контроли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kontroli/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 10:38:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png контроли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kontroli/ 32 32 АХВ спроведе контроли во игротеките: 16 без регистрација и 8 со хигиенски недостатоци https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ahv-sprovede-kontroli-vo-igrotekite-16-bez-registratsija-i-8-so-higienski-nedostatotsi/ Tue, 15 Oct 2024 10:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=827084

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјава. Со контролите опфатени беа 92 игротеки при што беше утврдено дека 16 од нив, не се регистрирани во АХВ како оператори со храна. Кај 8 инспекциските служби утврдиле дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса.

Кај 16 игротеки утврдено дека вработените немаат спроведено здравствени прегледи, а утврдени се и отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што се запленети и нештетно уништени 11,5 килограми млечни производи.

За утврдените недоследности издадени се 19 решенија и наредени мерки за нивно отстранување, времено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се парични казн

The post АХВ спроведе контроли во игротеките: 16 без регистрација и 8 со хигиенски недостатоци appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјава. Со контролите опфатени беа 92 игротеки при што беше утврдено дека 16 од нив, не се регистрирани во АХВ како оператори со храна. Кај 8 инспекциските служби утврдиле дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса. Кај 16 игротеки утврдено дека вработените немаат спроведено здравствени прегледи, а утврдени се и отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што се запленети и нештетно уништени 11,5 килограми млечни производи. За утврдените недоследности издадени се 19 решенија и наредени мерки за нивно отстранување, времено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се парични казн

The post АХВ спроведе контроли во игротеките: 16 без регистрација и 8 со хигиенски недостатоци appeared first on Република.

]]>
Засилени инспекциските контроли на храната, акцент ставен на новогодишните пакетчиња https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zasileni-inspektsiskite-kontroli-na-hranata-aktsent-staven-na-novogodishnite-paketchina/ Tue, 19 Dec 2023 11:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=724515

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници. Се проверува дали и колку се исполнети општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама. Во овој период, акцент со контролите ставен е на новогодишните пакетчиња за деца при што се контролира рокот на употреба на производите кои ги содржат, како и означувањето.

Со досега спроведените контроли не се утврдени недоследности од аспект на безбедноста кај оваа категорија производи. Кај некои оператори исклучок е означувањето на задолжителните информации, каде недостасуваат декларации на македонски јазик, соопштуваат денеска од АХВ.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, од АХВ апелираат до граѓаните да бидат одговорни купувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk, соопштуваат од Агенција за храна и ветеринарство.

The post Засилени инспекциските контроли на храната, акцент ставен на новогодишните пакетчиња appeared first on Република.

]]>

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници. Се проверува дали и колку се исполнети општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама. Во овој период, акцент со контролите ставен е на новогодишните пакетчиња за деца при што се контролира рокот на употреба на производите кои ги содржат, како и означувањето. Со досега спроведените контроли не се утврдени недоследности од аспект на безбедноста кај оваа категорија производи. Кај некои оператори исклучок е означувањето на задолжителните информации, каде недостасуваат декларации на македонски јазик, соопштуваат денеска од АХВ. Како одговорна институција за безбедноста на храната, од АХВ апелираат до граѓаните да бидат одговорни купувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство. Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk, соопштуваат од Агенција за храна и ветеринарство.

The post Засилени инспекциските контроли на храната, акцент ставен на новогодишните пакетчиња appeared first on Република.

]]>
Словенија ги проширува граничните контроли со Хрватска и Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/slovenija-gi-proshiruva-granichnite-kontroli-so-hrvatska-i-ungarija/ Thu, 07 Dec 2023 19:56:06 +0000 https://republika.mk/?p=720862

Словенечката влада ја продолжи привремената контрола на внатрешните граници со Хрватска и Унгарија за уште 12 дена, до 21 декември, со цел спречување на тероризам, екстремизам и прекуграничен криминал, беше соопштено по седницата на Владата.

Љубљана воведе гранична контрола на 21 октомври, откако Италија одлучи да воведе контрола на внатрешната граница со Словенија, наведувајќи ја опасноста од загрозување на јавниот ред и внатрешна безбедност, т.е. зголемен ризик од терористички напади во контекст на ситуацијата на Блискиот Исток и Украина.

