Констракта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konstrakta/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 09:37:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Констракта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konstrakta/ 32 32 Констракта е против интернет oбјавите за лесна заработка https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/konstrakta-e-protiv-internet-objavite-za-lesna-zarabotka/ Mon, 12 Feb 2024 09:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=743057

Српската пејачка Ана Ѓуриќ - Констракта, по победата на српскиот „Евросонг“, добива доста понуди за спонзорства. Сепак, како што рече таа во интернет-емисијата „100 минути врева“, не е секогаш среќна со тие понуди - особено со рекламирањето на интернет-просторот.

Не ми е во ред... Ќе наплаќам за мојот лик и дело - тоа е ОК. Но, зошто би земала 5.000 евра за една објава? Сметам дека тоа е навредливо за луѓето кои секој ден цел месец од 9 до 17 часот работат некоја одговорна работа. Не сакам да учествувам во тоа, појасни таа.

„Чесна жена, симнете ѝ капа“; „Во право е, луѓето на 'Инстаграм' ќе направат сѐ за да ги претстават своите 'животчиња' како повредни од туѓите“; „Секоја чест за сѐ, ја обожавам!“ - се дел од позитивните коментари.

Инаку, Констракта лани го освои петтото место во финалето на „Евровизија“, што е најдобар резултат на Србија последниве 10 години. Таа се пријави и на годинешниот национален натпревар со песната „Ново, боље“.

 

The post Констракта е против интернет oбјавите за лесна заработка appeared first on Република.

]]>

Српската пејачка Ана Ѓуриќ - Констракта, по победата на српскиот „Евросонг“, добива доста понуди за спонзорства. Сепак, како што рече таа во интернет-емисијата „100 минути врева“, не е секогаш среќна со тие понуди - особено со рекламирањето на интернет-просторот.
Не ми е во ред... Ќе наплаќам за мојот лик и дело - тоа е ОК. Но, зошто би земала 5.000 евра за една објава? Сметам дека тоа е навредливо за луѓето кои секој ден цел месец од 9 до 17 часот работат некоја одговорна работа. Не сакам да учествувам во тоа, појасни таа.
„Чесна жена, симнете ѝ капа“; „Во право е, луѓето на 'Инстаграм' ќе направат сѐ за да ги претстават своите 'животчиња' како повредни од туѓите“; „Секоја чест за сѐ, ја обожавам!“ - се дел од позитивните коментари. Инаку, Констракта лани го освои петтото место во финалето на „Евровизија“, што е најдобар резултат на Србија последниве 10 години. Таа се пријави и на годинешниот национален натпревар со песната „Ново, боље“.  

The post Констракта е против интернет oбјавите за лесна заработка appeared first on Република.

]]>
Констракта пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Струмица! https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/konstrakta-pristignuva-na-golemiot-get-exited-spektakl-vo-strumitsa/ Thu, 10 Aug 2023 11:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=670775

Ана Ѓуриќ Констракта, регионалниот феномен кој го восхити и освои целиот свет, на 7 септември пристигнува на спектакуларниот Get EXITed настан во преубавиот струмички Градски парк! И покрај тоа што имаше безброј настапи кои ја воодушевија публиката ширум регионот и даде илјадници изјави и интервјуа, таа и понатаму за многумина е чудо кое тешко може да се објасни. Иако од претходно ѝ беше позната на јавноста како вокалистка во бендот „Земља Грува“, со неверојатна популарност се стекна по минатогодишниот настап на Евросонг. Веќе по полуфиналето на српската Беовизија, целиот регион зборуваше за необичната уметница и нејзиниот невообичаен спој на настап, текст и музика кој постојано се прегледуваше и преслушуваше одново. И така започна „хајпот“ наречен Констракта, кој сѐ уште трае.

Подготовките за заминување во Торино на Евросонг беа проследени со дотогаш невидена еуфорија – Констракта тогаш, иако присутна на сцената веќе 20 години, речиси преку ноќ стана центар на вниманието на регионалните медиуми, главна ѕвезда на социјалните мрежи кои беа преплавени со хитот „In Corpore Sano“, одеднаш сите ја имитираа препознатливата кореографија, а нејзиното „и шта чемо сад“ се најде секаде каде што можеше да се вметне – од парламенти до секојдневен говор. Необичната уметница стана мејнстрим ѕвезда во своите четириесетти години, со што прегази безброј непишани правила и воедно им даде надеж на сите оние кои веруваат дека најголемиот успех не е условен од возраста. И така таа стана универзално прифатена и сакана: од децата, тинејџерите, патријархот Порфириј со кого таа размени подароци пред заминувањето во Торино, интелектуалците, работниците, мажите, жените, сите.

