консултации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konsultacii/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 14:02:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png консултации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konsultacii/ 32 32 Жерновски повикан на консултации во МНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhernovski-povikan-na-konsultatsii-vo-mnr/ Sat, 27 Jul 2024 14:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=800807

Македонскиот амбасадор во Романија Андреј Жерновски бил повикан на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Како што објави ТВ 24, Жерновски се очекува наредните денови да дојде во Скопје од Букурешт на средба со министерот Тимчо Муцунски.

Пред Жерновски, на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беа повикани  македонскиот амбасадор во Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, амбасадорот во Албанија Данчо Марковски, како и македонскиот амбасадот во Рим Весел Мемеди.

The post Жерновски повикан на консултации во МНР appeared first on Република.

]]>

Македонскиот амбасадор во Романија Андреј Жерновски бил повикан на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што објави ТВ 24, Жерновски се очекува наредните денови да дојде во Скопје од Букурешт на средба со министерот Тимчо Муцунски. Пред Жерновски, на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беа повикани  македонскиот амбасадор во Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, амбасадорот во Албанија Данчо Марковски, како и македонскиот амбасадот во Рим Весел Мемеди.

The post Жерновски повикан на консултации во МНР appeared first on Република.

]]>
Досега повикани тројца македонски амбасадори на консултации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dosega-povikani-trojtsa-makedonski-ambasadori-na-konsultatsii/ Sun, 07 Jul 2024 19:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=794339

Освен Љубомир Фрчкоски, македонскиот амбасадор во ОН, новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, на консултации ги повикал и македонските амбасадори во Албанија и Италија, Данчо Марковски и Весел Мемеди, пренесува МКД.мк.

Амбасадорот од Албанија беше повикан поради скандалозните резултати со пописот и бугарската експанзија меѓу Македонците во Пустец и Голо Брдо.

Весел Мемеди, амбасадорот во Италија, беше повикан од Рим во Скопје на консултации за неговиот самостоен и некоординиран повик за употреба на пасоши со ново име, кога бараше италијанска забрана за употреба на старите пасоши.

Консултациите со Фрчкоски се закажани на 12 јули, а дали досега имало консултации со Марковски и Мемеди и што се договориле, нема информации.

Консултациите се дел од овластувањата на секој шеф на дипломатија и тие може да траат најмногу 60 дена. Во тој рок треба да се заврши постапката на сослушување и утврдување на околностите поради кои бил повикан амбасадорот. После тој рок, амбасадорот може да биде отповикан или да ја продолжи својата дипломатската мисија.

The post Досега повикани тројца македонски амбасадори на консултации appeared first on Република.

]]>

Освен Љубомир Фрчкоски, македонскиот амбасадор во ОН, новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, на консултации ги повикал и македонските амбасадори во Албанија и Италија, Данчо Марковски и Весел Мемеди, пренесува МКД.мк. Амбасадорот од Албанија беше повикан поради скандалозните резултати со пописот и бугарската експанзија меѓу Македонците во Пустец и Голо Брдо. Весел Мемеди, амбасадорот во Италија, беше повикан од Рим во Скопје на консултации за неговиот самостоен и некоординиран повик за употреба на пасоши со ново име, кога бараше италијанска забрана за употреба на старите пасоши. Консултациите со Фрчкоски се закажани на 12 јули, а дали досега имало консултации со Марковски и Мемеди и што се договориле, нема информации. Консултациите се дел од овластувањата на секој шеф на дипломатија и тие може да траат најмногу 60 дена. Во тој рок треба да се заврши постапката на сослушување и утврдување на околностите поради кои бил повикан амбасадорот. После тој рок, амбасадорот може да биде отповикан или да ја продолжи својата дипломатската мисија.

The post Досега повикани тројца македонски амбасадори на консултации appeared first on Република.

]]>
Вучиќ ги продолжува консултациите за мандатарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-gi-prodolzhuva-konsultatsiite-za-mandatarot/ Mon, 04 Mar 2024 07:58:46 +0000 https://republika.mk/?p=750921

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги продолжува консултациите за кандидатот за премиер на Србија со разговори со листите „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ и „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“.

Вучиќ за 10 часот закажал разговори со Социјалистичката партија на Србија, односно листата „Ивица Дачиќ - премиер на Србија“, во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката и со листата „Александар Вучиќ - Србија не смее да запре“ во 12:30 часот.

Вучиќ претходно изјави дека во понеделник ќе разговара со претставниците на Социјалистичката партија на Србија и листата „Србија не смее да запре“ и дека очекува потоа да го известат дека имаат мнозинство и дека ќе можат да ја информираат јавноста кој треба да биде новиот мандатар за состав на влада.

Потпретседателот на Српската напредна партија, Александар Шапиќ, по седницата на Претседателството најави дека во понеделник делегацијата на таа партија ќе оди кај српскиот претседател Александар Вучиќ на консултации за мандатарот и дека таму ќе го информира дека има мнозинство за формирање влада.

