коцкарници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kotskarnitsi/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Oct 2023 15:58:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коцкарници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kotskarnitsi/ 32 32 Скандалозно: Неовластени проценувачи ја потпишале физибилити студијата за трите нови коцкарници на интернет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skandalozno-neovlasteni-protsenuvachi-ja-potpishale-fizibiliti-studijata-za-trite-novi-kotskarnitsi-na-internet/ Thu, 26 Oct 2023 15:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=695326

Физибилити студијата со која се правда потребата за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа е потпишана од неовластен проценувач, открива Плусинфо. Медиумот консултирал стручни лица и експерти кои работат на вакви студии за да добие прецизни информации како и на кој начин е направена студијата и дали истата „држи вода“.

Според експертите, анализата на пазарот која треба да е една од клучните основи во секоја физибилити студија е оскудна, без релевантни извори на информации, наведени се низа паушални вредности и има целосна неконзистентност во изјавите. На пример, наведено е дека големината на пазарот на глобално ниво во 2021 година е 57,54 милијарди долари, се очекува раст од 11,7%, а подоцна во истата студија се наведува дека во 2023 година ќе изнесува 70 милиони долари!?

Стручните лица посочуваат дека во студијата изостануваат сите суштински анализи и фази кои треба да ги содржи една ваква сериозна анализа. Така на пример воопшто нема фаза на припрема, односно подготвителни активности и во неа не се наведува што треба да содржи и кој дел од планираните инвестиции и тековни трошоци, нема фаза на реализација на проектот ниту фаза на ефектуирање. Исто така ја нема последната значајна фаза, а тоа е фаза на приклучување во систем.

Според објавените информации финансиските анализи се исто така во голема мера погрешни и непрецизни.

Во изготвените проектирани финансиски извештаи во студијата, основните претпоставки се паушално изразени, без повикување на извор на информации, без анализа на историски податоци, без презентирани компаративи и споредливи податоци, како и без наведување на никакви пазарни показатели, вели еден од експертите консултиран на темата.

Истражувањето покажа дека физибилити студијата на новата видеолотарија формирана со амин на Артан Груби, ја изготвила и потпишала извесна Благица Сотировска. Таа е потпишана како изготвувач на Физибилити студијата за основање на три друштва за приредување на игри на среќа во Мај 2023 година. Лицето Благица Сотировска е проценувач од областа на Недвижен имот и трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица, меѓутоа не е овластен проценувач. Овластен проценувач е „Друштво за ревизија,проценка и финансиски консалтинг ЕЛИТ Данче ДООЕЛ Скопје“, каде што Благица Сотировска е вработена како проценувач. Согласно наведеното, проценувач ја има изготвено физибилити студијата, а не овластен проценувач, иако самата физибилити студија од страна на Благица Сотировска е потпишана како овластен проценувач. Во регистарот на овластени проценувачи од областа на Недвижен имот и трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица, воопшто не е наведена Благица Сотировска, туку правното лице каде што е вработена. Со тоа се заклучува дека неовластен проценувач ја прави физибилити студијата што е спротивно на законот.

Анализата открива дека Благица Сотировска во студијата е потпишана како овластен инвестициски советник. Но, на интернет страницата на Комисија за Хартии од Вредност, во регистарот на инвестициски советници нема такво лице. https://www.sec.gov.mk/ucesnici

Според добиените податоци од истражувањето Благица Сотировска е исто така потпишана како ревизор, но во регистарот на ревизори и во регистарот на овластени ревизори, исто така, нема такво лице. https://iorrm.org.mk/registers

Скандалите очигледно не прекинуваат и нема да прекинат се додека конечно не се истражи овој случај од страна на истражните органи кои засега молчат и не реагираат. Неодамна други медиуми објави низа скандали во однос на други спорни постапки, јавни набавки и договори кои ги склучила новата Лотарија формирана од Владата во текот на летото, која очигледно одма се зафатила со многу работа. И додека јавно Груби и ДУИ се залагаат за намалување на штетните последици од игрите на среќа, во позадина дебело ќе се офајдат од овој бизнис притоа кршејќи низа закони за кои апелираат здруженијата на лиценцирани приредувачи со месеци наназад. СДСМ пак во целата оваа ситуација е во глувчешка дупка. „Очигледно дека сите заедно од власта имаат интерес за ваквите спорни постапки да се избуткаат до крај“- велат познавачите на индустријата за игри на среќа во објавената анализа.

Извор: Плусинфо

The post Скандалозно: Неовластени проценувачи ја потпишале физибилити студијата за трите нови коцкарници на интернет appeared first on Република.

