косовски таблички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kosovski-tablichki/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Nov 2022 06:49:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png косовски таблички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kosovski-tablichki/ 32 32 Србите ги напуштаат косовските институции поради регистарските таблички https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbite-gi-napushtaat-kosovskite-institucii-poradi-registarskite-tablichki/ Fri, 04 Nov 2022 06:49:44 +0000 https://republika.mk/?p=569370

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, за сабота, свикал состанок на претставниците на косовските институции на северот на Косово, на кој ќе предложи сите Срби да ги напуштат косовските институции на северот.

Повикот за напуштање на косовските институции уследи по одлуката на косовските власти да го суспендираат директорот на полицијата за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, бидејќи одбил да ја спроведе одлуката за пререгистрација на регистарските таблички.

Ракиќ, кој е и министер во Владата на Косово за заедници и враќање, ќе предложи по напуштањето на косовските институции да се изградат и зајакнат српските институции во северната област.

Ракиќ наведува дека „влегле во косовските институции бидејќи тоа било дел од Бриселскиот договор.

Вршителот на должноста генерален директор на косовската полиција го суспендираше директорот на полицијата за северниот регион Ненад Ѓуриќ на предлог на косовскиот полициски инспекторат бидејќи одбил да ги спроведе официјалните решенија, соопшти вчера косовската полиција

The post Србите ги напуштаат косовските институции поради регистарските таблички appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, за сабота, свикал состанок на претставниците на косовските институции на северот на Косово, на кој ќе предложи сите Срби да ги напуштат косовските институции на северот. Повикот за напуштање на косовските институции уследи по одлуката на косовските власти да го суспендираат директорот на полицијата за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, бидејќи одбил да ја спроведе одлуката за пререгистрација на регистарските таблички. Ракиќ, кој е и министер во Владата на Косово за заедници и враќање, ќе предложи по напуштањето на косовските институции да се изградат и зајакнат српските институции во северната област. Ракиќ наведува дека „влегле во косовските институции бидејќи тоа било дел од Бриселскиот договор. Вршителот на должноста генерален директор на косовската полиција го суспендираше директорот на полицијата за северниот регион Ненад Ѓуриќ на предлог на косовскиот полициски инспекторат бидејќи одбил да ги спроведе официјалните решенија, соопшти вчера косовската полиција

The post Србите ги напуштаат косовските институции поради регистарските таблички appeared first on Република.

]]>
Во ЕУ оптимисти: Чекале до вторник Белград и Приштина да најдат решение за табличките иако само десет Срби се пријавиле за пререгистрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-eu-optimisti-chekale-do-vtornik-belgrad-i-prishtina-da-najdat-reshenie-za-tablichkite-iako-samo-deset-srbi-se-prijavile-za-preregistracija/ Fri, 28 Oct 2022 14:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=566900

Европската комисија денеска изрази надеж дека преку преговори меѓу Белград и Приштина ќе биде изнајдено „соодветно решение“ за спорот околу пререгистрацијата на возилата во Косово пред истекот на крајниот рок в понеделник.

Како што рече портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, Белград и Приштина треба да најдат соодветно решение со посредство на пратеникот на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Мамер потсети дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, вчера од Приштина упати повик двете страни да продолжат со преговорите во рамките на тековниот дијалог.

Портпаролката на ЕК, Набила Масрали, изјави дека „има уште три дена” до крајниот рок што го поставија властите во Приштина, посочувајќи дека „ЕУ се надева на решение”.

„Ставот на Унијата е јасен, не е променет и ќе се чекаме со реакција пред да истече рокот“, изјави Масрали.

