коридори 8 и 10 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koridori-8-i-10/ За подобро да се разбереме Sat, 27 May 2023 10:42:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коридори 8 и 10 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koridori-8-i-10/ 32 32 ДУИ: Историјата ќе ги запамети оние кои гласаа „за“ и оние кои беа „против“ законите за коридорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-istorijata-ke-gi-zapameti-onie-koi-glasaa-za-i-onie-koi-bea-protiv-zakonite-za-koridorite/ Sat, 27 May 2023 10:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=645156

Демократската унија за интеграција ја поздравува одлуката на Собранието да ги усвои законите кои, како што велат од партијата, „го отвораат патот за поевтина и побрза изградба на Коридорот 8 и 10Д“.

Мнозинството пратеници со својот глас ставија крај на тенденциозната блокада на опозицијата, која за жал реши да се построи против овој капитален проект, обидувајќи се по секоја цена да го оцрни и покрај тоа што тој ја има големата поддршка од САД. Опозицијата на чело со Мицкоски реши да гласа против проектот што значи нова димензија на развој и ефикасно движење, но сепак нема да успее да го држи во заложништво економскиот развој на државата. Коридорите ќе се градат!, наведуваат од ДУИ.

Според партијата, историјата денеска ќе ги запамети оние кои гласаа „за“ правилната кауза на развојот, како што ќе ги запамети и оние „кои се построија против оваа кауза и на штета на граѓаните“.

Владата, чиј дел е ДУИ, како главен приоритет ја има реализацијата на коридорите и сите нејзини членови остануваат транспарентно отворени за јавноста во секој чекор од постапките за реализација на најголемата инфраструктурна инвестиција во историјата на земјата, потенцираат од ДУИ.

The post ДУИ: Историјата ќе ги запамети оние кои гласаа „за“ и оние кои беа „против“ законите за коридорите appeared first on Република.

]]>

СДСМ: Cеверна Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ceverna-makedonija-konechno-stanuva-vistinska-krstosnitsa-na-balkanot/ Sat, 27 May 2023 08:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=645126

Собранието на Република Cеверна Македонија, ги донесе измените и дополнувањата на законите за изградба на стратешки инфраструктурни проекти од национален интерес. На овој начин се отвори патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д, се вели во утринското соопштение од СДСМ.

Со овие два коридора за прв пат како држава се поврзуваме кон запад и исток, наместо како досега да бидеме поврзани само меѓу север и југ. Реализацијата на овој стратешки проект, каде е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните пет години. Тоа е директен импакт врз македонската домашна економиј и е трајна вредност во инфраструктурата. Со изградбата на овие два коридори, од кружен тек на Балканот, Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот, можност да бидеме на сообраќајната и економската карта на Европа, велат од СДСМ.

The post СДСМ: Cеверна Македонија конечно станува вистинска крстосница на Балканот appeared first on Република.

Десет реченици на веб-страница на „Енка“ не се проект, да постоеше ќе се градеше според македонските закони https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deset-rechenitsi-na-veb-stranitsa-na-enka-ne-se-proekt-da-postoeshe-ke-se-gradeshe-spored-makedonskite-zakoni/ Mon, 22 May 2023 16:15:25 +0000 https://republika.mk/?p=643694

Собранието попладнево во рамките на 115-тата седница го заврши општиот претрес по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, кој е дел од измените на петте законски решенија неопходни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. Гласањето за законското решение ќе се одржи дополнително.

Во текот на расправата пратениците од опозицијата посочија дека измените на петте законски решенија се само параван за озаконување на корупцијата и криминалот преку злоупотреба на европското знаменце, а оние од владејачките партии, пак, дека се за побрзо и поевтино реализирање на автопатите на коридорите 8 и 10д.

Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека сите 17 амандмани кои ги поднеле за ова законско решение се со цел, како што рече, законот да не значи беззаконие.

Вака како што сте го срочиле ова катастрофално законско решение со проширување на опфатот на објекти оставате широко поле за корупција. Која е веројатноста дека во иднина самата влада нема да дава титула „објект од стратешки интерес“ кога и како ќе и се посака, рече Петкоска и праша како ова може да биде посебен закон за кој постојните одредби од законите нема да важат.

Во реплика Драгица Ѓавочанова од СДСМ кажа дека не може да се тврди дека се работи без проект и на памет и додаде дека веќе е изработена физибилити студија од Градежниот факултет за автопатските решенија.

Уште на денот на потпишувањето на договорот на сајтот на „Енка“ имаше вест во која стои дека проектот содржи седум нови клучки, значителна количина на објекти вдолж трасата. Проектот вклучува 34 мостови, 34 надвозници, 24 подвозници, над 21 милион кубни метри ископ, над 17 милиони кубни метри земјено полнење, 620 илјади кубни метри бетон, 2,2 милиони кубни метри подлога, 1,1 милион тони асфалт и 320 километри заштитна ограда, рече Ѓавочанова.

Се ова, додаде, може да се најде на сајтот на „Енка“.

Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор порача дека не треба да се брза со донесување на вакви закони, а како што рече, со носење на вакви законски измени со европско знаменце и дебата ограничена на само два дена се прави токму спротивното.

Нејзиниот сопартиец Бране Петрушевски истакна дека измените на петте законски решенија се доказ дека автопатите не може да се изведат согласно законите кои се на сила во земјава. За тоа, како што кажа, ќе одговара министерот за транспорт и врски, бидејќи потпишал договор што треба да се реализира после измена на законите. Без фрлена лопата на изведувачот, како што кажа, ќе му се исплатат вкупно 300 милиони евра како ставка за подготвителни работи на терен од кои 117 милиони се веќе исплатени.

-Овој проект нема да се реализира, туку е само подготовка на ДУИ за избори и ќе остане само поставената табла. Тоа го направија и со фабриката за електрични возила во Тетово пред локалните избори за која остана само поставената табла и воопшто не се гради, но тетовци ги казнија. Се надевам дека тоа ќе се направи и на парламентарните избори, рече Петрушевски.

Да имало проект за автопатите, рече, ќе се градеше според македонските закони, а 10 реченици на веб-страница на „Енка“ не се проект.

Борислав Крмов од Левица праша како порано кога се градеше по повисоки стандарди – ЈУС не ни требаше изменување на стандардите за реализација на проекти и додаде дека со измените на законските решенија фактички нема да има никакви стандарди и само ќе се зголеми урбанистичкиот хаос.

- Со овие законски измени СДСМ фактички го укинува урбанизмот, рече Крмов.

Парламентот ќе ја продолжи 115 седница утре.

