ковчези Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovchezi/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 15:36:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковчези Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovchezi/ 32 32 Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pred-ajfelovata-kula-ostaveni-kovchezi-ostaveni-so-natpis-frantsuski-vojnitsi-od-ukraina/ Sun, 02 Jun 2024 15:36:23 +0000 https://republika.mk/?p=784201

Пет ковчези со натпис „француски војници од Украина“ се пронајдени денеска во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, каде се приведени три лица, а полицијата истражува „можно странско мешање“.

Три лица утрово поставиле ковчези во природна големина до Ајфеловата кула, покриени со француско знаме и со натпис „Француски војници од Украина“, а внатре во ковчезите имало гипс.

Приведен е возачот на комбето кој ги превезувал ковчезите.

Тој во полиција изјавил дека „за превоз на луѓе и товар му биле исплатени 40 евра“, велат полициски извори, додавајќи дека тој ден претходно пристигнал од Бугарија.

Уште две лица се приведени на железничка станица во Париз додека се подготвувале да патуваат за Берлин, додаваат истите извори.

Приведени се бугарски, украински и германски државјанин, соопшти полицијата, додавајќи дека „во тек е истрага за да се утврди можно странско мешање“.

Париското обвинителство ја потврди националноста на осомничените и соопшти дека тие се уште се во полициски притвор за „насилство со умисла“.

 

The post Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина appeared first on Република.

]]>

Пет ковчези со натпис „француски војници од Украина“ се пронајдени денеска во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, каде се приведени три лица, а полицијата истражува „можно странско мешање“. Три лица утрово поставиле ковчези во природна големина до Ајфеловата кула, покриени со француско знаме и со натпис „Француски војници од Украина“, а внатре во ковчезите имало гипс. Приведен е возачот на комбето кој ги превезувал ковчезите. Тој во полиција изјавил дека „за превоз на луѓе и товар му биле исплатени 40 евра“, велат полициски извори, додавајќи дека тој ден претходно пристигнал од Бугарија. Уште две лица се приведени на железничка станица во Париз додека се подготвувале да патуваат за Берлин, додаваат истите извори.
Приведени се бугарски, украински и германски државјанин, соопшти полицијата, додавајќи дека „во тек е истрага за да се утврди можно странско мешање“.
Париското обвинителство ја потврди националноста на осомничените и соопшти дека тие се уште се во полициски притвор за „насилство со умисла“.  

The post Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина appeared first on Република.

]]>
Морбидна прослава во Турција: Навивачите на Трабзон фрлаа ковчези во море https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/morbidna-proslava-vo-turcija-navivachite-na-trabzon-frlaa-kovchezi-vo-more/ Mon, 02 May 2022 17:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=496368

Фудбалерите на Трабзон, по 38 години ја освоија првата титула шампион на Турција, а навивачите ја дочекаа со ентузијазам.

Се славеше на улиците кои беа преполни со луѓе во бордо-сини дресови, но неколку дена откако нивниот тим стана шампион, се појави видео на кое се гледа дека Турците знаат да претераат во прославата.

Снимката наводно е направена пред натпреварот на кој Трабзон ја обезбеди титулата, а на неа се гледаат навивачи кои се собрале на брегот на морето каде во водата фрлиле три ковчези во боите на Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче, трите најголеми турски клубови.

Со тоа на сите им ставија до знаење што мислат за екипите од Истанбул, а видеото кое се најде на социјалните мрежи предизвика различни коментари.

The post Морбидна прослава во Турција: Навивачите на Трабзон фрлаа ковчези во море appeared first on Република.

]]>

Фудбалерите на Трабзон, по 38 години ја освоија првата титула шампион на Турција, а навивачите ја дочекаа со ентузијазам. Се славеше на улиците кои беа преполни со луѓе во бордо-сини дресови, но неколку дена откако нивниот тим стана шампион, се појави видео на кое се гледа дека Турците знаат да претераат во прославата. Снимката наводно е направена пред натпреварот на кој Трабзон ја обезбеди титулата, а на неа се гледаат навивачи кои се собрале на брегот на морето каде во водата фрлиле три ковчези во боите на Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче, трите најголеми турски клубови. Со тоа на сите им ставија до знаење што мислат за екипите од Истанбул, а видеото кое се најде на социјалните мрежи предизвика различни коментари.

The post Морбидна прослава во Турција: Навивачите на Трабзон фрлаа ковчези во море appeared first on Република.

]]>