кошница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koshnica/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 10:10:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кошница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koshnica/ 32 32 Новогодишна кошница – политиканство или реална придобивка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/novogodishna-koshnitsa-politikanstvo-ili-realna-pridobivka/ Thu, 14 Nov 2024 08:01:45 +0000 https://republika.mk/?p=837027

Идејата за формирање есенска, новогодишна или друг вид кошница ја подели власта и опозицијата на ЗА и ПРОТИВ оваа идеја. Додека опозицијата ја критикува оваа владина мерка, укажувајќи дека таа не влијае врз надолна корекција на цените, Владата посочува дека ваквите акции и тоа како ги рушат цените и го заштитуваат стандардот на граѓаните.

Ова е крајно навредувачки и потценувачки за граѓаните.

Власта покажува голема неспособност и води политика на инает врз грбот на народот, велат од опозицијата.

Возвратија од ВМРО ДПМНЕ:

СДСМ да не ја потценува интелегенцијата на народот.

Меѓу чеканот и наковалната се најдоа граѓаните кои едвај успеваат да го закрпат месецот и достоинството на потрошувачи, посебно кога ќе отидат во маркет и кога на рафтовите каде што пишува акција, нема ниту еден производ. Е веќе после тоа почнува трката да се посетат другите маркети и да се фати нешто заостанато, со намалена цена. Тоа само покажува колку на граѓаните им значи секое намалување на цените на производите. На крајот на денот есапот дома и на пазар не е ист, но секоја помош е добредојдена, што ќе каже дека граѓаните секако се за било која мерка преку која тие ќе набават нешто по поевтина цена.

Дека владината мерка за ограничување на маржата даде резултати, и цените на прехранбените производи паднаа, потврдија и од Сојузот на синдикати на Македонија, илустрирано преку синдикалната кошница која, благодарение на есенската акција, беше пониска за 1. 000 денари. На годишно ниво тоа би била заштеда од најмалку 12.000 денари, што воопшто не е за потценување.

Ефектот на оформувањето кошница го докажуваат и податоците од статистика кои говорат повеќе од сите искажаните и неискажаните зборови. Имено статистика измери дека во октомври во однос на септември има благ пад на цените, но во превод на пари, тоа значело заштеда од 1.000 до 1.300 денари во просек. Можеби тие пари некому не значат многу, но на повеќето семејства тие и како им значат. На крајот на денот во ова современо потрошувачко општество, секој денар е итен и битен. Во услови кога целиот свет се бори со растечката инфлација и ненормален раст на цените на храната, секој обид да зауздување на таа инфлација е за поздравување. Настрана трговците кои никако не сакаат да се откажат од својот профит, а дека си ја танкаат добивката сведочат бројките на остварена заработка, народот мора да почувствува и види дека некој мисли на него. Ако тоа не се газдите на маркетите, барем да бидат луѓето кои се одговорни за кроење на економската политика. На крајот на денот зошто да одат на пример во Врање таму да ги оставаат своите пари, кога тоа може да го прават тука, на наш, домашен терен.

Доказ плус дека кошницата намалени производи има ефект покажува и докажува фактот дека по завршувањето на октомври, до кога беше важноста на есенската кошница, молчешкум започна кревањето на цените. Ваму два, таму пет, онаму 10, 20, 50 и повеќе денари и оп, семејниот буџет почна да се тенчи. Токму затоа сите потрошувачи со нетрпение ја очекуваат новогодишната кошница и намалените цени кои таа ќе им ги донесе.

Празници се ближат, трошоци се кратат!

Автор: Александрија С. Николовска

The post Новогодишна кошница – политиканство или реална придобивка appeared first on Република.

]]>

Идејата за формирање есенска, новогодишна или друг вид кошница ја подели власта и опозицијата на ЗА и ПРОТИВ оваа идеја. Додека опозицијата ја критикува оваа владина мерка, укажувајќи дека таа не влијае врз надолна корекција на цените, Владата посочува дека ваквите акции и тоа како ги рушат цените и го заштитуваат стандардот на граѓаните. Ова е крајно навредувачки и потценувачки за граѓаните.
Власта покажува голема неспособност и води политика на инает врз грбот на народот, велат од опозицијата.
Возвратија од ВМРО ДПМНЕ:
СДСМ да не ја потценува интелегенцијата на народот.
Меѓу чеканот и наковалната се најдоа граѓаните кои едвај успеваат да го закрпат месецот и достоинството на потрошувачи, посебно кога ќе отидат во маркет и кога на рафтовите каде што пишува акција, нема ниту еден производ. Е веќе после тоа почнува трката да се посетат другите маркети и да се фати нешто заостанато, со намалена цена. Тоа само покажува колку на граѓаните им значи секое намалување на цените на производите. На крајот на денот есапот дома и на пазар не е ист, но секоја помош е добредојдена, што ќе каже дека граѓаните секако се за било која мерка преку која тие ќе набават нешто по поевтина цена. Дека владината мерка за ограничување на маржата даде резултати, и цените на прехранбените производи паднаа, потврдија и од Сојузот на синдикати на Македонија, илустрирано преку синдикалната кошница која, благодарение на есенската акција, беше пониска за 1. 000 денари. На годишно ниво тоа би била заштеда од најмалку 12.000 денари, што воопшто не е за потценување. Ефектот на оформувањето кошница го докажуваат и податоците од статистика кои говорат повеќе од сите искажаните и неискажаните зборови. Имено статистика измери дека во октомври во однос на септември има благ пад на цените, но во превод на пари, тоа значело заштеда од 1.000 до 1.300 денари во просек. Можеби тие пари некому не значат многу, но на повеќето семејства тие и како им значат. На крајот на денот во ова современо потрошувачко општество, секој денар е итен и битен. Во услови кога целиот свет се бори со растечката инфлација и ненормален раст на цените на храната, секој обид да зауздување на таа инфлација е за поздравување. Настрана трговците кои никако не сакаат да се откажат од својот профит, а дека си ја танкаат добивката сведочат бројките на остварена заработка, народот мора да почувствува и види дека некој мисли на него. Ако тоа не се газдите на маркетите, барем да бидат луѓето кои се одговорни за кроење на економската политика. На крајот на денот зошто да одат на пример во Врање таму да ги оставаат своите пари, кога тоа може да го прават тука, на наш, домашен терен. Доказ плус дека кошницата намалени производи има ефект покажува и докажува фактот дека по завршувањето на октомври, до кога беше важноста на есенската кошница, молчешкум започна кревањето на цените. Ваму два, таму пет, онаму 10, 20, 50 и повеќе денари и оп, семејниот буџет почна да се тенчи. Токму затоа сите потрошувачи со нетрпение ја очекуваат новогодишната кошница и намалените цени кои таа ќе им ги донесе. Празници се ближат, трошоци се кратат!
Автор: Александрија С. Николовска