„Постои мнозинство за формирање влада и за тоа ќе биде информиран претседателот“, рече Шапиќ на прес-конференција во седиштето на СНС.

The post Вучиќ ги продолжува консултациите за мандатарот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги продолжува консултациите за кандидатот за премиер на Србија со разговори со листите „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ и „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“. Вучиќ за 10 часот закажал разговори со Социјалистичката партија на Србија, односно листата „Ивица Дачиќ - премиер на Србија“, во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката и со листата „Александар Вучиќ - Србија не смее да запре“ во 12:30 часот. Вучиќ претходно изјави дека во понеделник ќе разговара со претставниците на Социјалистичката партија на Србија и листата „Србија не смее да запре“ и дека очекува потоа да го известат дека имаат мнозинство и дека ќе можат да ја информираат јавноста кој треба да биде новиот мандатар за состав на влада. Потпретседателот на Српската напредна партија, Александар Шапиќ, по седницата на Претседателството најави дека во понеделник делегацијата на таа партија ќе оди кај српскиот претседател Александар Вучиќ на консултации за мандатарот и дека таму ќе го информира дека има мнозинство за формирање влада. „Постои мнозинство за формирање влада и за тоа ќе биде информиран претседателот“, рече Шапиќ на прес-конференција во седиштето на СНС.

The post Вучиќ ги продолжува консултациите за мандатарот appeared first on Република.

]]>
Вучиќ ги почна консултациите за Влада, опозицијата отпатува за Брисел на состанок со пратеници на ЕК https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-gi-pochna-konsultatsiite-za-vlada-opozitsijata-otpatuva-za-brisel-na-sostanok-so-pratenitsi-na-ek/ Mon, 26 Feb 2024 11:56:29 +0000 https://republika.mk/?p=748485

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги започна консултациите за мандатар на новата влада, а делегација на опозициската „Србија против насилството“ (СПН) се упати во Брисел на средба со пратеници на Европската комисија (ЕК) за поддршка во „борбата против изборната кражба и имплементација на препораките од резолуцијата на ЕП и испраќање независна меѓународна мисија која ќе го утврди вистинскиот степен на изборна кражба во Србија“, јави дописникот на МИА од Белград.

Српскиот претседател денеска одржа консултации за мандатар на новата влада со претставници на изборната листа „Продолжува политичката борба на Албанците – Шаип Камбери“ и со листата „Руска партија – Слободан Николиќ“, по што неделава ќе следат средби и со останатите партии кои освоија пратенички места во српското Собрание, но не и со опизициските коалиции СПН и НАДА на ДСС, кои одбија да одат на овие консултации.

Истовремено денес делегација на СПН отпатува за Брисел по подршка од ЕК.

-Очекуваме поддршка за борбата против изборните кражби и имплементацијата на препораките од резолуцијата на ЕП, односно испраќање независна меѓународна мисија која ќе го одреди вистинскиот обем на изборната кражба во Србија, а ќе побараме и започнување на процесот од „Прибе извештајот“, кој треба да претставува модел за решавање на системските проблеми, изјави Радомир Лазовиќ од Зелено-левиот фронт, кој додаде дека Партијата на зелените во Европскиот парламент (ЕП) веќе подготвува извештај за тоа како актуелната власт во Србија ги трошела парите од буџетот на Европската унија (ЕУ).

Утре, на покана на Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на ЕУ, делегациите на Белград и Приштина заминуваат на нова рунда преговори во Брисел, а тема на разговор ќе биде одлуката на Централната банка на Косово за забрана на динарот во Косово.

Веќе за среда се очекува да биде објавен конечниот извештај на ОДИХР за изборите, за кој ниту власта ниту опозицијата немаа негативен збор за соработка со оваа канцеларија на ОБСЕ.

Два дена подоцна, во петок, на дневен ред е и продолжението на конститутивната седница на белградското Собрание на која конечно треба да се види дали во главниот град ќе има мнозинство или ќе се оди на нови избори.

