корупција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/korupcija/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 21:15:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png корупција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/korupcija/ 32 32 Пентагон: Корупцијата е главната пречка за влез на Украина во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-koruptsijata-e-glavnata-prechka-za-vlez-na-ukraina-vo-eu/ Sun, 17 Nov 2024 07:26:21 +0000 https://republika.mk/?p=838678

Главната пречка за влез на Украина во Европската Унија е корупцијата, се наведува во соопштението на канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон.

Во соопштението се додава дека освен тоа, корупцијата ја попречува обновата на земјата и привлекувањето странски капитал.

Судии, политичари и функционери беа обвинети за корупција, а Министерството за одбрана беше клучен играч во многу корупциски скандали. Проблемите со корупцијата и владеењето на правото во Украина ќе бидат главната пречка за закрепнување на економијата на земјата по конфликтот и привлекувањето странски инвестиции, се вели во соопштението од канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон.

The post Пентагон: Корупцијата е главната пречка за влез на Украина во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-koruptsijata-ne-smee-da-ja-zagrozi-digitalnata-bezbednost/ Thu, 14 Nov 2024 10:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=837550

Не смееме да дозволиме во трката по профит и корупцијата да го уништуваат системот, особено не во дигиталната сфера, затоа што тоа значи напади, изгубени податоци на штета за граѓаните, рече министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Во изјава за медиуми пред денешната конференција „Бизнис и Влада: Усогласување за сигурна дигитална иднина“ во организација на Американската Стопанска Комора во Македонија, министерот Андоновски посочи дека се важни две поенти, едната е дека не смееме пред безбедноста на државата да ја ставаме корпуцијата, а втората недостигот на ИТ професионалци.

– Не само во јавниот сектор, не само во државните институции, туку сметам дека како што денеска приватните компании имаат секој од нив ангажирано сметководител или адвокат, сега секој од нив ќе мора и ќе треба да ангажира и професионалец или ИТ компанија за да може да се носи со предизвиците на новото време. И ако тоа не го направиле досега, ќе биде задолжително за да можат да се справуваат со предизвиците да го направат тоа од денеска па натаму, посочи тој.

Во врска со плановите за обезбедување на дигиталната безбедност во нашата држава, тој посочи дека развиваат четири планови од кои ги издвои изработка на Закон за сајбер безбедност и Стратегија за сајбер безбедност.

– Првиот е изработката на Стратегија за сајбер безбедност која што ќе ни покаже како стратешки да се позиционираме во пристапот на заштита на сајбер безбедноста, што е она што ни е потребно – дали ИТ професионалци, дали ИТ опрема, дали е простор, дали е поврзување на една заедничка платформа. Вториот дел е Законот за сајбер безбедност, бидејќи сме единствена држава во поширокиот регион која што нема закон за сајбер безбедност. Трето, минимум стандарди кои превентивно институциите мора да го имаат кај себе за да гарантираат дека нивните системи се доволно заштитени. И четврто, она што ќе го развиваме со нашите партнери од УСАИД, а тоа е план за реакција во момент на инцидент и план за мониторирање дали станува збор за помал посериозен или многу сериозен инцидент и од тоа ќе зависи на кој начин ќе се однесуваат институциите, образложи министерот.

Дополни дека секогаш недостига кадар во поглед на сајбер безбедноста.

– Законот за сајбер безбедност треба да визионира или уредува како да го мотивираме кадарот којшто работи во поглед на сајбер безбедноста во државниот сектор, да остане во државниот сектор, да напредува да се гради и да помага за навистина отворен дигитален систем, потенцираше тој.

The post Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност appeared first on Република.

]]>

Не смееме да дозволиме во трката по профит и корупцијата да го уништуваат системот, особено не во дигиталната сфера, затоа што тоа значи напади, изгубени податоци на штета за граѓаните, рече министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во изјава за медиуми пред денешната конференција „Бизнис и Влада: Усогласување за сигурна дигитална иднина“ во организација на Американската Стопанска Комора во Македонија, министерот Андоновски посочи дека се важни две поенти, едната е дека не смееме пред безбедноста на државата да ја ставаме корпуцијата, а втората недостигот на ИТ професионалци. – Не само во јавниот сектор, не само во државните институции, туку сметам дека како што денеска приватните компании имаат секој од нив ангажирано сметководител или адвокат, сега секој од нив ќе мора и ќе треба да ангажира и професионалец или ИТ компанија за да може да се носи со предизвиците на новото време. И ако тоа не го направиле досега, ќе биде задолжително за да можат да се справуваат со предизвиците да го направат тоа од денеска па натаму, посочи тој. Во врска со плановите за обезбедување на дигиталната безбедност во нашата држава, тој посочи дека развиваат четири планови од кои ги издвои изработка на Закон за сајбер безбедност и Стратегија за сајбер безбедност. – Првиот е изработката на Стратегија за сајбер безбедност која што ќе ни покаже како стратешки да се позиционираме во пристапот на заштита на сајбер безбедноста, што е она што ни е потребно – дали ИТ професионалци, дали ИТ опрема, дали е простор, дали е поврзување на една заедничка платформа. Вториот дел е Законот за сајбер безбедност, бидејќи сме единствена држава во поширокиот регион која што нема закон за сајбер безбедност. Трето, минимум стандарди кои превентивно институциите мора да го имаат кај себе за да гарантираат дека нивните системи се доволно заштитени. И четврто, она што ќе го развиваме со нашите партнери од УСАИД, а тоа е план за реакција во момент на инцидент и план за мониторирање дали станува збор за помал посериозен или многу сериозен инцидент и од тоа ќе зависи на кој начин ќе се однесуваат институциите, образложи министерот. Дополни дека секогаш недостига кадар во поглед на сајбер безбедноста. – Законот за сајбер безбедност треба да визионира или уредува како да го мотивираме кадарот којшто работи во поглед на сајбер безбедноста во државниот сектор, да остане во државниот сектор, да напредува да се гради и да помага за навистина отворен дигитален систем, потенцираше тој.

The post Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност appeared first on Република.

]]>
„Не биди соучесник – пријави обид за корупција“ – Кампања на Агенцијата за катастар на недвижности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-bidi-souchesnik-prijavi-obid-za-koruptsija-kampana-na-agentsijata-za-katastar-na-nedvizhnosti/ Tue, 15 Oct 2024 07:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=826881

Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата.

Корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за нивниот интегритет и го поткопува јавниот интерес. Таа создава атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда, кои негативно влијаат врз институциите. Затоа, потребно е секој поединец да преземе одговорност и да пријави каква било форма на корупција, со што ќе придонесе кон изградба на поефикасна и транспарентна администрација. Апелирам и ги охрабрувам граѓаните, доколку се соочат со каква било форма на корупција, истото веднаш да го пријават, изјави Иван Живковски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за пријавување случаи на корупција и eвентуална злоупотреба на службената положба од страна на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности. Таа ќе се спроведува во сите подрачни одделенија низ државата, а во следниот период ќе се реализираат и едукативни активности на оваа тема.

Секој сомнеж или конкретен случај на корупција граѓаните можат да го пријават на електронската адреса: prijavikorupcija@katastar.gov.mk или на телефонскиот број 070/288-300. Од Агенцијата напоменуваат дека пријавите се анонимни.

The post „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“ – Кампања на Агенцијата за катастар на недвижности appeared first on Република.

]]>

Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата. Корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за нивниот интегритет и го поткопува јавниот интерес. Таа создава атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда, кои негативно влијаат врз институциите. Затоа, потребно е секој поединец да преземе одговорност и да пријави каква било форма на корупција, со што ќе придонесе кон изградба на поефикасна и транспарентна администрација. Апелирам и ги охрабрувам граѓаните, доколку се соочат со каква било форма на корупција, истото веднаш да го пријават, изјави Иван Живковски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности. Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за пријавување случаи на корупција и eвентуална злоупотреба на службената положба од страна на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности. Таа ќе се спроведува во сите подрачни одделенија низ државата, а во следниот период ќе се реализираат и едукативни активности на оваа тема. Секој сомнеж или конкретен случај на корупција граѓаните можат да го пријават на електронската адреса: prijavikorupcija@katastar.gov.mk или на телефонскиот број 070/288-300. Од Агенцијата напоменуваат дека пријавите се анонимни.

The post „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“ – Кампања на Агенцијата за катастар на недвижности appeared first on Република.

]]>
Рекордно високи тендери во 2023 година вредни 1,5 милијарда евра, 35 отсто повеќе од претходната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rekordno-visoki-tenderi-vo-2023-godina-vredni-1-5-milijarda-evra-35-otsto-poveke-od-prethodnata-godina/ Mon, 30 Sep 2024 12:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=821058

Четириесет и еден отсто од лицата за јавни набавки по државните институции сметаат дека во набавките често има корупција. Најголем дел од нив велат дека најприсутна е корупцијата како последица на политичките интереси и оти поголем генератор на корупција се фирмите отколку луѓето во институциите, покажуваат наодите од истражувањето што ги спровел Центарот за граѓански комуникации.

Анализите на Центарот покажуваат и дека 51 процент од фирмите што учествуваат во јавните набавки сметаат во набавките има корупција, а со неа лично се соочиле 23 отсто од компаниите вклучени во истражувањето.

