коскени ткива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koskeni-tkiva/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Mar 2024 09:53:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коскени ткива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koskeni-tkiva/ 32 32 Четворица пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, направена уште една трансплантација на срце, црн дроб и бубрези од починат донор https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/chetvoritsa-patsienti-dobija-zdravi-organi-i-shansa-za-nov-zhivot-napravena-ushte-edna-transplantatsija-na-srtse-tsrn-drob-i-bubrezi-od-pochinat-donor/ Thu, 14 Mar 2024 09:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=754652

Четворица пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, откако вчера била направена уште една трансплантација на срце, црн дроб и бубрези од починат донор.

Во текот на вчерашниот ден е направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, соопштија од Министерството за здравство.

Министерот Илир Демири упати огромна благодарност до семејството на донорот коешто одлучи да ги донираат органите од нивниот близок и притоа да спасат најмалку четири животи.

По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, истакнува Демири.

Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, вкупно 77 органи што живот значат.

The post Четворица пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот, направена уште една трансплантација на срце, црн дроб и бубрези од починат донор appeared first on Република.

]]>

Утринава на Хируршките клиники извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и на коскени ткива https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/utrinava-na-hirurshkite-kliniki-izvrshena-ushte-edna-transplantatsija-na-tsrn-drob-bubrezi-i-na-koskeni-tkiva/ Wed, 04 Jan 2023 11:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=593525

Утринава на Хируршките клиники е извршена уште една трансплантација на црн дроб, потоа на бубрези и на коскени ткива, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Експлантацијата на органите почнала рано утрово на Хируршките клиники, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт дало согласнот за донирање, велат од МЗ.

Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива, откако вчера попчадне семејство на пациентска со мозочна смрт даде согласност за донирање органи. Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

Нè радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот. Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.

На 25 ноември минатата година првпат во историјата на македонското здравство беше извршена трансплантација на црн дроб од починат донор, на Клиниката за дигестивна хирурија. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство се согласи да ги донира органите.

https://republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-vo-makedonskoto-zdravstvo-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-na-klinikata-za-digestivna-hirurgija/

Докторите, сестрите и целиот медицински персонал од Клиниката за дигестивна хирурија, кои ја направија првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонскотo здравство, не можеа да ги задржат солзите радосници по успешната операција во која е спасен животот на 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб.

https://republika.mk/vesti/makedonija/solzi-radosnici-posle-prvata-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor/

По три недели 60-годишниот пациент кому му беше извршена првата трансплантација на црн дроб во Македонија ја напушти Клиниката и си замина дома.

https://republika.mk/zivot/zdravje/pacientot-si-zaminuva-doma-bevme-uigrani-kako-da-ni-e-100-ta-intervencija-kaza-prof-d-r-karadzov-koj-go-predvodeshe-timot-koj-ja-izvrshi-prvata-transplantacija-na-crn-drob/

The post Утринава на Хируршките клиники извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и на коскени ткива appeared first on Република.

]]>

Утринава на Хируршките клиники е извршена уште една трансплантација на црн дроб, потоа на бубрези и на коскени ткива, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Експлантацијата на органите почнала рано утрово на Хируршките клиники, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт дало согласнот за донирање, велат од МЗ.
Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива, откако вчера попчадне семејство на пациентска со мозочна смрт даде согласност за донирање органи. Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.
Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.
Нè радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот. Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба, потенцира Сали.
На 25 ноември минатата година првпат во историјата на македонското здравство беше извршена трансплантација на црн дроб од починат донор, на Клиниката за дигестивна хирурија. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство се согласи да ги донира органите. https://republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-vo-makedonskoto-zdravstvo-izvrshena-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor-na-klinikata-za-digestivna-hirurgija/ Докторите, сестрите и целиот медицински персонал од Клиниката за дигестивна хирурија, кои ја направија првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонскотo здравство, не можеа да ги задржат солзите радосници по успешната операција во која е спасен животот на 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб. https://republika.mk/vesti/makedonija/solzi-radosnici-posle-prvata-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor/ По три недели 60-годишниот пациент кому му беше извршена првата трансплантација на црн дроб во Македонија ја напушти Клиниката и си замина дома. https://republika.mk/zivot/zdravje/pacientot-si-zaminuva-doma-bevme-uigrani-kako-da-ni-e-100-ta-intervencija-kaza-prof-d-r-karadzov-koj-go-predvodeshe-timot-koj-ja-izvrshi-prvata-transplantacija-na-crn-drob/

The post Утринава на Хируршките клиники извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и на коскени ткива appeared first on Република.

]]>
На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива од починат донор https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-klinikata-za-ortopedija-za-edna-nedela-napraveni-tri-transplantacii-na-koskeni-tkiva-od-pochinat-donor/ Thu, 24 Mar 2022 12:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=477685

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања, соопштија од Министерството за здравство.

Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор.

Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри, во септември 2020 година, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кој се настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат донатор направи премостување на несраснатиот дел на фрактурата.

Третата трансплантација е кај 27 годишен пациент со малигна болест- Јуинг сарком. Откако го отстрани заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го замени со здраво коскено ткиво од починат донор.

За период од една година колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предзивикани од трауматски повреди или од малигна болест и со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата.

За многу пациенти особено на тие со малигна болест, добивањето здраво коскено ткиво од починат донор значи можност за нов и подобар живот, велат од МЗ.

The post На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива од починат донор appeared first on Република.

]]>

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања, соопштија од Министерството за здравство. Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор. Кај 49-годишен пациент повреден при пад од 13 метри, во септември 2020 година, кој бил опериран во повеќе наврати и кај кој се настанати компликации, д-р Александар Савески со коскено ткиво од починат донатор направи премостување на несраснатиот дел на фрактурата. Третата трансплантација е кај 27 годишен пациент со малигна болест- Јуинг сарком. Откако го отстрани заболен дел на коската, д-р Резарат Далипи го замени со здраво коскено ткиво од починат донор. За период од една година колку што Клиниката за ортопедија е вклучена во Програмата за трансплантација на органи и ткива на Министерството за здравство, направени се пет експантации и 14 имплантации на коскени ткива кај пациенти со сериозни болести предзивикани од трауматски повреди или од малигна болест и со тоа е отворено ново поглавје во трансплантациската медицина во ортопедијата.