контролори на летање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kontrolori-na-letanje/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 07:36:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png контролори на летање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kontrolori-na-letanje/ 32 32 Flightradar24 не е релевантна алатка, контролорите се мета на неосновани осуди, велат од ЗКЛМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/flightradar24-ne-e-relevantna-alatka-kontrolorite-se-meta-na-neosnovani-osudi-velat-od-zklm/ Sat, 14 Sep 2024 07:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=816252

Здружението на контролори на летање на Македонија (ЗКЛМ) денеска се огласи во врска со безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември, порачувајќи дека застанува во одбрана на колективниот углед и професионализам на контролорите, кои, како што нагласува, се мета на неосновани осуди. Прогласувањето на овој настан за „сериозен инцидент", порачува Здружението, без притоа да се проверат фактите не оди во насока на правично и вистинито расветлување на случајот.

Според ЗКЛМ, навремено е поднесена пријава за безбедносен настан од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор и е процесирана од релевантните одделенија, служби и институции, кои понатаму постапуваат по пријавениот настан, согласно постоечки правни процедури и никогаш не станувало случај за заташкување на настани. Напоменува и „дека Flightradar24 не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време и како таква не треба да се користи за извлекување на заклучоци“.

ЗКЛМ во соопштение наведува дека воздухопловниот транспорт е комплексен систем сочинет од луѓе, процедури и технологии, кои меѓусебно соработуваат и дејствуваат со цел создавање на најбезбеден начин на патување.

Појавата на безбедносни настани во воздухопловството, укажува Здружението, е секогаш последица на сложена интеракција на поголем број на фактори, кои делуваат на начин кој го преоптоварува безбедносниот систем и резултира со непосакуван исход. Поради критичната важност на безбедноста во работата, контролор на летање е професија со високо ниво на одговорност. Македонските контролори на летање се соодветно обучени професионалци, кои со највисоко ниво на квалитет опслужуваат рекорден број на летови, честопати во тешки временски услови, кои оперираат под нивна надлежност за безбедно и редовно да стигнат до нивните дестинации. ЗКЛМ застанува во одбрана на колективниот углед и професионализам на контролорите, кои се мета на неосновани осуди, стои во соопштението.

Воспоставувањето на култура на праведност во воздухопловството, се дополнува во соопштеието, резултираше со висок стандард за безбедност, со што воздухопловните незгоди и инциденти станаа исклучително ретки, но сепак не се целосно непостоечки и се случуваат кај нас, како и во Европа и светот. Прифаќањето на системски пристап при истражувањето, наместо индивидуално обвинување е клучно за зајакнувањето на безбедноста во воздухопловството.

За настанот од 7-ми септември, навремено е поднесена пријава за безбедносен настан од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор и истата е процесирана од релевантните одделенија, служби и институции, кои понатаму постапуваат по пријавениот настан, согласно постоечки правни процедури. Никогаш не станувало случај за заташкување на настани. Прогласувањето на овој настан за „сериозен инцидент", без притоа да се проверат фактите не оди во насока на правично и вистинито расветлување на случајот. Напоменуваме дека Flightradar24 не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време и како таква не треба да се користи за извлекување на заклучоци, наведива ЗКЛМ.

Ги повикува медиумите кои известуваат за овој настан, како што наведуваат, да го одржуваат нивото на новинарски интегритет и објективно известување, да го почитуваат текот на истрагата според пропишаните норми и пракси во воздухопловството пред да објавуваат за вакви чувствителни теми, како и воздржување од давање на паушални коментари сѐ до добивање на официјални и финални резултати. Дополнително, апелираат да се избегнува ширење шпекулации и коментари во врска со настанот на социјалните медиуми, кои можат да бидат погрешно интерпретирани.

По медиумските објави дека на небото над Скопје на 7. месецов е избегнат судир на два цивилни авиона, Агенцијата за цивилно воздухопловство за МИА потврди дека Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријавил настанот и посочија дека Агенцијата ќе постапи по него.

И Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) најави дека ќе отвори истрага. Од понеденик во М-НАВ, како што најавија, во М-НАВ ќе ги направат потребните разговори, ќе ги преслушаат снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите и ќе ги погледаат снимките. - Ние не утврдуваме вина, туку причина која довела до ваков инцидент. Исто така, ќе побараме изјави од пилотите на двата авиона преку нивните воздухопловни власти, па ќе ја информираме јавноста. Се друго во моментот ќе биде шпекулација, изјави претседателот на КИНСИВ Зоран Илиевски.

Како што соопшти Давателот на навигациски услуги М-НАВ, во пропишаниот рок поднесена е пријава за безбедосниот настан и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините.

