Костадиновска Стојчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kostadinovska-stojchevska/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 15:02:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Костадиновска Стојчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kostadinovska-stojchevska/ 32 32 Костадиновска-Стојчевска: Срамно е политички да се жигосуваат  и дискфалификуваат колеги и уметници https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-sramno-e-politichki-da-se-zhigosuvaat-i-diskfalifikuvaat-kolegi-i-umetnitsi/ Thu, 15 Feb 2024 12:26:15 +0000 https://republika.mk/?p=744381

Комисиите ја направија распределбата на средствата предвидени во секоја програма единствено врз основа на критериумите и мерилата за оцена на проектите содржани во Годишните конкурси кои беа претходно и јавно објавени и им беа познати на сите апликанти, рече министерката за култура на денешниот брифинг со новинарите.

Таа посочи дека никогаш членовите на комисиите кои одлучувале по програмите на годишниот конкурс за финансирање проекти во културата не биле јавно и транспаретнто објавени.

Овој пат беа објавени кога заврши конкурсот за да не бидат изложени на влијанија и ургенции.

Ниту еден од овие критериуми нема партиски предзнак. Срамно е политички да се жигосуваат  и дискфалификуваат колеги и уметници заради партиски задачи. Тое не е во ред, истакна Бисета Костадиновска-Стојчевска.

Оваа хајка против авторите и уметниците кои добија поддршка за своите проекти од Годишниот конкурс за проекти од културата предизвикал негативен ефект и некои од нив веќе најавиле дека ќе се откажат од реализацијата на нивните замисли заради недоличниот притисок на кој се изложени во јавноста.

Осврнувајќи се на поддршката на одредени фестивали дека не се доволно или, пак, премногу се поддржани, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека поддршката произлегува од самата апликација и од понудената содржина.

Еден од критириумите за поддршка е одреден настан или манифестација да има долгогодишна традиција. Ќе напомнам дека досегашниот носител на манифестацијата „Рацинови средби“, Општина Велес, за првпат по 60 години не аплицира, туку делегира овластување на ново Здружение на граѓани кое во своето портфолио нема искуство од организација на ваков тип настани, наведе Костадиновска-Стојчевска дополнувајќи дека не е јасно зошто самите тие одлучиле да ја сведат традицијата на Општина Велес во организацијата на оваа манифестација на организација која нема такво искуство, што е дел критериумите на Министерството за поддршка на традиционалните вредности.

Како спротивен пример, Костадиновска-Стојчевска на брифингот нагласи дека таквата поддршка продолжува за многубројни значајни манифестации со повеќедецениска традиција,како што се „Струшки вечери на поезијата“, „Охридско лето“, „Илинденски денови“, театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, „Скомрахи“, „10 дена Крушевска Република“, „Смилевски конгрес“ и други.

Во однос на поддршката на институции и автори од другите градови во државата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска укажа на фактот дека оваа година е обезбеден поголем буџет со кој единиците на локалната самоуправа ќе реализираат значајни инфраструктурни проекти преку кои ќе се подобрат условите за остварување на културата во различни региони.

Преку капиталните дотации за културата придонесуваме за рамномерен развој на општините, за развој на сите региони во државата, за инвестирање во културата која ќе ги поттикнува младите на креативност и творештво. Преку подобрување на условите за реализација на проекти од културата, помагаме за афирмација на културните вредности на секоја општина, со акцент за создавање интегриран простор за младите и поврзаност низ целата држава, информираше Костадиновска-Стојчевска.

На младите уметници од сите градови во земјата им овозможуваме еднаков пристап до финанасиските средства за поддршка на проекти од културата и тоа само врз основа на критериумите.

Нема да им ги ускратиме можностите да создаваат во земјата. Јавното жигосување на уметници затоа што биле од Битола, или Тетово, Гостивар, Куманово… не е во ред“, потенцираше министерката за култура.

Во однос на обвинувањата дека со пари на граѓаните од Македонија се финансираат фестивали во Приштина или Тирана, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека станува збор за поддршка на учество на наши театарски ансамбли во Албанија или Косово на фестивалот „Мојсиу“.

