коста петров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kosta-petrov/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Dec 2023 09:00:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коста петров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kosta-petrov/ 32 32 Се будиш и гледаш како луѓе плукаат крв и молат за лек… https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/se-budish-i-gledash-kako-luge-plukaat-krv-i-molat-za-lek/ Sat, 23 Dec 2023 08:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=725856

Се будиш и гледаш како луѓе плукаат крв и молат за лек. Лек кој државата е должна да го има обезбедено и тие луѓе да нема ден да стравуваат барем за тоа од се она за што имаат да се секираат,... но нема лек, бидејќи државата не дека нема пари, туку нема ништо аир од тие луѓе да ги одржува во живот. Државата ви е монструм!

Се будиш и гледаш други дечиња, различни од тие вчера, молат за 100 денари по мобилен за операции низ Светот, молат за живот. Нема доктори, нема клиники, со Фонд резервиран за буржоазија и сопствен џеб, ги заболе за тоа каде и како и дали ќе успееме да собереме пари на време за да преживее детето, за што цел живот плаќаш и го полниш буџетот!? Додека ти споделуваш и се молиш на сите можни богови што повеќе луѓе да го видат постот на социјалните мрежи, тие гнетат бифтеци. Државата ви е монструм! Таа е најстрашниот кошмар, кошмар од кој не можеш да се разбудиш и нема никогаш да се разбудиш.

Се будиш и гледаш на група за родители со дечиња со посебни потреби со денови се прашуваат меѓу себе кога ќе има исплата на мочан кеш, мочан но на нив дури и тој очајно потребен, бидејќи 22ри од месецот сме, пари државата немала, касата е празна. Празна е за овие луѓе, кои скраја да е да помислиле на вашата ебена елка како изгледа и како изгледала некогаш и како би можела да изгледа во иднина!?

Тоа што се зезаме околу елката е едно, кој не го конта хуморот да се насмееме троа и смета дека "проблемот елката" навистина е ебано битен и вреден за муабет за сега и тука каде што живеете, тогаш вие сте ист монструм како вашата ви држава. Да ви ја ебам тоа елката, кога не знаете дека постојат луѓе што нема да одат на предновогодишна забава, нема да одат на новогодишна забава, нема дома да имаат софра не пак забава и ќе се пресреќни ако имаат среќа да имаат струја на 1 јануари. Државата ви е монструм! Ждере, се тови, убива. Вие сакате елка. Вие сте соучесник, помагате на монструмот.

Се будиш и гледаш медиуми го споделуваат тоа алкохоличарот Шиље, кој наместо од затвор, тој се начукал и ја критикува сегашнава карикатура од градоначалничка од викендица во Маврово. Разменуваат мислења за елката, ги заболе нив за тоа што ви го подготвува свињата Бислимовски во новогодишното пакетче од ЕВН. Државата ви е монструм! Ние сме монструми. Медиуми го есапат и го пренесуваат мислењето на алкоси криминалци.

Се будиш и гледаш најава за нова епизода на Срце на дланка, срце ти се кине што не им снемува материјал. Мислам дека живеам само еден ден се разбудам и емисијата е откажана, нема повеќе материјал за снимање, нема повеќе тажни најтажни приказни,.. тоа ќе значи дека сме направиле држава.
Изгледале ли тие монструми една сторија, се запрашале ли во која држава ги снимаат емисиите со дечиња што јадат секој втор ден, што дете на 14 години не пробало кифла, смока, што е жртва на булинг од најтежок можен вид, поради причина - сирмаштија. Државата ви е монструм! Сака во ЕУ за да има уште Фондови од кои ќе се товат.

Само Дантон и Робеспјер за вас свињи ненаситни.
Република да се направи.
...
И каде се парите??
Може не знам кај се милијардите, но знам каде се милионите.
Вие се фалите со нив, не јас.
Јован Деспотовски, Коста Петров, Фестим Халили, сите тројца ќе сте првите апсени. Додека сум јас жив вие ќе сте тие први на список за пеење. Вие имате ставено потпис и печат на тие 280 милиони евра, не јас, не зајко, вие.

