ковчег Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovcheg/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 10:20:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ковчег Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovcheg/ 32 32 Денеска е погребот, а ковчегот со телото на Навални се уште не е предаден на семејството https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/deneska-e-pogrebot-a-kovchegot-so-teloto-na-navalni-se-ushte-ne-e-predaden-na-semejstvoto/ Fri, 01 Mar 2024 10:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=749936

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор пред две недели, денеска треба да биде погребан во Москва.

Како што е најавено, панихидата ќе се одржи во 14 часот по московско време (12 часот по наше време). Погребот потоа ќе се изврши на гробиштата Борисов два часа подоцна.

Инаку, ковчегот со телото на Алексеј Навални се уште не е предаденo на неговите роднини за погреб, изјави неговата портпаролка, предупредувајќи на можни одложувања.

Во објава на платформата X, Кира Џармиш изјави: „Родните пристигнаа во мртовечницата во 10 часот, кога требаше да го предадат телото на Алексеј. Телото сè уште не е предадено“.

Таа додаде дека распоредот на неговиот погреб „се уште не е променет“, но дека „може да има одложување“.

Во меѓувреме, граѓаните почнаа да се собираат пред гробиштата каде што се поставени огради. Присутна е силна полиција.

 

The post Денеска е погребот, а ковчегот со телото на Навални се уште не е предаден на семејството appeared first on Република.

]]>

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор пред две недели, денеска треба да биде погребан во Москва. Како што е најавено, панихидата ќе се одржи во 14 часот по московско време (12 часот по наше време). Погребот потоа ќе се изврши на гробиштата Борисов два часа подоцна. Инаку, ковчегот со телото на Алексеј Навални се уште не е предаденo на неговите роднини за погреб, изјави неговата портпаролка, предупредувајќи на можни одложувања. Во објава на платформата X, Кира Џармиш изјави: „Родните пристигнаа во мртовечницата во 10 часот, кога требаше да го предадат телото на Алексеј. Телото сè уште не е предадено“. Таа додаде дека распоредот на неговиот погреб „се уште не е променет“, но дека „може да има одложување“. Во меѓувреме, граѓаните почнаа да се собираат пред гробиштата каде што се поставени огради. Присутна е силна полиција.  

The post Денеска е погребот, а ковчегот со телото на Навални се уште не е предаден на семејството appeared first on Република.

]]>
Ковчегот на кралицата ќе биде изложен 5 дена во Вестминстерската палата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kovchegot-na-kralicata-kje-bide-izlozen-5-dena-vo-vestminsterskata-palata/ Mon, 12 Sep 2022 08:34:22 +0000 https://republika.mk/?p=549924

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора ќе биде изложен во Вестминстерската палата во текот на следните неколку дена, а бидејќи се очекуваат огромни гужви, сегашните проценки покажуваат дека граѓаните ќе мора да чекаат во редови неколку часа, а можеби и денови, за да стигнат до ковчегот.

Бидејќи телото ќе биде изложено во текот на целиот ден, од среда до понеделник, 19 септември, односно до денот на погребот, се очекуваат долги редици и во текот на ноќта.

Патем, последниот член на кралското семејство чиј ковчег беше изложен на јавноста беше Елизабет Боус Лион, мајката на кралицата, во 2002 година, кога повеќе од 200.000 чекаа да го видат нејзиниот ковчег.

Англиската влада поради очекуваниот рекорден број граѓани ги советува граѓаните да носат храна, пијалоци и соодветна облека.

Голем број граѓани и оддадоа почит на кралицата пред замокот Балморал каде што почина минатиот четврток, како и пред местата што ги сакаше како Бакингемската палата и другите кралски резиденции.

Толпата луѓе, исто така, се наредени на кортеж-маршрутата што патуваше од Балморал до Единбург во неделата додека нејзиниот ковчег тргна кон Лондон пред погребот,пренесуваат медиумите.

 

The post Ковчегот на кралицата ќе биде изложен 5 дена во Вестминстерската палата appeared first on Република.

]]>

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора ќе биде изложен во Вестминстерската палата во текот на следните неколку дена, а бидејќи се очекуваат огромни гужви, сегашните проценки покажуваат дека граѓаните ќе мора да чекаат во редови неколку часа, а можеби и денови, за да стигнат до ковчегот. Бидејќи телото ќе биде изложено во текот на целиот ден, од среда до понеделник, 19 септември, односно до денот на погребот, се очекуваат долги редици и во текот на ноќта. Патем, последниот член на кралското семејство чиј ковчег беше изложен на јавноста беше Елизабет Боус Лион, мајката на кралицата, во 2002 година, кога повеќе од 200.000 чекаа да го видат нејзиниот ковчег. Англиската влада поради очекуваниот рекорден број граѓани ги советува граѓаните да носат храна, пијалоци и соодветна облека. Голем број граѓани и оддадоа почит на кралицата пред замокот Балморал каде што почина минатиот четврток, како и пред местата што ги сакаше како Бакингемската палата и другите кралски резиденции. Толпата луѓе, исто така, се наредени на кортеж-маршрутата што патуваше од Балморал до Единбург во неделата додека нејзиниот ковчег тргна кон Лондон пред погребот,пренесуваат медиумите.  

The post Ковчегот на кралицата ќе биде изложен 5 дена во Вестминстерската палата appeared first on Република.

]]>