Коридор 8 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koridor-8/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 14:07:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Коридор 8 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koridor-8/ 32 32 До крајот на годината ќе заврши експропријацијата за автопатите на Коридорот 8 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/do-krajot-na-godinata-ke-zavrshi-eksproprijatsijata-za-avtopatite-na-koridorot-8/ Mon, 28 Oct 2024 14:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=831747

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денескаизврши увид во текот на работите на Коридорот 8 во близина на Гостивар, на трасата Гостивар – Букојчани, по која директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски најави дека на овој крупен инфраструктурен проект се работи интензивно.

Трајановски зборувајќи за напредокот на работите на Коридорот 8 најави дека експропријацијата на имотите низ кој треба да поминува автопатот е во тек и дека досега е завршена половината и дека остануваа околу 2.400 предмети. Тој не можеше да потврди дали рокот за изградба, бидејќи како што посочи, се работи за голем зафат и зависи од повеќе фактори, но како што нагласи се работи на тоа да биде запазен.

До Нова година ќе ја завршиме епскпропријацијата целосно, а тоа ќе овозможи „Бехтел и Енка да работи непречено. За еден месец, расчистивме и два километри траса од дрвна маса, кој не била ни отпочната. Важно е дека работиме како тим и посветено за да се заврши овој проект, рече Трајановски.

За претседателот на Владата Христијан Мицкоски ова е значаен момент, бидејќи како што рече после две години ветувања и празни муабети денес конечно може да се види нешто коешто нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници.

Тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сè како претседател на Владата да стане и реалност. Ние сме земја којашто за жал не излегува на море и тоа некој може да го смета како недостаток, но ние треба да сме умни и тој недостаток да го направиме во наша предност, бидејќи сме природна крстосница на два многу значајни коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10, рече Мицкоски.

Тој оцени дека изминативе четири месеци како Влада и три месеци како раководство во ЈПДП е направено двојно па дури тројно повеќе, споредено со две години претходно. Мицкоски посочи дека ваквата состојба произлегла и од преговорите кои со раководството на компанијата „Бехтел“ започнаа уште при неговата посета на Вашингтон, на Самитот на НАТО.

Така што, уште еднаш сакам на сите да им се заблагодарам за учеството, за придонесот во изминативе би рекол ефективни три месеци. Тоа се луѓето пред сè во Јавното претпријатие за државни патишта коишто го координираат целиот овој процес заедно со луѓето од конзорциумот „Бехтел и Енка“ и раководствата на општините низ коишто ќе поминуваат овие коридори, потенцира премиерот.

Според министерот за транспорт и врски, Александар Николовски станува збор за исклучителен проект и прв од ваков обем по педесет години станува збор за комплетно ново решение од двете страни по три ленти вкупно шест ленти и плус помошен пат.

Од тука го заобиколува градот Гостивар, се движи над река Врадар, оди на три големи мостови кои одат лево од Стража, се заобиколува Стража оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во претселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради, изјави министерот Николоски.

Споре него овој автопат ќе значи поврзување на главниот град на нашата држава со Охрид и Струга и патувањето ќе трае до еден час и половина.

Амбасадорката на САД Анџела Агелер, напомена станува збор за доказ од одличното партнерство меѓу САД и Македонија.

Ова е во корист на граѓаните, ќе помогне на трговијата, на инвестициите, а кога други компании, вклучително и големи американски компании ќе гледаат проекти како овој, тоа ќе биде доказот што име потребен, за да знаат дека инвестирањето има смисла, бидејќи може да напредувате, рече амбасадорката Агелер.

The post До крајот на годината ќе заврши експропријацијата за автопатите на Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денескаизврши увид во текот на работите на Коридорот 8 во близина на Гостивар, на трасата Гостивар – Букојчани, по која директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски најави дека на овој крупен инфраструктурен проект се работи интензивно. Трајановски зборувајќи за напредокот на работите на Коридорот 8 најави дека експропријацијата на имотите низ кој треба да поминува автопатот е во тек и дека досега е завршена половината и дека остануваа околу 2.400 предмети. Тој не можеше да потврди дали рокот за изградба, бидејќи како што посочи, се работи за голем зафат и зависи од повеќе фактори, но како што нагласи се работи на тоа да биде запазен.
До Нова година ќе ја завршиме епскпропријацијата целосно, а тоа ќе овозможи „Бехтел и Енка да работи непречено. За еден месец, расчистивме и два километри траса од дрвна маса, кој не била ни отпочната. Важно е дека работиме како тим и посветено за да се заврши овој проект, рече Трајановски.
За претседателот на Владата Христијан Мицкоски ова е значаен момент, бидејќи како што рече после две години ветувања и празни муабети денес конечно може да се види нешто коешто нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници.
Тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сè како претседател на Владата да стане и реалност. Ние сме земја којашто за жал не излегува на море и тоа некој може да го смета како недостаток, но ние треба да сме умни и тој недостаток да го направиме во наша предност, бидејќи сме природна крстосница на два многу значајни коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10, рече Мицкоски.
Тој оцени дека изминативе четири месеци како Влада и три месеци како раководство во ЈПДП е направено двојно па дури тројно повеќе, споредено со две години претходно. Мицкоски посочи дека ваквата состојба произлегла и од преговорите кои со раководството на компанијата „Бехтел“ започнаа уште при неговата посета на Вашингтон, на Самитот на НАТО.
Така што, уште еднаш сакам на сите да им се заблагодарам за учеството, за придонесот во изминативе би рекол ефективни три месеци. Тоа се луѓето пред сè во Јавното претпријатие за државни патишта коишто го координираат целиот овој процес заедно со луѓето од конзорциумот „Бехтел и Енка“ и раководствата на општините низ коишто ќе поминуваат овие коридори, потенцира премиерот.
Според министерот за транспорт и врски, Александар Николовски станува збор за исклучителен проект и прв од ваков обем по педесет години станува збор за комплетно ново решение од двете страни по три ленти вкупно шест ленти и плус помошен пат.
Од тука го заобиколува градот Гостивар, се движи над река Врадар, оди на три големи мостови кои одат лево од Стража, се заобиколува Стража оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во претселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради, изјави министерот Николоски.
Споре него овој автопат ќе значи поврзување на главниот град на нашата држава со Охрид и Струга и патувањето ќе трае до еден час и половина. Амбасадорката на САД Анџела Агелер, напомена станува збор за доказ од одличното партнерство меѓу САД и Македонија.
Ова е во корист на граѓаните, ќе помогне на трговијата, на инвестициите, а кога други компании, вклучително и големи американски компании ќе гледаат проекти како овој, тоа ќе биде доказот што име потребен, за да знаат дека инвестирањето има смисла, бидејќи може да напредувате, рече амбасадорката Агелер.

The post До крајот на годината ќе заврши експропријацијата за автопатите на Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Вистинското прашање е до каде е проектот за Коридорот 8 во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-vistinskoto-prashane-e-do-kade-e-proektot-za-koridorot-8-vo-albanija/ Thu, 17 Oct 2024 12:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=828064

Коридорот 8 за нас е важен исто како Коридорот 10 бидејќи мојот сон како претседател на Владата е Македонија да биде раскрсница по три основи – железничка, патна и енергетска, а без Коридорот 8 нема да биде железничка. Вистинското прашање до каде е овој проект во Албанија, дали таму постои проект, дали таму почнала владата да го прави и дали е тој во приоритетите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Ние нашата посветеност ја покажавме и докажавме со тоа што Секцијата 1, делот 1 којшто е од Куманово до Бељаковце веќе го завршуваме, Секцијата 2 од Бељаковце до Крива Паланка се гради, а за Секцијата 3 од Крива Паланка до граница со Бугарија додека не видиме од бугарска страна јасна посветеност и проект ние немаме намера да ги трошиме парите, бидејќи тие пари ќе ги насочиме за други проекти коишто се во овој момент поприоритетни. Тоа е изјавата на Николовски, а тоа е и мој став, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на тетовското село Радиовце.

На вчерашниот состанок во Брисел меѓу македонската и бугарската делегација, како што рече, е констатирано дека половина тунел на бугарска страна недостасува, односно нема проект и дека тој проект ќе биде најрано готов во 2026 година, како и дека откако тој проект ќе биде завршен ќе се прави проект за останата секција која што недостасува за да се приклучи до моментално постојната пруга која што е дел од Коридорот 8 што треба да ги поврзе пристаништата Бургас и Драч.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-saka-pruga-kon-bugarija-no-ne-prifaka-realizatsija-na-proekt-shto-zavrshuva-vo-tunel/

Овие 24 километри коишто се од македонска страна за коишто вие граѓаните треба да платите пола милијарда евра, јас нема да ги трошам за на изведувачот да му кажувам кои компании да бидат подизведувачи, кој да носи бетон, кој да носи песок, кој да носи арматура. Ќе сретнете многу компании од овој дел коишто сега работат во Крива Паланка и носат ваков тип на материјали за секцијата 1 и за секцијата 2. Кој дал такви насоки допрва јавноста ќе дознае и ќе биде сведок. Но, ние нема да ги потрошиме овие половина милијарда ваши пари се додека од бугарска страна не биде готов проектот затоа што нема да градиме пруга која што ќе заврши во слепа улица на пола тунел, посочи Мицкоски.

Истакна дека не е нормално од Тетово до Охрид да се стигнува за три часа и најави дека до почетокот на следната туристичка сезона ќе се пушти во употреба делницата од Арбиново до Охрид на автопатот Кичево - Охрид.

Седум години претходната влада ама буквално ништо не направи за да го заврши автопатот Кичево – Охрид, а оваа Влада првата Секција од местото Арбиново до Охрид ќе ја пушти пред да почне туристичката сезона следната година со исклучок на делот кај село Ботун, бидејќи има големо свлечиште. Останатиот дел од автопатот од Арбиново до Кичево очекувам да биде готов до крајот на 2026 година. Има 16 критични места, од коишто 10 ќе се решат преку проектирање со Градежниот факултет, шест ќе ги решава фирмата изведувач и со ова дали преку тераса или преку шипови ќе ја стабилизираме земјата и конечно овој пат ќе биде завршен, рече Мицкоски.

Како што кажа, лицата од ДУИ од претходната влада две години се сликаа, дека го отпочнуваат Коридорот 8 и Коридорот 10д и освен што исплатија 350 милиони евра аванс не се поместија ниеден милиметар ниту од Коридорот 8 ниту од Коридорот 10д.

Што направи оваа Влада? Веќе го завршува експресниот пат од местото наречено Чатал до Длабочица и од Длабочица до Крива Паланка, тоа е дел од Коридорот 8 којшто беше до никаде кога дојдовме во Владата на 24 јуни. Но, тоа не беше интерес на овие од ДУИ, тоа беше оставено на оние од СДСМ. Ајде сега на овие од ДУИ што им беше интерес. Немаа решено ниту еден квадратен метар имотно-правни односи коишто ние ги решивме и веќе отпочнаа теренските работи на дел од автопатот којшто е дел од Коридорот 10д помеѓу Прилеп и Битола, а наскоро ќе почне и од Гостивар до Букојчани т.е. веќе се почнати бетонските работи, темелењето на првиот мост којшто треба да го поврзе Гостивар со Букојчани, така работи оваа Влада, прецизира Мицкоски.

The post Мицкоски: Вистинското прашање е до каде е проектот за Коридорот 8 во Албанија appeared first on Република.

