебно важно затоа што микробиолози и епидемиолози, научници и истражувачи повеќе пати предупредуваат дека Ковид-19 досега беше најстрашната глобална здравствена закана, но ниту е единствена а уште помалку последна, пишува „Нетпрес“. Пример треба да започнеме со прашањето што навистина научивме од Ковид-19? Дали и во случај на следна епидемија ќе правиме експерименти со сомнителни лекови, а ќе спориме официјално одобрени методи. „Ивермектинот“, ветеринарен антипаразитски лек со широк спектар на делување, кој се користи за лекување животни, во првиот ударен бран на вирусот се користеше и како превенција и за лекување на Ковид 19. Уште пред да се започне со терапевтско лечење со „Ивермектин“, многу пациенти го примаа на своја рака, купувајќи го од соседните земји, а домашните епидемиолози и микробиолози укажаа дека овој лек може да направи пресврт во пандемијата. По ова, на 2 јануари, 2021 година Комисијата за заразни болести, откако доби уверување дека лекот е евтин и ефикасен, даде зелено светло да се користи кај нас. Лекот не се произведува во Македонија, а дотогаш не беше ни регистриран и затоа се направи интервентен увоз на лекот. Веќе на 14 јануари Министерството за здравство информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија изготви Протоколот за лекување на пациентите со ковид-19 и истиот е доставен до матичните лекари. Поранешната директорка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, доктор Милена Стевановиќ изјави дека на Инфектологија немаат никакво искуство со „Ивермектинот“, но нивните колеги од Фармацевтскиот факултет кои го анализирале лекот малку повеќе, од фармаколошки аспект, сугерираат дека треба да му се даде шанса. Лекувањето со овој лек, проследено со многу контроверзии и неосновани теории, во еден краток период зеде голем замав, но во другите земји траеше кратко, за разлика од кај нас. Во светот веќе ќе почне да се отфрла идејата и употребата на ветеринарниот „Ивермектин“ за третман на луѓе. Производителот на лекови „Мерк“ објави дека овој лек не лекува Ковид-19, сепак само ден потоа Министерство за здравство на 5 февруари, ќе рече дека лекот „Ивермектин“ ќе продолжи да се дава кај ковид пациенти во Македонија. Немаше вакцини, а имаше лек „Ивермектин“. За истиот тој лек, неколку месеци претходно и американската Агенција за храна и лекови предупреди на социјалната мрежа Твитер – „Не сте коњи. Ниту крави. Сериозно, сите, престанете да го земате лекот Ивермектин“. Многу порано, уште на 22 март Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека „Ивермектин“ не помага во спречувањето и лекувањето на Ковид-19. Во целиот тој период во Европската Унија, овој лек се користи исклучиво за лекување на паразитски и кожни заболувања кај животните, но не е одобрен за лекување на Ковид-19. ЕМА објави дека не добила апликација за таква употреба. Повеќе од една година македонските пациенти спротивно на препораките од најрепрезентативните глобални агенции за лекови, се лекуваа со ветеринарен лек, по протокол и со препорака од лекар. За последиците од ваквото лекување сѐ уште нема никаде никакви податоци, ни истражување, затоа што во Македонија, како една од ретките земји каде се појавија доволно околности да се спроведе едно вакво истражување, не се направи. Сето ова без никаква, ни колективна, ни индивидуална а најмалку институционална одговорност.

The post Што научивме од Ковид-19? appeared first on Република.

]]>
Поранешниот претседател на Бразил лажел дека се вакцинирал против ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-pretsedatel-na-brazil-lazhel-deka-se-vaktsiniral-protiv-kovid-19/ Fri, 19 Jan 2024 12:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=734682

Евиденцијата за вакцинација на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е лажна, објави Канцеларијата на генералниот инспектор на земјата по истрагата за наводната промена на податоците во неговата картичка за вакцинација против Ковид-19.

Записите покажуваат дека Болсонаро, скептик во врска со Ковид-19 кој јавно се спротивстави на вакцинацијата, примил доза од вакцината во центарот за јавно здравје во Сао Паоло во јули 2021 година. Истрагата, сепак, заклучи дека поранешниот претседател го напуштил градот претходниот ден и останал во главниот град Бразилија дури три дена подоцна, се вели во соопштението кое го пренесува МИА.