The post Десет реченици на веб-страница на „Енка“ не се проект, да постоеше ќе се градеше според македонските закони appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево во рамките на 115-тата седница го заврши општиот претрес по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, кој е дел од измените на петте законски решенија неопходни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. Гласањето за законското решение ќе се одржи дополнително. Во текот на расправата пратениците од опозицијата посочија дека измените на петте законски решенија се само параван за озаконување на корупцијата и криминалот преку злоупотреба на европското знаменце, а оние од владејачките партии, пак, дека се за побрзо и поевтино реализирање на автопатите на коридорите 8 и 10д. Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека сите 17 амандмани кои ги поднеле за ова законско решение се со цел, како што рече, законот да не значи беззаконие.
Вака како што сте го срочиле ова катастрофално законско решение со проширување на опфатот на објекти оставате широко поле за корупција. Која е веројатноста дека во иднина самата влада нема да дава титула „објект од стратешки интерес“ кога и како ќе и се посака, рече Петкоска и праша како ова може да биде посебен закон за кој постојните одредби од законите нема да важат.
Во реплика Драгица Ѓавочанова од СДСМ кажа дека не може да се тврди дека се работи без проект и на памет и додаде дека веќе е изработена физибилити студија од Градежниот факултет за автопатските решенија.
Уште на денот на потпишувањето на договорот на сајтот на „Енка“ имаше вест во која стои дека проектот содржи седум нови клучки, значителна количина на објекти вдолж трасата. Проектот вклучува 34 мостови, 34 надвозници, 24 подвозници, над 21 милион кубни метри ископ, над 17 милиони кубни метри земјено полнење, 620 илјади кубни метри бетон, 2,2 милиони кубни метри подлога, 1,1 милион тони асфалт и 320 километри заштитна ограда, рече Ѓавочанова.
Се ова, додаде, може да се најде на сајтот на „Енка“. Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор порача дека не треба да се брза со донесување на вакви закони, а како што рече, со носење на вакви законски измени со европско знаменце и дебата ограничена на само два дена се прави токму спротивното. Нејзиниот сопартиец Бране Петрушевски истакна дека измените на петте законски решенија се доказ дека автопатите не може да се изведат согласно законите кои се на сила во земјава. За тоа, како што кажа, ќе одговара министерот за транспорт и врски, бидејќи потпишал договор што треба да се реализира после измена на законите. Без фрлена лопата на изведувачот, како што кажа, ќе му се исплатат вкупно 300 милиони евра како ставка за подготвителни работи на терен од кои 117 милиони се веќе исплатени. -Овој проект нема да се реализира, туку е само подготовка на ДУИ за избори и ќе остане само поставената табла. Тоа го направија и со фабриката за електрични возила во Тетово пред локалните избори за која остана само поставената табла и воопшто не се гради, но тетовци ги казнија. Се надевам дека тоа ќе се направи и на парламентарните избори, рече Петрушевски. Да имало проект за автопатите, рече, ќе се градеше според македонските закони, а 10 реченици на веб-страница на „Енка“ не се проект. Борислав Крмов од Левица праша како порано кога се градеше по повисоки стандарди – ЈУС не ни требаше изменување на стандардите за реализација на проекти и додаде дека со измените на законските решенија фактички нема да има никакви стандарди и само ќе се зголеми урбанистичкиот хаос. - Со овие законски измени СДСМ фактички го укинува урбанизмот, рече Крмов. Парламентот ќе ја продолжи 115 седница утре.

The post Десет реченици на веб-страница на „Енка“ не се проект, да постоеше ќе се градеше според македонските закони appeared first on Република.

]]>
Николоски: Сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени, власта е заинтересирана само за штетниот договор за коридорите 8 и 10Д https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-site-infrastrukturni-proekti-vo-makedonija-se-zapreni-vlasta-e-zainteresirana-samo-za-shtetniot-dogovor-za-koridorite-8-i-10d/ Sun, 21 May 2023 08:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=643173

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при теренската посета на општина Росоман во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ истакна дека жителите на населеното место Сирково бараат да се направи клучка и да се поврзат директно со експресниот пат Градско-Прилеп, и нагласи дека сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени а актуелната власт е заинтересирана само за штетниот договор со Бехтел и Енка.

„Денес сме во посета на општина Росоман во моментот сме во населеното место Сирково каде што поразговаравме со жителите за сите актуелни прашања може да кажам една работа која што сега ја договоривме со жителите имајќи предвид дека идејата на овие посети е да слушнеме од прва рака кои се барањата и потребите на жителите и истите да ги преточиме во програмата која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја работи за следните парламентарни избори. Знаете дека се гради експресен пат од Градско до Прилеп тој експресен пат треба да значи побрз транзит за целиот Пелагониски регион, жителите од ова населено место побараа да имаат директен приклучок односно да се изгради клучка која што директно ќе го поврзи селото со експресниот пат. Се договоривме дека тоа ќе се направи и јас презедов обврска и како носител во четвртата изборна единица да после формирањето на влада од ВМРО-ДПМНЕ го реализираме ова прашање односно да се изгради клучка со цел жителите на ова населено место да имаат директен пристап на експресниот пат.

Потпретседателот Николовски додаде и дека сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени а актуелната власт е заинтересирана само за штетниот договор со “Бехтел и Енка“.

„Вториот дел е што за жал не сум оптимист дека експресниот пат за брзо ќе се изгради имајќи предвид темпото со кое што се работи, така што ќе остане обврска и на ВМРО-ДПМНЕ да го изгради тој експресен пат, од причина што сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени. Автопатот од Охрид до Кичево не се гради, како што не се гради ни експресниот пат од Прилеп до Градско, единствено за што се заинтересирани од актуелната власт на ДУИ и СДСМ се штетните договори со „Бехтел и Енка“ каде што во моментот Македонија исплати 117 милиони евра на „Бехтел и Енка“, а 117 зрна песок не се ставени во градба на што било во државата. Видовте две пародии, едната пародија беше кај Тетово каде што наводно почна да се гради тој дел од автопатот а не се гради ништо, втората пародија беше малку подолу од Прилеп каде што исто така почна да се гради овој дел од автопатот, но сите знаете дека не се гради ништо, така што тоа уште еднаш покажува за какво недомаќинско работење се работи од една страна и од друга страна за штетноста на овој договор“, нагласи Николоски.

Николоски истакна и дека според него целосно треба да се затвори темата со уставните измени бидејќи уставни измени во овој парламентарен состав на ВМРО-ДПМНЕ и под овие услови нема да има.

„Во однос на најактуелните политички прашања мислам дека целосно треба да ја затвориме темата поврзана со таканаречените уставни измени поддршка од ВМРО-ДПМНЕ во овој парламентарен состав под овие услови за нема, и мислам дека тука треба да ставиме точка на оваа тема и да се посветиме на останатите теми. Доколку власта мисли дека ова поминува кај народот,  да одиме на предвремени парламентарни избори па да видат што мислат луѓето во однос на ова и на сите други прашања“, нагласи Николоски.

Николоски постави прашање и до владата и министерот за финансии за тоа каква е состојбата со буџетот  и колкав е дефицитот во буџетот моментот.

„Третата тема која што сакам да ја отворам е состојбата со буџетот според наши сознанија дефицитот во моментот е далеку поголем од тоа што е проектирано и од тоа што треба да е за првото тромесечје и за второто тромесечје кое што е во тек, така што еве апелирам до министерот за финансии до владата да одговорат колкаве дефицитот во буџетот во моментот и на кој начин планираат да го финансираат тоа. Оние приказни кои што ги раскажуваатво јавност дека граѓаните ќе купуваат обврзници, односно дека ќе можат да го финансираат дефицитот во буџетот мислам дека се апсолутна глупост, од причина што и она малку што го имаат заштедено граѓаните не треба да го потрошат и да го фрлаат во дупка со неизвесност дали било кога може да им се врати“, истакна Николоски.

Во однос на пресудата од Стразбур, Николоски истакна дека Судот јасно потврдил дека тие човекови права биле нарушени со што уште еднаш се покажало дека целиот случај со 27 април и судењето на луѓето после тоа е политички мотивиран, и не е базиран врз основа на правото туку е базиран врз основа на политички одлуки.

„Јас високо го ценам  Европскиот суд за човекови права во Стразбур, знаете дека сум долги години во Советот на Европа, судот е еден од основните механизми на Советот на Европа и таму нема ниту одлики кои што се базирани на лични чувства, ниту одлуки кои што се базирани на политика, туку има одлуки кои што се исклучиво базирани на европската конвенција за човекови права. И затоа не сум изненаден што судот донесе ваква одлука, оваа одлука соодветствува на сето она што е право и правда а во овој случај се работи за нарушување на неколку основни човекови права. Судот јасно потврди дека тие човекови права биле нарушени што уште еднаш покажува дека целиот случај со 27 април и судењето на луѓето после тоа е политички мотивиран, не е базиран врз основа на правото туку е базиран брз основа на политички одлуки и сум убеден дека ова што почна ќе продолжи и за другите жалители таму, затоа што е јасно што се случуваше и на кој начин се политизираше целиот случај“, заклучи Николоски.

The post Николоски: Сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени, власта е заинтересирана само за штетниот договор за коридорите 8 и 10Д appeared first on Република.

Силјановска Давкова: Владата сака да обезбеди европско алиби за неодговорно постапување и злоупотребена службена положба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-vladata-saka-da-obezbedi-evropsko-alibi-za-neodgovorno-postapuvane-i-zloupotrebena-sluzhbena-polozhba/ Thu, 18 May 2023 18:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=642423

Владата постапила неовластено и посегнала по вршење туѓи права, бидејќи од пратениците бара да го покријат тоа што го презела како обврска во фамозниот договор кој е далеку од меѓудржавен, туку е облигационен и таквите договори не може да бидат извор на право. Значи владата презела улога на прикриен законодавец иако е само извршна власт. Постапила како корпоративна влада која потпишала корпоративен договор со Бехтел и Енка, а корпоративизмот и профитот одат заедно, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на денешната собраниска седница.