Како што неодамна изјави министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар, Словенија планира да ја продолжи граничната контрола за уште шест месеци од 21 декември поради средното ниво на закана од тероризам во Словенија и високото ниво на закана од тероризам во Европската унија.

Владата сега ја продолжува контролата според член 28 од Шенгенскиот акт, која може да се спроведе најмногу два месеца, до 21 декември.

Потоа Словенија би го применила продолжувањето на таа мерка според член 25 и член 27 од Шенген-законик со што се овозможува граничен надзор за шест месеци.

The post Словенија ги проширува граничните контроли со Хрватска и Унгарија appeared first on Република.

]]>

Словенечката влада ја продолжи привремената контрола на внатрешните граници со Хрватска и Унгарија за уште 12 дена, до 21 декември, со цел спречување на тероризам, екстремизам и прекуграничен криминал, беше соопштено по седницата на Владата. Љубљана воведе гранична контрола на 21 октомври, откако Италија одлучи да воведе контрола на внатрешната граница со Словенија, наведувајќи ја опасноста од загрозување на јавниот ред и внатрешна безбедност, т.е. зголемен ризик од терористички напади во контекст на ситуацијата на Блискиот Исток и Украина. Како што неодамна изјави министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар, Словенија планира да ја продолжи граничната контрола за уште шест месеци од 21 декември поради средното ниво на закана од тероризам во Словенија и високото ниво на закана од тероризам во Европската унија. Владата сега ја продолжува контролата според член 28 од Шенгенскиот акт, која може да се спроведе најмногу два месеца, до 21 декември. Потоа Словенија би го применила продолжувањето на таа мерка според член 25 и член 27 од Шенген-законик со што се овозможува граничен надзор за шест месеци.

The post Словенија ги проширува граничните контроли со Хрватска и Унгарија appeared first on Република.

]]>
„Мортус пијан“ возел автомобил, полицијата казни 48 возачи под дејство на алкохол https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mortus-pijan-vozel-avtomobil-politsijata-kazni-48-vozachi-pod-dejstvo-na-alkohol/ Sun, 12 Nov 2023 09:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=700671

Во текот на изминатата вечер (11/12.11.2023)во периодот од 22:00 до 04:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 48 возачи.

Од нив 34 на територија на Прилеп, по 5, во Битола и Македонски Брод, 2 Ресен и по еден во Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 48 други видови прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат одМВР.

Според фотографиите кои ги испратија од полицијата, најпијаниот возач кој го фатиле имал 2,09 промили алкохол во крвта.

The post „Мортус пијан“ возел автомобил, полицијата казни 48 возачи под дејство на алкохол appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатата вечер (11/12.11.2023)во периодот од 22:00 до 04:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 48 возачи. Од нив 34 на територија на Прилеп, по 5, во Битола и Македонски Брод, 2 Ресен и по еден во Демир Хисар и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 48 други видови прекршоци. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат одМВР. Според фотографиите кои ги испратија од полицијата, најпијаниот возач кој го фатиле имал 2,09 промили алкохол во крвта.

The post „Мортус пијан“ возел автомобил, полицијата казни 48 возачи под дејство на алкохол appeared first on Република.

]]>
Возачи, памет во глава: Почнува голема меѓународна акција на полицијата, еден прекршок нема да се простува https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vozachi-pamet-vo-glava-pochnuva-golema-megunarodna-aktsija-na-politsijata-eden-prekrshok-nema-da-se-prostuva/ Sun, 06 Aug 2023 09:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=669185

Доколку патувате, внимавајте бидејќи од 7 до 14 август, ќе се спроведува меѓународна акција на зголемена контрола на сообраќајот, која ќе биде насочена на контрола на брзината на движењето на возилата.

За време на акцијата која истовремено се спроведува во 30 европски земји, членки на организацијата ROADPOL(мрежа на сообраќајни полиции на Европа), сообраќајната полиција ќе ги ангажира сите расположиви уреди за мерење на брзината на движење-рачни радари, радари во системите на видео надзор и уреди за мерење брзина во возилата без обележја на полиција, таканаречени пресретнувачи, додека на автопатиштата ќе биде мерена и просечната брзина на движење на возилата со користење на проширен и унапреден систем.