Од М-НАВ потенцираа дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.

На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.

Порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, објави дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

The post Flightradar24 не е релевантна алатка, контролорите се мета на неосновани осуди, велат од ЗКЛМ appeared first on Република.

]]>

Здружението на контролори на летање на Македонија (ЗКЛМ) денеска се огласи во врска со безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември, порачувајќи дека застанува во одбрана на колективниот углед и професионализам на контролорите, кои, како што нагласува, се мета на неосновани осуди. Прогласувањето на овој настан за „сериозен инцидент", порачува Здружението, без притоа да се проверат фактите не оди во насока на правично и вистинито расветлување на случајот. Според ЗКЛМ, навремено е поднесена пријава за безбедносен настан од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор и е процесирана од релевантните одделенија, служби и институции, кои понатаму постапуваат по пријавениот настан, согласно постоечки правни процедури и никогаш не станувало случај за заташкување на настани. Напоменува и „дека Flightradar24 не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време и како таква не треба да се користи за извлекување на заклучоци“. ЗКЛМ во соопштение наведува дека воздухопловниот транспорт е комплексен систем сочинет од луѓе, процедури и технологии, кои меѓусебно соработуваат и дејствуваат со цел создавање на најбезбеден начин на патување.
Појавата на безбедносни настани во воздухопловството, укажува Здружението, е секогаш последица на сложена интеракција на поголем број на фактори, кои делуваат на начин кој го преоптоварува безбедносниот систем и резултира со непосакуван исход. Поради критичната важност на безбедноста во работата, контролор на летање е професија со високо ниво на одговорност. Македонските контролори на летање се соодветно обучени професионалци, кои со највисоко ниво на квалитет опслужуваат рекорден број на летови, честопати во тешки временски услови, кои оперираат под нивна надлежност за безбедно и редовно да стигнат до нивните дестинации. ЗКЛМ застанува во одбрана на колективниот углед и професионализам на контролорите, кои се мета на неосновани осуди, стои во соопштението.
Воспоставувањето на култура на праведност во воздухопловството, се дополнува во соопштеието, резултираше со висок стандард за безбедност, со што воздухопловните незгоди и инциденти станаа исклучително ретки, но сепак не се целосно непостоечки и се случуваат кај нас, како и во Европа и светот. Прифаќањето на системски пристап при истражувањето, наместо индивидуално обвинување е клучно за зајакнувањето на безбедноста во воздухопловството.
За настанот од 7-ми септември, навремено е поднесена пријава за безбедносен настан од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор и истата е процесирана од релевантните одделенија, служби и институции, кои понатаму постапуваат по пријавениот настан, согласно постоечки правни процедури. Никогаш не станувало случај за заташкување на настани. Прогласувањето на овој настан за „сериозен инцидент", без притоа да се проверат фактите не оди во насока на правично и вистинито расветлување на случајот. Напоменуваме дека Flightradar24 не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време и како таква не треба да се користи за извлекување на заклучоци, наведива ЗКЛМ.
Ги повикува медиумите кои известуваат за овој настан, како што наведуваат, да го одржуваат нивото на новинарски интегритет и објективно известување, да го почитуваат текот на истрагата според пропишаните норми и пракси во воздухопловството пред да објавуваат за вакви чувствителни теми, како и воздржување од давање на паушални коментари сѐ до добивање на официјални и финални резултати. Дополнително, апелираат да се избегнува ширење шпекулации и коментари во врска со настанот на социјалните медиуми, кои можат да бидат погрешно интерпретирани. По медиумските објави дека на небото над Скопје на 7. месецов е избегнат судир на два цивилни авиона, Агенцијата за цивилно воздухопловство за МИА потврди дека Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријавил настанот и посочија дека Агенцијата ќе постапи по него. И Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) најави дека ќе отвори истрага. Од понеденик во М-НАВ, како што најавија, во М-НАВ ќе ги направат потребните разговори, ќе ги преслушаат снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите и ќе ги погледаат снимките. - Ние не утврдуваме вина, туку причина која довела до ваков инцидент. Исто така, ќе побараме изјави од пилотите на двата авиона преку нивните воздухопловни власти, па ќе ја информираме јавноста. Се друго во моментот ќе биде шпекулација, изјави претседателот на КИНСИВ Зоран Илиевски. Како што соопшти Давателот на навигациски услуги М-НАВ, во пропишаниот рок поднесена е пријава за безбедосниот настан и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините. Од М-НАВ потенцираа дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.
На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.
Порталот СДК.мк, повикувајќи се на сајтот за следење летови Флајтрадар24, објави дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.

The post Flightradar24 не е релевантна алатка, контролорите се мета на неосновани осуди, велат од ЗКЛМ appeared first on Република.

