коронавирус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koronavirus/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jul 2024 16:44:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коронавирус Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koronavirus/ 32 32 Новиот сој на коронавирусот предизвика бран инфекции https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/noviot-soj-na-koronavirusot-predizvika-bran-infektsii/ Mon, 22 Jul 2024 16:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=799290

Новата варијанта на коринаирусот, позната како ФЛИРТ предизвика бран инфекции во Холандиија и покрај летните горештини.

Професорката по вирусологија на Универзитетскиот медицински центар Еразмус во Ротердам, Марион Копманс забележала дека најточниот показател на обемот на ширење на вирусот е неговата количина во отпадните води.

Бројот на вирусни честички во отпадните води е 14 пати поголем отколку во истиот период 2023 или дури 2021 година, кога беше распостранет уште еден сој на коронавирусот, делта, додаде професорката.

Како што таа неведува, актуелниот бран на болеста не се споредува со претходниот. Сепак, како што таа напоменува, нема причини за паника.

Коронавирусот сега предизвикува сериозни последици многу поретко, отколку порано. Бројот на хоспитализации во овој момент скоо и да не се зголемува, и покрај големиот број инфекции, вели Копманс и додава дека кашлицата, затнат нос, главоболка и болки во мускулите се меѓу симптомите.

Националниот институт за здравје на Холандија од 8 до 14 јули тестирал 10.300 Холанѓани и било откриено дека 1,3 отсто од нив се заразени со коронавирус.

 

The post Новиот сој на коронавирусот предизвика бран инфекции appeared first on Република.

]]>

Новата варијанта на коринаирусот, позната како ФЛИРТ предизвика бран инфекции во Холандиија и покрај летните горештини. Професорката по вирусологија на Универзитетскиот медицински центар Еразмус во Ротердам, Марион Копманс забележала дека најточниот показател на обемот на ширење на вирусот е неговата количина во отпадните води. Бројот на вирусни честички во отпадните води е 14 пати поголем отколку во истиот период 2023 или дури 2021 година, кога беше распостранет уште еден сој на коронавирусот, делта, додаде професорката. Како што таа неведува, актуелниот бран на болеста не се споредува со претходниот. Сепак, како што таа напоменува, нема причини за паника. Коронавирусот сега предизвикува сериозни последици многу поретко, отколку порано. Бројот на хоспитализации во овој момент скоо и да не се зголемува, и покрај големиот број инфекции, вели Копманс и додава дека кашлицата, затнат нос, главоболка и болки во мускулите се меѓу симптомите. Националниот институт за здравје на Холандија од 8 до 14 јули тестирал 10.300 Холанѓани и било откриено дека 1,3 отсто од нив се заразени со коронавирус.  

The post Новиот сој на коронавирусот предизвика бран инфекции appeared first on Република.

]]>
ИЈЗ: Двојно е зголемен бројот на заболени со Ковид-19 во јуни, потврдени се 25 случаи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-dvojno-e-zgolemen-brojot-na-zaboleni-so-kovid-19-vo-juni-potvrdeni-se-25-sluchai/ Mon, 15 Jul 2024 13:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=797086

Двојно е зголемен бројот на заболени со Ковид-19 во јуни, споредбено со мај. Потврдени се 25 случаи – покажа извештајот на Институтот за јавно здравје .

Докторот по општа медицина за МТВ вели дека бројките се очекувано од причина што летниот период придонесе за поголема раздвиженост на граѓаните. Според него најчесто во ординациите доаѓаат пациенти со респираторни инфекции и стомачни вируси, а тоа се симптоми карактеристични и за ковид-19. Но, ретко кој се тестира, лекарите патологијата ја третираат согласно со симптомите. Во летните одморалишта се очекува пораст на заболени.

Како за ковидот така и за останатите вируси дали се гастроинтестинални тегоби или се респираторни промени, бројките најмногу ќе растат во тие летувалишта вклучително Охрид, Дојран, ќе гледаме промени и кај луѓето што доаѓаат од Грција, како најпосетувана земја на Балканот. Апел до луѓето да немаат панични напади, посмирено да реагираат и третирањето да биде како и досега, да бидат повнимателно во дружењето помеѓу луѓето“, изјави д-р Бојан Трајковски – доктор по општа медицина.

Од заболените во јуни, повеќе од половина се пријавени од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Охрид . Заразени со ковид-19 има од сите возрасти.

Иако е зголемен бројот на заболени од Ковид – 19, во текот на минатиот месец не се пријавени починати лица од коронавирус.

The post ИЈЗ: Двојно е зголемен бројот на заболени со Ковид-19 во јуни, потврдени се 25 случаи appeared first on Република.

]]>

Двојно е зголемен бројот на заболени со Ковид-19 во јуни, споредбено со мај. Потврдени се 25 случаи – покажа извештајот на Институтот за јавно здравје . Докторот по општа медицина за МТВ вели дека бројките се очекувано од причина што летниот период придонесе за поголема раздвиженост на граѓаните. Според него најчесто во ординациите доаѓаат пациенти со респираторни инфекции и стомачни вируси, а тоа се симптоми карактеристични и за ковид-19. Но, ретко кој се тестира, лекарите патологијата ја третираат согласно со симптомите. Во летните одморалишта се очекува пораст на заболени.
Како за ковидот така и за останатите вируси дали се гастроинтестинални тегоби или се респираторни промени, бројките најмногу ќе растат во тие летувалишта вклучително Охрид, Дојран, ќе гледаме промени и кај луѓето што доаѓаат од Грција, како најпосетувана земја на Балканот. Апел до луѓето да немаат панични напади, посмирено да реагираат и третирањето да биде како и досега, да бидат повнимателно во дружењето помеѓу луѓето“, изјави д-р Бојан Трајковски – доктор по општа медицина.
Од заболените во јуни, повеќе од половина се пријавени од Скопје, а највисока инциденца е регистрирана во Охрид . Заразени со ковид-19 има од сите возрасти. Иако е зголемен бројот на заболени од Ковид – 19, во текот на минатиот месец не се пријавени починати лица од коронавирус.

The post ИЈЗ: Двојно е зголемен бројот на заболени со Ковид-19 во јуни, потврдени се 25 случаи appeared first on Република.