Одреден број патроли ќе ја снимаат брзината на движење без запирање на возачите, а сопствениците на возилата кои ќе бидат снимени како ја надминуваат пропишаната брзина ќе добијат на домашна адреса повик да се изјаснат за идентитет на лицето кое го направило прекршокот.

The post Возачи, памет во глава: Почнува голема меѓународна акција на полицијата, еден прекршок нема да се простува appeared first on Република.

]]>

Доколку патувате, внимавајте бидејќи од 7 до 14 август, ќе се спроведува меѓународна акција на зголемена контрола на сообраќајот, која ќе биде насочена на контрола на брзината на движењето на возилата. За време на акцијата која истовремено се спроведува во 30 европски земји, членки на организацијата ROADPOL(мрежа на сообраќајни полиции на Европа), сообраќајната полиција ќе ги ангажира сите расположиви уреди за мерење на брзината на движење-рачни радари, радари во системите на видео надзор и уреди за мерење брзина во возилата без обележја на полиција, таканаречени пресретнувачи, додека на автопатиштата ќе биде мерена и просечната брзина на движење на возилата со користење на проширен и унапреден систем. Одреден број патроли ќе ја снимаат брзината на движење без запирање на возачите, а сопствениците на возилата кои ќе бидат снимени како ја надминуваат пропишаната брзина ќе добијат на домашна адреса повик да се изјаснат за идентитет на лицето кое го направило прекршокот.

The post Возачи, памет во глава: Почнува голема меѓународна акција на полицијата, еден прекршок нема да се простува appeared first on Република.

]]>
Извршени 650 инспекциски надзори по ревидирањето на замрзнатите цени, констатирани прекршоци кај 22 економски субјекта https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/izvrsheni-650-inspektsiski-nadzori-po-revidiraneto-na-zamrznatite-tseni-konstatirani-prekrshotsi-kaj-22-ekonomski-subjekta-2/ Thu, 13 Apr 2023 12:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=630598

Од денот на донесување на владините одлуки за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и за ревидирање на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, до сега се извршени над 650 инспекциски надзори и контроли. Притоа се евидентирани прекршувања на одлуките кај 22 економски субјекта за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1 300 000 денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Според ДПИ, во тек се постапки од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кај кои е констатирано прекршување, а инспекторите и натаму се на терен.

Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овие одлуки се продаваат по цени во согласност со последната изменета Одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава наведува ДПИ.

Државниот пазарен инспекторат потсетува дека според последната владина Одлука цените се: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.

The post Извршени 650 инспекциски надзори по ревидирањето на замрзнатите цени, констатирани прекршоци кај 22 економски субјекта appeared first on Република.

]]>

Од денот на донесување на владините одлуки за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и за ревидирање на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, до сега се извршени над 650 инспекциски надзори и контроли. Притоа се евидентирани прекршувања на одлуките кај 22 економски субјекта за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1 300 000 денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Според ДПИ, во тек се постапки од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кај кои е констатирано прекршување, а инспекторите и натаму се на терен. Од надзорите е заклучено дека производите опфатени со овие одлуки се продаваат по цени во согласност со последната изменета Одлука и повеќето од нив се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава наведува ДПИ. Државниот пазарен инспекторат потсетува дека според последната владина Одлука цените се: до 95 денари за килограм свежи домати, до 95 денари за килограм свежи краставици, до 70 денари за килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 75 денари за килограм банани, до 60 денари за килограм портокали, до 65 денари за килограм мандарини и до 60 денари за килограм лимони.

The post Извршени 650 инспекциски надзори по ревидирањето на замрзнатите цени, констатирани прекршоци кај 22 економски субјекта appeared first on Република.

]]>
Засилени инспекции пред Велигден: Се контролираат јајцата, боите, месото https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zasileni-inspektsii-pred-veligden-se-kontroliraat-jajtsata-boite-mesoto/ Fri, 07 Apr 2023 09:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=628243

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство пред велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи.

Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, каде акцент со контролите е ставен на датумот на пакување и означување, временскиот рок на траење, кој за овој производ не смее да биде подолг од 28 дена, односно за јајцата декларирани како “екстра” не повеќе од 9 дена.

Контролите на домашниот пазар се спроведуваат во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца, со акцент на нивното означување, условите на чување и складирање на овој прехранбен производ, за кој пред празниците постои зголемена побарувачка. Со засилените инспекциски контроли опфатени се и производителите, увозниците и трговците со бои за јајца, во поглед на тоа дали тие ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на боите, односно дали истите се во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за адитиви кои се користат во храната – вели директорот Бабовски.

Се контролира дали боите се соодветно означени и спакувани во оригинално пакување, бидејќи, додава тој, бојата во ринфуз состојба и без декларација е небезбедна.

Боите не смеат да претставуваат опасност за здравјето на луѓето и не смеат да влијаат на нутритивниот квалитет на храната. Затоа треба да се внимава, бои да се купуваат исклучиво од регистрирани оператори кои се под контрола на АХВ - објаснува директорот на АХВ.

Засилени се и контролите во месарниците и месарниците со работилници, кои вршат промет со свежо месо и подготовки од месо. Акцент на оваа категорија оператори со храна, ставена е на контролата на здравствената ознака на месото, комерцијалните документи, следливоста, условите за чување и одржувањето на ладниот ланец во прометот со месо и подготовките од месо, како и нивното декларирање.

Дел од засилените контроли се и другите прехранбени производи, особено овошјето и зеленчукот кај кои се проверуваат органолептичките карактеристики, како и условите на чување и складирање.

Како одговорна институција за безбедноста на храната, во пресрет на велигденските празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да купуваат исклучиво од регистрирани или одобрени оператори со храна, а секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на боите за јајца, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

The post Засилени инспекции пред Велигден: Се контролираат јајцата, боите, месото appeared first on Република.

]]>

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство пред велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи. Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, каде акцент со контролите е ставен на датумот на пакување и означување, временскиот рок на траење, кој за овој производ не смее да биде подолг од 28 дена, односно за јајцата декларирани како “екстра” не повеќе од 9 дена.
Контролите на домашниот пазар се спроведуваат во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца, со акцент на нивното означување, условите на чување и складирање на овој прехранбен производ, за кој пред празниците постои зголемена побарувачка. Со засилените инспекциски контроли опфатени се и производителите, увозниците и трговците со бои за јајца, во поглед на тоа дали тие ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на боите, односно дали истите се во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за адитиви кои се користат во храната – вели директорот Бабовски.
Се контролира дали боите се соодветно означени и спакувани во оригинално пакување, бидејќи, додава тој, бојата во ринфуз состојба и без декларација е небезбедна.
Боите не смеат да претставуваат опасност за здравјето на луѓето и не смеат да влијаат на нутритивниот квалитет на храната. Затоа треба да се внимава, бои да се купуваат исклучиво од регистрирани оператори кои се под контрола на АХВ - објаснува директорот на АХВ.
Засилени се и контролите во месарниците и месарниците со работилници, кои вршат промет со свежо месо и подготовки од месо. Акцент на оваа категорија оператори со храна, ставена е на контролата на здравствената ознака на месото, комерцијалните документи, следливоста, условите за чување и одржувањето на ладниот ланец во прометот со месо и подготовките од месо, како и нивното декларирање. Дел од засилените контроли се и другите прехранбени производи, особено овошјето и зеленчукот кај кои се проверуваат органолептичките карактеристики, како и условите на чување и складирање. Како одговорна институција за безбедноста на храната, во пресрет на велигденските празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да купуваат исклучиво од регистрирани или одобрени оператори со храна, а секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на боите за јајца, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

The post Засилени инспекции пред Велигден: Се контролираат јајцата, боите, месото appeared first on Република.

]]>
Засилени полициски патроли низ Виена по информациите за можни исламистички напади врз цркви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zasileni-politsiski-patroli-niz-viena-po-informatsiite-za-mozhni-islamistichki-napadi-vrz-tsrkvi/ Wed, 15 Mar 2023 10:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=619831

Виенската полиција ги засили вооружените полициски патроли низ градот, вклучувајќи ги и црквите, откако внатрешното разузнавање добило информации што укажуваат на можен исламистички напад.