The post Новогодишна кошница – политиканство или реална придобивка appeared first on Република.

]]>
Премиерот со објава што ги интересира сите: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-so-objava-shto-gi-interesira-site-definirani-se-tsenite-i-proizvodite-opfateni-so-novogodishnata-koshnichka/ Sat, 09 Nov 2024 11:56:08 +0000 https://republika.mk/?p=835853

Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што изјави Мицкоски, дефинирани се и цените.

Според премиерот, есенската кошничка даде резултат. Граѓаните може да ги почувствуваат ефектите, а тоа го потврдуваат и бројките.

Продолжуваме понатаму. Од тоа што сум информиран од министерот за економија, остварена е комуникација со коморите, дефиниран е списокот на производи и артикли за пред Нова година, дефинирани се и цените. Работиме и тоа се гледа од извештаите што ги објавува Државниот завод за статистика. Видовте дека по не знам колку време, месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти, односно сме во дефлација кога ќе се споредат октомври и септември. Жал ми е што од опозицијата тоа беше критикувано, но бројките се немилосрдни. Ефектите од мерката граѓаните може да ги почувствуваат и се гледа во бројките, октомври има намалување, нема веќе инфлација, туку има дефлација од -0,7, а беше 0,3 отсто во септември во однос на август. Сега имаме еден процент надолу што е заштеда од 1 000 до 1 300 денари, но тоа не е доволно, ќе продолжиме да работиме. Не можеме се веднаш и преку ноќ, но важно е да се гледа дека работиме, граѓаните да сфатат дека има генерација политичари кои сакаат да работат, веќе петти месец правиме се што можеме за животот на граѓаните да им биде подобар - истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните активности на три патни правци кај Велес.

Мицкоски беше придружуван од заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, како и од Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

The post Премиерот со објава што ги интересира сите: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка appeared first on Република.

]]>

Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави Мицкоски, дефинирани се и цените. Според премиерот, есенската кошничка даде резултат. Граѓаните може да ги почувствуваат ефектите, а тоа го потврдуваат и бројките.
Продолжуваме понатаму. Од тоа што сум информиран од министерот за економија, остварена е комуникација со коморите, дефиниран е списокот на производи и артикли за пред Нова година, дефинирани се и цените. Работиме и тоа се гледа од извештаите што ги објавува Државниот завод за статистика. Видовте дека по не знам колку време, месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти, односно сме во дефлација кога ќе се споредат октомври и септември. Жал ми е што од опозицијата тоа беше критикувано, но бројките се немилосрдни. Ефектите од мерката граѓаните може да ги почувствуваат и се гледа во бројките, октомври има намалување, нема веќе инфлација, туку има дефлација од -0,7, а беше 0,3 отсто во септември во однос на август. Сега имаме еден процент надолу што е заштеда од 1 000 до 1 300 денари, но тоа не е доволно, ќе продолжиме да работиме. Не можеме се веднаш и преку ноќ, но важно е да се гледа дека работиме, граѓаните да сфатат дека има генерација политичари кои сакаат да работат, веќе петти месец правиме се што можеме за животот на граѓаните да им биде подобар - истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните активности на три патни правци кај Велес.
Мицкоски беше придружуван од заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, како и од Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

The post Премиерот со објава што ги интересира сите: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка appeared first on Република.

]]>
Трајковски: Трговците се итри, ги зголемуваа цените кога разбраа дека ќе се носи кошничката https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trajkovski-trgovtsite-se-itri-gi-zgolemuvaa-tsenite-koga-razbraa-deka-ke-se-nosi-koshnichkata/ Fri, 01 Nov 2024 11:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=833073

Директорот на ДПИ во заминување Горан Трајковски, во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за есенската кошничка и за тоа како трговците манипулираат за да ги избегнат намалувањата на цените.

Трговците се итри, знаеме дека пред донесување на одлуката беше споменато во јавноста дека ќе се носат кошнички, и тие во меѓувреме ги зголемуваат цените, и се подготвуваат за таквите работи поажурно и побрзо отколку во минатото. И затоа има казни од наша страна. Повторно апелирам, конкретно кон големите и малите маркети, повторно како општествено одговорни компании, ако имаат простор на основните прехранбени производи да ги намалат цените самоиницијативно, а јас сум убеден оној кој прв ќе го направи, сите ќе пазариме од него и ќе пазирме и друго нешто покрај тие основни прехранбени продукти - рече Трајковски.