Констракта сите нѐ освои со едноставноста на „обичната жена“, скромноста со која успешно се носи, леснотијата со која суптилно ги критикува естрадата, општеството и теориите на заговор, воедно овозможувајќи алтернативната сцена да биде многу повидлива и поприсутна отколку досега. Иако не победи на Евросонг, квалитетот на нејзиното творештво не можеше да пројде незабележано. Само неколку часа пред завршницата на Евросонг, ѝ беше доделена награда „Marsel Bezanson“ за најдобар уметнички настап во Торино, а во прилог на фактот дека остави огромен впечаток на натпреварувањето оди и тоа што таа освои две награди во склоп на истото – за најдобар текст и за најиновативен сценски настап. Покрај тоа, Ана Ѓуриќ е номинирана и за бројни други награди, а Радио Белград ја избра за еден од претставниците на фестивалот Еуросоник во Холандија.

Констракта без сомнеж ја обележа годината зад нас кога станува збор за музиката, а по Евросонг таа настапи на бројни фестивали низ регионот и ги заинтригира луѓето со својот „Triptih“. Беше прва домашна хедлајнерка во историјата на ЕГЗИТ Фестивалота нејзиниот настап ја покори публиката. Годинава, следуваше уште еден триптих – „Evo, obećavam“, кој ја потврди посебноста на Констракта и нејзиниот тим, како и високите визуелни и музички стандарди кои тие ги поставија испраќајќи моќни и освестувачки општествени пораки.

Оваа неверојатна уметница, на септември пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Градскиот парк во Струмица, на кој ќе настапат и поп-соул ѕвездата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер и низа други имиња кои наскоро ќе бидат објавени!

Влезот е слободен и отворен за сите посетители, додека за сите заинтересирани кои овој спектакуларен настан сакаат да го доживеат на највисоко ниво во продажба се ВИП влезници по цена од 3.100 денари.

The post Констракта пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Струмица! appeared first on Република.

]]>

Ана Ѓуриќ Констракта, регионалниот феномен кој го восхити и освои целиот свет, на 7 септември пристигнува на спектакуларниот Get EXITed настан во преубавиот струмички Градски парк! И покрај тоа што имаше безброј настапи кои ја воодушевија публиката ширум регионот и даде илјадници изјави и интервјуа, таа и понатаму за многумина е чудо кое тешко може да се објасни. Иако од претходно ѝ беше позната на јавноста како вокалистка во бендот „Земља Грува“, со неверојатна популарност се стекна по минатогодишниот настап на Евросонг. Веќе по полуфиналето на српската Беовизија, целиот регион зборуваше за необичната уметница и нејзиниот невообичаен спој на настап, текст и музика кој постојано се прегледуваше и преслушуваше одново. И така започна „хајпот“ наречен Констракта, кој сѐ уште трае. Подготовките за заминување во Торино на Евросонг беа проследени со дотогаш невидена еуфорија – Констракта тогаш, иако присутна на сцената веќе 20 години, речиси преку ноќ стана центар на вниманието на регионалните медиуми, главна ѕвезда на социјалните мрежи кои беа преплавени со хитот „In Corpore Sano“, одеднаш сите ја имитираа препознатливата кореографија, а нејзиното „и шта чемо сад“ се најде секаде каде што можеше да се вметне – од парламенти до секојдневен говор. Необичната уметница стана мејнстрим ѕвезда во своите четириесетти години, со што прегази безброј непишани правила и воедно им даде надеж на сите оние кои веруваат дека најголемиот успех не е условен од возраста. И така таа стана универзално прифатена и сакана: од децата, тинејџерите, патријархот Порфириј со кого таа размени подароци пред заминувањето во Торино, интелектуалците, работниците, мажите, жените, сите. Констракта сите нѐ освои со едноставноста на „обичната жена“, скромноста со која успешно се носи, леснотијата со која суптилно ги критикува естрадата, општеството и теориите на заговор, воедно овозможувајќи алтернативната сцена да биде многу повидлива и поприсутна отколку досега. Иако не победи на Евросонг, квалитетот на нејзиното творештво не можеше да пројде незабележано. Само неколку часа пред завршницата на Евросонг, ѝ беше доделена награда „Marsel Bezanson“ за најдобар уметнички настап во Торино, а во прилог на фактот дека остави огромен впечаток на натпреварувањето оди и тоа што таа освои две награди во склоп на истото – за најдобар текст и за најиновативен сценски настап. Покрај тоа, Ана Ѓуриќ е номинирана и за бројни други награди, а Радио Белград ја избра за еден од претставниците на фестивалот Еуросоник во Холандија. Констракта без сомнеж ја обележа годината зад нас кога станува збор за музиката, а по Евросонг таа настапи на бројни фестивали низ регионот и ги заинтригира луѓето со својот „Triptih“. Беше прва домашна хедлајнерка во историјата на ЕГЗИТ Фестивалота нејзиниот настап ја покори публиката. Годинава, следуваше уште еден триптих – „Evo, obećavam“, кој ја потврди посебноста на Констракта и нејзиниот тим, како и високите визуелни и музички стандарди кои тие ги поставија испраќајќи моќни и освестувачки општествени пораки. Оваа неверојатна уметница, на септември пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Градскиот парк во Струмица, на кој ќе настапат и поп-соул ѕвездата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер и низа други имиња кои наскоро ќе бидат објавени! Влезот е слободен и отворен за сите посетители, додека за сите заинтересирани кои овој спектакуларен настан сакаат да го доживеат на највисоко ниво во продажба се ВИП влезници по цена од 3.100 денари.