]]>
СЗО загрижена за порастот на случаите на корона вирус во повеќе земји https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-zagrizhena-za-porastot-na-sluchaite-na-korona-virus-vo-poveke-zemji/ Wed, 27 Sep 2023 19:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=685784

Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена поради порастот на случаите на корона вирус во неколку земји пред претстојната зима, јави ДПА.

За жал, не сите земји пријавуваа случаи, но меѓу оние што ја информираа СЗО, се зголемија приемите во болниците и третманот за Ковид-19 во единиците за интензивна нега, изјави денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој рече дека процентот на вакцинирани луѓе во групите со висок ризик е загрижувачки низок во Америка и Европа.

Ковид-19 можеби не е толку акутна криза како што беше пред две години, но тоа не значи дека можеме да ја игнорираме болеста, нагласи Тедрос.

The post СЗО загрижена за порастот на случаите на корона вирус во повеќе земји appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена поради порастот на случаите на корона вирус во неколку земји пред претстојната зима, јави ДПА.
За жал, не сите земји пријавуваа случаи, но меѓу оние што ја информираа СЗО, се зголемија приемите во болниците и третманот за Ковид-19 во единиците за интензивна нега, изјави денеска во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој рече дека процентот на вакцинирани луѓе во групите со висок ризик е загрижувачки низок во Америка и Европа.
Ковид-19 можеби не е толку акутна криза како што беше пред две години, но тоа не значи дека можеме да ја игнорираме болеста, нагласи Тедрос.

The post СЗО загрижена за порастот на случаите на корона вирус во повеќе земји appeared first on Република.

]]>
Во Србија бројот на заболени од коронавирус двојно зголемен за разлика од минатата недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-brojot-na-zaboleni-od-koronavirus-dvojno-zgolemen-za-razlika-od-minatata-nedela/ Fri, 22 Sep 2023 13:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=684153

- Во Србија во изминатите седум дена регистрирани се 2.803 заболени лица со коронавирус од 13.297 тестирани примероци, со што бројот на заболени речиси двојно е зголемен, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што е објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство Covid-19.rs. изминатата недела биле тестирани 7.437 лица, а Ковид е потврден кај 1.529 пациенти што говори дека за седум дена бројот на заразени речиси се удвоил.

Од почетокот на епидемијата во март 2020 година, регистрирани се 2.552.178 заболени лица, од 13.088.879 направени тестови во истиот период. Во изминатите седум дена не се евидентирани смртни случаи.

Работната група на српското министерството за здравство за справување со состојбите од пандемијата на Ковид во вторникот донесе препораки за постапување на ниво на примарната здравствена заштита и болничките установи, а една од нив е задолжителното носење заштитни маски во сите здравствени установи.

-Се одржува задолжително тестирање на Ковид на сите вработени во здравствените установи доколку имаат симптоми на акутна респираторна инфекција и нивна задолжителна контрола и тестирање по утврдена инфекција, соопштија од институтот Батут.

Во него се додава дека на ниво на болнички установи, задолжително е тестирањето на пациентите како услов за хоспитализација, потребно е тестирање за прием на хематолошки и онколошки одделенија, како и геријатриски одделенија и одделенија каде се лекуваат пациенти со примарна и тешка имунодефициенција.

Воведена е и забрана за посета на болници кои се во надлежност на Комисијата за превенција на болнички инфекции.

The post Во Србија бројот на заболени од коронавирус двојно зголемен за разлика од минатата недела appeared first on Република.

]]>

- Во Србија во изминатите седум дена регистрирани се 2.803 заболени лица со коронавирус од 13.297 тестирани примероци, со што бројот на заболени речиси двојно е зголемен, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство Covid-19.rs. изминатата недела биле тестирани 7.437 лица, а Ковид е потврден кај 1.529 пациенти што говори дека за седум дена бројот на заразени речиси се удвоил. Од почетокот на епидемијата во март 2020 година, регистрирани се 2.552.178 заболени лица, од 13.088.879 направени тестови во истиот период. Во изминатите седум дена не се евидентирани смртни случаи. Работната група на српското министерството за здравство за справување со состојбите од пандемијата на Ковид во вторникот донесе препораки за постапување на ниво на примарната здравствена заштита и болничките установи, а една од нив е задолжителното носење заштитни маски во сите здравствени установи. -Се одржува задолжително тестирање на Ковид на сите вработени во здравствените установи доколку имаат симптоми на акутна респираторна инфекција и нивна задолжителна контрола и тестирање по утврдена инфекција, соопштија од институтот Батут. Во него се додава дека на ниво на болнички установи, задолжително е тестирањето на пациентите како услов за хоспитализација, потребно е тестирање за прием на хематолошки и онколошки одделенија, како и геријатриски одделенија и одделенија каде се лекуваат пациенти со примарна и тешка имунодефициенција. Воведена е и забрана за посета на болници кои се во надлежност на Комисијата за превенција на болнички инфекции.

The post Во Србија бројот на заболени од коронавирус двојно зголемен за разлика од минатата недела appeared first on Република.

]]>
Во август речиси 5 пати повеќе случаи на коронавирус од јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-avgust-rechisi-5-pati-poveke-sluchai-na-koronavirus-od-juli/ Sat, 16 Sep 2023 07:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=682344

Во изминатиот месец август, во Македонија биле регистрирани 112 случаи на коронавирус.

Тоа е за 4,6 пати повеќе од месец јули, кога биле регистрирани 23 случаи, а големо намалување во однос на месец август минатата година, кога биле пријавени 12.354 заболени.

Од заболените во август годинава, најголем број биле од Скопје, 34 случаи.

The post Во август речиси 5 пати повеќе случаи на коронавирус од јули appeared first on Република.

]]>

Во изминатиот месец август, во Македонија биле регистрирани 112 случаи на коронавирус. Тоа е за 4,6 пати повеќе од месец јули, кога биле регистрирани 23 случаи, а големо намалување во однос на месец август минатата година, кога биле пријавени 12.354 заболени. Од заболените во август годинава, најголем број биле од Скопје, 34 случаи.

The post Во август речиси 5 пати повеќе случаи на коронавирус од јули appeared first on Република.