The post Вучиќ ги почна консултациите за Влада, опозицијата отпатува за Брисел на состанок со пратеници на ЕК appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги започна консултациите за мандатар на новата влада, а делегација на опозициската „Србија против насилството“ (СПН) се упати во Брисел на средба со пратеници на Европската комисија (ЕК) за поддршка во „борбата против изборната кражба и имплементација на препораките од резолуцијата на ЕП и испраќање независна меѓународна мисија која ќе го утврди вистинскиот степен на изборна кражба во Србија“, јави дописникот на МИА од Белград. Српскиот претседател денеска одржа консултации за мандатар на новата влада со претставници на изборната листа „Продолжува политичката борба на Албанците – Шаип Камбери“ и со листата „Руска партија – Слободан Николиќ“, по што неделава ќе следат средби и со останатите партии кои освоија пратенички места во српското Собрание, но не и со опизициските коалиции СПН и НАДА на ДСС, кои одбија да одат на овие консултации. Истовремено денес делегација на СПН отпатува за Брисел по подршка од ЕК. -Очекуваме поддршка за борбата против изборните кражби и имплементацијата на препораките од резолуцијата на ЕП, односно испраќање независна меѓународна мисија која ќе го одреди вистинскиот обем на изборната кражба во Србија, а ќе побараме и започнување на процесот од „Прибе извештајот“, кој треба да претставува модел за решавање на системските проблеми, изјави Радомир Лазовиќ од Зелено-левиот фронт, кој додаде дека Партијата на зелените во Европскиот парламент (ЕП) веќе подготвува извештај за тоа како актуелната власт во Србија ги трошела парите од буџетот на Европската унија (ЕУ). Утре, на покана на Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на ЕУ, делегациите на Белград и Приштина заминуваат на нова рунда преговори во Брисел, а тема на разговор ќе биде одлуката на Централната банка на Косово за забрана на динарот во Косово. Веќе за среда се очекува да биде објавен конечниот извештај на ОДИХР за изборите, за кој ниту власта ниту опозицијата немаа негативен збор за соработка со оваа канцеларија на ОБСЕ. Два дена подоцна, во петок, на дневен ред е и продолжението на конститутивната седница на белградското Собрание на која конечно треба да се види дали во главниот град ќе има мнозинство или ќе се оди на нови избори.

The post Вучиќ ги почна консултациите за Влада, опозицијата отпатува за Брисел на состанок со пратеници на ЕК appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот претседател ги заврши консултациите пред да го додели мандатот за нова влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-pretsedatel-gi-zavrshi-konsultaciite-pred-da-go-dodeli-mandatot-za-nova-vlada/ Tue, 28 Jun 2022 11:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=520732

Претседателот на Бугарија Румен Радев ги заврши консултациите со партиите во Националното собрание, откако минатата недела на владата и беше изгласана недоверба.

Радев изјави дека првиот мандат за формирање на новата влада во рамките на овој парламент ќе го предаде на најголемата партија во Собранирто „Продолжуваме со промената“. Тој не прецизираше кога ќе им го даде мандатот. Радев вечерва заминува за Мадрид на самитот на НАТО, каде ќе биде до 30 јуни.

Во меѓувреме партиите меѓусебе се консултираат за нова влада.

Од досега владејачката партија „Продолжуваме со промените“ соопштија дека денеска почнува преговори со актуелните партнери од владејачката коалиција во Бугарија. Доколку се договорат, ќе предложат влада и акциски план во форма на јавна покана до сите пратеници во Националното собрание, со цел да се формира мнозинство од 121 пратеник.

Од партијата „Има таков народ“ (ИТН), која ја напушти владејачката коалиција пред да и биде изгласана недоверба, велат дека нема да поддржат влада со премиерот Кирил Петков или Асен Василев, туку партијата ќе направи „сè што е во нејзина моќ“ да формира кабинет. Од партијата велат дека доколку бидат поканети ќе учествуваат во преговорите за формирање влада, дека ќе дадат сè од себе, но не по секоја цена.

Од Демократска Бугарија (ДБ) соопштија дека ќе инсистираат на формирање влада со првиот мандат, кој ќе го добие „Продолжуваме со промената“ (ПП)

The post Бугарскиот претседател ги заврши консултациите пред да го додели мандатот за нова влада appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Бугарија Румен Радев ги заврши консултациите со партиите во Националното собрание, откако минатата недела на владата и беше изгласана недоверба. Радев изјави дека првиот мандат за формирање на новата влада во рамките на овој парламент ќе го предаде на најголемата партија во Собранирто „Продолжуваме со промената“. Тој не прецизираше кога ќе им го даде мандатот. Радев вечерва заминува за Мадрид на самитот на НАТО, каде ќе биде до 30 јуни. Во меѓувреме партиите меѓусебе се консултираат за нова влада. Од досега владејачката партија „Продолжуваме со промените“ соопштија дека денеска почнува преговори со актуелните партнери од владејачката коалиција во Бугарија. Доколку се договорат, ќе предложат влада и акциски план во форма на јавна покана до сите пратеници во Националното собрание, со цел да се формира мнозинство од 121 пратеник. Од партијата „Има таков народ“ (ИТН), која ја напушти владејачката коалиција пред да и биде изгласана недоверба, велат дека нема да поддржат влада со премиерот Кирил Петков или Асен Василев, туку партијата ќе направи „сè што е во нејзина моќ“ да формира кабинет. Од партијата велат дека доколку бидат поканети ќе учествуваат во преговорите за формирање влада, дека ќе дадат сè од себе, но не по секоја цена. Од Демократска Бугарија (ДБ) соопштија дека ќе инсистираат на формирање влада со првиот мандат, кој ќе го добие „Продолжуваме со промената“ (ПП)

The post Бугарскиот претседател ги заврши консултациите пред да го додели мандатот за нова влада appeared first on Република.

]]>