The post Констракта пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Струмица! appeared first on Република.

]]>
Целовечерна музичка авантура: „Скопје колинг“ почна со дожд, заврши со еуфорија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tselovecherna-muzichka-avantura-skopje-koling-pochna-so-dozhd-zavrshi-so-euforija/ Sat, 08 Jul 2023 11:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=659582

Неверојатна забава со одлична музика, голема сцена со визуелни и светлечки ефекти, а тука беше и дождот, кој само даде дополнителна димензија на впечатокот дека тие што беа на „Скопје колинг“ присуствуваа на фестивалско музичко доживување од светски калибар.

Музичката авантура почна со доаѓањето на ноќта, кога славниот словенечки бенд „Лајбах“ ја презеде бината со препознатливиот силен и строг звук, проследен со илуминации и лајт-шоу на сцената. Во целата нивна атмосфера, совршено се вклопи, на моменти, интензивниот дожд, кој придонесе да се зацврсти мистичноста на доживувањето „Лајбах“.

Забавата продолжи со една од најоригиналите и најсвои уметници на балканската музичка сцена - Констракта. Српската претставничка на Евровизија во 2022 година, со весел ритам, на моменти со примеси на реге, но и со својот специфичен сценски настап и единствени текстови, на вистински начин ја разигра публиката. Констракта, во ниту еден момент не го криеше своето добро располежение, а тоа го потврди и со неколкуте подароци што сосема спонтано ги подели на неколкумина во публиката. Со тоа уште еднаш докажа дека целосно владее со уметноста на одличната комуникација и однос со публиката.

По Констракта, сцената ја презедоа нејзините сонародници, дуото „Буч Кесиди“ од Панчево. Лука на гитара и Зоран на тапани, кои од самиот старт покажаа дека се дојдени во Скопје да имаат енергичен рокенрол настап и во ниту еден момент не го криеја своето задоволство и возбуда што свират на „Скопје колинг“. Емоцијата и енергјата со која тие двајца настапија се покажа и со тоа што на Лука, дури во три наврати му пукна жица на гитарата, што, како што обелодени неговито колега, им е рекорд.

Со веќе поминат полноќ, журката продолжи со хрватското електро-поп дуо „Нипл пипл“. Облечени во свите препознатливи костими, со звуци во кои провејуваше и електро-диско, како и со мистериозното танцување на женската половина од ова загрепско дуо, расположението на публиката се движеше кон екстаза.

Врвот на вечерта, особено за помладата публика, дојде на крајот, односно со последната музичка ѕвезда што излезе на сцената. А, за Нина Кравиц и не може да се каже ништо друго освен дека е вистинска светска ѕвезда, која со право заслужува да биде наречена кралица на електронската музиката. Русинката се претстави со моќен сет кој ги предизвикуваше и мамеше присутните на стадионот на АРМ да танцуваат во тој ритам до раните утрински часови.

The post Целовечерна музичка авантура: „Скопје колинг“ почна со дожд, заврши со еуфорија appeared first on Република.