На брифингот со новинарите беа и претставници на овие театри кои потврдија дека средствата добиени од годишната програма се за нивното учество на фестивалите, а не за организаторите на тие манифестации.

Шкељзен Пајазити, претседател на фестивалот „Меридијани“, кој оваа година се одржува по осми пат и кој наместо 6 милиони денари доби 1,4 милиони денари, на брифингот рече дека тие како организатори нема да се откажат од организација на овој меѓународен фестивал кој трае 3 недели и на кој гостуваат театарски и балетски ансамбли, како и музички уметници и хорови од повеќе европски земји и од САД.

The post Костадиновска-Стојчевска: Срамно е политички да се жигосуваат  и дискфалификуваат колеги и уметници appeared first on Република.

]]>

Комисиите ја направија распределбата на средствата предвидени во секоја програма единствено врз основа на критериумите и мерилата за оцена на проектите содржани во Годишните конкурси кои беа претходно и јавно објавени и им беа познати на сите апликанти, рече министерката за култура на денешниот брифинг со новинарите.
Таа посочи дека никогаш членовите на комисиите кои одлучувале по програмите на годишниот конкурс за финансирање проекти во културата не биле јавно и транспаретнто објавени.
Овој пат беа објавени кога заврши конкурсот за да не бидат изложени на влијанија и ургенции. Ниту еден од овие критериуми нема партиски предзнак. Срамно е политички да се жигосуваат  и дискфалификуваат колеги и уметници заради партиски задачи. Тое не е во ред, истакна Бисета Костадиновска-Стојчевска.
Оваа хајка против авторите и уметниците кои добија поддршка за своите проекти од Годишниот конкурс за проекти од културата предизвикал негативен ефект и некои од нив веќе најавиле дека ќе се откажат од реализацијата на нивните замисли заради недоличниот притисок на кој се изложени во јавноста. Осврнувајќи се на поддршката на одредени фестивали дека не се доволно или, пак, премногу се поддржани, Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека поддршката произлегува од самата апликација и од понудената содржина.
Еден од критириумите за поддршка е одреден настан или манифестација да има долгогодишна традиција. Ќе напомнам дека досегашниот носител на манифестацијата „Рацинови средби“, Општина Велес, за првпат по 60 години не аплицира, туку делегира овластување на ново Здружение на граѓани кое во своето портфолио нема искуство од организација на ваков тип настани, наведе Костадиновска-Стојчевска дополнувајќи дека не е јасно зошто самите тие одлучиле да ја сведат традицијата на Општина Велес во организацијата на оваа манифестација на организација која нема такво искуство, што е дел критериумите на Министерството за поддршка на традиционалните вредности.
Како спротивен пример, Костадиновска-Стојчевска на брифингот нагласи дека таквата поддршка продолжува за многубројни значајни манифестации со повеќедецениска традиција,како што се „Струшки вечери на поезијата“, „Охридско лето“, „Илинденски денови“, театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, „Скомрахи“, „10 дена Крушевска Република“, „Смилевски конгрес“ и други. Во однос на поддршката на институции и автори од другите градови во државата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска укажа на фактот дека оваа година е обезбеден поголем буџет со кој единиците на локалната самоуправа ќе реализираат значајни инфраструктурни проекти преку кои ќе се подобрат условите за остварување на културата во различни региони.
Преку капиталните дотации за културата придонесуваме за рамномерен развој на општините, за развој на сите региони во државата, за инвестирање во културата која ќе ги поттикнува младите на креативност и творештво. Преку подобрување на условите за реализација на проекти од културата, помагаме за афирмација на културните вредности на секоја општина, со акцент за создавање интегриран простор за младите и поврзаност низ целата држава, информираше Костадиновска-Стојчевска.
На младите уметници од сите градови во земјата им овозможуваме еднаков пристап до финанасиските средства за поддршка на проекти од културата и тоа само врз основа на критериумите.
Нема да им ги ускратиме можностите да создаваат во земјата. Јавното жигосување на уметници затоа што биле од Битола, или Тетово, Гостивар, Куманово… не е во ред“, потенцираше министерката за култура.
Во однос на обвинувањата дека со пари на граѓаните од Македонија се финансираат фестивали во Приштина или Тирана, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека станува збор за поддршка на учество на наши театарски ансамбли во Албанија или Косово на фестивалот „Мојсиу“. На брифингот со новинарите беа и претставници на овие театри кои потврдија дека средствата добиени од годишната програма се за нивното учество на фестивалите, а не за организаторите на тие манифестации. Шкељзен Пајазити, претседател на фестивалот „Меридијани“, кој оваа година се одржува по осми пат и кој наместо 6 милиони денари доби 1,4 милиони денари, на брифингот рече дека тие како организатори нема да се откажат од организација на овој меѓународен фестивал кој трае 3 недели и на кој гостуваат театарски и балетски ансамбли, како и музички уметници и хорови од повеќе европски земји и од САД.

