Ковачевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovachevski/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 18:35:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ковачевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kovachevski/ 32 32 Мицкоски: Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое не го испорачаа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-pendarovski-i-kovachevski-prifatija-neshto-koe-ne-go-isporachaa/ Thu, 03 Oct 2024 18:01:16 +0000 https://republika.mk/?p=822364

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија вели дека во Европската Унија соговорниците му кажале дека Пендаровски и Ковачевски прифатиле нешто кое што не го испорачале односно дека ги убедувале дека ќе обезбедат 80 пратеници за гласање на внесување на Бугарите во Уставот, по принципот како за Преспанскиот договор.

„Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое што не испорачаа. Не засрамија и ги засрамија во ЕУ. Знаете мене што ми велат таму сите соговорници? Ми велат ние го поддржувавме тоа затоа што вашите не убедуваа дека ќе испорачаат по принципот на Преспа за уши ќе влечеле пратеници и ќе обезбеделе 80. Еве не успееја. Сега што правиме“, вели премиерот Мицкоски и додаде:

„Мене на памет не ми паѓа да давам гаранција за нешто за кое не сум сигурен дека ќе го испорачам. Мојот став е многу јасен.“

Мицкоски потенцираше дека не може да прифати нешто за кое што претходно бил против.

„Ако некој очекува дека оваа Влада или мене да прифатам нешто за кое што сум бил принципиелно против, бидејќи сум имал аргументи, а не зошто сум инаетлив, тогаш мислам дека погрешно очекува. Или не ме познава мене или пак не ги познава приликите тука“, кажа Мицкоски.

Претседателот Мицкоски порача дека европските вредности се силни институции, пријателства и добрососедски односи.

„Европските вредности се силни институции, европските вредности се добрососедски односи, чесни односи, пријателски односи“, изјави тој и додаде дека „доколку Брисел сака Македонија да е во Европската Унија, тогаш постои начин. Ако некој во Брисел, во Берлин, во Париз, во Рим, навистина сака да не види таму, има начин. Ако има желба има и начин.“

The post Мицкоски: Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое не го испорачаа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија вели дека во Европската Унија соговорниците му кажале дека Пендаровски и Ковачевски прифатиле нешто кое што не го испорачале односно дека ги убедувале дека ќе обезбедат 80 пратеници за гласање на внесување на Бугарите во Уставот, по принципот како за Преспанскиот договор. „Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое што не испорачаа. Не засрамија и ги засрамија во ЕУ. Знаете мене што ми велат таму сите соговорници? Ми велат ние го поддржувавме тоа затоа што вашите не убедуваа дека ќе испорачаат по принципот на Преспа за уши ќе влечеле пратеници и ќе обезбеделе 80. Еве не успееја. Сега што правиме“, вели премиерот Мицкоски и додаде: „Мене на памет не ми паѓа да давам гаранција за нешто за кое не сум сигурен дека ќе го испорачам. Мојот став е многу јасен.“ Мицкоски потенцираше дека не може да прифати нешто за кое што претходно бил против. „Ако некој очекува дека оваа Влада или мене да прифатам нешто за кое што сум бил принципиелно против, бидејќи сум имал аргументи, а не зошто сум инаетлив, тогаш мислам дека погрешно очекува. Или не ме познава мене или пак не ги познава приликите тука“, кажа Мицкоски. Претседателот Мицкоски порача дека европските вредности се силни институции, пријателства и добрососедски односи. „Европските вредности се силни институции, европските вредности се добрососедски односи, чесни односи, пријателски односи“, изјави тој и додаде дека „доколку Брисел сака Македонија да е во Европската Унија, тогаш постои начин. Ако некој во Брисел, во Берлин, во Париз, во Рим, навистина сака да не види таму, има начин. Ако има желба има и начин.“

The post Мицкоски: Пендаровски и Ковачевски прифатија нешто кое не го испорачаа appeared first on Република.

]]>
Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneshniot-rezultat-e-razocharuvachki-na-sdsm-mu-e-zadaden-golem-udar-veli-kovachevski/ Wed, 08 May 2024 20:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=775929

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност.

https://www.youtube.com/watch?v=hDr967UtN5w

The post Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност. https://www.youtube.com/watch?v=hDr967UtN5w

The post Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-dobrinata-i-mudrosta-da-bidat-nashiot-patokaz-hrabrite-odluki-sekogash-nosat-uspeh/ Sun, 05 May 2024 10:01:48 +0000 https://republika.mk/?p=774441

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до православните верници.

-Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и на обединетост во нашето општество. На овој најголем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон добри дела и иднина, се посочува во честитката.

Велигден, се посочува, носи голема духовна сила, но и порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех.

-Денешниот празник ја симболизира победата на животот над смртта, тоа е силна порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех, особено кога се работи за заедничкото добро. Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој. Христос Воскресе!“, порача во честитиката претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до православните верници.
-Честит и вековит нека ни е денешниот најголем христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На сите кои го празнуваат денешниот празник им посакувам здравје, радост и благосостојба во домовите. Повикувам на хармонија и на обединетост во нашето општество. На овој најголем празник, да имаме мир и спокој во душите, а добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ кон добри дела и иднина, се посочува во честитката.
Велигден, се посочува, носи голема духовна сила, но и порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех. -Денешниот празник ја симболизира победата на животот над смртта, тоа е силна порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех, особено кога се работи за заедничкото добро. Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој. Христос Воскресе!“, порача во честитиката претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-vreme-koga-vo-poveke-delovi-na-evropa-i-svetot-besneat-vojni-gotsevite-zborovi-deluvaat-kako-otreznuvachka-poraka-za-choveshtvoto/ Sat, 04 May 2024 11:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=774121

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на македонскиот револуционер, идеолог и учител, инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, во која вели:

„Денеска, кога чествуваме 121 година од смртта на големиот македонски револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, треба да се потсетиме на неговата идеја за културен натпревар меѓу народите. Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото.” - истакна Ковачевски.

Претседателот на СДСМ, Ковачевски, посочи дека борбата на Делчев за слободна и независна македонска држава ќе остане вечен паметник за жртвата што ја дале тој и неговите современици.

„Нашата борба денеска, повеќе од еден век подоцна, е за Македонија која ќе биде дел од Европската Унија, држава со европски животен стандард и европски вредности.” - посочи Ковачевски.

Осврнувајќи се на аманетот кој го имаат оставено револуционерите низ македонската историја, Ковачевски посочи: „Како што Делчев и Илинденците не се откажале од нивната борба, така и ние не треба да се откажеме од нашата борба за подобра Македонија за нашите деца и внуци. Само ако успееме да изградиме почитувана, достоинствена и просперитетна држава ќе ја заслужиме почитта на следните генерации." - рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на македонскиот револуционер, идеолог и учител, инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, во која вели: „Денеска, кога чествуваме 121 година од смртта на големиот македонски револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, треба да се потсетиме на неговата идеја за културен натпревар меѓу народите. Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото.” - истакна Ковачевски. Претседателот на СДСМ, Ковачевски, посочи дека борбата на Делчев за слободна и независна македонска држава ќе остане вечен паметник за жртвата што ја дале тој и неговите современици. „Нашата борба денеска, повеќе од еден век подоцна, е за Македонија која ќе биде дел од Европската Унија, држава со европски животен стандард и европски вредности.” - посочи Ковачевски. Осврнувајќи се на аманетот кој го имаат оставено револуционерите низ македонската историја, Ковачевски посочи: „Како што Делчев и Илинденците не се откажале од нивната борба, така и ние не треба да се откажеме од нашата борба за подобра Македонија за нашите деца и внуци. Само ако успееме да изградиме почитувана, достоинствена и просперитетна држава ќе ја заслужиме почитта на следните генерации." - рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Во општина Петровец ќе инвестираме пет милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-vo-opshtina-petrovets-ke-investirame-pet-milioni-evra/ Sat, 04 May 2024 11:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=774118

И покрај опструкциите со кои се соочува нашиот градоначалник Борче Митевски овде во Петровец, општината продолжува да се гради да се развива.

Во моментов се градат 10 нови фабрики и како што Општина Петровец е пример за соживот и за градење така планираме да ја водиме и идната влада на Република Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Платформа 1198 ќе инвестира во Петровец нови 5 милиони евра. За мост средно Коњаре, ќе го реконструираме патот од влезот на Петровец до излезот во Ржаничино и секако ќе ја завршиме новата детска градинка.

Многу е важно на 8 мај да се излезе и да се гласа, многу е важно да се гласа за број 2, затоа што број 2 ветува градба и промени, ветува реформи.

Ве повикувам сите на 8 мај сите заеднички сплотено да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија.

The post Ковачки: Во општина Петровец ќе инвестираме пет милиони евра appeared first on Република.

]]>

И покрај опструкциите со кои се соочува нашиот градоначалник Борче Митевски овде во Петровец, општината продолжува да се гради да се развива. Во моментов се градат 10 нови фабрики и како што Општина Петровец е пример за соживот и за градење така планираме да ја водиме и идната влада на Република Македонија. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Платформа 1198 ќе инвестира во Петровец нови 5 милиони евра. За мост средно Коњаре, ќе го реконструираме патот од влезот на Петровец до излезот во Ржаничино и секако ќе ја завршиме новата детска градинка. Многу е важно на 8 мај да се излезе и да се гласа, многу е важно да се гласа за број 2, затоа што број 2 ветува градба и промени, ветува реформи. Ве повикувам сите на 8 мај сите заеднички сплотено да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија.

The post Ковачки: Во општина Петровец ќе инвестираме пет милиони евра appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за случајот со спортските ваучери: Обвинителството треба да работи независно и согласно закон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kovachevski-za-sluchajot-so-sportskite-vaucheri-obvinitelstvoto-treba-da-raboti-nezavisno-i-soglasno-zakon/ Thu, 02 May 2024 19:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=773524

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска прашан за случајот со распределбата на средства од ваучер системот од Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет (МОК) изјави дека Обвинителството треба да работи независно и согласно закон.

– Обвинителството треба да работи согласно закон независно и секој поединец во државата да може да има фер процес во кој може да ги докаже врз основа на факти случувањата што се случувале и немам што повеќе да додадам. Партија не води судски случаи, Обвинителство води судски случаи, рече Ковачевски по средбата со раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија.

На прашањето дали ќе побара одговорност од директорите, претседателот на СДСМ потенцира дека доколку тој биде премиер со институциите ќе раководат многу нови кадри.