]]>

Коридорот 8 за нас е важен исто како Коридорот 10 бидејќи мојот сон како претседател на Владата е Македонија да биде раскрсница по три основи – железничка, патна и енергетска, а без Коридорот 8 нема да биде железничка. Вистинското прашање до каде е овој проект во Албанија, дали таму постои проект, дали таму почнала владата да го прави и дали е тој во приоритетите, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Ние нашата посветеност ја покажавме и докажавме со тоа што Секцијата 1, делот 1 којшто е од Куманово до Бељаковце веќе го завршуваме, Секцијата 2 од Бељаковце до Крива Паланка се гради, а за Секцијата 3 од Крива Паланка до граница со Бугарија додека не видиме од бугарска страна јасна посветеност и проект ние немаме намера да ги трошиме парите, бидејќи тие пари ќе ги насочиме за други проекти коишто се во овој момент поприоритетни. Тоа е изјавата на Николовски, а тоа е и мој став, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на тетовското село Радиовце.
На вчерашниот состанок во Брисел меѓу македонската и бугарската делегација, како што рече, е констатирано дека половина тунел на бугарска страна недостасува, односно нема проект и дека тој проект ќе биде најрано готов во 2026 година, како и дека откако тој проект ќе биде завршен ќе се прави проект за останата секција која што недостасува за да се приклучи до моментално постојната пруга која што е дел од Коридорот 8 што треба да ги поврзе пристаништата Бургас и Драч. https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-saka-pruga-kon-bugarija-no-ne-prifaka-realizatsija-na-proekt-shto-zavrshuva-vo-tunel/
Овие 24 километри коишто се од македонска страна за коишто вие граѓаните треба да платите пола милијарда евра, јас нема да ги трошам за на изведувачот да му кажувам кои компании да бидат подизведувачи, кој да носи бетон, кој да носи песок, кој да носи арматура. Ќе сретнете многу компании од овој дел коишто сега работат во Крива Паланка и носат ваков тип на материјали за секцијата 1 и за секцијата 2. Кој дал такви насоки допрва јавноста ќе дознае и ќе биде сведок. Но, ние нема да ги потрошиме овие половина милијарда ваши пари се додека од бугарска страна не биде готов проектот затоа што нема да градиме пруга која што ќе заврши во слепа улица на пола тунел, посочи Мицкоски.
Истакна дека не е нормално од Тетово до Охрид да се стигнува за три часа и најави дека до почетокот на следната туристичка сезона ќе се пушти во употреба делницата од Арбиново до Охрид на автопатот Кичево - Охрид.
Седум години претходната влада ама буквално ништо не направи за да го заврши автопатот Кичево – Охрид, а оваа Влада првата Секција од местото Арбиново до Охрид ќе ја пушти пред да почне туристичката сезона следната година со исклучок на делот кај село Ботун, бидејќи има големо свлечиште. Останатиот дел од автопатот од Арбиново до Кичево очекувам да биде готов до крајот на 2026 година. Има 16 критични места, од коишто 10 ќе се решат преку проектирање со Градежниот факултет, шест ќе ги решава фирмата изведувач и со ова дали преку тераса или преку шипови ќе ја стабилизираме земјата и конечно овој пат ќе биде завршен, рече Мицкоски.
Како што кажа, лицата од ДУИ од претходната влада две години се сликаа, дека го отпочнуваат Коридорот 8 и Коридорот 10д и освен што исплатија 350 милиони евра аванс не се поместија ниеден милиметар ниту од Коридорот 8 ниту од Коридорот 10д.
Што направи оваа Влада? Веќе го завршува експресниот пат од местото наречено Чатал до Длабочица и од Длабочица до Крива Паланка, тоа е дел од Коридорот 8 којшто беше до никаде кога дојдовме во Владата на 24 јуни. Но, тоа не беше интерес на овие од ДУИ, тоа беше оставено на оние од СДСМ. Ајде сега на овие од ДУИ што им беше интерес. Немаа решено ниту еден квадратен метар имотно-правни односи коишто ние ги решивме и веќе отпочнаа теренските работи на дел од автопатот којшто е дел од Коридорот 10д помеѓу Прилеп и Битола, а наскоро ќе почне и од Гостивар до Букојчани т.е. веќе се почнати бетонските работи, темелењето на првиот мост којшто треба да го поврзе Гостивар со Букојчани, така работи оваа Влада, прецизира Мицкоски.

The post Мицкоски: Вистинското прашање е до каде е проектот за Коридорот 8 во Албанија appeared first on Република.

]]>
Николовски за Коридор 8: Овој проект нема да се работи, дали ќе работиме нов ќе видиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-za-koridor-8-ovoj-proekt-nema-da-se-raboti-dali-ke-rabotime-nov-ke-vidime/ Thu, 17 Oct 2024 09:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=827947

Начелна согласност за продолжување за завршување на проектот и изградба на пругата на Коридор 8 е постигнат, а министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николовски, изјави дека проектот ќе мора да се смени бидејќи за постоечкиот проект и цена нема согласност од македонска страна.

Почна дијалог вчера во Брисел. Следно за две недели на 31 пак средба. Да видиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот нормално да се разгледа цената, по оваа цена секако дека не можеме. Да видиме што ќе направиме. Јас сеуште сум против овој проект. Овој проект сигурно нема да се работи дали ќе работиме нов, ќе видиме, изјави Николовски за „Телма“.

Во официјалното соопштение на Министерството за транспорт и врски стои дека единствен прифатлив услов на Македонија за реализација на пругата е ако Бугарија почне со проектирање на тунелска цевка, а двете земји заеднички извршат пробивање на тунелот.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-saka-pruga-kon-bugarija-no-ne-prifaka-realizatsija-na-proekt-shto-zavrshuva-vo-tunel/

The post Николовски за Коридор 8: Овој проект нема да се работи, дали ќе работиме нов ќе видиме appeared first on Република.

]]>

Начелна согласност за продолжување за завршување на проектот и изградба на пругата на Коридор 8 е постигнат, а министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николовски, изјави дека проектот ќе мора да се смени бидејќи за постоечкиот проект и цена нема согласност од македонска страна.
Почна дијалог вчера во Брисел. Следно за две недели на 31 пак средба. Да видиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот нормално да се разгледа цената, по оваа цена секако дека не можеме. Да видиме што ќе направиме. Јас сеуште сум против овој проект. Овој проект сигурно нема да се работи дали ќе работиме нов, ќе видиме, изјави Николовски за „Телма“.
Во официјалното соопштение на Министерството за транспорт и врски стои дека единствен прифатлив услов на Македонија за реализација на пругата е ако Бугарија почне со проектирање на тунелска цевка, а двете земји заеднички извршат пробивање на тунелот. https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-saka-pruga-kon-bugarija-no-ne-prifaka-realizatsija-na-proekt-shto-zavrshuva-vo-tunel/

The post Николовски за Коридор 8: Овој проект нема да се работи, дали ќе работиме нов ќе видиме appeared first on Република.

]]>
Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-do-2026-ta-ke-imame-novi-moderni-granichni-premini-na-deve-bair-i-kafasan-ke-go-olesnime-transportot-i-trgovijata-za-nashite-kompanii/ Sat, 05 Oct 2024 14:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=823160

Претседателот на Влaдата, Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, директорот на Царинската управа Бобан Николовски и Масимилијано Паолучи директорот на Светска банка за Македонија, денеска го означија почетокот на модернизација на граничниот премин Деве Баир. Инвестицијата е 1, 6 милиони евра, а реконструкцијата се реализира во сорабтока меѓу Министерството за транспорт и Царинската управа.

Во продолжение интегралното обраќање на заменик претседателот Николоски:

Благодарам за поддршката на Светска банка што ја дава за овој и многу други бројни проекти. Со целосна подршка на Владата и премиерот Мицкоски работиме многу инфраструктурни проекти во ист временски период. Почнуваме и многу е важно да ги завршуваме проектите. Овој проект го започнуваме денеска а треба да биде завршен до мај 2025 година и да имаме прва фаза завршена од реконструкција на граничниот премин Деве Баир. Во моментов работиме на нов детален урбанистички план од А категорија кој што треба да не однесе до втората фаза на реализација на граничниот премин, така што во текот на следната година ќе почнеме, а во текот на 2026 година ќе го завршиме целосен овој граничен премин и во делот на граничната управа и во делот на фитосанитарната управа и во делот на граничната полиција и секако со повеќе сообраќајни ленти. До овој граничен премин веќе од Нова година ќе води еден убав експресен пат. Веќе сме во завршна фаза на изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка и исто така да најавам дека почнуваме проектирање нова траса со цел поврзување од Куманово со новиот експресн пат до Ранковце, така што од Скопје до граничниот премин да се стигнува во едно пријатно возење од час/час и десетина минути. Се надевам дека и нашите соседи ќе посветуваат исто или слично внимание како што ние посветуваме на Коридор 8, тука мислам на Бугарија и Албанија како дел од Коридор 8. Можам да најавам дека деновиве започнуваме и со реконструкција и на граничниот премин Ќафасан, слични вакви активности и очекувам до мај следната година и тој да биде ставен во функција, изјави заменик претседателот Николоски.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека модернизацијата на овој граничен премин е силна политичка порака.

Со самата оваа реконструкција и со реконструкција на ГП Клепало, покажуваме дека секоја точка на Македонија ни е важна. Македонските граѓани кои што ќе го отплаќаат овој кредит земен од Светска банка, ќе добијат модерни гранични премини а Царинската управа поефикасни услови за работа. Преку модернизација на граничните премини ќе создадеме подобри услови и ќе се избегнат оние гужви и турканици, додаде премиерот Мицкоски.

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, истакна дека инвестирањето и подобрувањето на граничните премини е дел од заложбите за побрза интеграција во ЕУ. Изградбата на нов современ објект за стоково царинење, на нова управна зграда ќе ги подобри условите за работа на царинските и полициските службеници и сите инспекциски служби на граничните премини, потенцираше директорот на Царинската управа, Николовски.

The post Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Влaдата, Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, директорот на Царинската управа Бобан Николовски и Масимилијано Паолучи директорот на Светска банка за Македонија, денеска го означија почетокот на модернизација на граничниот премин Деве Баир. Инвестицијата е 1, 6 милиони евра, а реконструкцијата се реализира во сорабтока меѓу Министерството за транспорт и Царинската управа. Во продолжение интегралното обраќање на заменик претседателот Николоски:
Благодарам за поддршката на Светска банка што ја дава за овој и многу други бројни проекти. Со целосна подршка на Владата и премиерот Мицкоски работиме многу инфраструктурни проекти во ист временски период. Почнуваме и многу е важно да ги завршуваме проектите. Овој проект го започнуваме денеска а треба да биде завршен до мај 2025 година и да имаме прва фаза завршена од реконструкција на граничниот премин Деве Баир. Во моментов работиме на нов детален урбанистички план од А категорија кој што треба да не однесе до втората фаза на реализација на граничниот премин, така што во текот на следната година ќе почнеме, а во текот на 2026 година ќе го завршиме целосен овој граничен премин и во делот на граничната управа и во делот на фитосанитарната управа и во делот на граничната полиција и секако со повеќе сообраќајни ленти. До овој граничен премин веќе од Нова година ќе води еден убав експресен пат. Веќе сме во завршна фаза на изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка и исто така да најавам дека почнуваме проектирање нова траса со цел поврзување од Куманово со новиот експресн пат до Ранковце, така што од Скопје до граничниот премин да се стигнува во едно пријатно возење од час/час и десетина минути. Се надевам дека и нашите соседи ќе посветуваат исто или слично внимание како што ние посветуваме на Коридор 8, тука мислам на Бугарија и Албанија како дел од Коридор 8. Можам да најавам дека деновиве започнуваме и со реконструкција и на граничниот премин Ќафасан, слични вакви активности и очекувам до мај следната година и тој да биде ставен во функција, изјави заменик претседателот Николоски.
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека модернизацијата на овој граничен премин е силна политичка порака.
Со самата оваа реконструкција и со реконструкција на ГП Клепало, покажуваме дека секоја точка на Македонија ни е важна. Македонските граѓани кои што ќе го отплаќаат овој кредит земен од Светска банка, ќе добијат модерни гранични премини а Царинската управа поефикасни услови за работа. Преку модернизација на граничните премини ќе создадеме подобри услови и ќе се избегнат оние гужви и турканици, додаде премиерот Мицкоски.
Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, истакна дека инвестирањето и подобрувањето на граничните премини е дел од заложбите за побрза интеграција во ЕУ. Изградбата на нов современ објект за стоково царинење, на нова управна зграда ќе ги подобри условите за работа на царинските и полициските службеници и сите инспекциски служби на граничните премини, потенцираше директорот на Царинската управа, Николовски.  

The post Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Македонските граѓани ќе имаат модерен граничен премин којшто е дел од Коридорот 8 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-makedonskite-gragani-ke-imaat-moderen-granichen-premin-kojshto-e-del-od-koridorot-8/ Sat, 05 Oct 2024 14:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=823154

Македонските граѓани ќе имаат модерен граничен премин којшто е дел од Коридорот 8 и тоа е една силна политичка порака затоа што изминатиов период бевме обвинувани дека Коридорот 8 не бил толку приоритетен, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на настанот со кој официјално беше означен стартот на проектот за изградба на нов современ административен објект на терминалот за стоково царинење, како и целосна реконструкција на самата управна зграда на граничниот премин Деве Баир.

Проектот е финансиран со кредит од Светска Банка и изнесува 96.000.000 денари.

На настанот присуствуваа и министерот за тарнспорт и врски, Александар Николоски, директорот на царинската управа, Бобан Николовски и Масимилијано Паолучи, претставник од Светска банка во земјава.

Добро е тоа што македонските граѓани коишто ќе го враќаат овој кредит од Светската банка ќе имаат модерен граничен премин, дел од Коридорот 8 и тоа е една силна политичка порака затоа што изминатиов период бевме обвинувани дека Коридорот 8 не бил толку приоритетен, друг коридор Коридорот 10 бил приоритетен. Но, со самото ова и она што ќе започне од понеделник, тоа е реконструкција на ГП Клепало покажуваме јасна определба дека секоја точка на Македонија нас ни е важна, и дека нема да оставиме ниту една точка којашто нема да биде реконструирана и реновирана, порача Мицкоски.

Тој посочи дека македонските граѓани кои што ќе ги плаќаат овие кредити коишто ги зема македонската Влада ќе добијат европски услови кога ќе ги поминуваат граничните премини и ќе нема повеќе гужва и турканици како што тоа било во минатото, како и поефикасна работа на Царинската управа.