Медицинската сестра наведена во записите дека ја администрирала вакцината на Болсонаро негираше дека го сторила тоа. Наведената серија на вакцина, исто така, не била достапна на тој датум, соопшти канцеларијата на генералниот инспектор. Регистрацијата на две други дози од вакцината што требаше да ја прими Болсонаро беше отстранета од неговото досие уште пред да започне истрагата, се додава во извештајот.

Минатиот мај, домот на Болсонаро во Бразилија беше претресен од федералната полиција како дел од истрагата за вакцината. Некои од неговите помагачи биле уапсени, а мобилниот телефон му бил одземен. Болсонаро претходно негираше дека знаел или наредил да се вметнат лажни информации во неговата евиденција за вакцинација.

Неговиот адвокат не одговори веднаш на барањето за коментар.

За време на неговиот мандат, Болсонаро постојано ја минимизираше важноста на имунизацијата и мерките за социјално дистанцирање за време на пандемијата. Често изјавуваше дека не бил вакциниран против таа болест и дека нема да го стори тоа. Тој, исто така, се сомневаше во ефикасноста на вакцините и шири стравувања за можните несакани ефекти од имунизацијата, одејќи дотаму што лажно ја поврзува вакцината со развојот на СИДА.

Болсонаро беше заразен со Ковид-19 во јули 2020 година, речиси една година пред да биде запишано во неговата медицинска евиденција дека е вакциниран за првпат.

The post Поранешниот претседател на Бразил лажел дека се вакцинирал против ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Евиденцијата за вакцинација на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е лажна, објави Канцеларијата на генералниот инспектор на земјата по истрагата за наводната промена на податоците во неговата картичка за вакцинација против Ковид-19. Записите покажуваат дека Болсонаро, скептик во врска со Ковид-19 кој јавно се спротивстави на вакцинацијата, примил доза од вакцината во центарот за јавно здравје во Сао Паоло во јули 2021 година. Истрагата, сепак, заклучи дека поранешниот претседател го напуштил градот претходниот ден и останал во главниот град Бразилија дури три дена подоцна, се вели во соопштението кое го пренесува МИА. Медицинската сестра наведена во записите дека ја администрирала вакцината на Болсонаро негираше дека го сторила тоа. Наведената серија на вакцина, исто така, не била достапна на тој датум, соопшти канцеларијата на генералниот инспектор. Регистрацијата на две други дози од вакцината што требаше да ја прими Болсонаро беше отстранета од неговото досие уште пред да започне истрагата, се додава во извештајот. Минатиот мај, домот на Болсонаро во Бразилија беше претресен од федералната полиција како дел од истрагата за вакцината. Некои од неговите помагачи биле уапсени, а мобилниот телефон му бил одземен. Болсонаро претходно негираше дека знаел или наредил да се вметнат лажни информации во неговата евиденција за вакцинација. Неговиот адвокат не одговори веднаш на барањето за коментар. За време на неговиот мандат, Болсонаро постојано ја минимизираше важноста на имунизацијата и мерките за социјално дистанцирање за време на пандемијата. Често изјавуваше дека не бил вакциниран против таа болест и дека нема да го стори тоа. Тој, исто така, се сомневаше во ефикасноста на вакцините и шири стравувања за можните несакани ефекти од имунизацијата, одејќи дотаму што лажно ја поврзува вакцината со развојот на СИДА. Болсонаро беше заразен со Ковид-19 во јули 2020 година, речиси една година пред да биде запишано во неговата медицинска евиденција дека е вакциниран за првпат.  

The post Поранешниот претседател на Бразил лажел дека се вакцинирал против ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eden-sluchaj-na-golema-kashlitsa-vo-kozle-edno-dete-hospitalizirano-so-kovid-19/ Tue, 09 Jan 2024 11:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=731118

Голема кашлица, пертусис, е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје на Детската клиника „Козле“, потрвди за МИА Мирјана Поповска, специјалист педијатар во „Козле“.

Во исто време, едно дете со Ковид-19 моментално е хоспитализирано на Детската клиника „Козле“. Според податоците на Институтот за јавно здравје, од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во државава.