После ова денес безобразно и бесрамно понашање на Фондот, одиме сега до крај, до затварање на тоа пералната Фонд за иновации. Преку таквото веќе!!
Немој случајно утре непознати броеви да ви текне да ѕвоните, немојТЕ!, еве јас ви се заканувам пред вие да пробате, кои и да ќе сте!?
За кратко ќе пишам за денешната манипулација на Фондот со цифрите, новинарите кутрички, ко да не можат да кликнат на прва страна на Фондот и имаат прашање,.. а потоа продолжуваме со фирми, со имиња и презимиња и со многу посериозни цифри од оние што лапнале по само 40-50.000 евра.
Доста беше.

The post Се будиш и гледаш како луѓе плукаат крв и молат за лек… appeared first on Република.

]]>

Се будиш и гледаш како луѓе плукаат крв и молат за лек. Лек кој државата е должна да го има обезбедено и тие луѓе да нема ден да стравуваат барем за тоа од се она за што имаат да се секираат,... но нема лек, бидејќи државата не дека нема пари, туку нема ништо аир од тие луѓе да ги одржува во живот. Државата ви е монструм! Се будиш и гледаш други дечиња, различни од тие вчера, молат за 100 денари по мобилен за операции низ Светот, молат за живот. Нема доктори, нема клиники, со Фонд резервиран за буржоазија и сопствен џеб, ги заболе за тоа каде и како и дали ќе успееме да собереме пари на време за да преживее детето, за што цел живот плаќаш и го полниш буџетот!? Додека ти споделуваш и се молиш на сите можни богови што повеќе луѓе да го видат постот на социјалните мрежи, тие гнетат бифтеци. Државата ви е монструм! Таа е најстрашниот кошмар, кошмар од кој не можеш да се разбудиш и нема никогаш да се разбудиш. Се будиш и гледаш на група за родители со дечиња со посебни потреби со денови се прашуваат меѓу себе кога ќе има исплата на мочан кеш, мочан но на нив дури и тој очајно потребен, бидејќи 22ри од месецот сме, пари државата немала, касата е празна. Празна е за овие луѓе, кои скраја да е да помислиле на вашата ебена елка како изгледа и како изгледала некогаш и како би можела да изгледа во иднина!? Тоа што се зезаме околу елката е едно, кој не го конта хуморот да се насмееме троа и смета дека "проблемот елката" навистина е ебано битен и вреден за муабет за сега и тука каде што живеете, тогаш вие сте ист монструм како вашата ви држава. Да ви ја ебам тоа елката, кога не знаете дека постојат луѓе што нема да одат на предновогодишна забава, нема да одат на новогодишна забава, нема дома да имаат софра не пак забава и ќе се пресреќни ако имаат среќа да имаат струја на 1 јануари. Државата ви е монструм! Ждере, се тови, убива. Вие сакате елка. Вие сте соучесник, помагате на монструмот. Се будиш и гледаш медиуми го споделуваат тоа алкохоличарот Шиље, кој наместо од затвор, тој се начукал и ја критикува сегашнава карикатура од градоначалничка од викендица во Маврово. Разменуваат мислења за елката, ги заболе нив за тоа што ви го подготвува свињата Бислимовски во новогодишното пакетче од ЕВН. Државата ви е монструм! Ние сме монструми. Медиуми го есапат и го пренесуваат мислењето на алкоси криминалци. Се будиш и гледаш најава за нова епизода на Срце на дланка, срце ти се кине што не им снемува материјал. Мислам дека живеам само еден ден се разбудам и емисијата е откажана, нема повеќе материјал за снимање, нема повеќе тажни најтажни приказни,.. тоа ќе значи дека сме направиле држава. Изгледале ли тие монструми една сторија, се запрашале ли во која држава ги снимаат емисиите со дечиња што јадат секој втор ден, што дете на 14 години не пробало кифла, смока, што е жртва на булинг од најтежок можен вид, поради причина - сирмаштија. Државата ви е монструм! Сака во ЕУ за да има уште Фондови од кои ќе се товат. Само Дантон и Робеспјер за вас свињи ненаситни. Република да се направи. ... И каде се парите?? Може не знам кај се милијардите, но знам каде се милионите. Вие се фалите со нив, не јас. Јован Деспотовски, Коста Петров, Фестим Халили, сите тројца ќе сте првите апсени. Додека сум јас жив вие ќе сте тие први на список за пеење. Вие имате ставено потпис и печат на тие 280 милиони евра, не јас, не зајко, вие. После ова денес безобразно и бесрамно понашање на Фондот, одиме сега до крај, до затварање на тоа пералната Фонд за иновации. Преку таквото веќе!! Немој случајно утре непознати броеви да ви текне да ѕвоните, немојТЕ!, еве јас ви се заканувам пред вие да пробате, кои и да ќе сте!? За кратко ќе пишам за денешната манипулација на Фондот со цифрите, новинарите кутрички, ко да не можат да кликнат на прва страна на Фондот и имаат прашање,.. а потоа продолжуваме со фирми, со имиња и презимиња и со многу посериозни цифри од оние што лапнале по само 40-50.000 евра. Доста беше.