]]>
Американците обвинуваат: Корона вирусот, сепак, излегол од лабораторија во Вухан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koronavirusot-sepak-izlegol-od-laboratorija-vo-vuhan/ Wed, 01 Mar 2023 10:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=614593

Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, синоќа изјави дека Агенцијата проценила дека пандемијата на коронавирус најверојатно била предизвикана од инцидент во лабораторија во кинеската провинција Вухан.

ФБИ веќе некое време проценува дека изворот на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент во Вухан, изјави Вреј за телевизиската мрежа „Фокс њуз“.

Неговата изјава доаѓа по неделниот извештај на The Wall Street Journal, според кој американското Министерство за енергетика со „мала сигурност“ проценило дека пандемијата е предизвикана од случајно истекување на вирусот од кинеска лабораторија.

Некои агенции веруваат дека пандемијата е веројатно резултат на природен пренос, додека други се неодлучни, наведе весникот.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, пред два дена кажа дека американската Влада нема конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.

Кинеското Министерство за надворешни работи цитираше извештај на Светската здравствена организација и Кина, кој укажува на природното потекло на пандемијата, а не на истекување на вирус од лабораторија.

Вреј кажа и дека не може да сподели многу детали за проценката на агенцијата бидејќи се работи за доверливи информации.

Тој ја обвини кинеската Влада дека „прави се што може за да се обиде да ги попречи и замагли“ напорите на САД и другите земји да дознаат повеќе за потеклото на пандемијата.

 

The post Американците обвинуваат: Корона вирусот, сепак, излегол од лабораторија во Вухан appeared first on Република.

]]>

Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, синоќа изјави дека Агенцијата проценила дека пандемијата на коронавирус најверојатно била предизвикана од инцидент во лабораторија во кинеската провинција Вухан.
ФБИ веќе некое време проценува дека изворот на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент во Вухан, изјави Вреј за телевизиската мрежа „Фокс њуз“.
Неговата изјава доаѓа по неделниот извештај на The Wall Street Journal, според кој американското Министерство за енергетика со „мала сигурност“ проценило дека пандемијата е предизвикана од случајно истекување на вирусот од кинеска лабораторија. Некои агенции веруваат дека пандемијата е веројатно резултат на природен пренос, додека други се неодлучни, наведе весникот. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, пред два дена кажа дека американската Влада нема конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата. Кинеското Министерство за надворешни работи цитираше извештај на Светската здравствена организација и Кина, кој укажува на природното потекло на пандемијата, а не на истекување на вирус од лабораторија. Вреј кажа и дека не може да сподели многу детали за проценката на агенцијата бидејќи се работи за доверливи информации. Тој ја обвини кинеската Влада дека „прави се што може за да се обиде да ги попречи и замагли“ напорите на САД и другите земји да дознаат повеќе за потеклото на пандемијата.  

The post Американците обвинуваат: Корона вирусот, сепак, излегол од лабораторија во Вухан appeared first on Република.

]]>
Британската кралица Камила е позитивна на коронавирус https://arhiva3.republika.mk/zivot/britanskata-kralitsa-kamila-e-pozitivna-na-koronavirus/ Tue, 14 Feb 2023 09:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=608721

Британската кралица Камила е позитивна на коронавирусот, објави Бакингемската палата.

-По претрпените симптоми на настинка, Нејзиното Височество e позитивнa на тестот за коронавирус – се наведува во соопштението.

Со жалење, таа ги откажа сите нејзини јавни ангажмани за оваа недела и упатува искрено извинување до оние кои требаше да присуствуваат на тие настани, пишува Sky News.

Камила требаше да го посети балетското училиште Едгбастон кое ја прослави својата стогодишнина и библиотеката Телфорд подоцна истиот ден. Сепак, во меѓувреме и се слоши, но се надева дека наскоро ќе најде нов датум за одложените настани.

The post Британската кралица Камила е позитивна на коронавирус appeared first on Република.

]]>

Британската кралица Камила е позитивна на коронавирусот, објави Бакингемската палата. -По претрпените симптоми на настинка, Нејзиното Височество e позитивнa на тестот за коронавирус – се наведува во соопштението. Со жалење, таа ги откажа сите нејзини јавни ангажмани за оваа недела и упатува искрено извинување до оние кои требаше да присуствуваат на тие настани, пишува Sky News. Камила требаше да го посети балетското училиште Едгбастон кое ја прослави својата стогодишнина и библиотеката Телфорд подоцна истиот ден. Сепак, во меѓувреме и се слоши, но се надева дека наскоро ќе најде нов датум за одложените настани.

The post Британската кралица Камила е позитивна на коронавирус appeared first on Република.

]]>
„Фајзер“ призна дека произвела варијанти на коронавирусот за да го тестира антивирусниот лек https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/fajzer-prizna-deka-proizvela-varijanti-na-koronavirusot-za-da-go-testira-antivirusniot-lek/ Mon, 30 Jan 2023 09:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=602545

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ призна дека произвела варијанти на коронавирусот отпорни на третман за да го тестира својот антивирусен лек.

Во соопштението што го објавија на својата веб-страница, компанијата „Фајзер“ наведува дека не спровеле истражување за „добивање на функција“ – практика во која научниците го зголемуваат потенцијалот на вирусите.

Сепак, фармацевтскиот гигант призна дека ги комбинирал „спајк протеините“ на новите варијанти на вирусот со оригиналниот вид на Ковид за да тестира вакцини, но исто така создал мутации на вирусот за да го тестира Паксловид, антивирусен лек против Ковид-19.

Во ограничен број случаи, таков вирус може да се конструира за да се овозможи проценка на антивирусната активност во клетките, велат од компанијата, истакнувајќи дека процесот бил спроведен во безбедна лабораторија.

Тие додаваат дека имале за цел да создадат „отпорни соеви на вирусот“.

 

The post „Фајзер“ призна дека произвела варијанти на коронавирусот за да го тестира антивирусниот лек appeared first on Република.

]]>

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ призна дека произвела варијанти на коронавирусот отпорни на третман за да го тестира својот антивирусен лек. Во соопштението што го објавија на својата веб-страница, компанијата „Фајзер“ наведува дека не спровеле истражување за „добивање на функција“ – практика во која научниците го зголемуваат потенцијалот на вирусите. Сепак, фармацевтскиот гигант призна дека ги комбинирал „спајк протеините“ на новите варијанти на вирусот со оригиналниот вид на Ковид за да тестира вакцини, но исто така создал мутации на вирусот за да го тестира Паксловид, антивирусен лек против Ковид-19.
Во ограничен број случаи, таков вирус може да се конструира за да се овозможи проценка на антивирусната активност во клетките, велат од компанијата, истакнувајќи дека процесот бил спроведен во безбедна лабораторија.
Тие додаваат дека имале за цел да создадат „отпорни соеви на вирусот“.  