]]>

Неверојатна забава со одлична музика, голема сцена со визуелни и светлечки ефекти, а тука беше и дождот, кој само даде дополнителна димензија на впечатокот дека тие што беа на „Скопје колинг“ присуствуваа на фестивалско музичко доживување од светски калибар. Музичката авантура почна со доаѓањето на ноќта, кога славниот словенечки бенд „Лајбах“ ја презеде бината со препознатливиот силен и строг звук, проследен со илуминации и лајт-шоу на сцената. Во целата нивна атмосфера, совршено се вклопи, на моменти, интензивниот дожд, кој придонесе да се зацврсти мистичноста на доживувањето „Лајбах“. Забавата продолжи со една од најоригиналите и најсвои уметници на балканската музичка сцена - Констракта. Српската претставничка на Евровизија во 2022 година, со весел ритам, на моменти со примеси на реге, но и со својот специфичен сценски настап и единствени текстови, на вистински начин ја разигра публиката. Констракта, во ниту еден момент не го криеше своето добро располежение, а тоа го потврди и со неколкуте подароци што сосема спонтано ги подели на неколкумина во публиката. Со тоа уште еднаш докажа дека целосно владее со уметноста на одличната комуникација и однос со публиката. По Констракта, сцената ја презедоа нејзините сонародници, дуото „Буч Кесиди“ од Панчево. Лука на гитара и Зоран на тапани, кои од самиот старт покажаа дека се дојдени во Скопје да имаат енергичен рокенрол настап и во ниту еден момент не го криеја своето задоволство и возбуда што свират на „Скопје колинг“. Емоцијата и енергјата со која тие двајца настапија се покажа и со тоа што на Лука, дури во три наврати му пукна жица на гитарата, што, како што обелодени неговито колега, им е рекорд. Со веќе поминат полноќ, журката продолжи со хрватското електро-поп дуо „Нипл пипл“. Облечени во свите препознатливи костими, со звуци во кои провејуваше и електро-диско, како и со мистериозното танцување на женската половина од ова загрепско дуо, расположението на публиката се движеше кон екстаза. Врвот на вечерта, особено за помладата публика, дојде на крајот, односно со последната музичка ѕвезда што излезе на сцената. А, за Нина Кравиц и не може да се каже ништо друго освен дека е вистинска светска ѕвезда, која со право заслужува да биде наречена кралица на електронската музиката. Русинката се претстави со моќен сет кој ги предизвикуваше и мамеше присутните на стадионот на АРМ да танцуваат во тој ритам до раните утрински часови.

The post Целовечерна музичка авантура: „Скопје колинг“ почна со дожд, заврши со еуфорија appeared first on Република.

]]>
Егзит најави голем настан годинава во Струмица https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/egzit-najavi-golem-nastan-godinava-vo-strumitsa/ Mon, 13 Mar 2023 07:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=618949

Откако ланското издание на големиот „Get EXITed“ настан во Струмица ги надмина сите очекувања, собирајќи повеќе од 20.000 посетители, тимот на ЕГЗИТ (Exit) во соработка со општината Струмица организира второ издание, со уште поамбициозни планови! Новиот  „Get EXITed“ настан ќе биде одржан на 7 септември во струмичкиот Голем парк, каде што премиерно ќе настапи ненадминливата Констракта, најбараното музичко име во нашиот регион. Наскоро ќе бидат познати и останатите интернационални и регионални музички ѕвезди, кои во Струмица повторно ќе донесат гости од целиот регион, годинава во уште поголем број.

Прес-конференцијата на која беше потврдено одржувањето на второто издание на големиот „Get EXITed“ настан во Струмица, се одржа денеска во Градската куќа во Нови Сад, а присуствуваа музичарката Ана Ѓуриќ Констракта, првиот човек на Општина Струмица Костадин Костадинов, градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ и основачот и директор на Егзитовата фестивалска групација Душан Ковачевиќ.

Основачот и директор на Егзитовата фестивалска групација Душан Ковачевиќ нагласи дека ЕГЗИТ минатата година организирал дури 26 настани во 10 земји.

„По Дубаи, Истанбул, Амстердам и градовите во регионов, драго ни е дека се враќаме во Струмица и Македонија. Минатогодишниот ’Get EXITed’ навистина ги надмина сите очекувања, за време на одржувањето немаше слободно сместување во пошироката околина на Струмица, а туристи доаѓаа од целиот регион. Планираме новиот настан да го издигнеме на уште повисоко ниво“, кажа Ковачевиќ.

Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов истакна дека за него и за струмичани е задоволство да бидат домаќини на големиот настан на кој ќе настапат музичките ѕвезди.

„Како прв човек на општина Струмица, оттука, од Нови Сад, сакам да истакнам дека и оваа година ќе се потрудиме за настанот ’GetEXITed’ да се чуе надалеку и повторно да биде грандиозен. Инспирирани од културната размена и реализацијата на првото ’GetEXITed’ издание, се договоривме да го започнеме процесот на збратимување на градовите Нови Сад и Струмица“, порача Костадинов.

Музичарката Ана Ѓуриќ Констракта, која штотуку ја претстави новата песна „Еве, ветувам“, изјави дека е среќна ако и таа, со помош на Егзит, може да придонесе за културното поврзување.

