Косовари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kosovari/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 07:57:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Косовари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kosovari/ 32 32 Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hadholi-srbija-se-odmazduva-za-glasaneto-vo-strazbur-od-polnok-poveke-od-300-kosovari-blokirani-na-granitsata-so-hrvatska/ Wed, 17 Apr 2024 07:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=767018

Секретарот на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли објави дека Србија од полноќ држи повеќе од 300 граѓани на Косово блокирани на границата со Хрватска, јавија утрово медиумите во Приштина.

Хаџоли на својата страница на Фејсбук пишува дека „во знак на одмазда и апсурдна нервоза“ поради синоќешното гласање во Парламентарното собрание на Советот на Европа за членство на Косово во таа институција, Србија не ги пушта автобусите со косовски регистарски таблички.

Во знак на одмазда и апсурдна нервоза поради изгласувањето на Парламентарното собрание на Советот на Европа за членство на Република Косово во оваа меѓународна институција, граничните власти на Србија, на преминот „Батровци“ меѓу Србија и Хрватска, држат блокирани од полноќ најмалку четири автобуси со регистерски таблички и патници, државјани на Република Косово, напиша Хаџоли.

Објаснувањето од српските власти, како што вели тој, е дека тоа го наредил Белград.

Блокирањето на над 300 граѓани со задржување на нивните пасоши и патни документи, е флагрантно кршење не само на бриселските договори, туку и на универзалните човекови права загарантирани со сите меѓународни конвенции. Само најавторитарните режими ги блокираат патниците од друга земја, со образложение „ова е наредба од Белград, напиша Хаџоли.

Тој вели дека планира лично да оди на граничниот премин меѓу Хрватска и Србија каде што се блокирани косовските патници.

Бидејќи српската Канцеларија за врски не комуницира со нашата Канцеларија, како што се случи и утринава, побарав и чекам блиска придружба за да отпатувам до преминот Батровци, за да им се најдам во близина на нашите сограѓани и во знак на протест кон ваквиот развој, напиша Хаџоли.

The post Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска appeared first on Република.

]]>

Секретарот на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли објави дека Србија од полноќ држи повеќе од 300 граѓани на Косово блокирани на границата со Хрватска, јавија утрово медиумите во Приштина. Хаџоли на својата страница на Фејсбук пишува дека „во знак на одмазда и апсурдна нервоза“ поради синоќешното гласање во Парламентарното собрание на Советот на Европа за членство на Косово во таа институција, Србија не ги пушта автобусите со косовски регистарски таблички. Во знак на одмазда и апсурдна нервоза поради изгласувањето на Парламентарното собрание на Советот на Европа за членство на Република Косово во оваа меѓународна институција, граничните власти на Србија, на преминот „Батровци“ меѓу Србија и Хрватска, држат блокирани од полноќ најмалку четири автобуси со регистерски таблички и патници, државјани на Република Косово, напиша Хаџоли. Објаснувањето од српските власти, како што вели тој, е дека тоа го наредил Белград. Блокирањето на над 300 граѓани со задржување на нивните пасоши и патни документи, е флагрантно кршење не само на бриселските договори, туку и на универзалните човекови права загарантирани со сите меѓународни конвенции. Само најавторитарните режими ги блокираат патниците од друга земја, со образложение „ова е наредба од Белград, напиша Хаџоли. Тој вели дека планира лично да оди на граничниот премин меѓу Хрватска и Србија каде што се блокирани косовските патници. Бидејќи српската Канцеларија за врски не комуницира со нашата Канцеларија, како што се случи и утринава, побарав и чекам блиска придружба за да отпатувам до преминот Батровци, за да им се најдам во близина на нашите сограѓани и во знак на протест кон ваквиот развој, напиша Хаџоли.

The post Хаџоли: Србија се одмаздува за гласањето во Стразбур, од полноќ повеќе од 300 Косовари блокирани на границата со Хрватска appeared first on Република.

]]>
За два месецa барање за пасош поднеле 116 илјади граѓани на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-dva-mesetsa-barane-za-pasosh-podnele-116-iljadi-gragani-na-kosovo/ Sun, 03 Mar 2024 15:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=750774

Извршниот директор на Агенцијата за граѓанска регистрација на Косово (АРЦ), Блерим Цамај, вели дека 116 илјади граѓани поднеле барање до АРЦ за да добијат пасош во изминатите два месеци, од стапувањето во сила на визната либерализација за граѓаните на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Цамај за порталот „Економија онлајн“ изјави дека во овој период и српските граѓани на северот од земјата покажале зголемен интерес за добивање биометриски пасош и од 1 јануари досега имало над 1.400 граѓани од северните општини кои аплицирале и добиле пасош. Вкупно, во четирите северни општини населени со мнозинско српско население, со косовски пасоши досега се снабдиле околу седум илјади лица.