„Колку долго ќе трае оваа зголемена заштита на локациите во моментов не може да се процени“, напиша полицијата на Твитер.

Оттаму нагласуваат дека доколку заканата се намали на одредена локација под итно ќе биде издадено ново соопштение за јавноста.

Полицијата ги предупреди граѓаните за зголемениот број на вооружени полициски патроли.

„Ќе забележите дека во моментов има поголем број полициски сили кои патролираат низ градот со специјална опрема. Причината е неспецифична закана против црквите. Ќе продолжиме да ве информираме“, додаде полицијата на Твитер.

Виенската полиција соопшти дека австриската внатрешна разузнавачка служба има информации дека во главниот град се планира напад со исламистичка заднина и дека во вакви случаи вообичаени се превентивните мерки.

The post Засилени полициски патроли низ Виена по информациите за можни исламистички напади врз цркви appeared first on Република.

]]>

Виенската полиција ги засили вооружените полициски патроли низ градот, вклучувајќи ги и црквите, откако внатрешното разузнавање добило информации што укажуваат на можен исламистички напад. „Колку долго ќе трае оваа зголемена заштита на локациите во моментов не може да се процени“, напиша полицијата на Твитер. Оттаму нагласуваат дека доколку заканата се намали на одредена локација под итно ќе биде издадено ново соопштение за јавноста. Полицијата ги предупреди граѓаните за зголемениот број на вооружени полициски патроли. „Ќе забележите дека во моментов има поголем број полициски сили кои патролираат низ градот со специјална опрема. Причината е неспецифична закана против црквите. Ќе продолжиме да ве информираме“, додаде полицијата на Твитер. Виенската полиција соопшти дека австриската внатрешна разузнавачка служба има информации дека во главниот град се планира напад со исламистичка заднина и дека во вакви случаи вообичаени се превентивните мерки.

The post Засилени полициски патроли низ Виена по информациите за можни исламистички напади врз цркви appeared first on Република.

]]>
Додека буквално насекаде се пуши: Направени се над 200 инспекции за пушење во затворени објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dodeka-bukvalno-nasekade-se-pushi-napraveni-se-nad-200-inspektsii-za-pushene-vo-zatvoreni-objekti/ Tue, 17 Jan 2023 14:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=597973

Над 200 инспекциски надзори направиле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на изминатата недела, односно во период од 10 до 14 јануари на територија на целата држава, во согласност со надлежностите кои произлегуваат од Законот за заштита од пушење при што се издадени 56 прекршочни платни налози.

Како што информираа од ДПИ утврдени се неправилности, односно непочитување на член 2 и член 3 од Законот за заштита од пушењето. Според Законот, казната за правното лице е од 2.000 до 4.500 евра, за одговорното лице од 500 до 1.000 евра, а физичкото лице кое ќе биде фатено како пуши во затворен објект од 100 до 300 евра, во денарска противвредност.

Државниот пазарен инспекторат постапува по над 80 закони и подзаконски акти и Одлуки донесени од страна на Владата, меѓу кои и Законот за заштита од пушењето. Заради зголемениот број на пријави од страна на граѓаните за пушење во јавните простории согласно член 2 од Законот за заштита од пушењето, напоменуваме дека согласно член 3 од истиот Закон, пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично) па согласно тоа, Државниот пазарен инспекторат како и до сега така и од сега ќе продолжи со интензивни контроли врз субјектите со цел контрола врз почитувањето на законските одредби, порачуваат од ДПИ.

Напоменуваат дека казните се високи и затоа, како што велат, апелираат правните субјекти да го почитуваат Законот, а граѓаните да го искористат законското право и да поднесат пријава до Државниот пазарен инспекторат доколку забележат прекршување на законот.

The post Додека буквално насекаде се пуши: Направени се над 200 инспекции за пушење во затворени објекти appeared first on Република.

