коридор сувалки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koridor-suvalki/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Apr 2022 18:40:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png коридор сувалки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koridor-suvalki/ 32 32 Украина бара Полска и Литванија целосно да го отсечат Калининград, Русија може да биде принудена воено да обезбеди коридор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-bara-polska-i-litvanija-celosno-da-go-otsechat-kaliningrad-rusija-moze-da-bide-prinudena-voeno-da-obezbedi-koridor/ Mon, 04 Apr 2022 19:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=483290

Руските медиуми посветија особено внимание на изјавата на амбасадорот на Украина во Полска, Андриј Дешчица, кој изјави дека неговата земја преговара со Полска и балтичките земји за целосно затворање на границите со Русија и Белорусија.

Ние (украинската страна) преговараме со Министерството за инфраструктура на Полска, со владата на Полска со цел целосно затворање на границите (меѓу Полска и Белорусија). Дури и ако одлуката не е донесена на ниво на ЕУ - изјави Дешчица.

Тој исто така информираше дека Украина апелирала до Литванија, Летонија и Естонија „во исто време да ги затворат своите граници со Руската Федерација и со Белорусија“.

Мислам дека оваа одлука (за затворање на границите ) ќе биде донесена. Тогаш нема да треба да ја чекаме ЕУ и целосно ќе ги блокираме сите испораки за Руската Федерација - порача Дешчица.

Според него, доколку балтичките земји се одлучат на ваков чекор, за такви мерки нема да биде потребна посебна дозвола од Европската Унија. Во тој случај, секој транспорт до и од Русија преку Летонија, Литванија и Естонија може да биде блокиран.

Во меѓувреме, одлуката на Литванија да ја затвори границата со Белорусија ќе доведе до прашање на комуникација меѓу главните територии на Русија и Калининград, руската енклава на Балтичкото Морре, која од Руската Федерација е одвоена и со Белорусија.

Веројатно е дека забраната на Вилнус за Русите да ја минуваат границата може да резултира со насилно создавање на коридор од копното до Калининград, со сите последователни последици што може да ги предизвика таквата одлука. Русија повторно ќе биде принудена на екстремни мерки за одбрана на своите национални интереси и територијален интегритет, пишуваат руските медиуми.

https://www.youtube.com/watch?v=UVpdj9jxjzo&feature=emb_title

Во исто време, министерот за јавна администрација на Естонија, Јаак Ааб, во интервју за телевизискиот канал ЕРР, истакна дека владата на неговата земја нема да се меша во копнениот премин на руско-естонската граница. Ааб ја смета за сосема можна забраната за издавање туристички визи од Руската Федерација во Естонија.

Што е коридорот Сувалки?

Коридорот Сувалки е единствената копнена врска меѓу Калининград и Белорусија и е коридор долг 65 километри, кој НАТО го користи за снабдување на балтичките држави со оружје и опрема.

Името на коридорот се поврзува со истоимениот град во североисточна Полска, крај границата со Литванија. Всушност, тоа е граница на четирите земји Полска, Литванија, Белорусија и Русија (енклавата Калининград) на самиот раб на Балтичкото Море.

Од друга страна, Литванија е подготвена да го брани коридорот Сувалки по секоја цена во случај на војна. Според медиумите, Полска и другите членки на НАТО ќе помогнат.

Долго време Литванија и Полска развиваа заеднички план (стратешка насока) за одбрана на коридорот Сувалки. Она од што стравува Вилнус е дека Русија и Белорусија, во заедничка операција, ќе ја блокираат оваа стратешка комуникациска рута со тенкови и војници, што целосно ќе ја отсече оваа членка на ЕУ и НАТО од остатокот на Европа, а со тоа и уште две земји, Летонија и Естонија.

https://www.youtube.com/watch?v=K-JEd1VNzE8&feature=emb_title

Затоа, Полска и Литванија веќе имаат детален план за одбрана на овој коридор. Имено, би се формирала заедничка полско-литванска единица, односно борбена група која би имала само една задача - да издржи колку што може до пристигнување на засилувања од литванската и естонската армија, како и борбените групи на НАТО стационирани на Балтикот.

Планот, кој наводно постои, ја одредува локацијата на единиците и каде ќе бидат нивните позиции доколку Русите тргнат со тенкови, како маневрите на борбените групи, огнената поддршка и противвоздушната одбрана која треба да ја запре борбената авијација на Русија и евентуалните хеликоптерски десанти.