Таа нагласи дека во сите закони погрешно се повикуваат на регулативата 1315 од 2013 година и директивата 758 од 2016 година, што и портпаролот на ЕУ, Сано и евроамбасадорот Гир тоа го потенцираат.

Со тоа вие сакате да обезбедите европско алиби за западно балканско неодговорно постапување. Затоа и табелата која се дава покрај законот е празна, значи некој го злоупотребил статусот, ова е фалсификувана исправа и треба да сноси одговорност тој кој ја потпишал заедно со претседателот на Собранието и претседателот на комисијата за европски прашања. Тие ја злоупотребиле својата службена положба, нагласи таа.

Силјановска Давкова истакна дека отсуствува инклузивност и транспарентност за што укажа и Гир.

Ги заобиколувате пропишаните процедури, затоа што процедурата е гаранција за закон донесен во рамки на деловникот, и затоа не смее да се бајпасираат. Контролата е неопходна при стратешки проекти, и таа треба да биде професионална, независна, објективна, со строги филтри, далеку од тоа дека треба да биде препуштена на Електра Солушнс која воопшто не е упатена во оваа материја, потенцираше таа.

Силјановска Давкова потсети дека јавниот интерес не е доволно само да се прокламира туку да се реализира и заштити

Градби од стратешки интерес не може да се реализираат без планска документација. Просторниот план, урбанистичкиот план и урбанистички проект се свето тројство вака како што се наредени, во спротивно ќе има сериозен проблем. Со овие измени се оневозможува и јавен увид во урбанистичката документација. За вакви градби мора да има идејни решенија, рече таа.

The post Силјановска Давкова: Владата сака да обезбеди европско алиби за неодговорно постапување и злоупотребена службена положба appeared first on Република.

Мицкоски: Владините закони стигнаа во Собранието со европско знаменце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vladinite-zakoni-stignaa-vo-sobranieto-so-evropsko-znamentse/ Mon, 08 May 2023 12:03:56 +0000 https://republika.mk/?p=638385

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во изјава информира дека предлог-законите за изградба на делови од Коридорите 8 и 10Д веќе пристигнале во Собранието со европско знаменце.

Јавноста будно да следи во периодот што следи бидејќи имаме отсуство на јавна дебата поврзана со овие големи инфраструктурни и капитални проекти. Ќе мораме на ваков начин јавно да дебатираме. Добивме информација дека веќе законите се во Парламент и јас денеска нема да го коментирам туку ќе оставам од Канцеларијата на Европската комисија тоа во текот на денот да биде искоментирано. Ако не се случи, од утре ќе отвориме јавна дебата по тоа прашање, затоа што верзиите кои што ги видовме во делот 5, во овие предлози е празен. Ги повикувам амбасадите на земјите од ЕУ да се произнесат за ова што денеска го направи Владата, кажа Мицкоски како одговор на новинарско прашање.

The post Мицкоски: Владините закони стигнаа во Собранието со европско знаменце appeared first on Република.

Исплатен е првиот трансфер за изградбата на коридорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jpdp-isplaten-ni-e-prviot-transfer-za-izgradbata-na-koridorite/ Sat, 29 Apr 2023 17:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=635257

Согласно Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, донесена на седница на Владата на Република Македонија одржана на 23 март годинава, како и по нејзиното објавување во Службен весник, извршен е првиот трансфер на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) наменет за реализацијата на овој најголем инфраструктурен проект во историјата на државата. Исплатени се средства кон ЈПДП во висина од 7.254.000.000 денари или 117.000.000 евра.

Спред законските обврски од посебниот закон и потпишаниот Договор со изведувачот Конзорциумот Бехтел – Енка, како и согласно владината Програма, овие средства се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите:

• Делница 1 - автопат Тетово – Гостивар, со очекувана должина од околу 17,5 километри.

• Делница 2 - автопат Гостивар – Букојчани, со очекувана должина од околу 30,3 километри.

• Делница 3 - автопат Требениште – Струга – Ќафасан, со очекувана должина од околу 17,5 километри.

• Делница 4 - автопат Прилеп – Битола, со очекувана должина од околу 39,3 километри.

Во следниот период, ќе се реализираат и подготвителните работи како што се снимањето на локации, подготовката на урбанистичките проекти, на основните проекти, чија цел е да започнат и постапките за експропријација и проектирање.

Како период за завршување на работите за сите четири делници е предвиден месец декември 2027 година. Односно, градежнте работи на сите овие патни правци треба требало да завршат за период од 57 месеци.

Коридорите 8 и 10-д се најголемиот стратешки инфраструктурен проект од национален интерес за државата.

Во последните 32 години, во државата се изградени и пуштени во употреба 186 километри автопати или по 5,8 километри автопат годишно. Со овој Договор се предвидува да се изградат околу 110 километри автопатишта во следните 4,7 години или по 23 километри автопат годишно. Со нивната изградбата се отвораат нови 8.000 работни места, а проценката е дека ќе имаме раст на БДП за 2 % годишно во наредните 5 години.

Со изградбата на овие автопати, конечно, се завршува мрежата на патните европски коридори - 8 и 10-д низ Република Македонија.

Заради габаритот на целокупниот проект поврзан со изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, но и во интерес на јавноста, ЈПДП за целото ова време беше максимално транспарентно и го стави на увид на јавноста секој сегмент од спроведување на законските обврски, протоколи и сите други неопходни пропцедури. Поддршката од пошироката јавност за овој историски проект е од исклучителна важност. Затоа, ЈПДП и понатаму детално, навремено и транспарентно ќе ја информира јаноста за сите фази и детали околу изградбата на најзначајниот инфраструктурен проект во нашата земја.

Со почит,

Јавно претпријатие за државни патишта 

The post Исплатен е првиот трансфер за изградбата на коридорите appeared first on Република.

]]>

Согласно Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, донесена на седница на Владата на Република Македонија одржана на 23 март годинава, како и по нејзиното објавување во Службен весник, извршен е првиот трансфер на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) наменет за реализацијата на овој најголем инфраструктурен проект во историјата на државата. Исплатени се средства кон ЈПДП во висина од 7.254.000.000 денари или 117.000.000 евра. Спред законските обврски од посебниот закон и потпишаниот Договор со изведувачот Конзорциумот Бехтел – Енка, како и согласно владината Програма, овие средства се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите: • Делница 1 - автопат Тетово – Гостивар, со очекувана должина од околу 17,5 километри. • Делница 2 - автопат Гостивар – Букојчани, со очекувана должина од околу 30,3 километри. • Делница 3 - автопат Требениште – Струга – Ќафасан, со очекувана должина од околу 17,5 километри. • Делница 4 - автопат Прилеп – Битола, со очекувана должина од околу 39,3 километри. Во следниот период, ќе се реализираат и подготвителните работи како што се снимањето на локации, подготовката на урбанистичките проекти, на основните проекти, чија цел е да започнат и постапките за експропријација и проектирање. Како период за завршување на работите за сите четири делници е предвиден месец декември 2027 година. Односно, градежнте работи на сите овие патни правци треба требало да завршат за период од 57 месеци. Коридорите 8 и 10-д се најголемиот стратешки инфраструктурен проект од национален интерес за државата. Во последните 32 години, во државата се изградени и пуштени во употреба 186 километри автопати или по 5,8 километри автопат годишно. Со овој Договор се предвидува да се изградат околу 110 километри автопатишта во следните 4,7 години или по 23 километри автопат годишно. Со нивната изградбата се отвораат нови 8.000 работни места, а проценката е дека ќе имаме раст на БДП за 2 % годишно во наредните 5 години. Со изградбата на овие автопати, конечно, се завршува мрежата на патните европски коридори - 8 и 10-д низ Република Македонија. Заради габаритот на целокупниот проект поврзан со изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, но и во интерес на јавноста, ЈПДП за целото ова време беше максимално транспарентно и го стави на увид на јавноста секој сегмент од спроведување на законските обврски, протоколи и сите други неопходни пропцедури. Поддршката од пошироката јавност за овој историски проект е од исклучителна важност. Затоа, ЈПДП и понатаму детално, навремено и транспарентно ќе ја информира јаноста за сите фази и детали околу изградбата на најзначајниот инфраструктурен проект во нашата земја. Со почит, Јавно претпријатие за државни патишта 

The post Исплатен е првиот трансфер за изградбата на коридорите appeared first on Република.

