корумпирани политичари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/korumpirani-politichari/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Oct 2023 16:22:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png корумпирани политичари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/korumpirani-politichari/ 32 32 Николоски: Корумпирани политичари дозволуваат безредие, Македонија наликува на нарко картел, кокаинот ни ги уништува младите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-korumpirani-politichari-dozvoluvaat-bezredie-makedonija-nalikuva-na-narko-kartel-kokainot-ni-gi-unishtuva-mladite/ Wed, 18 Oct 2023 16:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=692582

Во Македонија во изминативе години аферите се многу и се случуваат на дневна основа. Како никогаш досега системот е руиниран, корупцијата цвета, корупција има од најниско од највисоко, а институциите се нефункционални. Она што ме загрижува е немањето на никаква контрола од страна на безбедносните служби. Така во Македонија на македонските улици кокаинот го има како никогаш претходно и за жал ги уништува и убива младите и генерациите кои доаѓаат, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната дебата во Крушево „Справување со тероризмот- Предизвик на современа Европа“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.

Николоски посочи дека тука се поставуваат две клучни прашања, прво е кој дозволува да влезе во државата, а второ кој дозволува да се продава и дистрибуира, а одговорот е на иста адреса, а тоа е власта.

Ако има функционална Царинска управа и гранична полиција, секако нема да влезе во државата. Ако има функционални безбедносни служби, МВР и останати агенции кои треба да следат секако нема лесно да се дистрибуира, но реалноста е поинаква и Македонија наликува на нарко картел каде разните банди за контрола на терен се убиваат меѓу себе, а безбедносните органи немо го следат, истакна тој.

Николоски потенцира дека ако порано во Македонија се увезуваше криминал сега Македонија извезува криминал и криминалните пресметки од Македонија се префрлаат во соседството, Косово, Србија, Грција.

Да не зборувам дека бројни нарко босови од Македонија веќе се видни членови на нарко картелите по Колумбија, Еквадор. Тоа е според мене еден од најголемите проблеми, затоа што уништувањето на народот и генерациите кои доаѓаат е трајно уништување на Македонија и уништување на иднината на Македонија. Тоа оди рака под рака со корупцијата затоа што корумпирани функционери дозволуваат вакво безредие, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека корупцијата ја има секое ниво, ако во минатото беше реткост да има корумпиран службеник, полицаец, цариник, сега скоро и да нема некорумпиран.

Корумпиран е премиерот, вицепремиерот, министрите и целиот систем се руши надолу. Во нашето пошироко опкружување се случуваат две војни, во Украина и Израел, сериозно ја загрозуваат иднината на светот и во вакви услови клучно е каде е Македонија и како безбедносно е структуирана. А за да биде таква треба да се избори со корупцијата. Нема подобар подарок за непријателите на државата од корумпиран политичар, затоа што таквиот може да биде уценуван, а многу такви видовме, да сменат име, да потпишат дека немаме свој јазик, историја, традиција, да се негира жртвата на тие кои ја дале за македонската држава. Тоа го направија уценети корумпирани политичари, изјави Николоски.

The post Николоски: Корумпирани политичари дозволуваат безредие, Македонија наликува на нарко картел, кокаинот ни ги уништува младите appeared first on Република.