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Склучени се договори за јавни набавки во вкупна вредност од 1,5 милијарда евра, што е 35 отсто повеќе од претходната година. Според мониторингот на јавни набавки, Просечниот број понуди по тендер изнесувал 2,7. Во една третина од тендерите е добиена само по една понуда. Отсуството на конкуренција е последица на фаворизирачки тендерски документации и загубена доверба на бизнис-секторот во фер натпревар на набавките, се вели во денешното соопштение од Центарот за граѓански комуникации во врска со спроведеното истражување.

Според Центарот, Индексот на рационалност открива големи разлики во цените по коишто институциите купуваат исти производи и услуги. Така, на пример, исти лиценци за компјутерски софтвер се купувани по цени од 6.185 до 23.100 денари.

Базата на податоци за јавните набавки на општините, пак, открива дека во 2023 година, општините за набавки потрошиле 40 отсто повеќе пари од претходната година и дека само десет фирми добиле 25 отсто од вредноста на сите тендери, покажуваат резултатите од истражувањето.

Извештаите и истражувањата се изработени во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Изготвен е Извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите и со претставниците на државните институции, Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема исти производи или услуги и Анализа и база на податоци за јавните набавки на општините за 2023 година.

The post Рекордно високи тендери во 2023 година вредни 1,5 милијарда евра, 35 отсто повеќе од претходната година appeared first on Република.

]]>

Четириесет и еден отсто од лицата за јавни набавки по државните институции сметаат дека во набавките често има корупција. Најголем дел од нив велат дека најприсутна е корупцијата како последица на политичките интереси и оти поголем генератор на корупција се фирмите отколку луѓето во институциите, покажуваат наодите од истражувањето што ги спровел Центарот за граѓански комуникации. Анализите на Центарот покажуваат и дека 51 процент од фирмите што учествуваат во јавните набавки сметаат во набавките има корупција, а со неа лично се соочиле 23 отсто од компаниите вклучени во истражувањето.
Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Склучени се договори за јавни набавки во вкупна вредност од 1,5 милијарда евра, што е 35 отсто повеќе од претходната година. Според мониторингот на јавни набавки, Просечниот број понуди по тендер изнесувал 2,7. Во една третина од тендерите е добиена само по една понуда. Отсуството на конкуренција е последица на фаворизирачки тендерски документации и загубена доверба на бизнис-секторот во фер натпревар на набавките, се вели во денешното соопштение од Центарот за граѓански комуникации во врска со спроведеното истражување.
Според Центарот, Индексот на рационалност открива големи разлики во цените по коишто институциите купуваат исти производи и услуги. Така, на пример, исти лиценци за компјутерски софтвер се купувани по цени од 6.185 до 23.100 денари.
Базата на податоци за јавните набавки на општините, пак, открива дека во 2023 година, општините за набавки потрошиле 40 отсто повеќе пари од претходната година и дека само десет фирми добиле 25 отсто од вредноста на сите тендери, покажуваат резултатите од истражувањето.
Извештаите и истражувањата се изработени во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Изготвен е Извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки, кој вклучува и анкети со фирмите и со претставниците на државните институции, Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема исти производи или услуги и Анализа и база на податоци за јавните набавки на општините за 2023 година.

The post Рекордно високи тендери во 2023 година вредни 1,5 милијарда евра, 35 отсто повеќе од претходната година appeared first on Република.

]]>
Дебата: Секој да стави камче во мозаикот во борбата против корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/debata-sekoj-da-stavi-kamche-vo-mozaikot-vo-borbata-protiv-koruptsijata/ Sun, 15 Sep 2024 19:28:23 +0000 https://republika.mk/?p=816602

Борбата против корупцијата треба да се врши секојдневно чекор по чекор и храбро, без страв, порачаа панелистите на вечерашната јавна дебата на тема „Корупција“ што се одржа во Битола, а чиј домаќин и организатор беше граѓанското здружение Про Локал.

Според поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, секој може да стави камче во мозаикот, секој може да даде свој придонес во борбата против корупцијата која може да се спречи ако се пристапи системски и со личен пример.

-За системски пристап, ние подготивме стратегија за борба против корупција, анализа на ризици и дојдовме до заклучок дека најголеми ризични фактори во државата се отуството на интегритет, силното политичко влијание кое е многу присутно, и секако неказнивоста, отуството на одговорност, а тоа е знак на каков степен на зрелост е општеството, затоа што ако некој е зрел тогаш има чувство на одговорност, а ако тоа отсуствува, тогаш имаме неодговорност, посочи Ивановска.

На јавната дебата во Битола, антикорупцискиот активист Герман Филков истакна дека годишно во земјава само од јавни набавки низ корупција дури 400 милиони евра завршуваат во приватни џебови.

-Сите се надеваме дека младите може да направат многу во борбата против корупцијата. Кога ќе ве забоде нешто во очи веднаш да се заинтересирате. Како ќе дознаете дека нешто не е нормално? Кога ќе забележите како некои се однесуваат со нашите, вашите пари. Нашите пресметки кои се објавени покажаа дека годишно во земјава само од јавни набавки дури 400 милиони евра завршуваат ви приватни џебови. Ова е податок за минатата година, а со нив можеа да се изградат 550 современи детски градинки, или 100 домови за стари лица, но и други објекти, нагласи Филков.

Панелистката Деница Чадиковска, уредник за комуникации во ИРЛ потврди дека во нивната редакција секојдневно  од граѓани добиват пријави за корупција затоа што како што рече таа е насекаде.

-Корупцијата не е нешто апстрактно, туку напротив тоа што дишеме загаден воздух, тоа што пиеме нечиста вода, тоа што скоро секогаш се чувствуваме понижени по посета во некоја институција, но корупција е тоа што некому сме дале доверба, а тој ги запоставува обврските, рече меѓудругото Чадиковска.

Јавната дебата ја модерираше новинарот Васко Маглешов, а присуствуваа млади од пелагонискиот регион, учесници во проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ кој е поддржан од пелагониските општини и амбасадата на Холандија, информира Емилиа Героска, прв човек на Про Локал – Битола.

The post Дебата: Секој да стави камче во мозаикот во борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Борбата против корупцијата треба да се врши секојдневно чекор по чекор и храбро, без страв, порачаа панелистите на вечерашната јавна дебата на тема „Корупција“ што се одржа во Битола, а чиј домаќин и организатор беше граѓанското здружение Про Локал. Според поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска, секој може да стави камче во мозаикот, секој може да даде свој придонес во борбата против корупцијата која може да се спречи ако се пристапи системски и со личен пример.
-За системски пристап, ние подготивме стратегија за борба против корупција, анализа на ризици и дојдовме до заклучок дека најголеми ризични фактори во државата се отуството на интегритет, силното политичко влијание кое е многу присутно, и секако неказнивоста, отуството на одговорност, а тоа е знак на каков степен на зрелост е општеството, затоа што ако некој е зрел тогаш има чувство на одговорност, а ако тоа отсуствува, тогаш имаме неодговорност, посочи Ивановска.
На јавната дебата во Битола, антикорупцискиот активист Герман Филков истакна дека годишно во земјава само од јавни набавки низ корупција дури 400 милиони евра завршуваат во приватни џебови.
-Сите се надеваме дека младите може да направат многу во борбата против корупцијата. Кога ќе ве забоде нешто во очи веднаш да се заинтересирате. Како ќе дознаете дека нешто не е нормално? Кога ќе забележите како некои се однесуваат со нашите, вашите пари. Нашите пресметки кои се објавени покажаа дека годишно во земјава само од јавни набавки дури 400 милиони евра завршуваат ви приватни џебови. Ова е податок за минатата година, а со нив можеа да се изградат 550 современи детски градинки, или 100 домови за стари лица, но и други објекти, нагласи Филков.
Панелистката Деница Чадиковска, уредник за комуникации во ИРЛ потврди дека во нивната редакција секојдневно  од граѓани добиват пријави за корупција затоа што како што рече таа е насекаде.
-Корупцијата не е нешто апстрактно, туку напротив тоа што дишеме загаден воздух, тоа што пиеме нечиста вода, тоа што скоро секогаш се чувствуваме понижени по посета во некоја институција, но корупција е тоа што некому сме дале доверба, а тој ги запоставува обврските, рече меѓудругото Чадиковска.
Јавната дебата ја модерираше новинарот Васко Маглешов, а присуствуваа млади од пелагонискиот регион, учесници во проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ кој е поддржан од пелагониските општини и амбасадата на Холандија, информира Емилиа Героска, прв човек на Про Локал – Битола.

The post Дебата: Секој да стави камче во мозаикот во борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Полицаец земал мито од 1000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-zemal-mito-od-1000-evra/ Wed, 04 Sep 2024 20:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=813254

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи при Оддел за граѓански работи, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од Кривичниот законик во врска со член 9 став 5 од Законот за оружје и член 6 и член 7 од Законот за административни такси во МВР.

Пријавениот Љ.З., во својство на одговорно лице, во периодот од 01.01.2022 до 05.08.2024 од барателите, на рака ги земал парите што требало да ги платат на жиро сметката на Министерството за внатрешни работи за административни такси, со цел да им врши услуга, односно во нивно име тој да изврши уплата за административни такси.