]]>
Давитковски: Владата имаше предупредувања од синдикатот на М-НАВ и не презеде ништо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/davitkovski-vladata-imashe-predupreduvana-od-sindikatot-na-m-nav-i-ne-prezede-nishto/ Thu, 11 Jan 2024 09:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=731832

Факт е дека во делот од македонскиот фолклор е секое чудо за три дена. Но, сега очигледно дека чашата е прелеана и со Врховен суд и со М-НАВ кога е загрозено и македонското небо. За време на инцидентот прелетувале два авиона на НАТО и триесетина други авиони. Можно е да ни го одземат небото. Оваа работа нема да помине толку едноставно. И не е само тоа, има тотална партизација која не е само од сега. Македонија егзистира од избори до избори. Оној што е на власт, му се може и прави што сака. А мерит системот не може да не важи во М-НАВ каде што е во прашање безбедноста на европското небо, вели проф. Борче Давитковски од Правен факултет во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

Според мене најголема е одговорноста на Владата која имаше предупредувања од синдикатот и не презеде ништо. А луѓето гледаат. Еднаш мора да се прекине со ваквиот однос. Ако сакаме да бидеме сериозна држава. Денешните изјави на амбасадорите се срам за земјата, вели Давитковски.

Тој додава дека за развојот на државата не чини ако институциите „се доделуваат“ на партиите и директорите мора да се од таа партија кои потоа институцијата ја толкуваат како сопствен имот.

Попусто министерот Бочварски кога преговараше со синдикатот на М-НАВ велеше дека таа институција е од стратешко значење. Се покажа дека тоа не е битно. Едноставно тие луѓе што влегоа таму не смееја да бидат таму, вели Давитковски и додава дека штом премиерот толкува закони тука нешто не е во ред.

The post Давитковски: Владата имаше предупредувања од синдикатот на М-НАВ и не презеде ништо appeared first on Република.

Тасевски му врати на премиерот: Повеќе да се заинтересира за партиските вработувања каде се примаат без конкурси и знаење, не доаѓаат на работа, а земаат плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-mu-vrati-na-premierot-poveke-da-se-zainteresira-za-partiskite-vrabotuvana-kade-se-primaat-bez-konkursi-i-znaene-ne-doagaat-na-rabota-a-zemaat-plata/ Wed, 10 Jan 2024 14:22:10 +0000 https://republika.mk/?p=731643

Претседателот на на Синдикатот на контролорите на летање Александар Тасевски за „Плусинфо“  вели дека, наместо за роднинските врски, премиерот Димитар Ковачевски треба повеќе да се заинтерсира за партиските вработувања во М-НАВ.

Никому не треба да му пречат нечии роднински врски, ако некој професионално си ја врши работата, ако ги поминал соодветните селекции и обуки. Така, не верувам дека некој можел да се пожали на мојата професионална работа сиве овие години. Премиерот треба повеќе да се заинтересира за оние партиски вработувања каде кандидатите се примаат без конкурси, без квалификации, без знаење, кои ништо не работат или воопшто не доаѓаат на работа, а редовно земаат плата, вели Тасевски за „Плусинфо“.

Претседателот на синдикатот вели дека еден од тие што воопшто не доаѓаат на работа, или барем тој никогаш не го видел, е токму Беќим Незири, кој упадна во контролата и таму со партиски насилници истепа еден од контролорите. Парадоксот да биде поголем, за напаѓачите не се изречени мерки притвор или домашен притвор, а Незири „ако сака“ може да се појавува на работното место „советник“ на директорот на контрола на летање. Според она што досега е познато од судската одлука, не е изречена суспензија за Незири од работното место.

Според Тасевски, по смената на директорите во М-НАВ, откако ќе се изврши промопредавање на должностите, ќе треба да се одлучи каква ќе биде иднината на Незири во М-НАВ. Идните директори треба да покренат дисциплинска постапка за Незири и да се одлучи дали тој ќе остане на работното место.

На денешната прес-конференција Ковачевски го издвои Тасевски, чиј татко бил вработен во македонската контрола на летање, поточно бил еден од основачите на македонската контрола на летање, која по замунувањето на ЈНА броела само 15 луѓе.

