конвенција на вмро-дпмне Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konvencija-na-vmro-dpmne/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Mar 2024 12:16:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конвенција на вмро-дпмне Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konvencija-na-vmro-dpmne/ 32 32 ВО ЖИВО: Втора панел-дебата за претседателскиот кандидат пред конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-vtora-panel-debata-za-pretsedatelskiot-kandidat-pred-konventsijata-na-vmro-dpmne/ Sat, 02 Mar 2024 10:51:38 +0000 https://republika.mk/?p=750278

Во Македонска Филхармонија денеска ќе се одржи Конвенција за избор на кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Важно е! Лидерство што носи промени”.

Настанот започна со две последователни панел дискусии модерирани од членот на ИК и портпарол Марија Митева и портпаролот Наум Стоилковски.

Првата дебата беше на тема: Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите:

Учесници на дебатата се:
проф. д-р Тања Каракамишева
проф. д-р Александар Климовски
Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Иванка Василевска, пратеник

https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-poslednite-godini-vidovme-kakov-pretsedatel-ne-treba-da-ima-drzhavata/

Втората дебатана тема: „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“ може да ја следите тука:

Учесници на дебатата се:
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Во 13:15 часот ќе започне официјалниот дел на Конвенцијата, а по завршување на работата на работното претседателство согласно предвидениот дневен ред, свое обраќање ќе има кандидатот за Претседател, по што ќе следи двочасовна пауза за гласање.

По утврдување на изборот свое обраќање ќе има веќе избраниот кандидат на Конвенцијата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

The post ВО ЖИВО: Втора панел-дебата за претседателскиот кандидат пред конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Во Македонска Филхармонија денеска ќе се одржи Конвенција за избор на кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Важно е! Лидерство што носи промени”. Настанот започна со две последователни панел дискусии модерирани од членот на ИК и портпарол Марија Митева и портпаролот Наум Стоилковски. Првата дебата беше на тема: Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите: Учесници на дебатата се: проф. д-р Тања Каракамишева проф. д-р Александар Климовски Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска, пратеник https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-poslednite-godini-vidovme-kakov-pretsedatel-ne-treba-da-ima-drzhavata/ Втората дебатана тема: „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“ може да ја следите тука: Учесници на дебатата се: Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Во 13:15 часот ќе започне официјалниот дел на Конвенцијата, а по завршување на работата на работното претседателство согласно предвидениот дневен ред, свое обраќање ќе има кандидатот за Претседател, по што ќе следи двочасовна пауза за гласање. По утврдување на изборот свое обраќање ќе има веќе избраниот кандидат на Конвенцијата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.  

The post ВО ЖИВО: Втора панел-дебата за претседателскиот кандидат пред конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Последните години видовме каков претседател не треба да има државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-poslednite-godini-vidovme-kakov-pretsedatel-ne-treba-da-ima-drzhavata/ Sat, 02 Mar 2024 10:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=750274

Ние за жал последните години видовме каков претседател не треба да има државата. Претседател – аналитичар, претседател кој ги кажува проблемите, но дали можеме да се сетиме на еден проект кој што тој го предводел, на еден предизвик, а многу предизвици има во државата, кој што тој го решил. Само кажуваше колку е лоша состојбата во државата, најпрактичен ни е последниот пример со состојбата со пасошите. Па потоа не можеа да се договорат со лидерот на неговата партија Ковачевски кој да се јави кај нашиот сосед Грција во обид да се реши проблемот и на крај никој не се јави и проблемот остана. Тоа е пример како не треба, вели Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија на тема „Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“ на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.

Муцунски рече дека на денешната Конвенција ќе се понуди надеж и претседател кој ќе биде лидер на нацијата.

Но, ние сме дојдени денес да понудиме надеж, да дадеме решенија. Да разговараме за претседател кој што треба да биде лидер на нацијата. Претседател кои што има широки надлежности во внатрешната политика, а уште пошироки надлежности во надворешната политика. Да претседател кој што ќе биде претседател на земја членка на НАТО, на земја која што посакува да стане полноправна членка на ЕУ. Но, претседател кој што ќе не води по тој пат со заштитен дигнитет и заштитени национални интереси, додаде тој.

Муцунски истакна дека треба да се избере активен претседател на државата кој што ќе се грижи за македонските национални малцинства кои живеат надвор од државата, односно како што рече тој не само претседател кој зборува за проблемите, туку претседател кој што помага и нуди решенија.

Претседател кој ќе се грижи за македонските национални малцинства кои што живеат надвор од границата на нашата држава, прашања кои што е целосно запоставено. Претседател кој ќе се грижи за ширење на влијанието и знаењето на македонскиот јазик, како на катедрите кои ги има на странските универзитети, така и помеѓу македонската дијаспора. Претседател кој што ќе ги промовира македонските компании, тоа е тоа што ни недостасува, активен претседател. Претседател кој што не говори само за проблемите, туку претседател кој што ни помага и нуди решенија, изјави Муцунски.

