коскена срцевина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koskena-srcevina/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jan 2024 12:09:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коскена срцевина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koskena-srcevina/ 32 32 Во Македонија само пет илјади граѓани се регистирале за донирање на коскена срцевина, надлежните апелираат да се зголеми бројот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-makedonija-samo-pet-iljadi-gragani-se-registirale-za-donirane-na-koskena-srtsevina-nadlezhnite-apeliraat-da-se-zgolemi-brojot/ Thu, 25 Jan 2024 12:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=736696

Во Македонија само пет илјади граѓани доброволно се запишале во македонскиот дарителски регистар на коскена срцевина. За разлика од кај нас, во Хрватска има 70 илјади доброволни дарители. Апелирам до граѓаните да се запишуваат во Регистарот, порача денеска директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис.

Националната кампања „Биди срцевина, биди херој“ почна во 2019 година со цел зголемување на бројот на доброволни донори на матични клетки и беше поддржана од Министерството за здравство, Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика, кадешто се наоѓа Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.

Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години во Институтот за имунологија и хумана генетика може да дарува коскена срцевина и да спаси човечки живот.

Во моментот на Клиниката има четири трансплантирани пациенти кои се надевам дека од понеделник ќе ги качиме на новиот оддел кој ќе почне да функционира со полн капацитет. Исто така има уште десетина кои чекаат да бидат трансплантирани. За жал, ентузијазмот кај нашите граѓани не е голем за да се запишат во Регистарот. Имаше кампања „Биди херој, биди срцевина“, која дури и во време на ковидот кампања одеше напред, меѓутоа мора да заживее, изјави денеска д-р Пановска Ставридис на отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија.

Овој центар е сместен на целосно нов кат на површина од 800 м2, донација на Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со еден милион евра. Останатите средства се обезбедени од ФЗО со поддршка од Министерството за здравство и Владата.

Д-р Пановска - Ставридис апелира до граѓаните да се запишуваат во Регистарот.

Навистина многу малку треба. Да дојдат на Институтот за имунологија, доколку е поголема работна организација, ние можеме да организираме акција и во нивната организација, само една епрувета крв, согласност и пет минути од времето и стануваат потенцијални спасувачи на живот, кажа д-р Пановска - Ставридис.

Директорката на Клиниката за хематологија кажа дека мината година имале две донации, македонски граѓани кои им спасиле живот на Македонци, со кои не се познавале меѓусебе и не биле роднини.

Едната беше докторка, другата беше пациентка која се пријавила за братот кој бил болен да ја типизираат, но не била идентична со братот, а излезе идентична со друг пациент. И тие два пациента се добри, рече д-р Пановска Ставридис.

Министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека за ова прашање веќе зборувал со неколу поглавари на верски заедници.

Овој дел ни е многу битен и ќе ги повикаме заедно со вас медиумите, да седнеме со нив да ја подигнеме свеста и да спасиме животи, изјави Меџити.

 

The post Во Македонија само пет илјади граѓани се регистирале за донирање на коскена срцевина, надлежните апелираат да се зголеми бројот appeared first on Република.

]]>

Во Македонија само пет илјади граѓани доброволно се запишале во македонскиот дарителски регистар на коскена срцевина. За разлика од кај нас, во Хрватска има 70 илјади доброволни дарители. Апелирам до граѓаните да се запишуваат во Регистарот, порача денеска директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис. Националната кампања „Биди срцевина, биди херој“ почна во 2019 година со цел зголемување на бројот на доброволни донори на матични клетки и беше поддржана од Министерството за здравство, Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика, кадешто се наоѓа Националниот дарителски регистар на коскена срцевина. Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години во Институтот за имунологија и хумана генетика може да дарува коскена срцевина и да спаси човечки живот.
Во моментот на Клиниката има четири трансплантирани пациенти кои се надевам дека од понеделник ќе ги качиме на новиот оддел кој ќе почне да функционира со полн капацитет. Исто така има уште десетина кои чекаат да бидат трансплантирани. За жал, ентузијазмот кај нашите граѓани не е голем за да се запишат во Регистарот. Имаше кампања „Биди херој, биди срцевина“, која дури и во време на ковидот кампања одеше напред, меѓутоа мора да заживее, изјави денеска д-р Пановска Ставридис на отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија.
Овој центар е сместен на целосно нов кат на површина од 800 м2, донација на Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со еден милион евра. Останатите средства се обезбедени од ФЗО со поддршка од Министерството за здравство и Владата. Д-р Пановска - Ставридис апелира до граѓаните да се запишуваат во Регистарот.
Навистина многу малку треба. Да дојдат на Институтот за имунологија, доколку е поголема работна организација, ние можеме да организираме акција и во нивната организација, само една епрувета крв, согласност и пет минути од времето и стануваат потенцијални спасувачи на живот, кажа д-р Пановска - Ставридис.
Директорката на Клиниката за хематологија кажа дека мината година имале две донации, македонски граѓани кои им спасиле живот на Македонци, со кои не се познавале меѓусебе и не биле роднини.
Едната беше докторка, другата беше пациентка која се пријавила за братот кој бил болен да ја типизираат, но не била идентична со братот, а излезе идентична со друг пациент. И тие два пациента се добри, рече д-р Пановска Ставридис.
Министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека за ова прашање веќе зборувал со неколу поглавари на верски заедници.
Овој дел ни е многу битен и ќе ги повикаме заедно со вас медиумите, да седнеме со нив да ја подигнеме свеста и да спасиме животи, изјави Меџити.
 