The post Костадиновска-Стојчевска: Срамно е политички да се жигосуваат  и дискфалификуваат колеги и уметници appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска денеска во Брисел ќе го отвори билатералниот скрининг-состанок за Поглавјето 26, „Образование и култура“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-deneska-vo-brisel-ke-go-otvori-bilateralniot-skrining-sostanok-za-poglavjeto-26-obrazovanie-i-kultura/ Tue, 30 May 2023 08:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=646031

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Брисел со свое излагање ќе го отвори билатералниот скрининг-состанок за Поглавјето 26, „Образование и култура“, на кој членовите на работната група ќе го презентираат нивото на усогласеност на македонското законодавство со правното законодавство на Европската Унија во областа на образованието и културата.

Темите и областите во ова поглавје што ќе бидат опфатени на состанокот се однесуваат на соработката во областа на образованието и обуката, младите и спортот, културата, пристапот до образованието, како и учеството во програми и други инструменти на ЕУ.

Министерството за култура, како една од надлежните институции за Поглавјето 26, е одговорно за креирање и спроведување на културната политика. Националната програма за развој на културата 2018 – 2022 година претставува долгорочна проекција на реформите во културната политика на Македонија и основа за следната, која е во изработка, вклучувајќи ја културната политика на Европската Унија, Обединетите нации, УНЕСКО и на Советот на Европа.

Македонската делегација на скринингот ја предводи вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, a дел од неа е и министерот за образование Јетон Шаќири, кој ќе презентира на темата: „Систем на образование: Политики и структури“.

The post Костадиновска-Стојчевска денеска во Брисел ќе го отвори билатералниот скрининг-состанок за Поглавјето 26, „Образование и култура“ appeared first on Република.

Костадиновска-Стојчевска со чешкиот заменик-министер за култура во Прага: Пријателските односи ќе ги зацврстиме со конкретни проекти меѓу институциите и уметниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-so-cheshkiot-zamenik-minister-za-kultura-vo-praga-prijatelskite-odnosi-kje-gi-zacvrstime-so-konkretni-proekti-megju-instituciite-i-umetnicite/ Thu, 08 Sep 2022 19:50:04 +0000 https://republika.mk/?p=548835

Република Македонија и Чешката Република имаат одлични релации на надворешно-политички план, во рамките на регионалната соработка, ЕУ и НАТО. На полето на културата, пред двете земји се огромен број можности и уште поголем потенцијал за подинамична соработка, која треба да се интензивира во периодот што следува – се согласија министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и заменик-министерот за култура на Чешката Република, Ондржеј Храст, на денешната работна средба во Прага.

На состанокот, кој помина во пријателска атмосфера, министерката Костадиновска-Стојчевска изрази благодарност за поддршката што ја дава Чешка за евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан. Таа изрази уверување дека во рамките на чешкото претседателство со ЕУ уште повеќе ќе се стави акцент на заедничките заложби за зацврстување на мирот, демократијата и дијалогот во Европа.

Со г. Храст зборувавме за начините на интензивирање на соработката помеѓу националните филхармонии и оперско-балетските куќи, галериите, саемите на книга, како и за можностите од поинтензивна соработка помеѓу меѓународните фестивали кои ги имаат двете земји во разни области од уметноста, вели министерката Костадиновска-Стојчевска.