– Едниот не е веќе директор, вториот по 8 мај секако дека нема да биде директор, било да сум јас премиер или не, со оглед на тоа сигурно доколку граѓаните се определат да дадат доверба на СДСМ и на коалицијата „За европска иднина“ да формираат влада, тогаш ќе имаме многу нови кадри кои ќе управуваат со институциите, рече Ковачевски.

По иницијатива на Антикорупциската комисија од претходниот состав, Скопското обвинителство на 30 април поднесе обвинителен предлог до Кривичниот суд Скопје против 12 лица од Агенцијата за млади и спорт, неофицијално на чело со Наумче Мојсовски, но и против лица од Македонскиот олимписки комитет, за злоупотреба на службената положба и за Несовесно работење.

– За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерки на претпазливост, соопшти тогаш ОЈО Скопје.

The post Ковачевски за случајот со спортските ваучери: Обвинителството треба да работи независно и согласно закон appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска прашан за случајот со распределбата на средства од ваучер системот од Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет (МОК) изјави дека Обвинителството треба да работи независно и согласно закон. – Обвинителството треба да работи согласно закон независно и секој поединец во државата да може да има фер процес во кој може да ги докаже врз основа на факти случувањата што се случувале и немам што повеќе да додадам. Партија не води судски случаи, Обвинителство води судски случаи, рече Ковачевски по средбата со раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија. На прашањето дали ќе побара одговорност од директорите, претседателот на СДСМ потенцира дека доколку тој биде премиер со институциите ќе раководат многу нови кадри. – Едниот не е веќе директор, вториот по 8 мај секако дека нема да биде директор, било да сум јас премиер или не, со оглед на тоа сигурно доколку граѓаните се определат да дадат доверба на СДСМ и на коалицијата „За европска иднина“ да формираат влада, тогаш ќе имаме многу нови кадри кои ќе управуваат со институциите, рече Ковачевски. По иницијатива на Антикорупциската комисија од претходниот состав, Скопското обвинителство на 30 април поднесе обвинителен предлог до Кривичниот суд Скопје против 12 лица од Агенцијата за млади и спорт, неофицијално на чело со Наумче Мојсовски, но и против лица од Македонскиот олимписки комитет, за злоупотреба на службената положба и за Несовесно работење. – За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерки на претпазливост, соопшти тогаш ОЈО Скопје.

The post Ковачевски за случајот со спортските ваучери: Обвинителството треба да работи независно и согласно закон appeared first on Република.

]]>
Ковачевски во Тетово понуди јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-tetovo-ponudi-jasen-plan-za-evropski-zhivoten-standard-prosperitetna-i-razviena-drzhava/ Sat, 20 Apr 2024 19:58:08 +0000 https://republika.mk/?p=768647

На прагот сме на еден историски подвиг, Македонија да биде земја членка на ЕУ! Ќе се согласите и вие, поминавме многу време во чекалната но исто така ќе се согласите дека време е за Европска Македонија. Затоа, нема откажување од Европскиот пат на земјава, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на митинг на Коалицијата за европска иднина во Тетово.

-На 8-ми мај изборот нема да биде само помеѓу партии и кандидатски листи. Изборот на 8-ми мај е многу посуштински за сите нас како граѓани на оваа држава. Вашиот глас има огромна вредност, рече Ковачевски.

„Јас Димитар Ковачевски, во име на сите мои другарки и другари од СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да го заокружите бројот 1 и да гласате за европска иднина и за Европска Македонија, додаде Ковачевски“ – рече тој.

-СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда и во која има слобода на медиуми и изразување. Затоа велам одиме на победа! Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија! Нема откажување од иднината, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски во Тетово понуди јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава appeared first on Република.

]]>

На прагот сме на еден историски подвиг, Македонија да биде земја членка на ЕУ! Ќе се согласите и вие, поминавме многу време во чекалната но исто така ќе се согласите дека време е за Европска Македонија. Затоа, нема откажување од Европскиот пат на земјава, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на митинг на Коалицијата за европска иднина во Тетово. -На 8-ми мај изборот нема да биде само помеѓу партии и кандидатски листи. Изборот на 8-ми мај е многу посуштински за сите нас како граѓани на оваа држава. Вашиот глас има огромна вредност, рече Ковачевски. „Јас Димитар Ковачевски, во име на сите мои другарки и другари од СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да го заокружите бројот 1 и да гласате за европска иднина и за Европска Македонија, додаде Ковачевски“ – рече тој. -СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда и во која има слобода на медиуми и изразување. Затоа велам одиме на победа! Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија! Нема откажување од иднината, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Ковачевски во Тетово понуди јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава appeared first on Република.

]]>
Ковачевски вели дека Османи сам одлучил за Сребреница бидејќи бил во кампања, односите им биле коректни – чекал гласови од ДУИ во вториот круг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-veli-deka-osmani-sam-odluchil-za-srebrenitsa-bidejki-bil-vo-kampana-odnosite-im-bile-korektni-chekal-glasovi-od-dui-vo-vtoriot-krug/ Sat, 20 Apr 2024 18:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=768612

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се наоѓа во средината на еден мега скандал поради тоа што еднострано одлучи Македонија да ја поддржи Декларацијата на ОН за Сребреница. Ваквата состојба директно во ТВ гостување ја потврди лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Овој потег предизвикува големи контроверзии на соцојалните мрежи, при што критичарите го посочуваат како флагрантно кршење на Законот за надворешни работи и злоупотреба на институционалната моќ за лична корист од страна на Бујар Османи, анализира Нетпрес.

Обвинувања за злоупотреба на власта

Во анализата на порталот изнесени се повеќе видувања на политички аналитирачри, според кои одлуката на Османи е класичен случај на злоупотреба на институциите во корист на неговата претседателска кампања и уште еден показател дека владата во Македонија е под влијание на политичката врхушка на Демократска унија за интеграција.

„Ова е доказ дека СДСМ е измеќар на ДУИ и на министерот Османи“, тврди познат политички аналитичар на социјалните мрежи. „Изненадува молкот на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, за овој мега скандал“, додава тој, сугерирајќи дека неодговорноста на Пендаровски е повеќе од вознемирувачка и резултат на неговата цел за ги доние албанските гласови во бториот круг од изборите.

Обвинувања за разногласје во владата

Критичарите на социјалните мрежи, исто така, тврдат, пренесува порталот, дека одлуката на Османи покажува вознемирувачко ниво на разногласје во владата. „Ова е доказ дека Пендаровски и Ковачевски станаа слуги на Османи и Али Ахмети заради поголема моќ“, вели друг експерт, истакнувајќи го вооченото влијание на политичките фигури врз владините одлуки.

Недостаток на консултации

Едно од клучните прашања што го отвори оваа полемика е дали министерот Османи пред да ја донесе оваа одлука се консултирал со министрите од СДСМ или со претседателот на Република Македонија?! „Дали министерот Османи делуваше еднострано или имаше консултации во Владата? прашува правен експерт. „Ако се заобиколат соодветните канали, ова е исклучително опасен преседан за владеењето на правото во Македонија, заклучива тој.

Повици за транспарентност

Во светлината на овие наводи, има се’ поголеми повици за одговорност во врска со овој случај. „Народот во Македонија заслужува да ја знае вистината зад оваа одлука“, нагласува активист за граѓански права. „Транспарентноста е клучна за одржување на довербата во нашите институции, финишира тој.

Мислења на експерти

Нептрес пренесува изјави на експерти од различни области кои изразуваат сериозна загриженост за импликациите на постапките на Османи.

„Овој потег на министерот Османи отвора сериозни прашања за независноста на нашата надворешна политика“, коментира специјалист за надворешни работи. „Важно е одлуките од оваа големина да се носат со внимателно разгледување и во согласност со воспоставените протоколи”, заклучива тој во објава на социјалните мрежи.

Додека трае дебатата, едно е јасно: министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, се соочува со интензивна критика поради неговата еднострана одлука да ја поддржи Декларацијата на ОН за Сребреница. Наводите за прекршување на законите, злоупотреба на моќ и недостигот на транспарентност фрлија сенка на овој потег, поттикнувајќи повици за темелна истрага. Иднината на надворешната политика на Македонија виси на конец додека нацијата се бори со овие вознемирувачки обвинувања.

The post Ковачевски вели дека Османи сам одлучил за Сребреница бидејќи бил во кампања, односите им биле коректни – чекал гласови од ДУИ во вториот круг appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се наоѓа во средината на еден мега скандал поради тоа што еднострано одлучи Македонија да ја поддржи Декларацијата на ОН за Сребреница. Ваквата состојба директно во ТВ гостување ја потврди лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Овој потег предизвикува големи контроверзии на соцојалните мрежи, при што критичарите го посочуваат како флагрантно кршење на Законот за надворешни работи и злоупотреба на институционалната моќ за лична корист од страна на Бујар Османи, анализира Нетпрес.

Обвинувања за злоупотреба на власта

Во анализата на порталот изнесени се повеќе видувања на политички аналитирачри, според кои одлуката на Османи е класичен случај на злоупотреба на институциите во корист на неговата претседателска кампања и уште еден показател дека владата во Македонија е под влијание на политичката врхушка на Демократска унија за интеграција.
„Ова е доказ дека СДСМ е измеќар на ДУИ и на министерот Османи“, тврди познат политички аналитичар на социјалните мрежи. „Изненадува молкот на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, за овој мега скандал“, додава тој, сугерирајќи дека неодговорноста на Пендаровски е повеќе од вознемирувачка и резултат на неговата цел за ги доние албанските гласови во бториот круг од изборите.

Обвинувања за разногласје во владата

Критичарите на социјалните мрежи, исто така, тврдат, пренесува порталот, дека одлуката на Османи покажува вознемирувачко ниво на разногласје во владата. „Ова е доказ дека Пендаровски и Ковачевски станаа слуги на Османи и Али Ахмети заради поголема моќ“, вели друг експерт, истакнувајќи го вооченото влијание на политичките фигури врз владините одлуки.

Недостаток на консултации

Едно од клучните прашања што го отвори оваа полемика е дали министерот Османи пред да ја донесе оваа одлука се консултирал со министрите од СДСМ или со претседателот на Република Македонија?! „Дали министерот Османи делуваше еднострано или имаше консултации во Владата? прашува правен експерт. „Ако се заобиколат соодветните канали, ова е исклучително опасен преседан за владеењето на правото во Македонија, заклучива тој.

