контакти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kontakti/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Oct 2022 19:35:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png контакти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kontakti/ 32 32 Мицкоски: На Владата е дали ќе ги искористат контактите кои ги обезбедив за снабдување на драстично поевтини енергенси или ќе продолжат да крадат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-na-vladata-e-dali-kje-gi-iskoristat-kontaktite-koi-gi-obezbediv-za-snabduvanje-na-drastichno-poevtini-energensi-ili-kje-prodolzat-da-kradat/ Mon, 17 Oct 2022 19:33:59 +0000 https://republika.mk/?p=562266

Ценам дека тој кој ги споменува имињата на фирмите нема авторизација да ги споменува имињата на контактите и постапил неетички, но имам намера да ја кажам вистината. Вистината е дека компанијата која е позиција поврзана за снабдување со гас на Македонија и нејзини претставници присуствуваа на средба со претставници од Македонија, од Владата, поранешно ЕЛЕМ, денес ЕСМ и на таа средба била понудена цена која е најмалку два пати помала од таа по која што купуваше АД ЕСМ за месец октомври, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на Македонската телевизија прашан за тоа кои контакти ги понудил со цел снабдување на енергенси за да тече грејната сезона.

Според Мицкоски во Европа тоа е предмет на еден договор кој го потпишуваат компаниите кои се занимаваат со тоа. Оттука АД ЕСМ до компанијата испратила договор до компанијата за да може потоа да се потпише од АД ЕСМ.

„Тоа го направила компанијата денеска и договорот е доставен до АД ЕСМ. Го повикувам АД ЕСМ да го среди тоа и да им заштеди на граѓаните неколку стотици милиони евра, рече Мицкоски.

Што се однесува до позицијата со мазутот, тој рече: „Најодговорно тврдам, состанокот се одржа на 9 октомври во министеството за економија, претставници беа на позицијата, потоа претставник на компанијата која сега снабдува со мазут и ги контактирал тие кои се позиција и од нив побарал понуда за 150 илјади тони мазут“.

Цената која ја добиле бидејќи добив авторизација можам да ја кажам е цена берзанска минус 40 евра по тон, што би значело заштеда од најмалку 80-90 евра по тон од таа што државата ја плаќа, укажа Мицкоски.

На Владата е, додаде Мицкоски, дали ќе ги искористат контактите кои ги обезбедив за снабдување на драстично поевтини енергенси или ќе продолжат да крадат.

На нив е дали Македонија ќе има одржлива енергетска слика, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: На Владата е дали ќе ги искористат контактите кои ги обезбедив за снабдување на драстично поевтини енергенси или ќе продолжат да крадат appeared first on Република.

]]>

Ценам дека тој кој ги споменува имињата на фирмите нема авторизација да ги споменува имињата на контактите и постапил неетички, но имам намера да ја кажам вистината. Вистината е дека компанијата која е позиција поврзана за снабдување со гас на Македонија и нејзини претставници присуствуваа на средба со претставници од Македонија, од Владата, поранешно ЕЛЕМ, денес ЕСМ и на таа средба била понудена цена која е најмалку два пати помала од таа по која што купуваше АД ЕСМ за месец октомври, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на Македонската телевизија прашан за тоа кои контакти ги понудил со цел снабдување на енергенси за да тече грејната сезона. Според Мицкоски во Европа тоа е предмет на еден договор кој го потпишуваат компаниите кои се занимаваат со тоа. Оттука АД ЕСМ до компанијата испратила договор до компанијата за да може потоа да се потпише од АД ЕСМ.
„Тоа го направила компанијата денеска и договорот е доставен до АД ЕСМ. Го повикувам АД ЕСМ да го среди тоа и да им заштеди на граѓаните неколку стотици милиони евра, рече Мицкоски.
Што се однесува до позицијата со мазутот, тој рече: „Најодговорно тврдам, состанокот се одржа на 9 октомври во министеството за економија, претставници беа на позицијата, потоа претставник на компанијата која сега снабдува со мазут и ги контактирал тие кои се позиција и од нив побарал понуда за 150 илјади тони мазут“.
Цената која ја добиле бидејќи добив авторизација можам да ја кажам е цена берзанска минус 40 евра по тон, што би значело заштеда од најмалку 80-90 евра по тон од таа што државата ја плаќа, укажа Мицкоски.
На Владата е, додаде Мицкоски, дали ќе ги искористат контактите кои ги обезбедив за снабдување на драстично поевтини енергенси или ќе продолжат да крадат.
На нив е дали Македонија ќе има одржлива енергетска слика, рече Мицкоски.
 
The post Мицкоски: На Владата е дали ќе ги искористат контактите кои ги обезбедив за снабдување на драстично поевтини енергенси или ќе продолжат да крадат appeared first on Република.

]]>
Бектеши во Белград се сретнал со контактите на Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-vo-belgrad-se-sretnal-so-kontaktite-na-mickoski/ Sun, 09 Oct 2022 15:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=559115

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека средбата со компанијата за природен гас што му ја посочи Христијан Мицкоски се одржала во Белград. Се работи за претприемачи од Србија, БиХ и Словенија, а гасот, како што рече, доаѓа од „Газпром“.

Бев во Белград. Се сретнав со претставници на компанијата која е регистрирана во Швајцарија. Може да ја обзнани Мицкоски, тоа не е моја работа. Се работи за претприемачи од Србија, БиХ и Словенија и за гас кој доаѓа од „Газпром“, истакна Бектеши на прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарски прашања.

Тој информира и дека втората компанијата што ја посочи Мицкоски, за набавка на мазут, е од БиХ, како и дека се уште се очекуваат нејзините понуди.

Најважно од се е да се достават контрабанкарски гаранции за испорака и цена, како и да се почитуваат нашите законски одредби. Кога понудите ќе ги имаме, ќе ја известиме јавноста дали ќе бидат прифатливи или зошто не се, потенцира Бектеши и дополни дека Владата ќе направи максимални големи напори за да обезбеди континуитет во снабдувањето со природен гас по најниски цени.

The post Бектеши во Белград се сретнал со контактите на Мицкоски appeared first on Република.