косовски срби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kosovski-srbi/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Aug 2024 14:14:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png косовски срби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kosovski-srbi/ 32 32 Курти со повик до Србите во Северна Митровица да учествуваат во општинска дебата за потребата од отворање на мостот на Ибар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-so-povik-do-srbite-vo-severna-mitrovitsa-da-uchestvuvaat-vo-opshtinska-debata-za-potrebata-od-otvorane-na-mostot-na-ibar/ Wed, 07 Aug 2024 14:43:11 +0000 https://republika.mk/?p=804272

Косовскиот премиер Албин Курти им се заблагодари на безбедносните институции кои обезбедија непречено одвивање на денешниот собир на граѓаните од српска националност во Северна Митровица, кои излегоа на протест против отворањето на мостот на реката Ибар, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти во објава на својата страница на Фејсбук го нагласи фактот дека денешниот протест на припадниците на српската заедница во Косово заврши без никаков инцидент.

„Протестот одржан денеска во Северна Митровица заврши без инцидент. Им благодарам на безбедносните институции кои обезбедија непречен развој. Протестите се демократско право што сите граѓани на нашата Република го уживаат и можат да го остварат без разлика (на нивната припадност),“ напиша Курти.

Тој напомена дека утре општина Северна Митровица, чиј градоначалник е од редовите на неговата партија, ќе организира разговор со граѓаните на тема „Меѓуетничка соработка, општинско советување за безбедност на заедницата, соработка меѓу институциите и граѓанското општество“ и ги повика граѓаните од српска националност да учествуваат и да бидат информирани „за придобивките од отворањето на мостот“.

Курти рече дека загриженоста што ќе ја искажат граѓаните ќе биде истретирана од страна на  институционалните претставници и институциите на земјата.

„Општина Северна Митровица утре од 11:00 часот во просториите на Собранието на општината организира средба и разговор со граѓани, граѓански активисти и претставници на локалните медиуми... Ги повикувам да учествуваат нашите сограѓани од српската заедница на оваа заедничка дискусија на која ќе можат да се информираат за придобивките од отворањето на мостот и да ја изразат својата загриженост која ќе се истретира од нашите институционални претставници и институциите во земјата“, напиша Курти.

Косовскиот премиер вели дека мостот на Ибар неправедно го добил епитетот на делба и ненормални односи.

„Предолго не држи на дистанца митровичкиот мост преку Ибар. Неправедно му е даден епитетот на делба и ненормални односи. Мостовите нé обединуваат, а заедно да го направиме овој (мост) симбол на нормализацијата“, порача Курти.

The post Курти со повик до Србите во Северна Митровица да учествуваат во општинска дебата за потребата од отворање на мостот на Ибар appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти им се заблагодари на безбедносните институции кои обезбедија непречено одвивање на денешниот собир на граѓаните од српска националност во Северна Митровица, кои излегоа на протест против отворањето на мостот на реката Ибар, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти во објава на својата страница на Фејсбук го нагласи фактот дека денешниот протест на припадниците на српската заедница во Косово заврши без никаков инцидент. „Протестот одржан денеска во Северна Митровица заврши без инцидент. Им благодарам на безбедносните институции кои обезбедија непречен развој. Протестите се демократско право што сите граѓани на нашата Република го уживаат и можат да го остварат без разлика (на нивната припадност),“ напиша Курти. Тој напомена дека утре општина Северна Митровица, чиј градоначалник е од редовите на неговата партија, ќе организира разговор со граѓаните на тема „Меѓуетничка соработка, општинско советување за безбедност на заедницата, соработка меѓу институциите и граѓанското општество“ и ги повика граѓаните од српска националност да учествуваат и да бидат информирани „за придобивките од отворањето на мостот“. Курти рече дека загриженоста што ќе ја искажат граѓаните ќе биде истретирана од страна на  институционалните претставници и институциите на земјата. „Општина Северна Митровица утре од 11:00 часот во просториите на Собранието на општината организира средба и разговор со граѓани, граѓански активисти и претставници на локалните медиуми... Ги повикувам да учествуваат нашите сограѓани од српската заедница на оваа заедничка дискусија на која ќе можат да се информираат за придобивките од отворањето на мостот и да ја изразат својата загриженост која ќе се истретира од нашите институционални претставници и институциите во земјата“, напиша Курти. Косовскиот премиер вели дека мостот на Ибар неправедно го добил епитетот на делба и ненормални односи. „Предолго не држи на дистанца митровичкиот мост преку Ибар. Неправедно му е даден епитетот на делба и ненормални односи. Мостовите нé обединуваат, а заедно да го направиме овој (мост) симбол на нормализацијата“, порача Курти.