Повици за транспарентност

Во светлината на овие наводи, има се’ поголеми повици за одговорност во врска со овој случај. „Народот во Македонија заслужува да ја знае вистината зад оваа одлука“, нагласува активист за граѓански права. „Транспарентноста е клучна за одржување на довербата во нашите институции, финишира тој.

Мислења на експерти

Нептрес пренесува изјави на експерти од различни области кои изразуваат сериозна загриженост за импликациите на постапките на Османи.
„Овој потег на министерот Османи отвора сериозни прашања за независноста на нашата надворешна политика“, коментира специјалист за надворешни работи. „Важно е одлуките од оваа големина да се носат со внимателно разгледување и во согласност со воспоставените протоколи”, заклучива тој во објава на социјалните мрежи.
Додека трае дебатата, едно е јасно: министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, се соочува со интензивна критика поради неговата еднострана одлука да ја поддржи Декларацијата на ОН за Сребреница. Наводите за прекршување на законите, злоупотреба на моќ и недостигот на транспарентност фрлија сенка на овој потег, поттикнувајќи повици за темелна истрага. Иднината на надворешната политика на Македонија виси на конец додека нацијата се бори со овие вознемирувачки обвинувања.

The post Ковачевски вели дека Османи сам одлучил за Сребреница бидејќи бил во кампања, односите им биле коректни – чекал гласови од ДУИ во вториот круг appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pendarovski-ke-bide-pretsedatel-na-site-gragani/ Sun, 07 Apr 2024 12:36:28 +0000 https://republika.mk/?p=763441

Промовирајќи штанд за кандидатот за претседател Стево Пендаровски во општина Центар, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и носител на листа во ИЕ 1, изјави дека државава нема алтернатива освен Европската Унија и затоа, рече, нема откажување од конечната цел – Македонија да стане држава со повисок животен стандард, со врвно владеење на правото и врвна борба против корупцијата.

-Коалицијата „За европска иднина“ ги има токму тие вредности, имаме многу конкретен план како тоа да го оствариме. Претседателот Стево Пендаровски исто така има многу јасна визија, голема одлучност, иста како што имам и јас, нашата држава да биде земја членка на Европската Унија, не само заради членство туку заради повисок животен стандард и за подобри услови за живот на граѓаните, рече Ковачевски, нагласувајќи дека со претседател и Влада од оваа коалиција - „државата ќе биде на сигурна патека кон европските интеграции“.

Прашан зошто не бил на митинзите на кандидатот за претседател што е поддржан од СДСМ, Ковачевски одговори дека „претседателот Пендаровски има многу јасна поддршка од граѓаните изразена преку 22 илјади потписи поднесени во Државната изборна комисија“.

-За разлика од тоа, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, за кој велеа дека имал над 28 илјади потписи, се испостави дека тие потписи или биле фалсификувани или нешто не било во ред со нив, што ја не можам да го докажувам зашто тоа е работа на ВМРО-ДПМНЕ и затоа нивниот кандидат за претседател е кандидиран со 40-ина потписи на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Ние како коалиција изразуваме многу јасна поддршка и тоа може сите да го видите. Денес сум во промоција на нашиот претседател Стево Пендаровски заедно со коалициските партнери и на големата конвенција со над 18 000 луѓе во „Борис Трајковски“ јас говорев во името на коалицијата којашто го поддржува.  Од друга страна, претседателскиот кандидат Пендаровски е кандидат на граѓаните, поддржан од коалицијата „За европска иднина“ и, како и другите лидери на партиите,  сметам дека на најдобар начин тој својата програма ја објасни пред граѓаните, со граѓаните и за граѓаните, зашто на крајот на денот претседателот Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани, а не продолжена рака на една политичка партија како што е претседателскиот кандидат Силјановска, изјави лидерот на СДСМ.

На прашање за т.н. нон пејпер на партиите од албанскиот политички блок за усвојување на уставните измени, Ковачевски одговори дека тој документ бил актуелен пред два месеца и не знае дали е или не е  потпишан зашто не е дел од него.

-Во однос на уставните измени, ако некој има јасен став и ако некој презел одговорност за потребата да го преземеме тој чекор за да ги отвориме поглавјата и конечно да станеме земја членка на Европската Унија, тогаш тоа сум јас. Среќен сум што презедов одговорност и кој има храброст, за разлика од други политичари од опозицијата кои никогаш немале храброст за ништо, уставните измени да ги поднесе во Собранието, рече Ковачевски и додаде дека нивното гласање тој не го користи како „инструмент за политичка борба“ туку тоа е „чин што треба да се случи порано“.

Според него, вклучувањето на бугарскиот народ во Уставот, „конечно ќе стави крај на тезата дека постои еден народ во две држави и „конечно во еден документ ќе стои дека има македонски народ и дека има бугарски народ“.

По 8 мај, ако ја добие довербата, како што рече, веднаш ќе почне со реформи во правосудниот систем за кои исто така ќе требаат уставни измени.

-Тоа ќе бидат вторите уставни измени кои веднаш по добивањето на мандатот ќе ги поднесам во Собранието, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски: Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани appeared first on Република.

]]>

Промовирајќи штанд за кандидатот за претседател Стево Пендаровски во општина Центар, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и носител на листа во ИЕ 1, изјави дека државава нема алтернатива освен Европската Унија и затоа, рече, нема откажување од конечната цел – Македонија да стане држава со повисок животен стандард, со врвно владеење на правото и врвна борба против корупцијата. -Коалицијата „За европска иднина“ ги има токму тие вредности, имаме многу конкретен план како тоа да го оствариме. Претседателот Стево Пендаровски исто така има многу јасна визија, голема одлучност, иста како што имам и јас, нашата држава да биде земја членка на Европската Унија, не само заради членство туку заради повисок животен стандард и за подобри услови за живот на граѓаните, рече Ковачевски, нагласувајќи дека со претседател и Влада од оваа коалиција - „државата ќе биде на сигурна патека кон европските интеграции“. Прашан зошто не бил на митинзите на кандидатот за претседател што е поддржан од СДСМ, Ковачевски одговори дека „претседателот Пендаровски има многу јасна поддршка од граѓаните изразена преку 22 илјади потписи поднесени во Државната изборна комисија“. -За разлика од тоа, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, за кој велеа дека имал над 28 илјади потписи, се испостави дека тие потписи или биле фалсификувани или нешто не било во ред со нив, што ја не можам да го докажувам зашто тоа е работа на ВМРО-ДПМНЕ и затоа нивниот кандидат за претседател е кандидиран со 40-ина потписи на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Ние како коалиција изразуваме многу јасна поддршка и тоа може сите да го видите. Денес сум во промоција на нашиот претседател Стево Пендаровски заедно со коалициските партнери и на големата конвенција со над 18 000 луѓе во „Борис Трајковски“ јас говорев во името на коалицијата којашто го поддржува.  Од друга страна, претседателскиот кандидат Пендаровски е кандидат на граѓаните, поддржан од коалицијата „За европска иднина“ и, како и другите лидери на партиите,  сметам дека на најдобар начин тој својата програма ја објасни пред граѓаните, со граѓаните и за граѓаните, зашто на крајот на денот претседателот Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани, а не продолжена рака на една политичка партија како што е претседателскиот кандидат Силјановска, изјави лидерот на СДСМ. На прашање за т.н. нон пејпер на партиите од албанскиот политички блок за усвојување на уставните измени, Ковачевски одговори дека тој документ бил актуелен пред два месеца и не знае дали е или не е  потпишан зашто не е дел од него. -Во однос на уставните измени, ако некој има јасен став и ако некој презел одговорност за потребата да го преземеме тој чекор за да ги отвориме поглавјата и конечно да станеме земја членка на Европската Унија, тогаш тоа сум јас. Среќен сум што презедов одговорност и кој има храброст, за разлика од други политичари од опозицијата кои никогаш немале храброст за ништо, уставните измени да ги поднесе во Собранието, рече Ковачевски и додаде дека нивното гласање тој не го користи како „инструмент за политичка борба“ туку тоа е „чин што треба да се случи порано“. Според него, вклучувањето на бугарскиот народ во Уставот, „конечно ќе стави крај на тезата дека постои еден народ во две држави и „конечно во еден документ ќе стои дека има македонски народ и дека има бугарски народ“. По 8 мај, ако ја добие довербата, како што рече, веднаш ќе почне со реформи во правосудниот систем за кои исто така ќе требаат уставни измени. -Тоа ќе бидат вторите уставни измени кои веднаш по добивањето на мандатот ќе ги поднесам во Собранието, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски: Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Пендаровски покажа лидерство за европската иднина на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-pendarovski-pokazha-liderstvo-za-evropskata-idnina-na-drzhavata/ Tue, 02 Apr 2024 19:47:28 +0000 https://republika.mk/?p=761459

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва за време на Конвенцијата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на која ќе биде претставена неговата изборна програма, порача дека токму Пендаровски покажал лидерство за европската иднина на државата.

Ковачевски зборувајќи пред присутните зошто Стево Пендаровски треба да биде идниот претседател, посочи дека Пендаровски постапил како вистински лидер во времето кога беше доставен Европскиот предлог.

-Кога беше време да се отворат преговорите со ЕУ во јули 2022 Стево и јас седевме заедно и тој рече „Знам дека од утре целиот притисок ќе биде врз тебе. Знам дека целиот овој процес ти ќе мора да го изодиш до крај. Затоа, јас ќе стојам рамо до рамо до тебе. Затоа, јас прв ќе излезам на прес конференција и ќе кажам: Да, Македонија треба го прифати Европскиот предлог. Македонија треба да стане земја членка на ЕУ. Тоа е начинот на кој постапуваат вистинските лидери. Лидерите кои им мислат добро на својот народ и на својата држава, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ порача дека заедно со него, со Пендаровски и граѓаните, државата до 2030 година ќе биде земја членка на ЕУ.

-Со вакви храбри луѓе, направени од ваков цврст материјал што ништо не може да го скрши, Македонија ќе стане земја членка на ЕУ. Со Стево, со вас и со мене, во 2028 година Македонија ќе ги заврши преговорите со ЕУ и сите вие овде ќе бидете горди што се биле дел од патот на Македонија кон поправедна, побогата, подемократска европска држава, порача Ковачевски.

Конвенцијата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски кој се трка за втор мандат за шеф на државата на претстојните претседателски избори се одржува вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

The post Ковачевски: Пендаровски покажа лидерство за европската иднина на државата appeared first on Република.

