Коп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kop/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Feb 2022 17:33:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Коп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kop/ 32 32 Средба Маричиќ – Јан Коп: Важна ни е поддршката од Холандија на европскиот пат и во реформскиот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-marichikj-jan-kop-vazna-ni-e-poddrshkata-od-holandija-na-evropskiot-pat-i-vo-reformskiot-proces/ Mon, 07 Feb 2022 17:33:51 +0000 https://republika.mk/?p=455299

Денес вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оствари средба со холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп на која разговараа за динамика на евроинтеграцискиот процес на земјава, продолжувањето на соработката меѓу двете земји, како и финансиската поддршка која во вид на проекти ја добива Република Македонија од страна на Кралството Холандија.

Важна ни е поддршката од Кралството Холандија во процесот за почеток на преговори со Европската Унија. На денешната средба со амбасадорот Јан Коп  потврдивме дека политиката на проширување на ЕУ е важна за стабилноста и напредокот на регионот, бидејќи обезбедува единствени правила во однос на демократија, владеење на правото, човековите права, но и поголем пазар и инвестиции. Македонија останува цврсто посветена на процесот на пристапување во ЕУ и очекувам дека во наредниот период ќе работиме заедно со нашите европски партнери за да ја забрзаме динамиката на процесот со посветена работа на сеопфатни реформи, кажа Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот на Кралството Холандија, Јан Коп, разговараа и за проширување на традиционалната поддршка во реформите со акцент на владеење на правото и правосудство, како и за напредокот во соработката помеѓу нашата земја и Бугарија во насока на целосно отстранување на ветото кон конечно отпочнување на пристапните преговори со Унијата, при што беше потенцирана холандската поддршка за европската иднина на земјата.

The post Средба Маричиќ – Јан Коп: Важна ни е поддршката од Холандија на европскиот пат и во реформскиот процес appeared first on Република.

]]>