Директорот на АРЦ ги негира тврдењата дека има недостиг на материјали за издавање пасоши, но вели дека одвреме-навреме се појавувале проблеми.

-Побарувањата се зголемуваа, сега ситуацијата веќе почна да се стабилизира од крајот на февруари. Во месец јануари имаше околу 71.000 граѓани кои поднеле барање за пасоши, а во месец февруари околу 45.000 граѓани, изјави Цамај.

The post За два месецa барање за пасош поднеле 116 илјади граѓани на Косово appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на Агенцијата за граѓанска регистрација на Косово (АРЦ), Блерим Цамај, вели дека 116 илјади граѓани поднеле барање до АРЦ за да добијат пасош во изминатите два месеци, од стапувањето во сила на визната либерализација за граѓаните на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Цамај за порталот „Економија онлајн“ изјави дека во овој период и српските граѓани на северот од земјата покажале зголемен интерес за добивање биометриски пасош и од 1 јануари досега имало над 1.400 граѓани од северните општини кои аплицирале и добиле пасош. Вкупно, во четирите северни општини населени со мнозинско српско население, со косовски пасоши досега се снабдиле околу седум илјади лица. Директорот на АРЦ ги негира тврдењата дека има недостиг на материјали за издавање пасоши, но вели дека одвреме-навреме се појавувале проблеми.
-Побарувањата се зголемуваа, сега ситуацијата веќе почна да се стабилизира од крајот на февруари. Во месец јануари имаше околу 71.000 граѓани кои поднеле барање за пасоши, а во месец февруари околу 45.000 граѓани, изјави Цамај.

The post За два месецa барање за пасош поднеле 116 илјади граѓани на Косово appeared first on Република.

]]>
Еден од загинатите во несреќата во мај во сообраќајка го загубил братот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eden-od-zaginatite-vo-nesrekata-vo-maj-vo-soobrakajka-go-zagubil-bratot/ Sat, 09 Dec 2023 08:00:04 +0000 https://republika.mk/?p=721193

Три лица загинаа кога со возило „бмв“ удриле во заштитна ограда, по што паднале во река во несреќа во италијанскиот град Португаро, во близина на Венеција. Како што јави агенцијата АНСА, жртвите се двајца Албанци од Косово, Ѓ. Е.(20) и А.Х.(22), кои биле во друштво на Ѓ. Т.(21), девојка на еден од младите, која исто така починала.

Според италијанските медиуми, во сообраќајна несреќа во мај загинал и братот на А.Х, Адмир (19), кога бил повреден и нивниот татко.

Кога итната помош пристигнала на местото на несреќата, биле пронајдени во автомобилот.

Првичните информации сугерираат дека во несреќата можеби учествувало и четврто лице, но нуркачите засега не пронашле тело во реката.

The post Еден од загинатите во несреќата во мај во сообраќајка го загубил братот appeared first on Република.

]]>

Три лица загинаа кога со возило „бмв“ удриле во заштитна ограда, по што паднале во река во несреќа во италијанскиот град Португаро, во близина на Венеција. Како што јави агенцијата АНСА, жртвите се двајца Албанци од Косово, Ѓ. Е.(20) и А.Х.(22), кои биле во друштво на Ѓ. Т.(21), девојка на еден од младите, која исто така починала. Според италијанските медиуми, во сообраќајна несреќа во мај загинал и братот на А.Х, Адмир (19), кога бил повреден и нивниот татко. Кога итната помош пристигнала на местото на несреќата, биле пронајдени во автомобилот. Првичните информации сугерираат дека во несреќата можеби учествувало и четврто лице, но нуркачите засега не пронашле тело во реката.

The post Еден од загинатите во несреќата во мај во сообраќајка го загубил братот appeared first on Република.

]]>
Четворица Косовари на крос-мотори дивееле по строго заштитената зона на Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-kosovari-na-kros-motori-diveele-po-strogo-zashtitenata-zona-na-shar-planina/ Mon, 11 Sep 2023 17:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=681027

Националниот парк Шар Планина соопшти дека при вршење теренска контрола заедно со полиција, вчера спречиле четири лица државјани на Република Косово да се движат со крос-мотоцикли по високопланинските пасишта на територија во парковската зона на строга заштита.

Од НП Шар Планина потсетуваат дека движењето на моторни возила во зоната на строгата заштита е строго забрането и казниво по закон поради деградацијата на почвата и вознемирувањето на заштитените диви животински видови.