]]>

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва за време на Конвенцијата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на која ќе биде претставена неговата изборна програма, порача дека токму Пендаровски покажал лидерство за европската иднина на државата. Ковачевски зборувајќи пред присутните зошто Стево Пендаровски треба да биде идниот претседател, посочи дека Пендаровски постапил како вистински лидер во времето кога беше доставен Европскиот предлог. -Кога беше време да се отворат преговорите со ЕУ во јули 2022 Стево и јас седевме заедно и тој рече „Знам дека од утре целиот притисок ќе биде врз тебе. Знам дека целиот овој процес ти ќе мора да го изодиш до крај. Затоа, јас ќе стојам рамо до рамо до тебе. Затоа, јас прв ќе излезам на прес конференција и ќе кажам: Да, Македонија треба го прифати Европскиот предлог. Македонија треба да стане земја членка на ЕУ. Тоа е начинот на кој постапуваат вистинските лидери. Лидерите кои им мислат добро на својот народ и на својата држава, рече Ковачевски. Претседателот на СДСМ порача дека заедно со него, со Пендаровски и граѓаните, државата до 2030 година ќе биде земја членка на ЕУ. -Со вакви храбри луѓе, направени од ваков цврст материјал што ништо не може да го скрши, Македонија ќе стане земја членка на ЕУ. Со Стево, со вас и со мене, во 2028 година Македонија ќе ги заврши преговорите со ЕУ и сите вие овде ќе бидете горди што се биле дел од патот на Македонија кон поправедна, побогата, подемократска европска држава, порача Ковачевски. Конвенцијата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски кој се трка за втор мандат за шеф на државата на претстојните претседателски избори се одржува вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

The post Ковачевски: Пендаровски покажа лидерство за европската иднина на државата appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не е портпарол за вработувањата во М-НАВ, но очигледно не е ниту некаков фактор во владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-ne-e-portparol-za-vrabotuvanata-vo-m-nav-no-ochigledno-ne-e-nitu-nekakov-faktor-vo-vladata/ Wed, 17 Jan 2024 09:18:43 +0000 https://republika.mk/?p=733903

„Не сум портпарол на функционерите, чии роднини се вработени во МНАВ“, вели Ковачевски. Точно, Ковачевски не е портпарол на владата за вработувањата во М-НАВ, но очигледно не е ниту некаков фактор во владата, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Неговото, `не сум портпарол`, е новото `прашајте ја институцијата` секогаш кога Ковачевски нема одговори. Кога Ковачевски изјавува дека имало вработувања до трето колено во М-НАВ, очигледно мисли, на неговиот партиски колега и министер Љупчо Николовски, каде е вработен неговиот внук, а според признанието на самиот Николовски во 2018, таму се вработени и чичко му и братучед му! Понатаму, не заостануваат ни од ДУИ, во партиските и роднински вработувања, па така: Бујар Османи вработил сестра, Артан Груби ја вработил снаата, Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син, Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – си го вработил внукот, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат „јавноста памети дека од 2018, континуирано алармираме за партиски вработувања во М-НАВ, за:

– син на директор на социјалните фондови;

– внук на директор на телекомуникациски оператор;

– Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри;

– Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески;

– роднина на екс-министерот Горан Сугарески;

– за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска.

Потоа, таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, како и братучетка на екс- министерката Јагода Шахпаска од СДС“.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не е портпарол за вработувањата во М-НАВ, но очигледно не е ниту некаков фактор во владата appeared first on Република.

]]>

„Не сум портпарол на функционерите, чии роднини се вработени во МНАВ“, вели Ковачевски. Точно, Ковачевски не е портпарол на владата за вработувањата во М-НАВ, но очигледно не е ниту некаков фактор во владата, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Неговото, `не сум портпарол`, е новото `прашајте ја институцијата` секогаш кога Ковачевски нема одговори. Кога Ковачевски изјавува дека имало вработувања до трето колено во М-НАВ, очигледно мисли, на неговиот партиски колега и министер Љупчо Николовски, каде е вработен неговиот внук, а според признанието на самиот Николовски во 2018, таму се вработени и чичко му и братучед му! Понатаму, не заостануваат ни од ДУИ, во партиските и роднински вработувања, па така: Бујар Османи вработил сестра, Артан Груби ја вработил снаата, Ејуп Алими (експратеник на ДУИ) – две снаи и син, Беким Незири (притворен како предводник на групата тепачи) – си го вработил внукот, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат „јавноста памети дека од 2018, континуирано алармираме за партиски вработувања во М-НАВ, за: – син на директор на социјалните фондови; – внук на директор на телекомуникациски оператор; – Ветон Кадри, син на пратеничката Шпреса Кадри; – Антонио Кочовски зет на тогаш првиот човек на СДС од Охрид, Лазе Танески; – роднина на екс-министерот Горан Сугарески; – за претседател на УО на М-НАВ беше поставен Николче Тасески, зет на екс-министерката Рената Дескоска. Потоа, таму е вработен и синот на Стевчо Јакимовски, како и братучетка на екс- министерката Јагода Шахпаска од СДС“.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не е портпарол за вработувањата во М-НАВ, но очигледно не е ниту некаков фактор во владата appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Во тек се разговорите за настап на изборите, нашата коалиција ќе биде победничка, а јас повторно ќе бидат мандатар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-tek-se-razgovorite-za-nastap-na-izborite-nashata-koalitsija-ke-bide-pobednichka-a-jas-povtorno-ke-bidat-mandatar/ Mon, 25 Dec 2023 12:49:03 +0000 https://republika.mk/?p=726494

Се водат разговори и со традиционалните коалициски партнери и со другите коалициски партнери во Владата, но да оставиме простор, врз основа на емпириските анализи и врз основа на програмското и кадровското усогласување, да дојдеме до заедничка одлука за конкретниот настап на изборите, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговорајќи на новинарско прашање дали е можно СДСМ и ДУИ да одат посебно на изборите и како напредуваат разговорите за предизборна коалиција, тој повтори дека коалициите се прават врз основа на вредности.

Ковачевски потсети и дека СДСМ, со одлука на Извршниот одбор, веќе повика на широк европски фронт за изборите во 2024 година.

Според него, едно е сигурно, дека на изборите ќе има два блока од кои едниот, предводен од СДСМ, како што истакна, ќе биде оној што се залага за европска интеграција на државата.

-Нормално дека се водат разговори со коалициските партнери. Тие разговори се на две нивоа, едното е со коалициските партнери кои се во нашата коалиција традиционално и гледате дека дел од нив излегоа со соопштенија дека на изборите ќе настапат заедно со СДСМ. Истото се однесува и на разговори со другите коалициски партнери со кои сме во Владата, а со кои делиме заедничка вредност за европските интеграции, но треба да оставиме простор на времето, врз основа на емпириските анализи и врз основа на програмско и кадровско усогласување да дојдеме до заедничка одлука за конкретниот настап на изборите. Но, едно е сигурно, на изборите ќе има два блока, едниот е блокот што се залага за европска интеграција на државата и тој ќе го предводи СДСМ со претседателски кандидат предложен од СДСМ и на изборите на 24 април тој ќе биде победничкиот кандидат, а на изборите на 8 мај коалицијата за европска интеграција на Македонија ќе биде победничката коалиција и јас повторно ќе бидат мандатар за составување на следната влада. Коалициите се прават врз основа на вредности. Ние покажавме во текот на изминатиот мандат и претходно, дека можеме да донесеме одлуки кои значат просперитет за државата, пред се тука мислам на евроатлантските интеграции, но и на економски просперитет, рече Ковачевски.

Повикувајќи се на статистичките податоци, напомена дека минималната плата е двојно покачена, а просечната повисока за 50 отсто.

-Просечната плата е на историски највисоко ниво во моментов. Инвестициите се на највисоко ниво, антикризните мерки се наменети за најранливите, подготвивме девет пакети кои, според Светска банка, се поголеми од сите земји во регионот, обезбедивме електрична енергија и снабдување на сите потребни продукти без никакви пречки во изминатите три кризни години. Сметам дека на база на тие вредности и перформанси повторно ќе имаме коалиција која ќе биде победник и на претседателските и на парламентарните избори во 2024 година, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за подготовка на активности за изградба на откупни центри во Струмица и Ресен.

The post Ковачевски: Во тек се разговорите за настап на изборите, нашата коалиција ќе биде победничка, а јас повторно ќе бидат мандатар appeared first on Република.

]]>

Се водат разговори и со традиционалните коалициски партнери и со другите коалициски партнери во Владата, но да оставиме простор, врз основа на емпириските анализи и врз основа на програмското и кадровското усогласување, да дојдеме до заедничка одлука за конкретниот настап на изборите, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Одговорајќи на новинарско прашање дали е можно СДСМ и ДУИ да одат посебно на изборите и како напредуваат разговорите за предизборна коалиција, тој повтори дека коалициите се прават врз основа на вредности. Ковачевски потсети и дека СДСМ, со одлука на Извршниот одбор, веќе повика на широк европски фронт за изборите во 2024 година. Според него, едно е сигурно, дека на изборите ќе има два блока од кои едниот, предводен од СДСМ, како што истакна, ќе биде оној што се залага за европска интеграција на државата.
-Нормално дека се водат разговори со коалициските партнери. Тие разговори се на две нивоа, едното е со коалициските партнери кои се во нашата коалиција традиционално и гледате дека дел од нив излегоа со соопштенија дека на изборите ќе настапат заедно со СДСМ. Истото се однесува и на разговори со другите коалициски партнери со кои сме во Владата, а со кои делиме заедничка вредност за европските интеграции, но треба да оставиме простор на времето, врз основа на емпириските анализи и врз основа на програмско и кадровско усогласување да дојдеме до заедничка одлука за конкретниот настап на изборите. Но, едно е сигурно, на изборите ќе има два блока, едниот е блокот што се залага за европска интеграција на државата и тој ќе го предводи СДСМ со претседателски кандидат предложен од СДСМ и на изборите на 24 април тој ќе биде победничкиот кандидат, а на изборите на 8 мај коалицијата за европска интеграција на Македонија ќе биде победничката коалиција и јас повторно ќе бидат мандатар за составување на следната влада. Коалициите се прават врз основа на вредности. Ние покажавме во текот на изминатиот мандат и претходно, дека можеме да донесеме одлуки кои значат просперитет за државата, пред се тука мислам на евроатлантските интеграции, но и на економски просперитет, рече Ковачевски.
Повикувајќи се на статистичките податоци, напомена дека минималната плата е двојно покачена, а просечната повисока за 50 отсто.
-Просечната плата е на историски највисоко ниво во моментов. Инвестициите се на највисоко ниво, антикризните мерки се наменети за најранливите, подготвивме девет пакети кои, според Светска банка, се поголеми од сите земји во регионот, обезбедивме електрична енергија и снабдување на сите потребни продукти без никакви пречки во изминатите три кризни години. Сметам дека на база на тие вредности и перформанси повторно ќе имаме коалиција која ќе биде победник и на претседателските и на парламентарните избори во 2024 година, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за подготовка на активности за изградба на откупни центри во Струмица и Ресен.