Мислам дека тоа по себе е веќе остварување, а секако се радуваме и на македонската публика која е строга, не може кај нив сѐ да пројде и треба да се потрудиме за да ги придобиеме“, изјави Констракта.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека Нови Сад е препознатлив во регионот и пошироко како извозник на креативните индустрии и расадник на фестивалско-музичкиот туризам.

„Горд сум на фактот што ЕГЗИТ изникна токму од нашиот град пред повеќе од две децении, а заедничка желба ни е тој да продолжи да се развива. На организаторите на фестивалот им посакувам уште многу успеси и квалитетни проекти, а на Констракта, како и на другите изведувачи, на 7 септември да ги надминат очекувањата и да остварат уште повеќе од минатогодишните 20.000 посетители“, рече Ѓуриќ.

Наскоро ќе бидат објавени останатите светски и регионални ѕвезди кои на 7 септември ќе настапат во струмичкиот Голем парк, а влезот на големиот „Get EXITed“ настан ќе биде бесплатен.

The post Егзит најави голем настан годинава во Струмица appeared first on Република.

]]>

Откако ланското издание на големиот „Get EXITed“ настан во Струмица ги надмина сите очекувања, собирајќи повеќе од 20.000 посетители, тимот на ЕГЗИТ (Exit) во соработка со општината Струмица организира второ издание, со уште поамбициозни планови! Новиот  „Get EXITed“ настан ќе биде одржан на 7 септември во струмичкиот Голем парк, каде што премиерно ќе настапи ненадминливата Констракта, најбараното музичко име во нашиот регион. Наскоро ќе бидат познати и останатите интернационални и регионални музички ѕвезди, кои во Струмица повторно ќе донесат гости од целиот регион, годинава во уште поголем број. Прес-конференцијата на која беше потврдено одржувањето на второто издание на големиот „Get EXITed“ настан во Струмица, се одржа денеска во Градската куќа во Нови Сад, а присуствуваа музичарката Ана Ѓуриќ Констракта, првиот човек на Општина Струмица Костадин Костадинов, градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ и основачот и директор на Егзитовата фестивалска групација Душан Ковачевиќ. Основачот и директор на Егзитовата фестивалска групација Душан Ковачевиќ нагласи дека ЕГЗИТ минатата година организирал дури 26 настани во 10 земји. „По Дубаи, Истанбул, Амстердам и градовите во регионов, драго ни е дека се враќаме во Струмица и Македонија. Минатогодишниот ’Get EXITed’ навистина ги надмина сите очекувања, за време на одржувањето немаше слободно сместување во пошироката околина на Струмица, а туристи доаѓаа од целиот регион. Планираме новиот настан да го издигнеме на уште повисоко ниво“, кажа Ковачевиќ. Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов истакна дека за него и за струмичани е задоволство да бидат домаќини на големиот настан на кој ќе настапат музичките ѕвезди. „Како прв човек на општина Струмица, оттука, од Нови Сад, сакам да истакнам дека и оваа година ќе се потрудиме за настанот ’GetEXITed’ да се чуе надалеку и повторно да биде грандиозен. Инспирирани од културната размена и реализацијата на првото ’GetEXITed’ издание, се договоривме да го започнеме процесот на збратимување на градовите Нови Сад и Струмица“, порача Костадинов. Музичарката Ана Ѓуриќ Констракта, која штотуку ја претстави новата песна „Еве, ветувам“, изјави дека е среќна ако и таа, со помош на Егзит, може да придонесе за културното поврзување. Мислам дека тоа по себе е веќе остварување, а секако се радуваме и на македонската публика која е строга, не може кај нив сѐ да пројде и треба да се потрудиме за да ги придобиеме“, изјави Констракта. Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека Нови Сад е препознатлив во регионот и пошироко како извозник на креативните индустрии и расадник на фестивалско-музичкиот туризам. „Горд сум на фактот што ЕГЗИТ изникна токму од нашиот град пред повеќе од две децении, а заедничка желба ни е тој да продолжи да се развива. На организаторите на фестивалот им посакувам уште многу успеси и квалитетни проекти, а на Констракта, како и на другите изведувачи, на 7 септември да ги надминат очекувањата и да остварат уште повеќе од минатогодишните 20.000 посетители“, рече Ѓуриќ. Наскоро ќе бидат објавени останатите светски и регионални ѕвезди кои на 7 септември ќе настапат во струмичкиот Голем парк, а влезот на големиот „Get EXITed“ настан ќе биде бесплатен.

The post Егзит најави голем настан годинава во Струмица appeared first on Република.