Таа потсети и на претходните изјави на портпаролот на ЕК, Питер Стен, кој вчера истакна дека „од најголема важност е да се спречи се што ќе доведе до дополнителни заострувања… и неопходно е во духот на компромисот да се најдат решенија за сите отворени прашања

The post Во ЕУ оптимисти: Чекале до вторник Белград и Приштина да најдат решение за табличките иако само десет Срби се пријавиле за пререгистрација appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска изрази надеж дека преку преговори меѓу Белград и Приштина ќе биде изнајдено „соодветно решение“ за спорот околу пререгистрацијата на возилата во Косово пред истекот на крајниот рок в понеделник. Како што рече портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, Белград и Приштина треба да најдат соодветно решение со посредство на пратеникот на ЕУ, Мирослав Лајчак. Мамер потсети дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, вчера од Приштина упати повик двете страни да продолжат со преговорите во рамките на тековниот дијалог. Портпаролката на ЕК, Набила Масрали, изјави дека „има уште три дена” до крајниот рок што го поставија властите во Приштина, посочувајќи дека „ЕУ се надева на решение”. „Ставот на Унијата е јасен, не е променет и ќе се чекаме со реакција пред да истече рокот“, изјави Масрали. Таа потсети и на претходните изјави на портпаролот на ЕК, Питер Стен, кој вчера истакна дека „од најголема важност е да се спречи се што ќе доведе до дополнителни заострувања… и неопходно е во духот на компромисот да се најдат решенија за сите отворени прашања

The post Во ЕУ оптимисти: Чекале до вторник Белград и Приштина да најдат решение за табличките иако само десет Срби се пријавиле за пререгистрација appeared first on Република.

]]>
Само десет Срби се пријавиле за косовски таблички, во вторник се можни инциденти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/samo-deset-srbi-se-prijavile-za-kosovski-tablichki-vo-vtornik-se-mozni-incidenti/ Thu, 27 Oct 2022 15:51:06 +0000 https://republika.mk/?p=566498

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека САД се разочарани и загрижени поради одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да не го продолжи рокот за пререгистрација на возила со српски таблички и покрај повиците на земјите од Квинта и Европската Унија,

– Владата на САД, заедно со нејзините меѓународни партнери, во повеќе наврати бараше од Владата на Косово да го продолжи периодот на имплементација на пререгистацијата на возилата. Разочарани сме и загрижени поради одбивањето на Владата на Косово да ги прифати барањата и советите од нејзинит е најблиски меѓународни партнери по ова прашање, појасни Хил за Блиц.

Како што истакна Хил, САД „ги повикуваат Косово и Србија да продолжат да учествуваат во дијалогот што го посредува Европската Унија“.

Курти во вторникот изјави дека нема да биде продолжен рокот за пререгистрација на возила со српски таблички и покрај барањата на Западот да биде поместен за десет месеци.

Сопствениците на возила со српски регистарски таблички имаат рок да ги пререгистрираат на косовски до 31 октомври. Властите во Приштина се закануваат дека ќе ги запленат возилата што нема да бидат пререгистрирани. Досега за пререгистрација се пријавиле само десет Срби кои се вработени во косовските институции.

The post Само десет Срби се пријавиле за косовски таблички, во вторник се можни инциденти appeared first on Република.

]]>

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека САД се разочарани и загрижени поради одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да не го продолжи рокот за пререгистрација на возила со српски таблички и покрај повиците на земјите од Квинта и Европската Унија,
– Владата на САД, заедно со нејзините меѓународни партнери, во повеќе наврати бараше од Владата на Косово да го продолжи периодот на имплементација на пререгистацијата на возилата. Разочарани сме и загрижени поради одбивањето на Владата на Косово да ги прифати барањата и советите од нејзинит е најблиски меѓународни партнери по ова прашање, појасни Хил за Блиц.
Како што истакна Хил, САД „ги повикуваат Косово и Србија да продолжат да учествуваат во дијалогот што го посредува Европската Унија“. Курти во вторникот изјави дека нема да биде продолжен рокот за пререгистрација на возила со српски таблички и покрај барањата на Западот да биде поместен за десет месеци. Сопствениците на возила со српски регистарски таблички имаат рок да ги пререгистрираат на косовски до 31 октомври. Властите во Приштина се закануваат дека ќе ги запленат возилата што нема да бидат пререгистрирани. Досега за пререгистрација се пријавиле само десет Срби кои се вработени во косовските институции.

The post Само десет Срби се пријавиле за косовски таблички, во вторник се можни инциденти appeared first on Република.

]]>