Инвестирањето во модернизација на граничното управување и подобра поврзаност со нашиот источен сосед Бугарија се дел од заложбите за побрзо интегрирање во единствениот пазар на Европската унија. Денеска официјално започнуваме со изградба на нов собремен административен објект на терминалот за стоково царинење, како и целосна реконструкција на самата управна зграда на граничниот премин Деве Баир. Со реконструкција на управната зграда ќе добиеме нови помодерни услови, современи услови за работа на царинските, но и на полициските службеници, а со изградба на новиот објект за стоково царинење, покрај царинските службеници, бенефит ќе имаат и сите инспекциски служби како државниот инспекторат за земјоделие, граничната фито-санитарна инспекција и агенцијата за храна и ветеринарство. Воедно, процедурите за извоз, увоз и транзит ќе се одвиваат на едно место, што ќе значи олеснување за економските оператори и скратено време за завршување на псотапките, рече директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Годинава заклучно со септември на овој граничен премин поминале 88.213 камиони, 11 проценти повеќе од минатата година. Од аспект на наплата на приходи на буџетот на терминалот на стоково царинење на Деве Баир наплатени се 1.4 милијарди денари или 110 милиони повеќе од лани, тенденција што одговорните планираат да расте.

Денеска означуваме важна пресвртница за Македонија, со отпочнување градежни активности што значително ќе го подобрат работењето на сите службеници на граничниот премин Деве Баир. Економската интеграција во регионот и во ЕУ останува клучен двигател на економскиот раст и за просперитет на Западен Балкан. ЕУ е најголем трговски партнер и најголем извор на директни странски инвестиции во регионот, нудејќи пристап до пазар со повеќе од 500.000 потрошувачи со висок приход. На самитот на Берлинскиот процес минатиот септември, лидерите од Западен Балкан дадоа поддршка за поголема поддршка и транспорт, но и олеснување како следен чекор до полесен пристап кон единствениот пазар на ЕУ. Ова вклучува намалување на чекањето на граничните премини, намалување на трошоците и давачките за увоз-извоз, намалување на времето за транзит, како и намалување на разликите во поглед на Европските стандарди. Приближувањето на Западен Балкан поблиску до Европскиот пазар е еден од четирите столбови на планот за раст на ЕУ и се очекува да им донесе придобивка на сите граѓани пред влез во ЕУ, рече Паолучи.

Посочи дека Светска банка ја поддржува оваа агенда преку многу проекти, но, пред се преку олеснување на трговија и транспорт на Западен Балкан, со подобра транспортна ефикасност, зголемен пристап до трговија и инвестиции. Модернизацијата, рече, е само почеток, а во следниот период овде на Деве Баир ќе се имплементира и проширување на лентите.

Истовремено се поддржува и модернизација на Ќафасан, подобрување со инсталација на современа опрема со зголемена контрола на патничките и товарни возила, како и возилата на овластени економски оператори. Ваквите подобрувања значително ќе го зголемат протокот на возила и ќе го намалат времето на чекање. Зголемениот фокус врз интегративниот процес и палнот за раст на ЕУ, иницијативата за зелени ленти и континуираниот дијалог со Берлинскиот процес овозможуваат одлични услови за забрзување на напредокот и подобри услови за трговија на приватниот сектор низ границите, рече претставникот на Светска Банка.

Министерот Николоски рече дека реконструкцијата на оваа прва фаза од граничниот премин се очекува да заврши до мај 2025, а оти веќе се работи на втората фаза, на изработка на ДУП за втора фаза за граничниот премин, што, според него, ако почне да се реконструира во 2025 година, во 2026 ќе има комплетно новореконструиран граничен премин на Деве Баир.

https://www.youtube.com/live/o7E42CVny98?si=EzWC6LuVMdJeVefE

The post Мицкоски: Македонските граѓани ќе имаат модерен граничен премин којшто е дел од Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>

Македонските граѓани ќе имаат модерен граничен премин којшто е дел од Коридорот 8 и тоа е една силна политичка порака затоа што изминатиов период бевме обвинувани дека Коридорот 8 не бил толку приоритетен, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на настанот со кој официјално беше означен стартот на проектот за изградба на нов современ административен објект на терминалот за стоково царинење, како и целосна реконструкција на самата управна зграда на граничниот премин Деве Баир. Проектот е финансиран со кредит од Светска Банка и изнесува 96.000.000 денари. На настанот присуствуваа и министерот за тарнспорт и врски, Александар Николоски, директорот на царинската управа, Бобан Николовски и Масимилијано Паолучи, претставник од Светска банка во земјава.
Добро е тоа што македонските граѓани коишто ќе го враќаат овој кредит од Светската банка ќе имаат модерен граничен премин, дел од Коридорот 8 и тоа е една силна политичка порака затоа што изминатиов период бевме обвинувани дека Коридорот 8 не бил толку приоритетен, друг коридор Коридорот 10 бил приоритетен. Но, со самото ова и она што ќе започне од понеделник, тоа е реконструкција на ГП Клепало покажуваме јасна определба дека секоја точка на Македонија нас ни е важна, и дека нема да оставиме ниту една точка којашто нема да биде реконструирана и реновирана, порача Мицкоски.
Тој посочи дека македонските граѓани кои што ќе ги плаќаат овие кредити коишто ги зема македонската Влада ќе добијат европски услови кога ќе ги поминуваат граничните премини и ќе нема повеќе гужва и турканици како што тоа било во минатото, како и поефикасна работа на Царинската управа.
Инвестирањето во модернизација на граничното управување и подобра поврзаност со нашиот источен сосед Бугарија се дел од заложбите за побрзо интегрирање во единствениот пазар на Европската унија. Денеска официјално започнуваме со изградба на нов собремен административен објект на терминалот за стоково царинење, како и целосна реконструкција на самата управна зграда на граничниот премин Деве Баир. Со реконструкција на управната зграда ќе добиеме нови помодерни услови, современи услови за работа на царинските, но и на полициските службеници, а со изградба на новиот објект за стоково царинење, покрај царинските службеници, бенефит ќе имаат и сите инспекциски служби како државниот инспекторат за земјоделие, граничната фито-санитарна инспекција и агенцијата за храна и ветеринарство. Воедно, процедурите за извоз, увоз и транзит ќе се одвиваат на едно место, што ќе значи олеснување за економските оператори и скратено време за завршување на псотапките, рече директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
Годинава заклучно со септември на овој граничен премин поминале 88.213 камиони, 11 проценти повеќе од минатата година. Од аспект на наплата на приходи на буџетот на терминалот на стоково царинење на Деве Баир наплатени се 1.4 милијарди денари или 110 милиони повеќе од лани, тенденција што одговорните планираат да расте.
Денеска означуваме важна пресвртница за Македонија, со отпочнување градежни активности што значително ќе го подобрат работењето на сите службеници на граничниот премин Деве Баир. Економската интеграција во регионот и во ЕУ останува клучен двигател на економскиот раст и за просперитет на Западен Балкан. ЕУ е најголем трговски партнер и најголем извор на директни странски инвестиции во регионот, нудејќи пристап до пазар со повеќе од 500.000 потрошувачи со висок приход. На самитот на Берлинскиот процес минатиот септември, лидерите од Западен Балкан дадоа поддршка за поголема поддршка и транспорт, но и олеснување како следен чекор до полесен пристап кон единствениот пазар на ЕУ. Ова вклучува намалување на чекањето на граничните премини, намалување на трошоците и давачките за увоз-извоз, намалување на времето за транзит, како и намалување на разликите во поглед на Европските стандарди. Приближувањето на Западен Балкан поблиску до Европскиот пазар е еден од четирите столбови на планот за раст на ЕУ и се очекува да им донесе придобивка на сите граѓани пред влез во ЕУ, рече Паолучи.
Посочи дека Светска банка ја поддржува оваа агенда преку многу проекти, но, пред се преку олеснување на трговија и транспорт на Западен Балкан, со подобра транспортна ефикасност, зголемен пристап до трговија и инвестиции. Модернизацијата, рече, е само почеток, а во следниот период овде на Деве Баир ќе се имплементира и проширување на лентите.
Истовремено се поддржува и модернизација на Ќафасан, подобрување со инсталација на современа опрема со зголемена контрола на патничките и товарни возила, како и возилата на овластени економски оператори. Ваквите подобрувања значително ќе го зголемат протокот на возила и ќе го намалат времето на чекање. Зголемениот фокус врз интегративниот процес и палнот за раст на ЕУ, иницијативата за зелени ленти и континуираниот дијалог со Берлинскиот процес овозможуваат одлични услови за забрзување на напредокот и подобри услови за трговија на приватниот сектор низ границите, рече претставникот на Светска Банка.
Министерот Николоски рече дека реконструкцијата на оваа прва фаза од граничниот премин се очекува да заврши до мај 2025, а оти веќе се работи на втората фаза, на изработка на ДУП за втора фаза за граничниот премин, што, според него, ако почне да се реконструира во 2025 година, во 2026 ќе има комплетно новореконструиран граничен премин на Деве Баир. https://www.youtube.com/live/o7E42CVny98?si=EzWC6LuVMdJeVefE  

The post Мицкоски: Македонските граѓани ќе имаат модерен граничен премин којшто е дел од Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-tselosno-se-rekonstruira-granichniot-premin-deve-bair-del-od-koridorot-8/ Sat, 05 Oct 2024 13:05:29 +0000 https://republika.mk/?p=823109

Да честитам на Министерството за транспорт, на Царинската управа, се разбира кредитот којшто е добиен од страна на Светска банка, добро е тоа што македонските граѓани коишто ќе го враќаат овој кредит од Светската банка ќе имаат модерен граничен премин којшто е дел од Коридорот 8 и тоа е една силна политичка порака затоа што изминатиов период бевме обвинувани дека Коридорот 8 не бил толку приоритетен, друг коридор Коридорот 10 бил приоритетен, но со самото ова и она што ќе започне од понеделник, тоа е реконструкција на ГП Клепало - изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното поставување на камен темелник на нов објект на терминалот за стоково царинење со што се означува почетокот од надградбата и реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир и Ќафасан.

Тој додаде:

Покажуваме јасна определба дека секоја точка на Македонија нас ни е важна, и дека нема да оставиме ниту една точка којашто нема да биде реконструирана и реновирана. Мораме да напоменеме дека македонските граѓани коишто ќе го отплаќаат овој кредит ќе добијат модерен граничен премин исто така ќе добијат модерни гранични премини каде што ќе имаме поефикасна работа на Царинската управа.

Кога сме кај ефикасната работа на Царинската управа можам, да кажам дека пред 2 во суштина беше тоа, е спречена нелегална трговија на 36 килограми опојна дрога, марихуана, а во текот на вчерашниот ден имаше нелегална трговија на лекарства исто така во огромна количина и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Криминалците нема да бидат повеќе безбедни. Со заминување на власта на претходната Влада на СДСМ и ДУИ пораката којашто сакаме да ја упатиме е дека секој оној што ги почитува законите и Уставот ја има и нашата почит, но секој оној криминалец без разлика дали е тоа политички или поинаков ќе биде фатен, спроведен и однесен да одговара за тоа што го прави.

Така што мора да има правна држава насекаде, на целата територија на Република Македонија, но важно е дека македонските граѓани коишто ќе ги плаќаат овие кредити коишто ги зима македонската Влада ќе добијат европски услови кога ќе ги поминуваат граничните премини и ќе нема повеќе гужва и турканици како што тоа беше во минатото.

Вкупната вредност за изведба на првата фаза од овие проекти изнесува 118 милиони денари, од кои 96 милиони денари за надградба и реконструкција на граничен премин Деве Баир и 22 милиони денари за реконструкција и надградба на граничен премин Ќафасан. На граничниот премин Ќафасан веќе се започнати градежни активности коишто треба да завршат во период од 6 месеци.

Проектот за надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир ќе се одвива во две фази.

Првата фаза опфаќа изградба на нов современ административен објект на терминалот за стоково царинење, како и целосна реконструкција на постоечката Управна зграда на самиот граничен премин. За оваа намена Министерството за транспорт склучи договор за градежни работи со македонска фирма во вредност од 96 милиони денари. Средствата за оваа намена се обезбедени преку Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка.

Со реконструкцијата на Управната зграда ќе се добијат современи услови за работа на царинските и полициските службеници, а со изградбата на новиот објект на терминалот за стоково царинење покрај царинските службеници, бенефит ќе имаат и службениците од Државниот инспекторат за земјоделие и граничната Фитосанитарна инспекција како и од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Воедно процедурите за увоз, извоз и транзит ќе се одвиваат на едно место, што ќе претставува олеснување за економските оператори, а ќе се придонесе и кон скратување на времетраењето на завршување на постапките.