]]>
Коридорите ќе изедат дополнително уште најмалку една милијарда евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koridorite-ke-izedat-dopolnitelno-ushte-najmalku-edna-milijarda-evra/ Wed, 26 Apr 2023 11:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=634243

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ до детали пред новинарите го објасни договорот со Бектел и Енка. Мицкоски е убеден дека сумата од 1.3 милијарда евра која е предвидена за изградба е „лупната“ од око и оти има многу трошоци за кои не е предвидено колку ќе чинат. Тој смета дека коридорите ќе чинат уште најмалку една милијарда евра.

Од трошоците тој ги наведе релокација на данловоди и бандери, заштита на звук, систм за управување, електрификација на автопат, осветлување на тунели, патарини.

The post Коридорите ќе изедат дополнително уште најмалку една милијарда евра appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ до детали пред новинарите го објасни договорот со Бектел и Енка. Мицкоски е убеден дека сумата од 1.3 милијарда евра која е предвидена за изградба е „лупната“ од око и оти има многу трошоци за кои не е предвидено колку ќе чинат. Тој смета дека коридорите ќе чинат уште најмалку една милијарда евра. Од трошоците тој ги наведе релокација на данловоди и бандери, заштита на звук, систм за управување, електрификација на автопат, осветлување на тунели, патарини.

The post Коридорите ќе изедат дополнително уште најмалку една милијарда евра appeared first on Република.

]]>
Стојаноска: Никој не е против изградба на коридорите 8 и 10д, ние сме против криминалот на Артан Груби кој е очигледен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoska-nikoj-ne-e-protiv-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-nie-sme-protiv-kriminalot-na-artan-grubi-koj-e-ochigleden/ Tue, 25 Apr 2023 19:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=634091

Изјавата на Артан Груби дека оној кој ќе направи криминал за проекти како за коридорите ќе лежи во затвор доживотно, значи дека или глуми чесен или е изигрување со македонскиот народ, а тој е само синоним за лага и криминал, рече Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување во програмата на Македонско радио, Радио Скопје.

Според Стојаноска тоа што го прави Груби кога станува збор за коридорите 8 и 10д е само персонализирање како само тој да е заслужен.

„И ние сме за коридорите, но сме против криминалот кој го прават лицата од власта. Не може Груби да си го персонализира проектот за изградба на коридорите. Па тој со неусвојување на измените на Законот за работни односи работната недела да се продолжи до 6о часа веќе има злоупотребено 53 милиони евра“, рече Стојаноска.

Пратеничката изрази чудење и за тоа како тоа Договорот е таен и зошто го немаат добиено пратениците кои имаат сертификат за доверливост.

„Се уште никому не му е јасно за каква тајна се работи кога станува збор за Договорот деловна, државна. Ние не ја напаѓаме фирмата, ги напаѓаме пропустите кои ги дозволила Владата како тоа во случај на спор да не важи македонското законодавство, туку англосаксонското право, зошто се продолжува работното време на 60 работни часа, можни се проблеми со експропријацијата, не се вклучени доволно наши фирми и тие самите реагираат и низа на други спорни моменти“, рече Стојаноска.

Според Стојаноска никој не е против изградба на патишта.

„Ние сме против криминалот кој е очигледно дека се протнува и тоа по сите основи. Уште непочната реализацијата државата плаќа пенали. Бенефит од работата на коридорите има само Артан Груби и ДУИ. Или наши работници нема, наши фирми нема, оштетени се сите граѓани, ама Груби тера со криминалот и тој профитира на сметка на граѓаните“, вели Стојаноска.

The post Стојаноска: Никој не е против изградба на коридорите 8 и 10д, ние сме против криминалот на Артан Груби кој е очигледен appeared first on Република.

]]>

Изјавата на Артан Груби дека оној кој ќе направи криминал за проекти како за коридорите ќе лежи во затвор доживотно, значи дека или глуми чесен или е изигрување со македонскиот народ, а тој е само синоним за лага и криминал, рече Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување во програмата на Македонско радио, Радио Скопје.

Според Стојаноска тоа што го прави Груби кога станува збор за коридорите 8 и 10д е само персонализирање како само тој да е заслужен. „И ние сме за коридорите, но сме против криминалот кој го прават лицата од власта. Не може Груби да си го персонализира проектот за изградба на коридорите. Па тој со неусвојување на измените на Законот за работни односи работната недела да се продолжи до 6о часа веќе има злоупотребено 53 милиони евра“, рече Стојаноска. Пратеничката изрази чудење и за тоа како тоа Договорот е таен и зошто го немаат добиено пратениците кои имаат сертификат за доверливост.
„Се уште никому не му е јасно за каква тајна се работи кога станува збор за Договорот деловна, државна. Ние не ја напаѓаме фирмата, ги напаѓаме пропустите кои ги дозволила Владата како тоа во случај на спор да не важи македонското законодавство, туку англосаксонското право, зошто се продолжува работното време на 60 работни часа, можни се проблеми со експропријацијата, не се вклучени доволно наши фирми и тие самите реагираат и низа на други спорни моменти“, рече Стојаноска.
Според Стојаноска никој не е против изградба на патишта.
„Ние сме против криминалот кој е очигледно дека се протнува и тоа по сите основи. Уште непочната реализацијата државата плаќа пенали. Бенефит од работата на коридорите има само Артан Груби и ДУИ. Или наши работници нема, наши фирми нема, оштетени се сите граѓани, ама Груби тера со криминалот и тој профитира на сметка на граѓаните“, вели Стојаноска.

The post Стојаноска: Никој не е против изградба на коридорите 8 и 10д, ние сме против криминалот на Артан Груби кој е очигледен appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е „за“ коридорите 8 и 10Д, но е „против“ криминалот во овој проект https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-dpmne-e-za-koridorite-8-i-10d-no-e-protiv-kriminalot-vo-ovoj-proekt/ Tue, 25 Apr 2023 12:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=633905

ВМРО-ДПМНЕ не е против изградбата на коридорите 8 и 10д. овој проект е застапен  во програмата на партијата, но е против продолжување на работната недела од 40 на 60 часа и договор во кој пеналите се во вредност повеќе од 200 милиони евра им одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на обвинуваат дека се води хајка против коридорот 8.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ не сме против никој проект кој што опфаќа одредена целна група, етничка група, географска положба во Македонија, ниту сме против изградба на коридорите како што се дел од коридорот 10Д и дел од коридорот 8, кој што се всушност и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Но за што сме против? Еве сега ќе ви кажам. Против сме, да знаете дека не можете работаната недела, бидејќи постои одлука на Уставниот суд, да ја продолжите од 40 на 60 работни часа, а да потпишете договор кој што ќе опфати пенали во вредност повеќе од 200 милиони евра. Да, за тоа сме против и за тоа ќе има одговорност, порача Мицкоски од Градско.

Тој рече ека ВМРО-ДПМНЕ силно се противи македонското законодавство да биде суспендирано и  да важи законодавството на Англија и Велс, коешто по својата природа е различно од македонското.

Против сме кога ќе се трошат буџетски пари, пари од граѓаните, да се суспендира Законот за јавни набавки, како што тоа го бара владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ.

Мицкоски додаде дека исто така ВМРО-ДПМНЕ е против да се гради овој голем проект без да биде извадено одобрение за градба како што бара владата во измените на Законот за градење, посочувајќи дека се против и да се наплаќаат цени за асфалт, за бетон, за расчистување на терен два до три пати поголеми од пазарните и дивоградбите да се експропеираат по цена која што е иста како и легалните градби.

И, конечно, сме против криминалот кој што е присутен во овој проект, истакна Мицкоски.