The post Трајковски: Трговците се итри, ги зголемуваа цените кога разбраа дека ќе се носи кошничката appeared first on Република.

Есенската кошница завршува на 31 октомври: Ако дојде до дивеење на цените, жестоко ќе реагираме, тврди Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esenskata-koshnitsa-zavrshuva-na-31-oktomvri-ako-dojde-do-diveene-na-tsenite-zhestoko-ke-reagirame-tvrdi-mitskoski/ Tue, 29 Oct 2024 11:29:06 +0000 https://republika.mk/?p=832025

Премиерот Христијан Мицкоски најавува дека институциите ќе ги искористат сите алатки за одбрана на стандардот на граѓаните во случај на енормно зголемување на цените на прехранбените производи по завршувањето на есенската потрошувачка кошница на 31. месецов.

Очекувам заедно со коморите и со трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање - изјави Мицкоски, на новинарско прашање пред учеството на Првата годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје.

Со одлука на Владата, за 73 прехранебни производи опфатени со есенската потрошувачка кошница бруто профитната маржа е ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало. Тие производи во марткетите се обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Владата најави дека мерката есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе се применува како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

The post Есенската кошница завршува на 31 октомври: Ако дојде до дивеење на цените, жестоко ќе реагираме, тврди Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски најавува дека институциите ќе ги искористат сите алатки за одбрана на стандардот на граѓаните во случај на енормно зголемување на цените на прехранбените производи по завршувањето на есенската потрошувачка кошница на 31. месецов.
Очекувам заедно со коморите и со трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање - изјави Мицкоски, на новинарско прашање пред учеството на Првата годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје.
Со одлука на Владата, за 73 прехранебни производи опфатени со есенската потрошувачка кошница бруто профитната маржа е ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало. Тие производи во марткетите се обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Владата најави дека мерката есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе се применува како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

The post Есенската кошница завршува на 31 октомври: Ако дојде до дивеење на цените, жестоко ќе реагираме, тврди Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Наредниот петок завршува есенската кошница, не се очекува драстично поскапување на производите, најавува Дурмиши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/naredniot-petok-zavrshuva-esenskata-koshnitsa-ne-se-ochekuva-drastichno-poskapuvane-na-proizvodite-najavuva-durmishi/ Fri, 25 Oct 2024 08:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=830810

Денеска министерот за економија Бесар Дурмиши изјави дека „есенската кошничка има ефект, цените на производите се намалени за пет до десет отсто“.

Мерката истекува на крајот од овој месец, а ако има драстично покачување на цените, како што нагласи Дурмиши, ќе се преземат поригорозни мерки.

Тој потсети дека според синдикалната кошничка, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари.

Наредниот месец очекуваме повторно намалување на цените зашто е во сила Законот за нефер трговски практики. Ако видиме дека трговците ги зголемуваат цените, ќе преземеме поригорозни мерки, најави министерот.

Според министерот, со есенската кошничка има и производи кои не се воопшто или се многу малку намалени како лебот, млекото, маслата за јадење, но имало и производи чии цени се намалени за над 10 проценти, како месото, зеленчукот, млечните продукти и други

Одлуката на Владата дава резултат и тоа се чувствува врз џебот на граѓаните, истакна Дурмиши.

Напомена и дека есенската кошничка заедно со училишната резултира со намалување на трошоците на едно семејство за 3.000 денари.

The post Наредниот петок завршува есенската кошница, не се очекува драстично поскапување на производите, најавува Дурмиши appeared first on Република.

]]>

Денеска министерот за економија Бесар Дурмиши изјави дека „есенската кошничка има ефект, цените на производите се намалени за пет до десет отсто“. Мерката истекува на крајот од овој месец, а ако има драстично покачување на цените, како што нагласи Дурмиши, ќе се преземат поригорозни мерки. Тој потсети дека според синдикалната кошничка, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари. Наредниот месец очекуваме повторно намалување на цените зашто е во сила Законот за нефер трговски практики. Ако видиме дека трговците ги зголемуваат цените, ќе преземеме поригорозни мерки, најави министерот. Според министерот, со есенската кошничка има и производи кои не се воопшто или се многу малку намалени како лебот, млекото, маслата за јадење, но имало и производи чии цени се намалени за над 10 проценти, како месото, зеленчукот, млечните продукти и други Одлуката на Владата дава резултат и тоа се чувствува врз џебот на граѓаните, истакна Дурмиши. Напомена и дека есенската кошничка заедно со училишната резултира со намалување на трошоците на едно семејство за 3.000 денари.

The post Наредниот петок завршува есенската кошница, не се очекува драстично поскапување на производите, најавува Дурмиши appeared first on Република.

]]>
Минималната синдикална кошница за октомври изнесувала 61.249 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnata-sindikalna-koshnitsa-za-oktomvri-iznesuva-61-249-denari/ Tue, 22 Oct 2024 09:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=829678

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари.

Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари е намалена за 57,00 денари.

Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за минатиот месец септември, а во истата во делот ка храна и пијалоци во месец октомври 2024 година која изнесува 22.069,00 денари споредено со месец септември 2024 година ( 23.034,00 денари) е намалена за 965,00 денари, велат од ССМ.

Според нив, ова потврдува дека цените треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика, ниту пак со здравиот разум, туку, како што велат, има поврзаност само со алчноста која е се поизразена во Македонија.