 

Зоната на строга заштита претставува дел со највисок интерес за заштита, што се карактеризира со изворни, неизменети карактеристики на екосистемите или има сосема мали промени како резултат на традиционални управувачки практики. Зоната за строга заштита е составена од 5 посебни единици, ги опфаќа највисоките делови на Шар Планина кои се граничат со Република Косово т.е. Националниот парк Шара во Косово. Во оваа зона се наоѓаат најзначајните екосистеми и живеалишта: глацијални езера, тресетишта, високопланински пасишта, алпски камењари, вриштини со боровинки, смреки и Empetrum, најзначајните шумски екосистеми; како и значајните предели и најголем дел од значајните видови, особено од васкуларните растенија, дијатомеите, дневните пеперутки итн., се вели во соопштението на Национален парк Шар Планина.

Четворицата се задржани во полициска станица и за нелегално преминување на државна граница.

Вчеравечер (10 септември) околу 23 часот и 10 минути во СВР Тетово биле задржани Е.Е.(25), Д.Д.(33), С.Ќ.(48) и Х.З.(41), сите од Република Косово, а поради сомнение дека илегално влегле во нашата земја. Се расчистува и документира случајот, соопшти СВР Тетово.

Од Националниот парк потсетуваат дека патиштата на кои е воспоставен режим на движење се претставени на карта, која е подготвена во согласност со Планот за управување со Националниот парк и Законот за заштита на природата, соопштија од Националниот парк. Картата на која се прикажани патиштата по кои е дозволено движење на моторни возила е поставена на информативните табли во паркот.

The post Четворица Косовари на крос-мотори дивееле по строго заштитената зона на Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Националниот парк Шар Планина соопшти дека при вршење теренска контрола заедно со полиција, вчера спречиле четири лица државјани на Република Косово да се движат со крос-мотоцикли по високопланинските пасишта на територија во парковската зона на строга заштита. Од НП Шар Планина потсетуваат дека движењето на моторни возила во зоната на строгата заштита е строго забрането и казниво по закон поради деградацијата на почвата и вознемирувањето на заштитените диви животински видови.  
Зоната на строга заштита претставува дел со највисок интерес за заштита, што се карактеризира со изворни, неизменети карактеристики на екосистемите или има сосема мали промени како резултат на традиционални управувачки практики. Зоната за строга заштита е составена од 5 посебни единици, ги опфаќа највисоките делови на Шар Планина кои се граничат со Република Косово т.е. Националниот парк Шара во Косово. Во оваа зона се наоѓаат најзначајните екосистеми и живеалишта: глацијални езера, тресетишта, високопланински пасишта, алпски камењари, вриштини со боровинки, смреки и Empetrum, најзначајните шумски екосистеми; како и значајните предели и најголем дел од значајните видови, особено од васкуларните растенија, дијатомеите, дневните пеперутки итн., се вели во соопштението на Национален парк Шар Планина.
Четворицата се задржани во полициска станица и за нелегално преминување на државна граница.
Вчеравечер (10 септември) околу 23 часот и 10 минути во СВР Тетово биле задржани Е.Е.(25), Д.Д.(33), С.Ќ.(48) и Х.З.(41), сите од Република Косово, а поради сомнение дека илегално влегле во нашата земја. Се расчистува и документира случајот, соопшти СВР Тетово.
Од Националниот парк потсетуваат дека патиштата на кои е воспоставен режим на движење се претставени на карта, која е подготвена во согласност со Планот за управување со Националниот парк и Законот за заштита на природата, соопштија од Националниот парк. Картата на која се прикажани патиштата по кои е дозволено движење на моторни возила е поставена на информативните табли во паркот.

The post Четворица Косовари на крос-мотори дивееле по строго заштитената зона на Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Британски власти: Лондон е под опсада на Албанци, главно Косовари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanski-vlasti-london-e-pod-opsada-na-albanci-glavno-kosovari/ Sat, 12 Nov 2022 19:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=573145

Пристигнувањето на зголемен број Албанци илегално преку Ла Манш толку ја вознемири британската влада што министерката за внатрешни работи Суела Браверман минатата недела го искористи моментот да објави изјава дека јужниот дел на Англија е под „инвазија“ поради 40.000 мигранти од Албанија.

Огромното мнозинство се возрасни самци кои бараат работа, а сè поголем број Косовари кои се идентификуваат како Албанци се чини дека мислат дека имаат поголеми шанси да најдат работа – особено во градежништвото, каде Албанците имаат добра репутација. Но, покрај барањето работа во правните индустрии, приливот поттикна загриженост за врските со криминалните банди.

Во синџирот на трговија со луѓе во северна Франција, посредниците се главно курдски шверцерски банди, додека Албанците кои регрутираат луѓе заработуваат провизија за секој што го испраќаат, е заклучокот од опсежната истрага на лондонскиот Тајмс.

