кореографија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koreografija/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Oct 2022 07:06:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кореографија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/koreografija/ 32 32 Кореографот Џастин Кабриљос ќе ја одржи работилницата „Канали на чувства“ во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koreografot-dzastin-kabriljos-kje-ja-odrzi-rabotilnicata-kanali-na-chuvstva-vo-mkc/ Tue, 04 Oct 2022 07:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=557057

Кореографот, уметник и писател Џастин Кабриљос, кој живее и работи во Бруклин денеска во МКЦ ќе одржи работилница насловена „Канали на чувства“. Целта на работилницата е истражување како емоциите циркулираат низ телото, и е наменета за изведувачи како и за оние без искуство.

Оваа работилница е во организација на Центарот за нови иницијативи во културата и уметноста од Скопје – Локомотива, а во соработка со „Movement Research“ од Њујорк.

Учесниците заедно со Џастин ќе се движат користејќи слики, медитација и задачи кои охрабруваат различни начини на восприемање и отелотворување на емоционалните состојби и неименливите сензации.

Практичните вежби ќе стават акцент на тоа како можеме индивидуално да се поврземе со различните емоции и чувства што се складираат/таложат во нашите тела. Целта на работилницата е да се раздвојат емоциите од физичкото, за да се откријат алтернативни начини на движење и како да се постои паралелно со овие емоции - соопштија организаторите.

Покрај работилницата, Џастин Кабриљос ќе одржи и предавање за студентите од танцовата насока на Универзитетот „Гоце Делчев” како дел од програмата GPS/Global Practice Sharing или ГПС/Глобални практики на споделување. Неговиот престојот е дел од резиденцијата „Танц во (не)демократија“ чија цел е поттикнување на колективно размислување, размена, разговори и споделување за улогите и праксите на танцовите уметници во општествени и политички ситуации.

Џастин Кабриљос е кореограф, танцов уметник и писател со седиште во Бруклин. Тој е резидентен уметник во за Movement Research 2017 во година. Бил истражувач за danceWEB во 2016 година на ImPulsTanz, и е добитник на Greenhouse грантот во 2011 година од Dancemaker’s форумот во Чикаго, LinkUP (Чикаго) резидентен уметник во 2011 година и соработник од 2008 година на Факултетот за уметност Окс-Боу/ Ox-Bow. Работел на нарачани дела за серијата IN>TIME во Чикаго, а неговиот последен проект Holdings, е нарачан од Danspace Project и поддржан од резиденцијата Chez Bushwick. Тој е магистер на Факултетот за уметнички институт во Чикаго и магистер по англиска литература на Универзитетот во Вашингтон во Сиетл.

The post Кореографот Џастин Кабриљос ќе ја одржи работилницата „Канали на чувства“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Кореографот, уметник и писател Џастин Кабриљос, кој живее и работи во Бруклин денеска во МКЦ ќе одржи работилница насловена „Канали на чувства“. Целта на работилницата е истражување како емоциите циркулираат низ телото, и е наменета за изведувачи како и за оние без искуство. Оваа работилница е во организација на Центарот за нови иницијативи во културата и уметноста од Скопје – Локомотива, а во соработка со „Movement Research“ од Њујорк. Учесниците заедно со Џастин ќе се движат користејќи слики, медитација и задачи кои охрабруваат различни начини на восприемање и отелотворување на емоционалните состојби и неименливите сензации.
Практичните вежби ќе стават акцент на тоа како можеме индивидуално да се поврземе со различните емоции и чувства што се складираат/таложат во нашите тела. Целта на работилницата е да се раздвојат емоциите од физичкото, за да се откријат алтернативни начини на движење и како да се постои паралелно со овие емоции - соопштија организаторите.
Покрај работилницата, Џастин Кабриљос ќе одржи и предавање за студентите од танцовата насока на Универзитетот „Гоце Делчев” како дел од програмата GPS/Global Practice Sharing или ГПС/Глобални практики на споделување. Неговиот престојот е дел од резиденцијата „Танц во (не)демократија“ чија цел е поттикнување на колективно размислување, размена, разговори и споделување за улогите и праксите на танцовите уметници во општествени и политички ситуации. Џастин Кабриљос е кореограф, танцов уметник и писател со седиште во Бруклин. Тој е резидентен уметник во за Movement Research 2017 во година. Бил истражувач за danceWEB во 2016 година на ImPulsTanz, и е добитник на Greenhouse грантот во 2011 година од Dancemaker’s форумот во Чикаго, LinkUP (Чикаго) резидентен уметник во 2011 година и соработник од 2008 година на Факултетот за уметност Окс-Боу/ Ox-Bow. Работел на нарачани дела за серијата IN>TIME во Чикаго, а неговиот последен проект Holdings, е нарачан од Danspace Project и поддржан од резиденцијата Chez Bushwick. Тој е магистер на Факултетот за уметнички институт во Чикаго и магистер по англиска литература на Универзитетот во Вашингтон во Сиетл.

The post Кореографот Џастин Кабриљос ќе ја одржи работилницата „Канали на чувства“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>