The post Во Македонија само пет илјади граѓани се регистирале за донирање на коскена срцевина, надлежните апелираат да се зголеми бројот appeared first on Република.

]]>
Со пресадување коскена срцевина: Во САД регистриран четврти пациент излечен од ХИВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-presaduvanje-koskena-srcevina-vo-sad-registriran-chetvrti-pacient-izlechen-od-hiv/ Sat, 30 Jul 2022 15:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=534978

Американски лекари соопштија дека човек кој живее со ХИВ од 1980-тите е излекуван од болеста. Ова е четврти ваков познат случај ветот.

На 66-годишниот пациент му била трансплантирана коскена срцевина за лекување на леукемија од донатор кој е природно отпорен на вирусот. Мажот, кој не сакал да биде идентификуван, престанал да ги зема лековите за ХИВ.

Тој изјавил дека е исклучително благодарен што вирусот повеќе не е во неговото тело, пренесува „Би-Би-Си“. Човекот е познат како пациент „Град на надежта“, по болницата во која се лекувал во Дуарте, Калифорнија.

Вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) го оштетува имунолошкиот систем на телото. Toa може да доведе до СИДА (синдром на стекната имунодефициенција), а телото се бори против инфекцијата.

Кога ми беше дијагностициран ХИВ во 1988 година, како и многу други, мислев дека тоа е смртна казна. Никогаш не мислев дека ќе го доживеам денот кога повеќе нема да имам ХИВ - изјавил излечениот маж.

Сепак, тој не примал терапија поради ХИВ, затоа што на 63-годишна возраст се разболел од леукемија. Медицинскиот тим што го лекувал одлучил дека му е потребна трансплантација на коскена срцевина за да ги замени неговите канцерогени крвни зрнца. Случајно, донаторот на коскена срцевина бил отпорен на ХИВ.

Вирусот на ХИВ навлегува во белите крвни зрнца на телото користејќи микроскопски врати – протеин наречен ЦЦР5. Сепак, некои луѓе, вклучително и донаторот, имаат ЦЦР5 мутации кои го спречуваат ХИВ.

Првиот човек излекуван од ХИВ беше Тимоти Реј Браун, попознат како „Берлинскиот пациент“. Тој беше излекуван во 2011 година.

The post Со пресадување коскена срцевина: Во САД регистриран четврти пациент излечен од ХИВ appeared first on Република.

]]>

Американски лекари соопштија дека човек кој живее со ХИВ од 1980-тите е излекуван од болеста. Ова е четврти ваков познат случај ветот. На 66-годишниот пациент му била трансплантирана коскена срцевина за лекување на леукемија од донатор кој е природно отпорен на вирусот. Мажот, кој не сакал да биде идентификуван, престанал да ги зема лековите за ХИВ. Тој изјавил дека е исклучително благодарен што вирусот повеќе не е во неговото тело, пренесува „Би-Би-Си“. Човекот е познат како пациент „Град на надежта“, по болницата во која се лекувал во Дуарте, Калифорнија. Вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) го оштетува имунолошкиот систем на телото. Toa може да доведе до СИДА (синдром на стекната имунодефициенција), а телото се бори против инфекцијата.
Кога ми беше дијагностициран ХИВ во 1988 година, како и многу други, мислев дека тоа е смртна казна. Никогаш не мислев дека ќе го доживеам денот кога повеќе нема да имам ХИВ - изјавил излечениот маж.
Сепак, тој не примал терапија поради ХИВ, затоа што на 63-годишна возраст се разболел од леукемија. Медицинскиот тим што го лекувал одлучил дека му е потребна трансплантација на коскена срцевина за да ги замени неговите канцерогени крвни зрнца. Случајно, донаторот на коскена срцевина бил отпорен на ХИВ. Вирусот на ХИВ навлегува во белите крвни зрнца на телото користејќи микроскопски врати – протеин наречен ЦЦР5. Сепак, некои луѓе, вклучително и донаторот, имаат ЦЦР5 мутации кои го спречуваат ХИВ. Првиот човек излекуван од ХИВ беше Тимоти Реј Браун, попознат како „Берлинскиот пациент“. Тој беше излекуван во 2011 година.

The post Со пресадување коскена срцевина: Во САД регистриран четврти пациент излечен од ХИВ appeared first on Република.

]]>