The post Ковачевски: Во тек се разговорите за настап на изборите, нашата коалиција ќе биде победничка, а јас повторно ќе бидат мандатар appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: На Архиродон е да одлучи дали ќе ја продолжи постапката за изградба на хидроцентралата Чебрен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-na-arhirodon-e-da-odluchi-dali-ke-ja-prodolzhi-postapkata-za-izgradba-na-hidrotsentralata-chebren/ Tue, 19 Dec 2023 10:51:02 +0000 https://republika.mk/?p=724508

На грчката компанија Архиродон, која е добитникот на тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен, е да одлучи дали ќе продолжи во постапката или нема, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Јас, како што кажа, не можам да зборувам во име на компанија која учествувала на наддавање, ниту за оваа, ниту, пак, за било која друга која учествувала во наддавање.

-Ако имале дополнителни барања во однос на договорот, тогаш тоа се барања кои излегуваат од рамката на договорот кој бил предмет на тендерската постапка која им била достапна на сите други компании кои  учествувале на тој тендер, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на настанот за доделување изводи на досега не евидентирани лица.

Како што истакна, тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен е меѓународен тендер кој е објавен и на кој учествувале девет или 10 реномирани меѓународни компании, чиј составен дел на тендерската документација е договорот за концесија.

-Врз основа на евалуација на независна комисија составен од експерти во Министерството за животна средина еден од понудувачите е избран дека ги исполнува условите. Владата врз основа на тоа носи одлука согласно Закон за концесии, согласно тендерската документација и согласно договорот за концесија кој е предмет на тендерот и согласно Законот за води, појасни Ковачевски.

Прашан зошто ЕСМ има потреба од нови 500 вработувања кога не е во добра состојба и дали станува збор за предизборни вработувања во јавниот сектор, рече дека изборите  се на 8 мај, а денеска е декември.

Во однос на најавениот штрајк во Контрола на летање наведе дека од она што го слушнал од директорот „нема штрајк и се работи за некакво недоразбирање“

The post Ковачевски: На Архиродон е да одлучи дали ќе ја продолжи постапката за изградба на хидроцентралата Чебрен appeared first on Република.

]]>

На грчката компанија Архиродон, која е добитникот на тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен, е да одлучи дали ќе продолжи во постапката или нема, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. Јас, како што кажа, не можам да зборувам во име на компанија која учествувала на наддавање, ниту за оваа, ниту, пак, за било која друга која учествувала во наддавање.
-Ако имале дополнителни барања во однос на договорот, тогаш тоа се барања кои излегуваат од рамката на договорот кој бил предмет на тендерската постапка која им била достапна на сите други компании кои  учествувале на тој тендер, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на настанот за доделување изводи на досега не евидентирани лица.
Како што истакна, тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен е меѓународен тендер кој е објавен и на кој учествувале девет или 10 реномирани меѓународни компании, чиј составен дел на тендерската документација е договорот за концесија.
-Врз основа на евалуација на независна комисија составен од експерти во Министерството за животна средина еден од понудувачите е избран дека ги исполнува условите. Владата врз основа на тоа носи одлука согласно Закон за концесии, согласно тендерската документација и согласно договорот за концесија кој е предмет на тендерот и согласно Законот за води, појасни Ковачевски.
Прашан зошто ЕСМ има потреба од нови 500 вработувања кога не е во добра состојба и дали станува збор за предизборни вработувања во јавниот сектор, рече дека изборите  се на 8 мај, а денеска е декември. Во однос на најавениот штрајк во Контрола на летање наведе дека од она што го слушнал од директорот „нема штрајк и се работи за некакво недоразбирање“

The post Ковачевски: На Архиродон е да одлучи дали ќе ја продолжи постапката за изградба на хидроцентралата Чебрен appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ќе биде носител во првата изборна единица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ke-bide-nositel-vo-prvata-izborna-edinitsa/ Mon, 18 Dec 2023 10:36:37 +0000 https://republika.mk/?p=724259

Постојат држави кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ и сакаат статус-кво на Балканот. Имаат свој интерес. Има и политички партии и поединци кои мислат дека земјава не треба да биде дел од Унијата и не сакаат да видат земја со демократско владеење. Споредете го само владеењето сега и до 2016 година. Бевме 130 место по слобода на медиумите, денеска сме 38-мо, рече премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето на емисијата „Студио 10“.

Ковачевски е дециден дека денеска Владата е 100% транспаретна.

-Во тоа време немаше казнивост на владини функционери. Сега имате голем број на владини функционери кои се судски процесуирани, порача претседателот на Владата.

Околу изборите наредната година, Ковачевски истакна дека ќе победи претседателскиот кандидат предложен од владеачката коалиција. Премиерот најави дека ќе биде носител во првата изборна единица на парламентарните избори. За останатите одлуки и предлози за изборите, Ковачевски изјави дека допрва треба да се одлучи.

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски пред еден месец, најави дека по првпат ќе биде носител на листа на парламентарните избори и ќе ја предводи листата во првата изборна единица.

The post Ковачевски ќе биде носител во првата изборна единица appeared first on Република.

]]>

Постојат држави кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ и сакаат статус-кво на Балканот. Имаат свој интерес. Има и политички партии и поединци кои мислат дека земјава не треба да биде дел од Унијата и не сакаат да видат земја со демократско владеење. Споредете го само владеењето сега и до 2016 година. Бевме 130 место по слобода на медиумите, денеска сме 38-мо, рече премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето на емисијата „Студио 10“.
Ковачевски е дециден дека денеска Владата е 100% транспаретна.
-Во тоа време немаше казнивост на владини функционери. Сега имате голем број на владини функционери кои се судски процесуирани, порача претседателот на Владата.
Околу изборите наредната година, Ковачевски истакна дека ќе победи претседателскиот кандидат предложен од владеачката коалиција. Премиерот најави дека ќе биде носител во првата изборна единица на парламентарните избори. За останатите одлуки и предлози за изборите, Ковачевски изјави дека допрва треба да се одлучи. Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски пред еден месец, најави дека по првпат ќе биде носител на листа на парламентарните избори и ќе ја предводи листата во првата изборна единица.

The post Ковачевски ќе биде носител во првата изборна единица appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за платите на функционерите: Сите чинители да седнат на маса и да се најде уставно издржано решение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-platite-na-funktsionerite-site-chiniteli-da-sednat-na-masa-i-da-se-najde-ustavno-izdrzhano-reshenie/ Fri, 15 Dec 2023 11:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=723282

Мора сите чинители во општеството да седнат на маса и да се направи решение кое ќе биде уставно издржано, вели премиерот Димитар Ковачевски во однос на платите на избраните и именуваните лица кои со одлука на Уставниот суд беа зголемени за 78 проценти.

Според Ковачевски, има иницијатива и работна група која работи на проблемот, но потребна е усогласеност од сите чинители.

- Не можете да вратите одлука на Уставен суд. Одлуката на Уставен суд е финална одлука во државата. Со која одлука ќе поништите одлука на Уставен суд? Уставниот суд постои за да биде финален арбитар на она што се случува во законодавството. Затоа велам дека сите чинители во општеството ќе мора да седнат на маса бидејќи само така може да се направи системско решение, изјави денеска Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на монографијата „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи (1948-2023)“.

Посочи дека од 1.100 избрани и именувани лица, само 42 се од Владата, а 120 се пратеници, 80 градоначалници и над 700 судии и обвинители.

- Висината на платите е регулирана согласно седум закони при што во еден од нив стои дека не може да се намалува плата на суд. Втора работа е што Владата не може да определува плата на пратеници бидејќи пратениците ја бираат Владата и затоа уште пред година ипол кажав дека решението треба да е системско решение во кое ќе се каже која е највисоката плата и потоа да се направи градација. Овде се работи за одлука на Уставниот суд со која се поништи одлуката за замрзнување на платите на избрани и именувани лица, рече Ковачевски.

The post Ковачевски за платите на функционерите: Сите чинители да седнат на маса и да се најде уставно издржано решение appeared first on Република.

]]>

Мора сите чинители во општеството да седнат на маса и да се направи решение кое ќе биде уставно издржано, вели премиерот Димитар Ковачевски во однос на платите на избраните и именуваните лица кои со одлука на Уставниот суд беа зголемени за 78 проценти. Според Ковачевски, има иницијатива и работна група која работи на проблемот, но потребна е усогласеност од сите чинители.
- Не можете да вратите одлука на Уставен суд. Одлуката на Уставен суд е финална одлука во државата. Со која одлука ќе поништите одлука на Уставен суд? Уставниот суд постои за да биде финален арбитар на она што се случува во законодавството. Затоа велам дека сите чинители во општеството ќе мора да седнат на маса бидејќи само така може да се направи системско решение, изјави денеска Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на монографијата „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи (1948-2023)“.
Посочи дека од 1.100 избрани и именувани лица, само 42 се од Владата, а 120 се пратеници, 80 градоначалници и над 700 судии и обвинители.
- Висината на платите е регулирана согласно седум закони при што во еден од нив стои дека не може да се намалува плата на суд. Втора работа е што Владата не може да определува плата на пратеници бидејќи пратениците ја бираат Владата и затоа уште пред година ипол кажав дека решението треба да е системско решение во кое ќе се каже која е највисоката плата и потоа да се направи градација. Овде се работи за одлука на Уставниот суд со која се поништи одлуката за замрзнување на платите на избрани и именувани лица, рече Ковачевски.

