кошничка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koshnichka/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jul 2023 08:56:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кошничка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koshnichka/ 32 32 ССМ: 48.543 денари за минималните животни потреби во јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-48-543-denari-za-minimalnite-zhivotni-potrebi-vo-juni/ Mon, 10 Jul 2023 08:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=659584

На просечно македонско семејство му биле потребни 48.543 денари, или 790 евра за „крпење“ на минималните животни потреби во јуни, покажуваат редовните месечни пресметки што ги прави Сојузот на синдикатите на Македонија.

Притоа, забележано е мало намалување на вредноста на синдикалната кошничка во однос на мај, кога изнесуваше 49.025 денари. Сепак, нагласуваат од ССМ, во јуни има раст на трошоците за храна и пијалоци, за што биле потребни минимум 19.805 денари.

Понатаму, за покривање на режиските трошоци се пресметани 13.416 денари, додека за превоз најмалку 3.720 денари, а за хигиена 3.252 денари.

The post ССМ: 48.543 денари за минималните животни потреби во јуни appeared first on Република.

]]>

На просечно македонско семејство му биле потребни 48.543 денари, или 790 евра за „крпење“ на минималните животни потреби во јуни, покажуваат редовните месечни пресметки што ги прави Сојузот на синдикатите на Македонија. Притоа, забележано е мало намалување на вредноста на синдикалната кошничка во однос на мај, кога изнесуваше 49.025 денари. Сепак, нагласуваат од ССМ, во јуни има раст на трошоците за храна и пијалоци, за што биле потребни минимум 19.805 денари. Понатаму, за покривање на режиските трошоци се пресметани 13.416 денари, додека за превоз најмалку 3.720 денари, а за хигиена 3.252 денари.

The post ССМ: 48.543 денари за минималните животни потреби во јуни appeared first on Република.

]]>
Од денеска во грчките маркети „Кошничка за домаќинствата“ за борба против цените https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-deneska-vo-grchkite-marketi-koshnichka-za-domakjinstvata-za-borba-protiv-cenite/ Wed, 02 Nov 2022 09:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=568623

Вкупно 51 категорија производи содржи т.н. „кошничка за домаќинствата” која од денеска се воведува во супермаркетите во Грција и има за цел цените на конкретните основни производи да останат исти или да има минимални покачувања, јави дописничката на МИА од Атина.

Кошничката за домаќинствата содржи: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, брашно, шеќер, кафе, чај, какао, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн.

Каталогот со производи, маркетите ќе треба секоја среда да го испраќаат до Министерството за развој и инвестиции на Грција, додека пак граѓаните, преку специјален сајт може да се информираат за производите и цените избрани од супермаркетите.

Минатата седмица грчкиот Парламент го изгласа амандманот што се однесуваше на „кошничка за домаќинствата” и предвидува маркетите со годишен профит од над 90 милиони евра, задолжително, до Министерството за развој и инвестиции на Грција да испраќаат листа со производи за широка потрошувачка (вклучени во кошничката), кои се неопходни за пристоен живот и обврзани се да биде вклучен најмалку еден производ од секоја категорија, чија цена ќе биде прифатлива и пониска во споредба со останатите производи од истата категорија.

Во случај да не се испрати листата со производи, предвидена е парична казна за супермаркетите во висина од 5.000 евра дневно, за секој задоцнет ден.

За помалите маркети, „кошничката за домаќинствата” не е задолжителна, туку е произволна.

Конкретната одлука ќе биде во сила до 31 март 2023 година.

Не станува збор за замрзнување на цените, туку обид на супермаркетите, цените на производите неопходни за домаќинствата, да се задржат на што е можно пониско ниво.

 

The post Од денеска во грчките маркети „Кошничка за домаќинствата“ за борба против цените appeared first on Република.

]]>

Вкупно 51 категорија производи содржи т.н. „кошничка за домаќинствата” која од денеска се воведува во супермаркетите во Грција и има за цел цените на конкретните основни производи да останат исти или да има минимални покачувања, јави дописничката на МИА од Атина. Кошничката за домаќинствата содржи: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, брашно, шеќер, кафе, чај, какао, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн. Каталогот со производи, маркетите ќе треба секоја среда да го испраќаат до Министерството за развој и инвестиции на Грција, додека пак граѓаните, преку специјален сајт може да се информираат за производите и цените избрани од супермаркетите. Минатата седмица грчкиот Парламент го изгласа амандманот што се однесуваше на „кошничка за домаќинствата” и предвидува маркетите со годишен профит од над 90 милиони евра, задолжително, до Министерството за развој и инвестиции на Грција да испраќаат листа со производи за широка потрошувачка (вклучени во кошничката), кои се неопходни за пристоен живот и обврзани се да биде вклучен најмалку еден производ од секоја категорија, чија цена ќе биде прифатлива и пониска во споредба со останатите производи од истата категорија. Во случај да не се испрати листата со производи, предвидена е парична казна за супермаркетите во висина од 5.000 евра дневно, за секој задоцнет ден. За помалите маркети, „кошничката за домаќинствата” не е задолжителна, туку е произволна. Конкретната одлука ќе биде во сила до 31 март 2023 година. Не станува збор за замрзнување на цените, туку обид на супермаркетите, цените на производите неопходни за домаќинствата, да се задржат на што е можно пониско ниво.  

The post Од денеска во грчките маркети „Кошничка за домаќинствата“ за борба против цените appeared first on Република.

]]>