Од ССМ сметаат дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи синдикатот за тие да бидат подобри, имајќи предвид дека во последната мерка 47 категории на производи од 70, беа превземени од Синдикалната минимална кошница која ја подготвува ССМ, а за кои го имаат движењето на цените во секој месец од почетокот на годината. Од ССМ сметаат дека се потребни поголеми контроли и доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

The post Минималната синдикална кошница за октомври изнесувала 61.249 денари appeared first on Република.

]]>

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари е намалена за 57,00 денари. Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за минатиот месец септември, а во истата во делот ка храна и пијалоци во месец октомври 2024 година која изнесува 22.069,00 денари споредено со месец септември 2024 година ( 23.034,00 денари) е намалена за 965,00 денари, велат од ССМ. Според нив, ова потврдува дека цените треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика, ниту пак со здравиот разум, туку, како што велат, има поврзаност само со алчноста која е се поизразена во Македонија. Од ССМ сметаат дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи синдикатот за тие да бидат подобри, имајќи предвид дека во последната мерка 47 категории на производи од 70, беа превземени од Синдикалната минимална кошница која ја подготвува ССМ, а за кои го имаат движењето на цените во секој месец од почетокот на годината. Од ССМ сметаат дека се потребни поголеми контроли и доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

The post Минималната синдикална кошница за октомври изнесувала 61.249 денари appeared first on Република.

]]>
Цените од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, тврди Дурмиши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/prvichnite-analizi-kazhuvaat-deka-tsenite-od-esenskata-koshnichka-se-namalile-vo-prosek-od-5-do-10-protsenti-tvrdi-durmishi/ Tue, 08 Oct 2024 08:53:58 +0000 https://republika.mk/?p=824069

Министерството за економија и труд во изминатите 100 дена беше посветено на поддршката на бизнисите и домаќинствата, како и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, порача денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши и додаде дека од почетокот на неговиот мандат континуирано се носат одлуки за поддршка на бизнисот и на граѓаните.

Посветено работевме овие 100 изминати дена во интерес на подобрувањето на деловната клима за компаниите и за намалувањето на трошоците за граѓаните. Во услови на зголемени цени на храната, за да им излеземе во пресрет на граѓаните ја започнавме акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“. Прво, ги намаливме маржите на трговија на големо и трговија на мало на училишниот прибор, со што се намалија трошоците за домаќинствата, посебно за оние кои имаат ученици. Потоа со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните ја објавивме Есенската потрошувачка кошница и ги ограничивме маржите на 10 проценти и во трговијата на големо и во трговијата на мало на 73 основни прехранбени производи - рече Дурмиши на прес-конференција во Владата.

Оваа мерка, додаде, ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница.

Првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема како кај лебот, маслото за јадење и млекото, додека кај други производи е значително поголемо како кај месото, зеленчукот, сирењето и кашкавалот. Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го во предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите - посочи Дурмиши.

Со тоа, како што кажа, едно четиричлено семејство, на месечно ниво би имало заштедата од 690 ден до 1.360 денари во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавуваат производите.

Стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2.500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец - потенцира Дурмиши.

Потсети дека во делот на поддршката на туризмот, на работниците со ниски приходи доделени им се 1.777 ваучери за туризам во вредност од 32 милиони денари за да можат да летуваат во некои од домашните туристички центри. Во областа на бизнисот, додаде, Министерството за економија и труд обезбеди финансиска поддршка за локалните компании во износ од над 120 милиони денари.

Преку програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2024 година, во висина од 32 милиони денари, објавени се три јавни повици. Од Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година обезбедени се 80 милиони денари за поддршка на бизнисот, а објавени се пет јавни повици, појасни Дурмиши и додаде дека досега се стигнати 257 апликации по сите јавни повици иако дел од нив се уште се во тек.

Работиме, потенцира, и на подобрување на условите на странските инвеститори.

Министерството за економија и труд ја предаде употребната дозвола за фабриката на германската компанија КИЕЛ во индустриската зона во Тетово. Инвестиција која ќе отвори над 300 работни места во Полошкиот регион. Работиме на измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со што ќе се подобрат условите за работа и на домашните и на странските инвеститори. Сите одлуки и мерки ги носиме во консултација со бизнис секторот и со синдикатите - рече Дурмиши.

За многу кратко време очекува да се одржи првата седница на Економско социјалниот совет каде што ќе се разгледаат сите отворени прашања и од страна на работодавачите и од страна на синдикатите со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните

The post Цените од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, тврди Дурмиши appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија и труд во изминатите 100 дена беше посветено на поддршката на бизнисите и домаќинствата, како и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, порача денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши и додаде дека од почетокот на неговиот мандат континуирано се носат одлуки за поддршка на бизнисот и на граѓаните.
Посветено работевме овие 100 изминати дена во интерес на подобрувањето на деловната клима за компаниите и за намалувањето на трошоците за граѓаните. Во услови на зголемени цени на храната, за да им излеземе во пресрет на граѓаните ја започнавме акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“. Прво, ги намаливме маржите на трговија на големо и трговија на мало на училишниот прибор, со што се намалија трошоците за домаќинствата, посебно за оние кои имаат ученици. Потоа со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните ја објавивме Есенската потрошувачка кошница и ги ограничивме маржите на 10 проценти и во трговијата на големо и во трговијата на мало на 73 основни прехранбени производи - рече Дурмиши на прес-конференција во Владата.
Оваа мерка, додаде, ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница.
Првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема како кај лебот, маслото за јадење и млекото, додека кај други производи е значително поголемо како кај месото, зеленчукот, сирењето и кашкавалот. Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го во предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите - посочи Дурмиши.
Со тоа, како што кажа, едно четиричлено семејство, на месечно ниво би имало заштедата од 690 ден до 1.360 денари во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавуваат производите.
Стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2.500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец - потенцира Дурмиши.
Потсети дека во делот на поддршката на туризмот, на работниците со ниски приходи доделени им се 1.777 ваучери за туризам во вредност од 32 милиони денари за да можат да летуваат во некои од домашните туристички центри. Во областа на бизнисот, додаде, Министерството за економија и труд обезбеди финансиска поддршка за локалните компании во износ од над 120 милиони денари. Преку програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2024 година, во висина од 32 милиони денари, објавени се три јавни повици. Од Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година обезбедени се 80 милиони денари за поддршка на бизнисот, а објавени се пет јавни повици, појасни Дурмиши и додаде дека досега се стигнати 257 апликации по сите јавни повици иако дел од нив се уште се во тек. Работиме, потенцира, и на подобрување на условите на странските инвеститори.
Министерството за економија и труд ја предаде употребната дозвола за фабриката на германската компанија КИЕЛ во индустриската зона во Тетово. Инвестиција која ќе отвори над 300 работни места во Полошкиот регион. Работиме на измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со што ќе се подобрат условите за работа и на домашните и на странските инвеститори. Сите одлуки и мерки ги носиме во консултација со бизнис секторот и со синдикатите - рече Дурмиши.
За многу кратко време очекува да се одржи првата седница на Економско социјалниот совет каде што ќе се разгледаат сите отворени прашања и од страна на работодавачите и од страна на синдикатите со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните

The post Цените од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, тврди Дурмиши appeared first on Република.

]]>
Да ги почекаме параметрите за овој месец, вели премиерот за резултатите од „есенската кошница“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/da-gi-pochekame-parametrite-za-ovoj-mesets-veli-premierot-za-rezultatite-od-esenskata-koshnitsa/ Thu, 26 Sep 2024 12:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=819878

За два дена не би можел да кажам дали има резултати и дали сум задоволен, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање какви се резултатите од „есенската потрошувачка кошница“ со обврска за намалување на цените на одредени производи.

Да почекаме да видиме како ќе се одрази тоа врз инфлаторната спирала. Да почекаме да видиме какви ќе бидат параметрите за овој месец па дури потоа би можел да дадам коментар, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Мицкоски ги појасни и причините за формирањето комисија за употребата на македонскиот јазик на ТВ-каналите на кабелските оператори, со одлука донесена на владината седница во вторникот.

Задачата ќе и биде оние канали кои преку кабелските оператори се уште не го употребуваат македонскиот јазик, да се направи еден таков вид напор, да видиме да почне тоа унапредување за да може да се користи и македонскиот и албанскиот јазик исто како и сите останати јазици кои во моментов се користат. Богатство е кога човек знае повеќе јазици, но добро е да си го заштитите мајчиниот јазик. И добро е кога економски оператори остваруваат некаков профит овде, да знаат барем да го почитуваат македонскиот јазик - изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

The post Да ги почекаме параметрите за овој месец, вели премиерот за резултатите од „есенската кошница“ appeared first on Република.

]]>

За два дена не би можел да кажам дали има резултати и дали сум задоволен, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање какви се резултатите од „есенската потрошувачка кошница“ со обврска за намалување на цените на одредени производи. Да почекаме да видиме како ќе се одрази тоа врз инфлаторната спирала. Да почекаме да видиме какви ќе бидат параметрите за овој месец па дури потоа би можел да дадам коментар, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Мицкоски ги појасни и причините за формирањето комисија за употребата на македонскиот јазик на ТВ-каналите на кабелските оператори, со одлука донесена на владината седница во вторникот.
Задачата ќе и биде оние канали кои преку кабелските оператори се уште не го употребуваат македонскиот јазик, да се направи еден таков вид напор, да видиме да почне тоа унапредување за да може да се користи и македонскиот и албанскиот јазик исто како и сите останати јазици кои во моментов се користат. Богатство е кога човек знае повеќе јазици, но добро е да си го заштитите мајчиниот јазик. И добро е кога економски оператори остваруваат некаков профит овде, да знаат барем да го почитуваат македонскиот јазик - изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

The post Да ги почекаме параметрите за овој месец, вели премиерот за резултатите од „есенската кошница“ appeared first on Република.

]]>
Премиерот очекува договореното за намалените цени да се почитува, ќе се санкционира секое неетичко однесување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/premierot-ochekuva-dogovorenoto-za-namalenite-tseni-da-se-pochituva-ke-se-sanktsionira-sekoe-neetichko-odnesuvane/ Tue, 24 Sep 2024 10:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=819242

Очекувам тоа што е договорено да биде и почитувано. Мерката треба да стартува денеска и очекувам намалување од најмалку 10 проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во однос на стапувањето во сила на ограничените профитни маржи за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница.

За реакциите од граѓаните дека дел од маркетите ги покачиле цените пред носењето на одлуката за есенската потрошувачка кошница, Мицкоски порача дека секој кој се однесува шпекулативно, неморално и неетички ќе биде санкциониран.

На новинарско прашање, Мицкоски посочи дека мерката ќе трае до крајот на октомври, а како резултат на неа 70-ина производи се со намалени цени, како резултат на анализа и теренски анкети со граѓаните.

Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа во зависност од потребите на граѓаните. Производите не се резултат на шпекулативна мерка, туку се резултат на анализа и теренски анкети водени со граѓаните кои производи можеби се најкористени од граѓаните, така ќе биде и пред новогодишните празници, така ќе биде и напролет, цело време така ќе функционираме. Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да ја намалиме цената на производите - рече Мицкоски.