The post Ковачевски за платите на функционерите: Сите чинители да седнат на маса и да се најде уставно издржано решение appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Кога ЕУ не поддржува, ние победуваме, кога ние победуваме, Европа победува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-koga-eu-ne-poddrzhuva-nie-pobeduvame-koga-nie-pobeduvame-evropa-pobeduva/ Thu, 14 Dec 2023 12:41:20 +0000 https://republika.mk/?p=722932

Премерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Брисел, денеска присуствуваше на работен состанок на европски лидери членови на Партијата на европски социјалисти, на кој беа присутни повеќе лидери на европски земји меѓу кои и премиерот на Шпанија Педро Санчез, премиерот на Португалија Антонио Коста и премиерот на Косово, Албин Курти, како и високи претставници на ЕУ, меѓу кои, потпретседателите на Европската комисија, Марош Шефчовиќ и Жосеп Борел, комесарите Паоло Џентилони, Николас Шмит и Елиса Фереира.

Како што информира Владината прес-служба, се работи за редовен состанок на лидерите на кој се разговара за актуелни прашања на дневен ред на ЕУ, во функција на координирање на ставовите во пресрет на состанокот на Европскиот совет.

На состанокот, Ковачевски изрази благодарност за континуираната поддршка која Македонија ја добива од европските социјалисти, кои, како што рече, се гласни поддржувачи на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

-Анализирајќи ги изминатите три децении период полн со предизвици низ кои помина нашата земја, Ковачевски истакна дека прогресивната политика на Владата на СДСМ ја извади Македонија од мрачното сценарио на национализам, назадување и изолација на земјата. Сега земјата е исправена пред нов предизвик, двоен изборен процес на кој ќе се избира претседател на државата и идна влада, која како што истакна Ковачевски, во обраќањето, мора да биде европска и прогресивна. Ако европската агенда не надвладее, мрачното сценарио ќе ги врати земјата и регионот во неизвесни води, во изолација. Македонија тоа еднаш го помина и тоа не смее да се повтори. Ковачевски посочи дека Владата изминативе неколку години, со конструктивен дијалог и демократски политики ги реши споровите и земјата стана членка на НАТО. Напредокот на Македонија не беше само на меѓународен план, Владата ја зголеми минималната плата и социјалниот пакет, а ја намали и невработеноста, се вели во владиното соопштение.

Премиерот во своето излагање упати порака дека ЕУ не треба да се откаже од својот успешен надворешно-политички инструмент насочен кон мир и промовирање реформи. Интеграцијата на Македонија во ЕУ ќе биде гарант и за стабилноста на Западен Балкан.

-Кога ЕУ нѐ поддржува, ние победуваме. Кога ние победуваме, Европа победува, истакна Ковачевски.

Во своите обраќања, присутните лидери од партиите на европските социјалисти говореа за геостратешките предизвици на Унијата и ја истакнаа нивната силна поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

The post Ковачевски: Кога ЕУ не поддржува, ние победуваме, кога ние победуваме, Европа победува appeared first on Република.

]]>

Премерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Брисел, денеска присуствуваше на работен состанок на европски лидери членови на Партијата на европски социјалисти, на кој беа присутни повеќе лидери на европски земји меѓу кои и премиерот на Шпанија Педро Санчез, премиерот на Португалија Антонио Коста и премиерот на Косово, Албин Курти, како и високи претставници на ЕУ, меѓу кои, потпретседателите на Европската комисија, Марош Шефчовиќ и Жосеп Борел, комесарите Паоло Џентилони, Николас Шмит и Елиса Фереира. Како што информира Владината прес-служба, се работи за редовен состанок на лидерите на кој се разговара за актуелни прашања на дневен ред на ЕУ, во функција на координирање на ставовите во пресрет на состанокот на Европскиот совет. На состанокот, Ковачевски изрази благодарност за континуираната поддршка која Македонија ја добива од европските социјалисти, кои, како што рече, се гласни поддржувачи на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. -Анализирајќи ги изминатите три децении период полн со предизвици низ кои помина нашата земја, Ковачевски истакна дека прогресивната политика на Владата на СДСМ ја извади Македонија од мрачното сценарио на национализам, назадување и изолација на земјата. Сега земјата е исправена пред нов предизвик, двоен изборен процес на кој ќе се избира претседател на државата и идна влада, која како што истакна Ковачевски, во обраќањето, мора да биде европска и прогресивна. Ако европската агенда не надвладее, мрачното сценарио ќе ги врати земјата и регионот во неизвесни води, во изолација. Македонија тоа еднаш го помина и тоа не смее да се повтори. Ковачевски посочи дека Владата изминативе неколку години, со конструктивен дијалог и демократски политики ги реши споровите и земјата стана членка на НАТО. Напредокот на Македонија не беше само на меѓународен план, Владата ја зголеми минималната плата и социјалниот пакет, а ја намали и невработеноста, се вели во владиното соопштение. Премиерот во своето излагање упати порака дека ЕУ не треба да се откаже од својот успешен надворешно-политички инструмент насочен кон мир и промовирање реформи. Интеграцијата на Македонија во ЕУ ќе биде гарант и за стабилноста на Западен Балкан. -Кога ЕУ нѐ поддржува, ние победуваме. Кога ние победуваме, Европа победува, истакна Ковачевски. Во своите обраќања, присутните лидери од партиите на европските социјалисти говореа за геостратешките предизвици на Унијата и ја истакнаа нивната силна поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

The post Ковачевски: Кога ЕУ не поддржува, ние победуваме, кога ние победуваме, Европа победува appeared first on Република.

]]>
Ковачевски порачува дека владата е отворена и транспарентна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-porachuva-deka-vladata-e-otvorena-i-transparentna/ Tue, 12 Dec 2023 10:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=722096

Според Институтот за граѓански комуникации кој го мери индексот на активна транспарентност, Владата во 2016 година имала 25 проценти транспарентност, која почнува да расте и во последните две години достигнува и задржува сто процентна транспарентност, посочи премиерот Димитар Ковачевски.

Тој денеска во своето обраќање на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“, организирана од Институтот за комуникациски студии (ИКС), рече дека вкупната активна транспарентност кај институциите за 2023 година е 76 проценти, во 2021 година била 63 проценти за разлика од 2016 година, кога била 45 проценти.

-Од 2017 година наваму Владата е отворена и транспарентна и тоа го докажуваат годишните бројки. Бројките за Владата како институција според Центарот за граѓански комуникации кој го мери индексот на активна транспарентност велат дека во 2016 година имало 25 проценти транспарентност, која почнува да расте и во последните две години достигнува и задржува сто процентна транспарентност, рече Ковачевски.

Тој додаде дека Министерството за одбрана, според индексот, има постигнато сто проценти транспарентност и тоа неколку години по ред, Министерството за финансии има 98, 1 процент, а Министерството за здравство има 91, 3 проценти транспарентност.

Директорката на Институт за комуникациски студии Жанета Трајкоска осврнувајќи се на податоците од нивното истражување за транспарентност на институциите, за време на конференцијата рече дека Собранието, политичките партии и Јавното обвинителство имаат оценка од 2,5, 2,7 и 2.8 отсто, а судовите 2,4 отсто и тие имаат најниска доверба.

Како што додаде, претседателот на државата ужива малку поголема доверба од 3,5 отсто, полицијата 3,8 отсто, локалната власт 3,7 отсто, а институција со највисока доверба е Армијата.

Таа напомена дека медиумите имаат доверба од 3,5 отсто исто колку што и невладините организации. Ниска или умерена доверба имаат и меѓународните сојузи како Обединетите Нации и НАТО, односно 3,9 и 3,8 отсто, а ЕУ 3,5 отсто. Верските заедници имаат исто така умерена доверба од 4.4.

-Ако ги видиме резултатите на довербата кон информациите кои граѓаните ги добиваат, исто така перцепциите на граѓаните не се позитивни. Огромно мнозинство граѓани е скептично кон се што се објавува. Повеќе од половината воопшто не веруваат на која било објавена информација. 30 отсто претпоставуваат дека е веродостојна, а само 14 отсто за се што е објавено во медиумите сметаат дека е точно. Она што е позитивно во истражувањето е дека најголем дел од овие 14 отсто се млади од 18 до 24 години, рече Трајкоска.

Според Трајковска, разочарувачка е перцепцијата и за отчетноста на државните органи. Учесниците во истражувањето сметаат дека често има изговори на функционерите да се однесуваат несоодветно.

Како што рече, Собранието и Обвинителството добија ниски оценки. Само еден процент од анкетираните граѓани се согласуваат дека пратениците секогаш се грижат за граѓанските интереси и за граѓаните или дека обвиненијата на Јавното обвинителство добиваат разрешница.

-Овие бројки на перцепција и на недоверба се една ладна шлаканица за сите нас, додаде Трајкоска.

Амбасадорот на Обединето Кралство во земјава Метју Лосон, на конференцијата рече дека Обединетото Кралство е целосно посветено да даде поддршка на Владата во врска со разрешување на корупцијата и поголема транспарентност.

-Во оваа држава, но и во многу други држави е потврдено дека коруцпијата е најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните. Кога патувам низ државите она што го дознавам од владите таму е дека најголема грижа е како да се реши корупцијата бидејќи ја нарушува демократијата и транспарентноста, и ја намалува довербата во јавните институции. Затоа сме горди што работиме со сите институции во оваа држава во правосудниот и во граѓанскиот сектор преку нашите програми, рече Лосон.

The post Ковачевски порачува дека владата е отворена и транспарентна appeared first on Република.