Додаде дека има еден начин да докажат дека навистина се грижат за Македонија, за македонското стопанство, за граѓаните, истите овие услови кои што ги потпишале, да им ги дадат на македонските компании, да ги соберат без разлика дали сопственик на македонската компанија е Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, Бошњак, Србин. Дали вработените имаат ваква или таква етничка припадност.

Еве нека ги соберат компаниите во Македонија и нека кажат еве го проектот сработете го вие. Не да ми кажуваат дека 30, 40, 50% ќе бидат македонски работници, нека биде 100 проценти ако навистина се грижат за македонското стопанство и за македонските граѓани. За тоа сме против и ќе бидеме против и жестоко ќе се бориме да го исправиме сето ова. Не сме против да се гради. Ние сме партија која е позната по градењето, по реализација на проекти. Не сме против компании реномирани, но сме за нашите македонски компании и ќе продолжиме да се бориме за нашите македонски компании и се ќе направиме идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за нашите македонски компании да им овозможи да имаат услови за работа со кои што ќе вработуваат наши македонски граѓани“, рече претседателот Мицкоски.

The post Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е „за“ коридорите 8 и 10Д, но е „против“ криминалот во овој проект appeared first on Република.

Хајдари: Не, не e ВМРО-ДПМНЕ против САД и Коридорот 8 кога пријавува корупција и криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajdari-ne-ne-e-vmro-dpmne-protiv-sad-i-koridorot-8-koga-prijavuva-koruptsija-i-kriminal/ Tue, 25 Apr 2023 08:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=633773

Сопственикот на весикот „Лајм“ Фејзи Хајдари смета дека е добро што ВМРО-ДПМНЕ пријавува корупција и криминал во договорот за изградба на Коридорот 8. Тој посакува да има што повеќе „вакви ВМРО“ кои ќе пријавуваат криминал меѓу владините функционери, макар тоа да е само кај Албанците.

Не, не, ВМРО не е против САД и Коридорот 8, кога пријавува корупција и други коруптивни и криминални скандали. Дури баш и ми се допаѓа кога пријавува корупциски скандали. Дај боже, што повеќе да имаме вакви ВМРО кое ќе ги пријавува коруптивните афери кај Албанците во власта, вели Хајдари.

Тој го коментира односот на ДУИ кон ВМРО-ДПМНЕ. Спред него, за ДУИ ВМРО е добро само кога е во влада со ДУИ и заедно ги делат бизнисите и му се потсмеваат на народот.

Точно три мандати ДУИ беше на власт со ВМРО, кога се случија монтираните случаи „Монструм“, „Алфа“, „Тепање на ученици Албанци“, „Радишани“, „Палење дуќани и куќи на Албанци во Ѓорче Петров“, енциклопедија и учебници навредливи за Албанците... Добро ли беше тогаш ВМРО? Ја споделувавте ли „шегата“ со оваа партија? Мијалков го нарековте татко. И сега ВМРО е против САД, ЕУ и Коридорот 8?! Не бе?! Кому му продавате пувки, вели Хајдари.

The post Хајдари: Не, не e ВМРО-ДПМНЕ против САД и Коридорот 8 кога пријавува корупција и криминал appeared first on Република.

Мисајловски: Власта прифатила сите грешки кои ќе се јават при проектирање на Коридорот 8 да паднат на наш товар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-vlasta-prifatila-site-greshki-koi-ke-se-javat-pri-proektirane-na-koridorot-8-da-padnat-na-nash-tovar/ Sat, 22 Apr 2023 06:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=632891

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостување во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на Алфа ТВ, говорејќи за договорот и предлог новите закони со Бехтел и Енка за автопатите истакна дека меѓу најспорните моменти во договорот е тоа што за арбитража ќе важи законодавството на Англија и Велс, што е апсолутно неповолно за Македонија и тоа што според информациите сите грешки што ќе бидат во проектот ќе ги сноси како последица Јавното претпријатие за државни патишта.

„Она што го има наводно во договорот е дека законодавството што утре ќе биде на арбитража ќе биде на Англија и Велс, така се договориле и тоа е многу интересно. Ова го побарува компанијата Бехтел, бидејќи таа е една од најдобрите компании и знае дека има проблеми со арбитража. Со една ставка вие може утре да имате арбитража во градбата и они се разбира си го одбрале тоа што е најповолно за нив, но апсолутно не е поволно за Македонија и е сосема различно од реалноста, но тоа они го прифатиле и сега велат нема да го покажеме договорот. За ова да не се види? Еве ако не стои така добро, нека не демантираат. Нека кажат еве на пример дали во проектирањето, кога ќе се проектира, грешките што ќе се проектираат ќе бидат на изведувачот или на инвеститорот. Јас имам информација дека сите грешки што ќе бидат во проектот ќе ги сноси како последица Јавното претпријатие за државни патишта, а они немаат увид на ништо. Казните и пеналите ќе ги плаќа јавното претпријатие“,  истакна Мисајловски.

Тој исто така додаде дека според информациите во договорот со Бехтел и Енка нема наведено посебни лаборатории каде што се испитуваат сите елементи кои треба да бидат вградени, па стандардите ќе бидат тие што ќе ги каже Бехтел и Енка.

„Во секој ваков проект има посебни лаборатории за сите елементи што се потребни да се вградат се испитуваат. Наводно во овој договор нема такво нешто. Стандардите, сите што ќе ги каже Бехтел и Енка тие ќе бидат. И ако утре не дај боже е технички нешто погрешно и некој да го обжали тоа, во договорот стои дека немаат право бидејќи Бехтел и Енка тогаш ќе каже кој е правиот стандард“, потенцираше Мисајловски и додаде:

„Ви текнува приватизацијата што се направи тука и што го болеше секој еден во државата. Таа приватизација со закон се направи. Се донесе закон и се направи. Ова они што го прават со овие закони моментално ќе направат пљачка на векот и ќе направат штета на векот, но ако бидат разумни да ги послушаат сите коментари што ги имаме, предлози и да има дискусија за да ги подобриме сите овие работи, тогаш можеме да зборуваме за нешто подобро“, заклучи Мисајловски.

The post Мисајловски: Власта прифатила сите грешки кои ќе се јават при проектирање на Коридорот 8 да паднат на наш товар appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостување во Вечерното шоу на Богдан Илиевски на Алфа ТВ, говорејќи за договорот и предлог новите закони со Бехтел и Енка за автопатите истакна дека меѓу најспорните моменти во договорот е тоа што за арбитража ќе важи законодавството на Англија и Велс, што е апсолутно неповолно за Македонија и тоа што според информациите сите грешки што ќе бидат во проектот ќе ги сноси како последица Јавното претпријатие за државни патишта.
„Она што го има наводно во договорот е дека законодавството што утре ќе биде на арбитража ќе биде на Англија и Велс, така се договориле и тоа е многу интересно. Ова го побарува компанијата Бехтел, бидејќи таа е една од најдобрите компании и знае дека има проблеми со арбитража. Со една ставка вие може утре да имате арбитража во градбата и они се разбира си го одбрале тоа што е најповолно за нив, но апсолутно не е поволно за Македонија и е сосема различно од реалноста, но тоа они го прифатиле и сега велат нема да го покажеме договорот. За ова да не се види? Еве ако не стои така добро, нека не демантираат. Нека кажат еве на пример дали во проектирањето, кога ќе се проектира, грешките што ќе се проектираат ќе бидат на изведувачот или на инвеститорот. Јас имам информација дека сите грешки што ќе бидат во проектот ќе ги сноси како последица Јавното претпријатие за државни патишта, а они немаат увид на ништо. Казните и пеналите ќе ги плаќа јавното претпријатие“,  истакна Мисајловски.
Тој исто така додаде дека според информациите во договорот со Бехтел и Енка нема наведено посебни лаборатории каде што се испитуваат сите елементи кои треба да бидат вградени, па стандардите ќе бидат тие што ќе ги каже Бехтел и Енка.
„Во секој ваков проект има посебни лаборатории за сите елементи што се потребни да се вградат се испитуваат. Наводно во овој договор нема такво нешто. Стандардите, сите што ќе ги каже Бехтел и Енка тие ќе бидат. И ако утре не дај боже е технички нешто погрешно и некој да го обжали тоа, во договорот стои дека немаат право бидејќи Бехтел и Енка тогаш ќе каже кој е правиот стандард“, потенцираше Мисајловски и додаде: „Ви текнува приватизацијата што се направи тука и што го болеше секој еден во државата. Таа приватизација со закон се направи. Се донесе закон и се направи. Ова они што го прават со овие закони моментално ќе направат пљачка на векот и ќе направат штета на векот, но ако бидат разумни да ги послушаат сите коментари што ги имаме, предлози и да има дискусија за да ги подобриме сите овие работи, тогаш можеме да зборуваме за нешто подобро“, заклучи Мисајловски.