Со таа институција треба посериозно да се позанимава не само Владата туку и Еуроконтрол. Нивното финансирање е од таму. Има неколку аспекти кои треба да се анализираат. Таа фирма сметам дека е станата семејна фирма. Има до трето колено вработувања од исто семејство. Претседател на синдикат, татко му работел таму, брат му работи таму. Тие функционираат како семејство. Премногу случајности има во таа организација за да некои од нив се случајни, рече Ковачевски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozheshe-po-drugite-pa-udri-po-niv-za-kovachevski-m-nav-stanala-semejna-firma-pa-zatoa-se-sluchuvale-konflikti-koi-obichno-gi-ima-po-doma/

The post Тасевски му врати на премиерот: Повеќе да се заинтересира за партиските вработувања каде се примаат без конкурси и знаење, не доаѓаат на работа, а земаат плата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на на Синдикатот на контролорите на летање Александар Тасевски за „Плусинфо“  вели дека, наместо за роднинските врски, премиерот Димитар Ковачевски треба повеќе да се заинтерсира за партиските вработувања во М-НАВ.
Никому не треба да му пречат нечии роднински врски, ако некој професионално си ја врши работата, ако ги поминал соодветните селекции и обуки. Така, не верувам дека некој можел да се пожали на мојата професионална работа сиве овие години. Премиерот треба повеќе да се заинтересира за оние партиски вработувања каде кандидатите се примаат без конкурси, без квалификации, без знаење, кои ништо не работат или воопшто не доаѓаат на работа, а редовно земаат плата, вели Тасевски за „Плусинфо“.
Претседателот на синдикатот вели дека еден од тие што воопшто не доаѓаат на работа, или барем тој никогаш не го видел, е токму Беќим Незири, кој упадна во контролата и таму со партиски насилници истепа еден од контролорите. Парадоксот да биде поголем, за напаѓачите не се изречени мерки притвор или домашен притвор, а Незири „ако сака“ може да се појавува на работното место „советник“ на директорот на контрола на летање. Според она што досега е познато од судската одлука, не е изречена суспензија за Незири од работното место. Според Тасевски, по смената на директорите во М-НАВ, откако ќе се изврши промопредавање на должностите, ќе треба да се одлучи каква ќе биде иднината на Незири во М-НАВ. Идните директори треба да покренат дисциплинска постапка за Незири и да се одлучи дали тој ќе остане на работното место. На денешната прес-конференција Ковачевски го издвои Тасевски, чиј татко бил вработен во македонската контрола на летање, поточно бил еден од основачите на македонската контрола на летање, која по замунувањето на ЈНА броела само 15 луѓе.
Со таа институција треба посериозно да се позанимава не само Владата туку и Еуроконтрол. Нивното финансирање е од таму. Има неколку аспекти кои треба да се анализираат. Таа фирма сметам дека е станата семејна фирма. Има до трето колено вработувања од исто семејство. Претседател на синдикат, татко му работел таму, брат му работи таму. Тие функционираат како семејство. Премногу случајности има во таа организација за да некои од нив се случајни, рече Ковачевски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozheshe-po-drugite-pa-udri-po-niv-za-kovachevski-m-nav-stanala-semejna-firma-pa-zatoa-se-sluchuvale-konflikti-koi-obichno-gi-ima-po-doma/

The post Тасевски му врати на премиерот: Повеќе да се заинтересира за партиските вработувања каде се примаат без конкурси и знаење, не доаѓаат на работа, а земаат плата appeared first on Република.

]]>
Ќе нема летови за Нова година ако не се повлечат контроверзните огласи за вработување во М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-nema-letovi-za-nova-godina-ako-ne-se-povlechat-kontroverznite-oglasi-za-vrabotuvane-vo-m-nav/ Sat, 16 Dec 2023 07:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=723369

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ најави предупредувачки штрајк на 25 декември од 10 до 17 часот и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НАВ, со критериуми, според претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава.

Бидејќи е прекршена спогодбата помеѓу Синдикатот и директорите на М-НАВ за која гарант беше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, го реактивираме штрајкот на 25 декември од 10 часот до 15 часот, по што ќе се штрајкува и на 31 декември од 00.01 до 1 јануари во 23.59, потврди во изјава за МИА Тасевски.

Доколку не бидат повлечени објавените огласи најавува дека на 25 декември ќе нема полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на штрајкот за Нова година покрај блокада на авиосообраќајот на двата аеродрома нема да се опслужуваат ниту прелетите.

Тој вели дека договореното за роковите за времетретрање на огласите за вработување не се почитува, а кадарот кој сакаат да го вработат, како што рече, не е од суштинските дејности и не е потребен. -Станува збор за деловни асистенти и советник за човечки ресурси, место што според наши сознанија е за еден од поранешните директори во М-НАВ, рече Тасевски.

Едниот оглас, појасни, е со траење од 10 дена, наместо 10 работни, а другиот три дена од кои два се сабота и недела.