]]>

Според Институтот за граѓански комуникации кој го мери индексот на активна транспарентност, Владата во 2016 година имала 25 проценти транспарентност, која почнува да расте и во последните две години достигнува и задржува сто процентна транспарентност, посочи премиерот Димитар Ковачевски. Тој денеска во своето обраќање на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“, организирана од Институтот за комуникациски студии (ИКС), рече дека вкупната активна транспарентност кај институциите за 2023 година е 76 проценти, во 2021 година била 63 проценти за разлика од 2016 година, кога била 45 проценти. -Од 2017 година наваму Владата е отворена и транспарентна и тоа го докажуваат годишните бројки. Бројките за Владата како институција според Центарот за граѓански комуникации кој го мери индексот на активна транспарентност велат дека во 2016 година имало 25 проценти транспарентност, која почнува да расте и во последните две години достигнува и задржува сто процентна транспарентност, рече Ковачевски. Тој додаде дека Министерството за одбрана, според индексот, има постигнато сто проценти транспарентност и тоа неколку години по ред, Министерството за финансии има 98, 1 процент, а Министерството за здравство има 91, 3 проценти транспарентност. Директорката на Институт за комуникациски студии Жанета Трајкоска осврнувајќи се на податоците од нивното истражување за транспарентност на институциите, за време на конференцијата рече дека Собранието, политичките партии и Јавното обвинителство имаат оценка од 2,5, 2,7 и 2.8 отсто, а судовите 2,4 отсто и тие имаат најниска доверба. Како што додаде, претседателот на државата ужива малку поголема доверба од 3,5 отсто, полицијата 3,8 отсто, локалната власт 3,7 отсто, а институција со највисока доверба е Армијата. Таа напомена дека медиумите имаат доверба од 3,5 отсто исто колку што и невладините организации. Ниска или умерена доверба имаат и меѓународните сојузи како Обединетите Нации и НАТО, односно 3,9 и 3,8 отсто, а ЕУ 3,5 отсто. Верските заедници имаат исто така умерена доверба од 4.4. -Ако ги видиме резултатите на довербата кон информациите кои граѓаните ги добиваат, исто така перцепциите на граѓаните не се позитивни. Огромно мнозинство граѓани е скептично кон се што се објавува. Повеќе од половината воопшто не веруваат на која било објавена информација. 30 отсто претпоставуваат дека е веродостојна, а само 14 отсто за се што е објавено во медиумите сметаат дека е точно. Она што е позитивно во истражувањето е дека најголем дел од овие 14 отсто се млади од 18 до 24 години, рече Трајкоска. Според Трајковска, разочарувачка е перцепцијата и за отчетноста на државните органи. Учесниците во истражувањето сметаат дека често има изговори на функционерите да се однесуваат несоодветно. Како што рече, Собранието и Обвинителството добија ниски оценки. Само еден процент од анкетираните граѓани се согласуваат дека пратениците секогаш се грижат за граѓанските интереси и за граѓаните или дека обвиненијата на Јавното обвинителство добиваат разрешница. -Овие бројки на перцепција и на недоверба се една ладна шлаканица за сите нас, додаде Трајкоска. Амбасадорот на Обединето Кралство во земјава Метју Лосон, на конференцијата рече дека Обединетото Кралство е целосно посветено да даде поддршка на Владата во врска со разрешување на корупцијата и поголема транспарентност. -Во оваа држава, но и во многу други држави е потврдено дека коруцпијата е најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните. Кога патувам низ државите она што го дознавам од владите таму е дека најголема грижа е како да се реши корупцијата бидејќи ја нарушува демократијата и транспарентноста, и ја намалува довербата во јавните институции. Затоа сме горди што работиме со сите институции во оваа држава во правосудниот и во граѓанскиот сектор преку нашите програми, рече Лосон.

The post Ковачевски порачува дека владата е отворена и транспарентна appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не се откажува од техничка влада, грчевито се бори криминализираната ДУИ да има премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-ne-se-otkazhuva-od-tehnichka-vlada-grchevito-se-bori-kriminaliziranata-dui-da-ima-premier/ Sat, 02 Dec 2023 13:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=718683

Tоа што Ковачевски не се откажува од техничката влада значи дека ДУИ му забрани да се откаже од идејата оваа техничка влада да има премиер од криминализираната ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ, откаде велат дека ова е само потврда на фактот дека и со оваа влада управува ДУИ со подизведувач СДС.

„Колата за која збори Таче му зариба, зошто наместо горивото изразено во милиони евра во тендери, наместо во народниот резервоар течеше во приватните џебови на власта. Корупцијата на власта е нотирана во сите извештаи на меѓународните институции. Ковачевски денес кога зборуваше за локалната самоуправа барем признава дека општините се блокирани и кочени од централната власт, но и при таква состојба бројот на проектите за народот се огромни и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се без ниту една афера зад себе. Наредната изјава барем Ковачевски да трепне два пати како сигнал дека не е киднапиран од ДУИ“, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не се откажува од техничка влада, грчевито се бори криминализираната ДУИ да има премиер appeared first on Република.

]]>

Tоа што Ковачевски не се откажува од техничката влада значи дека ДУИ му забрани да се откаже од идејата оваа техничка влада да има премиер од криминализираната ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ, откаде велат дека ова е само потврда на фактот дека и со оваа влада управува ДУИ со подизведувач СДС.
„Колата за која збори Таче му зариба, зошто наместо горивото изразено во милиони евра во тендери, наместо во народниот резервоар течеше во приватните џебови на власта. Корупцијата на власта е нотирана во сите извештаи на меѓународните институции. Ковачевски денес кога зборуваше за локалната самоуправа барем признава дека општините се блокирани и кочени од централната власт, но и при таква состојба бројот на проектите за народот се огромни и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се без ниту една афера зад себе. Наредната изјава барем Ковачевски да трепне два пати како сигнал дека не е киднапиран од ДУИ“, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски не се откажува од техничка влада, грчевито се бори криминализираната ДУИ да има премиер appeared first on Република.

]]>
Ковачевски- Борел: Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности, не само заедница на интереси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-borel-severna-makedonija-pripaga-na-eu-toa-e-zaednitsa-na-vrednosti-ne-samo-zaednitsa-na-interesi/ Wed, 29 Nov 2023 20:25:35 +0000 https://republika.mk/?p=717772

Претседателот на Владата, Ковачевски истакна дека Македонија има јасна евро-интеграциска перспектива, дека Владата има вистинска определба и работи на воведување на европските стандарди и вредности. Показател за тоа, како што рече Ковачевски е и скрининг процесот, а извештај за скринингот ќе биде патоказ со кој земјата ќе го зајакне фокусот во реформата во јавната администрација, механизмите за владеење на правото и борба против корупцијата како и унапредување на пазарното стопанство во државата.

„Скрининг процесот се одвиваше со предвидено темпо, ја задржавме динамиката во текот на целиот процес и очекуваме да заврши следната недела. Како Влада, не дозволивме внатреполитичките спорови да ги стават на страна реформите потребни кон приближување на стандардите и законите на ЕУ, ниту пак да го отежнат или спречат процесот на скрининг кој успешно го предводеше вицепремиерот за европски интеграции, заедно со неговите колеги  но и сите други вклучени од останатите министерства и други министерства, како и стопански комори коишто учествуваа во скринингот кој се одвиваше во текот на изминатиот период во Брисел“-изјави премиерот.

Премиерот истакна дека со својот вечераше гостин Борел се согласиле дека Македонија мора да продолжи со процесот на ЕУ интеграција. Европскиот напредок на земјата е важен поради подобра иднина на граѓаните подобар животен стандард, како и иднината на новите генерации кои заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ.

„Нашите граѓаните не заслужуваат и не сакаат статус кво и нашите граѓани не заслужуваат повторно изолација каква што гледавме 11 години. Членството во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива. Дали ќе бидеме таму набрзо, зависи само од нас, и тоа зависи од сите нас, односно од сите политички чинители во оваа земја, кои имаат одговорност пред народот да испорачаат резултати на патот кон ЕУ без изговори“,рече Ковачевски.

Потпретседателот на Европската комисија Жозеп Борел на пресконференцијата истакна:

„Знаете дека ЕУ ја поддржува Украина затоа што Украина се бори за да ги сочува својот интегритет и суверенитет но се бори и за мирот и стабилноста во Европа. Кога велам стабилност и мир во Европа тука го вклучувам и Западниот Балкан и во таа насока сакам да ја уважам позицијата на Македонија, вашето непогрешливо целонсо усогласување со надворешната политика на ЕУ, вие продолживте со напорите за реформи токму на овој европски пат за вашата земја а особено вие премиере лично, вашиот ангажман, вашиот силен ангажман со цел да ја внесете Македонија во ЕУ, вашите напори за реформи се нешто што ние навистина во Брисел многу го  цениме“.

Високиот преставник на ЕУ, истакна скрининг процесот набрзо ќе заврши и упати честитка до државните службеници, целата администрација на Македонија,на службениците кои, како што кажа-вредно работат со цел да го овозможат овој процес.

„Ова е инвестиција, влог во иднината на вашата земја, вие работите не за вашата политичка партија туку за државата. Одењето по европскиот пат е нешто што треба да биде пред и над меѓупартиските превирања, тоа треба да биде заеднички потфат и сите треба да притискаат кон тоа, тоа е нешто што и треба на земјата, а со цел да напредувате во пристапните преговори ќе биде од клучно значење да постои соработка, да се избегне политичката поделеност и да се слуша ЕУ. Можеби не се согласувате со многу работи што е тоа демократија, им предлагате на граѓаните различни предлози но не треба да постои политичка поделеност за прашањата за ЕУ, ако сакате да одите по патот на ЕУ тогаш мора да го завршите процесот на усвојување на уставните измени и да напредувате за клучните реформи, тоа е во интерес на сите граѓани на оваа земја. Тоа не е нешто што ќе донесе корист за една политичка партија, тоа ќе донесе корист за целиот народ.“ рече Борел.

Премиерот Ковачевски и потпретседателот на ЕК Борел, говореа и за Развојниот план на Европската Унија за Западен Балкан. Како што истакна премиерот, тоа ќе биде нов силен поттик на процесот на евроинтеграции.

„Планот бара продолжување на реформските процеси кои се пред нас, за кои имаме и политичка волја и знаење и капацитет да ги исполниме. Планот нуди одлични можности за земјите во пристапниот процес и планираме и да работиме со цел максимално искористување на средствата кои истиот ги става на располагање и којшто обезбедува поголема интеграција на регионот, забрзување на реформите и забрзана интеграција на заедничкиот европски пазар пред целосно вклучување во ЕУ. Го информирав Високиот претставник дека веднаш по формалната презентација на Планот, активно разботевме на создавање структура за негова имплементација и одржавме многу важен координативен состанок со претставници од соседните земји пред две недели во Скопје“,изјави премиерот.

Потпретседателот на ЕК, говорејќи за важноста на планот за развој рече:

„Имате можност да добиете пристап до важни делови од единствениот европски пазар што е најважната вредност од станувањето членка, а вие ќе можете да пристапите дури пред да станете членка. Ова е прилика која треба да ја искористите. И за тоа имате целосна наша поддршка. Ќе останам на ваша страна, на страната на Македонија, на нејзината Влада, ќе ве придржувам кон патот на напредокот, кон крајната цел што е членство во ЕУ. Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности , не само заедница на интереси. Јас сум задолжен да ги претставувам и вредностите и интересите на ЕУ во светот. И од она што јас го сфаќам и од мојата увереност можам да кажам дека СМ припаѓа во ЕУ. Ве охрабрувам да продолжите со вашата работа да добиете полноправно членство а истовремено да ги искористите предностите од овој план за раст“, изјави Борел.