The post Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>

Да честитам на Министерството за транспорт, на Царинската управа, се разбира кредитот којшто е добиен од страна на Светска банка, добро е тоа што македонските граѓани коишто ќе го враќаат овој кредит од Светската банка ќе имаат модерен граничен премин којшто е дел од Коридорот 8 и тоа е една силна политичка порака затоа што изминатиов период бевме обвинувани дека Коридорот 8 не бил толку приоритетен, друг коридор Коридорот 10 бил приоритетен, но со самото ова и она што ќе започне од понеделник, тоа е реконструкција на ГП Клепало - изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното поставување на камен темелник на нов објект на терминалот за стоково царинење со што се означува почетокот од надградбата и реконструкцијата на граничниот премин Деве Баир и Ќафасан. Тој додаде:
Покажуваме јасна определба дека секоја точка на Македонија нас ни е важна, и дека нема да оставиме ниту една точка којашто нема да биде реконструирана и реновирана. Мораме да напоменеме дека македонските граѓани коишто ќе го отплаќаат овој кредит ќе добијат модерен граничен премин исто така ќе добијат модерни гранични премини каде што ќе имаме поефикасна работа на Царинската управа. Кога сме кај ефикасната работа на Царинската управа можам, да кажам дека пред 2 во суштина беше тоа, е спречена нелегална трговија на 36 килограми опојна дрога, марихуана, а во текот на вчерашниот ден имаше нелегална трговија на лекарства исто така во огромна количина и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Криминалците нема да бидат повеќе безбедни. Со заминување на власта на претходната Влада на СДСМ и ДУИ пораката којашто сакаме да ја упатиме е дека секој оној што ги почитува законите и Уставот ја има и нашата почит, но секој оној криминалец без разлика дали е тоа политички или поинаков ќе биде фатен, спроведен и однесен да одговара за тоа што го прави. Така што мора да има правна држава насекаде, на целата територија на Република Македонија, но важно е дека македонските граѓани коишто ќе ги плаќаат овие кредити коишто ги зима македонската Влада ќе добијат европски услови кога ќе ги поминуваат граничните премини и ќе нема повеќе гужва и турканици како што тоа беше во минатото.
Вкупната вредност за изведба на првата фаза од овие проекти изнесува 118 милиони денари, од кои 96 милиони денари за надградба и реконструкција на граничен премин Деве Баир и 22 милиони денари за реконструкција и надградба на граничен премин Ќафасан. На граничниот премин Ќафасан веќе се започнати градежни активности коишто треба да завршат во период од 6 месеци. Проектот за надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир ќе се одвива во две фази. Првата фаза опфаќа изградба на нов современ административен објект на терминалот за стоково царинење, како и целосна реконструкција на постоечката Управна зграда на самиот граничен премин. За оваа намена Министерството за транспорт склучи договор за градежни работи со македонска фирма во вредност од 96 милиони денари. Средствата за оваа намена се обезбедени преку Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка. Со реконструкцијата на Управната зграда ќе се добијат современи услови за работа на царинските и полициските службеници, а со изградбата на новиот објект на терминалот за стоково царинење покрај царинските службеници, бенефит ќе имаат и службениците од Државниот инспекторат за земјоделие и граничната Фитосанитарна инспекција како и од Агенцијата за храна и ветеринарство. Воедно процедурите за увоз, извоз и транзит ќе се одвиваат на едно место, што ќе претставува олеснување за економските оператори, а ќе се придонесе и кон скратување на времетраењето на завршување на постапките.

The post Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за поткупот за пругата кон Бугарија: Обвинителството само да ги види подизведувачите и се ќе стане јасно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-potkupot-za-prugata-kon-bugarija-obvinitelstvoto-samo-da-gi-vidi-podizveduvachite-i-se-ke-stane-jasno/ Thu, 03 Oct 2024 18:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=822367

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека даваат шанса на државниот јавен обвинител да се докаже, бидејќи е избран од страна на претходното собраниско мнозинство.

Во интервју за Канал 5 запрашан за митото кое му било нудено за третата секција од пругата кон Бугарија, рече дека во моментов МВР води истрага кон НН лице.

Тој додаде дека само треба да се погледнат кои биле подизведувачи на проектите и се ќе станело јасно.

„Треба да се запрашаме што се случувало со Секција 1 и секција 2. Бидејќи ова е за секција 3. За да биде појасно за граѓаните, пругата е во три дела. И не треба некој да е многу паметен и остроумен, треба само да ги виде подизведувачите кои се таму и ќе ги поврзе сите“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Дали е повикан или дал изјава за поткупот, Мицкоски не одговори.

Инаку, за овој децениски проект кој е ветуван од страна на секоја влада од осамостојувањето треба да финишира кога ќе бидат изградени последните 23 километри. Според пресметката, еден километар железничка пруга според овој тендер треба да чини 24 милиони евра.

Од друга страна пак, брзината со која треба да се движат возовите ќе биде од 60 до 80 километри на час. Во последниве неколку години поради неактивност на проектот кој веќе добил европски ари, а земјава не ги искористила, од државната каса биле платени пенали во висика од 4,6 милиони евра.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, повика Основното јавно обвинителство да започне постапка во врска со изјавата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека му нуделе поткуп.

Мицкоски на 27 август изјави дека тоа му било понудено во врска со тендерска постапка за пругата кон Бугарија, дел од Коридорот 8.

The post Мицкоски за поткупот за пругата кон Бугарија: Обвинителството само да ги види подизведувачите и се ќе стане јасно appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека даваат шанса на државниот јавен обвинител да се докаже, бидејќи е избран од страна на претходното собраниско мнозинство. Во интервју за Канал 5 запрашан за митото кое му било нудено за третата секција од пругата кон Бугарија, рече дека во моментов МВР води истрага кон НН лице. Тој додаде дека само треба да се погледнат кои биле подизведувачи на проектите и се ќе станело јасно. „Треба да се запрашаме што се случувало со Секција 1 и секција 2. Бидејќи ова е за секција 3. За да биде појасно за граѓаните, пругата е во три дела. И не треба некој да е многу паметен и остроумен, треба само да ги виде подизведувачите кои се таму и ќе ги поврзе сите“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Дали е повикан или дал изјава за поткупот, Мицкоски не одговори. Инаку, за овој децениски проект кој е ветуван од страна на секоја влада од осамостојувањето треба да финишира кога ќе бидат изградени последните 23 километри. Според пресметката, еден километар железничка пруга според овој тендер треба да чини 24 милиони евра. Од друга страна пак, брзината со која треба да се движат возовите ќе биде од 60 до 80 километри на час. Во последниве неколку години поради неактивност на проектот кој веќе добил европски ари, а земјава не ги искористила, од државната каса биле платени пенали во висика од 4,6 милиони евра. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, повика Основното јавно обвинителство да започне постапка во врска со изјавата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека му нуделе поткуп. Мицкоски на 27 август изјави дека тоа му било понудено во врска со тендерска постапка за пругата кон Бугарија, дел од Коридорот 8.

The post Мицкоски за поткупот за пругата кон Бугарија: Обвинителството само да ги види подизведувачите и се ќе стане јасно appeared first on Република.

]]>
Филипче ја викнал Бисера Антоанета на состанок за трошоците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-ja-viknal-bisera-antoaneta-na-sostanok-za-troshotsite/ Sun, 01 Sep 2024 12:54:03 +0000 https://republika.mk/?p=811990

Основното јавно обвинителство да отвори постапка во врска со изјавата на Мицкоски за Коридорот 8, а случајот со поранешна министерка за култура, Бисера Костадиновска - Стојчевска да го расчистат институциите, рече денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања по партискиот собир за зголемување на платите на наставниците, Филипче најави дека денеска ќе има средба со Костадиновска - Стојчевска по повод обвинувањата што ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ, дека за време на службено патување трошела буџетски средства за лични потреби.

- За денеска закажав состанок со поранешната министерка за култура. Инсистирам тој случај да го расчистат институциите и доколку има каква било одговорност, секој што направил некаква неправилност, да сноси одговорност за таа работа. Сакам да го осудам тоа што Владата ги користи сите инструменти на партиски ПР да се справува со ова прашање, подвлече Филипче.

Во врска со Коридорот 8, Филипче е дециден дека тоа што го изнесе Мицкоски е сериозно поради што мора да биде отворена постапка.

-Коридорот 8 е извор на многу дисонантни тонови во Владата. Премиерот излегува со една изјава, министерот за транспорт со друга, министерката за финансии во однос на средствата вели „може - не може“ да се пренаменат. Но, тоа што премиерот го изјави на прес-конеференција е многу сериозно. Зачудува што тој изјавува, а ниту една друга институција за тоа нема информација, нема информација ОЈО, нема информација ДКСК. Инстистираме ОЈО да отвори постапка, а премиерот да ги каже сите информации, зашто ако тоа не се случи, тој е на некој начин соучесник во тоа. Го осудувам тој пристап на самокористење на говорницата и ПР пораки за некакви сериозни работи. Овие работи се навистина сериозни. Станува дополнително збор за проект во кој заем дава ЕУ. Значи, и тие институции не мониторираат апропо ова прашање. Така што, треба Обвинителството да отвори постапка и да се расчисти тоа до крај, потенцира Филипче.

На прашањето дали и во претходната влада имало некакви сомнежи и пријави за корупција во врска со овој случај, лидерот на СДСМ одговори дека апсолутно нема таква информација.

The post Филипче ја викнал Бисера Антоанета на состанок за трошоците appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство да отвори постапка во врска со изјавата на Мицкоски за Коридорот 8, а случајот со поранешна министерка за култура, Бисера Костадиновска - Стојчевска да го расчистат институциите, рече денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче. Одговарајќи на новинарски прашања по партискиот собир за зголемување на платите на наставниците, Филипче најави дека денеска ќе има средба со Костадиновска - Стојчевска по повод обвинувањата што ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ, дека за време на службено патување трошела буџетски средства за лични потреби.
- За денеска закажав состанок со поранешната министерка за култура. Инсистирам тој случај да го расчистат институциите и доколку има каква било одговорност, секој што направил некаква неправилност, да сноси одговорност за таа работа. Сакам да го осудам тоа што Владата ги користи сите инструменти на партиски ПР да се справува со ова прашање, подвлече Филипче.
  Во врска со Коридорот 8, Филипче е дециден дека тоа што го изнесе Мицкоски е сериозно поради што мора да биде отворена постапка.
-Коридорот 8 е извор на многу дисонантни тонови во Владата. Премиерот излегува со една изјава, министерот за транспорт со друга, министерката за финансии во однос на средствата вели „може - не може“ да се пренаменат. Но, тоа што премиерот го изјави на прес-конеференција е многу сериозно. Зачудува што тој изјавува, а ниту една друга институција за тоа нема информација, нема информација ОЈО, нема информација ДКСК. Инстистираме ОЈО да отвори постапка, а премиерот да ги каже сите информации, зашто ако тоа не се случи, тој е на некој начин соучесник во тоа. Го осудувам тој пристап на самокористење на говорницата и ПР пораки за некакви сериозни работи. Овие работи се навистина сериозни. Станува дополнително збор за проект во кој заем дава ЕУ. Значи, и тие институции не мониторираат апропо ова прашање. Така што, треба Обвинителството да отвори постапка и да се расчисти тоа до крај, потенцира Филипче.
На прашањето дали и во претходната влада имало некакви сомнежи и пријави за корупција во врска со овој случај, лидерот на СДСМ одговори дека апсолутно нема таква информација.

The post Филипче ја викнал Бисера Антоанета на состанок за трошоците appeared first on Република.

]]>
МВР постапува по предмети поврзани со криминал и корупција, од ЈО нема информација каде е поднесена пријава за поткуп за Коридорот 8 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-postapuva-po-predmeti-povrzani-so-kriminal-i-koruptsija-od-jo-nema-informatsija-kade-e-podnesena-prijava-za-potkup-za-koridorot-8/ Tue, 27 Aug 2024 15:40:35 +0000 https://republika.mk/?p=810664

Министерството за внатрешни работи постапува по повеќе предмети кои се поврзани со криминал и корупција. Во моментот кога истите ќе бидат во напредна фаза, соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од МВР за МИА во врска со денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека имало обид врз него за поткуп за Коридорот 8, за како претседател на Владата да ја прифати тендерската документација за пругата кон Бугарија.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција, информираат дека до моментов немаат добиено пријава за поткуп, додека од Јавното обвинителство велат дека немаат информација каде е поднесена.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска обелодени дека врз него имало обид за поткуп за Коридорот 8, за како претседател на Владата да ја прифати тендерската документација што истекува на 17 септември. Мицкоски не прецизираше кој стои зад поткупот, само кажа дека „се знае како оди тоа, преку канали за комуникација“. За ова ги известил партнерите од ЕУ со кои имал состанок, а тие, рече, со разбирање ги прифатиле аргументите. Дијалогот со бугарската страна, информира Мицкоски, ќе се одвива во Брисел, на високо ниво, а процесот ќе го фасилитира Европската комисија.

Според Мицкоски, за обидот за поткуп се информирани сите надлежни институции.