The post Украина бара Полска и Литванија целосно да го отсечат Калининград, Русија може да биде принудена воено да обезбеди коридор appeared first on Република.

]]>

Руските медиуми посветија особено внимание на изјавата на амбасадорот на Украина во Полска, Андриј Дешчица, кој изјави дека неговата земја преговара со Полска и балтичките земји за целосно затворање на границите со Русија и Белорусија.
Ние (украинската страна) преговараме со Министерството за инфраструктура на Полска, со владата на Полска со цел целосно затворање на границите (меѓу Полска и Белорусија). Дури и ако одлуката не е донесена на ниво на ЕУ - изјави Дешчица.
Тој исто така информираше дека Украина апелирала до Литванија, Летонија и Естонија „во исто време да ги затворат своите граници со Руската Федерација и со Белорусија“.
Мислам дека оваа одлука (за затворање на границите ) ќе биде донесена. Тогаш нема да треба да ја чекаме ЕУ и целосно ќе ги блокираме сите испораки за Руската Федерација - порача Дешчица.
Според него, доколку балтичките земји се одлучат на ваков чекор, за такви мерки нема да биде потребна посебна дозвола од Европската Унија. Во тој случај, секој транспорт до и од Русија преку Летонија, Литванија и Естонија може да биде блокиран. Во меѓувреме, одлуката на Литванија да ја затвори границата со Белорусија ќе доведе до прашање на комуникација меѓу главните територии на Русија и Калининград, руската енклава на Балтичкото Морре, која од Руската Федерација е одвоена и со Белорусија. Веројатно е дека забраната на Вилнус за Русите да ја минуваат границата може да резултира со насилно создавање на коридор од копното до Калининград, со сите последователни последици што може да ги предизвика таквата одлука. Русија повторно ќе биде принудена на екстремни мерки за одбрана на своите национални интереси и територијален интегритет, пишуваат руските медиуми. https://www.youtube.com/watch?v=UVpdj9jxjzo&feature=emb_title Во исто време, министерот за јавна администрација на Естонија, Јаак Ааб, во интервју за телевизискиот канал ЕРР, истакна дека владата на неговата земја нема да се меша во копнениот премин на руско-естонската граница. Ааб ја смета за сосема можна забраната за издавање туристички визи од Руската Федерација во Естонија.

Што е коридорот Сувалки?

Коридорот Сувалки е единствената копнена врска меѓу Калининград и Белорусија и е коридор долг 65 километри, кој НАТО го користи за снабдување на балтичките држави со оружје и опрема. Името на коридорот се поврзува со истоимениот град во североисточна Полска, крај границата со Литванија. Всушност, тоа е граница на четирите земји Полска, Литванија, Белорусија и Русија (енклавата Калининград) на самиот раб на Балтичкото Море. Од друга страна, Литванија е подготвена да го брани коридорот Сувалки по секоја цена во случај на војна. Според медиумите, Полска и другите членки на НАТО ќе помогнат. Долго време Литванија и Полска развиваа заеднички план (стратешка насока) за одбрана на коридорот Сувалки. Она од што стравува Вилнус е дека Русија и Белорусија, во заедничка операција, ќе ја блокираат оваа стратешка комуникациска рута со тенкови и војници, што целосно ќе ја отсече оваа членка на ЕУ и НАТО од остатокот на Европа, а со тоа и уште две земји, Летонија и Естонија. https://www.youtube.com/watch?v=K-JEd1VNzE8&feature=emb_title Затоа, Полска и Литванија веќе имаат детален план за одбрана на овој коридор. Имено, би се формирала заедничка полско-литванска единица, односно борбена група која би имала само една задача - да издржи колку што може до пристигнување на засилувања од литванската и естонската армија, како и борбените групи на НАТО стационирани на Балтикот. Планот, кој наводно постои, ја одредува локацијата на единиците и каде ќе бидат нивните позиции доколку Русите тргнат со тенкови, како маневрите на борбените групи, огнената поддршка и противвоздушната одбрана која треба да ја запре борбената авијација на Русија и евентуалните хеликоптерски десанти.

The post Украина бара Полска и Литванија целосно да го отсечат Калининград, Русија може да биде принудена воено да обезбеди коридор appeared first on Република.

]]>