Најави дека наскоро ќе има промени во раководството на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), каде се уште е директор од претходната власт.

Не брзаме со овие кадровски промени за да не бидеме под критика на јавноста дека партизираме, итн. чекориме многу внимателно, сакаме да ги почитуваме сите закони за да не немаме после илјадници тужби и милиони пари на народот да се слеваат во приватни џебови и затоа внимателно чекориме во тој процес. Мислам дека набргу од денеска и таа работа ќе биде заваршена, ќе дојде ново раководство во ДПИ - рече Мицкоски, при престојот во општина Ѓорче Петров, по повод поставување камен темелник на спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

The post Премиерот очекува договореното за намалените цени да се почитува, ќе се санкционира секое неетичко однесување appeared first on Република.

]]>

Очекувам тоа што е договорено да биде и почитувано. Мерката треба да стартува денеска и очекувам намалување од најмалку 10 проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во однос на стапувањето во сила на ограничените профитни маржи за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница. За реакциите од граѓаните дека дел од маркетите ги покачиле цените пред носењето на одлуката за есенската потрошувачка кошница, Мицкоски порача дека секој кој се однесува шпекулативно, неморално и неетички ќе биде санкциониран. На новинарско прашање, Мицкоски посочи дека мерката ќе трае до крајот на октомври, а како резултат на неа 70-ина производи се со намалени цени, како резултат на анализа и теренски анкети со граѓаните.
Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа во зависност од потребите на граѓаните. Производите не се резултат на шпекулативна мерка, туку се резултат на анализа и теренски анкети водени со граѓаните кои производи можеби се најкористени од граѓаните, така ќе биде и пред новогодишните празници, така ќе биде и напролет, цело време така ќе функционираме. Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да ја намалиме цената на производите - рече Мицкоски.
Најави дека наскоро ќе има промени во раководството на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), каде се уште е директор од претходната власт.
Не брзаме со овие кадровски промени за да не бидеме под критика на јавноста дека партизираме, итн. чекориме многу внимателно, сакаме да ги почитуваме сите закони за да не немаме после илјадници тужби и милиони пари на народот да се слеваат во приватни џебови и затоа внимателно чекориме во тој процес. Мислам дека набргу од денеска и таа работа ќе биде заваршена, ќе дојде ново раководство во ДПИ - рече Мицкоски, при престојот во општина Ѓорче Петров, по повод поставување камен темелник на спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

The post Премиерот очекува договореното за намалените цени да се почитува, ќе се санкционира секое неетичко однесување appeared first on Република.

]]>
Пораснале за еден месец: ССМ пресмета дека минималните трошоци во септември се 61.306 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/porasnale-za-eden-mesets-ssm-presmeta-deka-minimalnite-troshotsi-vo-septemvri-se-61-306-denari/ Tue, 24 Sep 2024 09:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=819235

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.

Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23 034,00 денари споредено со месец август (22 317,00 денари) и истите како трошок се зголемени за 717,00 денари, што покажува дека трговците во текот на месецот ги искористија најавите за воведување на ограничени маржи или цени за да ги зголемат цените на основните прехранбени производи пред објавување на Одлуката на Владата во Службен весник и на тој начин дополнително да се збогатат и да си осигураат зголемени цени и во наредниот период, односно за време на траењето на Одлуката за ограничени маржи на штета на граѓаните и работниците во Македонија, велат од ССМ.

Додаваат дека делот од синдикалната минимална кошница за трошоци за исхрана и пијалоци во целост, односно 86 проценти се превземени во листата на производи чии маржи се ограничени од страна на Владата со што се очекува дека доколку мерката се почитува од страна на трговците, ќе придонесе за значајно намалување на трошоците за храна и пијалоци на најранливите категории на граѓани или на работниците со најниски примања.

The post Пораснале за еден месец: ССМ пресмета дека минималните трошоци во септември се 61.306 денари appeared first on Република.

]]>

Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари. Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23 034,00 денари споредено со месец август (22 317,00 денари) и истите како трошок се зголемени за 717,00 денари, што покажува дека трговците во текот на месецот ги искористија најавите за воведување на ограничени маржи или цени за да ги зголемат цените на основните прехранбени производи пред објавување на Одлуката на Владата во Службен весник и на тој начин дополнително да се збогатат и да си осигураат зголемени цени и во наредниот период, односно за време на траењето на Одлуката за ограничени маржи на штета на граѓаните и работниците во Македонија, велат од ССМ. Додаваат дека делот од синдикалната минимална кошница за трошоци за исхрана и пијалоци во целост, односно 86 проценти се превземени во листата на производи чии маржи се ограничени од страна на Владата со што се очекува дека доколку мерката се почитува од страна на трговците, ќе придонесе за значајно намалување на трошоците за храна и пијалоци на најранливите категории на граѓани или на работниците со најниски примања.

The post Пораснале за еден месец: ССМ пресмета дека минималните трошоци во септември се 61.306 денари appeared first on Република.

]]>
Ќе траат по месец: По есенската кошница, ќе има и божиќна, рамазанска, велигденска https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-traat-po-mesets-po-esenskata-koshnitsa-ke-ima-i-bozhikna-ramazanska-veligdenska/ Wed, 18 Sep 2024 11:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=817447

Предлогот за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со кој се опфатени стотина основни прехранбени производи, е донесен во консултација со стопанските комори. При неговото изготвување биле земени предвид сугестиите и од производителите и трговците.

Како што рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, сега не се донесуваат одлуки со сила како порано, туку со сослушување на сите засегнати страни.