The post Ќе нема летови за Нова година ако не се повлечат контроверзните огласи за вработување во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ најави предупредувачки штрајк на 25 декември од 10 до 17 часот и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НАВ, со критериуми, според претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава.
Бидејќи е прекршена спогодбата помеѓу Синдикатот и директорите на М-НАВ за која гарант беше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, го реактивираме штрајкот на 25 декември од 10 часот до 15 часот, по што ќе се штрајкува и на 31 декември од 00.01 до 1 јануари во 23.59, потврди во изјава за МИА Тасевски.
Доколку не бидат повлечени објавените огласи најавува дека на 25 декември ќе нема полетувања и слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на штрајкот за Нова година покрај блокада на авиосообраќајот на двата аеродрома нема да се опслужуваат ниту прелетите. Тој вели дека договореното за роковите за времетретрање на огласите за вработување не се почитува, а кадарот кој сакаат да го вработат, како што рече, не е од суштинските дејности и не е потребен. -Станува збор за деловни асистенти и советник за човечки ресурси, место што според наши сознанија е за еден од поранешните директори во М-НАВ, рече Тасевски. Едниот оглас, појасни, е со траење од 10 дена, наместо 10 работни, а другиот три дена од кои два се сабота и недела.

The post Ќе нема летови за Нова година ако не се повлечат контроверзните огласи за вработување во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Синдикатот на контролори на летање попладне на средба во Министерството за транспорт пред утрешниот штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikatot-na-kontrolori-na-letane-popladne-na-sredba-vo-ministerstvoto-za-transport-pred-utreshniot-shtrajk/ Wed, 11 Oct 2023 13:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=690195

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) е повикан на средба во Министерството за транспорт и врски попладне во 17 часот, заедно со директорите на Македонска навигација М-НАВ, потврди за МИА претседателот на ССКЛ Александар Тасевски.

Средбата е во пресрет на штрајкот што Синдикатот го најави за утре од 11 до 17 часот, а во тек на кој нема да ги опслужува полетувањата и слетувањата на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, додека услугите за прелетите над македонското небо ќе бидат намалени за половина од редовните.

-Од страна на двајцата нови директори има потполна поддршка и разбирање со желба да се надминат проблемите во насока на прифаќање на нашите барања, но претседателот на УО на М-НАВ Фахрудин Хамиди кој е единствен останат од претходната раководна структура, ги „поматува“ и нашите и желбите на другите двајца директори, изјави Тасевски за МИА.

Откако Синдикатот го најави штрајкот поради, како што информираше, „непрофесионално однесување од директорите во однос на вработувањата и внатрешните прераспоредувања, несоодветните услови за работа и опрема“, од М-НАВ ги отфрлија тврдењата, но завчера се одржа средба, но без позитивен исход.

Според Тасевски, и покрај ветувањата од директорите за нивните барања по средбата добиле текст кој не соодвестувал со договореното, а според М-НАВ, како што кажаа од Службата за односи со медиуми, останува Синдикатот да го потпише записникот од средбата, бидејќи раководството ги исполнило поставените барања.

Клучните барања на Синдикатот се во однос на постапките за вработување, бараат да нема вработувања на друг кадар освен контролори на летање и инженери и техничари, се додека не се направи нова систематизација што ќе биде базирана врз резултатите од студијата што ќе ја подготви консултантска фирма за што се потребни пет до шест месеци.

Струковиот синдикат на контролори на летање доби поддршка за штрајкот и од Здружението на контролори на летање.

The post Синдикатот на контролори на летање попладне на средба во Министерството за транспорт пред утрешниот штрајк appeared first on Република.

]]>

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) е повикан на средба во Министерството за транспорт и врски попладне во 17 часот, заедно со директорите на Македонска навигација М-НАВ, потврди за МИА претседателот на ССКЛ Александар Тасевски. Средбата е во пресрет на штрајкот што Синдикатот го најави за утре од 11 до 17 часот, а во тек на кој нема да ги опслужува полетувањата и слетувањата на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, додека услугите за прелетите над македонското небо ќе бидат намалени за половина од редовните. -Од страна на двајцата нови директори има потполна поддршка и разбирање со желба да се надминат проблемите во насока на прифаќање на нашите барања, но претседателот на УО на М-НАВ Фахрудин Хамиди кој е единствен останат од претходната раководна структура, ги „поматува“ и нашите и желбите на другите двајца директори, изјави Тасевски за МИА. Откако Синдикатот го најави штрајкот поради, како што информираше, „непрофесионално однесување од директорите во однос на вработувањата и внатрешните прераспоредувања, несоодветните услови за работа и опрема“, од М-НАВ ги отфрлија тврдењата, но завчера се одржа средба, но без позитивен исход. Според Тасевски, и покрај ветувањата од директорите за нивните барања по средбата добиле текст кој не соодвестувал со договореното, а според М-НАВ, како што кажаа од Службата за односи со медиуми, останува Синдикатот да го потпише записникот од средбата, бидејќи раководството ги исполнило поставените барања. Клучните барања на Синдикатот се во однос на постапките за вработување, бараат да нема вработувања на друг кадар освен контролори на летање и инженери и техничари, се додека не се направи нова систематизација што ќе биде базирана врз резултатите од студијата што ќе ја подготви консултантска фирма за што се потребни пет до шест месеци. Струковиот синдикат на контролори на летање доби поддршка за штрајкот и од Здружението на контролори на летање.