The post Мисајловски: Власта прифатила сите грешки кои ќе се јават при проектирање на Коридорот 8 да паднат на наш товар appeared first on Република.

]]>
Договорот на Ковачевски и Груби со „Бехтел и Енка“ задира и во безбедноста на државата: Странците ќе работат без работни и дозволи за престој https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dogovorot-na-kovachevski-i-grubi-so-behtel-i-enka-zadira-i-vo-bezbednosta-na-drzhavata-strantsite-ke-rabotat-bez-rabotni-i-dozvoli-za-prestoj/ Fri, 21 Apr 2023 09:17:10 +0000 https://republika.mk/?p=632708

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски откри нови детали за договорот со „Бектел и Енка“. Тој обасни дека се работи за план 11 од договорот што се однесува за бројот на работници и план за работа. Во него е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни.

Согласно договорот, од вкупниот број работници, 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Тоа значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци.

Денеска Николоски објавува уште детали од договорот на Владата со американската фирма „Бехтел и Енка“. Според објавеното странците во Македонија ќе работат без работни дозволи и дозволи за престој.

Како што можете да видите на првиот документ/графикон со црвена боја се странските работници! Огромна бројка, огромни средства ќе се одлеат надвор во услови на немаштија. Од вкупниот број работници САМО 30 отсто ќе бидат домашни, а ДУРИ 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци, пишува Николоски.

Николоски го објаснува и вториот документ што го објави.

Во вториот документ има два сегменти - точна бројка на странски и домашни работници кои ќе бидат ангажирани по години, како и уривањето на правната држава преку одобрението странци да работат без регулиран престој и почитување на законите. За странец да работи потребно е дозвола за престој и работна виза, само за работниците на автопатиштата на „ Бехтел и Енка “ ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза. А тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што е можно некој што има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример. Истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и по шест месеци, барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви безбедносни проблеми тоа лице ќе направи. Ова е уште едно кршење на законите, пишува тој.

Во договорот стои: „Согласно на Посебниот закон член 13 (1), на странските работници вработени во Проектот ќе им биде дозволено да започнат со работа на Проектот по аплицирање запотребните дозволи за престој и работа пред и додека се чека, постапката за издавање на дозволи за престој и работни дозволи да биде одобрена или одбиена.“.

Појасно кршење на закони од ова нема, заклучува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Договорот на Ковачевски и Груби со „Бехтел и Енка“ задира и во безбедноста на државата: Странците ќе работат без работни и дозволи за престој appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски откри нови детали за договорот со „Бектел и Енка“. Тој обасни дека се работи за план 11 од договорот што се однесува за бројот на работници и план за работа. Во него е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни. Согласно договорот, од вкупниот број работници, 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Тоа значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци. Денеска Николоски објавува уште детали од договорот на Владата со американската фирма „Бехтел и Енка“. Според објавеното странците во Македонија ќе работат без работни дозволи и дозволи за престој.
Како што можете да видите на првиот документ/графикон со црвена боја се странските работници! Огромна бројка, огромни средства ќе се одлеат надвор во услови на немаштија. Од вкупниот број работници САМО 30 отсто ќе бидат домашни, а ДУРИ 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци, пишува Николоски.
Николоски го објаснува и вториот документ што го објави.
Во вториот документ има два сегменти - точна бројка на странски и домашни работници кои ќе бидат ангажирани по години, како и уривањето на правната држава преку одобрението странци да работат без регулиран престој и почитување на законите. За странец да работи потребно е дозвола за престој и работна виза, само за работниците на автопатиштата на „ Бехтел и Енка “ ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза. А тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што е можно некој што има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример. Истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и по шест месеци, барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви безбедносни проблеми тоа лице ќе направи. Ова е уште едно кршење на законите, пишува тој.
Во договорот стои: „Согласно на Посебниот закон член 13 (1), на странските работници вработени во Проектот ќе им биде дозволено да започнат со работа на Проектот по аплицирање запотребните дозволи за престој и работа пред и додека се чека, постапката за издавање на дозволи за престој и работни дозволи да биде одобрена или одбиена.“. Појасно кршење на закони од ова нема, заклучува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Договорот на Ковачевски и Груби со „Бехтел и Енка“ задира и во безбедноста на државата: Странците ќе работат без работни и дозволи за престој appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Луѓе блиски до власта купиле земјиште на местото на коридорите за да го продаваат поскапо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-luge-bliski-do-vlasta-kupile-zemjishte-na-mestoto-na-koridorite-za-da-go-prodavaat-poskapo/ Fri, 21 Apr 2023 08:20:28 +0000 https://republika.mk/?p=632646

ВМРО-ДПМНЕ има информации дека луѓе блиски до првите функционери во Владата знаеле каде ќе поминуваат коридорите 8 и 10-Д и веќе купувале земјише за подоцна да го продаваат поскапо, тврди пратеникот Антонијо Милошоски.

Тој рече дека доколку евентуална меѓународна арбитража за Коридорите 8 и 10-д  се одвива според законите на Англија и Велс, тоа ќе е во корист на конзорциумот, но не и на Република Македонија.

Говорејќи за предложените законски измени поврзани со реализацијата на двата автопата, според Милошоски, ваквите измени не ги забрзуваат работите, туку ги зголемуваат трошоците. Во однос на испраќањето на договорот со „Бехтел и Енка“ до Јавното обвинителство, Милошоски вели дека тоа се прави со цел Владата да купи време и да избегне негово објавување.

The post Милошоски: Луѓе блиски до власта купиле земјиште на местото на коридорите за да го продаваат поскапо appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ има информации дека луѓе блиски до првите функционери во Владата знаеле каде ќе поминуваат коридорите 8 и 10-Д и веќе купувале земјише за подоцна да го продаваат поскапо, тврди пратеникот Антонијо Милошоски. Тој рече дека доколку евентуална меѓународна арбитража за Коридорите 8 и 10-д  се одвива според законите на Англија и Велс, тоа ќе е во корист на конзорциумот, но не и на Република Македонија. Говорејќи за предложените законски измени поврзани со реализацијата на двата автопата, според Милошоски, ваквите измени не ги забрзуваат работите, туку ги зголемуваат трошоците. Во однос на испраќањето на договорот со „Бехтел и Енка“ до Јавното обвинителство, Милошоски вели дека тоа се прави со цел Владата да купи време и да избегне негово објавување.

The post Милошоски: Луѓе блиски до власта купиле земјиште на местото на коридорите за да го продаваат поскапо appeared first on Република.

]]>
Не се воведува работна недела од 60 часа, туку се доуредуваат дополнителните часови во работната недела од 40 часа, тврди Битиќи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ne-se-voveduva-rabotna-nedela-od-60-chasa-tuku-se-doureduvaat-dopolnitelnite-chasovi-vo-rabotnata-nedela-od-40-chasa-tvrdi-bitiki/ Fri, 21 Apr 2023 08:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=632648

Со новото законско решение за работните односи се доуредуваат дополнителните часови во работната недела од 40 часа, а не се воведува работна недела од 60 часа, тврди вицепремеирот Фатмир Битиќи. Тој вели дека никаде не пишува дека законското решение уредува работна недела од 60 работни часа.

Тоа се 40 работни часа, со можност за прекувремени часови. Не го бараме за да биде универзално за сите, туку за инвестиции од стратешки карактер, и работникот доколку се согласи. Во сегашното решенија го има, но не е доречено. Заислете работникот работи осум часа, се асфалтира и на осмиот час велат ни заврши работното време. Затоа сакаме да го смениме законското решение, вели Битиќи.