Така, Албанците се тие кои ги снабдуваат курдските банди со мажи, а Курдите се задолжени за обезбедување на опремата како чамци, мотори и елеци за спасување. Албанските посредници се претставуваат како „агенти за недвижнини“ и ги предупредуваат мигрантите да не контактираат директно со шверцерите на луѓе. Во Обединетото Кралство има и албански „посредници“ кои регрутираат мигранти преку роднини или криминални групи.

Најчесто, шверцерите на луѓе превезувале мигранти со камиони, а патувањето од Албанија обично чинело околу 21.000 фунти. Преминувањето на каналот со брод е очигледно поевтино, а мигрантите плаќаат меѓу 2.600 и 4.300 фунти.

Регрутерите работат во сите поголеми градови во Албанија и објавуваат стотици огласи на социјалните мрежи, главно на TikTok, открива Тајмс. Платформата промовира патувања со траект и нуди попусти за деца. Една реклама пронајдена на TikTok минатата недела покажа фотографија од Лондонското око со натпис: „Испраќаме луѓе од Франција во Англија – 3.000 евра за возрасен, 2.500 евра за дете. Секој ден“.

Откако „агентите за недвижности“ од мрежата регрутираат луѓе од Албанија, контактот го даваат на друга алка во синџирот, а тоа се шверцери на луѓе во северна Франција. Мигрантите сами доаѓаат во северна Франција, а преминувањето во земјите е олеснето благодарение на безвизниот режим во земјите-членки на ЕУ до 90 дена. Албанците најчесто доаѓаат со авион до аеродромот Бове, североисточно од Париз, со евтини летови од Тирана преку Барселона.


Поради тоа денеска Албанци протестираа на улиците на Лондон со транспаренти „Горд сум што сум Албанец“ и „Ние работиме ние плаќаме даноци“.

The post Британски власти: Лондон е под опсада на Албанци, главно Косовари appeared first on Република.

]]>

Пристигнувањето на зголемен број Албанци илегално преку Ла Манш толку ја вознемири британската влада што министерката за внатрешни работи Суела Браверман минатата недела го искористи моментот да објави изјава дека јужниот дел на Англија е под „инвазија“ поради 40.000 мигранти од Албанија. Огромното мнозинство се возрасни самци кои бараат работа, а сè поголем број Косовари кои се идентификуваат како Албанци се чини дека мислат дека имаат поголеми шанси да најдат работа – особено во градежништвото, каде Албанците имаат добра репутација. Но, покрај барањето работа во правните индустрии, приливот поттикна загриженост за врските со криминалните банди. Во синџирот на трговија со луѓе во северна Франција, посредниците се главно курдски шверцерски банди, додека Албанците кои регрутираат луѓе заработуваат провизија за секој што го испраќаат, е заклучокот од опсежната истрага на лондонскиот Тајмс. Така, Албанците се тие кои ги снабдуваат курдските банди со мажи, а Курдите се задолжени за обезбедување на опремата како чамци, мотори и елеци за спасување. Албанските посредници се претставуваат како „агенти за недвижнини“ и ги предупредуваат мигрантите да не контактираат директно со шверцерите на луѓе. Во Обединетото Кралство има и албански „посредници“ кои регрутираат мигранти преку роднини или криминални групи. Најчесто, шверцерите на луѓе превезувале мигранти со камиони, а патувањето од Албанија обично чинело околу 21.000 фунти. Преминувањето на каналот со брод е очигледно поевтино, а мигрантите плаќаат меѓу 2.600 и 4.300 фунти. Регрутерите работат во сите поголеми градови во Албанија и објавуваат стотици огласи на социјалните мрежи, главно на TikTok, открива Тајмс. Платформата промовира патувања со траект и нуди попусти за деца. Една реклама пронајдена на TikTok минатата недела покажа фотографија од Лондонското око со натпис: „Испраќаме луѓе од Франција во Англија – 3.000 евра за возрасен, 2.500 евра за дете. Секој ден“. Откако „агентите за недвижности“ од мрежата регрутираат луѓе од Албанија, контактот го даваат на друга алка во синџирот, а тоа се шверцери на луѓе во северна Франција. Мигрантите сами доаѓаат во северна Франција, а преминувањето во земјите е олеснето благодарение на безвизниот режим во земјите-членки на ЕУ до 90 дена. Албанците најчесто доаѓаат со авион до аеродромот Бове, североисточно од Париз, со евтини летови од Тирана преку Барселона. Поради тоа денеска Албанци протестираа на улиците на Лондон со транспаренти „Горд сум што сум Албанец“ и „Ние работиме ние плаќаме даноци“.

The post Британски власти: Лондон е под опсада на Албанци, главно Косовари appeared first on Република.

]]>