концерт Филхармонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kontsert-filharmonija/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Mar 2023 09:36:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png концерт Филхармонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kontsert-filharmonija/ 32 32 Духот на Сараево лебдеше над Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/duhot-na-saraevo-lebdeshe-nad-skopje/ Sun, 05 Mar 2023 00:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=615964

Добрата стара музика од поранешната држава се чини никогаш нема да се заборави.

Ако оригиналните изведувачи не се живи или престанале да свират тука се проектите кои ќе не потсетат дека музиката не знае за политика и граници.

Македонската филхармонија беше полна со посетители од средната и постарата генарција кои уживаа во звуците од Сараево и проектот „Има нека тајна веза“. Песни од Бело Дугме, Здравко Чолиќ, Хари Мата Хари, Индекси, Амбасадори, Валетнино, Плави Оркестар, Дивље Јагоде, Црвена Јабука изведуваа солистите Аида Мушановиќ Арсиќ , Нермин Пушкар, Марко Кутлиќ , Роберт Чолина,Агни Авшар и нашиот Лозано.

Па така, „Бацила је све низ реку“, „Све че тоа мила моја“, „Једне зиме“, Заувјек твој“, „Дирлија, „Доџи у пет до пет“ „Зеница блу“звучеа поинаку и одлично. Публиката пееше заедно со солистите како да се на рок концерт а ги врати и на бис.

https://www.youtube.com/watch?v=pE4jxGiIVCo

https://republika.mk/scena/muzika/vecherva-unikaten-kontsert-na-makedonska-filharmonija-ima-neka-tajna-veza-made-in-sarajevo/

The post Духот на Сараево лебдеше над Скопје appeared first on Република.

]]>

Добрата стара музика од поранешната држава се чини никогаш нема да се заборави. Ако оригиналните изведувачи не се живи или престанале да свират тука се проектите кои ќе не потсетат дека музиката не знае за политика и граници. Македонската филхармонија беше полна со посетители од средната и постарата генарција кои уживаа во звуците од Сараево и проектот „Има нека тајна веза“. Песни од Бело Дугме, Здравко Чолиќ, Хари Мата Хари, Индекси, Амбасадори, Валетнино, Плави Оркестар, Дивље Јагоде, Црвена Јабука изведуваа солистите Аида Мушановиќ Арсиќ , Нермин Пушкар, Марко Кутлиќ , Роберт Чолина,Агни Авшар и нашиот Лозано. Па така, „Бацила је све низ реку“, „Све че тоа мила моја“, „Једне зиме“, Заувјек твој“, „Дирлија, „Доџи у пет до пет“ „Зеница блу“звучеа поинаку и одлично. Публиката пееше заедно со солистите како да се на рок концерт а ги врати и на бис. https://www.youtube.com/watch?v=pE4jxGiIVCo   https://republika.mk/scena/muzika/vecherva-unikaten-kontsert-na-makedonska-filharmonija-ima-neka-tajna-veza-made-in-sarajevo/

The post Духот на Сараево лебдеше над Скопје appeared first on Република.

]]>
Концерт на Мухамед Ибрахими вечерва во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-muhamed-ibrahimi-v-ponedelnik-vo-filharmonija/ Mon, 27 Feb 2023 11:19:32 +0000 https://republika.mk/?p=612668

Во понеделник, на 27 февруари, во малата сала на Филхармонија, врвниот гитарист Мухамед Ибрахими ќе одржи свој концерт. Концертот е во организација на Баги Комуникации.

Мухамед Ибрахими е гитарист кој својата гитара ја третира на многу интуитивен и инспиративен начин, свирејќи го спонтано само она што го чувствува и извира директно од него.
Неговите композиции се автентична мешавина од повеќе музички стилови во кои сосема природно се спојуваат блуз и рок, но и традиција и сегашност.
Ваквите негови храбри и елегантни комбинации даваат прекрасен звучен пејзаж и импресивна музика која пренесува универзални чувства.

Гости на концертот на Ибрахими ќе бидат Ратко Даутовски на перкусии, Џоле Максимовски на бас, Фјола Исмаили на чело и Никола Стојмановиќ на мандолина.

На концертот во Филхармонија публиката ќе може да слушне композиции од моите два албума, но ќе има и нови композиции кои ќе бидат првпат интерпретирани концертно. Составот е интересен, композициите опфаќаат поширок обем на стилови задржувајќи ја автентичноста на мојот стил и начин на интерпретирање. Се надевам дека публиката ќе ужива во звукот којшто ќе го пренесеме преку нашите инструменти, изјави Ибрахими.

Мухамед Ибрахими не е ново име на македонската музичка сцена. Го паметиме како гитарист на групата БЛА БЛА БЛА, а многумина го познаваат и како творец кој практикува соработки со различни уметници. За себе вели дека е самоук, дека свири од својата 5 година на различни инструменти, но ако треба да бира, би ја одбрал гитарата. Има издадено два албума, Fly во 2014 и Devotion во 2019 година.

Особено сме среќни што соработуваме со еден извонреден музичар и одличен професионалец каков што е Мухамед. Нашата стратегија како агенција е да се посветиме на негувањето на домашните автори и музика. Годинава не очекуваат одлични соработки и уште подобри концерти – велат од Баги Комуникации.

Инаку концертот ќе започне во 20 часот а влезници можат да се набават преку платформата www.bileti.mk

The post Концерт на Мухамед Ибрахими вечерва во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Во понеделник, на 27 февруари, во малата сала на Филхармонија, врвниот гитарист Мухамед Ибрахими ќе одржи свој концерт. Концертот е во организација на Баги Комуникации.

Мухамед Ибрахими е гитарист кој својата гитара ја третира на многу интуитивен и инспиративен начин, свирејќи го спонтано само она што го чувствува и извира директно од него. Неговите композиции се автентична мешавина од повеќе музички стилови во кои сосема природно се спојуваат блуз и рок, но и традиција и сегашност. Ваквите негови храбри и елегантни комбинации даваат прекрасен звучен пејзаж и импресивна музика која пренесува универзални чувства.