коста тич Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kosta-tich/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Mar 2023 20:47:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коста тич Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kosta-tich/ 32 32 Раперот Коста Тич (28) почина само неколку часа откако колабирал среде концерт https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/raperot-kosta-tich-28-pochina-samo-nekolku-chasa-otkako-kolabiral-srede-kontsert/ Sun, 12 Mar 2023 20:22:37 +0000 https://republika.mk/?p=618881

Јужноафриканскиот рапер Коста Тич ненадејно почина викендов, објави неговото семејство на Инстаграм. Смртта следеше неколку часа по неговиот настап на музички фестивал. Музичарот, чие вистинско име е Константинос Цобаноглу, имаше 28 години. Не е наведена причина за смртта.

Смртта трагично ни тропна на врата, ни ги одзеде нашите сакани син, брат и внук. Со длабока болка мораме да ја објавиме неговата смрт. Како семејство се соочуваме со тежок период додека се обидуваме да разбереме што се случило со ние и бараме време и простор да се собереме. Благодарни сме на сите служби за итна помош и на сите што беа присутни во неговите последни часови, соопшти неговото семејство.

Раперот колабирал за време на настап на фестивалот „Ултра Јужна Африка“ во Јоханесбург. На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека Коста паднал на бината и бил подигнат од некој кој стоел до него. Откако станал, поминале неколку секунди и раперот повторно колабирал.

Организаторите на фестивалот велат дека се скршени од смртта на младиот рапер. Велат дека бил талентиран рапер, пејач, танчер, текстописец и голем пријател на фестивалот.

Коста беше сензација во подем во Јужна Африка. Тој е роден во Нелспруит, на северо-источниот дел на Јужна Африка, и веќе имал успешна танцова кариера пред да стане рапер. Песната на Биг Флекс го направи ѕвезда низ Африка.

The post Раперот Коста Тич (28) почина само неколку часа откако колабирал среде концерт appeared first on Република.

]]>

Јужноафриканскиот рапер Коста Тич ненадејно почина викендов, објави неговото семејство на Инстаграм. Смртта следеше неколку часа по неговиот настап на музички фестивал. Музичарот, чие вистинско име е Константинос Цобаноглу, имаше 28 години. Не е наведена причина за смртта.
Смртта трагично ни тропна на врата, ни ги одзеде нашите сакани син, брат и внук. Со длабока болка мораме да ја објавиме неговата смрт. Како семејство се соочуваме со тежок период додека се обидуваме да разбереме што се случило со ние и бараме време и простор да се собереме. Благодарни сме на сите служби за итна помош и на сите што беа присутни во неговите последни часови, соопшти неговото семејство.
Раперот колабирал за време на настап на фестивалот „Ултра Јужна Африка“ во Јоханесбург. На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа дека Коста паднал на бината и бил подигнат од некој кој стоел до него. Откако станал, поминале неколку секунди и раперот повторно колабирал. Организаторите на фестивалот велат дека се скршени од смртта на младиот рапер. Велат дека бил талентиран рапер, пејач, танчер, текстописец и голем пријател на фестивалот. Коста беше сензација во подем во Јужна Африка. Тој е роден во Нелспруит, на северо-источниот дел на Јужна Африка, и веќе имал успешна танцова кариера пред да стане рапер. Песната на Биг Флекс го направи ѕвезда низ Африка.

The post Раперот Коста Тич (28) почина само неколку часа откако колабирал среде концерт appeared first on Република.

]]>