The post „Фајзер“ призна дека произвела варијанти на коронавирусот за да го тестира антивирусниот лек appeared first on Република.

]]>
Во Кина нови 17.909 случаи со коронавирус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-kina-novi-17-909-sluchai-so-koronavirus/ Tue, 15 Nov 2022 08:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=573958

Кина вчера регистрираше 17.909 случаи со Ковид-19, а од нив 1.661 со и 16.248 без симптоми, јавија дел од британските медиуми, повикувајќи се на кинеската државна здравствена комисија.

Ден претходно беа евидентирани 16.203 нови заразени лица, од кои 1.794 со и 14.409 без симптоми. Со исклучок на заразата внесена однадвор, Кина забележа 17.772 локални случаи, а од нив 1.621 со и 16.151 без симптоми.

Нема регистрирано нови смртни случаи, па така бројот на починати лица со Ковид-19 останува 5.226, како и претходниот ден. Кина до вчера потврди 275.420 случаи на инфекции со симптоми.

Кинескиот главен град Пекинг соопшти за 303 со и 159 случаи без симптоми за изминатото деноноќие.

Јужниот град Гуангжу, каде живеат околу 19 милиони луѓе, потврди 147 заразени локални лица кои имале сиптоми и 4.977 случаи без никаков симптом.

Чонгкинг соопшти за 157 локални случаи на коронавирус со и 2.794 без симптоми.

 

The post Во Кина нови 17.909 случаи со коронавирус appeared first on Република.

]]>

Кина вчера регистрираше 17.909 случаи со Ковид-19, а од нив 1.661 со и 16.248 без симптоми, јавија дел од британските медиуми, повикувајќи се на кинеската државна здравствена комисија. Ден претходно беа евидентирани 16.203 нови заразени лица, од кои 1.794 со и 14.409 без симптоми. Со исклучок на заразата внесена однадвор, Кина забележа 17.772 локални случаи, а од нив 1.621 со и 16.151 без симптоми. Нема регистрирано нови смртни случаи, па така бројот на починати лица со Ковид-19 останува 5.226, како и претходниот ден. Кина до вчера потврди 275.420 случаи на инфекции со симптоми. Кинескиот главен град Пекинг соопшти за 303 со и 159 случаи без симптоми за изминатото деноноќие. Јужниот град Гуангжу, каде живеат околу 19 милиони луѓе, потврди 147 заразени локални лица кои имале сиптоми и 4.977 случаи без никаков симптом. Чонгкинг соопшти за 157 локални случаи на коронавирус со и 2.794 без симптоми.  

The post Во Кина нови 17.909 случаи со коронавирус appeared first on Република.

]]>
Научници во САД развија нов сој на коронавирус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nauchnici-vo-sad-razvija-nov-soj-na-koronavirus/ Wed, 19 Oct 2022 07:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=562796

Истражувачи од американскиот универзитет Бостон соопштија дека развиле нов сој на коронавирус по низа слични експерименти во светот, со цел да се борат против нови пандемии.

Новиот сој претставува комбинација од омикрон и оригиналната варијанта од Вухан, а истражувањето го спроведе тим научници од Флорида и Бостон, јави „Фокс њуз“.

Евидентирано е дека глувците реагирале на хибридниот сој и утврдено е оти петпати е позаразен од исклучително заразниот омикрон.

Се истакнува дека смртноста кај глувците била 100 отсто од првобитниот сој, а 80 проценти кај хибридната варијанта.

Кога тие биле изложени само на омикрон, имале благи симптоми.

Како што појаснија научниците, истражувањето е одобрено од Агенцијата за биолошка безбедност, како и од Бостонската комисија за јавно здравје.

Според нив, истражувањето ќе биде корисно за борбите против нови пандемии.

The post Научници во САД развија нов сој на коронавирус appeared first on Република.

]]>

Истражувачи од американскиот универзитет Бостон соопштија дека развиле нов сој на коронавирус по низа слични експерименти во светот, со цел да се борат против нови пандемии. Новиот сој претставува комбинација од омикрон и оригиналната варијанта од Вухан, а истражувањето го спроведе тим научници од Флорида и Бостон, јави „Фокс њуз“. Евидентирано е дека глувците реагирале на хибридниот сој и утврдено е оти петпати е позаразен од исклучително заразниот омикрон. Се истакнува дека смртноста кај глувците била 100 отсто од првобитниот сој, а 80 проценти кај хибридната варијанта. Кога тие биле изложени само на омикрон, имале благи симптоми. Како што појаснија научниците, истражувањето е одобрено од Агенцијата за биолошка безбедност, како и од Бостонската комисија за јавно здравје. Според нив, истражувањето ќе биде корисно за борбите против нови пандемии.

The post Научници во САД развија нов сој на коронавирус appeared first on Република.

]]>
Експерти: Европа влегува во нов бран на коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eksperti-evropa-vleguva-vo-nov-bran-na-koronavirusot/ Wed, 12 Oct 2022 19:17:27 +0000 https://republika.mk/?p=560299

Здравствените власти во Европа велат дека показателите укажуваат на уште еден бран на инфекција со Ковид на овој континент, јави Анадолија.

Иако не сме таму каде што бевме пред една година, јасно е дека пандемијата на Ковид-19 сè уште не е завршена, се вели во заедничката изјава на Стела Киријакидес, европска комесарка за здравје и безбедност на храна, Ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа и Андреа Амон, директорка на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Тие констатираа дека повторно се бележи пораст на показателите во Европа, што укажува дека започнал уште еден бран на зарази, скренувајќи внимание на можното повторно појавување на грипот со доаѓањето на есента и зимата.

Во соопштението се истакнува дека милиони луѓе ширум Европа сè уште не се вакцинирани против Ковид-19.

Европските земји треба да вложат максимални напори да стигнат до невакцинираните, за да добијат и дози од вакцината против Ковид-19, а во исто време да дадат дополнителни дози на приоритетните групи, согласно националните препораки, се наведува во заедничката изјава.