]]>
Winter Flower, еднодневен музички настан за Празникот на мимозите: Клептон и Констракта ја предводат најголемата забава под маски на Јадранот https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/winter-flower-ednodneven-muzichki-nastan-za-praznikot-na-mimozite-klepton-i-konstrakta-ja-predvodat-najgolemata-zabava-pod-maski-na-jadranot/ Fri, 24 Feb 2023 09:26:04 +0000 https://republika.mk/?p=612659

Winter Flowerголемиот еднодневен музички настан како дел од 54-от по ред Празник на мимозите во Херцег Нови, во сабота, 25 февруари 2023 ќе го прослави крајот на зимата и доаѓањето на пролетта. Оваа единствена забава, во организација на „Егзит“ фестивалот и Туристичката организација Херцег Нови ја предводи еден од најпопуларните уметници на светската хаус сцена, третопласираниот на „Диџеј Маг“ листата 100 најдобри изведувачи, маскираниот велемајстор КЛЕПТОН (Claptoneсо својот премиерен настап во Црна Гора! Покрај него главна ѕвезда ќе биде и регионалната жена на годината, фантастичната КОНСТРАКТА, заедно со групата „Земља Грува“. Локална поддршка ќе биде шармантната и енергична „Кејт“ со претставниците на црногорската електронска сцена „Пи-Ес“ и „БоџиЕ“ (BodziE).

„Егзит“ го именува настанот „Winter Flower“ или „Зимски цвет“ токму во чест на мимозата, уникатното цвеќе што расцутува во зима. Овој природен бунтовник со тоа ги надминува законите и правилата на единствен начин. Поимите зима и цвеќе скоро во сите други случаи меѓусебно се исклучуваат, бидејќи појавувањето на цвеќето всушност го означува крајот на зимата и доаѓањето на пролетта. Токму во таа симболика и се прославува Празникот на мимозите, со голем собир под маски, настан со децениска традиција и гости од целиот регион и Европа.

Влезот на големата „Winter Flower“ забава ќе биде слободен за сите

https://www.youtube.com/watch?v=A4-nfYvbyHU

The post Winter Flower, еднодневен музички настан за Празникот на мимозите: Клептон и Констракта ја предводат најголемата забава под маски на Јадранот appeared first on Република.

]]>

Winter Flowerголемиот еднодневен музички настан како дел од 54-от по ред Празник на мимозите во Херцег Нови, во сабота, 25 февруари 2023 ќе го прослави крајот на зимата и доаѓањето на пролетта. Оваа единствена забава, во организација на „Егзит“ фестивалот и Туристичката организација Херцег Нови ја предводи еден од најпопуларните уметници на светската хаус сцена, третопласираниот на „Диџеј Маг“ листата 100 најдобри изведувачи, маскираниот велемајстор КЛЕПТОН (Claptoneсо својот премиерен настап во Црна Гора! Покрај него главна ѕвезда ќе биде и регионалната жена на годината, фантастичната КОНСТРАКТА, заедно со групата „Земља Грува“. Локална поддршка ќе биде шармантната и енергична „Кејт“ со претставниците на црногорската електронска сцена „Пи-Ес“ и „БоџиЕ“ (BodziE). „Егзит“ го именува настанот „Winter Flower“ или „Зимски цвет“ токму во чест на мимозата, уникатното цвеќе што расцутува во зима. Овој природен бунтовник со тоа ги надминува законите и правилата на единствен начин. Поимите зима и цвеќе скоро во сите други случаи меѓусебно се исклучуваат, бидејќи појавувањето на цвеќето всушност го означува крајот на зимата и доаѓањето на пролетта. Токму во таа симболика и се прославува Празникот на мимозите, со голем собир под маски, настан со децениска традиција и гости од целиот регион и Европа. Влезот на големата „Winter Flower“ забава ќе биде слободен за сите https://www.youtube.com/watch?v=A4-nfYvbyHU

The post Winter Flower, еднодневен музички настан за Празникот на мимозите: Клептон и Констракта ја предводат најголемата забава под маски на Јадранот appeared first on Република.

]]>
Констракта предложена за номинација за Греми https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/konstrakta-predlozena-za-nominacija-za-gremi/ Thu, 20 Oct 2022 11:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=563574

Откако воодушеви со својот настап на овогодинешното издание на Евровизија, Констракта доби ново големо признание.

Oвогодинешната српска претставничка на Инстаграм објави дека е предложена за номинација за престижната награда Греми и тоа во две категории-најдобар нов изведувач и најдобра светска изведба. Номинацијата доаѓа од засега непознат член на Академијата за дискографски уметности и науки.

Веста беше објавена на нејзините официјални социјални мрежи и беше пречекана со лавина од позитивни коментари и огромна поддршка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta

Првиот круг на гласање е во тек, а ќе трае до оваа недела (23 октомври), а добитниците на наградите ќе бидат официјално објавени во ноември.

The post Констракта предложена за номинација за Греми appeared first on Република.