]]>

Физибилити студијата со која се правда потребата за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа е потпишана од неовластен проценувач, открива Плусинфо. Медиумот консултирал стручни лица и експерти кои работат на вакви студии за да добие прецизни информации како и на кој начин е направена студијата и дали истата „држи вода“. Според експертите, анализата на пазарот која треба да е една од клучните основи во секоја физибилити студија е оскудна, без релевантни извори на информации, наведени се низа паушални вредности и има целосна неконзистентност во изјавите. На пример, наведено е дека големината на пазарот на глобално ниво во 2021 година е 57,54 милијарди долари, се очекува раст од 11,7%, а подоцна во истата студија се наведува дека во 2023 година ќе изнесува 70 милиони долари!? Стручните лица посочуваат дека во студијата изостануваат сите суштински анализи и фази кои треба да ги содржи една ваква сериозна анализа. Така на пример воопшто нема фаза на припрема, односно подготвителни активности и во неа не се наведува што треба да содржи и кој дел од планираните инвестиции и тековни трошоци, нема фаза на реализација на проектот ниту фаза на ефектуирање. Исто така ја нема последната значајна фаза, а тоа е фаза на приклучување во систем. Според објавените информации финансиските анализи се исто така во голема мера погрешни и непрецизни. Во изготвените проектирани финансиски извештаи во студијата, основните претпоставки се паушално изразени, без повикување на извор на информации, без анализа на историски податоци, без презентирани компаративи и споредливи податоци, како и без наведување на никакви пазарни показатели, вели еден од експертите консултиран на темата. Истражувањето покажа дека физибилити студијата на новата видеолотарија формирана со амин на Артан Груби, ја изготвила и потпишала извесна Благица Сотировска. Таа е потпишана како изготвувач на Физибилити студијата за основање на три друштва за приредување на игри на среќа во Мај 2023 година. Лицето Благица Сотировска е проценувач од областа на Недвижен имот и трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица, меѓутоа не е овластен проценувач. Овластен проценувач е „Друштво за ревизија,проценка и финансиски консалтинг ЕЛИТ Данче ДООЕЛ Скопје“, каде што Благица Сотировска е вработена како проценувач. Согласно наведеното, проценувач ја има изготвено физибилити студијата, а не овластен проценувач, иако самата физибилити студија од страна на Благица Сотировска е потпишана како овластен проценувач. Во регистарот на овластени проценувачи од областа на Недвижен имот и трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица, воопшто не е наведена Благица Сотировска, туку правното лице каде што е вработена. Со тоа се заклучува дека неовластен проценувач ја прави физибилити студијата што е спротивно на законот. Анализата открива дека Благица Сотировска во студијата е потпишана како овластен инвестициски советник. Но, на интернет страницата на Комисија за Хартии од Вредност, во регистарот на инвестициски советници нема такво лице. https://www.sec.gov.mk/ucesnici Според добиените податоци од истражувањето Благица Сотировска е исто така потпишана како ревизор, но во регистарот на ревизори и во регистарот на овластени ревизори, исто така, нема такво лице. https://iorrm.org.mk/registers Скандалите очигледно не прекинуваат и нема да прекинат се додека конечно не се истражи овој случај од страна на истражните органи кои засега молчат и не реагираат. Неодамна други медиуми објави низа скандали во однос на други спорни постапки, јавни набавки и договори кои ги склучила новата Лотарија формирана од Владата во текот на летото, која очигледно одма се зафатила со многу работа. И додека јавно Груби и ДУИ се залагаат за намалување на штетните последици од игрите на среќа, во позадина дебело ќе се офајдат од овој бизнис притоа кршејќи низа закони за кои апелираат здруженијата на лиценцирани приредувачи со месеци наназад. СДСМ пак во целата оваа ситуација е во глувчешка дупка. „Очигледно дека сите заедно од власта имаат интерес за ваквите спорни постапки да се избуткаат до крај“- велат познавачите на индустријата за игри на среќа во објавената анализа. Извор: Плусинфо

The post Скандалозно: Неовластени проценувачи ја потпишале физибилити студијата за трите нови коцкарници на интернет appeared first on Република.

]]>
Дали причината за блокадата на измените на Законот за игри на среќа се луѓе блиски на Груби и на ДУИ, прашува Фадил Зендели од Беса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-prichinata-za-blokadata-na-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-se-luge-bliski-na-grubi-i-na-dui-prashuva-fadil-zendeli-od-besa/ Mon, 02 Oct 2023 16:58:44 +0000 https://republika.mk/?p=687215

Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса во името на албанскиот опозициски фронт денеска на прес-конференција истакна дека тие не се согласуваат со решението коцкарниците да се лоцираат на 500 метри од училиштата и верските објекти, кое е дел од одредбите на блокираните измени на Законот за игри на среќа.