Беше истакнато дека е важно здравствените работници, лицата над 60 години, бремените жени, како и лицата чии постоечки болести го зголемуваат ризикот од потешки форми на болеста во случај да се заразат, да се вакцинираат против грип и Ковид-19.

The post Експерти: Европа влегува во нов бран на коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Здравствените власти во Европа велат дека показателите укажуваат на уште еден бран на инфекција со Ковид на овој континент, јави Анадолија.
Иако не сме таму каде што бевме пред една година, јасно е дека пандемијата на Ковид-19 сè уште не е завршена, се вели во заедничката изјава на Стела Киријакидес, европска комесарка за здравје и безбедност на храна, Ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа и Андреа Амон, директорка на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Тие констатираа дека повторно се бележи пораст на показателите во Европа, што укажува дека започнал уште еден бран на зарази, скренувајќи внимание на можното повторно појавување на грипот со доаѓањето на есента и зимата. Во соопштението се истакнува дека милиони луѓе ширум Европа сè уште не се вакцинирани против Ковид-19.
Европските земји треба да вложат максимални напори да стигнат до невакцинираните, за да добијат и дози од вакцината против Ковид-19, а во исто време да дадат дополнителни дози на приоритетните групи, согласно националните препораки, се наведува во заедничката изјава.
Беше истакнато дека е важно здравствените работници, лицата над 60 години, бремените жени, како и лицата чии постоечки болести го зголемуваат ризикот од потешки форми на болеста во случај да се заразат, да се вакцинираат против грип и Ковид-19.

The post Експерти: Европа влегува во нов бран на коронавирусот appeared first on Република.

]]>
Милиони луѓе околу Пекинг се во карантин пред Националниот конгрес на Комунистичката партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/milioni-lugje-okolu-peking-se-vo-karantin-pred-nacionalniot-kongres-na-komunistichkata-partija/ Tue, 30 Aug 2022 08:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=545520

Кина нареди затворање на милиони луѓе во областите околу кинескиот главен град, а властите ги удвоија напорите за спречување на ширење на Ковид-19 пред овогодишниот клучен состанок на владејачката Комунистичка партија.

На речиси четири милиони луѓе во провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, им е наредено да останат дома до крајот на неделата, бидејќи се прават напори да се спречи ширењето на вирусот.

Повеќе од 13 милиони луѓе во соседниот пристаништен град Тијанџин мора да бидат тестирани откако беа потврдени 51 претежно благ случај.

Кина е единствената голема економија во светот со политика на нулта стапка на инфекција со Ковид-19, а карантините, ограничувањата за патување и масовните тестирања го нарушија бизнисот и го забавија економскиот раст.

Пекинг ги удвои своите напори за борба против Ковид-19 пред 20-тиот Национален конгрес на Комунистичката партија, што треба да се одржи во следните три месеци.

Одговорот на пандемијата се смета за централен дел од политичкото наследство на претседателот Си Џинпинг, кој на конгресот треба да освои трет мандат без преседан.

Но, „вистинската ситуација со Ковид-19 во Кина може да се влоши, бидејќи вирусот повторно се прошири во големите градови“, предупреди аналитичарот Номура Тинг Луи.

Ченгду, најголемиот град во западна Кина, воведе строги ограничувања за патување.

Две области во технолошкиот центар Шенжен на југ се делумно затворени, додека најголемиот светски пазар за електроника во Хуачиангбеи е затворен и покрај 35 случаи на ден во градот со повеќе од 18 милиони жители.

„Одеднаш дојде известувањето за затворање, имавме само неколку часа да ги ставиме нашите залихи во магацини и да ги заклучиме, изјави Чен, трговец на технолошкиот пазар Хуачиангбеи.

Во Футиан, каде е сместена градската власт, кината, караоке баровите и парковите се затворени до петок, а големите јавни настани се откажани.

Официјалните лица, исто така, ја запечатија населбата Ванксиа на периферијата на градот, која нуди поволни станови за доставувачите и работниците мигранти, иако таму не се пријавени случаи.

The post Милиони луѓе околу Пекинг се во карантин пред Националниот конгрес на Комунистичката партија appeared first on Република.

]]>

Кина нареди затворање на милиони луѓе во областите околу кинескиот главен град, а властите ги удвоија напорите за спречување на ширење на Ковид-19 пред овогодишниот клучен состанок на владејачката Комунистичка партија. На речиси четири милиони луѓе во провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, им е наредено да останат дома до крајот на неделата, бидејќи се прават напори да се спречи ширењето на вирусот. Повеќе од 13 милиони луѓе во соседниот пристаништен град Тијанџин мора да бидат тестирани откако беа потврдени 51 претежно благ случај. Кина е единствената голема економија во светот со политика на нулта стапка на инфекција со Ковид-19, а карантините, ограничувањата за патување и масовните тестирања го нарушија бизнисот и го забавија економскиот раст. Пекинг ги удвои своите напори за борба против Ковид-19 пред 20-тиот Национален конгрес на Комунистичката партија, што треба да се одржи во следните три месеци. Одговорот на пандемијата се смета за централен дел од политичкото наследство на претседателот Си Џинпинг, кој на конгресот треба да освои трет мандат без преседан. Но, „вистинската ситуација со Ковид-19 во Кина може да се влоши, бидејќи вирусот повторно се прошири во големите градови“, предупреди аналитичарот Номура Тинг Луи. Ченгду, најголемиот град во западна Кина, воведе строги ограничувања за патување. Две области во технолошкиот центар Шенжен на југ се делумно затворени, додека најголемиот светски пазар за електроника во Хуачиангбеи е затворен и покрај 35 случаи на ден во градот со повеќе од 18 милиони жители.
„Одеднаш дојде известувањето за затворање, имавме само неколку часа да ги ставиме нашите залихи во магацини и да ги заклучиме, изјави Чен, трговец на технолошкиот пазар Хуачиангбеи.
Во Футиан, каде е сместена градската власт, кината, караоке баровите и парковите се затворени до петок, а големите јавни настани се откажани. Официјалните лица, исто така, ја запечатија населбата Ванксиа на периферијата на градот, која нуди поволни станови за доставувачите и работниците мигранти, иако таму не се пријавени случаи.