The post Не се воведува работна недела од 60 часа, туку се доуредуваат дополнителните часови во работната недела од 40 часа, тврди Битиќи appeared first on Република.

Битиќи: Си седнале и си проектирале на Гугл мапс, па автопатот минува преку 27 куќи и гробиштата во Бокојчани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitiki-si-sednale-i-si-proektirale-na-gugl-maps-pa-avtopatot-minuva-preku-27-kuki-i-grobishtata-vo-bokojchani/ Fri, 21 Apr 2023 06:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=632644

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, објасни денеска зошто проектот за изградба на коридорите има потребна од законски измени.

-Не слушам никаде да се дискутира еден момент. Зошто никој не праша зошто автопатското решение што „Бехтел и Енка“ ќе го гради е Гостивар-Бокојчани, Требеништа-Струга, а Бокојчани-Кичево како ќе се оди? По колски пат? Зошто тоа прашање никој не го постави? Еве ќе ви кажам, поради тие закони кои ги имаме денес, имаме проект изготвен пре 6-7 години, финансиран од ЕБРД и средства од ЕУ. Решението кое ни го дале на маса имало три опции кои можеле да се изберат. Нашите познати архитекти и проектанти го избрале најдоброто решение за нив. Но најдоброто решение поминува врз село Бокојчани. Значи автопат со 45 метри широчина при што треба да се дислоцираат 27 куќи и гробишта 400 години стари – рече Битиќи во интервју за ТВ21.

Мултинационална компанија како „Бехтел“, додаде тој, не може да си приушти да чека некој да се занимава со вакви ситници.

-На „Гугл мапс“ си седнале и проектирале, не излегле на терен. Законското решение тоа им го нуди. Ние сакавме пред 2 години да го објавиме тендерот, но граѓаните реагираат – извинете, а како ќе ни ги дислоцирате гробиштата? Двете опции кои биле отфрлени биле подобри, поевтини и без никаква штета. Но некој ја избрал оваа траса – рече Битиќи.

Тој рече дека договорот не се објавува поради технолошкиот процес на самата компанија, и дека такви договори се потпишуваат меѓу Влади и големи корпорации.

-Договорот има клаузула за прифатливост и доверливост. Нема ништо да биде сокриено, секој детал и секој денар кој ќе биде потрошен ќе биде обзнаен пред граѓаните, за разлика од другите автопати кои се правеле во минатото – рече Битиќи.

The post Битиќи: Си седнале и си проектирале на Гугл мапс, па автопатот минува преку 27 куќи и гробиштата во Бокојчани appeared first on Република.

Амбасада на САД: Поддржуваме инвестиции од интерес на Македонија, ако има несоодветни активности тие теба да се истражат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ambasada-na-sad-poddrzhuvame-investitsii-od-interes-na-severna-makedonija-ako-ima-nesoodvetni-aktivnosti-tie-teba-da-se-istrazhat/ Thu, 20 Apr 2023 20:49:05 +0000 https://republika.mk/?p=632635

„Амбасадата на САД целосно ги поддржува инвестициите од корист на народот на Македонија. Бидејќи ова не е проект на американската влада, Амбасадата немаше место на преговарачката маса“.

Ова за МИА го изјавија од Американската амбасада во Скопје во врска со изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за обвинувањата на опозицијата за корупција при склучувањето на Договорот со „Бехтел и Енка“, во која тој побара од владите на САД и Турција да кажат „дали во изминатите две години, откако се подготвуваше овој проект, некој од нашата земја побарал нешто од нив или од нивните компании“.

- „Јасно кажавме дека доколку постојат прашања за несоодветни постапувања во овој или кој било друг случај на владини набавки, тие треба да се истражат. Бехтел-ЕНКА успешно договори и реализираше неколку големи проекти низ Западен Балкан“, велат за МИА од Амбасадата на САД.

The post Амбасада на САД: Поддржуваме инвестиции од интерес на Македонија, ако има несоодветни активности тие теба да се истражат appeared first on Република.

]]>

„Амбасадата на САД целосно ги поддржува инвестициите од корист на народот на Македонија. Бидејќи ова не е проект на американската влада, Амбасадата немаше место на преговарачката маса“. Ова за МИА го изјавија од Американската амбасада во Скопје во врска со изјавата на премиерот Димитар Ковачевски за обвинувањата на опозицијата за корупција при склучувањето на Договорот со „Бехтел и Енка“, во која тој побара од владите на САД и Турција да кажат „дали во изминатите две години, откако се подготвуваше овој проект, некој од нашата земја побарал нешто од нив или од нивните компании“. - „Јасно кажавме дека доколку постојат прашања за несоодветни постапувања во овој или кој било друг случај на владини набавки, тие треба да се истражат. Бехтел-ЕНКА успешно договори и реализираше неколку големи проекти низ Западен Балкан“, велат за МИА од Амбасадата на САД.

The post Амбасада на САД: Поддржуваме инвестиции од интерес на Македонија, ако има несоодветни активности тие теба да се истражат appeared first on Република.

]]>
Сомнежите на ВМРО-ДПМНЕ за грабеж во изградбата на коридорите 8 и 10д за ДУИ се антиалбански https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/somnezhite-na-vmro-dpmne-za-grabezh-vo-izgradbata-na-koridorite-8-i-10d-za-dui-se-antialbanski/ Thu, 20 Apr 2023 19:48:00 +0000 https://republika.mk/?p=632608

Владејачката ДУИ излезе со реакција на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хрситијан Мицкоски, кој проектот за коридорите 8 и 10 ги нарече „историски грабеж“ наспроти заложбите на Владата да го претстават како „историски проект“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-gi-nareche-koridorite-8-i-10d-istoriski-grabezh/

Од ДУИ велат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ секој ден потврдува дека е коренито ориентирана против Албанците во земјава, против изградбата на коридорот 8, против интеграцијата во ЕУ и стратешкото пријателство со САД.

„Брутално нелогичната и неискрена кампања на ВМРО против изградбата на нјаголемиот инфраструктурен проект во историјата на земјава е целосно лицемерие. Едно зборуваат на затворени средби, а друго во јавност. Обидите на ВМРО за конкуренција во мртва трка со Левица за тоа кој е повеќе антиалбански настроен, ја враќа земјава пред 2001“, велат од ДУИ.

Во соопштението на ДУИ се вели и дека блокирањето на земјава на патот кон ЕУ и пријателството со САД од страна на ВМРО-ДПМНЕ има за цел засилување на руското влијание во земјава и регионот.

The post Сомнежите на ВМРО-ДПМНЕ за грабеж во изградбата на коридорите 8 и 10д за ДУИ се антиалбански appeared first on Република.

]]>

Владејачката ДУИ излезе со реакција на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хрситијан Мицкоски, кој проектот за коридорите 8 и 10 ги нарече „историски грабеж“ наспроти заложбите на Владата да го претстават како „историски проект“. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-gi-nareche-koridorite-8-i-10d-istoriski-grabezh/ Од ДУИ велат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ секој ден потврдува дека е коренито ориентирана против Албанците во земјава, против изградбата на коридорот 8, против интеграцијата во ЕУ и стратешкото пријателство со САД.
„Брутално нелогичната и неискрена кампања на ВМРО против изградбата на нјаголемиот инфраструктурен проект во историјата на земјава е целосно лицемерие. Едно зборуваат на затворени средби, а друго во јавност. Обидите на ВМРО за конкуренција во мртва трка со Левица за тоа кој е повеќе антиалбански настроен, ја враќа земјава пред 2001“, велат од ДУИ.
Во соопштението на ДУИ се вели и дека блокирањето на земјава на патот кон ЕУ и пријателството со САД од страна на ВМРО-ДПМНЕ има за цел засилување на руското влијание во земјава и регионот.

The post Сомнежите на ВМРО-ДПМНЕ за грабеж во изградбата на коридорите 8 и 10д за ДУИ се антиалбански appeared first on Република.

