коцкариници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kotskarinitsi/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 12:12:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коцкариници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kotskarinitsi/ 32 32 Вреди: Кадрите на Зиадин Села и Али Ахмети фатени во криминал со коцкарници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-kadrite-na-ziadin-sela-i-ali-ahmeti-fateni-vo-kriminal-so-kotskarnitsi/ Fri, 06 Sep 2024 12:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=813821

Кога лажните моралисти се обидуваат да продаваат чесност, им паѓаат маските! Додека пратениците на Зиадин Села се гласни во Собранието за наводна дислокација на казината, во Боговиње, на дело е фатен и уапсен шефот на нивниот тамошен огранок, Сафет Мифтари, воедно и заменик директор на Македонски шуми.Ова е невиден скандал, висок функционер на Европски Фронт, организира нелегално интернет коцкање, обвинува Вреди.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-pomina-predlog-zakonot-na-dui-za-igri-na-sreka/

Овој чин не само што претставува сериозно кршење на законот, туку јасно покажува дека семејствата за кои неговата партија тврди дека ги заштитува, всушност се жртви на криминални активности, поддржани од нивните лидери.

Еве зошто опозициските пратеници на Ахмети и Села не сакаа да го поддржат барањето за автентично толкување на законот за игри на среќа поднесен од ВЛЕН, чија цел е отстранување на коцката од домовите. Затоа што си ги штитат своите кадри кои се до гуша заглавени во криминални зделки поврзани со коцкање.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-pomina-predlog-zakonot-na-dui-za-igri-na-sreka/

Граѓаните да бидат спокојни. Автентичното толкување е прв чекор од планот за справување со штетните последици од коцкањето на коалицијата ВЛЕН.

Следи справување со криминалот сторен преку одлуки на поранешната влада и поранешното раководство на државната лотарија. Во разумен рок ќе има и нов закон за игри на среќа со кој ќе се намали бројот на коцкарници најмалку за половина.

После ваков скандал, Европскиот фронт го губи правото да зборува било што на тема справување со коцкањето, бидејќи самите предизвикуваат тешки последици за граѓаните, особено за младите, со единствена цел – да си ги збогатат сметките со нелегално коцкање.

The post Вреди: Кадрите на Зиадин Села и Али Ахмети фатени во криминал со коцкарници appeared first on Република.

]]>

Кога лажните моралисти се обидуваат да продаваат чесност, им паѓаат маските! Додека пратениците на Зиадин Села се гласни во Собранието за наводна дислокација на казината, во Боговиње, на дело е фатен и уапсен шефот на нивниот тамошен огранок, Сафет Мифтари, воедно и заменик директор на Македонски шуми.Ова е невиден скандал, висок функционер на Европски Фронт, организира нелегално интернет коцкање, обвинува Вреди. https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-pomina-predlog-zakonot-na-dui-za-igri-na-sreka/
Овој чин не само што претставува сериозно кршење на законот, туку јасно покажува дека семејствата за кои неговата партија тврди дека ги заштитува, всушност се жртви на криминални активности, поддржани од нивните лидери.
Еве зошто опозициските пратеници на Ахмети и Села не сакаа да го поддржат барањето за автентично толкување на законот за игри на среќа поднесен од ВЛЕН, чија цел е отстранување на коцката од домовите. Затоа што си ги штитат своите кадри кои се до гуша заглавени во криминални зделки поврзани со коцкање. https://republika.mk/vesti/ekonomija/ne-pomina-predlog-zakonot-na-dui-za-igri-na-sreka/ Граѓаните да бидат спокојни. Автентичното толкување е прв чекор од планот за справување со штетните последици од коцкањето на коалицијата ВЛЕН.