косовска делегација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kosovska-delegatsija/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 17:06:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png косовска делегација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kosovska-delegatsija/ 32 32 Претседателот на Собранието Џафери се сретна со членовите на косовската собраниска Комисија за надворешни работи и дијаспора https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-sobranieto-dhaferi-se-sretna-so-chlenovite-na-kosovskata-sobraniska-komisija-za-nadvoreshni-raboti-i-dijaspora/ Tue, 31 Oct 2023 20:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=696820

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари средба со делегацијата составена од членовите на Комисијата за надворешни работи и дијаспора на Собранието на Косово, предводена од претседателката на Комисијата, Арбереше Криезиу-Хисени.

На средбата Џафери,нагласи дека двата парламенти успешно соработуваат и се поддржуваат и на мултилатерален план, во рамките на меѓународните парламентарни собранија, а особено во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во кое на еднаква основа се вклучени сите држави на ЈИЕ. Тој нагласи дека, Македонија, годинава претседава со ПСЈИЕ и изрази надеж дека косовските пратеници ќе учествуваат на настаните што ќе ги организира Собранието во рамките на претседавањето.

Тој истакна дека институционалните односи меѓу двете земји се на многу високо ниво, а меѓусебната соработка во различни сегменти, како што кажа, е во корист на граѓаните и треба да продолжи со уште поголем интензитет во наредниот период. Подвлече дека со внимание се следат случувањата во Косово и дека како земја го подржуваме дијалогот Косово -Србија во насока на нормализирање на односите и изнаоѓање на заеднички прифатливо решение.

Претседателката на Комисијата за надворешни работи и дијаспора на Собранието на Косово Арбереше Криезиу-Хисени, изрази благодарност за докажаната и активна поддршка од Македонија за евроатлантските аспирации на Косово и членството на земјата во регионалните и меѓународните организации. Таа поддршка, додаде, е особено значајна во меѓународните форуми во кои не членуваат пратеници од Косово. Исто така, изрази задоволство што косовските пратеници имаа можност на конференциите организирани во рамките на Берлинскиот процес и Советот на Европа во Скопје да се сретнат со пратеници од европските земји и со европратеници.

На средбата стана збор и за економската соработка меѓу двете земји, како и за потребата од завршување на заедничките инфраструктурни проекти и подобрувањето на капацитетите на граничните премини. Беа разменети мислења и за состојбите во регионот, во Украина и во Газа, при што беше нагласено дека двете земји имаат исти ставови за глобалните прашања.

Џафери и Криезиу-Хисени изразија уверување дека оваа посета претставува уште една потврда за плодната соработка меѓу собранијата на двете земји, на ниво на претседатели на парламенти, комисии и групи за соработка и пријателство. Покрај тоа, како што кажаа, посетата ќе придонесе и за натамошното унапредување на севкупната конструктивна и фреквентна билатерална соработка меѓу двете соседни држави.

The post Претседателот на Собранието Џафери се сретна со членовите на косовската собраниска Комисија за надворешни работи и дијаспора appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари средба со делегацијата составена од членовите на Комисијата за надворешни работи и дијаспора на Собранието на Косово, предводена од претседателката на Комисијата, Арбереше Криезиу-Хисени. На средбата Џафери,нагласи дека двата парламенти успешно соработуваат и се поддржуваат и на мултилатерален план, во рамките на меѓународните парламентарни собранија, а особено во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во кое на еднаква основа се вклучени сите држави на ЈИЕ. Тој нагласи дека, Македонија, годинава претседава со ПСЈИЕ и изрази надеж дека косовските пратеници ќе учествуваат на настаните што ќе ги организира Собранието во рамките на претседавањето. Тој истакна дека институционалните односи меѓу двете земји се на многу високо ниво, а меѓусебната соработка во различни сегменти, како што кажа, е во корист на граѓаните и треба да продолжи со уште поголем интензитет во наредниот период. Подвлече дека со внимание се следат случувањата во Косово и дека како земја го подржуваме дијалогот Косово -Србија во насока на нормализирање на односите и изнаоѓање на заеднички прифатливо решение. Претседателката на Комисијата за надворешни работи и дијаспора на Собранието на Косово Арбереше Криезиу-Хисени, изрази благодарност за докажаната и активна поддршка од Македонија за евроатлантските аспирации на Косово и членството на земјата во регионалните и меѓународните организации. Таа поддршка, додаде, е особено значајна во меѓународните форуми во кои не членуваат пратеници од Косово. Исто така, изрази задоволство што косовските пратеници имаа можност на конференциите организирани во рамките на Берлинскиот процес и Советот на Европа во Скопје да се сретнат со пратеници од европските земји и со европратеници. На средбата стана збор и за економската соработка меѓу двете земји, како и за потребата од завршување на заедничките инфраструктурни проекти и подобрувањето на капацитетите на граничните премини. Беа разменети мислења и за состојбите во регионот, во Украина и во Газа, при што беше нагласено дека двете земји имаат исти ставови за глобалните прашања. Џафери и Криезиу-Хисени изразија уверување дека оваа посета претставува уште една потврда за плодната соработка меѓу собранијата на двете земји, на ниво на претседатели на парламенти, комисии и групи за соработка и пријателство. Покрај тоа, како што кажаа, посетата ќе придонесе и за натамошното унапредување на севкупната конструктивна и фреквентна билатерална соработка меѓу двете соседни држави.

The post Претседателот на Собранието Џафери се сретна со членовите на косовската собраниска Комисија за надворешни работи и дијаспора appeared first on Република.

]]>