]]>
Мицкоски ги нарече коридорите 8 и 10д историски грабеж https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-gi-nareche-koridorite-8-i-10d-istoriski-grabezh/ Thu, 20 Apr 2023 19:16:23 +0000 https://republika.mk/?p=632609

Ова не е историски проект, ова е историска пљачка и должничко ропство во кое Владата на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер на СДСМ ја турка Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д.

Тоа е многу важно. Тоа треба да го знаат сите, бидејќи оние милијарда и триста евра нема да бидат милијарда и триста, туку многу лесно ќе дојдат можеби и повеќе од двојно. Зошто? Затоа што ние во текот на вчерашниот ден кажавме дека преку свиркачи добивме верзија на договорот за која тие тврдат дека е верзијата потпишана од Владата со компаниите изведувачи и тука ја користиме оваа прилика да кажам ние со ова немаме апсолутно ништо против компаниите кои успеале вака да сработат еден договор со Владата. Ние имаме проблем со Владата на ДУИ поддржана од СДСМ  која ја става Македонија во подредена улога, изјави Мицкоски.

Претседателот Мицкоски се осврна на неколку моменти.

Прво, лага е дека мнозинството работници ќе бидат од Македонија. Не е точно, малцинство ќе бидат работниците од Македонија и дали ќе успеат и тие да ги најдат. Второ, објавивме документи кои се содржани во договорот дека бараат, иако се свесни дека е антиуставно, продолжување на работната недела од 40 часа на 60. Исто така објавивме дека потпишале договор во кој при евентуален спор не е важечко македонското законодавство, туку е важечко некое друго, законодавство или во случајов она на Англија и Велс кое по својата суштина е различно. Македонското закондавство е во групата на континентални законодавства, а она на Англија и Велс е во групата на англосаксонски модели. И за ова нема деманти или потврда од Владата, укажа Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-samo-30-protsenti-od-rabotnitsite-na-avtopatite-na-bektel-i-enka-ke-bidat-domashni-ostanatite-ke-bidat-od-stranstvo/

Мицкоски укажа и на моментот дека во случај на грешка во проектот ќе плаќаат граѓаните.

И конечно, некој ќе проектира, а евентуалните грешки во проектот ќе ги плаќаме ние преку ЈП за Државни патишта, или граѓаните, државата ќе го плаќа тоа што е згрешено. И во периодот кој ќе следи ќе отвораме од оваа верзија на договор која ни е доставена, ќе отвораме и други детали во јавноста и ќе се занимавме и со цените, но и со оние цени кои во договорот се ставени како ТБД, односно допрва ќе се дефинираат и ние имаме основано сомнение тоа најмалку двојно ќе го зголеми оној буџет кој Ковачевски и оние околу него ни го презентираа во јавноста. Така што допрва ќе се изнаслушате  и изнагледате како еден проект кој навистина треба да се изгради и е дел и од програмата на Колицијата, но не на ваков начин. Не да се пљачка и да се лаже народот. За ова ќе има одговорност. За сите оние кои се обиделе да го манипулираат народот ќе одговараат, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски ги нарече коридорите 8 и 10д историски грабеж appeared first on Република.

]]>

Ова не е историски проект, ова е историска пљачка и должничко ропство во кое Владата на ДУИ поддржана од малцинскиот партнер на СДСМ ја турка Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д.
Тоа е многу важно. Тоа треба да го знаат сите, бидејќи оние милијарда и триста евра нема да бидат милијарда и триста, туку многу лесно ќе дојдат можеби и повеќе од двојно. Зошто? Затоа што ние во текот на вчерашниот ден кажавме дека преку свиркачи добивме верзија на договорот за која тие тврдат дека е верзијата потпишана од Владата со компаниите изведувачи и тука ја користиме оваа прилика да кажам ние со ова немаме апсолутно ништо против компаниите кои успеале вака да сработат еден договор со Владата. Ние имаме проблем со Владата на ДУИ поддржана од СДСМ  која ја става Македонија во подредена улога, изјави Мицкоски.
Претседателот Мицкоски се осврна на неколку моменти.
Прво, лага е дека мнозинството работници ќе бидат од Македонија. Не е точно, малцинство ќе бидат работниците од Македонија и дали ќе успеат и тие да ги најдат. Второ, објавивме документи кои се содржани во договорот дека бараат, иако се свесни дека е антиуставно, продолжување на работната недела од 40 часа на 60. Исто така објавивме дека потпишале договор во кој при евентуален спор не е важечко македонското законодавство, туку е важечко некое друго, законодавство или во случајов она на Англија и Велс кое по својата суштина е различно. Македонското закондавство е во групата на континентални законодавства, а она на Англија и Велс е во групата на англосаксонски модели. И за ова нема деманти или потврда од Владата, укажа Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-samo-30-protsenti-od-rabotnitsite-na-avtopatite-na-bektel-i-enka-ke-bidat-domashni-ostanatite-ke-bidat-od-stranstvo/ Мицкоски укажа и на моментот дека во случај на грешка во проектот ќе плаќаат граѓаните.
И конечно, некој ќе проектира, а евентуалните грешки во проектот ќе ги плаќаме ние преку ЈП за Државни патишта, или граѓаните, државата ќе го плаќа тоа што е згрешено. И во периодот кој ќе следи ќе отвораме од оваа верзија на договор која ни е доставена, ќе отвораме и други детали во јавноста и ќе се занимавме и со цените, но и со оние цени кои во договорот се ставени како ТБД, односно допрва ќе се дефинираат и ние имаме основано сомнение тоа најмалку двојно ќе го зголеми оној буџет кој Ковачевски и оние околу него ни го презентираа во јавноста. Така што допрва ќе се изнаслушате  и изнагледате како еден проект кој навистина треба да се изгради и е дел и од програмата на Колицијата, но не на ваков начин. Не да се пљачка и да се лаже народот. За ова ќе има одговорност. За сите оние кои се обиделе да го манипулираат народот ќе одговараат, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски ги нарече коридорите 8 и 10д историски грабеж appeared first on Република.

]]>
Денес е доста исплатливо да си му помошник на Артан Груби: Кандидатот што ќе победи ќе заработи 65.000 евра за 5 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/denes-e-dosta-isplatlivo-da-si-mu-pomoshnik-na-artan-grubi-kandidatot-shto-ke-pobedi-ke-zaraboti-65-000-evra-za-5-godini/ Thu, 20 Apr 2023 14:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=632533

Во огласот на Јавното претпријатие за државни патишта распишан за привремени вработувања на работници за изградба на коридорите 8 и 10 има посебна ставка која обезбедува доста висока плата за кандидатот кој ќе му биде помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, односно на Артан Груби.

Огласот е на определено време до 22 јануари 2028 додина, а најдобриот кандидат во овие 5 години месечно ќе зема основна плата од 70.052 денари.

Критериумите што треба да го исполни помошникот на Груби се завршно високо образование од областа на инженерство и технологија или градежништво и да има најмалку шестгодишно искуство во струката. Одлично треба да го познава англискиот јазик и програмите за канцелариско работење. Треба да е државјанин на Македонија, да го користи активно македонскиот јазик.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-baraat-rabotnitsi-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-oglasot-nudi-40-chasovna-rabotna-nedela-i-plata-do-70-000-denari/

The post Денес е доста исплатливо да си му помошник на Артан Груби: Кандидатот што ќе победи ќе заработи 65.000 евра за 5 години appeared first on Република.

]]>

Во огласот на Јавното претпријатие за државни патишта распишан за привремени вработувања на работници за изградба на коридорите 8 и 10 има посебна ставка која обезбедува доста висока плата за кандидатот кој ќе му биде помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, односно на Артан Груби. Огласот е на определено време до 22 јануари 2028 додина, а најдобриот кандидат во овие 5 години месечно ќе зема основна плата од 70.052 денари. Критериумите што треба да го исполни помошникот на Груби се завршно високо образование од областа на инженерство и технологија или градежништво и да има најмалку шестгодишно искуство во струката. Одлично треба да го познава англискиот јазик и програмите за канцелариско работење. Треба да е државјанин на Македонија, да го користи активно македонскиот јазик. https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-baraat-rabotnitsi-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-oglasot-nudi-40-chasovna-rabotna-nedela-i-plata-do-70-000-denari/