- Лично кажувам, пред целата македонска јавност, дека за Коридорот 8, секцијата 3, пругата, врз мене имаше обид да ми биде понуден поткуп со што јас како премиер би потпишал прифаќање на оваа тендерска документација што истекува на 17 септември. Затоа кажав дека се додека сум премиер, нема да го прифатам овој тендер. Завршија времињата на таков тип комуникација со претседателот на Владата, можеби со некои други имало така, со овој нема така. Сите институции кои треба да бидат информирани, се информирани. Нормално дека тоа не оди транспарентно и со докази, преку документ. Се знае дека тоа е канал за комуникација, но сум доволно искусен за да предвидам дека целта на соговорникот е таа за која зборував, потенцира Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања, премиерот подвлече дека приоритет се сите коридори што минуваат низ земјава, а на Коридорот 8 и Коридорот 10, нагласи, ќе се работи со истата посветеност зашто двата се за државата многу важни.

The post МВР постапува по предмети поврзани со криминал и корупција, од ЈО нема информација каде е поднесена пријава за поткуп за Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи постапува по повеќе предмети кои се поврзани со криминал и корупција. Во моментот кога истите ќе бидат во напредна фаза, соодветно ќе ја известиме јавноста, велат од МВР за МИА во врска со денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека имало обид врз него за поткуп за Коридорот 8, за како претседател на Владата да ја прифати тендерската документација за пругата кон Бугарија. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција, информираат дека до моментов немаат добиено пријава за поткуп, додека од Јавното обвинителство велат дека немаат информација каде е поднесена. Премиерот Христијан Мицкоски денеска обелодени дека врз него имало обид за поткуп за Коридорот 8, за како претседател на Владата да ја прифати тендерската документација што истекува на 17 септември. Мицкоски не прецизираше кој стои зад поткупот, само кажа дека „се знае како оди тоа, преку канали за комуникација“. За ова ги известил партнерите од ЕУ со кои имал состанок, а тие, рече, со разбирање ги прифатиле аргументите. Дијалогот со бугарската страна, информира Мицкоски, ќе се одвива во Брисел, на високо ниво, а процесот ќе го фасилитира Европската комисија. Според Мицкоски, за обидот за поткуп се информирани сите надлежни институции.
- Лично кажувам, пред целата македонска јавност, дека за Коридорот 8, секцијата 3, пругата, врз мене имаше обид да ми биде понуден поткуп со што јас како премиер би потпишал прифаќање на оваа тендерска документација што истекува на 17 септември. Затоа кажав дека се додека сум премиер, нема да го прифатам овој тендер. Завршија времињата на таков тип комуникација со претседателот на Владата, можеби со некои други имало така, со овој нема така. Сите институции кои треба да бидат информирани, се информирани. Нормално дека тоа не оди транспарентно и со докази, преку документ. Се знае дека тоа е канал за комуникација, но сум доволно искусен за да предвидам дека целта на соговорникот е таа за која зборував, потенцира Мицкоски.
Одговорајќи на новинарски прашања, премиерот подвлече дека приоритет се сите коридори што минуваат низ земјава, а на Коридорот 8 и Коридорот 10, нагласи, ќе се работи со истата посветеност зашто двата се за државата многу важни.

The post МВР постапува по предмети поврзани со криминал и корупција, од ЈО нема информација каде е поднесена пријава за поткуп за Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ми нудеа поткуп за Коридорот 8 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-mi-nudea-potkup-za-koridorot-8/ Tue, 27 Aug 2024 11:48:43 +0000 https://republika.mk/?p=810581

Преку комуникациски канали врз премиерот Христијан Мицкоски изминатиот период имало обид за понуда на поткуп со цел да се добие неговата согласност за тендерската документација за коридорот 8.

Ова денеска го сподели со јавноста токму тој, на денешната прес-конференција во Владата. Рече дека случајот е пријавен кај надлежните.

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека за коридорот 8, секцијата три за пругата добил понуда за поткуп и дека веќе го има пријавено. Тој кажа дека требало да потпише за оваа тендерска документација за која рокот завршува на 17 септември, но дека истиот не го прифатил.

Додека сум јас премиер, не можам никогаш да ставам потпис на проект, да потрошам пола милијарда пари на моите граѓани за проект кој завршува на половина тунел, на слепа улица. Бидејќи бев жртва на обид за поткуп поврзан со тој проект, јас кажав дека ваков каков што нема никогаш да го поддржам, затоа што тука не станува збор за македонските даночни обврзници, туку и на европските“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Ми нудеа поткуп за Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>

Преку комуникациски канали врз премиерот Христијан Мицкоски изминатиот период имало обид за понуда на поткуп со цел да се добие неговата согласност за тендерската документација за коридорот 8. Ова денеска го сподели со јавноста токму тој, на денешната прес-конференција во Владата. Рече дека случајот е пријавен кај надлежните. Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека за коридорот 8, секцијата три за пругата добил понуда за поткуп и дека веќе го има пријавено. Тој кажа дека требало да потпише за оваа тендерска документација за која рокот завршува на 17 септември, но дека истиот не го прифатил.
Додека сум јас премиер, не можам никогаш да ставам потпис на проект, да потрошам пола милијарда пари на моите граѓани за проект кој завршува на половина тунел, на слепа улица. Бидејќи бев жртва на обид за поткуп поврзан со тој проект, јас кажав дека ваков каков што нема никогаш да го поддржам, затоа што тука не станува збор за македонските даночни обврзници, туку и на европските“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Ми нудеа поткуп за Коридорот 8 appeared first on Република.

]]>
МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-koridorot-8-e-od-strateshko-znachene-no-vazhna-e-i-podgotvenost-za-sorabotka-na-bugarija/ Tue, 30 Jul 2024 15:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=801767

Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање дали ЕБОР и ЕУ се известени за пренамена на парите за пругата кон Бугарија, кажа дека од Владата се уште не добил барање за пренамена на парите за пругата кон Бугарија. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак попладнево излезе со соопштение во кое нагласи дека земјава во однос на Коридор 8 е свесна за неговото геостратешкото значење и како држава реализирала бројни активности за регионално поврзување и завршување на оската Запад-Исток, но напомена дека со цел успешна реализација на ваквите проекти, особено значајно е да постои целосна подготвеност за соработка и од страна на Бугарија.

-Министерството за европски прашања само го координира целиот процес и ние може кон такво нешто да пристапиме само ако има такво барање од нас. Кога ќе стигне такво барање ќе видиме прво што би значело тоа во смисла на проектот, бидејќи како што знаете, во првата секција веќе не може да се интервенира. Таму не може да се стопираат работите. Ако е начелото да не инвестираме во проект што ќе заврши сред тунел во граница со Бугарија, тогаш таквиот пристап значи дека проектот ќе заврши на првата секција. Значи, пак завршува негде кај што не може да се користи, прво. И второ, треба да имаме предвид дека станува збор за коридор, Албанија до Бугарија. Колку што имам јас почетни информации, на албанската страна веќе се гради. Така што, ќе треба да го видиме малку пошироко на ниво на коридор целиот проект, рече Муртезани.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак попладнево излезе со соопштение во кое наведе дека Република Македонија е силно посветена на остварување на поставените цели во рамките на НАТО и на создавање регионална инфраструктура, како дел од Европската мрежа на коридори, кои имаат за цел да го засилат економското влијание и да ја олеснат трговијата и транспортот во регионот. Во однос на железничкиот Коридор 8, додава МНР, Република Македонија е свесна за геостратешкото значење на овој патен коридор и како земја реализира бројни активности за регионално поврзување и завршување на оската Запад-Исток.

-Земјаќи ја предвид геополитичката позиција на транспортните коридори 8 и 10, Република Македонија ги презема сите неопходни активности за нивна доизградба и модернизација. Во делот на патната инфраструктура оваа година се завршува изградбата на експресниот пат од Куманово до Крива Паланка и преку завршената рехабилитација на патниот правец од Крива Паланка до границата со Бугарија, што претставува вкупна инвестиција од 105 милиони евра, со што ќе се создаде ново модерно патно решение, кое значително ќе влијае врз размената на добра и услуги, како и на зголемување на економската соработка меѓу двете земји, стои во соопштението на МНР.

Оттаму потсетуваат дека претходно целосно е рехабилитирана автопатската делница Скопје - Куманово и со овие инвестиции се намали времетратењето на патување на релација Скопје - Софија на помалку од 2 часа и 30 минути.

-Во однос на железничкиот Коридор 8, Македонија е свесна за геостратешкото значење на овој патен коридор и како земја реализира бројни активности за регионално поврзување и завршување на оската Запад-Исток. Во тој контекст, нагласуваме дека во фаза на реализација е изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце, што претставува инвестиција од 40 милиони евра. Воедно, истакнуваме дека во фаза на реализација е и изградбата на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, што е инвестиција вредна 155 милиони евра. Дополнително, во фаза сме на тендерска постапка за избор на Изведувач за изградба на последната делница од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир, пруга која завршува во претпоставен тунел, велат од Министерството.

Исто така, додаваат оттаму, Македонија ги превзема и исполни сите обврски од Билатералниот договор од 1993 година за изградба на граничниот премин Берово – Клепало, како и инфраструктурата до граничниот премин.

-Имајќи го предвид горенаведеното, уште еднаш нагласуваме дека Македонија ги презема сите неопходни активности за изградба на повеќе крупни регионално – инфраструктурни проекти кои се од споделено стратешко значење за земјава, регионот и Европската унија. Во таа смисла истакнуваме, дека со цел успешна реализација на ваквите проекти, особено значајно е да постои целосна подготвеност за соработка и од страна на Бугарија. Во оваа прилика, искрено очекуваме Бугарија да ги преземе сите неопходни активности во насока на унапредување на инфраструктурата на Коридор 8, како и да ги исполни обврските кои произлегуваат од Билатералниот договор од 1993 година за изградба на граничниот премин Берово – Клепало, нагласуваат од МНР.

Министерството оценува дека изградбата на патната и железничката инфраструтруктура во регионални рамки ќе биде успешно реализирана само ако сите земји долж Коридорот 8 континуирано преземаат заеднички активности за нивен развој и модернизација.

Премиерот Христијан Мицкоски во однос на намерата за пренамена на средствата од заемот од Европската банка за обнова и развој и од ЕИБ земен од претходната Влада, за изградба на пругата кон Бугарија, која завршува во тунел, очекува разбирање од кредиторите. Мицкоски смета дека Бугарија за внатрешно – политички потреби ја политизира најавата на Владата за пренамената на средствата за изградбата на пругатата кон Бугарија, а која се темели, вели, на чисто инженерски проблем, бидејќи од бугарска страна не постои јасен проект.

 -Ние не зборуваме за каква било промена на интерес. Ние едноставно зборуваме како треба работите да бидат поставени на правилна патека. Вака како што се поставени би било лудо да се сложиме како Влада на проект кој завршува на пола тунел во слепа улица и да потрошиме половина милјарда евра народни пари, затоа што вредноста на проект е 560 милиони евра од тие 360 се кредит, а 200 милиони се грант. Станува збор во прва фаза 360 милиони се пари на македонските даночни обврзници и 200 милиони на европските даночни обврзници. Во тендерската документација стои дека принципот на изработка на проектот е по жолт фидик, а тоа значи дека сумата,  буџетот кој е определен е буџет за реализација на овој проект и дека не се предвидува дополнителни пенали или дополнителни работи. Но тоа не е така бидејќи двете страни потоа во тендерската документацијата стои дека изведувачот има право на пенали и на дополнителни работи. Што значи дека е практично црвен фидик, па многу лесно проектот може да дојде до 750, 800 милиони евра. Ова го кажувам како инженер не како премиер, тоа ќе подразбира минимум 500 милиони евра пари од буџетот, од граѓаните и 200 милиони евра пари на европските даночни обврзници за 24 километри, 22 тунели кои што ќе завршат на пола тунел во слепа улица без да знаеме што ќе се случува од бугарска страна, бидејќи таму нема јасен проект дали тунелот ќе продолжи, изјави вчера Мицкоски.

Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан минатата недела во изјава за бугарски медиум искоментира дека европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но оти според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување и дека наместо овој коридор, во Скопје се дало приоритет на Коридорот 10.

