конвои Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konvoi/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Aug 2023 07:30:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конвои Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konvoi/ 32 32 Конвои на Вагнеровите борци ја напушаат Белорусија и порачаа: Ќе кажеме само едно, тргнуваме! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/konvoi-na-vagnerovite-bortsi-ja-napushaat-belorusija-i-porachaa-ke-kazheme-samo-edno-trgnuvame/ Thu, 24 Aug 2023 07:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=675171

Откако Вагнер и Кремљ потврдија дека Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа кај Москва, украинскиот Национален центар на отпорот соопшти дека конвои на Вагнеровите борци ја напушаат Белорусија и тргнуваат кон Русија.

Извори во Белорусија велат дека некои од Вагнеровите базни кампови веќе се демонитрани за време на ноќта во среда кон четврток и дека припадниците на приватната војна група формирале конвои за напуштање на земјата.

Конвоите веројатно одат кон границата со Русија, соопшти Центарот.

Според извори на Центарот во Белорусија, белоруската влада не одобрила повлекување на групата платеници. Белоруските служби наводно се обидуваат да ги пресретнат конвоите на граница.

На каналите на Телеграм и социјалните мрежи е објавено видео во кое „вагнеровците“ ја најавуваат одмаздата.

Отворено кажуваме дека главните осомичени за смртта на Пригожин седат во Кремљ. Многу се зборува за тоа што ќе направи Вагнер во оваа ситуација. Ќе кажеме едно. Веќе сме на пат. Чекајте нѐ, ќе организираме втор поход на Москава, објавено е на каналот Зелена зора.

The post Конвои на Вагнеровите борци ја напушаат Белорусија и порачаа: Ќе кажеме само едно, тргнуваме! appeared first on Република.

]]>

Откако Вагнер и Кремљ потврдија дека Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа кај Москва, украинскиот Национален центар на отпорот соопшти дека конвои на Вагнеровите борци ја напушаат Белорусија и тргнуваат кон Русија. Извори во Белорусија велат дека некои од Вагнеровите базни кампови веќе се демонитрани за време на ноќта во среда кон четврток и дека припадниците на приватната војна група формирале конвои за напуштање на земјата. Конвоите веројатно одат кон границата со Русија, соопшти Центарот. Според извори на Центарот во Белорусија, белоруската влада не одобрила повлекување на групата платеници. Белоруските служби наводно се обидуваат да ги пресретнат конвоите на граница. На каналите на Телеграм и социјалните мрежи е објавено видео во кое „вагнеровците“ ја најавуваат одмаздата. Отворено кажуваме дека главните осомичени за смртта на Пригожин седат во Кремљ. Многу се зборува за тоа што ќе направи Вагнер во оваа ситуација. Ќе кажеме едно. Веќе сме на пат. Чекајте нѐ, ќе организираме втор поход на Москава, објавено е на каналот Зелена зора.

The post Конвои на Вагнеровите борци ја напушаат Белорусија и порачаа: Ќе кажеме само едно, тргнуваме! appeared first on Република.

]]>
Конвој со помош на Обединетите нации влегоа во северозападна Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/konvoi-so-pomosh-na-obedinetite-natsii-vlegoa-vo-severozapadna-sirija/ Mon, 13 Feb 2023 08:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=608237

Конвој од 10 камиони со помош на Обединетите нации влегоа во северозападна Сирија преку турскиот граничен премин Баб ал-Хава во неделата, изјави Мадеви Сун-Суон, портпаролка на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања.

Таа изјавила дека камионите на Меѓународната организација за миграција носат комплети за привремено сместување, пренесува Си-Ен-Ен.

Официјалниот претставник на ОН изјави дека 22 возила на ОН влегле во Сирија во саботата, вклучувајќи 12 камиони на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, седум камиони на Светската здравствена организација, два камиони од Фондот за население на ОН и еден камион на УНИЦЕФ.

Испораката на помош до областите на северна Сирија погодени од разорниот земјотрес, од кои повеќето се под контрола на бунтовниците, е попречена од долготрајната граѓанска војна во земјата.

Заменик-секретарот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс вчера на Твитер од турско-сириската граница објави дека луѓето во северозападна Сирија „со право се чувствуваат напуштено“.

„Досега ги потфрливме луѓето од северозападна Сирија“, рече Грифитс, додавајќи дека негов приоритет е „да го поправи овој неуспех што е можно побрзо“.

The post Конвој со помош на Обединетите нации влегоа во северозападна Сирија appeared first on Република.

]]>

Конвој од 10 камиони со помош на Обединетите нации влегоа во северозападна Сирија преку турскиот граничен премин Баб ал-Хава во неделата, изјави Мадеви Сун-Суон, портпаролка на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања. Таа изјавила дека камионите на Меѓународната организација за миграција носат комплети за привремено сместување, пренесува Си-Ен-Ен. Официјалниот претставник на ОН изјави дека 22 возила на ОН влегле во Сирија во саботата, вклучувајќи 12 камиони на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, седум камиони на Светската здравствена организација, два камиони од Фондот за население на ОН и еден камион на УНИЦЕФ. Испораката на помош до областите на северна Сирија погодени од разорниот земјотрес, од кои повеќето се под контрола на бунтовниците, е попречена од долготрајната граѓанска војна во земјата. Заменик-секретарот на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс вчера на Твитер од турско-сириската граница објави дека луѓето во северозападна Сирија „со право се чувствуваат напуштено“. „Досега ги потфрливме луѓето од северозападна Сирија“, рече Грифитс, додавајќи дека негов приоритет е „да го поправи овој неуспех што е можно побрзо“.

The post Конвој со помош на Обединетите нации влегоа во северозападна Сирија appeared first on Република.

]]>
Украинскиот преговарач Арахами се надева на отворање хуманитарен коридор од Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskiot-pregovarach-arahami-se-nadeva-na-otvoranje-humanitaren-koridor-od-harkov/ Sun, 06 Mar 2022 10:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=468424

Шефот на украинската делегација за преговорите со Русија, Дејвид Арахами, се надева дека денеска може да се отовори хуманитарен коридор од источниот град Харков.

Да даде Господ, во недела ќе има коридор, напиша преговарачот Арахами на Фејсбук, одговарајќи на коментарот на една жена за тоа дека требало да се слуша и да се договори прекин на огнот со Русија.

Жената била од Харков и минала низ „10 дена пекол“, наведе тој.

Претставниците на Украина и Русија во текот на втората рунда разговори во Белорусија, во четвртокот, се договорија да воспостават хуманитарни коридори.

The post Украинскиот преговарач Арахами се надева на отворање хуманитарен коридор од Харков appeared first on Република.

]]>

Шефот на украинската делегација за преговорите со Русија, Дејвид Арахами, се надева дека денеска може да се отовори хуманитарен коридор од источниот град Харков. Да даде Господ, во недела ќе има коридор, напиша преговарачот Арахами на Фејсбук, одговарајќи на коментарот на една жена за тоа дека требало да се слуша и да се договори прекин на огнот со Русија. Жената била од Харков и минала низ „10 дена пекол“, наведе тој. Претставниците на Украина и Русија во текот на втората рунда разговори во Белорусија, во четвртокот, се договорија да воспостават хуманитарни коридори.

The post Украинскиот преговарач Арахами се надева на отворање хуманитарен коридор од Харков appeared first on Република.

]]>