Тој најави дека покрај есенска кошница, ќе има и божиќна, рамазанска, велигденска,... зашто обично, нагласи, во периодот пред и за празниците, трговците секогаш ги зголемуваат цените.

Минатите денови имав состанок со коморите. Ги слушнав нивните барања, ги слушнав забелешките и од производителите и од трговците. Направивме заеднички предлог што Министерството го достави до Владата. Наредната седница очекуваме предлогот да се усвои - бруто профитната маржа да се ограничи до 10 отсто за сите основни прехранбени и земјоделски производи. Коморите не беа добро известени, мислеле дека оваа мерка ќе биде долгорочна, но ние ги информиравме дека мерките се само за празници, со ограничено времетраење. На пример, одлуката за есенската кошница ќе трае еден месец, потоа ќе има божиќна кошница, рамазанска, велигденска,... Се знае дека во овие временски периоди трговците секогаш ги зголемуваат цените - истакна Дурмиши, одговорајќи на новинарски прашања по Меѓународната конференција „Бизнис ангелите и претприемачки екосистем во Македонија".

Според него, ова се прави за да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Мерките се во интерес и на граѓаните и на државата. Предлогот е есенската кошница да трае еден месец, но на Влада ќе се дискутира. Ќе видиме кои се другите предлози, од другите министерства. Досега одлуките сме ги носеле низ разговор, отворено и транспарентно. Формиравме работни комисии од министерствата за економија, за земјоделство и за финансии, а, како што реков, ги слушнавме и коморите. Не донесуваме одлуки со сила како порано, туку со сослушување на сите засегнати страни - рече Дурмиши.

The post Ќе траат по месец: По есенската кошница, ќе има и божиќна, рамазанска, велигденска appeared first on Република.

]]>

Предлогот за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со кој се опфатени стотина основни прехранбени производи, е донесен во консултација со стопанските комори. При неговото изготвување биле земени предвид сугестиите и од производителите и трговците. Како што рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, сега не се донесуваат одлуки со сила како порано, туку со сослушување на сите засегнати страни. Тој најави дека покрај есенска кошница, ќе има и божиќна, рамазанска, велигденска,... зашто обично, нагласи, во периодот пред и за празниците, трговците секогаш ги зголемуваат цените.
Минатите денови имав состанок со коморите. Ги слушнав нивните барања, ги слушнав забелешките и од производителите и од трговците. Направивме заеднички предлог што Министерството го достави до Владата. Наредната седница очекуваме предлогот да се усвои - бруто профитната маржа да се ограничи до 10 отсто за сите основни прехранбени и земјоделски производи. Коморите не беа добро известени, мислеле дека оваа мерка ќе биде долгорочна, но ние ги информиравме дека мерките се само за празници, со ограничено времетраење. На пример, одлуката за есенската кошница ќе трае еден месец, потоа ќе има божиќна кошница, рамазанска, велигденска,... Се знае дека во овие временски периоди трговците секогаш ги зголемуваат цените - истакна Дурмиши, одговорајќи на новинарски прашања по Меѓународната конференција „Бизнис ангелите и претприемачки екосистем во Македонија".
Според него, ова се прави за да им се излезе во пресрет на граѓаните.
Мерките се во интерес и на граѓаните и на државата. Предлогот е есенската кошница да трае еден месец, но на Влада ќе се дискутира. Ќе видиме кои се другите предлози, од другите министерства. Досега одлуките сме ги носеле низ разговор, отворено и транспарентно. Формиравме работни комисии од министерствата за економија, за земјоделство и за финансии, а, како што реков, ги слушнавме и коморите. Не донесуваме одлуки со сила како порано, туку со сослушување на сите засегнати страни - рече Дурмиши.

The post Ќе траат по месец: По есенската кошница, ќе има и божиќна, рамазанска, велигденска appeared first on Република.

]]>
Во интерес на граѓаните: Се подготвува есенска и пролетна кошничка со производи кои најмногу се употребуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-interes-na-graganite-se-podgotvuva-esenska-i-proletna-koshnichka-so-proizvodi-koi-najmnogu-se-upotrebuvaat/ Wed, 11 Sep 2024 09:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=815247

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека се подготвува есенска кошничка со производи кои граѓаните најмногу ги употребуваат, но како што најави, ќе има и пролетна кошничка. Во однос на Законот за нефер трговски практики, пак, напомена дека Владата ќе му излезе во пресрет на стопанството доколку тоа побара одреден период за прилагодување.

Одговорајќи на новинарски прашања по работилницата за проширување на позитивната листа лекови, Мицкоски истакна дека полека, но сигурно цените се стабилизираа, а добар резултат е и стапката на инфлација која во август изнесуваше 2,2 отсто.

Планираме да расчистиме со сомнежите и информациите кои последниов период стигаат до нас, за многу злоупотреби изминативе седум години, тоа им го должиме на граѓаните. Очекувам брзи резултати

Ќе имаме предновогодишна кошничка, есенска кошничка во која ќе има своевиден избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината, ќе имаме пролетна, итн. Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните. Исклучително сум задоволен што стапката на инфлација во август на годишно ниво е 2,2 процента во однос на август минатата година што претставува навистина добар резултат, имајќи го предвид регионот и е меѓу првите во регионот, односно првите според ниска стапка на инфлација, би рекол и компетитивен во Европа и е понизок во рамки на еврозоната, што е добро. Значи, полека, но сигурно цените се стабилизираа и сакам да кажам дека во периодот што следи ќе продолжиме да се грижиме за стандардот на граѓаните - потенцира премиерот.

