Копенхашки критериуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kopenhashki-kriteriumi/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jul 2023 12:21:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Копенхашки критериуми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kopenhashki-kriteriumi/ 32 32 Мицкоски на средба со Метелко-Згомбиќ: И за Македонија да важат Копенхашките критериуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-metelko-zgombik-i-za-makedonija-da-vazhat-kopenhashkite-kriteriumi/ Mon, 17 Jul 2023 12:21:13 +0000 https://republika.mk/?p=662311

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот, Тимчо Муцунски денеска остварија средба со хрватската државна секретарка за европски работи Андреја Метелко-Згомбиќ.

На средбата се разговараше за македонскиот евроинтеграции, актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и билатералната соработка на Македонија со Хрватска.

Претседателот Мицкоски истакна дека за патот на Македонија во Европската Унија треба да важат истите услови како и за сите членки досега, односно да важат Копенхагеншките критериуми, а не само за земјава да важат двојни стандарди.

Во врска со уставните измени, Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на македонскиот Устав под бугарски диктат и уцени, како и тоа дека членството во ЕУ не треба да ги загрози македонските државни и национални интереси.

На средбата беше потенцирана и соработката помеѓу двете држави поддршката која Хрватска и ја дава на Македонија, воедно беше посочено дека постои простор за уште поголема и подлабока соработка во иднина откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада во Македонија.

 

The post Мицкоски на средба со Метелко-Згомбиќ: И за Македонија да важат Копенхашките критериуми appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот, Тимчо Муцунски денеска остварија средба со хрватската државна секретарка за европски работи Андреја Метелко-Згомбиќ. На средбата се разговараше за македонскиот евроинтеграции, актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и билатералната соработка на Македонија со Хрватска. Претседателот Мицкоски истакна дека за патот на Македонија во Европската Унија треба да важат истите услови како и за сите членки досега, односно да важат Копенхагеншките критериуми, а не само за земјава да важат двојни стандарди. Во врска со уставните измени, Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на македонскиот Устав под бугарски диктат и уцени, како и тоа дека членството во ЕУ не треба да ги загрози македонските државни и национални интереси. На средбата беше потенцирана и соработката помеѓу двете држави поддршката која Хрватска и ја дава на Македонија, воедно беше посочено дека постои простор за уште поголема и подлабока соработка во иднина откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада во Македонија.  

The post Мицкоски на средба со Метелко-Згомбиќ: И за Македонија да важат Копенхашките критериуми appeared first on Република.

]]>