Но, наместо тоа, парите тој противправно ги присвоил и со тоа за себе прибавил имотна корист и нанел штета на Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 60.950 денари.

Во наведениот период, за вкупно 179 примени барања нема потврда за платени административни такси. Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола против Љ.З. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка

The post Полицаец земал мито од 1000 евра appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи при Оддел за граѓански работи, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од Кривичниот законик во врска со член 9 став 5 од Законот за оружје и член 6 и член 7 од Законот за административни такси во МВР. Пријавениот Љ.З., во својство на одговорно лице, во периодот од 01.01.2022 до 05.08.2024 од барателите, на рака ги земал парите што требало да ги платат на жиро сметката на Министерството за внатрешни работи за административни такси, со цел да им врши услуга, односно во нивно име тој да изврши уплата за административни такси. Но, наместо тоа, парите тој противправно ги присвоил и со тоа за себе прибавил имотна корист и нанел штета на Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 60.950 денари. Во наведениот период, за вкупно 179 примени барања нема потврда за платени административни такси. Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола против Љ.З. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка

The post Полицаец земал мито од 1000 евра appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нема место за криминалци во политиката, граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на поединци без разлика дали е на локално или државно ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nema-mesto-za-kriminaltsi-vo-politikata-graganite-ke-mozhat-da-prijavuvaat-devijantno-odnesuvane-na-poedintsi-bez-razlika-dali-e-na-lokalno-ili-drzhavno-nivo/ Wed, 28 Aug 2024 11:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=810845

„Гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што ова е стартен ден, јавна набавка којашто ја водела претходната Влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив со јавност да се борам против криминалот и корупцијата и затоа ја дадов таа изјава и тоа е порака дека времето на криминалците во политиката заврши, дека е време е на чесни политичари, луѓе коишто си го сакаат својот народ, својата татковина и ќе работат за интересите на своите сограѓани и својата татковина, и така ќе продолжам и во иднина“, одговори претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски објасни дека во рамките на Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија ќе се отвори линија каде што граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на административци и политичари.

„Ако се сеќавате пред неколку дена исто така на едно мое телевизиско интервју дадов уште една изјава во која што кажав специјален тим во рамките на мојот кабинет ќе има отворена линија и ќе разговара со граѓаните, а тие таму ќе пријавуваат девијантно однесување на административци, политичари без разлика дали се тоа на локално или на државно ниво политичари и административци, коишто можеби бараат некаков тип на против услуга да завршат некоја работа којашто на граѓаните им припаѓа под Закон и Устав и таа отворена линија ќе има за цел граѓаните тоа девијантно однесување да го пријават“, соопшти премиерот.

Претседателот на Владата Мицкоски констатираше дека се додека е премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и дека мораме силно да се бориме против криминалот и корупцијата.

„Мораме да се бориме против криминалот и корупцијата, тие се од пандемиски размери кај нас и тоа е основната цел на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Додека јас сум премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и затоа на секој еден именуван и избран функционер од редот на ВМРО-ДПМНЕ му испраќам една порака, а тоа е да го чуваш твојот образ, така ќе го чуваш и мојот и на организацијата и така работиме до сега и така ќе продолжиме во иднина, а секој оној којшто ќе се заборави и којшто мисли дека во политиката треба да ужива а не да биде слуга на граѓаните, без разлика од која структура доаѓа ќе биде казнет, а доколку биде тоа злоупотребено, да има криминал, тогаш ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Нема место за криминалци во политиката, граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на поединци без разлика дали е на локално или државно ниво appeared first on Република.

]]>

„Гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што ова е стартен ден, јавна набавка којашто ја водела претходната Влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив со јавност да се борам против криминалот и корупцијата и затоа ја дадов таа изјава и тоа е порака дека времето на криминалците во политиката заврши, дека е време е на чесни политичари, луѓе коишто си го сакаат својот народ, својата татковина и ќе работат за интересите на своите сограѓани и својата татковина, и така ќе продолжам и во иднина“, одговори претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.   Премиерот Мицкоски објасни дека во рамките на Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија ќе се отвори линија каде што граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на административци и политичари.   „Ако се сеќавате пред неколку дена исто така на едно мое телевизиско интервју дадов уште една изјава во која што кажав специјален тим во рамките на мојот кабинет ќе има отворена линија и ќе разговара со граѓаните, а тие таму ќе пријавуваат девијантно однесување на административци, политичари без разлика дали се тоа на локално или на државно ниво политичари и административци, коишто можеби бараат некаков тип на против услуга да завршат некоја работа којашто на граѓаните им припаѓа под Закон и Устав и таа отворена линија ќе има за цел граѓаните тоа девијантно однесување да го пријават“, соопшти премиерот.   Претседателот на Владата Мицкоски констатираше дека се додека е премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и дека мораме силно да се бориме против криминалот и корупцијата.   „Мораме да се бориме против криминалот и корупцијата, тие се од пандемиски размери кај нас и тоа е основната цел на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Додека јас сум премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и затоа на секој еден именуван и избран функционер од редот на ВМРО-ДПМНЕ му испраќам една порака, а тоа е да го чуваш твојот образ, така ќе го чуваш и мојот и на организацијата и така работиме до сега и така ќе продолжиме во иднина, а секој оној којшто ќе се заборави и којшто мисли дека во политиката треба да ужива а не да биде слуга на граѓаните, без разлика од која структура доаѓа ќе биде казнет, а доколку биде тоа злоупотребено, да има криминал, тогаш ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Нема место за криминалци во политиката, граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на поединци без разлика дали е на локално или државно ниво appeared first on Република.

]]>
МВР постапува по предмети поврзани со криминал и корупција, од ЈО нема информација каде е поднесена пријава за поткуп за Коридорот 8 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-postapuva-po-predmeti-povrzani-so-kriminal-i-koruptsija-od-jo-nema-informatsija-kade-e-podnesena-prijava-za-potkup-za-koridorot-8/ Tue, 27 Aug 2024 15:40:35 +0000 https://republika.mk/?p=810664

Министерството за внатрешни работи постапува по повеќе предмети кои се поврзани со криминал и корупција. Во моментот кога истите ќе бидат во напредна фаза, соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од МВР за МИА во врска со денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека имало обид врз него за поткуп за Коридорот 8, за како претседател на Владата да ја прифати тендерската документација за пругата кон Бугарија.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција, информираат дека до моментов немаат добиено пријава за поткуп, додека од Јавното обвинителство велат дека немаат информација каде е поднесена.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска обелодени дека врз него имало обид за поткуп за Коридорот 8, за како претседател на Владата да ја прифати тендерската документација што истекува на 17 септември. Мицкоски не прецизираше кој стои зад поткупот, само кажа дека „се знае како оди тоа, преку канали за комуникација“. За ова ги известил партнерите од ЕУ со кои имал состанок, а тие, рече, со разбирање ги прифатиле аргументите. Дијалогот со бугарската страна, информира Мицкоски, ќе се одвива во Брисел, на високо ниво, а процесот ќе го фасилитира Европската комисија.

Според Мицкоски, за обидот за поткуп се информирани сите надлежни институции.

- Лично кажувам, пред целата македонска јавност, дека за Коридорот 8, секцијата 3, пругата, врз мене имаше обид да ми биде понуден поткуп со што јас како премиер би потпишал прифаќање на оваа тендерска документација што истекува на 17 септември. Затоа кажав дека се додека сум премиер, нема да го прифатам овој тендер. Завршија времињата на таков тип комуникација со претседателот на Владата, можеби со некои други имало така, со овој нема така. Сите институции кои треба да бидат информирани, се информирани. Нормално дека тоа не оди транспарентно и со докази, преку документ. Се знае дека тоа е канал за комуникација, но сум доволно искусен за да предвидам дека целта на соговорникот е таа за која зборував, потенцира Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања, премиерот подвлече дека приоритет се сите коридори што минуваат низ земјава, а на Коридорот 8 и Коридорот 10, нагласи, ќе се работи со истата посветеност зашто двата се за државата многу важни.