Зендели смета дека таа дистанца е незначителна и се подготвени „со амандмани да ги дислоцираат целосно овие извори на зло од урбаните средини далеку од младите и социјално загрозените граѓани“.

Законот за игри на среќа беше на дневен ред на пленарната седница пред шест месеци и за него Собранието никако да постапува. Интересот на власта за овие измени мистериозно исчезна. Земајќи предвид дека претседател на собраниската Комисија за европски прашања е потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми, денеска ги поставуваме следните прашања: дали причината за блокадата на измените на Законот за игри на среќа се Перпарим Бајрами близок човек и поранешен собраниски асистент на Артан Груби, а сега директор на Државна лотарија? Или можеби Артин Спахиу, претседател на огранокот на ДУИ во Дебар и член на претседателството на ДУИ, човек од доверба на неизбежниот Артан Груби, кој е актуелен член на Ндзорен одбор во Нова државна видеолотарија? Или Хавуше Лесковица Исмаиљи која е шеф на кабинет на вицепремиерот Артан Груби и член на Надзорен одбор на новоформираната Државна видеолотарија? Дали причината за блокадата е и Омер Буљаку личен пријател и член на кабинетот на Артан Груби, член на надзорен одбор на новоформираната Државна видеолотарија? Или пак Надије Хоџа, сопруга на наследникот на Артан Груби во невладината „Разбуди се“ која исто така е член на Надзорен одбор на новоформираната Државна видеолотарија? Дали ќе се одважат Арбер Адеми и Талат Џафери да и признаат на јавноста дека и во Собрание се слуша само гласот на Артан Груби, рече Зендели.

Преку прес-конференција реагираше потпретседателот и пратеник на ДУИ Арбер Адеми, кој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и таканаречената Здружена албанска опозиција го блокирале Предлог-законот за игри на среќа.

Со жалење ја сфативме и улогата во последново време, во последниот период, на портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на т.н. албанска здружена опозиција. Сите работи што ги започнува ВМРО-ДПМНЕ, т.н. Здружена албанска опозиција, ги продолжува и ги поддржува. Заедно го блокираа Предлог-законот за игри на среќа. Само за да ве потсетам, уште во јуни 2021 година, првата верзија беше доставена во Собрание, на регуларна постапка, каде што беше како определената матична комисија - Комисијата за финансирање и буџет, раководена од кадар и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Никогаш ама никогаш до сега, воопшто злоупотребувајќи го Деловникот не е свикана седница по оваа точка. Пратениците немале можност воопшто да се изјаснат по сопствена волја, дали се за или против овој Предлог закон. Фактички беше оневозможено Собранието со кршење на сите деловнички постапки, да заземе став по ова прашање, рече Адеми.

Поради овие причини, според него, Владата беше приморана пак пред неколку месеци да усвои Предлог-закон со европско знаменце, бидејќи има хармонизација со ЕУ директиви и да се достави до Собрание.

Сепак истото се повтори. ВМРО-ДПМНЕ и т.н. Албанска здружена опозиција беа и се против донесување на овој закон. А против донесување на овој закон се и здруженијата на казината. Сега се поставува прашањето, кој интереси штити од определените политички партии, јавниот интерес или финансискиот интерес на казината. Ако пратениците се за отстранување на казината, објекти од игри на среќа, обложувалници од основни и средни училишта, ете имаат прилика за брзо ќе се свикува седница и за оваа точка, па да го видиме лицето на секој еден пратеник и на секоја една политичка партија која делува во Собранието дали се за донесување на овој закон или се против. А, против донесување на овој закон, се самите казина, Здружение на казината со писмо доставено до сите пратенички групи каде што се спротивставуваат на донесувањето на овој закон. Дали сме на страна на јавниот интерес, ова ќе го манифестираме преку изразување на нашата волја за донесување на овој закон или сме за заштита на монополот, и против либерализација на оваа индустрија и да се штити финансискиот интерес на казината, рече Адеми.

The post Дали причината за блокадата на измените на Законот за игри на среќа се луѓе блиски на Груби и на ДУИ, прашува Фадил Зендели од Беса appeared first on Република.

]]>

Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса во името на албанскиот опозициски фронт денеска на прес-конференција истакна дека тие не се согласуваат со решението коцкарниците да се лоцираат на 500 метри од училиштата и верските објекти, кое е дел од одредбите на блокираните измени на Законот за игри на среќа. Зендели смета дека таа дистанца е незначителна и се подготвени „со амандмани да ги дислоцираат целосно овие извори на зло од урбаните средини далеку од младите и социјално загрозените граѓани“.