Поповска информира дека во „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти. Во моментов, има околу шеесетина хоспитализирани деца на клиниката.

Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, додаде Поповска.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети за МИА рече дека три случаи на пертусис - голема кашлица, се евидентирани во 2023 година, сите од Скопје, од кои еден во декември.

Од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во нашата држава. Починало едно лице со Ковид-19. Од новозаболените, најмногу се од Скопје - 36, потоа Охрид со 13, Битола со седум, појасни Мемети за МИА.

Српски медиуми пренесуваат оти во Србија има тридемија, односно судир на грип, коронавирус и респираторен синцијален вирус (РСВ). Кашлање, болка во грлото, температура, омалаксаност, болки во мускулите, се најчестите симптоми на грипот, Ковид-19 и респираторните инфекции од кои страдаат поголем број Срби.

Ковид-19 и неговите варијанти сѐ уште се околу нас и се повеќе циркулираат во нашите заедници, при што во моментов е детектирано „коегзистирање на три типа вируси истовремено“, изјави еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес, нагласувајќи ја потребата од помасовна вакцинација против короната и сезонскиот грип.

Киријакидес истакна дека најновите здравствени податоци укажуваат дека во некои земји членки на ЕУ, се бележи значителен пораст на лица инфицирани со коронавирусот, додавајќи дека дополнителен предизвик претставува и циркулацијата на други респираторни заболувања.

Според неа, вакцинацијата останува клучна заштита од коронавирусот, особено за ризичните категории граѓани.

Тоа го истакнав и во писмото испратено до сите министри за здравство во септември за потребата од вакцинација против Ковид и сезонски грип. Ни треба соодветно тестирање, секвенционирање, известување и споделување на податоците за Ковидот. Тоа е единствениот начин на кој можеме да продолжиме ефикасно да го следиме ширењето на вирусите кои циркулираат и нивните варијанти и да се чуваме меѓусебно, истакна Киријакидес за „Еурактив“.

Во Хрватска во периодот од 12 до 18 декември се регистрирани 68 смртни случаи поврзани со компликации предизвикани од Ковид-19, додека здравствените власти во Грција предвидуваат дека доколку продолжи сегашниот тренд на раст на инфицирани со коронавирусот, би можело да се очекуваат по околу 80 смртни случаи неделно. Во Италија во последните две недели од 2023 година, регистрирани се рекорден број заболени од сезонски грип и Ковид, додека во Белгија кон средината на минатиот месец, беше утврдено високо ниво на циркулација на коронавирусот во отпадните води и негов нагорен тренд.

The post Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Голема кашлица, пертусис, е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје на Детската клиника „Козле“, потрвди за МИА Мирјана Поповска, специјалист педијатар во „Козле“. Во исто време, едно дете со Ковид-19 моментално е хоспитализирано на Детската клиника „Козле“. Според податоците на Институтот за јавно здравје, од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во државава. Поповска информира дека во „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти. Во моментов, има околу шеесетина хоспитализирани деца на клиниката.
Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, додаде Поповска.
Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети за МИА рече дека три случаи на пертусис - голема кашлица, се евидентирани во 2023 година, сите од Скопје, од кои еден во декември.
Од 1 до 7 јануари, евидентирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во нашата држава. Починало едно лице со Ковид-19. Од новозаболените, најмногу се од Скопје - 36, потоа Охрид со 13, Битола со седум, појасни Мемети за МИА.
Српски медиуми пренесуваат оти во Србија има тридемија, односно судир на грип, коронавирус и респираторен синцијален вирус (РСВ). Кашлање, болка во грлото, температура, омалаксаност, болки во мускулите, се најчестите симптоми на грипот, Ковид-19 и респираторните инфекции од кои страдаат поголем број Срби. Ковид-19 и неговите варијанти сѐ уште се околу нас и се повеќе циркулираат во нашите заедници, при што во моментов е детектирано „коегзистирање на три типа вируси истовремено“, изјави еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес, нагласувајќи ја потребата од помасовна вакцинација против короната и сезонскиот грип. Киријакидес истакна дека најновите здравствени податоци укажуваат дека во некои земји членки на ЕУ, се бележи значителен пораст на лица инфицирани со коронавирусот, додавајќи дека дополнителен предизвик претставува и циркулацијата на други респираторни заболувања. Според неа, вакцинацијата останува клучна заштита од коронавирусот, особено за ризичните категории граѓани.
Тоа го истакнав и во писмото испратено до сите министри за здравство во септември за потребата од вакцинација против Ковид и сезонски грип. Ни треба соодветно тестирање, секвенционирање, известување и споделување на податоците за Ковидот. Тоа е единствениот начин на кој можеме да продолжиме ефикасно да го следиме ширењето на вирусите кои циркулираат и нивните варијанти и да се чуваме меѓусебно, истакна Киријакидес за „Еурактив“.
Во Хрватска во периодот од 12 до 18 декември се регистрирани 68 смртни случаи поврзани со компликации предизвикани од Ковид-19, додека здравствените власти во Грција предвидуваат дека доколку продолжи сегашниот тренд на раст на инфицирани со коронавирусот, би можело да се очекуваат по околу 80 смртни случаи неделно. Во Италија во последните две недели од 2023 година, регистрирани се рекорден број заболени од сезонски грип и Ковид, додека во Белгија кон средината на минатиот месец, беше утврдено високо ниво на циркулација на коронавирусот во отпадните води и негов нагорен тренд.  