The post МВР постапува по предмети поврзани со криминал и корупција, од ЈО нема информација каде е поднесена пријава за поткуп за Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи постапува по повеќе предмети кои се поврзани со криминал и корупција. Во моментот кога истите ќе бидат во напредна фаза, соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од МВР за МИА во врска со денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека имало обид врз него за поткуп за Коридорот 8, за како претседател на Владата да ја прифати тендерската документација за пругата кон Бугарија. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција, информираат дека до моментов немаат добиено пријава за поткуп, додека од Јавното обвинителство велат дека немаат информација каде е поднесена. Премиерот Христијан Мицкоски денеска обелодени дека врз него имало обид за поткуп за Коридорот 8, за како претседател на Владата да ја прифати тендерската документација што истекува на 17 септември. Мицкоски не прецизираше кој стои зад поткупот, само кажа дека „се знае како оди тоа, преку канали за комуникација“. За ова ги известил партнерите од ЕУ со кои имал состанок, а тие, рече, со разбирање ги прифатиле аргументите. Дијалогот со бугарската страна, информира Мицкоски, ќе се одвива во Брисел, на високо ниво, а процесот ќе го фасилитира Европската комисија. Според Мицкоски, за обидот за поткуп се информирани сите надлежни институции.
- Лично кажувам, пред целата македонска јавност, дека за Коридорот 8, секцијата 3, пругата, врз мене имаше обид да ми биде понуден поткуп со што јас како премиер би потпишал прифаќање на оваа тендерска документација што истекува на 17 септември. Затоа кажав дека се додека сум премиер, нема да го прифатам овој тендер. Завршија времињата на таков тип комуникација со претседателот на Владата, можеби со некои други имало така, со овој нема така. Сите институции кои треба да бидат информирани, се информирани. Нормално дека тоа не оди транспарентно и со докази, преку документ. Се знае дека тоа е канал за комуникација, но сум доволно искусен за да предвидам дека целта на соговорникот е таа за која зборував, потенцира Мицкоски.
Одговорајќи на новинарски прашања, премиерот подвлече дека приоритет се сите коридори што минуваат низ земјава, а на Коридорот 8 и Коридорот 10, нагласи, ќе се работи со истата посветеност зашто двата се за државата многу важни.

The post МВР постапува по предмети поврзани со криминал и корупција, од ЈО нема информација каде е поднесена пријава за поткуп за Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>
Ќе се формира посебен тим и отворена линија каде граѓаните ќе може да пријават корупција во институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-formira-poseben-tim-i-otvorena-linija-kade-graganite-ke-mozhe-da-prijavat-koruptsija-vo-institutsiite/ Mon, 26 Aug 2024 17:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=810362

Формирање на посебен тим и отворена линија, каде граѓаните ќе може да пријават доколку во некои од институциите им е побарано мито или некој свесно го одолговлекува она што по закон и процедура им припаѓа, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Како што појасни, по пријавата од граѓаните, истражните органи ќе ги контактираат и сите тие „девијантни однесувања во рамките на институциите ќе се намалат, а сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-najavite-za-apsena-graganite-da-bidat-trpelivi-ne-sakame-da-pravime-estrada/

Мицкоски порача дека не треба да се прави естрада од криминалот, зошто не е ништо посебно ако државата го спроведува редот и законите, но дека врз основа на информациите што го добива како прв човек на Владата, институциите полека, но сигурно влегуваат во трага на „она што е работено во изминатите седум години“.

Перцепцијата денес, нагласи Мицкоски, е дека сме криминална држава и затоа оваа борба „од септември само ќе биде засилена“ и ќе трае се додека оние за кои постојат цврсти докази дека сториле криминал ќе бидат соочени со лицето на правдата.

- Верувам во пресумпцијата на невиност и никој не е виновен додека не биде докажано спротивното, но за сите оние за кои постојат основани сомневања за сторен криминал и цврсти докази, сите тие ќе бидат спроведени и тука нема политичка партија, изјави Мицкоски на гостување на телевизија Алфа.

Посочи дека ова се однесува за сите избрани и именувани лица, без разлика дали се од претходната или од оваа влада доколку се огрешиле пред законот.

- Многу случаи и досиеја во моментов се анализираат и тоа се на поранешни вршители на високи функции. Но, да се разбереме, ова не треба да биде перцепирано како политичка хајка и тоа ќе важи и за оние сега именувани, од оваа влада. Ако се погрешат пред законот, јас гарантирам кој и да е ќе одговара. Ако било кој од нив биде пријавен и постои основано сомневање, да знаете дека ќе биде без милосрдно, порача Мицкоски.

The post Ќе се формира посебен тим и отворена линија каде граѓаните ќе може да пријават корупција во институциите appeared first on Република.

]]>

Формирање на посебен тим и отворена линија, каде граѓаните ќе може да пријават доколку во некои од институциите им е побарано мито или некој свесно го одолговлекува она што по закон и процедура им припаѓа, најави премиерот Христијан Мицкоски. Како што појасни, по пријавата од граѓаните, истражните органи ќе ги контактираат и сите тие „девијантни однесувања во рамките на институциите ќе се намалат, а сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата“. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-najavite-za-apsena-graganite-da-bidat-trpelivi-ne-sakame-da-pravime-estrada/ Мицкоски порача дека не треба да се прави естрада од криминалот, зошто не е ништо посебно ако државата го спроведува редот и законите, но дека врз основа на информациите што го добива како прв човек на Владата, институциите полека, но сигурно влегуваат во трага на „она што е работено во изминатите седум години“. Перцепцијата денес, нагласи Мицкоски, е дека сме криминална држава и затоа оваа борба „од септември само ќе биде засилена“ и ќе трае се додека оние за кои постојат цврсти докази дека сториле криминал ќе бидат соочени со лицето на правдата.
- Верувам во пресумпцијата на невиност и никој не е виновен додека не биде докажано спротивното, но за сите оние за кои постојат основани сомневања за сторен криминал и цврсти докази, сите тие ќе бидат спроведени и тука нема политичка партија, изјави Мицкоски на гостување на телевизија Алфа.
Посочи дека ова се однесува за сите избрани и именувани лица, без разлика дали се од претходната или од оваа влада доколку се огрешиле пред законот.
- Многу случаи и досиеја во моментов се анализираат и тоа се на поранешни вршители на високи функции. Но, да се разбереме, ова не треба да биде перцепирано како политичка хајка и тоа ќе важи и за оние сега именувани, од оваа влада. Ако се погрешат пред законот, јас гарантирам кој и да е ќе одговара. Ако било кој од нив биде пријавен и постои основано сомневање, да знаете дека ќе биде без милосрдно, порача Мицкоски.

The post Ќе се формира посебен тим и отворена линија каде граѓаните ќе може да пријават корупција во институциите appeared first on Република.

]]>
Штом во Врховниот суд има корумпирани судии, можете да замислите што се случува во пониските судови – рече Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtom-vo-vrhovniot-sud-ima-korumpirani-sudii-mozhete-da-zamislite-shto-se-sluchuva-vo-poniskite-sudovi-reche-mitskoski/ Fri, 16 Aug 2024 12:02:54 +0000 https://republika.mk/?p=807237

Се додека овие луѓе не се распуштат, нема да имаме правна држава. Довербата во правосудството е два отсто со причина, а тоа се потврди со спогодбите на поранешниот врховен судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, рече премиерот

Јас пред се сум задоволен што акцијата со која се покажа дека во највисокото судско тело – Врховниот суд имаме корумпирани судии се ја спроведе МВР во техничката влада, одговори премиерот Мицкоски на новинарско прашање во однос на тоа дали е задоволен од изречените казни за Наќе Георгиев и Иџет Мемети.

Мицкоски рече дека доколку има корумпирани судии кои се во Врховниот суд, тогаш може само да се замисли што се случува надолу, па и оттаму според него, доаѓа и таа доверба од два отсто во судството. Тој кажа и дека се додека овие луѓе не се распуштат, Македонија нема да биде правна држава.

„Во истрагата се потврди дека не бил сам врховниот судија, туку и лицето за кое што исто така постои спогодба со Обвинителството, а тоа е Иџет Мемети како претседател на Советот на јавни обвинители. Јасна е спрегата меѓу судско обвинителскиот систем кај нас. Затоа довербата е два проценти, затоа што едни тефтерчиња од едно минато се заменија со други тефтерчиња, само овие се од Струмица, од „Бихаќка“ и од Речица. Се’ додека имаме тефтерчиња и се’ додека не се распуштат овие луѓе, нема да имаме правна држава“, рече Мицкоски.

Претпладнево на вонредна седница, Судскиот совет донесе одлука за разрешување на осудениот врховен судија Наќе Георгиев кој доби затворска казна во траење од три години за примање мито. Претседателката на советот, Весна Дамева, рече дека по докажувањето вина кај Георгиев се докажало дека никој, ниту судија од највисоката судска инстанца не може да пркоси на фактите и доказите, без разлика што тој претходно ја негирал одговорноста.

„Граѓаните да се одважуваат и пријавуваат до Судскиот совет и до другите надлежни органи секое коруптивно дејствие преземено од страна на судија. Секој случај кога судија лично или преку посредник ќе им побара поткуп или било какво дејствие или, пак, услуга заради влијание или донесување на судска одлука“, изјави Дамева.

Таа порача и дека не смее да се дозволи поединци како Георгиев да ја уриваат сликата за целото судство и оти се преземеаат чекори јавноста и граѓаните да видат дека Судскиот совет работи и дека нема да дозволи ваквите судии да останат дел од системот.

„Поединците си имаат име и презиме, си имаме ние име и презиме. Само малку трпение од јавноста, затоа што веќе некои работи почнаа да се решаваат и резултатите ќе дојдат многу брзо“, рече Дамева.

Разрешувањето на врховниот судија Наке Георгиев доаѓа откако тој призна дека примил мито и се спогоди со Обвинителството да добие затворска казна од три години, а исто толку време ќе има забрана за вршење на професијата. Од Обвинителството велат дека потпишувајќи ја предлог-спогодбата осомничениот не спори дека го сторил кривичното дело и, имајќи ја предвид одредената затворска казна од една до десет години, прифатил да одлежи затвор, како и да му се забрани вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години.