The post МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Mинистерот за европски прашања Орхан Муртезани на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање дали ЕБОР и ЕУ се известени за пренамена на парите за пругата кон Бугарија, кажа дека од Владата се уште не добил барање за пренамена на парите за пругата кон Бугарија. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак попладнево излезе со соопштение во кое нагласи дека земјава во однос на Коридор 8 е свесна за неговото геостратешкото значење и како држава реализирала бројни активности за регионално поврзување и завршување на оската Запад-Исток, но напомена дека со цел успешна реализација на ваквите проекти, особено значајно е да постои целосна подготвеност за соработка и од страна на Бугарија.
-Министерството за европски прашања само го координира целиот процес и ние може кон такво нешто да пристапиме само ако има такво барање од нас. Кога ќе стигне такво барање ќе видиме прво што би значело тоа во смисла на проектот, бидејќи како што знаете, во првата секција веќе не може да се интервенира. Таму не може да се стопираат работите. Ако е начелото да не инвестираме во проект што ќе заврши сред тунел во граница со Бугарија, тогаш таквиот пристап значи дека проектот ќе заврши на првата секција. Значи, пак завршува негде кај што не може да се користи, прво. И второ, треба да имаме предвид дека станува збор за коридор, Албанија до Бугарија. Колку што имам јас почетни информации, на албанската страна веќе се гради. Така што, ќе треба да го видиме малку пошироко на ниво на коридор целиот проект, рече Муртезани.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак попладнево излезе со соопштение во кое наведе дека Република Македонија е силно посветена на остварување на поставените цели во рамките на НАТО и на создавање регионална инфраструктура, како дел од Европската мрежа на коридори, кои имаат за цел да го засилат економското влијание и да ја олеснат трговијата и транспортот во регионот. Во однос на железничкиот Коридор 8, додава МНР, Република Македонија е свесна за геостратешкото значење на овој патен коридор и како земја реализира бројни активности за регионално поврзување и завршување на оската Запад-Исток.
-Земјаќи ја предвид геополитичката позиција на транспортните коридори 8 и 10, Република Македонија ги презема сите неопходни активности за нивна доизградба и модернизација. Во делот на патната инфраструктура оваа година се завршува изградбата на експресниот пат од Куманово до Крива Паланка и преку завршената рехабилитација на патниот правец од Крива Паланка до границата со Бугарија, што претставува вкупна инвестиција од 105 милиони евра, со што ќе се создаде ново модерно патно решение, кое значително ќе влијае врз размената на добра и услуги, како и на зголемување на економската соработка меѓу двете земји, стои во соопштението на МНР.
Оттаму потсетуваат дека претходно целосно е рехабилитирана автопатската делница Скопје - Куманово и со овие инвестиции се намали времетратењето на патување на релација Скопје - Софија на помалку од 2 часа и 30 минути.
-Во однос на железничкиот Коридор 8, Македонија е свесна за геостратешкото значење на овој патен коридор и како земја реализира бројни активности за регионално поврзување и завршување на оската Запад-Исток. Во тој контекст, нагласуваме дека во фаза на реализација е изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце, што претставува инвестиција од 40 милиони евра. Воедно, истакнуваме дека во фаза на реализација е и изградбата на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, што е инвестиција вредна 155 милиони евра. Дополнително, во фаза сме на тендерска постапка за избор на Изведувач за изградба на последната делница од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир, пруга која завршува во претпоставен тунел, велат од Министерството.
Исто така, додаваат оттаму, Македонија ги превзема и исполни сите обврски од Билатералниот договор од 1993 година за изградба на граничниот премин Берово – Клепало, како и инфраструктурата до граничниот премин.
-Имајќи го предвид горенаведеното, уште еднаш нагласуваме дека Македонија ги презема сите неопходни активности за изградба на повеќе крупни регионално – инфраструктурни проекти кои се од споделено стратешко значење за земјава, регионот и Европската унија. Во таа смисла истакнуваме, дека со цел успешна реализација на ваквите проекти, особено значајно е да постои целосна подготвеност за соработка и од страна на Бугарија. Во оваа прилика, искрено очекуваме Бугарија да ги преземе сите неопходни активности во насока на унапредување на инфраструктурата на Коридор 8, како и да ги исполни обврските кои произлегуваат од Билатералниот договор од 1993 година за изградба на граничниот премин Берово – Клепало, нагласуваат од МНР.
Министерството оценува дека изградбата на патната и железничката инфраструтруктура во регионални рамки ќе биде успешно реализирана само ако сите земји долж Коридорот 8 континуирано преземаат заеднички активности за нивен развој и модернизација. Премиерот Христијан Мицкоски во однос на намерата за пренамена на средствата од заемот од Европската банка за обнова и развој и од ЕИБ земен од претходната Влада, за изградба на пругата кон Бугарија, која завршува во тунел, очекува разбирање од кредиторите. Мицкоски смета дека Бугарија за внатрешно – политички потреби ја политизира најавата на Владата за пренамената на средствата за изградбата на пругатата кон Бугарија, а која се темели, вели, на чисто инженерски проблем, бидејќи од бугарска страна не постои јасен проект.
 -Ние не зборуваме за каква било промена на интерес. Ние едноставно зборуваме како треба работите да бидат поставени на правилна патека. Вака како што се поставени би било лудо да се сложиме како Влада на проект кој завршува на пола тунел во слепа улица и да потрошиме половина милјарда евра народни пари, затоа што вредноста на проект е 560 милиони евра од тие 360 се кредит, а 200 милиони се грант. Станува збор во прва фаза 360 милиони се пари на македонските даночни обврзници и 200 милиони на европските даночни обврзници. Во тендерската документација стои дека принципот на изработка на проектот е по жолт фидик, а тоа значи дека сумата,  буџетот кој е определен е буџет за реализација на овој проект и дека не се предвидува дополнителни пенали или дополнителни работи. Но тоа не е така бидејќи двете страни потоа во тендерската документацијата стои дека изведувачот има право на пенали и на дополнителни работи. Што значи дека е практично црвен фидик, па многу лесно проектот може да дојде до 750, 800 милиони евра. Ова го кажувам како инженер не како премиер, тоа ќе подразбира минимум 500 милиони евра пари од буџетот, од граѓаните и 200 милиони евра пари на европските даночни обврзници за 24 километри, 22 тунели кои што ќе завршат на пола тунел во слепа улица без да знаеме што ќе се случува од бугарска страна, бидејќи таму нема јасен проект дали тунелот ќе продолжи, изјави вчера Мицкоски.
Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан минатата недела во изјава за бугарски медиум искоментира дека европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но оти според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување и дека наместо овој коридор, во Скопје се дало приоритет на Коридорот 10.

The post МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Сарацин: Бугарија е збунета од барањето на Николоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/saratsin-bugarija-e-zbuneta-od-baraneto-na-nikoloski/ Sat, 27 Jul 2024 16:44:17 +0000 https://republika.mk/?p=800834

Македонија не ги оправда надежите за уставни измени – основен услов за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија. Ова за Бугарското национално радио (БНР) го изјави Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, пренесува бугарски „Труд“.

Според Сарацин, европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот.

За време на моите разговори во Софија разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје“, вели Сарацин откако министерот за транспорт Александар Николоски побара парите за Коридорот 8 да се пренаменат за Коридорот 10.

Дополнително, тој коментира дека европскиот транспортен коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување.

Инаку, Коридорот 8 треба да ги поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското Драч со Скопје, Софија и Црното Море.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vladata-ke-bara-del-od-sredstvata-za-izgradba-na-pruga-do-bugarija-da-se-prenamenat-za-brzata-pruga-na-koridorot-10/

Забелешката е дека наместо овој коридор, во Скопје се дало приоритет на Коридорот 10, кој ги поврзува Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Грција.

Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика. Ова е долг и комплициран процес со многу различни договори. За време на моите разговори во Софија, разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје. Изградбата на Коридорот 8 секако е од стратешко значење“, вели Сарацин на оваа тема.

Прашан за декларацијата на германскиот парламент, Бундестагот, во која за Република Македонија се зборува како за држава определена за членство во ЕУ како ниедна друга во регионот, Сарацин вели:

За жал, нашите надежи за посветеност на Скопје за промена на Уставот на Република Македонија не беа оправдани. Оваа промена е главниот услов на Советот на ЕУ од Преговарачката рамка за Скопје“.

Тој вели дека декларацијата на Бундестагот имала за цел да биде мост преку кој ќе премине политичкото раководство на Република Македонија, истовремено покажувајќи му на народот дека нема причина за загриженост за идентитетот, јазикот и културата и дека Германија е на нивна страна.

Но, во исто време, тоа беше сигнал за Бугарија дека сме обединети во нашето верување дека бугарското население во Македонија ќе биде вклучено во Уставот“, вели германскиот пратеник за Западен Балкан.

Тој смета дека се работи за убав и стабилен мост, но македонската страна, како што вели, сè уште не може да помине по него. Според Сарацин, Бугарија има многу можности преку својата посветеност на европската интеграција на Западен Балкан да заработи уште поголема почит од другите земји членки на ЕУ.

Ставот на Сарацин доаѓа откако министерот за транспорт Александар Николоски ја обвини Бугарија дека нема проект за Коридорот 8.

Како што рече тој деновиве, постои долгогодишна желба да се изгради пруга меѓу Скопје и Софија, но прашањето е како, кога Бугарија не е сериозна за проектот. Поради тоа тој побара парите да бидат пренаменети за Коридорот 10.

Бараме и од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка, со кои потпишале договор претходната влада на СДСМ и ДУИ, тие средства да се пренаменат за изградба на брза пруга по Коридорот 10 и рехабилитација на постојниот коридор 10. Од Табановце до Гевгелија, значи од границата со Србија до границата со Грција за да можат возовите да одат со 100 до 120 километри на час, рехабилитација на постојната пруга, проект што ќе чини 250 милиони евра“, рече Николоски.

The post Сарацин: Бугарија е збунета од барањето на Николоски appeared first on Република.

]]>

Македонија не ги оправда надежите за уставни измени – основен услов за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија. Ова за Бугарското национално радио (БНР) го изјави Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, пренесува бугарски „Труд“. Според Сарацин, европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот.
За време на моите разговори во Софија разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје“, вели Сарацин откако министерот за транспорт Александар Николоски побара парите за Коридорот 8 да се пренаменат за Коридорот 10.
Дополнително, тој коментира дека европскиот транспортен коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување. Инаку, Коридорот 8 треба да ги поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското Драч со Скопје, Софија и Црното Море. https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vladata-ke-bara-del-od-sredstvata-za-izgradba-na-pruga-do-bugarija-da-se-prenamenat-za-brzata-pruga-na-koridorot-10/ Забелешката е дека наместо овој коридор, во Скопје се дало приоритет на Коридорот 10, кој ги поврзува Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Грција.
Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика. Ова е долг и комплициран процес со многу различни договори. За време на моите разговори во Софија, разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје. Изградбата на Коридорот 8 секако е од стратешко значење“, вели Сарацин на оваа тема.
Прашан за декларацијата на германскиот парламент, Бундестагот, во која за Република Македонија се зборува како за држава определена за членство во ЕУ како ниедна друга во регионот, Сарацин вели:
За жал, нашите надежи за посветеност на Скопје за промена на Уставот на Република Македонија не беа оправдани. Оваа промена е главниот услов на Советот на ЕУ од Преговарачката рамка за Скопје“.
Тој вели дека декларацијата на Бундестагот имала за цел да биде мост преку кој ќе премине политичкото раководство на Република Македонија, истовремено покажувајќи му на народот дека нема причина за загриженост за идентитетот, јазикот и културата и дека Германија е на нивна страна.
Но, во исто време, тоа беше сигнал за Бугарија дека сме обединети во нашето верување дека бугарското население во Македонија ќе биде вклучено во Уставот“, вели германскиот пратеник за Западен Балкан.
Тој смета дека се работи за убав и стабилен мост, но македонската страна, како што вели, сè уште не може да помине по него. Според Сарацин, Бугарија има многу можности преку својата посветеност на европската интеграција на Западен Балкан да заработи уште поголема почит од другите земји членки на ЕУ. Ставот на Сарацин доаѓа откако министерот за транспорт Александар Николоски ја обвини Бугарија дека нема проект за Коридорот 8. Како што рече тој деновиве, постои долгогодишна желба да се изгради пруга меѓу Скопје и Софија, но прашањето е како, кога Бугарија не е сериозна за проектот. Поради тоа тој побара парите да бидат пренаменети за Коридорот 10.
Бараме и од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка, со кои потпишале договор претходната влада на СДСМ и ДУИ, тие средства да се пренаменат за изградба на брза пруга по Коридорот 10 и рехабилитација на постојниот коридор 10. Од Табановце до Гевгелија, значи од границата со Србија до границата со Грција за да можат возовите да одат со 100 до 120 километри на час, рехабилитација на постојната пруга, проект што ќе чини 250 милиони евра“, рече Николоски.

The post Сарацин: Бугарија е збунета од барањето на Николоски appeared first on Република.

]]>
Техничката влада месец по изборите усвоила заклучок за Коридор 8 штетен над 250 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tehnichkata-vlada-mesets-po-izborite-usvoila-zakluchok-za-koridor-8-shteten-nad-250-milioni-evra/ Wed, 17 Jul 2024 09:41:25 +0000 https://republika.mk/?p=797643

Владата на седница што се одржа вчера донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи, информираат денеска од владината прес-служба.

Од Владата најавуваат дека за овој заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.

Овој заклучок бил усвоен на 13 јуни оваа година, повеќе од еден месец после изборите и на неколку дена пред донесување на Одлуката за избор на нова Влада, како и економската неисплатливост за реализација на истиот, се вели во денешното соопштение од Владата.

The post Техничката влада месец по изборите усвоила заклучок за Коридор 8 штетен над 250 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Владата на седница што се одржа вчера донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи, информираат денеска од владината прес-служба. Од Владата најавуваат дека за овој заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.
Овој заклучок бил усвоен на 13 јуни оваа година, повеќе од еден месец после изборите и на неколку дена пред донесување на Одлуката за избор на нова Влада, како и економската неисплатливост за реализација на истиот, се вели во денешното соопштение од Владата.