The post Се будиш и гледаш како луѓе плукаат крв и молат за лек… appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Сè што би сакал да знаев порано“ и „Јас и Ти“ од Коста Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-se-shto-bi-sakal-da-znaev-porano-i-jas-i-ti-od-kosta-petrov/ Tue, 03 Oct 2023 15:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=686939

Во среда, 4-ти октомври, со почеток од 19:00 часот во кафе-барот Филхармонија, ќе се одржи промоцијата на „Сè што би сакал да знаев порано“ и „Јас и Ти“, од Коста Петров.

Петров ќе ја промовира својата шеста книга „Сè што би сакал да знаев порано“ и својата прва детска сликовница, насловена како „Јас и Ти: Како Јас стана суперхерој“. Двете книги се во издание на издавачката куќа „Три“ од Скопје

 

The post Промоција на „Сè што би сакал да знаев порано“ и „Јас и Ти“ од Коста Петров appeared first on Република.

]]>

Во среда, 4-ти октомври, со почеток од 19:00 часот во кафе-барот Филхармонија, ќе се одржи промоцијата на „Сè што би сакал да знаев порано“ и „Јас и Ти“, од Коста Петров. Петров ќе ја промовира својата шеста книга „Сè што би сакал да знаев порано“ и својата прва детска сликовница, насловена како „Јас и Ти: Како Јас стана суперхерој“. Двете книги се во издание на издавачката куќа „Три“ од Скопје  

The post Промоција на „Сè што би сакал да знаев порано“ и „Јас и Ти“ од Коста Петров appeared first on Република.

]]>
Коста Петров еден од учесниците во сообраќајката кај „Веро“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kosta-petrov-eden-od-uchesnicite-vo-soobrakjajkata-kaj-vero/ Thu, 26 May 2022 10:46:38 +0000 https://republika.mk/?p=507218

Поранешниот потпретседател на СДСМ и екс директор на Фондот за иновации, Коста Петров е еден од учесниците во сообраќајната несреќа која вчера утринава се случи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на „Веро“ маркетот.

Од МВР информираат дека несреќата била пријавена кај нив околу 07:00часот, а во која учествувале автомобил „БМВ“ и мотор Кавасаки.

На крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ со ул.„Њу Делхиска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ х3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(38) од Скопје и мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Н.(28) од Скопје. Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот Б.Н. констатирани во Градска општа болница „8-ми Септември“, информираат од МВР.

Во изјава за „А1он“, Петров вели дека се наоѓа во добра здравствена состојба, и тој и возачот на моторот поминале без посериозни повреди.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

 

The post Коста Петров еден од учесниците во сообраќајката кај „Веро“ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот потпретседател на СДСМ и екс директор на Фондот за иновации, Коста Петров е еден од учесниците во сообраќајната несреќа која вчера утринава се случи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на „Веро“ маркетот. Од МВР информираат дека несреќата била пријавена кај нив околу 07:00часот, а во која учествувале автомобил „БМВ“ и мотор Кавасаки.
На крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ со ул.„Њу Делхиска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ х3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(38) од Скопје и мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Н.(28) од Скопје. Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот Б.Н. констатирани во Градска општа болница „8-ми Септември“, информираат од МВР.
Во изјава за „А1он“, Петров вели дека се наоѓа во добра здравствена состојба, и тој и возачот на моторот поминале без посериозни повреди. Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.  