Пред два дена, и второосомничениот за овој случај, Иџет Мемети од Советот на јавни обвинители, си поднесе оставка, призна вина и се спогоди со Обвинителството за условна казна.

Според Обвинителството, Мемети по претходен договор со Георгиев во текот на април и мај годинава, преку врховниот судија, му пренел на синот на Стојчев дека наводно интеревенирал да не се поднесе обвинителен акт во случај со неговиот татко, туку да се склучи предлог-спогодба.

Георгиев и Mемети комуницирале преку апликацијата Вацап (Whatsapp), а членот на Советот на јавни обвинители не знаел дека тие разговори ги слуша и синот на Стојчев.

The post Штом во Врховниот суд има корумпирани судии, можете да замислите што се случува во пониските судови – рече Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Се додека овие луѓе не се распуштат, нема да имаме правна држава. Довербата во правосудството е два отсто со причина, а тоа се потврди со спогодбите на поранешниот врховен судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, рече премиерот Јас пред се сум задоволен што акцијата со која се покажа дека во највисокото судско тело – Врховниот суд имаме корумпирани судии се ја спроведе МВР во техничката влада, одговори премиерот Мицкоски на новинарско прашање во однос на тоа дали е задоволен од изречените казни за Наќе Георгиев и Иџет Мемети. Мицкоски рече дека доколку има корумпирани судии кои се во Врховниот суд, тогаш може само да се замисли што се случува надолу, па и оттаму според него, доаѓа и таа доверба од два отсто во судството. Тој кажа и дека се додека овие луѓе не се распуштат, Македонија нема да биде правна држава.
„Во истрагата се потврди дека не бил сам врховниот судија, туку и лицето за кое што исто така постои спогодба со Обвинителството, а тоа е Иџет Мемети како претседател на Советот на јавни обвинители. Јасна е спрегата меѓу судско обвинителскиот систем кај нас. Затоа довербата е два проценти, затоа што едни тефтерчиња од едно минато се заменија со други тефтерчиња, само овие се од Струмица, од „Бихаќка“ и од Речица. Се’ додека имаме тефтерчиња и се’ додека не се распуштат овие луѓе, нема да имаме правна држава“, рече Мицкоски.
Претпладнево на вонредна седница, Судскиот совет донесе одлука за разрешување на осудениот врховен судија Наќе Георгиев кој доби затворска казна во траење од три години за примање мито. Претседателката на советот, Весна Дамева, рече дека по докажувањето вина кај Георгиев се докажало дека никој, ниту судија од највисоката судска инстанца не може да пркоси на фактите и доказите, без разлика што тој претходно ја негирал одговорноста.
„Граѓаните да се одважуваат и пријавуваат до Судскиот совет и до другите надлежни органи секое коруптивно дејствие преземено од страна на судија. Секој случај кога судија лично или преку посредник ќе им побара поткуп или било какво дејствие или, пак, услуга заради влијание или донесување на судска одлука“, изјави Дамева.
Таа порача и дека не смее да се дозволи поединци како Георгиев да ја уриваат сликата за целото судство и оти се преземеаат чекори јавноста и граѓаните да видат дека Судскиот совет работи и дека нема да дозволи ваквите судии да останат дел од системот.
„Поединците си имаат име и презиме, си имаме ние име и презиме. Само малку трпение од јавноста, затоа што веќе некои работи почнаа да се решаваат и резултатите ќе дојдат многу брзо“, рече Дамева.
Разрешувањето на врховниот судија Наке Георгиев доаѓа откако тој призна дека примил мито и се спогоди со Обвинителството да добие затворска казна од три години, а исто толку време ќе има забрана за вршење на професијата. Од Обвинителството велат дека потпишувајќи ја предлог-спогодбата осомничениот не спори дека го сторил кривичното дело и, имајќи ја предвид одредената затворска казна од една до десет години, прифатил да одлежи затвор, како и да му се забрани вршење професија, дејност или должност на службено лице во период од три години. Пред два дена, и второосомничениот за овој случај, Иџет Мемети од Советот на јавни обвинители, си поднесе оставка, призна вина и се спогоди со Обвинителството за условна казна. Според Обвинителството, Мемети по претходен договор со Георгиев во текот на април и мај годинава, преку врховниот судија, му пренел на синот на Стојчев дека наводно интеревенирал да не се поднесе обвинителен акт во случај со неговиот татко, туку да се склучи предлог-спогодба. Георгиев и Mемети комуницирале преку апликацијата Вацап (Whatsapp), а членот на Советот на јавни обвинители не знаел дека тие разговори ги слуша и синот на Стојчев.

The post Штом во Врховниот суд има корумпирани судии, можете да замислите што се случува во пониските судови – рече Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Средба Николовски – Петрова: Жестока борба со сивата економија, на радар фирмите што избегнуваат данок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sredba-nikolovski-petrova-zhestoka-borba-so-sivata-ekonomija-na-radar-firmite-shto-izbegnuvaat-danok/ Tue, 06 Aug 2024 13:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=803939

Работиме на унапредување на условите за водење бизнис, како и на жестока борба против сивата економија, при што сме фокусирани на системски мерки и активности, меѓу коишто е и понатамошна интеграција на системите на Царинската управа со системите на Управата за јавни приходи. Денеска директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова одржаа состанок на кој беше истакната потребата од поголема координација, размена на податоци и поврзување на системите се со цел сузбивање на сивата економија.

„Фирмите кои работат во рамките на неформалната економија стравуваат да влезат во радарот на царинските и даночните служби, а наша задача е да ги сузбиеме ваквите појави. На овој начин овозможуваме подобри услови за фер конкуренција, поголеми инвестиции во производство и крајно повеќе приходи во Буџетот“, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

На состанокот воедно се говореше за искуствата кои ги има Царина во имплементација на податочен склад и анализа на ризик.

The post Средба Николовски – Петрова: Жестока борба со сивата економија, на радар фирмите што избегнуваат данок appeared first on Република.

]]>

Работиме на унапредување на условите за водење бизнис, како и на жестока борба против сивата економија, при што сме фокусирани на системски мерки и активности, меѓу коишто е и понатамошна интеграција на системите на Царинската управа со системите на Управата за јавни приходи. Денеска директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова одржаа состанок на кој беше истакната потребата од поголема координација, размена на податоци и поврзување на системите се со цел сузбивање на сивата економија. „Фирмите кои работат во рамките на неформалната економија стравуваат да влезат во радарот на царинските и даночните служби, а наша задача е да ги сузбиеме ваквите појави. На овој начин овозможуваме подобри услови за фер конкуренција, поголеми инвестиции во производство и крајно повеќе приходи во Буџетот“, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски. На состанокот воедно се говореше за искуствата кои ги има Царина во имплементација на податочен склад и анализа на ризик.

The post Средба Николовски – Петрова: Жестока борба со сивата економија, на радар фирмите што избегнуваат данок appeared first on Република.

]]>
Шпанскиот премиер одби да сведочи во истрагата за неговата сопруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskiot-premier-odbi-da-svedochi-vo-istragata-za-negovata-sopruga/ Tue, 30 Jul 2024 14:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=801758

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска одби да одговори на прашањата на судијата во Мадрид, кој ја испитува неговата сопруга за можна корупција и трговија со влијание.

Судијата Хуан Карлос Пеинадо дојде во владината палата во Монклоа, на северот од градот, за да го испраша Санчез како сведок.

-Судијата му постави две прашања. Дали е поврзан со лицата под истрага и дали сака да сведочи. Санчез одговори дека Бегона Гомез е негова сопруга и дека не сака да сведочи, изјави за медиумите адвокатот на сопругата на Санчез.

Социјалистичкиот премиер на тој начин го искористи своето право да не одговара на прашања за истрагата што започна во април против Бегона Гомез. На почетокот на овој месец, таа исто така одби да одговори на прашањата на истиот судија како осомничена.

Нејзин адвокат е Антонио Камачо, поранешен министер за внатрешни работи во социјалистичката шпанска влада.

Обидот за испрашување на Санчезес е дел од прелиминарната истрага за тоа дали Бегона Гомез ја искористила својата позиција како сопруга на премиерот за да обезбеди спонзори за магистерски универзитетски студии во Мадрид што таа го водеше.

Се сомнева дека за возврат давала препораки на приватни претприемачи кои се пријавиле на јавни тендери и на тој начин ги добивале парите на даночните обврзници.

The post Шпанскиот премиер одби да сведочи во истрагата за неговата сопруга appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска одби да одговори на прашањата на судијата во Мадрид, кој ја испитува неговата сопруга за можна корупција и трговија со влијание. Судијата Хуан Карлос Пеинадо дојде во владината палата во Монклоа, на северот од градот, за да го испраша Санчез како сведок.
-Судијата му постави две прашања. Дали е поврзан со лицата под истрага и дали сака да сведочи. Санчез одговори дека Бегона Гомез е негова сопруга и дека не сака да сведочи, изјави за медиумите адвокатот на сопругата на Санчез.
Социјалистичкиот премиер на тој начин го искористи своето право да не одговара на прашања за истрагата што започна во април против Бегона Гомез. На почетокот на овој месец, таа исто така одби да одговори на прашањата на истиот судија како осомничена. Нејзин адвокат е Антонио Камачо, поранешен министер за внатрешни работи во социјалистичката шпанска влада. Обидот за испрашување на Санчезес е дел од прелиминарната истрага за тоа дали Бегона Гомез ја искористила својата позиција како сопруга на премиерот за да обезбеди спонзори за магистерски универзитетски студии во Мадрид што таа го водеше. Се сомнева дека за возврат давала препораки на приватни претприемачи кои се пријавиле на јавни тендери и на тој начин ги добивале парите на даночните обврзници.