The post Еден случај на голема кашлица во „Козле“, едно дете хоспитализирано со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Од 1 јануари на Инфективна клиника прегледани 47 пациенти со грип, минатата недела регистрирани 72 случаи на Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-1-januari-na-infektivna-klinika-pregledani-47-patsienti-so-grip-minatata-nedela-registrirani-72-sluchai-na-kovid-19/ Thu, 04 Jan 2024 10:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=729547

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од почетокот на годинава, информираше за МИА директорката Инфективната клиника во Скопје Милена Стевановиќ. Во последните 24 часа на Клиниката прегледале 22 лица со грип.

На Инфективната клиника во Скопје ноќеска биле примени двајца пациенти со ковид, од кои едниот во тешка состојба, но со друга основна болест.

Имаме вкупно четири пациенти на клиниката, рече Стевановиќ.

Директорот на Институот за јавно здравје Шабан Мемети за МИА информира дека вкупно 72 случаи на Ковид-19 се регистрирани од 25 до 31 декември. Најмногу од нив, 39 се во Скопје, 12 во Прилеп, 10 во Охрид.

Во Детската клиника „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти.

Доктор Мирјана Поповска, специјалист педијатар во оваа болница за МИА изјави дека во моментов има околу шеесетина хоспитализирани деца.

Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, појасни Поповска.

Таа додаде дека и во декември ги имале приближно истите бројки на пациенти.

The post Од 1 јануари на Инфективна клиника прегледани 47 пациенти со грип, минатата недела регистрирани 72 случаи на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од почетокот на годинава, информираше за МИА директорката Инфективната клиника во Скопје Милена Стевановиќ. Во последните 24 часа на Клиниката прегледале 22 лица со грип. На Инфективната клиника во Скопје ноќеска биле примени двајца пациенти со ковид, од кои едниот во тешка состојба, но со друга основна болест.
Имаме вкупно четири пациенти на клиниката, рече Стевановиќ.
Директорот на Институот за јавно здравје Шабан Мемети за МИА информира дека вкупно 72 случаи на Ковид-19 се регистрирани од 25 до 31 декември. Најмногу од нив, 39 се во Скопје, 12 во Прилеп, 10 во Охрид. Во Детската клиника „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти. Доктор Мирјана Поповска, специјалист педијатар во оваа болница за МИА изјави дека во моментов има околу шеесетина хоспитализирани деца.
Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, појасни Поповска.
Таа додаде дека и во декември ги имале приближно истите бројки на пациенти.  