The post Синдикатот на контролори на летање попладне на средба во Министерството за транспорт пред утрешниот штрајк appeared first on Република.

]]>
Тасевски: Ќе бараме одговорност за случувањата околу огласот за контролори на летање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-kje-barame-odgovornost-za-sluchuvanjata-okolu-oglasot-za-kontrolori-na-letanje/ Fri, 11 Nov 2022 15:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=572842

Од Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) велат дека со одлуката што ја донесе денеска Управниот одбор на М-НАВ за упатување на обука на кандидатите за контролори на летање се затворил проблем за, како што вели, нешто што требаше да се реализира уште пред 15 дена без да се создаваат нервози и да се изнесуваат состојбите во јавноста.

Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски во изјава за МИА најави дека ќе бараат одговорност од менаџментот за случувањата околу Огласот за изборот на кандидати за обука за контролори на летање.

Сега се прават некакви интервјуа со кандидатите како аргумент за текот што го зеде целата ситуација по реакциите, што е неиздржано затоа што селектираните кандидати веќе ги поминаа сите фази. Нема да отстапиме и ќе бараме одговорност од раководството за целата ситуација и непотребните нервози со што се наруши кредибилитетот на нашата професија, изјави Тасевски.

Синдикатот во изминатите два дена преку медиумите реагираше на одвивањето на постапката околу огласот за избор на кандидати за обука на контролори на летање и побара да стартува обуката на селектираните кандидати, а од иста причина условни оставки доставија раководни лица од пониско ниво во М-НАВ- помошници директори, раководители на сектори, главни инструктори, експерти,…

Како што појасни претходно Тасевски, во целиот избор се вклучивме како набљудувачи за да бидат избрани квалитетни кандидати, како што биле од претходната класа. Изборот се одвиваше со примена на алатка (FEAST), со која се прави правилна селекција. Но, се сомневаме дека не се избрани кандидати блиски на менаџментот и на високи политички функционери и сега компанијата се обидува да го поништи целиот процес, да постави нови критериуми за избор за тие да влезат. Со тоа ќе пропаднат парите дадени за целиот процес, кој се одвиваше во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), а можно е да треба да плаќаме пенали, изјави претходно Тасевски.

Случувањата во М-НАВ вчера ги коментираа и од Владата, од каде порачаа дека М-НАВ е институција со сопствени тела за менаџирање, програма за работа, начин на одлучување и буџет, но дека согласно со меѓународните стандарди е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на Евроконтрол и на Меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај на којшто е членка.

Откако М-НАВ АД Скопје вчера ги демантираше тврдењата на Синдикатот и најави дека процесот за кандидатите ќе биде завршен наскоро во предвидениот рок, денеска соопшти дека е донесена одлука за упатување на кандидатите на обука. Од М-НАВ во соопштението истакнаа дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, како што било наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено било точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваат кон нормативните акти“.

The post Тасевски: Ќе бараме одговорност за случувањата околу огласот за контролори на летање appeared first on Република.