]]>

Во Македонија во изминативе години аферите се многу и се случуваат на дневна основа. Како никогаш досега системот е руиниран, корупцијата цвета, корупција има од најниско од највисоко, а институциите се нефункционални. Она што ме загрижува е немањето на никаква контрола од страна на безбедносните служби. Така во Македонија на македонските улици кокаинот го има како никогаш претходно и за жал ги уништува и убива младите и генерациите кои доаѓаат, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната дебата во Крушево „Справување со тероризмот- Предизвик на современа Европа“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“. Николоски посочи дека тука се поставуваат две клучни прашања, прво е кој дозволува да влезе во државата, а второ кој дозволува да се продава и дистрибуира, а одговорот е на иста адреса, а тоа е власта.
Ако има функционална Царинска управа и гранична полиција, секако нема да влезе во државата. Ако има функционални безбедносни служби, МВР и останати агенции кои треба да следат секако нема лесно да се дистрибуира, но реалноста е поинаква и Македонија наликува на нарко картел каде разните банди за контрола на терен се убиваат меѓу себе, а безбедносните органи немо го следат, истакна тој.
Николоски потенцира дека ако порано во Македонија се увезуваше криминал сега Македонија извезува криминал и криминалните пресметки од Македонија се префрлаат во соседството, Косово, Србија, Грција.
Да не зборувам дека бројни нарко босови од Македонија веќе се видни членови на нарко картелите по Колумбија, Еквадор. Тоа е според мене еден од најголемите проблеми, затоа што уништувањето на народот и генерациите кои доаѓаат е трајно уништување на Македонија и уништување на иднината на Македонија. Тоа оди рака под рака со корупцијата затоа што корумпирани функционери дозволуваат вакво безредие, нагласи Николоски.
Николоски додаде дека корупцијата ја има секое ниво, ако во минатото беше реткост да има корумпиран службеник, полицаец, цариник, сега скоро и да нема некорумпиран.
Корумпиран е премиерот, вицепремиерот, министрите и целиот систем се руши надолу. Во нашето пошироко опкружување се случуваат две војни, во Украина и Израел, сериозно ја загрозуваат иднината на светот и во вакви услови клучно е каде е Македонија и како безбедносно е структуирана. А за да биде таква треба да се избори со корупцијата. Нема подобар подарок за непријателите на државата од корумпиран политичар, затоа што таквиот може да биде уценуван, а многу такви видовме, да сменат име, да потпишат дека немаме свој јазик, историја, традиција, да се негира жртвата на тие кои ја дале за македонската држава. Тоа го направија уценети корумпирани политичари, изјави Николоски.

The post Николоски: Корумпирани политичари дозволуваат безредие, Македонија наликува на нарко картел, кокаинот ни ги уништува младите appeared first on Република.

]]>
Арсим Зеколи тврди дека Ескобар поддржува корумпирани политичари во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arsim-zekoli-tvrdi-deka-eskobar-poddrzhuva-korumpirani-politichari-vo-makedonija/ Sat, 26 Aug 2023 10:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=675981

Арсим Зеколи, поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ, на својот твитер профил ја коментираше посетата на заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Ескобар вчера беше во посета на Македонија.

Во твитот кој го објави тој тврди дека Ескобар поддржува корумирани политчари во Македонија.

Пред едвај еден месец медиумите го обелоденија корупцискиот скандал на Соравија со А. Ахмети. Месец подоцна, оние кои држат предавања за 'опасноста од корупција' не можеа да се грижат помалку и да ни мавтаат во лице со средбата со Али. Ескобар е Ескобар“, напиша Зеколи.

The post Арсим Зеколи тврди дека Ескобар поддржува корумпирани политичари во Македонија appeared first on Република.

]]>

Арсим Зеколи, поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ, на својот твитер профил ја коментираше посетата на заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Ескобар вчера беше во посета на Македонија. Во твитот кој го објави тој тврди дека Ескобар поддржува корумирани политчари во Македонија.
Пред едвај еден месец медиумите го обелоденија корупцискиот скандал на Соравија со А. Ахмети. Месец подоцна, оние кои држат предавања за 'опасноста од корупција' не можеа да се грижат помалку и да ни мавтаат во лице со средбата со Али. Ескобар е Ескобар“, напиша Зеколи.
 
The post Арсим Зеколи тврди дека Ескобар поддржува корумпирани политичари во Македонија appeared first on Република.