The post Шпанскиот премиер одби да сведочи во истрагата за неговата сопруга appeared first on Република.

]]>
ЕК: Измените на Кривичниот законик негативно влијаат на справувањето со корупцијата на високо ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ek-izmenite-na-krivichniot-zakonik-negativno-vlijaat-na-spravuvaneto-so-koruptsijata-na-visoko-nivo/ Wed, 24 Jul 2024 18:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=799932

ронични проблеми, нов извештај – Брисел е загрижен за независноста на македонското судство и големиот ризик од корупција во државата. Ова го објави  Европската Комсија, во извештајот за владеење на правото во Европската Унија за 2024та година, во кој за прв пат се вклучени и државите од процесот на проширување.

Конкретно за Македонија, се констатира дека државата спровела реформи за независност на судството, но останува загриженоста од влијание.

- Нивото на утврдена независност на судството е многу ниско. Загриженоста останува и во однос на функционирањето и на независноста на Судскиот совет, иако се преземени чекори во овој поглед. Одлуките за именување јавни обвинители и судии беа критикувани од граѓанското општество дека не се сеопфатно мотивирани или засновани на објективни критериуми, се вели во Извештајот за владеење на правото во ЕУ за 2024 година.

Според Европската Комисија, Врховниот суд и Судскиот совет презеле мерки за да ја подобрат транспарентноста. Од друга страна, пак, за независноста на судството Комисијата ги посочува и парите. Стои дека ограничените финансиски средства доделени на судството може да влијаат на финансиската автономија, а дефицитот на човечки ресурси може да влијае на квалитетот и ефикасноста на правдата.

Корупцијата останува стара болка. Во извештајот пишува дека е воспоставена сеопфатна национална антикорупциска стратегија, но дека има застој во нејзината имплементација.

- Големиот ризик од корупција, останува распространет во многу области. Неодамнешните измени на Кривичниот законик ја ослабеа правната рамка, негативно влијаејќи на справувањето со корупцијата, особено во случаите на корупција на високо ниво, стои во Извештајот за владеење на правото во ЕУ за 2024 година.

Се споменува Државната комисија за спречување на корупцијата, за која стои дека продолжува со напорите за исполнување на својот мандат и покрај ограничените ресурси.

Политичката поларизација во Собранието, пак, предизвикала доцнење во носењето закони и несоодветна употреба на забрзани законодавни процедури. .

Загриженост има и поради државното рекламирање во медиумите. За безбедноста на новинарите, се забележува дека се зајакнати законските гаранции за заштита, но дека и покрај тоа имало одредени закани и акти на насилство кон медиумските работници.

The post ЕК: Измените на Кривичниот законик негативно влијаат на справувањето со корупцијата на високо ниво appeared first on Република.

]]>

ронични проблеми, нов извештај – Брисел е загрижен за независноста на македонското судство и големиот ризик од корупција во државата. Ова го објави  Европската Комсија, во извештајот за владеење на правото во Европската Унија за 2024та година, во кој за прв пат се вклучени и државите од процесот на проширување. Конкретно за Македонија, се констатира дека државата спровела реформи за независност на судството, но останува загриженоста од влијание. - Нивото на утврдена независност на судството е многу ниско. Загриженоста останува и во однос на функционирањето и на независноста на Судскиот совет, иако се преземени чекори во овој поглед. Одлуките за именување јавни обвинители и судии беа критикувани од граѓанското општество дека не се сеопфатно мотивирани или засновани на објективни критериуми, се вели во Извештајот за владеење на правото во ЕУ за 2024 година. Според Европската Комисија, Врховниот суд и Судскиот совет презеле мерки за да ја подобрат транспарентноста. Од друга страна, пак, за независноста на судството Комисијата ги посочува и парите. Стои дека ограничените финансиски средства доделени на судството може да влијаат на финансиската автономија, а дефицитот на човечки ресурси може да влијае на квалитетот и ефикасноста на правдата. Корупцијата останува стара болка. Во извештајот пишува дека е воспоставена сеопфатна национална антикорупциска стратегија, но дека има застој во нејзината имплементација. - Големиот ризик од корупција, останува распространет во многу области. Неодамнешните измени на Кривичниот законик ја ослабеа правната рамка, негативно влијаејќи на справувањето со корупцијата, особено во случаите на корупција на високо ниво, стои во Извештајот за владеење на правото во ЕУ за 2024 година. Се споменува Државната комисија за спречување на корупцијата, за која стои дека продолжува со напорите за исполнување на својот мандат и покрај ограничените ресурси. Политичката поларизација во Собранието, пак, предизвикала доцнење во носењето закони и несоодветна употреба на забрзани законодавни процедури. . Загриженост има и поради државното рекламирање во медиумите. За безбедноста на новинарите, се забележува дека се зајакнати законските гаранции за заштита, но дека и покрај тоа имало одредени закани и акти на насилство кон медиумските работници.

The post ЕК: Измените на Кривичниот законик негативно влијаат на справувањето со корупцијата на високо ниво appeared first on Република.

]]>
Ристовски: Нема веќе пари за фантомски клубови и федерации – корупцијата мора да ја исчистиме! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ristovski-nema-veke-pari-za-fantomski-klubovi-i-federatsii-koruptsijata-mora-da-ja-ischistime/ Mon, 22 Jul 2024 15:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=799269

Примарна цел ми е спортот да го исчистиме од корупција или, пак, во голема мера таа да биде намалена. Без тоа нема напредок односно подобри резултати, вели министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за Спорт 1.

Верувам дека ќе успееме да го завршиме сите инфраструктурни проекти што ги почнавме и кои ги планираме и да донесеме нов Закон за спорт, кој ќе биде далеку пофункционален од сегашниот. Ако го оствариме сето ова, заедно со другите работи што го предвидовме во програмата со која дојдовме на власт тогаш би бил презадоволен, рече тој.

Уште пред изборите вети дека по еден денар од акцизата нафтени деривати ќе заврши во спортот и вели дека е во план тоа и да го исполни.

-На овој начин би се собрале дополнителни 800 милиони денари, од кои планираме 85-отсто од нив да бидат насочени во капитални инвестиции токму во инфраструктурата. Веќе најавивме реконструкција на салата ‘Расадник’, почнавме да го решаваме проблемот со двете сали во Прилеп и најавивме изградба на спортски комплекс во Гази Баба со две сали, од кои едната би била со капацитет од 4.200 седишта, а другата би била за борешки вештини. Ваков спортски комплекс планираме да се изгради и во Битола, како и атлетска патека во Гевгелија. Сето ова и тоа што понатака ќе го правиме на други места планираме да биде самоодржливо. Лесно е да се изгради, но тешко е да се сочува, поради што планираме греењето и ладењето да биде со соларни панели и централизиран систем, кој би можел да одржува и користи долги години. Сакаме спортистите да ги имаат идеалните услови за работа во лето и во зима, без грижа дали ќе им биде топло односно дека ќе им студи, вели Ристовски.

Целото интервју со него прочитајте го на СПОРТ 1

The post Ристовски: Нема веќе пари за фантомски клубови и федерации – корупцијата мора да ја исчистиме! appeared first on Република.

ВРЕДИ: Сателитите на ДУИ коленичат пред канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-satelitite-na-dui-kolenichat-pred-kantselariite-na-vmro-dpmne-za-da-dobijat-amnestija/ Fri, 19 Jul 2024 08:06:47 +0000 https://republika.mk/?p=798315

На опозициската ДУИ и е полна устата со лажен патриотизам откако си ги наполнија џебовите!” Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дефиниција за криминал, корупција и рекетирање на бизнисот и граѓаните, особено Албанците. Оваа партија со стил на владеење типичен на африканските и латино режими ги доведе граѓаните во состојба на заложници на нивните погрешни и неодговорни политики. Додека мала група на функционери од оваа партија се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец кој чесно си го заработува лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни животни потреби.

Почитувани граѓани, коалицијата ВЛЕН нема да дозволи ДУИ да ги користи Албанците како штит за нивното криминално владеење. Нема да премолчуваме дека на ДУИ во опозиција и е полна устата со лажен патриотизам, откако си ги наполнија џебовите. Скандалите нема да дозволиме да се заборават. Рамиз Мерко, познат како „локален шериф“ на Струга, во четирите градоначалнички мандати создаде сопствена империја, заради што американскиот Стејт департмент го стави на црната листа за корупција.