]]>

Од Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) велат дека со одлуката што ја донесе денеска Управниот одбор на М-НАВ за упатување на обука на кандидатите за контролори на летање се затворил проблем за, како што вели, нешто што требаше да се реализира уште пред 15 дена без да се создаваат нервози и да се изнесуваат состојбите во јавноста. Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски во изјава за МИА најави дека ќе бараат одговорност од менаџментот за случувањата околу Огласот за изборот на кандидати за обука за контролори на летање.
Сега се прават некакви интервјуа со кандидатите како аргумент за текот што го зеде целата ситуација по реакциите, што е неиздржано затоа што селектираните кандидати веќе ги поминаа сите фази. Нема да отстапиме и ќе бараме одговорност од раководството за целата ситуација и непотребните нервози со што се наруши кредибилитетот на нашата професија, изјави Тасевски.
Синдикатот во изминатите два дена преку медиумите реагираше на одвивањето на постапката околу огласот за избор на кандидати за обука на контролори на летање и побара да стартува обуката на селектираните кандидати, а од иста причина условни оставки доставија раководни лица од пониско ниво во М-НАВ- помошници директори, раководители на сектори, главни инструктори, експерти,… Како што појасни претходно Тасевски, во целиот избор се вклучивме како набљудувачи за да бидат избрани квалитетни кандидати, како што биле од претходната класа. Изборот се одвиваше со примена на алатка (FEAST), со која се прави правилна селекција. Но, се сомневаме дека не се избрани кандидати блиски на менаџментот и на високи политички функционери и сега компанијата се обидува да го поништи целиот процес, да постави нови критериуми за избор за тие да влезат. Со тоа ќе пропаднат парите дадени за целиот процес, кој се одвиваше во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), а можно е да треба да плаќаме пенали, изјави претходно Тасевски. Случувањата во М-НАВ вчера ги коментираа и од Владата, од каде порачаа дека М-НАВ е институција со сопствени тела за менаџирање, програма за работа, начин на одлучување и буџет, но дека согласно со меѓународните стандарди е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на Евроконтрол и на Меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај на којшто е членка. Откако М-НАВ АД Скопје вчера ги демантираше тврдењата на Синдикатот и најави дека процесот за кандидатите ќе биде завршен наскоро во предвидениот рок, денеска соопшти дека е донесена одлука за упатување на кандидатите на обука. Од М-НАВ во соопштението истакнаа дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, како што било наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено било точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваат кон нормативните акти“.

The post Тасевски: Ќе бараме одговорност за случувањата околу огласот за контролори на летање appeared first on Република.

]]>
М-НАВ го прифати изборот на кандидати за обука на контролори на летање: Ќе ги вработи на определено време и ќе ги прати на обука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/m-nav-go-prifati-izborot-na-kandidati-za-obuka-na-kontrolori-na-letanje-kje-gi-vraboti-na-opredeleno-vreme-i-kje-gi-prati-na-obuka/ Fri, 11 Nov 2022 14:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=572825

Управниот Одбор на М-НАВ АД Скопје денеска одлучи да го прифати изборот на кандидати за обука за контролори на летање, предложен од Комисијата за избор и селекција на кандидати и да даде насоки за нивно вработување на определено време и упатување на школување. Го задолжи претседателот на Комисијата да го извести економскиот оператор за одлуката и да побара известување за датум за почеток на обуката.

Од М-НАВ во соопштение истакнуваат дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, како што беше наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено е точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти“.

Ве известуваме дека согласно доставената дополнителна документација на ден 10.11.2022 година, – Извештај со резултати од тестирањата со FEAST тестот во печатена форма од 13 кандидати кои успешно ги положија сите тестови спроведени од страна на GATE Aviation Training ApS, Данска и во соработка со комисијата на М-НАВ АД Скопје, а во врска со Огласот за прием на осум кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање и вработување на определено време, објавен на 28.07.2022 година , Управниот Одбор на М-НАВ АД Скопје во текот на денешниот ден ја разгледа целокупната документација и донесе Одлука за потврда и прифаќање на изборот предложен од Комисијата за избор и селекција на кандидати и следствено даде насоки за вработување на кандидатите на определено време и нивно упатување на школување.Едновремено го задолжи претседателот на комисијата да го извести економскиот оператор за одлуката и да побара известување за датум за почеток на обуката, стои во соопштението од М-НАВ.

Изразуваат, како што велат, длабоко жалење што поради некои неточни и непроверени информации кои се пласираа во јавноста, се создаде погрешна слика за процесот околу огласот за прием на осум кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање.

Потенцираме дека во ниеден момент немаше ниту размислување, а уште помалку преземање на дејствија за прекинување на или поништување на постапката односно Огласот, како што беше наведено во некои изјави и медиумски натписи. Единствено точно е дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти, како тие законски но и внатрешни на самата институција, со едниствена цел, избор на најквалитетните кандидати за нови кадри во М-НАВ АД Скопје. Сето ова беше во рамки на строгите меѓународни и национални норми и временските рокови согласно акционен план на М-НАВ АД Скопје, велат од М-НАВ.

Дополнуваат дека како и досега, така и во иднина ќе продолжат со професионално вршење на својата дејност.

Никогаш не би дозволиле да се загрози безбедноста на воздушниот сообраќај над нашето небо при што критериумите за обезбедување на потребното ниво на безбедност и ефикасност при давање на услугите за воздухопловна навигација континуирано се и ќе се одржуваат на највисоко ниво, потенцираат од М-НАВ.