]]>

Над 200 инспекциски надзори направиле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на изминатата недела, односно во период од 10 до 14 јануари на територија на целата држава, во согласност со надлежностите кои произлегуваат од Законот за заштита од пушење при што се издадени 56 прекршочни платни налози. Како што информираа од ДПИ утврдени се неправилности, односно непочитување на член 2 и член 3 од Законот за заштита од пушењето. Според Законот, казната за правното лице е од 2.000 до 4.500 евра, за одговорното лице од 500 до 1.000 евра, а физичкото лице кое ќе биде фатено како пуши во затворен објект од 100 до 300 евра, во денарска противвредност. Државниот пазарен инспекторат постапува по над 80 закони и подзаконски акти и Одлуки донесени од страна на Владата, меѓу кои и Законот за заштита од пушењето. Заради зголемениот број на пријави од страна на граѓаните за пушење во јавните простории согласно член 2 од Законот за заштита од пушењето, напоменуваме дека согласно член 3 од истиот Закон, пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично) па согласно тоа, Државниот пазарен инспекторат како и до сега така и од сега ќе продолжи со интензивни контроли врз субјектите со цел контрола врз почитувањето на законските одредби, порачуваат од ДПИ. Напоменуваат дека казните се високи и затоа, како што велат, апелираат правните субјекти да го почитуваат Законот, а граѓаните да го искористат законското право и да поднесат пријава до Државниот пазарен инспекторат доколку забележат прекршување на законот.

The post Додека буквално насекаде се пуши: Направени се над 200 инспекции за пушење во затворени објекти appeared first on Република.

]]>
ФЗО потфрла, не прави редовни контроли на работата на здравствените установи?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fzo-potfrla-ne-pravi-redovni-kontroli-na-rabotata-na-zdravstvenite-ustanovi/ Wed, 09 Nov 2022 09:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=571768

По информациите за незаконска исплата на платите на веќе поранешната директорка на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, Фондот за здравство изврши вонредна контрола на дел од клиниките во кампусот „Мајка Тереза“. По ова следеа оставки од неколку медицински директори, како и организацискиот директор исто така на Детската клиника.

Правниците по ова отворија неколку дилеми. Првата, зошто одговорност се бара прво од медицинските, кога тие не можат по ова прашање да сторат ништо без организациските. Второ, велат правниците, клучен е моментот што не се обелоденува дали имало редовни контроли од Фондот за здравствено осигурување. Трето, извештаите од ФЗО за работата на здравствените установи треба да бидат достапни за јавноста, бидејќи ако тие не се достапни тоа значи дека институциите работат нетранспарентно.

Вообичаено контроли врз работата на јавните здравствени установи прави Фондот во март или април. Потоа доколку има забелешки во извештаите подготвени од ФЗО се интервенира по истите. Клучно во сето ова е и извештаите за надзор на работата на здравствените установи треба да бидат јавни, те. достапни за секого, објаснуваат правниците.

Отттука велат тие, нејасно е дали сега воопшто се вршат тие контроли врз јавните здравстевни установи.

Доколку ФЗО извршил редовна контрола како што тоа вообичаено се прваи во првите три месеци од годината зошто не е реагирано за објавените неправилности во октомври годинава. Или можеби Фондот воопшто не врши редовни контроли и ако не го прави тоа зошто е тоа така. За ова некој мора да сносни одговорност, објаснуваат правниците.

Сепак и по објавувањето на неправилностите се се сведе само на оставки од двајца медицински и еден организациски директор по што се запре повторно.

The post ФЗО потфрла, не прави редовни контроли на работата на здравствените установи?! appeared first on Република.