The post Техничката влада месец по изборите усвоила заклучок за Коридор 8 штетен над 250 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Тешко повреден работник на „Коридорот 8“, од слобода лишен труски државјанин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshko-povreden-rabotnik-na-koridorot-8-od-sloboda-lishen-truski-drzhavjanin/ Sun, 23 Jun 2024 13:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=789961

Лице од гостиварски Стар Балин Дол здобило тешки телесни повреден додека извршувало градежни работи на новиот магистрален пат Гостивар - Кичево од „Коридор 8“.

Како што информира МВР, се работи за Р.Н.(29), а случајот во полицијата е пријавен вчера, во 13.05 часот, од Медицинскиот центар - Гостивар каде бил донесен повредениот.

Во врска со настанот, од слобода бил лишен А.М.(31) од Република Турција со привремен престој во Гостивар.

Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото и за настанот бил запознаен трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Тешко повреден работник на „Коридорот 8“, од слобода лишен труски државјанин appeared first on Република.

]]>

Лице од гостиварски Стар Балин Дол здобило тешки телесни повреден додека извршувало градежни работи на новиот магистрален пат Гостивар - Кичево од „Коридор 8“. Како што информира МВР, се работи за Р.Н.(29), а случајот во полицијата е пријавен вчера, во 13.05 часот, од Медицинскиот центар - Гостивар каде бил донесен повредениот. Во врска со настанот, од слобода бил лишен А.М.(31) од Република Турција со привремен престој во Гостивар. Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото и за настанот бил запознаен трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Тешко повреден работник на „Коридорот 8“, од слобода лишен труски државјанин appeared first on Република.

]]>
Тешко повреден Турчин кој работел на Коридор 8 https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshko-povreden-turchin-koj-rabotel-na-koridor-8/ Sun, 23 Jun 2024 11:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=789931

Вчера во 13.05 часот во ОВР Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Р.Н.(29) од гостиварски Стар Балин Дол.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на новиот магистрален пат Гостивар-Кичево од „Коридор 8“. Во врска со
настанот, од слобода бил лишен А.М.(31) од Република Турција со привремен престој во Гостивар.

Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото и за настанот бил запознаен трудов инспектор.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Тешко повреден Турчин кој работел на Коридор 8 appeared first on Република.

]]>

Вчера во 13.05 часот во ОВР Гостивар, од Медицински центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Р.Н.(29) од гостиварски Стар Балин Дол. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на новиот магистрален пат Гостивар-Кичево од „Коридор 8“. Во врска со настанот, од слобода бил лишен А.М.(31) од Република Турција со привремен престој во Гостивар. Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото и за настанот бил запознаен трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Тешко повреден Турчин кој работел на Коридор 8 appeared first on Република.

]]>
Механизацијата за изградба на Коридор 8 била на пат кон земјава, Груби најави дека на 12 септември почнуваат градежните активност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mehanizatsijata-za-izgradba-na-koridor-8-bila-na-pat-kon-zemjava-grubi-najavi-deka-na-12-septemvri-pochnuvaat-gradezhnite-aktivnost/ Wed, 06 Sep 2023 21:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=679492

Првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби, од Тетово најави дека механизацијата која ќе работи на изградба на автопатиштата предвидени во Коридор 8 е на пат кон државата.

Откако на почеток на јуни беше означен почетокот на геомеханичките испитувања на почвата за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, сега, според владините министри, ќе се почне и со градежни работи.

На 12-ти почнуваат градежните активности над село Дебреште, а досега проектирањето оди во одлична форма од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“ и кај сите компании коишто се ангажирани. Тие веќе имаат закупено огромен дел од механизацијата којашто е на пат кон нашата земја и веќе како што гледате градежни работи се вршат насекаде, ќе продолжат и со Коридорот 8, со минирање на планината над Дебреште, и на трансфер на цел тој материјал, на новиот автопат Тетово и Гостивар којшто ќе се изгради, изјави Груби денеска по увидот на автопатот Скопје-Тетово.

На новинарско прашање кога ќе може да се очекува завршување на автопатот од Охрид до Кичево, министерот Благој Бочварски изрази став дека за сите патишта коишто се почнати ќе се прават максимални напори да бидат завршени.

Овде станува збор и за оваа делница којашто се рехабилитира и за автопатот Кичево-Охрид којашто ја затекнавме со голем број на проблеми. Проблемите се решаваат, се отклонуваат, веќе се тестира третиот слој на асфалт и се започнува со третиот асфалт, се прави избор на заштитната ограда на овој автопат и ќе започне асфалтирањето на третиот слој. Така што, ние ќе направиме се, ги правиме сите координации, притисоци изведувачите да си ја завршат својата задача, бидејќи институциите својата задача си ја завршија. Да почне сукцесивно дел по дел да се пушта автопатот од тоа што е подготвено. Пред некој ден се заврши клучката кај аеродромот Охрид и е пуштена во сообраќај, така што продолжува секој оној дел којшто ќе биде приспособен согласно стандарди, процедури, да биде безбеден и да биде пуштен во сообраќај. Ќе почне од Охрид кон Подмоље асфалтирање на третиот слој и продолжуваме кон аеродромот Охрид, Ботун и кон Кичево, изјави Бочварски.

Владините функционери информираа дека преку саеми за вработување продолжуваат да се наоѓаат работници за изградба на Коридор 8.

Огромен интерес има и Владата сите тие две илјади работни места да се пополнат од наши граѓани. Платите се многу конкурентни, работните места се најразлични и се надевам дека ќе аплицираат граѓани и ќе ја видат шансата да се стекнат со огромно искуство работејќи за голем конзорциум како што е Бехтел и Енка, изјави Груби.

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, на дел од Коридор 8 се очекува да се направи и обиколницата за Тетово.

Очекуваме за две недели да завршат и да имаме избор на градежна фирма за обиколница на Тетово и за надзор на обиколница на Тетово. Ако успееме за овие 10-15 дена да ги избереме и да заврши таа процедура очекуваме во почетокот на октомври да започнеме со градбата на обиколницата Тетово којашто е многу потребна за градот Тетово, изјави Ејуп Рустеми.

Воедно, според Рустеми, деновиве ќе почне вонреден режим на сообраќај поради градежни активности за модернизација на двете патарини помеѓу Скопје и Тетово, Глумово и Желино, по што за шест месеци ќе има можност за електронско плаќање.

The post Механизацијата за изградба на Коридор 8 била на пат кон земјава, Груби најави дека на 12 септември почнуваат градежните активност appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби, од Тетово најави дека механизацијата која ќе работи на изградба на автопатиштата предвидени во Коридор 8 е на пат кон државата. Откако на почеток на јуни беше означен почетокот на геомеханичките испитувања на почвата за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, сега, според владините министри, ќе се почне и со градежни работи.
На 12-ти почнуваат градежните активности над село Дебреште, а досега проектирањето оди во одлична форма од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“ и кај сите компании коишто се ангажирани. Тие веќе имаат закупено огромен дел од механизацијата којашто е на пат кон нашата земја и веќе како што гледате градежни работи се вршат насекаде, ќе продолжат и со Коридорот 8, со минирање на планината над Дебреште, и на трансфер на цел тој материјал, на новиот автопат Тетово и Гостивар којшто ќе се изгради, изјави Груби денеска по увидот на автопатот Скопје-Тетово.
На новинарско прашање кога ќе може да се очекува завршување на автопатот од Охрид до Кичево, министерот Благој Бочварски изрази став дека за сите патишта коишто се почнати ќе се прават максимални напори да бидат завршени.
Овде станува збор и за оваа делница којашто се рехабилитира и за автопатот Кичево-Охрид којашто ја затекнавме со голем број на проблеми. Проблемите се решаваат, се отклонуваат, веќе се тестира третиот слој на асфалт и се започнува со третиот асфалт, се прави избор на заштитната ограда на овој автопат и ќе започне асфалтирањето на третиот слој. Така што, ние ќе направиме се, ги правиме сите координации, притисоци изведувачите да си ја завршат својата задача, бидејќи институциите својата задача си ја завршија. Да почне сукцесивно дел по дел да се пушта автопатот од тоа што е подготвено. Пред некој ден се заврши клучката кај аеродромот Охрид и е пуштена во сообраќај, така што продолжува секој оној дел којшто ќе биде приспособен согласно стандарди, процедури, да биде безбеден и да биде пуштен во сообраќај. Ќе почне од Охрид кон Подмоље асфалтирање на третиот слој и продолжуваме кон аеродромот Охрид, Ботун и кон Кичево, изјави Бочварски.
Владините функционери информираа дека преку саеми за вработување продолжуваат да се наоѓаат работници за изградба на Коридор 8.
Огромен интерес има и Владата сите тие две илјади работни места да се пополнат од наши граѓани. Платите се многу конкурентни, работните места се најразлични и се надевам дека ќе аплицираат граѓани и ќе ја видат шансата да се стекнат со огромно искуство работејќи за голем конзорциум како што е Бехтел и Енка, изјави Груби.
Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, на дел од Коридор 8 се очекува да се направи и обиколницата за Тетово.
Очекуваме за две недели да завршат и да имаме избор на градежна фирма за обиколница на Тетово и за надзор на обиколница на Тетово. Ако успееме за овие 10-15 дена да ги избереме и да заврши таа процедура очекуваме во почетокот на октомври да започнеме со градбата на обиколницата Тетово којашто е многу потребна за градот Тетово, изјави Ејуп Рустеми.
Воедно, според Рустеми, деновиве ќе почне вонреден режим на сообраќај поради градежни активности за модернизација на двете патарини помеѓу Скопје и Тетово, Глумово и Желино, по што за шест месеци ќе има можност за електронско плаќање.

The post Механизацијата за изградба на Коридор 8 била на пат кон земјава, Груби најави дека на 12 септември почнуваат градежните активност appeared first on Република.

]]>
Дрин Ахмети е вмешан и како подизведувач на коридорот 8 ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-nema-kraj-na-kriminalite-na-semejstvoto-na-ahmeti-vnukot-drin-e-vmeshan-i-kako-podizveduvach-na-koridorot-8/ Wed, 05 Jul 2023 07:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=658215

Кога јавноста ќе помисли дека дното е постигнато, во врска со криминалните активности на ДУИ, тогаш тука е семејството на Али Ахмети, со нови афери, каде се крадат парите на народот, велат во партиското соопштение ОД ВМРО-ДПМНЕ.

Во документите кои стигнаа до ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека „Тор Индустриес“, со Дрин Ахмети како сопствeник, е формирана во 2020-та година, за да учествува во големите градежни проекти кои се планирани од власта во Македонија.

„Тор Индустриес“, заедно со уште една фирма од кланот Зајас, е вклучен во изградба на коридорот 8, а договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи.

Покрај коридорот 8, „Тор Индустриес“, фирмата на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети е вклучена и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делницата Извор – Гарски мост. Исто како и на коридор 8, така и на оваа делница внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги приграбат, според документите доставени до нас, се помеѓу 6 и 9 милиони евра.

Во сите овие ситуации, само блиските роднини на Али Ахмети негуваат претприемачки дух. Очигледно секогаш во позадината, на овие црни бизниси е самиот Али Ахмети, кој дава амин, а во исто време ги користи своите внуци и синот, за да се збогати уште повеќе на грбот на граѓаните.

[caption id="attachment_653851" align="alignnone" width="640"] Третиот од лево во горниот ред. На фотографијата се и добропознатите командоси на Шарената револуција Замир Мехмеди, Павле Богоевски, Симона Спировска (фото: Твитер)[/caption]

Одговорноста доаѓа за многу кратко, а кога тогаш Али Ахмети ќе мора да се соочи со своите постапки, преку кои тој се богати, а народот осиромашува, стои во соопштението на партијата.

The post Дрин Ахмети е вмешан и како подизведувач на коридорот 8 ? appeared first on Република.

]]>

Кога јавноста ќе помисли дека дното е постигнато, во врска со криминалните активности на ДУИ, тогаш тука е семејството на Али Ахмети, со нови афери, каде се крадат парите на народот, велат во партиското соопштение ОД ВМРО-ДПМНЕ. Во документите кои стигнаа до ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека „Тор Индустриес“, со Дрин Ахмети како сопствeник, е формирана во 2020-та година, за да учествува во големите градежни проекти кои се планирани од власта во Македонија. „Тор Индустриес“, заедно со уште една фирма од кланот Зајас, е вклучен во изградба на коридорот 8, а договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи.
Покрај коридорот 8, „Тор Индустриес“, фирмата на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети е вклучена и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делницата Извор – Гарски мост. Исто како и на коридор 8, така и на оваа делница внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги приграбат, според документите доставени до нас, се помеѓу 6 и 9 милиони евра.
Во сите овие ситуации, само блиските роднини на Али Ахмети негуваат претприемачки дух. Очигледно секогаш во позадината, на овие црни бизниси е самиот Али Ахмети, кој дава амин, а во исто време ги користи своите внуци и синот, за да се збогати уште повеќе на грбот на граѓаните. [caption id="attachment_653851" align="alignnone" width="640"] Третиот од лево во горниот ред. На фотографијата се и добропознатите командоси на Шарената револуција Замир Мехмеди, Павле Богоевски, Симона Спировска (фото: Твитер)[/caption] Одговорноста доаѓа за многу кратко, а кога тогаш Али Ахмети ќе мора да се соочи со своите постапки, преку кои тој се богати, а народот осиромашува, стои во соопштението на партијата.

