конзерваторски зафати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konzervatorski-zafati/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Jun 2022 07:47:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конзерваторски зафати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konzervatorski-zafati/ 32 32 Почнаа конзерваторски истражувања на ѕидното сликарство во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochnaa-konzervatorski-istrazuvanja-na-dzidnoto-slikarstvo-vo-crkvata-sveti-gjorgji-vo-kurbinovo/ Wed, 15 Jun 2022 07:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=515354

Националната установа Завод и Музеј-Битола во соработка со Европски центар за византиски и поствизантиски споменици со седиште во Солун, почна конзерваторски истражувања на ѕидното сликарство во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново.

Станува збор за конзерваторски проект, кој по комплетирањето ќе биде испратен на стручна контрола во Националниот конзерваторски центар во Скопје и ако добие позитивно стручно мислење, потоа треба да добие и конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство, информираат од НУ Завод и Музеј-Битола.

Во тек е конзервација на архитектурата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во чиј опфат е инјектирање на ѕидовите во внатрешниот дел на објектот, како и интервенции на кровната конструкција. Во рамки на конзерваторските истражувања се вршат и анализи кои ќе придонесат за соодветни конзерваторски интервенции, потврдуваат од битолскиот Музеј.

Како што е познато, во црквата „Свети Ѓорги“ во преспанско Курбиново се наоѓа фреската на светецот Архангел Гаврил – „Ангелот од Курбиново“ која е ставена на Привремената листа за културно наследство на УНЕСКО.

The post Почнаа конзерваторски истражувања на ѕидното сликарство во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново appeared first on Република.

]]>

Националната установа Завод и Музеј-Битола во соработка со Европски центар за византиски и поствизантиски споменици со седиште во Солун, почна конзерваторски истражувања на ѕидното сликарство во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново. Станува збор за конзерваторски проект, кој по комплетирањето ќе биде испратен на стручна контрола во Националниот конзерваторски центар во Скопје и ако добие позитивно стручно мислење, потоа треба да добие и конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство, информираат од НУ Завод и Музеј-Битола.