]]>
Николоски: Ова е сѐ уште влада на Заев, а со корумпирани политичари Македонија не добива почеток на преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-ova-e-s-ushte-vlada-na-zaev-a-so-korumpirani-politichari-makedonija-ne-dobiva-pochetok-na-pregovori/ Thu, 17 Mar 2022 07:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=474020

Македонија со Заев, ова е сѐ уште влада на Заев, датум за почеток на преговори со ЕУ не добива. Прашањето е дали можеме да помогнеме на македонскиот народ, да се испрати тој апел и сега да се искористи оваа шанса. Лично сум песимист, затоа што знам кој седи во владата во моментов, но мое е да дадам максимум за тоа да се случи.

Во однос на добивање на датум за преговори ќе ја потсетам јавноста дека во пролетта во 2018 кога постоеше една лажна еуфорија креирана од Зоран Заев и неговата екипа дека само што не почнале мед и млеко да течат по улиците во Македонија, и дека само е потребно името да се смени за ранот да дојде во Македонија. Јас излегов во јавноста и кажав, дека дури и Зоран Заев да се договори со Грција, тој нема да добие датум за почеток на преговори и Македонија нема да почне преговори сѐ додека тој и неговата влада се на власт, затоа што никој не седнува на иста маса со корумпиран политичар. 4 години подоцна, јас за жал сум во право, велам за жал, затоа што мојата држава не напредува, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во своето гостување во емисијата ,,Заспиј ако можеш” која се емитува на телевизија Алфа.

Николоски додаде дека токму затоа е она нивно најважно барање, да се случат предвремени парламентарни избори бидејќи нема по злоупотребуван процес во Македонија од тој за евроинтеграциите. Додаде дека дури и киднапирањето на Кастриот Реџепи кога му се дала онаа позната понуда плата, била оправдана со некакви преговори во декември или јануари.

Приказната со почеток на преговори е поврзана со перформансот на владата пред сѐ со борба со корупцијата, ваква корумпирана влада не добива преговори. Тука основниот проблем е што Бугарија го знае тоа и сериозно го злоупотребува. Знаат дека Македонија со оваа влада не е спремна, знаат дека во владата седат корумпирани политичари и дополнително си ги наметнуваат своите услови, кажа Николоски.

Николоски рече дека оваа влада со Бугарија има лош пристап и тој пристап не се темели на јасна стратегија бидејќи не може најважното државно прашање да се решава без стратегија со гушкање и смеење.

The post Николоски: Ова е сѐ уште влада на Заев, а со корумпирани политичари Македонија не добива почеток на преговори appeared first on Република.

]]>

Македонија со Заев, ова е сѐ уште влада на Заев, датум за почеток на преговори со ЕУ не добива. Прашањето е дали можеме да помогнеме на македонскиот народ, да се испрати тој апел и сега да се искористи оваа шанса. Лично сум песимист, затоа што знам кој седи во владата во моментов, но мое е да дадам максимум за тоа да се случи. Во однос на добивање на датум за преговори ќе ја потсетам јавноста дека во пролетта во 2018 кога постоеше една лажна еуфорија креирана од Зоран Заев и неговата екипа дека само што не почнале мед и млеко да течат по улиците во Македонија, и дека само е потребно името да се смени за ранот да дојде во Македонија. Јас излегов во јавноста и кажав, дека дури и Зоран Заев да се договори со Грција, тој нема да добие датум за почеток на преговори и Македонија нема да почне преговори сѐ додека тој и неговата влада се на власт, затоа што никој не седнува на иста маса со корумпиран политичар. 4 години подоцна, јас за жал сум во право, велам за жал, затоа што мојата држава не напредува, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во своето гостување во емисијата ,,Заспиј ако можеш” која се емитува на телевизија Алфа. Николоски додаде дека токму затоа е она нивно најважно барање, да се случат предвремени парламентарни избори бидејќи нема по злоупотребуван процес во Македонија од тој за евроинтеграциите. Додаде дека дури и киднапирањето на Кастриот Реџепи кога му се дала онаа позната понуда плата, била оправдана со некакви преговори во декември или јануари.