коронавирусот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koronavirusot/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Apr 2023 20:29:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коронавирусот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koronavirusot/ 32 32 Германија прогласи крај на пандемијата на коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-proglasi-kraj-na-pandemijata-na-koronavirusot/ Wed, 05 Apr 2023 20:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=627716

Пандемијата на коронавирус во Германија заврши, изјави министерот за здравство, епидемиологот Карл Лотербах.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Лотербах на прес-конференцијата рече дека таа проценка ја направил врз основа на увид во варијанти на вируси, стапки на вакцинација и болнички случаи, пренесува Политико.

Успешно ја надминавме пандемијата во Германија и со добри резултати, изјави Лотербах.

Тој рече дека може да разбере дека има интерес да се праша што тргнало наопаку за време на кризата, но тврди дека германската стратегија во целина успеала, бидејќи сите предизвици биле надминати.

Тој, сепак, додаде дека има некои работи кои, гледајќи наназад, требало да се направат поинаку и прецизира дека сега смета дека долгото затворање на училиштата не било толку потребно.

Владиниот стручен совет за коронавирусот последен пат заседаваше во вторник, а од петок престануваат да важат последните мерки, вклучително и задолжителното носење маски во здравствените установи.

 

The post Германија прогласи крај на пандемијата на коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Пандемијата на коронавирус во Германија заврши, изјави министерот за здравство, епидемиологот Карл Лотербах. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Лотербах на прес-конференцијата рече дека таа проценка ја направил врз основа на увид во варијанти на вируси, стапки на вакцинација и болнички случаи, пренесува Политико. Успешно ја надминавме пандемијата во Германија и со добри резултати, изјави Лотербах. Тој рече дека може да разбере дека има интерес да се праша што тргнало наопаку за време на кризата, но тврди дека германската стратегија во целина успеала, бидејќи сите предизвици биле надминати. Тој, сепак, додаде дека има некои работи кои, гледајќи наназад, требало да се направат поинаку и прецизира дека сега смета дека долгото затворање на училиштата не било толку потребно. Владиниот стручен совет за коронавирусот последен пат заседаваше во вторник, а од петок престануваат да важат последните мерки, вклучително и задолжителното носење маски во здравствените установи.  

The post Германија прогласи крај на пандемијата на коронавирусот appeared first on Република.

]]>