The post Дрин Ахмети е вмешан и како подизведувач на коридорот 8 ? appeared first on Република.

]]>
Го кријат Дрин дека е подизведувач на Коридор 8 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-krijat-drin-deka-e-podizveduvach-na-koridor-8/ Tue, 04 Jul 2023 10:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=657975

Внукот на Али Ахмети со фирмата која ја купи Соравија работи на Коридор 8 и други патишта, се крие како подизведувач, алармира пратеникот Драган Ковачки на денешната прес-конференција.

Во документите кои стигнаа до нас од страна на свиркачи, а се анализа на банката на фирмите на Ахмети, е наведено дека „Тор Индустриес“ е формирана во 2020-та година за да учествува во големите градежни проекти кои се планирани во Македонија. Дрин Ахмети со Тор Индустриес, заедно со уште една фирма од кланот Зајас за која ќе зборуваме деновиве е вклучен во изградба на Коридор 8, договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи. Кога голем број фирми едвај наоѓаат работа, фирмата на Дрин е најпосакуван партнер и дежурен подизведувач, на многу поголеми фирми. Дали зад тоа се крие Ахмети и дали има трговија со влијание?, прашува Ковачки.

Покрај на Коридор 8, „Тор Индустриес“ на Дрин Ахмети е вклучена и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делница Извор - Гарски мост, вели Ковачевски, додавајќи дека внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги инкасираат, според документите доставени до нив од свиркачи - се помеѓу 6 и 9 милиони евра.

Потенцираме дека очекуваниот приход од 6 до 9 милиони евра, пред банката на „Тор Индустриес“ е изнесен токму од Дрин Ахмети, и тоа е заведено во анализата на банката. Дали по истиот модел „Тор Индустриес“ ќе продолжи со изградба на новите делници од Коридор 8, и дали ЈО ќе продолжи да биде нем набљудувач?, прашува Ковачки.

https://republika.mk/vesti/makedonija/drin-ahmeti-ne-e-najgolemiot-biznismen-vo-semejstvoto-parite-gi-vrti-zetot-na-ali-kosovetsot-kushtrim-smajlaj/

Ковачки потенцира дека ова се мултимилионски бизниси, од кои кланот од Зајас дебело профитира, додека народот се иселува од државата.

Додека Ахмети е пратеник и лидер на ДУИ неговите внуци профитираат од зделки со државата како подизведувачи на други фирми. Мислејќи дека ќе го избегнат окото на јавноста се кријат како втора рака, заборавајќи дека трагата на парите секогаш води до главата на шемата. А, главата е семејството Ахмети. Со сегашното ЈО кланот од Зајас е заштитен, но одговорност ќе има по промената на власта, кога секој ќе треба да го докаже имотот кој што го стекнал, вели Ковачки.

https://youtu.be/DYvbBxgrpPw

The post Го кријат Дрин дека е подизведувач на Коридор 8 appeared first on Република.

]]>

Внукот на Али Ахмети со фирмата која ја купи Соравија работи на Коридор 8 и други патишта, се крие како подизведувач, алармира пратеникот Драган Ковачки на денешната прес-конференција.
Во документите кои стигнаа до нас од страна на свиркачи, а се анализа на банката на фирмите на Ахмети, е наведено дека „Тор Индустриес“ е формирана во 2020-та година за да учествува во големите градежни проекти кои се планирани во Македонија. Дрин Ахмети со Тор Индустриес, заедно со уште една фирма од кланот Зајас за која ќе зборуваме деновиве е вклучен во изградба на Коридор 8, договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи. Кога голем број фирми едвај наоѓаат работа, фирмата на Дрин е најпосакуван партнер и дежурен подизведувач, на многу поголеми фирми. Дали зад тоа се крие Ахмети и дали има трговија со влијание?, прашува Ковачки.
Покрај на Коридор 8, „Тор Индустриес“ на Дрин Ахмети е вклучена и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делница Извор - Гарски мост, вели Ковачевски, додавајќи дека внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги инкасираат, според документите доставени до нив од свиркачи - се помеѓу 6 и 9 милиони евра.
Потенцираме дека очекуваниот приход од 6 до 9 милиони евра, пред банката на „Тор Индустриес“ е изнесен токму од Дрин Ахмети, и тоа е заведено во анализата на банката. Дали по истиот модел „Тор Индустриес“ ќе продолжи со изградба на новите делници од Коридор 8, и дали ЈО ќе продолжи да биде нем набљудувач?, прашува Ковачки.
https://republika.mk/vesti/makedonija/drin-ahmeti-ne-e-najgolemiot-biznismen-vo-semejstvoto-parite-gi-vrti-zetot-na-ali-kosovetsot-kushtrim-smajlaj/ Ковачки потенцира дека ова се мултимилионски бизниси, од кои кланот од Зајас дебело профитира, додека народот се иселува од државата.
Додека Ахмети е пратеник и лидер на ДУИ неговите внуци профитираат од зделки со државата како подизведувачи на други фирми. Мислејќи дека ќе го избегнат окото на јавноста се кријат како втора рака, заборавајќи дека трагата на парите секогаш води до главата на шемата. А, главата е семејството Ахмети. Со сегашното ЈО кланот од Зајас е заштитен, но одговорност ќе има по промената на власта, кога секој ќе треба да го докаже имотот кој што го стекнал, вели Ковачки.
https://youtu.be/DYvbBxgrpPw

The post Го кријат Дрин дека е подизведувач на Коридор 8 appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-so-izgradba-na-koridorot-8-stanuvame-neizbezhna-transportna-ruta-vo-regionot/ Tue, 16 May 2023 11:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=641332

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска престојува во работна посета на Црна Гора, каде учествува на министерската конференција посветена на поврзаност на земјите од Западен Балкан, а во организација на Секретаријатот на транспортната заедница и ЦЕФТА.

Во рамки на Конференцијата, министерот Бочварски го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија - „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Македонија“, со кој Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија.

Министерот Бочварски обраќајќи се пред присутните ја истакна важноста од регионалната поврзаност, со посебен акцент на патниот и железнички Коридор 8 и проектите што се реализираат на истиот.

„Денеска ја потпишав Спогодбата помеѓу Македонија и Европската Унија за впишување на овој многу значаен Коридор на оската исток - запад во мапата на главните европски коридори. Оттука наша е обврската да продолжиме со изградбата на патниот и железничкиот Коридор 8, да го доведеме до ниво на модерна, квалитетна и безбедна патна врска, со што и на дело ќе покажеме дека овие политики не се политики само за на хартија, туку политики кои ги реализираме на терен. За Република Македонија ова е стратешки важна одлука на Европската Унија со што веќе сме позиционирани централно како крстосница во регионот на два главни европски коридори, на Коридорите 8 и 10“, изјави министерот Бочварски.

„Развојот на Коридор 8 долж оската исток - запад е неопходен економски и политички инструмент кој на регионот ќе му помогне да ја подобри регионалната поврзаност и стабилност“, додаде министерот Бочварски.

Целта на развојот на Транс-европските транспортни мрежи (ТЕН-Т) е обезбедување непречен, одржлив и ефикасен транспорт низ Унијата, зајакнувајќи го социјалното, економското и територијалното единство.

Со геостратешката положба на Република Македонија и фактот дека Коридорите 8 и 10 се дел од главната транспортна мрежа, стануваме неизбежна транспортна рута не само во регионот, туку и пошироко.

Целта на транспортната политика на Македонија се Коридорите 8 и 10 како дел од основната мрежа до 2030 година односно до 2040 година за проширената главна мрежа да бидат изградени по ТЕН-Т ЕУ стандардите.

На Конференцијата, покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министри за транспорт и инфраструктура на земјите од регионот, како и претставници на Транспортната заедница и Европската комисија.

The post Бочварски: Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска престојува во работна посета на Црна Гора, каде учествува на министерската конференција посветена на поврзаност на земјите од Западен Балкан, а во организација на Секретаријатот на транспортната заедница и ЦЕФТА. Во рамки на Конференцијата, министерот Бочварски го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија - „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Македонија за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Македонија“, со кој Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија. Министерот Бочварски обраќајќи се пред присутните ја истакна важноста од регионалната поврзаност, со посебен акцент на патниот и железнички Коридор 8 и проектите што се реализираат на истиот. „Денеска ја потпишав Спогодбата помеѓу Македонија и Европската Унија за впишување на овој многу значаен Коридор на оската исток - запад во мапата на главните европски коридори. Оттука наша е обврската да продолжиме со изградбата на патниот и железничкиот Коридор 8, да го доведеме до ниво на модерна, квалитетна и безбедна патна врска, со што и на дело ќе покажеме дека овие политики не се политики само за на хартија, туку политики кои ги реализираме на терен. За Република Македонија ова е стратешки важна одлука на Европската Унија со што веќе сме позиционирани централно како крстосница во регионот на два главни европски коридори, на Коридорите 8 и 10“, изјави министерот Бочварски. „Развојот на Коридор 8 долж оската исток - запад е неопходен економски и политички инструмент кој на регионот ќе му помогне да ја подобри регионалната поврзаност и стабилност“, додаде министерот Бочварски. Целта на развојот на Транс-европските транспортни мрежи (ТЕН-Т) е обезбедување непречен, одржлив и ефикасен транспорт низ Унијата, зајакнувајќи го социјалното, економското и територијалното единство. Со геостратешката положба на Република Македонија и фактот дека Коридорите 8 и 10 се дел од главната транспортна мрежа, стануваме неизбежна транспортна рута не само во регионот, туку и пошироко. Целта на транспортната политика на Македонија се Коридорите 8 и 10 како дел од основната мрежа до 2030 година односно до 2040 година за проширената главна мрежа да бидат изградени по ТЕН-Т ЕУ стандардите. На Конференцијата, покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министри за транспорт и инфраструктура на земјите од регионот, како и претставници на Транспортната заедница и Европската комисија.

The post Бочварски: Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Дали отцртувањето на самиот Коридор 8 е отцртување на картата на Илирида? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-dali-ottsrtuvaneto-na-samiot-koridor-8-e-ottsrtuvane-na-kartata-na-ilirida/ Mon, 24 Apr 2023 19:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=633709

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител потенцираше дека коридорот 8 поврзува една траса на релација Скопје-Приштина-Тирана и постави прашање, дали отцртувањето на самиот коридор е отцртување на картата на Илирида којашто многупати досега сме ја погледнале?

Овој коридор ви поврзува една траса на релација Скопје-Приштина-Тирана. Се поставува прашањето, дали отцртувањето на самиот коридор е отцртување на картата на Илирида којашто многупати досега сме ја погледнале? Никој од носителите на политички функции не го отвори ова прашање да го продискутира. Зошто со самото тоа ставање на поединци во Владата коишто доаѓаат од таа етничка заедница задолжени и привилегирани да располагаат, договараат, располагаат со сите информации се остава простор вака народот да измислува. Зошто господинот Артан Груби е во повластена состојба во однос на било кој друг граѓанин, бидејќи тој автопат ќе се гради со наши пари. Тоа е важен коридор, но Македонија има и други важни коридори. Дали направивме некое анкетирање каде ќе потрошиме една милијарда и двесте милиони евра граѓански пари?, изјави Димитриевски.

Во Дневникот, Димитриевски информираше дека кога се работат вакви капитални проекти првенствено се информира јавноста и се дискутира јавно.

Се сондира мислењето на граѓаните, на експертите. Вие не доведувате во заблуда, си правите договор, го потпишувате, си ракоплескате таму, го собирате дипломатскиот кор којшто подоцна не може да излезе од изјавите и мора да се правда зошто присуствувал таму. И на крајот, корупцијата. Па каде е корупцијата, кој може да прави корупција? Тој што е во власта, затоа јас ги поздравувам силно заложбите на американската амбасада и верувам дека ќе најде начин и даде одредена поткрепа на институциите, т.е на професионалците во институциите да се борат суштински против корупцијата. Во Македонија постои корупција, во Македонија постои градежна мафија, јас тоа го чувствувам на локално ниво, и за жал Македонија се трансформира во држава во која не само што има мафија, туку првенствено секоја држава во регионот и пошироко има мафија, но за жал кај нас ќе константирам еден ден дека мафијата е таа којашто ја води и поседува државата. И мора да ставиме крај на тоа, рече Димитриевски.

Тој изрази силна поддршка на американската амбасадорка во делот на заложбите за борба против корупцијата.

The post Димитриевски: Дали отцртувањето на самиот Коридор 8 е отцртување на картата на Илирида? appeared first on Република.