]]>

По информациите за незаконска исплата на платите на веќе поранешната директорка на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, Фондот за здравство изврши вонредна контрола на дел од клиниките во кампусот „Мајка Тереза“. По ова следеа оставки од неколку медицински директори, како и организацискиот директор исто така на Детската клиника. Правниците по ова отворија неколку дилеми. Првата, зошто одговорност се бара прво од медицинските, кога тие не можат по ова прашање да сторат ништо без организациските. Второ, велат правниците, клучен е моментот што не се обелоденува дали имало редовни контроли од Фондот за здравствено осигурување. Трето, извештаите од ФЗО за работата на здравствените установи треба да бидат достапни за јавноста, бидејќи ако тие не се достапни тоа значи дека институциите работат нетранспарентно.
Вообичаено контроли врз работата на јавните здравствени установи прави Фондот во март или април. Потоа доколку има забелешки во извештаите подготвени од ФЗО се интервенира по истите. Клучно во сето ова е и извештаите за надзор на работата на здравствените установи треба да бидат јавни, те. достапни за секого, објаснуваат правниците.
Отттука велат тие, нејасно е дали сега воопшто се вршат тие контроли врз јавните здравстевни установи.
Доколку ФЗО извршил редовна контрола како што тоа вообичаено се прваи во првите три месеци од годината зошто не е реагирано за објавените неправилности во октомври годинава. Или можеби Фондот воопшто не врши редовни контроли и ако не го прави тоа зошто е тоа така. За ова некој мора да сносни одговорност, објаснуваат правниците.
Сепак и по објавувањето на неправилностите се се сведе само на оставки од двајца медицински и еден организациски директор по што се запре повторно.

The post ФЗО потфрла, не прави редовни контроли на работата на здравствените установи?! appeared first on Република.

]]>
УЈП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други маркети, законот мора да се почитува https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-zavrshija-kontrolite-vo-kam-nema-zatvoren-objekt-pod-lupa-i-drugi-marketi-zakonot-mora-da-se-pochituva/ Wed, 23 Mar 2022 13:02:50 +0000 https://republika.mk/?p=477195

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека завршија контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту до овој момент се изречени казни кон овој даночен обврзник.

Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока, а по пријава на граѓани и институции, УЈП почна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти, не само во погоре посочениот маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo пет отсто ДДВ за основните производи за храна, наведува УЈП.

Дел од маркетите, според Управата, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што е спротивно на одлуката на Владата и на измените во Законот за данок на додадена вредност.

Без селекција и преку надворешните контроли кои ги извршуваат инспекторите на УЈП, кај сите даночни обврзници се проверува целокупното работење за одредениот период, односно, се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници, кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0 проценти. Инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат увид и контрола секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето, истакнува УЈП.

Управата најавува дека ќе продолжи со континуирани контроли на терен со цел заштита на стандардот на граѓаните.

Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува. УЈП и инспекторите не познаваат ниту политичка, ниту верска, ниту пак национална различност. Контролите се вршат исклучиво и само во насока на почитување на законите и за заштита на стандардот на граѓаните. Управата за јавни приходи, преку инструментите и надлежностите кои ги има ќе продолжи да ги пресретнува можните злоупотреби од страна на даночните обврзници и да спречи евентуално нанесување на штета врз граѓаните или буџетот на Република Македонија, нагласува УЈП.

The post УЈП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други маркети, законот мора да се почитува appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека завршија контролите на терен во „КАМ“ и ниту еден маркет не е затворен, ниту до овој момент се изречени казни кон овој даночен обврзник. Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока, а по пријава на граѓани и институции, УЈП почна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти, не само во погоре посочениот маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo пет отсто ДДВ за основните производи за храна, наведува УЈП. Дел од маркетите, според Управата, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што е спротивно на одлуката на Владата и на измените во Законот за данок на додадена вредност. Без селекција и преку надворешните контроли кои ги извршуваат инспекторите на УЈП, кај сите даночни обврзници се проверува целокупното работење за одредениот период, односно, се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници, кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0 проценти. Инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат увид и контрола секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето, истакнува УЈП. Управата најавува дека ќе продолжи со континуирани контроли на терен со цел заштита на стандардот на граѓаните. Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува. УЈП и инспекторите не познаваат ниту политичка, ниту верска, ниту пак национална различност. Контролите се вршат исклучиво и само во насока на почитување на законите и за заштита на стандардот на граѓаните. Управата за јавни приходи, преку инструментите и надлежностите кои ги има ќе продолжи да ги пресретнува можните злоупотреби од страна на даночните обврзници и да спречи евентуално нанесување на штета врз граѓаните или буџетот на Република Македонија, нагласува УЈП.

The post УЈП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други маркети, законот мора да се почитува appeared first on Република.

]]>