Назим Буши, заменик-МВР, заедно со неговиот син, се одмораше во суперлуксузните хотели во Турција каде едно ноќевање чинеше 20.000 евра. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, ја купи Соравиа за 20 милиони евра, а потоа беше овековечен како слави со огномет. Барлет Џафери, синот на тогашниот прв човек на Собранието Талат Џафери, привлече внимание кога Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека тој го положил правосудниот испит пред да дипломира, а потоа стана обвинител. Да не зборуваме за матните зделки со лотаријата и коцкањето во режија
на Прпарим Бајрами и Артан Груби кои коцкањето го донесоа во домовите на граѓаните.

Очекуваме органите на прогонот да си ја завршат работата за која ги плаќаат граѓаните и да ја вратат довербата во владеењето на правото и еднаквоста пред законите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност.

Октоподот на криминалот и корупцијата Демократската унија за интеграција и нејзините сателити кои коленичат во ходниците пред канцелариите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот, немаат за цел да ги претставуваат Албанците, туку да се спасат од кривичен прогон.

ВЛЕН со професионални и чесни кадри во Владата посветено работи и се залага за рационално и економично трошење на народните пари.
Партиска Одмазда НЕ, но одговорност ДА! Преминуваме на ДЕЛА!

The post ВРЕДИ: Сателитите на ДУИ коленичат пред канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија appeared first on Република.

]]>

На опозициската ДУИ и е полна устата со лажен патриотизам откако си ги наполнија џебовите!” Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дефиниција за криминал, корупција и рекетирање на бизнисот и граѓаните, особено Албанците. Оваа партија со стил на владеење типичен на африканските и латино режими ги доведе граѓаните во состојба на заложници на нивните погрешни и неодговорни политики. Додека мала група на функционери од оваа партија се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец кој чесно си го заработува лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни животни потреби. Почитувани граѓани, коалицијата ВЛЕН нема да дозволи ДУИ да ги користи Албанците како штит за нивното криминално владеење. Нема да премолчуваме дека на ДУИ во опозиција и е полна устата со лажен патриотизам, откако си ги наполнија џебовите. Скандалите нема да дозволиме да се заборават. Рамиз Мерко, познат како „локален шериф“ на Струга, во четирите градоначалнички мандати создаде сопствена империја, заради што американскиот Стејт департмент го стави на црната листа за корупција. Назим Буши, заменик-МВР, заедно со неговиот син, се одмораше во суперлуксузните хотели во Турција каде едно ноќевање чинеше 20.000 евра. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, ја купи Соравиа за 20 милиони евра, а потоа беше овековечен како слави со огномет. Барлет Џафери, синот на тогашниот прв човек на Собранието Талат Џафери, привлече внимание кога Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека тој го положил правосудниот испит пред да дипломира, а потоа стана обвинител. Да не зборуваме за матните зделки со лотаријата и коцкањето во режија на Прпарим Бајрами и Артан Груби кои коцкањето го донесоа во домовите на граѓаните. Очекуваме органите на прогонот да си ја завршат работата за која ги плаќаат граѓаните и да ја вратат довербата во владеењето на правото и еднаквоста пред законите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност. Октоподот на криминалот и корупцијата Демократската унија за интеграција и нејзините сателити кои коленичат во ходниците пред канцелариите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот, немаат за цел да ги претставуваат Албанците, туку да се спасат од кривичен прогон. ВЛЕН со професионални и чесни кадри во Владата посветено работи и се залага за рационално и економично трошење на народните пари. Партиска Одмазда НЕ, но одговорност ДА! Преминуваме на ДЕЛА!

The post ВРЕДИ: Сателитите на ДУИ коленичат пред канцелариите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија appeared first on Република.

]]>
Стејт депармент: Водењето бизнис во Македонија е лесно, но корупцијата е постојан предизвик https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stejt-deparment-vodeneto-biznis-vo-makedonija-e-lesno-no-koruptsijata-e-postojan-predizvik/ Thu, 18 Jul 2024 10:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=798014

Американскиот стејт департмент во извештај за Македонија вели дека водењето бизнис во државава е генерално лесно и правната рамка во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди но корупцијата е со постојан предизвик.

Големите странски компании кои работат во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) генерално известуваат за позитивни инвестициски искуства и одржуваат добри односи со владините претставници. Сепак, целокупното регулаторно опкружување на земјата останува сложено, а честите регулаторни и законодавни промени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување погодно за корупција. Владата генерално ги спроведува законите, но има бројни извештаи дека некои функционери и понатаму се вклучени во коруптивни активности. Транспаренси Интернешнл ја рангираше Македонија на 76-то место од 180 земји во нејзиниот Индекс на перцепција на корупцијата во 2023 година, девет места повисоко од претходната година, со резултат од 42/100 во апсолутна вредност се вели во извештајот

Во извештајот стои дека и Државната комисија за спречување на корупијата има отворено неколку истраги поврзани со корупција , вклучително и неколку во кои беа вклучени високи функционери, но ниту една досега не резултираше со кривично гонење.

Од 2021 година, Амбасадата Скопје ги идентификуваше дигитализацијата и зелената енергија како области зрели за американски инвестиции поради зголемената посветеност на владата да инвестира во овие стратешки сектори. Локацијата на Македонија, на раскрсницата на паневропските транспортни коридори VIII и X, е предност бидејќи компаниите сметаат дека „речиси го потпираат“ нивното производство да биде поблиску до центрите за потрошувачка во Европа, бидејќи последиците од пандемијата и руската инвазија на Украина продолжуваат да ги кинат глобалните синџири на снабдување.

Се укажува дека руската инвазија во Украина како и забавувањето на инвестициите го попречиле растот на БДП во 2023 година.

Целиот извештај на Стејт депарментот можете да го видите тука.

The post Стејт депармент: Водењето бизнис во Македонија е лесно, но корупцијата е постојан предизвик appeared first on Република.

Се укажува дека руската инвазија во Украина како и забавувањето на инвестициите го попречиле растот на БДП во 2023 година. Целиот извештај на Стејт депарментот можете да го видите тука.

The post Стејт депармент: Водењето бизнис во Македонија е лесно, но корупцијата е постојан предизвик appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од престижниот универзитет Џон Хопкинс: Најголемиот приоритет мора да е економијата, времето на политичари заштитници на криминалот завршува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-prestizhniot-univerzitet-dhon-hopkins-najgolemiot-prioritet-mora-da-e-ekonomijata-vremeto-na-politichari-zashtitnitsi-na-kriminalot-zavrshuva/ Mon, 08 Jul 2024 20:07:22 +0000 https://republika.mk/?p=794733

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при својата неколкудневна посета на САД, денеска оствари предавање на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, каде покрај на темите важни за Македонија, се осврна на повеќе теми од интерес на регионот и пошироко.

Најголем приоритет на Владата пред се ќе биде зајакнување на економијата. А таа не може да расте, ако нема одлучна борба против криминалот и корупцијата. Мораме да се соочиме со криминалот и корупцијата ако сакаме да ја развиеме нашата држава за следната генерација. Има голема коалиција помеѓу одредени политичари, судии, обвинители и бизнис елита, и ние мора да ја разбиеме таа коалиција, во спротива ќе потфрлиме исто како сите наши претходници и би биле поразени, потенцира Мицкоски.

Претседателот на Владата истакна дека трите најважни паларии ќе бидат инвестициите во енергетиката, Интер конекторот на гас како и вложувањата во инфраструктурата.

Премиерот соопшти дека од самиот почеток тргнал со идејата за распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители, затоа што тие две институции имаат само 2% доверба меѓу граѓаните.

Кога има проблем треба да се соочиме со него и да се даде решение. Има експерти кои се против, но никој не дава решение како да се реши истиот. Ние сега имаме статус кво, но ќе ја продолжиме нашата борба, во насока да донесеме правда и надеж, тие два столба одат заедно, во спротива би потфрлиле, кажа Мицкоски.

Тој даде јасно до знаење дека ќе се бори, ќе се бори за своите ставови, ќе се соочи со аргументи со сите експерти, затоа што народот е гладен за правда.

Премиерот Мицкоски се осврна и на ветото на Бугарија. Тој истакна дека треба да се разговара за вистински добрососедски односи, но тие да бидат двонасочни, македонските граѓани премногу жртвуваа за европската перспектива и доста е со понижувања.

Ние не сме политичари полни со наводи за криминал и корупција какви има во регионот. Ќе ги штитиме нашите интереси, подготвени сме да разговараме со аргументи, да ги презентираме истите, да видиме чии аргументи ќе преовладеат. македонските граѓани за европската перспектива дадоа како никој досега, изјави Мицкоски.

Од друга страна Мицкоски се задржа и на актуелното прашања со Украина.

Мојата држава е огромен донатор за Украина. Собранието гласаше за огромна поддршка за Украина. Ние сме меѓу топ 5 доставувачи на помош по глава на жител во светот“, истакна премиерот Мицкоски, истакнувајќи дека ние не сме толку голема и богата држава, но сме направиле максимални напори во насока да ја поддржиме Украина и украинскиот народ.