The post Коста Петров еден од учесниците во сообраќајката кај „Веро“ appeared first on Република.

]]>
ДКСК оформила предмет за Коста Петров, добила пријава за средства дадени за издавачкиот центар ТРИ ДООЕЛ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-oformila-predmet-za-kosta-petrov-dobila-prijava-za-sredstva-dadeni-za-izdavachkiot-centar-tri-dooel/ Wed, 11 May 2022 09:29:10 +0000 https://republika.mk/?p=500954

До Државната комисија за спречување на корупцијата доставена е пријава од познат подносител против лицето Коста Петров, поранешен директор на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), велат во изјава за „Локално“ од ДКСК.

Оттаму појаснуваат дека по поднесената пријава е оформен предмет и истиот е распределен за работа на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со Деловникот за работа на ДКСК.

Според „Локално“, станува збор за средства дадени за издавачкиот центар ТРИ ДООЕЛ за проект наменет за едукација за кој вкупниот буџет изнесува 7.249.159 денари, сопствено кофинасисрање е 2.174.747 и ФИТР кофинансирање – 5.936.000 денари.

Конфликтот на интереси е во фактот дека тие ги издаваат неговите книги.

Петров во изјава за „Локално“ вели дека не е запознаен дека против него се подготвува случај и тврди дека не склучил договор за доделување на финансиски средства со таа издавачката куќа.

Не сум запознаен дека од страна на Државната Комисија за спречување корупција е отворен предмет за било какво мое постапување.Понатаму, во врска со Вашите наводи, би сакал да Ве информирам дека во време на вршење на мојата функција како Директор на Фондот за иновации и технолошки развој не сум донел Одлука за финансирање на проект ниту сум склучил договор за доделување на финансиски средства со издавачката куќа ТРИ, вели Петров за „Локално“.

Книжарница ТРИ има добиено средства и во 2018 година за проектот за електронска платформа за книги: Сопствено кофинасисрање 3.367.881,45 денари, ФИТР кофинансирање 6.119.108,55 денари, вкупен буџет 9.486.990,00 денари, во време кога на чело на Фондот бил Јован Деспотовски.

The post ДКСК оформила предмет за Коста Петров, добила пријава за средства дадени за издавачкиот центар ТРИ ДООЕЛ appeared first on Република.

]]>

До Државната комисија за спречување на корупцијата доставена е пријава од познат подносител против лицето Коста Петров, поранешен директор на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), велат во изјава за „Локално“ од ДКСК. Оттаму појаснуваат дека по поднесената пријава е оформен предмет и истиот е распределен за работа на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со Деловникот за работа на ДКСК. Според „Локално“, станува збор за средства дадени за издавачкиот центар ТРИ ДООЕЛ за проект наменет за едукација за кој вкупниот буџет изнесува 7.249.159 денари, сопствено кофинасисрање е 2.174.747 и ФИТР кофинансирање – 5.936.000 денари. Конфликтот на интереси е во фактот дека тие ги издаваат неговите книги. Петров во изјава за „Локално“ вели дека не е запознаен дека против него се подготвува случај и тврди дека не склучил договор за доделување на финансиски средства со таа издавачката куќа.
Не сум запознаен дека од страна на Државната Комисија за спречување корупција е отворен предмет за било какво мое постапување.Понатаму, во врска со Вашите наводи, би сакал да Ве информирам дека во време на вршење на мојата функција како Директор на Фондот за иновации и технолошки развој не сум донел Одлука за финансирање на проект ниту сум склучил договор за доделување на финансиски средства со издавачката куќа ТРИ, вели Петров за „Локално“.
Книжарница ТРИ има добиено средства и во 2018 година за проектот за електронска платформа за книги: Сопствено кофинасисрање 3.367.881,45 денари, ФИТР кофинансирање 6.119.108,55 денари, вкупен буџет 9.486.990,00 денари, во време кога на чело на Фондот бил Јован Деспотовски.

