Котел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kotel/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Nov 2022 18:23:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Котел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kotel/ 32 32 Работник во Швајцарија паднал во котел со растопен алуминиум и останал жив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rabotnik-vo-shvajcarija-padnal-vo-kotel-so-rastopen-aluminium-i-ostanal-ziv/ Sun, 13 Nov 2022 18:23:35 +0000 https://republika.mk/?p=573348

Во фабрика во Швајцарија, 25-годишен електричар вчера паднал во котел со стопен алуминиум и преживеал.

Несреќата се случила во градот Сент Гален во североисточниот дел на земјата.

Двајца работници за оперативно одржување имале намера да работат на печката за топење на алуминиум. Печката содржела течен алуминиум на температура од 720 степени Целзиусови. Во текот на работата, електричарот паднал низ отворот на котелот и се потопил во алуминиум до колена. Мажот успеал да се фати за отворот и да се извлече од бојлерот, пишува Blick.ch.

На местото на несреќата му помогнале болничари и двајца лекари од итната помош, а потоа бил пренесен во болница. Во незгодата се здобил со тешки изгореници и повреди.

Заднината на несреќата ја расветлува градската полиција на Сент Гален.

The post Работник во Швајцарија паднал во котел со растопен алуминиум и останал жив appeared first on Република.

]]>

Во фабрика во Швајцарија, 25-годишен електричар вчера паднал во котел со стопен алуминиум и преживеал. Несреќата се случила во градот Сент Гален во североисточниот дел на земјата. Двајца работници за оперативно одржување имале намера да работат на печката за топење на алуминиум. Печката содржела течен алуминиум на температура од 720 степени Целзиусови. Во текот на работата, електричарот паднал низ отворот на котелот и се потопил во алуминиум до колена. Мажот успеал да се фати за отворот и да се извлече од бојлерот, пишува Blick.ch. На местото на несреќата му помогнале болничари и двајца лекари од итната помош, а потоа бил пренесен во болница. Во незгодата се здобил со тешки изгореници и повреди. Заднината на несреќата ја расветлува градската полиција на Сент Гален.

The post Работник во Швајцарија паднал во котел со растопен алуминиум и останал жив appeared first on Република.

]]>
Изложба на Благој Мицевски и настап на Скопје танцов театар и УГД на сцената на Домот на културата во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-blagoj-micevski-i-nastap-na-skopje-tancov-teatar-i-ugd-na-scenata-na-domot-na-kulturata-vo-bitola/ Wed, 02 Nov 2022 07:31:56 +0000 https://republika.mk/?p=568524

Вечерва во 20 часот на сцената на Домот на културата ќе се изведе кореографијата „Котел“ на Скопје танцовиот театар и студенттие на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Во 19 часот ќе се отвори изложбата на еден од најдобрите македонски костимографи Благој Мицевски под наслов „Опера/Драма/Балет“ како одраз на соработката на Мицевски со тројца автори: режисерот Диего де Бреа, Словенија, режисерот Џон Блондел, САД и кореографката Рисима Рисимкин.

Во чест на изложбата од 20 часот ќе се изведе короеграфијата „Котел“ каде што потписник на костимите е Благој Мицевски. Настанот е поддржан од Општина Битола и е дел од манифестациите кои се одржуваат по повод одбележување на Денот на ослободување на градот Битола, 4 - ти ноември.

Кореографијата „Котел“ е создадена во 2018 години од кореографката Рисимкин за Скопје танцовиот театар и премиерно изведена на Танц Фест Скопје. Оваа кратка кореографија, на музика на Тони Китановски, со костимите на Благој Мицевски е оценета како извонредно достигнување и е селектирана на повеќе светски фестивали, меѓу кои „Holland Dance Festival“ во Хаг, Холандија, „Battery Dance Festival“ во Њујорк, САД и „Меритајм силк фестивал“ во Чуанџо, Кина. Кореографијата со огромен успех е изведена на сите странски фестивали, но и многупати во Скопје и низ Македонија.

Соработката на кореографката Рисимкин и Благој Мицевски датира од 1993 година, а од 1996 година интензивно соработуваат на скоро сите нејзини кореографии. Заедно имаат остварено преку 30 проекти, кои патуваат низ целиот свет. Посебно значајно е гостувањето кое Рисимкин и Скопје танцовиот театар го остварија во март 2022 година, кога беа дел од сезоната на Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, која париската критика ја нарече брилијантна и софистицирана, а Рисимкин како извонреден авангарден кореограф.

Во „Котел“ на сцената на Домот на културата во Битола, вечерва, ќе настапат членовите на Скопје танцовиот театар: Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска и Бобан Русески, како и студентите на Катедрата за современ танц, при универзитетот „Гоце Делчев“: Сара Димовска, Викторија Коцева, Стефани Шаршмит, Клара Христова и Микаела Ангела Глигорова.

 

The post Изложба на Благој Мицевски и настап на Скопје танцов театар и УГД на сцената на Домот на културата во Битола appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот на сцената на Домот на културата ќе се изведе кореографијата „Котел“ на Скопје танцовиот театар и студенттие на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“. Во 19 часот ќе се отвори изложбата на еден од најдобрите македонски костимографи Благој Мицевски под наслов „Опера/Драма/Балет“ како одраз на соработката на Мицевски со тројца автори: режисерот Диего де Бреа, Словенија, режисерот Џон Блондел, САД и кореографката Рисима Рисимкин. Во чест на изложбата од 20 часот ќе се изведе короеграфијата „Котел“ каде што потписник на костимите е Благој Мицевски. Настанот е поддржан од Општина Битола и е дел од манифестациите кои се одржуваат по повод одбележување на Денот на ослободување на градот Битола, 4 - ти ноември. Кореографијата „Котел“ е создадена во 2018 години од кореографката Рисимкин за Скопје танцовиот театар и премиерно изведена на Танц Фест Скопје. Оваа кратка кореографија, на музика на Тони Китановски, со костимите на Благој Мицевски е оценета како извонредно достигнување и е селектирана на повеќе светски фестивали, меѓу кои „Holland Dance Festival“ во Хаг, Холандија, „Battery Dance Festival“ во Њујорк, САД и „Меритајм силк фестивал“ во Чуанџо, Кина. Кореографијата со огромен успех е изведена на сите странски фестивали, но и многупати во Скопје и низ Македонија. Соработката на кореографката Рисимкин и Благој Мицевски датира од 1993 година, а од 1996 година интензивно соработуваат на скоро сите нејзини кореографии. Заедно имаат остварено преку 30 проекти, кои патуваат низ целиот свет. Посебно значајно е гостувањето кое Рисимкин и Скопје танцовиот театар го остварија во март 2022 година, кога беа дел од сезоната на Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, која париската критика ја нарече брилијантна и софистицирана, а Рисимкин како извонреден авангарден кореограф. Во „Котел“ на сцената на Домот на културата во Битола, вечерва, ќе настапат членовите на Скопје танцовиот театар: Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска и Бобан Русески, како и студентите на Катедрата за современ танц, при универзитетот „Гоце Делчев“: Сара Димовска, Викторија Коцева, Стефани Шаршмит, Клара Христова и Микаела Ангела Глигорова.  

The post Изложба на Благој Мицевски и настап на Скопје танцов театар и УГД на сцената на Домот на културата во Битола appeared first on Република.

]]>