Муцунски посочи дека сите добри претседатели на Македонија доаѓале токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите добри претседатели доаѓале од ВМРО-ДПМНЕ. Луѓе кои што биле предложени од нашата партија позади кои нашата партија застанала и кои што знаеле да ја водат Македонија и во потешки предизвици од предизвиците кои ги имаме денес, нагласи Муцунски.

На крај, Муцунски нагласи дека најзначајната одлука ја носат граѓаните на Македонија, потенцирајќи дека и покрај тоа што има центри на моќ кои што не сакаат успех на кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, нема поголема сила и центар на моќ од тоа што автохтоно ќе го кажат граѓаните на Република на Македонија на претседателските избори.

Најзначајна е одлуката која ќе ја донесат граѓаните на Mакедонија. Првиот круг претседателски избори ќе биде предизвик, има многу сили, многу центри на моќ кои што не сакаат успех на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Но, нема поголема сила и поголем центар на моќ од тоа што автохтоно ќе го кажат граѓаните на Република Македонија, заклучи Муцунски.

The post Муцунски: Последните години видовме каков претседател не треба да има државата appeared first on Република.

]]>

Ние за жал последните години видовме каков претседател не треба да има државата. Претседател – аналитичар, претседател кој ги кажува проблемите, но дали можеме да се сетиме на еден проект кој што тој го предводел, на еден предизвик, а многу предизвици има во државата, кој што тој го решил. Само кажуваше колку е лоша состојбата во државата, најпрактичен ни е последниот пример со состојбата со пасошите. Па потоа не можеа да се договорат со лидерот на неговата партија Ковачевски кој да се јави кај нашиот сосед Грција во обид да се реши проблемот и на крај никој не се јави и проблемот остана. Тоа е пример како не треба, вели Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија на тема „Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“ на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ. Муцунски рече дека на денешната Конвенција ќе се понуди надеж и претседател кој ќе биде лидер на нацијата.
Но, ние сме дојдени денес да понудиме надеж, да дадеме решенија. Да разговараме за претседател кој што треба да биде лидер на нацијата. Претседател кои што има широки надлежности во внатрешната политика, а уште пошироки надлежности во надворешната политика. Да претседател кој што ќе биде претседател на земја членка на НАТО, на земја која што посакува да стане полноправна членка на ЕУ. Но, претседател кој што ќе не води по тој пат со заштитен дигнитет и заштитени национални интереси, додаде тој.
Муцунски истакна дека треба да се избере активен претседател на државата кој што ќе се грижи за македонските национални малцинства кои живеат надвор од државата, односно како што рече тој не само претседател кој зборува за проблемите, туку претседател кој што помага и нуди решенија.
Претседател кој ќе се грижи за македонските национални малцинства кои што живеат надвор од границата на нашата држава, прашања кои што е целосно запоставено. Претседател кој ќе се грижи за ширење на влијанието и знаењето на македонскиот јазик, како на катедрите кои ги има на странските универзитети, така и помеѓу македонската дијаспора. Претседател кој што ќе ги промовира македонските компании, тоа е тоа што ни недостасува, активен претседател. Претседател кој што не говори само за проблемите, туку претседател кој што ни помага и нуди решенија, изјави Муцунски.
Муцунски посочи дека сите добри претседатели на Македонија доаѓале токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Сите добри претседатели доаѓале од ВМРО-ДПМНЕ. Луѓе кои што биле предложени од нашата партија позади кои нашата партија застанала и кои што знаеле да ја водат Македонија и во потешки предизвици од предизвиците кои ги имаме денес, нагласи Муцунски.
На крај, Муцунски нагласи дека најзначајната одлука ја носат граѓаните на Македонија, потенцирајќи дека и покрај тоа што има центри на моќ кои што не сакаат успех на кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, нема поголема сила и центар на моќ од тоа што автохтоно ќе го кажат граѓаните на Република на Македонија на претседателските избори.
Најзначајна е одлуката која ќе ја донесат граѓаните на Mакедонија. Првиот круг претседателски избори ќе биде предизвик, има многу сили, многу центри на моќ кои што не сакаат успех на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Но, нема поголема сила и поголем центар на моќ од тоа што автохтоно ќе го кажат граѓаните на Република Македонија, заклучи Муцунски.

The post Муцунски: Последните години видовме каков претседател не треба да има државата appeared first on Република.

]]>
Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за претседателската кандидатура на Гордана Силјановска Давкова, утре конгрес на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konventsija-na-vmro-dpmne-za-pretsedatelskata-kandidatura-na-gordana-siljanovska-davkova-utre-kongres-na-sdsm/ Sat, 02 Mar 2024 07:41:02 +0000 https://republika.mk/?p=750230

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје ќе одржи конвенција за избор на кандидат за претседател на државата, за која функција на партискиот повик се пријави професорката Гордана Силјановска Давкова.

Официјалниот дел на конвенцијата, што ќе се одржи во Филхармонија, е најавен за 13 часот.