За постапките околу огласот за избор на кандидати за обука на контролори на летање изминатите два дена имаше реакции и тврдења за наводни намери на раководството да го поништи огласот и за оспорување на кандидатите што ја поминале селекцијата. Синдикатот на контролори на летање побара раководството на М-НАВ да ги испрати на обука селектираните кандидати, односно целиот процес да го спроведе според регулативите, а во знак на револт од состојбите околу огласот, раководни лица од пониско ниво – помошници директори, раководители на сектори, главни инструктори, експерти,… побараа да бидат разрешени.

Од Владата, пак, порачаа дека М-НАВ е институција со сопствени тела за менаџирање, програма за работа, начин на одлучување и буџет, но оти е обврзана да ги следи строгите правила во воздушниот сообраќај.

Во однос на вашите прашања според информациите кои ги има Владата, постапката за избор на обука на кандидати за контролори на летање е се уште во тек. Согласно со меѓународните стандарди, М-НАВ е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на Евроконтрол и на Меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај на којшто е членка, истакнаа вчера од Владата.

The post М-НАВ го прифати изборот на кандидати за обука на контролори на летање: Ќе ги вработи на определено време и ќе ги прати на обука appeared first on Република.

]]>

Управниот Одбор на М-НАВ АД Скопје денеска одлучи да го прифати изборот на кандидати за обука за контролори на летање, предложен од Комисијата за избор и селекција на кандидати и да даде насоки за нивно вработување на определено време и упатување на школување. Го задолжи претседателот на Комисијата да го извести економскиот оператор за одлуката и да побара известување за датум за почеток на обуката. Од М-НАВ во соопштение истакнуваат дека „во ниеден момент немало ниту размислување, а уште помалку преземање дејствија за прекинување или поништување на Огласот, како што беше наведено во некои изјави и медиумски натписи, а единствено е точно дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти“.
Ве известуваме дека согласно доставената дополнителна документација на ден 10.11.2022 година, – Извештај со резултати од тестирањата со FEAST тестот во печатена форма од 13 кандидати кои успешно ги положија сите тестови спроведени од страна на GATE Aviation Training ApS, Данска и во соработка со комисијата на М-НАВ АД Скопје, а во врска со Огласот за прием на осум кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање и вработување на определено време, објавен на 28.07.2022 година , Управниот Одбор на М-НАВ АД Скопје во текот на денешниот ден ја разгледа целокупната документација и донесе Одлука за потврда и прифаќање на изборот предложен од Комисијата за избор и селекција на кандидати и следствено даде насоки за вработување на кандидатите на определено време и нивно упатување на школување.Едновремено го задолжи претседателот на комисијата да го извести економскиот оператор за одлуката и да побара известување за датум за почеток на обуката, стои во соопштението од М-НАВ.
Изразуваат, како што велат, длабоко жалење што поради некои неточни и непроверени информации кои се пласираа во јавноста, се создаде погрешна слика за процесот околу огласот за прием на осум кандидати на обука за стекнување дозвола за контролор на летање.
Потенцираме дека во ниеден момент немаше ниту размислување, а уште помалку преземање на дејствија за прекинување на или поништување на постапката односно Огласот, како што беше наведено во некои изјави и медиумски натписи. Единствено точно е дека како раководство на оваа институција доследно се придржуваме кон нормативните акти, како тие законски но и внатрешни на самата институција, со едниствена цел, избор на најквалитетните кандидати за нови кадри во М-НАВ АД Скопје. Сето ова беше во рамки на строгите меѓународни и национални норми и временските рокови согласно акционен план на М-НАВ АД Скопје, велат од М-НАВ.
Дополнуваат дека како и досега, така и во иднина ќе продолжат со професионално вршење на својата дејност.
Никогаш не би дозволиле да се загрози безбедноста на воздушниот сообраќај над нашето небо при што критериумите за обезбедување на потребното ниво на безбедност и ефикасност при давање на услугите за воздухопловна навигација континуирано се и ќе се одржуваат на највисоко ниво, потенцираат од М-НАВ.
За постапките околу огласот за избор на кандидати за обука на контролори на летање изминатите два дена имаше реакции и тврдења за наводни намери на раководството да го поништи огласот и за оспорување на кандидатите што ја поминале селекцијата. Синдикатот на контролори на летање побара раководството на М-НАВ да ги испрати на обука селектираните кандидати, односно целиот процес да го спроведе според регулативите, а во знак на револт од состојбите околу огласот, раководни лица од пониско ниво – помошници директори, раководители на сектори, главни инструктори, експерти,… побараа да бидат разрешени. Од Владата, пак, порачаа дека М-НАВ е институција со сопствени тела за менаџирање, програма за работа, начин на одлучување и буџет, но оти е обврзана да ги следи строгите правила во воздушниот сообраќај.