концеет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kontseet/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 09:34:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png концеет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kontseet/ 32 32 Концертот „Танго приказна“ вечерва во Салон 19,19 во КИЦ-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsertot-tango-prikazna-vecherva-vo-salon-19-19-vo-kits-skopje/ Tue, 14 May 2024 09:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=777888

Концерт со наслов ТАНГО ПРИКАЗНА ќе се оддржи на 14 мај (вторник) во 20.30 часот во Салон 19,19, во Културно информативниот центар во Скопје.

На концертот љубителите на извонредната уметност, музика и танц ќе имаат концертно танго доживување со камерниот состав „Агогик “ и сценски настап на танцова двојка од „Центар 213“.

 

На програмата се танго композиции, милонги, валцери од најпознатите композитори на тангото како А. Пјацола, Ф. Канаро, К.Гардел и други познати композитори.

Камерниот состав „Агогик“ во состав Филип Петрески на хармоника, Ајхан Куртов на пијано и Пламенка Трајковска на виолина повеќе од 15 години ја носат магијата на танго музиката кај нас. Досега настапиле на речиси сите македонски сцени и познати манифестации како Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Топол културен бран, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Србија и Грција.

На концертот публиката ќе може да ужива во сценскиот настап на танго двојка во состав Владанка Колева и Онур Мок од ,,Центар 213“ кои досега настапиле на повеќе домашни и странски сцени во Словенија ,Хрватска, Босна и други танго сцени.

Билетите за концертот се достапни на следниот линк: https://mktickets.mk/event/tango-prikazna/

The post Концертот „Танго приказна“ вечерва во Салон 19,19 во КИЦ-Скопје appeared first on Република.

]]>

Концерт со наслов ТАНГО ПРИКАЗНА ќе се оддржи на 14 мај (вторник) во 20.30 часот во Салон 19,19, во Културно информативниот центар во Скопје. На концертот љубителите на извонредната уметност, музика и танц ќе имаат концертно танго доживување со камерниот состав „Агогик “ и сценски настап на танцова двојка од „Центар 213“.   На програмата се танго композиции, милонги, валцери од најпознатите композитори на тангото како А. Пјацола, Ф. Канаро, К.Гардел и други познати композитори. Камерниот состав „Агогик“ во состав Филип Петрески на хармоника, Ајхан Куртов на пијано и Пламенка Трајковска на виолина повеќе од 15 години ја носат магијата на танго музиката кај нас. Досега настапиле на речиси сите македонски сцени и познати манифестации како Скопско лето, Бит фест, Штипско културно лето, Топол културен бран, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други настапи на концертни сцени во Македонија и концерти во Србија и Грција. На концертот публиката ќе може да ужива во сценскиот настап на танго двојка во состав Владанка Колева и Онур Мок од ,,Центар 213“ кои досега настапиле на повеќе домашни и странски сцени во Словенија ,Хрватска, Босна и други танго сцени. Билетите за концертот се достапни на следниот линк: https://mktickets.mk/event/tango-prikazna/

The post Концертот „Танго приказна“ вечерва во Салон 19,19 во КИЦ-Скопје appeared first on Република.

]]>