По завршување на работата на работното претседателство согласно предвидениот дневен ред, обраќање ќе има кандидатот за претседател, по што ќе следи двочасовна пауза за гласање. По утврдување на изборот обраќање ќе има повторно веќе избраниот кандидат на конвенцијата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред официјалниот дел на Конвенцијата ќе се одржат две панел дискусии: „Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“ и „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“. Говорници ќе бидат потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски и Александар Николовски, пратенците и членови на ИК Миле Лефков, Игор Јанушев, Драган Ковачки, Дафина Стојаноска и Антонијо Милошоски, ...

Силјановска-Давкова, која е актуелен пратеник во Собранието, беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори во 2019 година. Таа била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Експерт е за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член е на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

СДСМ, пак, утре ќе одржи конгрес на кој треба да се официјализира поддршката за актуелниот претседател Стево Пендаровски кој вчера најави дека ќе се кандидидира за втор мандат.

И Силјановска - Давкова и Пендаровски поддршка за кандидатурите ќе побараат и со собирање граѓански потписи од утре.

Потребните 10 000 потписи од граѓаните веќе ги собраа лидерите на ЗНАМ Максим Димитриевски, актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи кој е кандидат на ДУИ, кандидатот и претседател на ГРОМ Стевче Јакимовски, Арбен Таравари, кандидат на коалицијата на албанската опозиција „Вреди“ и Билјана Ванковска, кандидат на Левица.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај, за кога се закажани и паралементарните избори.

The post Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за претседателската кандидатура на Гордана Силјановска Давкова, утре конгрес на СДСМ appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје ќе одржи конвенција за избор на кандидат за претседател на државата, за која функција на партискиот повик се пријави професорката Гордана Силјановска Давкова. Официјалниот дел на конвенцијата, што ќе се одржи во Филхармонија, е најавен за 13 часот.
По завршување на работата на работното претседателство согласно предвидениот дневен ред, обраќање ќе има кандидатот за претседател, по што ќе следи двочасовна пауза за гласање. По утврдување на изборот обраќање ќе има повторно веќе избраниот кандидат на конвенцијата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ.
Пред официјалниот дел на Конвенцијата ќе се одржат две панел дискусии: „Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“ и „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“. Говорници ќе бидат потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски и Александар Николовски, пратенците и членови на ИК Миле Лефков, Игор Јанушев, Драган Ковачки, Дафина Стојаноска и Антонијо Милошоски, ... Силјановска-Давкова, која е актуелен пратеник во Собранието, беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори во 2019 година. Таа била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Експерт е за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член е на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем. СДСМ, пак, утре ќе одржи конгрес на кој треба да се официјализира поддршката за актуелниот претседател Стево Пендаровски кој вчера најави дека ќе се кандидидира за втор мандат. И Силјановска - Давкова и Пендаровски поддршка за кандидатурите ќе побараат и со собирање граѓански потписи од утре. Потребните 10 000 потписи од граѓаните веќе ги собраа лидерите на ЗНАМ Максим Димитриевски, актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи кој е кандидат на ДУИ, кандидатот и претседател на ГРОМ Стевче Јакимовски, Арбен Таравари, кандидат на коалицијата на албанската опозиција „Вреди“ и Билјана Ванковска, кандидат на Левица. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај, за кога се закажани и паралементарните избори.

The post Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за претседателската кандидатура на Гордана Силјановска Давкова, утре конгрес на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Силата на нарко клановите доаѓа поради фактот што Спасовски, Заев и Ковачевски го ставија МВР на услуга на криминалците https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/silata-na-narko-klanovite-doaga-poradi-faktot-shto-spasovski-zaev-i-kovachevski-go-stavija-mvr-na-usluga-na-kriminaltsite/ Tue, 27 Feb 2024 08:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=748766

Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија.Убиството кое се случи вчера е продолжение на крвавата нарко пресметка на клановите чии грозоморни убиства започнаа во времето кога Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи, потсетуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

Таквата сила на тие кланови доаѓа поради фактот што Спасовски, Заев и Ковачевски го ставија МВР на услуга на криминалците, а со помош на нарко клановите ДУИ и СДС добиваше гласови на неколку последователни изборни циклуси. Застреланиот го нашол братот полицаец чие име се спомнува во структурата на фирмата која продава јаглен на ЕСМ и РЕК Битола. А, јавна тајна е дека ЕСМ и РЕК се златните рудници каде црпи пари врвот на СДС и ДУИ.

Срамно е и се граничи со лудост да се пушта соопштенија каде СДС го обвинува Тошковски за расветлување на убиство кога се знае дека тие нарко кланови претходно се пушкараа среде Скопје, се убиваа и брутално егзекутираа, а во исто време седеа во скутот на Спасовски.

За сите други прашања СДС нека се обрати до нивниот заменски министер во МВР Бојмацалиев, кој веројатно не е зафатен со свечен пречек на пасоши или пак со долг сервилен разговор со неговиот шеф во сенка Оливер Спасовски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/teloto-na-zastrelaniot-tusha-go-pronashol-negoviot-brat-politsaets-nivnoto-ime-se-naoga-na-dogovori-so-esm/

The post Силата на нарко клановите доаѓа поради фактот што Спасовски, Заев и Ковачевски го ставија МВР на услуга на криминалците appeared first on Република.