The post Курти со повик до Србите во Северна Митровица да учествуваат во општинска дебата за потребата од отворање на мостот на Ибар appeared first on Република.

]]>
Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovskite-srbi-ke-protestiraat-deneska-vo-severna-mitrovitsa/ Wed, 07 Aug 2024 06:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=804111

Косовските Срби најавија за денеска протест во северно Косово поради, како што беше објавено во повикот на организаторите, „лошата состојба на српскит народ“ во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Протестот е свикан за во 11 часот на плоштадот „Цар Лазар“ во Северна Митровица“.

Полицијата е известена за протестот и ќе биде присутна за да се погрижи ситуацијата да не излезе од контрола, иако не се очекуваат проблеми.

Група граѓани го најави протестот за во 11:00 часот, кој е предвиден да се одржи на плоштадот „Цар Лазар“. Се очекува протестот да биде мирен, а полицијата ќе биде во доволен број за да го одржува јавниот ред и мир, иако не очекуваме никакви проблеми, изјави заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.

Овој протест во вторник го спомена и српскиот претседател Александер Вучиќ, кој рече дека Србите ќе реагираат на намерата на властите во Приштина да го отворат мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужнјуот и северниот дел на градот Митровица.

Изминативе денови имаше јасни повици од меѓународната заедница за неотворање на овој мост. Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, се закани дека ќе реагира доколку се преземат активности за негово отворање без претходен договор со Србија. Реакции имаше и од амбасадорите на земјите од групата Квинта и од ЕУ.

Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља во вторникот го посети косовскиот север, инсистирајќи дека мостот треба да се отвори за сообраќај на возила.

The post Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>

Косовските Срби најавија за денеска протест во северно Косово поради, како што беше објавено во повикот на организаторите, „лошата состојба на српскит народ“ во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Протестот е свикан за во 11 часот на плоштадот „Цар Лазар“ во Северна Митровица“. Полицијата е известена за протестот и ќе биде присутна за да се погрижи ситуацијата да не излезе од контрола, иако не се очекуваат проблеми.
Група граѓани го најави протестот за во 11:00 часот, кој е предвиден да се одржи на плоштадот „Цар Лазар“. Се очекува протестот да биде мирен, а полицијата ќе биде во доволен број за да го одржува јавниот ред и мир, иако не очекуваме никакви проблеми, изјави заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.
Овој протест во вторник го спомена и српскиот претседател Александер Вучиќ, кој рече дека Србите ќе реагираат на намерата на властите во Приштина да го отворат мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужнјуот и северниот дел на градот Митровица. Изминативе денови имаше јасни повици од меѓународната заедница за неотворање на овој мост. Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, се закани дека ќе реагира доколку се преземат активности за негово отворање без претходен договор со Србија. Реакции имаше и од амбасадорите на земјите од групата Квинта и од ЕУ. Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља во вторникот го посети косовскиот север, инсистирајќи дека мостот треба да се отвори за сообраќај на возила.

The post Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>
Четворица косовски Срби обвинети за тероризам, поради напад врз изборна комисија во Северна Митровица https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chetvoritsa-kosovski-srbi-obvineti-za-terorizam-poradi-napad-vrz-izborna-komisija-vo-severna-mitrovitsa/ Wed, 13 Dec 2023 17:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=722668

Специјалното обвинителство на Косово подигна денеска обвинение против четири лица, осомничени дека во декември минатата година, во текот на локалните избори во Косово, фрлиле рачни гранати и шок-бомби врз канцеларијата на општинската изборна комисија во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обвинетите, косовски Срби, идентификувани во соопштението на Обвинителството со иницијалите М.М., А.В., Д.П. и М.В., се товарат за кривичното дело тероризам, со оглед дека „сериозно го загрозиле животот на официјалните лица на ЦИК (Централната изборна комисија на Косово) и на припадниците на косовската полиција“.