На средбата, таа ги нагласи и активностите на Македонија за вклучување на културата во Агендата за Западен Балкан на ЕУ, како и добрите практики на македонските корисници на Програмата „Креативна Европа“ и на инструментите за претпристапна помош на ЕУ во прекуграничната соработка.

Соговорниците истакнаа дека во наредниот период ќе ја обноват Програмата за соработка помеѓу двете министерства и ќе ја засилат комуникацијата за воспоставување поинтензивна соработка меѓу сродните институции во двете земји.

Министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска, предложи да се иницираат заеднички работилници од областа на креативните индустрии или средби на соодветно ниво на кои би се размениле искуства во оваа сфера. Заменик-министерот Храст, пак, сподели чешки искуства за поддршка на младите уметници и иницираше активности за поддршка на најмладите кои имаат свои интернационални мрежи на поврзување и зближување.

На средбата стана збор за позитивните искуства од соработката во филмската дејност, како и редовните претставувања на кинематографските остварувања во двете земји. Македонската министерка за култура изрази задоволство што и по повод одбележувањето на чешкото претседателство со ЕУ, меѓу содржините што ќе се претстават пред чешката јавност се и поновите филмски остварувања на авторите од Република Македонија.

Соговорниците ја истакнаа и соработката меѓу двете земји на мултилатерално ниво, особено во рамките на активностите на Форумот на словенските култури.

Костадиновска-Стојчевска упати покана до заменик-министерот Храст да биде гостин на културните содржини што денеска и утре се организираат во Прага, Чешка, по повод одбележувањето на чешкото претседателство со ЕУ и Денот на независноста на Македонија –  8 Септември.

 Вечер, во рамките на Деновите на македонската култура во Чешка, концерт ќе одржи реномираниот Камерен оркестар од Битола со истакнатите солисти Влатко Стефановски и Тамара Тодевска.

Утре, 9 септември, во престижниот театар „Divadlo Apollo“ ќе биде одиграна претставата „Антитело“, авторско дело на студентите од Факултетот за драмски уметности – Скопје под менторство на проф. Зоја Бузалковска.

Во рамките на програмата, од 7 до 9 септември се реализира и Ревија на македонски филмови во организација на Агенцијата за филм на Република Македонија. 

The post Костадиновска-Стојчевска со чешкиот заменик-министер за култура во Прага: Пријателските односи ќе ги зацврстиме со конкретни проекти меѓу институциите и уметниците appeared first on Република.

Костадиновска-Стојчевска: Заштитата на културното наследство е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-zashtitata-na-kulturnoto-nasledstvo-e-eden-od-najznachajnite-pokazateli-za-prepoznavanje-definiranje-i-afirmacija-na-kulturniot-identitet/ Fri, 20 May 2022 11:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=504765

Културното наследство, материјално и нематеријално, со својата разновидност и посебност е богатство на човештвото, а неговата заштита е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет, истакна денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на промотивниот настан и дискусија за изданието на ИКОМОС Македонија „Европски начела за квалитет на интревенции финансирани од ЕУ со потенцијално влијание врз културното наследство“.

Таа посочи дека Министерството за култура развива механизми и воспоставува мерки за заштита на културното наследство кои подразбираат идентификување, документирање, истражување, одржување, заштита, користење, како и промоција на неговите вредности.

Поддршката на ЕУ за издавање на оваа публикација на македонски јазик е значаен придонес во збогатувањето на домашната стручна литература која ќе помогне да бидеме во чекор со најсовремените пристапи во заштитата на културното наследство, рече Костадиновска и се заблагодари на делегацијата на Европската Унија за поддршката и за континуираниот придонес во утврдувањето на стандардите во областа на културното наследство и на ИКОМОС Македонија за посветеноста и ентузијазмот при реализацијата на оваа иницијатива.

Верувам дека оваа публикација ќе биде корисно четиво за сите корисници од оваа дејност, особено во поглед на управување со проекти. Суштината на ова издание не е да наметне модалитети за интервенција, правила кои се обврзувачки и да даде готови технички решенија, туку да ги збогати сознанијата, да посоветува, да препорача и да им помогне во донесувањето одлуки на сите што се вклучени во проекти финансирани од ЕУ, а кои имаат потенцијал да влијаат врз културното наследство, истакна Костадиновска Стојчевска.