The post Од 1 јануари на Инфективна клиника прегледани 47 пациенти со грип, минатата недела регистрирани 72 случаи на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Се враќа ли епидемијата?: Зголемен бројот на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-vraka-li-epidemijata-zgolemen-brojot-na-pochinati-hospitalizirani-i-zarazeni-so-kovid-19-vo-grtsija/ Fri, 29 Dec 2023 20:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=728033

Во периодот од 18 до 24 декември во Грција е регистрирани зголемен број на заразени со Ковид-19, на хоспитализирани лица, но и на починати, покажуваат податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Поради тоа, Министерството за здравство упатува силна препорака за носење маски во здравствените установи и вакцинација на лицата над 60 години.

Според неделниот извештај на ЕОДИ, починале 62 лица на возраст од 39 до 99 години, бројка поголема во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири седмици, хоспитализирани биле 1.496 лица, за 37 отсто повеќе од просекот, а единствено намалување во споредба со минатата седмица има кај пациентите приклучени на апарати.

Позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на минатата седмица, кога исто така имаше зголемување споредбено со претходно.

Во однос на подваријантите присутни во Грција, доминантна е EG.5 (Ерис) со 33 отсто, следи XBB.1.5 (Кракен) со 29 проценти и подваријантата ΒΑ.2.86 со 22 отсто, а потврдени се и вкупно 102 случај на новиот сој JN.1, што е подваријанта на BA.2.86.

Поради драстично зголемениот број заразени со Ковид-19, Комисијата на епидемиолози вчера одржа вонреден состанок, а попладнево Министерството за здравство соопшти дека во последните две седмици е „забележана зголемена циркулација на вирусот САРС ВОВ-2, како и на други респираторни вируси“ и затоа излегоа со конкретни, како што велат, силни препораки.

Препорачуваат лицата над 60 години и лицата со здравствени проблеми што е можно поскоро да се вакцинираат со ажурираната вакцина за Ковид; да се користи заштитна маска во сите здравствените установи, како и во домовите за грижа на стари лица, но и да се почитуваат мерките за спречување на вирусните респираторни инфекции: хигиена на рацете, проветрување на затворени простори, изолација по симптоми и употреба на маска во простори со гужви.

Доплнително, упатуваат апел до граѓаните да ги спроведуваат превентивни мерки.

The post Се враќа ли епидемијата?: Зголемен бројот на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Грција appeared first on Република.

]]>

Во периодот од 18 до 24 декември во Грција е регистрирани зголемен број на заразени со Ковид-19, на хоспитализирани лица, но и на починати, покажуваат податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Поради тоа, Министерството за здравство упатува силна препорака за носење маски во здравствените установи и вакцинација на лицата над 60 години. Според неделниот извештај на ЕОДИ, починале 62 лица на возраст од 39 до 99 години, бројка поголема во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири седмици, хоспитализирани биле 1.496 лица, за 37 отсто повеќе од просекот, а единствено намалување во споредба со минатата седмица има кај пациентите приклучени на апарати. Позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на минатата седмица, кога исто така имаше зголемување споредбено со претходно. Во однос на подваријантите присутни во Грција, доминантна е EG.5 (Ерис) со 33 отсто, следи XBB.1.5 (Кракен) со 29 проценти и подваријантата ΒΑ.2.86 со 22 отсто, а потврдени се и вкупно 102 случај на новиот сој JN.1, што е подваријанта на BA.2.86. Поради драстично зголемениот број заразени со Ковид-19, Комисијата на епидемиолози вчера одржа вонреден состанок, а попладнево Министерството за здравство соопшти дека во последните две седмици е „забележана зголемена циркулација на вирусот САРС ВОВ-2, како и на други респираторни вируси“ и затоа излегоа со конкретни, како што велат, силни препораки. Препорачуваат лицата над 60 години и лицата со здравствени проблеми што е можно поскоро да се вакцинираат со ажурираната вакцина за Ковид; да се користи заштитна маска во сите здравствените установи, како и во домовите за грижа на стари лица, но и да се почитуваат мерките за спречување на вирусните респираторни инфекции: хигиена на рацете, проветрување на затворени простори, изолација по симптоми и употреба на маска во простори со гужви. Доплнително, упатуваат апел до граѓаните да ги спроведуваат превентивни мерки.

The post Се враќа ли епидемијата?: Зголемен бројот на починати, хоспитализирани и заразени со Ковид-19 во Грција appeared first on Република.

]]>