– Со цел сериозно заплашување на населението, незаконско принудување на јавен орган, во случајов ЦИК, да ги оневозможи локалните избори, како и со цел да се дестабилизираат или уништат основните политички и уставни структури на Република Косово обвинетите, заедно со засега неидентификувани лица, извршиле терористички напад со фрлање две гранати и две шок-бомби во правец на гореспоменатата висока канцеларија, при што експлодирале една граната и две шок-бомби и е причинета значителна материјална штета и сериозно се загрозени животите на функционери на ЦИК и полицајци – се вели во соопштението.

Косовските медиуми објавија дека меѓу обвинетите се Милун Миленковиќ и Дејан Пантиќ, поранешни припадници на косовската полиција, кои и претходно беа апсени.

Пантиќ беше уапсен на почетокот на оваа година, како главен осомничен за нападот на канцелариите на ЦИК минатиот декември, додека неговото апсење предизвика тензии во северно Косово, населено со мнозинско српско население. Граѓаните таму поставија барикади на главните патишта кои водат до граничните премини со Србија, Јариње и Брњак.

Барикадите беа отстранети по неколку недели, но само откако судот му го замени на Пантиќ притворот со домашен притвор.

Милун Миленковиќ – Луне, кого косовските медиуми го опишуваат како „еден од водачите на нелегалната организација, поддржувана од Белград, ‘Цивилна заштита’ и организатор на нападите врз припадниците на КФОР и косовската полиција“ на протестите против градоначалниците Албанци во општините со мнозинско српско население, беше упасен во јуни годинава. Тој беше обвинет за тероризам, промена на уставниот поредок преку насилство и загрозување на лице под меѓународна заштита.

Апсењето на Миленковиќ предизвика дополнително влошување на односите меѓу Приштина и Белград, нови протести на косовските Срби и, генерално, зголемување на напнатоста во северно Косово.

 

The post Четворица косовски Срби обвинети за тероризам, поради напад врз изборна комисија во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>

Специјалното обвинителство на Косово подигна денеска обвинение против четири лица, осомничени дека во декември минатата година, во текот на локалните избори во Косово, фрлиле рачни гранати и шок-бомби врз канцеларијата на општинската изборна комисија во Северна Митровица, јави дописникот на МИА од Приштина. Обвинетите, косовски Срби, идентификувани во соопштението на Обвинителството со иницијалите М.М., А.В., Д.П. и М.В., се товарат за кривичното дело тероризам, со оглед дека „сериозно го загрозиле животот на официјалните лица на ЦИК (Централната изборна комисија на Косово) и на припадниците на косовската полиција“. – Со цел сериозно заплашување на населението, незаконско принудување на јавен орган, во случајов ЦИК, да ги оневозможи локалните избори, како и со цел да се дестабилизираат или уништат основните политички и уставни структури на Република Косово обвинетите, заедно со засега неидентификувани лица, извршиле терористички напад со фрлање две гранати и две шок-бомби во правец на гореспоменатата висока канцеларија, при што експлодирале една граната и две шок-бомби и е причинета значителна материјална штета и сериозно се загрозени животите на функционери на ЦИК и полицајци – се вели во соопштението. Косовските медиуми објавија дека меѓу обвинетите се Милун Миленковиќ и Дејан Пантиќ, поранешни припадници на косовската полиција, кои и претходно беа апсени. Пантиќ беше уапсен на почетокот на оваа година, како главен осомничен за нападот на канцелариите на ЦИК минатиот декември, додека неговото апсење предизвика тензии во северно Косово, населено со мнозинско српско население. Граѓаните таму поставија барикади на главните патишта кои водат до граничните премини со Србија, Јариње и Брњак. Барикадите беа отстранети по неколку недели, но само откако судот му го замени на Пантиќ притворот со домашен притвор. Милун Миленковиќ – Луне, кого косовските медиуми го опишуваат како „еден од водачите на нелегалната организација, поддржувана од Белград, ‘Цивилна заштита’ и организатор на нападите врз припадниците на КФОР и косовската полиција“ на протестите против градоначалниците Албанци во општините со мнозинско српско население, беше упасен во јуни годинава. Тој беше обвинет за тероризам, промена на уставниот поредок преку насилство и загрозување на лице под меѓународна заштита. Апсењето на Миленковиќ предизвика дополнително влошување на односите меѓу Приштина и Белград, нови протести на косовските Срби и, генерално, зголемување на напнатоста во северно Косово.  

The post Четворица косовски Срби обвинети за тероризам, поради напад врз изборна комисија во Северна Митровица appeared first on Република.

]]>