The post Милиони луѓе околу Пекинг се во карантин пред Националниот конгрес на Комунистичката партија appeared first on Република.

]]>
Над 130.000 заразени и 241 починат од ковид-19 за една седмица во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nad-130-000-zarazeni-i-241-pochinat-od-kovid-19-za-edna-sedmica-vo-grcija/ Tue, 26 Jul 2022 13:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=533414

Зголемен е бројот на починати и приклучени на апарати, а намален бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција во изминатите седум дена, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 18 до 24 јули, регистрирани се 136.077 случаи на Ковид-19 (девет отсто помалку од претходната седмица), од вкупно 878.882 направени тестови со стапка на позитивност 15,56 отсто, а 19 отсто од случаите се реинфекции.

За една седмица почина 271 лице, 71 или десет отсто повеќе од пред една седмица.

Во грчките болници во конкретниот период биле примени 2.793, а отпуштени 2.178 пациенти, додека пак вкупно 132 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници, 17 повеќе споредбено со една седмица претходно.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.349.423 случаи на Ковид-19, а починаа 30.999 лица.

The post Над 130.000 заразени и 241 починат од ковид-19 за една седмица во Грција appeared first on Република.

]]>

Зголемен е бројот на починати и приклучени на апарати, а намален бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција во изминатите седум дена, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 18 до 24 јули, регистрирани се 136.077 случаи на Ковид-19 (девет отсто помалку од претходната седмица), од вкупно 878.882 направени тестови со стапка на позитивност 15,56 отсто, а 19 отсто од случаите се реинфекции. За една седмица почина 271 лице, 71 или десет отсто повеќе од пред една седмица. Во грчките болници во конкретниот период биле примени 2.793, а отпуштени 2.178 пациенти, додека пак вкупно 132 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници, 17 повеќе споредбено со една седмица претходно. Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.349.423 случаи на Ковид-19, а починаа 30.999 лица.

The post Над 130.000 заразени и 241 починат од ковид-19 за една седмица во Грција appeared first on Република.

]]>
Ова се новите симтпоми на коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ova-se-novite-simtpomi-na-koronavirusot/ Fri, 15 Jul 2022 08:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=529164

Корона вирусот повторно дивее, бројот на заразени се зголемува, а експертите предупредуваат на сосема нови симптоми.

Дека сè уште не треба да се опуштиме и дека ни се заканува нов бран, докажуваат загрижувачките бројки на новозаразени со корона вирусот. Тоа го поткрепува и тоа што за десет дена двојно се зголемил бројот на пациенти со Ковид во болницата, а се промениле и симптомите.

Високата температура, треската, губењето на мирис или вкус сега се поретки. Според податоците собрани од 17.500 луѓе кои тестирале позитивно на Ковид оваа недела, главниот симптом што укажува на вирусот е болки во грлото.

Освен тоа, во малку поголема мера се јавуваат засипнатост, кивање, замор, болки во мускулите и вртоглавица. Еве ги најчестите симптоми:

– болки во грлото – 58 проценти
– главоболка – 49 проценти
– затнат нос – 40 проценти
– кашлица без слуз – 40 проценти
– течење на носот – 40 проценти
– кашлица со слуз – 37 проценти
– рапав глас – 35 проценти
– кивање – 32 проценти
– замор – 27 проценти
– болки во мускулите – 25 проценти
– вртоглавица – 18 проценти
– отечени жлезди на вратот – 15 проценти
– болка во окото – 14 проценти
– промени во сетилото за мирис – 13 проценти
– затегнатост во белите дробови – 13 проценти
– треска – 13 проценти
– потреси – 12 проценти
– скратен здив – 11 проценти
– болка во увото – 11 проценти
– губење на мирис – 10 проценти

Оваа фреквенција на симптоми кај заразените се совпаѓа со наодите на други истражувачи. Научниците веруваат дека ова може да покаже како вирусот се менува и мутира.

Да потсетиме, новиот сој на корона има неверојатен број мутации и го доби „прекарот“ кентаур. Се појави во десет земји ширум светот, но најголем дел е во Индија. Светската здравствена организација сè уште не го нарекува причина за загриженост, а неговото име е кентаур BA.2.75.

 

The post Ова се новите симтпоми на коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Корона вирусот повторно дивее, бројот на заразени се зголемува, а експертите предупредуваат на сосема нови симптоми. Дека сè уште не треба да се опуштиме и дека ни се заканува нов бран, докажуваат загрижувачките бројки на новозаразени со корона вирусот. Тоа го поткрепува и тоа што за десет дена двојно се зголемил бројот на пациенти со Ковид во болницата, а се промениле и симптомите. Високата температура, треската, губењето на мирис или вкус сега се поретки. Според податоците собрани од 17.500 луѓе кои тестирале позитивно на Ковид оваа недела, главниот симптом што укажува на вирусот е болки во грлото. Освен тоа, во малку поголема мера се јавуваат засипнатост, кивање, замор, болки во мускулите и вртоглавица. Еве ги најчестите симптоми: – болки во грлото – 58 проценти – главоболка – 49 проценти – затнат нос – 40 проценти – кашлица без слуз – 40 проценти – течење на носот – 40 проценти – кашлица со слуз – 37 проценти – рапав глас – 35 проценти – кивање – 32 проценти – замор – 27 проценти – болки во мускулите – 25 проценти – вртоглавица – 18 проценти – отечени жлезди на вратот – 15 проценти – болка во окото – 14 проценти – промени во сетилото за мирис – 13 проценти – затегнатост во белите дробови – 13 проценти – треска – 13 проценти – потреси – 12 проценти – скратен здив – 11 проценти – болка во увото – 11 проценти – губење на мирис – 10 проценти Оваа фреквенција на симптоми кај заразените се совпаѓа со наодите на други истражувачи. Научниците веруваат дека ова може да покаже како вирусот се менува и мутира. Да потсетиме, новиот сој на корона има неверојатен број мутации и го доби „прекарот“ кентаур. Се појави во десет земји ширум светот, но најголем дел е во Индија. Светската здравствена организација сè уште не го нарекува причина за загриженост, а неговото име е кентаур BA.2.75.  

The post Ова се новите симтпоми на коронавирусот appeared first on Република.