The post Ковачевски- Борел: Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности, не само заедница на интереси appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Ковачевски истакна дека Македонија има јасна евро-интеграциска перспектива, дека Владата има вистинска определба и работи на воведување на европските стандарди и вредности. Показател за тоа, како што рече Ковачевски е и скрининг процесот, а извештај за скринингот ќе биде патоказ со кој земјата ќе го зајакне фокусот во реформата во јавната администрација, механизмите за владеење на правото и борба против корупцијата како и унапредување на пазарното стопанство во државата. „Скрининг процесот се одвиваше со предвидено темпо, ја задржавме динамиката во текот на целиот процес и очекуваме да заврши следната недела. Како Влада, не дозволивме внатреполитичките спорови да ги стават на страна реформите потребни кон приближување на стандардите и законите на ЕУ, ниту пак да го отежнат или спречат процесот на скрининг кој успешно го предводеше вицепремиерот за европски интеграции, заедно со неговите колеги  но и сите други вклучени од останатите министерства и други министерства, како и стопански комори коишто учествуваа во скринингот кој се одвиваше во текот на изминатиот период во Брисел“-изјави премиерот. Премиерот истакна дека со својот вечераше гостин Борел се согласиле дека Македонија мора да продолжи со процесот на ЕУ интеграција. Европскиот напредок на земјата е важен поради подобра иднина на граѓаните подобар животен стандард, како и иднината на новите генерации кои заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ. „Нашите граѓаните не заслужуваат и не сакаат статус кво и нашите граѓани не заслужуваат повторно изолација каква што гледавме 11 години. Членството во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива. Дали ќе бидеме таму набрзо, зависи само од нас, и тоа зависи од сите нас, односно од сите политички чинители во оваа земја, кои имаат одговорност пред народот да испорачаат резултати на патот кон ЕУ без изговори“,рече Ковачевски. Потпретседателот на Европската комисија Жозеп Борел на пресконференцијата истакна: „Знаете дека ЕУ ја поддржува Украина затоа што Украина се бори за да ги сочува својот интегритет и суверенитет но се бори и за мирот и стабилноста во Европа. Кога велам стабилност и мир во Европа тука го вклучувам и Западниот Балкан и во таа насока сакам да ја уважам позицијата на Македонија, вашето непогрешливо целонсо усогласување со надворешната политика на ЕУ, вие продолживте со напорите за реформи токму на овој европски пат за вашата земја а особено вие премиере лично, вашиот ангажман, вашиот силен ангажман со цел да ја внесете Македонија во ЕУ, вашите напори за реформи се нешто што ние навистина во Брисел многу го  цениме“. Високиот преставник на ЕУ, истакна скрининг процесот набрзо ќе заврши и упати честитка до државните службеници, целата администрација на Македонија,на службениците кои, како што кажа-вредно работат со цел да го овозможат овој процес. „Ова е инвестиција, влог во иднината на вашата земја, вие работите не за вашата политичка партија туку за државата. Одењето по европскиот пат е нешто што треба да биде пред и над меѓупартиските превирања, тоа треба да биде заеднички потфат и сите треба да притискаат кон тоа, тоа е нешто што и треба на земјата, а со цел да напредувате во пристапните преговори ќе биде од клучно значење да постои соработка, да се избегне политичката поделеност и да се слуша ЕУ. Можеби не се согласувате со многу работи што е тоа демократија, им предлагате на граѓаните различни предлози но не треба да постои политичка поделеност за прашањата за ЕУ, ако сакате да одите по патот на ЕУ тогаш мора да го завршите процесот на усвојување на уставните измени и да напредувате за клучните реформи, тоа е во интерес на сите граѓани на оваа земја. Тоа не е нешто што ќе донесе корист за една политичка партија, тоа ќе донесе корист за целиот народ.“ рече Борел. Премиерот Ковачевски и потпретседателот на ЕК Борел, говореа и за Развојниот план на Европската Унија за Западен Балкан. Како што истакна премиерот, тоа ќе биде нов силен поттик на процесот на евроинтеграции. „Планот бара продолжување на реформските процеси кои се пред нас, за кои имаме и политичка волја и знаење и капацитет да ги исполниме. Планот нуди одлични можности за земјите во пристапниот процес и планираме и да работиме со цел максимално искористување на средствата кои истиот ги става на располагање и којшто обезбедува поголема интеграција на регионот, забрзување на реформите и забрзана интеграција на заедничкиот европски пазар пред целосно вклучување во ЕУ. Го информирав Високиот претставник дека веднаш по формалната презентација на Планот, активно разботевме на создавање структура за негова имплементација и одржавме многу важен координативен состанок со претставници од соседните земји пред две недели во Скопје“,изјави премиерот. Потпретседателот на ЕК, говорејќи за важноста на планот за развој рече: „Имате можност да добиете пристап до важни делови од единствениот европски пазар што е најважната вредност од станувањето членка, а вие ќе можете да пристапите дури пред да станете членка. Ова е прилика која треба да ја искористите. И за тоа имате целосна наша поддршка. Ќе останам на ваша страна, на страната на Македонија, на нејзината Влада, ќе ве придржувам кон патот на напредокот, кон крајната цел што е членство во ЕУ. Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности , не само заедница на интереси. Јас сум задолжен да ги претставувам и вредностите и интересите на ЕУ во светот. И од она што јас го сфаќам и од мојата увереност можам да кажам дека СМ припаѓа во ЕУ. Ве охрабрувам да продолжите со вашата работа да добиете полноправно членство а истовремено да ги искористите предностите од овој план за раст“, изјави Борел.

The post Ковачевски- Борел: Македонија припаѓа на ЕУ, тоа е заедница на вредности, не само заедница на интереси appeared first on Република.

]]>
Рејтинзите на Ковачевски и Пендаровски се како „црн петок“ – со секоја нова изјава им паѓаат за 20% https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rejtinzite-na-kovachevski-i-pendarovski-se-kako-tsrn-petok-so-sekoja-nova-izjava-im-pagaat-za-20/ Fri, 24 Nov 2023 07:59:50 +0000 https://republika.mk/?p=715727

Ковачевски и Пендаровски со месеци тонат во очите на народот. Тоа е резултат на нивните погубни политики, но и на нивните политички ставови спротивни на интересите на државата и граѓаните. Нивната измеќарска позиција во домашната и надворешната политика ги доведе во ситуација на секое испитување на јавното мислење да одат подолу и подолу. Ја губат довербата од граѓаните и нивниот рејтинг наликува на „црн петок“- со секоја нивна нова изјава тој паѓа за 20%, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа власт е целосно делегитимирана и ќе замине како ненародна власт и како една од најнеспособните влади во историјата на Македонија која нема никакви резултати и е заглавена во криминал и корупција. Во мандатот на оваа власт се случија трагедии како Ласкарци, Беса Транс и модуларната болница кои никако да добијат правда. Во мандатот на оваа власт околу 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а над 80 илјади се во екстремна сиромаштија. За прв пат на улиците излегоа пензионерите на масовни протести поради високата инфлација и потонатиот стандард. Нема учебници, нема лекови, а во Клиниката за онкологија се правел криминал на грбот на најтешко болните. Додека економијата тоне, власта дели бенефиции за фирмите на функционерите и нивните блиски. Донаторите на партиите на власт добиваат најголеми тендери, фирми поврзувани со Ковачевски влегуваат во бизнисот со струја, а оние пак поврзани со вицепремиерот вртат милиони, а во исто време илјадници други компании ставаат клуч на врата.

Сите релевантни мерења на јавното мислење покажуваат дека СДС ја изгубиле поддршката од граѓаните. Добија шанса, добија мандат и ги прокоцкаа. Затоа сега е очигледно дека ќе изгубат и тие тоа го знаат и затоа се толку нервозни. Затоа се нелогичните и апсурдни изјави на Пендаровски и Ковачевски, но колку повеќе се препелкаат во калта, толку повеќе пропаѓаат.

Граѓаните се мудри. Тие знаат да препознаат кој нуди визија, кој нуди стабилност и економска предвидливост. Граѓаните сакаат просперитет и тој просперитет ќе го градат заедно со коалицијата и владата предводени од ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на партијата.

The post Рејтинзите на Ковачевски и Пендаровски се како „црн петок“ – со секоја нова изјава им паѓаат за 20% appeared first on Република.

]]>

Ковачевски и Пендаровски со месеци тонат во очите на народот. Тоа е резултат на нивните погубни политики, но и на нивните политички ставови спротивни на интересите на државата и граѓаните. Нивната измеќарска позиција во домашната и надворешната политика ги доведе во ситуација на секое испитување на јавното мислење да одат подолу и подолу. Ја губат довербата од граѓаните и нивниот рејтинг наликува на „црн петок“- со секоја нивна нова изјава тој паѓа за 20%, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа власт е целосно делегитимирана и ќе замине како ненародна власт и како една од најнеспособните влади во историјата на Македонија која нема никакви резултати и е заглавена во криминал и корупција. Во мандатот на оваа власт се случија трагедии како Ласкарци, Беса Транс и модуларната болница кои никако да добијат правда. Во мандатот на оваа власт околу 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а над 80 илјади се во екстремна сиромаштија. За прв пат на улиците излегоа пензионерите на масовни протести поради високата инфлација и потонатиот стандард. Нема учебници, нема лекови, а во Клиниката за онкологија се правел криминал на грбот на најтешко болните. Додека економијата тоне, власта дели бенефиции за фирмите на функционерите и нивните блиски. Донаторите на партиите на власт добиваат најголеми тендери, фирми поврзувани со Ковачевски влегуваат во бизнисот со струја, а оние пак поврзани со вицепремиерот вртат милиони, а во исто време илјадници други компании ставаат клуч на врата. Сите релевантни мерења на јавното мислење покажуваат дека СДС ја изгубиле поддршката од граѓаните. Добија шанса, добија мандат и ги прокоцкаа. Затоа сега е очигледно дека ќе изгубат и тие тоа го знаат и затоа се толку нервозни. Затоа се нелогичните и апсурдни изјави на Пендаровски и Ковачевски, но колку повеќе се препелкаат во калта, толку повеќе пропаѓаат. Граѓаните се мудри. Тие знаат да препознаат кој нуди визија, кој нуди стабилност и економска предвидливост. Граѓаните сакаат просперитет и тој просперитет ќе го градат заедно со коалицијата и владата предводени од ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на партијата.

The post Рејтинзите на Ковачевски и Пендаровски се како „црн петок“ – со секоја нова изјава им паѓаат за 20% appeared first on Република.

]]>