Тој се уште не ги добил, како што рече, писмата од коморите во однос на Законот за нефер трговски практики.

Писмата, за жал, се уште ги немам добиено. Од она што можам да го добијам како информација од Стопанската комора е дека таму има, би рекол, своевидно разногласие меѓу трговските ланци, трговците и производителите. Инаку, Законот е тој. Доколку Стопанската комора побара официјално од нас како Влада недела, две, три, пет, колку им се потребни за усогласување, не гледам причина зошто тоа да не се случи. Ние работиме во интерес на бизнисот, интересот на економијата, во интересот на граѓаните и мислам дека тоа го правиме добро досега. Ќе видиме како ќе биде во иднина. Немаме намера да бидеме тврдоглави, ниту на сила да правиме некои работи. Доколку е потребно усогласување што се чекало со години, сега дополнителни две, три, четири недели не гледам причина зошто да не се случи - рече Мицкоски.

The post Во интерес на граѓаните: Се подготвува есенска и пролетна кошничка со производи кои најмногу се употребуваат appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека се подготвува есенска кошничка со производи кои граѓаните најмногу ги употребуваат, но како што најави, ќе има и пролетна кошничка. Во однос на Законот за нефер трговски практики, пак, напомена дека Владата ќе му излезе во пресрет на стопанството доколку тоа побара одреден период за прилагодување. Одговорајќи на новинарски прашања по работилницата за проширување на позитивната листа лекови, Мицкоски истакна дека полека, но сигурно цените се стабилизираа, а добар резултат е и стапката на инфлација која во август изнесуваше 2,2 отсто. Планираме да расчистиме со сомнежите и информациите кои последниов период стигаат до нас, за многу злоупотреби изминативе седум години, тоа им го должиме на граѓаните. Очекувам брзи резултати
Ќе имаме предновогодишна кошничка, есенска кошничка во која ќе има своевиден избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината, ќе имаме пролетна, итн. Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните. Исклучително сум задоволен што стапката на инфлација во август на годишно ниво е 2,2 процента во однос на август минатата година што претставува навистина добар резултат, имајќи го предвид регионот и е меѓу првите во регионот, односно првите според ниска стапка на инфлација, би рекол и компетитивен во Европа и е понизок во рамки на еврозоната, што е добро. Значи, полека, но сигурно цените се стабилизираа и сакам да кажам дека во периодот што следи ќе продолжиме да се грижиме за стандардот на граѓаните - потенцира премиерот.
Тој се уште не ги добил, како што рече, писмата од коморите во однос на Законот за нефер трговски практики.
Писмата, за жал, се уште ги немам добиено. Од она што можам да го добијам како информација од Стопанската комора е дека таму има, би рекол, своевидно разногласие меѓу трговските ланци, трговците и производителите. Инаку, Законот е тој. Доколку Стопанската комора побара официјално од нас како Влада недела, две, три, пет, колку им се потребни за усогласување, не гледам причина зошто тоа да не се случи. Ние работиме во интерес на бизнисот, интересот на економијата, во интересот на граѓаните и мислам дека тоа го правиме добро досега. Ќе видиме како ќе биде во иднина. Немаме намера да бидеме тврдоглави, ниту на сила да правиме некои работи. Доколку е потребно усогласување што се чекало со години, сега дополнителни две, три, четири недели не гледам причина зошто да не се случи - рече Мицкоски.

The post Во интерес на граѓаните: Се подготвува есенска и пролетна кошничка со производи кои најмногу се употребуваат appeared first on Република.

]]>
Минималната синдикална кошница во мај изнесувала 49.025 денари, пресметаа синдикалците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnata-sindikalna-koshnitsa-vo-maj-iznesuvala-49-025-denari-presmetaa-sindikaltsite/ Fri, 09 Jun 2023 09:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=649511

На едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава му биле неопходни 49. 025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница.

Од нив, како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), 19. 532,54 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13. 392,85, односно 30,41 отсто отсто за домување, 3.

196,9 денари за хигиена, 3. 720,1 за превоз, 2. 315,759 за облека и обувки, 1. 067,86 за култура и 821,47 денари за одржување на здравје, или вкупно 44. 047,52 денари.

Кога на нив ќе се додадат 4.977,37 денари или 11,3 отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49. 024,89 денари, прецизираат од ССМ.

Нагласуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34. 925 денари

The post Минималната синдикална кошница во мај изнесувала 49.025 денари, пресметаа синдикалците appeared first on Република.

]]>

На едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава му биле неопходни 49. 025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница. Од нив, како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), 19. 532,54 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13. 392,85, односно 30,41 отсто отсто за домување, 3. 196,9 денари за хигиена, 3. 720,1 за превоз, 2. 315,759 за облека и обувки, 1. 067,86 за култура и 821,47 денари за одржување на здравје, или вкупно 44. 047,52 денари. Кога на нив ќе се додадат 4.977,37 денари или 11,3 отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49. 024,89 денари, прецизираат од ССМ. Нагласуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34. 925 денари

The post Минималната синдикална кошница во мај изнесувала 49.025 денари, пресметаа синдикалците appeared first on Република.

]]>
Минималните трошоци на едно семејство во февруари 50.909 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnite-troshotsi-na-edno-semejstvo-vo-fevruari-50-909-denari/ Tue, 07 Mar 2023 12:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=616882

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.

Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

The post Минималните трошоци на едно семејство во февруари 50.909 денари appeared first on Република.

]]>

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари. Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

The post Минималните трошоци на едно семејство во февруари 50.909 денари appeared first on Република.

]]>