концертна промоцја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kontsertna-promotsja/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 11:05:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png концертна промоцја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kontsertna-promotsja/ 32 32 Концертна промоција на албунот„ KEYF“ на Васил Хаџиманов Бенд https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsertna-promotsija-na-albunot-keyf-na-vasil-hadhimanov-bend/ Sat, 24 Feb 2024 11:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=747782

Еден од највлијателните „jazz fusion“ состави на Балканот, Васил Хаџиманов Бенд, го претставуваат својот нов студиски албум со наслов „Кејф“ (Keyf).

Оваа исклучителна група на музичари веќе долги години ја воодушевува публиката ширум светот со својот единствен звук и енергија, а нивниот нов албум повторно нѝ носи интересни музички гости, иновативни аранжмани, автентична звучна естетика и како и досега, креативни експерименти со различни музички стилови и ритми.
Албумот „Keyf“ е осми студиски албум на бендот и објавен е во дигитален и CD формат од страна на хрватската издавачка куќа Croatia Records.
Содржи девет песни продуцирани од Васил Хаџиманов, Марко Периќ и Тони Китановски. Музичките нумери како насловната „Keyf“, но и „Gypsy“, „Afghan Samba“, „Helidoro's Recipe“, „Mente Pura“, ќе ги потсетат сите љубители на добрата музика на тоа зошто Васил Хаџиманов Бенд својата музика ја изведува на сцените ширум светот и зошто токму нивната музика во Србија е прогласена за уметничко дело со национална вредност.
Снимањето и продукцијата на албумот се: Gdi For The Arts i Croatia Records.
Васил Хаџиманов е музичар со единствен сензибилитет. Како пијанист, композитор, аранжер и педагог, тој е незаменлива врска на регионалната џез сцена и поединец кој во себе носи дел од своите предци кои, секој на свој начин ги обележија музичките простори на Балканот.
Потпирајќи се на богатото искуство во областа со фолклорот, Васил Хаџиманов е автор кој правилно ја сфати пораката од своите предци и таа инспирација ја преточи во автентичен музички исказ.

The post Концертна промоција на албунот„ KEYF“ на Васил Хаџиманов Бенд appeared first on Република.

]]>