Потенцира дека Министерството за култура годинава поддржа повеќе проекти кои се во функција на развој, афирмација и промоција на културата. Настојувавме, посочи министерката, во овие тешки и неизвесни времиња, кои силно удрија врз економијата, да направиме одржлива распределба на буџетските средства.

Притоа остануваме доследни на заложбата заштитата на културното наследство да остане врвен приоритет на Министерството за култура. Во фокусот останува и засилувањето на ЕУ-интеграциите во културата што се потврдува и со ентузијазмот и задоволството од денешната промоција на оваа битна публикација на македонски јазик. Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува граѓанските иницијативи што водат кон зголемување на граѓанското учество во сферата на заштитата на културното наследство, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа ги повика македонските институции, невладини организации, културни оператори и правни лица да се пријават на повиците од Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ на Европската Унија за кои Министерството за култура редовно информира на својата веб-страница и за кои организира информативни сесии во повеќе градови во земјава.

Претседателката на ИКОМОС Македонија, Кристина Бицева рече дека изданието првпат почнало да се подготвува од експертска група на ИКОМОС, под мандат на Европската комисија и во рамките на водечката иницијатива на ЕУ за Европската година на културното наследство 2018 – „Негување на наследството: развивање стандарди за квалитет за проекти финансирани од ЕУ кои имаат потенцијал да влијаат врз културното наследство“. Конечната верзија на овој документ, појасни таа, беше усвоена и промовирана од ИКОМОС во 2021 година.

Главната цел на овој документ е да даде насоки за начелата на квалитет за сите засегнати страни кои се директно или индиректно вклучени во проектите за заштита и управување со културното наследство, главно поврзани со градителското наследство и културните предели, а кои се финансирани од Европската Унија, вклучително и од европските институции, институциите кои се надлежни за заштита на културното наследство, меѓународните организации, граѓанското општество и локалните заедници, но и приватниот сектор и експертите, рече Бицева.

Посочи дека документот се фокусира на суштинското прашање за квалитетот, резимирајќи ги клучните концепти, меѓународни повелби, европски и меѓународни конвенции и стандарди, како и промените во разбирањето и практиката на заштитата на културното наследство.

Наведени се културни, социјални и економски придобивки, како и придобивки кои влијаат врз животната средина, а кои произлегуваат од примената на начелата за квалитет. Со оглед на тоа што препознавањето на културното наследство како заедничко добро и одговорност е предуслов за квалитет, се предлага да се усвојат мерки за квалитет преку подигање на свеста и преку зајакнување на имплементацијата на начелата и стандардите за конзервација во секоја фаза од циклусот – од програмирање до евалуација, додаде Бицева.

Eвроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека земјава има огромно природно и културно наследство кое бара заштита.

Како и во Македонија, така и во ЕУ културното наследство е во срцето на тоа што ние сме, од таму каде доаѓаме, нашите традиции, нашиот јазик, приказните кои ги кажуваме за себе, меѓутоа и музиката која ја слушаме, сликите кои ги гледаме и нашето чувство за светот и сето тоа лежи во срцето на разликите. Не треба да биде изненадување дека ЕУ дава голем акцент на културата, а најмногу на заштитата на културата. Културното наследство не е само израз на идентитетот, туку има и една важна улога во нашите економии и тоа претставува голема привлечност за туристите. Околу 40 проценти од туристите во ЕУ се одлучуваат за земји и места кои нудат големи културни атракции. Заштитата на културното наследство може да даде голем поврат на инвестициите меѓутоа може да има стимулација и за едукацијата и за доживотното учење, рече Гир.

Ако отидеме околу Стоби, посочи евроамбасадорот, ќе можеме да видиме колку има работи да се научат, меѓутоа и за доживотното учење.