]]>
Седмиот бран на коронавирусот се шири во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sedmiot-bran-na-koronavirusot-se-shiri-vo-evropa/ Tue, 28 Jun 2022 16:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=520859

На европско тло се случува седмиот бран на Ковид-19. Новиот скок на заразените може да се објасни со олабавувањето на мерките за заштита, но и со намалувањето на имунитетот на луѓето. Сега е познато дека заштитата што ја обезбедуваат вакцините и претходните инфекции слабее по неколку месеци.

Луѓето инфицирани со омикрон сојот во декември се помалку заштитени од заразените на почетокот на годината. Истото важи и за имунитетот што го постигнуваат вакцините, иако тој останува многу силен против тешките форми на болеста, малку е послаб за помалку тешки форми, рече директорот на францускиот истражувачки центар ЦНРС, Семјуел Алисон.

Научниците исто така велат дека новиот бран се објаснува и со развојот на новите омикронски подваријанти, BA.4 и BA.5.

Новите потсоеви побрзо се шират поради двојните карактеристики што ги имаат, нивната поголема заразност и поради слабеењето на имунитетот, односно можноста за избегнување на имунолошкиот одговор.

The post Седмиот бран на коронавирусот се шири во Европа appeared first on Република.

]]>

На европско тло се случува седмиот бран на Ковид-19. Новиот скок на заразените може да се објасни со олабавувањето на мерките за заштита, но и со намалувањето на имунитетот на луѓето. Сега е познато дека заштитата што ја обезбедуваат вакцините и претходните инфекции слабее по неколку месеци.
Луѓето инфицирани со омикрон сојот во декември се помалку заштитени од заразените на почетокот на годината. Истото важи и за имунитетот што го постигнуваат вакцините, иако тој останува многу силен против тешките форми на болеста, малку е послаб за помалку тешки форми, рече директорот на францускиот истражувачки центар ЦНРС, Семјуел Алисон.
Научниците исто така велат дека новиот бран се објаснува и со развојот на новите омикронски подваријанти, BA.4 и BA.5. Новите потсоеви побрзо се шират поради двојните карактеристики што ги имаат, нивната поголема заразност и поради слабеењето на имунитетот, односно можноста за избегнување на имунолошкиот одговор.

The post Седмиот бран на коронавирусот се шири во Европа appeared first on Република.

]]>
Меси жали што не ги послушал лекарите за коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mesi-zali-shto-ne-gi-poslushal-lekarite-za-koronavirusot/ Fri, 10 Jun 2022 10:56:08 +0000 https://republika.mk/?p=513504

Фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси обелодени дека се соочува со многу здравствени постковид проблеми, пренесуваат француските медиуми.

Меси на почетокот на оваа година се зарази со коронавирусот, а аргентинскиот фудбалер тврди дека му било потребно многу време за да се врати во форма по закрепнување од болеста.

Искрено, жал ми е што не ги слушав лекарите. Морам да кажам дека таа болест ме погоди и остави белег во мене. Особено на белите дробови, рече Меси.

Тој истакна дека по прележување на вирусот прерано се вратил на теренот, иако лекарите го советувале да мирува.

The post Меси жали што не ги послушал лекарите за коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси обелодени дека се соочува со многу здравствени постковид проблеми, пренесуваат француските медиуми. Меси на почетокот на оваа година се зарази со коронавирусот, а аргентинскиот фудбалер тврди дека му било потребно многу време за да се врати во форма по закрепнување од болеста.
Искрено, жал ми е што не ги слушав лекарите. Морам да кажам дека таа болест ме погоди и остави белег во мене. Особено на белите дробови, рече Меси.
Тој истакна дека по прележување на вирусот прерано се вратил на теренот, иако лекарите го советувале да мирува.

The post Меси жали што не ги послушал лекарите за коронавирусот appeared first on Република.

]]>
Во Австрија повторно расте бројот на заразени со ковид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-avstrija-povtorno-raste-brojot-na-zarazeni-so-kovid/ Thu, 09 Jun 2022 11:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=513151

Во Австрија повторно расте бројот на новозаразени со коронавирусот, откако во последните недели беше константно во пад.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 5.144 нови случаи на зараза со коронавирус и пет починати.

Бројот на новозаразени е зголемен за дури 69,5 отсто во однос на четвртокот минатата недела, кога имало уште 3.035 случаи.

Што се однесува до состојбата во болниците, во моментов се хоспитализирани 431 пациент со Ковид, а 39 се на интензивна нега.

Експертите причината за новото брзо ширење на инфекцијата ја гледаат во подваријантата на сојот омикрон.

Затоа дел од експертите побараа да се врати обврската за носење маски, за да се „спаси“ летната сезона.

Инаку, австриските власти пресметуваат дека наесен ќе следи нов бран коронавирус за кој ќе бидат потребни епидемиолошки мерки, а не сметаа на нов бран во текот на летото.

 

The post Во Австрија повторно расте бројот на заразени со ковид appeared first on Република.

]]>

Во Австрија повторно расте бројот на новозаразени со коронавирусот, откако во последните недели беше константно во пад. Во изминатите 24 часа се регистрирани 5.144 нови случаи на зараза со коронавирус и пет починати. Бројот на новозаразени е зголемен за дури 69,5 отсто во однос на четвртокот минатата недела, кога имало уште 3.035 случаи. Што се однесува до состојбата во болниците, во моментов се хоспитализирани 431 пациент со Ковид, а 39 се на интензивна нега. Експертите причината за новото брзо ширење на инфекцијата ја гледаат во подваријантата на сојот омикрон. Затоа дел од експертите побараа да се врати обврската за носење маски, за да се „спаси“ летната сезона. Инаку, австриските власти пресметуваат дека наесен ќе следи нов бран коронавирус за кој ќе бидат потребни епидемиолошки мерки, а не сметаа на нов бран во текот на летото.  

The post Во Австрија повторно расте бројот на заразени со ковид appeared first on Република.

]]>
Пекинг воведе нови рестрикции поради 99 нови заразени со коронавирус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peking-vovede-novi-restrikcii-poradi-99-novi-zarazeni-so-koronavirus/ Mon, 23 May 2022 09:12:15 +0000 https://republika.mk/?p=505809

Пекинг денеска ги продолжи рестриктивните мерки за вработените и студентите кои треба да останат во своите домови и нареди дополнителни масовни тестови, бидејќи повторно се зголеми бројот на заразени со коронавирус во кинескиот главен град.