]]>

Откако воодушеви со својот настап на овогодинешното издание на Евровизија, Констракта доби ново големо признание. Oвогодинешната српска претставничка на Инстаграм објави дека е предложена за номинација за престижната награда Греми и тоа во две категории-најдобар нов изведувач и најдобра светска изведба. Номинацијата доаѓа од засега непознат член на Академијата за дискографски уметности и науки. Веста беше објавена на нејзините официјални социјални мрежи и беше пречекана со лавина од позитивни коментари и огромна поддршка.  
 
View this post on Instagram
 

A post shared by @konstrakta

Првиот круг на гласање е во тек, а ќе трае до оваа недела (23 октомври), а добитниците на наградите ќе бидат официјално објавени во ноември.

The post Констракта предложена за номинација за Греми appeared first on Република.

]]>
Поинакво музичко патување викендов со „Звукот на Скопје“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poinakvo-muzichko-patuvanje-vikendov-so-zvukot-na-skopje/ Mon, 12 Sep 2022 07:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=549882

Манифестацијата „Звукот на Скопје“ почнува в петок ( 16 септември) и на градот му носи свежина и нова енергија преку содржините што ги нуди. Музички ѕвезди, инспиративни изложби, театарска претстава за деца, поезија...Скопјани викендов ќе имаат забава за паметење.

Плоштадот пред Филхармонијата („Мајка Тереза“) е местото каде в петок ќе настапи Констракта и „Земља грува“ (Zemlja gruva), која годинава ја претставуваше Србија на натпреварот за најдобра песна на Евровизија и предизвика големо интересирање во регионалната, но и европската јавност и медиуми со впечатливиот сценски настап, ангажираноста и пораките кои ги испрати преку својата изведба.

Нејзината оригиналност и писменост, која е „во судир“ со сета поп, фолк и турбофолк музика распространета во Србија и во екс-југословенскиот регион ја издигнува над постоечките жанрови и нуди поинаков универзум. Според критичарите нејзината музика се смета за „претставување на светот, земјата, климата, уметноста и културата на кои таа и многу луѓе припаѓаат“.

На настапот на Констракта, му претходи младиот панк бенд „Хајка“ од Скопје. Станува збор за бенд од помладата генерација, инспирирани од минатото и бит-генерацијата. Досега имаат издадено едно EP и еден албум, а во поддготовка е и вториот албум „Мека Машина“. Младите музичари имаа забележителни настапи на „Здраво Млади“ и „Земјотрес“ и токму тие ќе го отворат „Звукот на Скопје“ на 16 септември, а по нив следува настапот на Дина Јашари & другари, која е најголемото освежување на новата македонска музичка сцена.

Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена. Минатата година го издаде своето прво EP насловено „Дома“ кое ја зацврсти на мапата како една од најталентираните млади артистки на Балканот.

Низ чаршијата, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да го проследат настапот на гудачкиот квартет „Вива стрингс“. Овој класичен камерен состав го сочинуваат: Елена Талевска, прва виолина, Димитар Михајловски, втора виолина, Дубравка Зајкова, виола и Дејан Теодосиевски, виолончело.

Од своето оформување целта на „Вива Стрингс“ квартетот е заедничко музицирање, изнаоѓање на алтернативен простор за сопствена афирмација, за сопствен израз, презентирање и етаблирање на сите негови членови. „Вива Стрингс“ се редовен претставник на камерното музицирање и недвосмислено ја етаблираат класичната музика и квалитетната уметност на пошироката публика. Неговите членови се дел од Македонска филхармонија, каде важат за истакнати и докажани професионалци.

„Diaz Wojtas Duo“ ќе настапат пред Стоковната куќа „Мост“, а за љубителите на ликовната уметност, Културно информативниот центар-Скопје, кој е организатор на манифестацијата „Звукот на Сопје“, в петок овозможи да се погледне изложбата „MACEDONIA“ од бразилските уметници Даниел Kастинет (Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во просториите на КИЦ (Империјал I). Двајцата автори во 2019 година учествувале на уметничката резиденција Де Ниро во Битола и оттаму ги пренесуваат своите скици и цртежи, материјални и нематеријални интернализирани визуелни и душевни записи.

Нивната изложба „Македонија“ е разговор меѓу два света, покана за приближување и поместување на границите меѓу местата и културите, изложба што го слави пријателството. Двајцата уметници, со духот на блискоста, во своите дела биле водени од новите простори, кои ги содржеле старите византиски фрески, кули направени со лушпи од јајца, уличките и манастирите, статуите без глава, иконите со издлабени очи, џамиите...Зборуваат за нивните чувства, соништа, нивните села, нивниот светоглед.