The post ДКСК оформила предмет за Коста Петров, добила пријава за средства дадени за издавачкиот центар ТРИ ДООЕЛ appeared first on Република.

]]>
Коста Петров: Превртував очи последните месеци во СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kosta-petrov-prevrtuvav-ochi-poslednite-meseci-vo-sdsm/ Wed, 04 May 2022 09:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=497310

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Коста Петров, во утринската емисија на Телма денеска рече дека романтично влегол во политиката.

Верував во промени, но како ја спознавав партијата се соочив со првата кочница и никогаш не ме прифатија како нивни потпретседател две и пол години. Тоа во фаца ми го кажуваа - ми велеа такви како тебе си оделе, ќе си одиш и ти. Си реков што правам на 38 години. Првите месеци бев нов, и кога го доживеав првиот сериозен удар, ја дадов првата оставка по неколку месеци кога се правеа изборните листи за парламентарните избори 2020. Јас сакав да ставам мегауспешни личности кои би влегле во политиката, но партијата секогаш победува, рече Петров.

Тој вели дека претходно четири месеци преговарал со СДСМ за да влезе во политиката, но потоа се соочил со реалноста

Првичната идеја беше да бидам потпретседател на владеачка партија и советник за ПР, но не знаеја што да прават со мене. Четири месеци ми се додворуваа, јас ги одбивав, им велев дека нема шанси, сметав дека таа функција треба да му се даде на некој од партијата. Одлуката ја донесов два часа пред да се одберат потпретседатели. Првичната идеја беше да креираме нова ПР стратегија бидејќи сметав дека не им е на ниво тоа што беше, но од одредени структури на партијата немаше желба за промени, а јас не сум таков да им кажувам на сите дека се добри, вели Петров.

Подолго време размилувал да си даде оставка, но нов момент бил почетокот на пандемијата.

ПР-експертот во студиото рече дека во последната фаза пред да си даде оставка на партиската функција и како директор на Фондот за иновации и технолошки развој „превртувал очи“.

Во неговата нова книга наречена „Што ќе кажат другите“, којашто ќе биде промовирана денеска, има многу пиканетрии од неговиот живот во владеачката партија.

The post Коста Петров: Превртував очи последните месеци во СДСМ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Коста Петров, во утринската емисија на Телма денеска рече дека романтично влегол во политиката.
Верував во промени, но како ја спознавав партијата се соочив со првата кочница и никогаш не ме прифатија како нивни потпретседател две и пол години. Тоа во фаца ми го кажуваа - ми велеа такви како тебе си оделе, ќе си одиш и ти. Си реков што правам на 38 години. Првите месеци бев нов, и кога го доживеав првиот сериозен удар, ја дадов првата оставка по неколку месеци кога се правеа изборните листи за парламентарните избори 2020. Јас сакав да ставам мегауспешни личности кои би влегле во политиката, но партијата секогаш победува, рече Петров.
Тој вели дека претходно четири месеци преговарал со СДСМ за да влезе во политиката, но потоа се соочил со реалноста
Првичната идеја беше да бидам потпретседател на владеачка партија и советник за ПР, но не знаеја што да прават со мене. Четири месеци ми се додворуваа, јас ги одбивав, им велев дека нема шанси, сметав дека таа функција треба да му се даде на некој од партијата. Одлуката ја донесов два часа пред да се одберат потпретседатели. Првичната идеја беше да креираме нова ПР стратегија бидејќи сметав дека не им е на ниво тоа што беше, но од одредени структури на партијата немаше желба за промени, а јас не сум таков да им кажувам на сите дека се добри, вели Петров.
Подолго време размилувал да си даде оставка, но нов момент бил почетокот на пандемијата. ПР-експертот во студиото рече дека во последната фаза пред да си даде оставка на партиската функција и како директор на Фондот за иновации и технолошки развој „превртувал очи“. Во неговата нова книга наречена „Што ќе кажат другите“, којашто ќе биде промовирана денеска, има многу пиканетрии од неговиот живот во владеачката партија.

The post Коста Петров: Превртував очи последните месеци во СДСМ appeared first on Република.

]]>