The post Мицкоски од престижниот универзитет Џон Хопкинс: Најголемиот приоритет мора да е економијата, времето на политичари заштитници на криминалот завршува appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при својата неколкудневна посета на САД, денеска оствари предавање на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, каде покрај на темите важни за Македонија, се осврна на повеќе теми од интерес на регионот и пошироко.
Најголем приоритет на Владата пред се ќе биде зајакнување на економијата. А таа не може да расте, ако нема одлучна борба против криминалот и корупцијата. Мораме да се соочиме со криминалот и корупцијата ако сакаме да ја развиеме нашата држава за следната генерација. Има голема коалиција помеѓу одредени политичари, судии, обвинители и бизнис елита, и ние мора да ја разбиеме таа коалиција, во спротива ќе потфрлиме исто како сите наши претходници и би биле поразени, потенцира Мицкоски.
Претседателот на Владата истакна дека трите најважни паларии ќе бидат инвестициите во енергетиката, Интер конекторот на гас како и вложувањата во инфраструктурата. Премиерот соопшти дека од самиот почеток тргнал со идејата за распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители, затоа што тие две институции имаат само 2% доверба меѓу граѓаните.
Кога има проблем треба да се соочиме со него и да се даде решение. Има експерти кои се против, но никој не дава решение како да се реши истиот. Ние сега имаме статус кво, но ќе ја продолжиме нашата борба, во насока да донесеме правда и надеж, тие два столба одат заедно, во спротива би потфрлиле, кажа Мицкоски.
Тој даде јасно до знаење дека ќе се бори, ќе се бори за своите ставови, ќе се соочи со аргументи со сите експерти, затоа што народот е гладен за правда. Премиерот Мицкоски се осврна и на ветото на Бугарија. Тој истакна дека треба да се разговара за вистински добрососедски односи, но тие да бидат двонасочни, македонските граѓани премногу жртвуваа за европската перспектива и доста е со понижувања.
Ние не сме политичари полни со наводи за криминал и корупција какви има во регионот. Ќе ги штитиме нашите интереси, подготвени сме да разговараме со аргументи, да ги презентираме истите, да видиме чии аргументи ќе преовладеат. македонските граѓани за европската перспектива дадоа како никој досега, изјави Мицкоски.
Од друга страна Мицкоски се задржа и на актуелното прашања со Украина.
Мојата држава е огромен донатор за Украина. Собранието гласаше за огромна поддршка за Украина. Ние сме меѓу топ 5 доставувачи на помош по глава на жител во светот“, истакна премиерот Мицкоски, истакнувајќи дека ние не сме толку голема и богата држава, но сме направиле максимални напори во насока да ја поддржиме Украина и украинскиот народ.

The post Мицкоски од престижниот универзитет Џон Хопкинс: Најголемиот приоритет мора да е економијата, времето на политичари заштитници на криминалот завршува appeared first on Република.

]]>
Николоски: Почнуваме со гонење на криминалот! Одговорност ќе има! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-pochnuvame-so-gonene-na-kriminalot-odgovornost-ke-ima/ Tue, 02 Jul 2024 13:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=792805

ПОЧНУВАМЕ СО ГОНЕЊЕ НА КРИМИНАЛОТ!

ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА!, пишува на својот фејсбук профил Александар Николоски.

Во Министерството за транспорт се сретнав со Александар Јанев директор на Бирото за јавна безбедност во МВР и дел од неговиот тим кои работат предмети од областа на организираниот криминал и корупција.

На денешната средба разговаравме за индиции за сторен криминал и неодговорното трошење пари во рамки на ЈП Железници Инфраструктура и Јавно претпријатие за државни патишта. Овие индиции произлегоа од извештајот за капитални инвестиции на државниот завод за ревизија, а во следниот период ќе се разгледуваат и други предмети и активности во рамки на министерството за транспорт и институциите кои се под негова надлежност.

Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада. Ќе се истражи целата работа и сиот можен криминал. Нема да дозволиме никој да ги краде народните пари и никој не смее да биде над законите!

The post Николоски: Почнуваме со гонење на криминалот! Одговорност ќе има! appeared first on Република.

Фетаи: ДУИ барале мито и по неколку пати за дозволи, при инспекции, за тендери… https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fetai-dui-barale-mito-i-po-nekolku-pati-za-dozvoli-pri-inspektsii-za-tenderi/ Thu, 27 Jun 2024 11:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=791265

Вознемирувачка е последната анкета на Стопанската комора која со конкретни бројки ги докажува ендемските димензии на корупцијата во владата која замина и е потврда на нашите укажувања за корупциската епидемија инсталирана од ДУИ, вели вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи и ги повикува фирмите од кои било барано мито да пријават во обвинителството.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-na-sdsm-i-dui-e-najgolem-podmituvach-na-biznisot-na-pet-kompanii-im-bile-pobarani-preku-100-000-evra/

Претставниците на криминализирана власт во текот на изминатата година, во сите ешалони без исклучок, барале мито од 10-100.000 евра и разни услуги, од повеќе од половина од анкетираните фирми. Мито било побарано при постапките за добивање дозволи и согласности, при инспекциски надзор, во текот на царинска и тендерска постапка, дури и по неколку пати во текот на една година од исти фирми. Постојано сме укажувале дека ДУИ, за 22 години владеење им донесе само лоши работи на граѓаните. Ова истражување е најточниот преглед на корупциската епидемија инсталирана од ДУИ, која негативно се одрази на странските инвестиции, вработеноста и севкупниот социо-економски развој, вели Фетаи.

Тој ветува дека со овие појави безмилосно ќе се бори новата Влада.

Бизнисите мора да се ослободат од стравот и да достават предмети до Обвинителството. Правосудниот систем ќе биде ослободен од политичките влијанија и ќе се погрижи никој да не биде над законот. Исто така, бараме поддршка од партнерите, невладините организации и граѓаните во оваа борба, за заедно, како антикорупциски фронт, да ја промениме културата на власта и да кажеме не на коруптивните практики, што на претходната власт и беше дневна храна, порачува вицепремиерот Арбен Фетаи.

The post Фетаи: ДУИ барале мито и по неколку пати за дозволи, при инспекции, за тендери… appeared first on Република.

]]>

Вознемирувачка е последната анкета на Стопанската комора која со конкретни бројки ги докажува ендемските димензии на корупцијата во владата која замина и е потврда на нашите укажувања за корупциската епидемија инсталирана од ДУИ, вели вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи и ги повикува фирмите од кои било барано мито да пријават во обвинителството. https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-na-sdsm-i-dui-e-najgolem-podmituvach-na-biznisot-na-pet-kompanii-im-bile-pobarani-preku-100-000-evra/
Претставниците на криминализирана власт во текот на изминатата година, во сите ешалони без исклучок, барале мито од 10-100.000 евра и разни услуги, од повеќе од половина од анкетираните фирми. Мито било побарано при постапките за добивање дозволи и согласности, при инспекциски надзор, во текот на царинска и тендерска постапка, дури и по неколку пати во текот на една година од исти фирми. Постојано сме укажувале дека ДУИ, за 22 години владеење им донесе само лоши работи на граѓаните. Ова истражување е најточниот преглед на корупциската епидемија инсталирана од ДУИ, која негативно се одрази на странските инвестиции, вработеноста и севкупниот социо-економски развој, вели Фетаи.
Тој ветува дека со овие појави безмилосно ќе се бори новата Влада.
Бизнисите мора да се ослободат од стравот и да достават предмети до Обвинителството. Правосудниот систем ќе биде ослободен од политичките влијанија и ќе се погрижи никој да не биде над законот. Исто така, бараме поддршка од партнерите, невладините организации и граѓаните во оваа борба, за заедно, како антикорупциски фронт, да ја промениме културата на власта и да кажеме не на коруптивните практики, што на претходната власт и беше дневна храна, порачува вицепремиерот Арбен Фетаи.

The post Фетаи: ДУИ барале мито и по неколку пати за дозволи, при инспекции, за тендери… appeared first on Република.

]]>
Бојковска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен акцент на борбата со корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bojkovska-vladata-predvodena-od-vmro-dpmne-ke-stavi-poseben-aktsent-na-borbata-so-koruptsijata/ Fri, 21 Jun 2024 19:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=789649

Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен акцент на борба со корупцијата и нема повеќе да бидеме сведоци на срамни коруптивни чинови”, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во гостување на ТВ Алфа во „За или против”.

Посочи дека ќе инвестираат во граѓаните, ќе се грижат за нивниот начин и живот бидејќи, рече, доста е веќе од оние популистички мерки кои ги гледавме изминатиот период.

Таа додаде дека младите се зрели и подготвени за на институционално ниво.

Младите се зрели и подготвени работите да ги преземат во свои раце институционално и тоа го имаме во примери во претходниот состав на парламентот каде млади пратеници активно се залагаа за младинскиот животен стандард, посочи Бојковска.

The post Бојковска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен акцент на борбата со корупцијата appeared first on Република.

]]>

Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе стави посебен акцент на борба со корупцијата и нема повеќе да бидеме сведоци на срамни коруптивни чинови”, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во гостување на ТВ Алфа во „За или против”. Посочи дека ќе инвестираат во граѓаните, ќе се грижат за нивниот начин и живот бидејќи, рече, доста е веќе од оние популистички мерки кои ги гледавме изминатиот период. Таа додаде дека младите се зрели и подготвени за на институционално ниво.