Пекинг денеска регистрира 99 нови случаи на коронавирус, што е зголемување во однос на претходните денови кога имаше претежно околу 50 случаи.

Денеска на целата територија на Кина се регистрирани 802 случаи, што е благ пад, кој беше прекинат со помали локализирани жаришта.

И покрај ова, владата воведе строг карантин, затворање и мерки за тестирање како дел од нејзината „нулта ковид“ политика, иако остатокот од светот се отвора.

 

 

The post Пекинг воведе нови рестрикции поради 99 нови заразени со коронавирус appeared first on Република.

]]>

Пекинг денеска ги продолжи рестриктивните мерки за вработените и студентите кои треба да останат во своите домови и нареди дополнителни масовни тестови, бидејќи повторно се зголеми бројот на заразени со коронавирус во кинескиот главен град. Пекинг денеска регистрира 99 нови случаи на коронавирус, што е зголемување во однос на претходните денови кога имаше претежно околу 50 случаи. Денеска на целата територија на Кина се регистрирани 802 случаи, што е благ пад, кој беше прекинат со помали локализирани жаришта. И покрај ова, владата воведе строг карантин, затворање и мерки за тестирање како дел од нејзината „нулта ковид“ политика, иако остатокот од светот се отвора.    

The post Пекинг воведе нови рестрикции поради 99 нови заразени со коронавирус appeared first on Република.

]]>
Лаутербах: Ставот дека пандемијата е поразена е погрешен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lauterbah-stavot-deka-pandemijata-e-porazena-e-pogreshen/ Fri, 20 May 2022 10:09:37 +0000 https://republika.mk/?p=504734

Пандемијата на коронавирусот сè уште не е завршена, предупреди т германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.

Тој истакна дека има значително зголемување на бројот на заразени во некои азиски земји, како Cеверна Кореја, но и во делови од Европа.

И во Германија во просек од 130 до 150 луѓе умираат секој ден од Ковид. Значи, ставот дека пандемијата е поразена е погрешен, им рече Лаутербах на новинарите во Берлин.

Тој денеска и утре одржува дводневен состанок со колегите од Групата седум индустриски најразвиени земји.

Американскиот министер за здравство Ксавиер Бисера требаше лично да присуствува на состанокот, но вчера во Берлин доби позитивен тест на коронавирусот. Тој ќе присуствува на средбата преку видео врска.

The post Лаутербах: Ставот дека пандемијата е поразена е погрешен appeared first on Република.

]]>

Пандемијата на коронавирусот сè уште не е завршена, предупреди т германскиот министер за здравство Карл Лаутербах. Тој истакна дека има значително зголемување на бројот на заразени во некои азиски земји, како Cеверна Кореја, но и во делови од Европа.
И во Германија во просек од 130 до 150 луѓе умираат секој ден од Ковид. Значи, ставот дека пандемијата е поразена е погрешен, им рече Лаутербах на новинарите во Берлин.
Тој денеска и утре одржува дводневен состанок со колегите од Групата седум индустриски најразвиени земји. Американскиот министер за здравство Ксавиер Бисера требаше лично да присуствува на состанокот, но вчера во Берлин доби позитивен тест на коронавирусот. Тој ќе присуствува на средбата преку видео врска.

The post Лаутербах: Ставот дека пандемијата е поразена е погрешен appeared first on Република.

]]>
До пред една недела таму „немаше ковид“, сега пријавени 21 починат во Cеверна Кореја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/do-pred-edna-nedela-tamu-nemashe-kovid-sega-prijaveni-21-pochinat-vo-ceverna-koreja/ Sat, 14 May 2022 07:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=502120

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека ширењето на Ковид-19 ја довело земјата во „големи превирања“ и повика на сеопфатна битка за надминување на епидемијата, по 21 нов смртен случај еден ден претходно.

Северна Кореја оваа недела ја призна својата прва епидемија на „Ковид без преседан“, откако повеќе од две години тврдеше дека немаат инфекција.

Со оглед на ограничените можности за тестирање во Северна Кореја, експертите сметат дека објавените бројки веројатно претставуваат мал дел од вкупните инфекции, што може да доведе до илјадници смртни случаи во една од двете земји без кампања за вакцинација против Ковид.

Владејачката Работничка партија во земјата итно се состана при што слушна извештаи за лекување на околу 280.810 луѓе со симптоми и вкупно 27 смртни случаи откако беше пријавена треска од неидентификувано потекло кон крајот на април, објави новинската агенција КЦНА.

Лидерот Ким, исто така, на состанокот рече дека ширењето на епидемијата е голема катастрофа за земјата, но дека тие би можеле да ја надминат кризата „ако не го изгубат фокусот во спроведувањето антиепидемиски политики и да се задржи силната организациска моќ и контрола врз основа на единство на партијата и народот“

The post До пред една недела таму „немаше ковид“, сега пријавени 21 починат во Cеверна Кореја appeared first on Република.

]]>

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека ширењето на Ковид-19 ја довело земјата во „големи превирања“ и повика на сеопфатна битка за надминување на епидемијата, по 21 нов смртен случај еден ден претходно. Северна Кореја оваа недела ја призна својата прва епидемија на „Ковид без преседан“, откако повеќе од две години тврдеше дека немаат инфекција. Со оглед на ограничените можности за тестирање во Северна Кореја, експертите сметат дека објавените бројки веројатно претставуваат мал дел од вкупните инфекции, што може да доведе до илјадници смртни случаи во една од двете земји без кампања за вакцинација против Ковид. Владејачката Работничка партија во земјата итно се состана при што слушна извештаи за лекување на околу 280.810 луѓе со симптоми и вкупно 27 смртни случаи откако беше пријавена треска од неидентификувано потекло кон крајот на април, објави новинската агенција КЦНА. Лидерот Ким, исто така, на состанокот рече дека ширењето на епидемијата е голема катастрофа за земјата, но дека тие би можеле да ја надминат кризата „ако не го изгубат фокусот во спроведувањето антиепидемиски политики и да се задржи силната организациска моќ и контрола врз основа на единство на партијата и народот“

The post До пред една недела таму „немаше ковид“, сега пријавени 21 починат во Cеверна Кореја appeared first on Република.

]]>