Има голем број алатки кои може да ги користиме како и во земјите од Западен Балкан. Документот нуди и финансиска и техничка поддршка на иновацијата и истражувањето, едукацијата, културата во Западниот Балкан, меѓутоа и за младите и за спортот преку нашите инструменти за претпристапна помош. ЕУ ја поддржа Македонија во заштита и подобрување на нејзиното законодавство за подобрување на европските стандарди меѓутоа и со потикнување на специјални тела кои се основа за планираните реформи и за јакнење на капацитетите, но финансираме и голем број проекти за заштита на културното наследство низ целата земја кои беа финансирани согласно ИПА инструментот за претпристапна помош и преку нашата прекугранична соработка и регионален развој. Македонија може да има полза од целата наша поддршка што можеме да ја дадеме, рече Гир.

Тој им се заблагодари на сите кои биле вклучени во развивање на овој документ и во преводот и смета дека ќе биде од голема помош за сите кои работат на заштитата на културното наследство.

The post Костадиновска-Стојчевска: Заштитата на културното наследство е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет appeared first on Република.

]]>

Културното наследство, материјално и нематеријално, со својата разновидност и посебност е богатство на човештвото, а неговата заштита е еден од најзначајните показатели за препознавање, дефинирање и афирмација на културниот идентитет, истакна денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на промотивниот настан и дискусија за изданието на ИКОМОС Македонија „Европски начела за квалитет на интревенции финансирани од ЕУ со потенцијално влијание врз културното наследство“. Таа посочи дека Министерството за култура развива механизми и воспоставува мерки за заштита на културното наследство кои подразбираат идентификување, документирање, истражување, одржување, заштита, користење, како и промоција на неговите вредности.
 
Поддршката на ЕУ за издавање на оваа публикација на македонски јазик е значаен придонес во збогатувањето на домашната стручна литература која ќе помогне да бидеме во чекор со најсовремените пристапи во заштитата на културното наследство, рече Костадиновска и се заблагодари на делегацијата на Европската Унија за поддршката и за континуираниот придонес во утврдувањето на стандардите во областа на културното наследство и на ИКОМОС Македонија за посветеноста и ентузијазмот при реализацијата на оваа иницијатива. Верувам дека оваа публикација ќе биде корисно четиво за сите корисници од оваа дејност, особено во поглед на управување со проекти. Суштината на ова издание не е да наметне модалитети за интервенција, правила кои се обврзувачки и да даде готови технички решенија, туку да ги збогати сознанијата, да посоветува, да препорача и да им помогне во донесувањето одлуки на сите што се вклучени во проекти финансирани од ЕУ, а кои имаат потенцијал да влијаат врз културното наследство, истакна Костадиновска Стојчевска.
Потенцира дека Министерството за култура годинава поддржа повеќе проекти кои се во функција на развој, афирмација и промоција на културата. Настојувавме, посочи министерката, во овие тешки и неизвесни времиња, кои силно удрија врз економијата, да направиме одржлива распределба на буџетските средства.
Притоа остануваме доследни на заложбата заштитата на културното наследство да остане врвен приоритет на Министерството за култура. Во фокусот останува и засилувањето на ЕУ-интеграциите во културата што се потврдува и со ентузијазмот и задоволството од денешната промоција на оваа битна публикација на македонски јазик. Министерството за култура ќе продолжи да ги поддржува граѓанските иницијативи што водат кон зголемување на граѓанското учество во сферата на заштитата на културното наследство, рече Костадиновска-Стојчевска.
Таа ги повика македонските институции, невладини организации, културни оператори и правни лица да се пријават на повиците од Програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“ на Европската Унија за кои Министерството за култура редовно информира на својата веб-страница и за кои организира информативни сесии во повеќе градови во земјава. Претседателката на ИКОМОС Македонија, Кристина Бицева рече дека изданието првпат почнало да се подготвува од експертска група на ИКОМОС, под мандат на Европската комисија и во рамките на водечката иницијатива на ЕУ за Европската година на културното наследство 2018 – „Негување на наследството: развивање стандарди за квалитет за проекти финансирани од ЕУ кои имаат потенцијал да влијаат врз културното наследство“. Конечната верзија на овој документ, појасни таа, беше усвоена и промовирана од ИКОМОС во 2021 година.