The post Поинакво музичко патување викендов со „Звукот на Скопје“ appeared first on Република.

]]>

Манифестацијата „Звукот на Скопје“ почнува в петок ( 16 септември) и на градот му носи свежина и нова енергија преку содржините што ги нуди. Музички ѕвезди, инспиративни изложби, театарска претстава за деца, поезија...Скопјани викендов ќе имаат забава за паметење. Плоштадот пред Филхармонијата („Мајка Тереза“) е местото каде в петок ќе настапи Констракта и „Земља грува“ (Zemlja gruva), која годинава ја претставуваше Србија на натпреварот за најдобра песна на Евровизија и предизвика големо интересирање во регионалната, но и европската јавност и медиуми со впечатливиот сценски настап, ангажираноста и пораките кои ги испрати преку својата изведба. Нејзината оригиналност и писменост, која е „во судир“ со сета поп, фолк и турбофолк музика распространета во Србија и во екс-југословенскиот регион ја издигнува над постоечките жанрови и нуди поинаков универзум. Според критичарите нејзината музика се смета за „претставување на светот, земјата, климата, уметноста и културата на кои таа и многу луѓе припаѓаат“. На настапот на Констракта, му претходи младиот панк бенд „Хајка“ од Скопје. Станува збор за бенд од помладата генерација, инспирирани од минатото и бит-генерацијата. Досега имаат издадено едно EP и еден албум, а во поддготовка е и вториот албум „Мека Машина“. Младите музичари имаа забележителни настапи на „Здраво Млади“ и „Земјотрес“ и токму тие ќе го отворат „Звукот на Скопје“ на 16 септември, а по нив следува настапот на Дина Јашари & другари, која е најголемото освежување на новата македонска музичка сцена. Извонредниот пристап кон пишувањето песни, прекрасните сонливи аранжмани, емотивни лирики, современа, модерна и свежа продукција и секако, хипнотизирачките настапи во живо со полно право ја ставаат Дина на пиедесталот на новата локална музичка сцена. Минатата година го издаде своето прво EP насловено „Дома“ кое ја зацврсти на мапата како една од најталентираните млади артистки на Балканот. Низ чаршијата, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да го проследат настапот на гудачкиот квартет „Вива стрингс“. Овој класичен камерен состав го сочинуваат: Елена Талевска, прва виолина, Димитар Михајловски, втора виолина, Дубравка Зајкова, виола и Дејан Теодосиевски, виолончело. Од своето оформување целта на „Вива Стрингс“ квартетот е заедничко музицирање, изнаоѓање на алтернативен простор за сопствена афирмација, за сопствен израз, презентирање и етаблирање на сите негови членови. „Вива Стрингс“ се редовен претставник на камерното музицирање и недвосмислено ја етаблираат класичната музика и квалитетната уметност на пошироката публика. Неговите членови се дел од Македонска филхармонија, каде важат за истакнати и докажани професионалци. „Diaz Wojtas Duo“ ќе настапат пред Стоковната куќа „Мост“, а за љубителите на ликовната уметност, Културно информативниот центар-Скопје, кој е организатор на манифестацијата „Звукот на Сопје“, в петок овозможи да се погледне изложбата „MACEDONIA“ од бразилските уметници Даниел Kастинет (Daniel Chastinet) и Вилсон Нето (Wilson Neto) во просториите на КИЦ (Империјал I). Двајцата автори во 2019 година учествувале на уметничката резиденција Де Ниро во Битола и оттаму ги пренесуваат своите скици и цртежи, материјални и нематеријални интернализирани визуелни и душевни записи. Нивната изложба „Македонија“ е разговор меѓу два света, покана за приближување и поместување на границите меѓу местата и културите, изложба што го слави пријателството. Двајцата уметници, со духот на блискоста, во своите дела биле водени од новите простори, кои ги содржеле старите византиски фрески, кули направени со лушпи од јајца, уличките и манастирите, статуите без глава, иконите со издлабени очи, џамиите...Зборуваат за нивните чувства, соништа, нивните села, нивниот светоглед.

The post Поинакво музичко патување викендов со „Звукот на Скопје“ appeared first on Република.

]]>
Констракта влезе во хрватскиот Парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/konstrakta-vleze-vo-hrvatskiot-parlament/ Sat, 21 May 2022 09:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=505133

Случајно или не, говорот од собраниската говорница жената го завршува со зборовите: „И шта чемо сад?“. А тие зборови, нели, се препознатлив дел од текстот на овогодинешната српска претставничка на Евровизија, Констракта.

Уште поинтересно е тоа што откако собраниската говорница останува празна, тој од горе го вклучува микрофонот и вели: „Заступница мора биди здрава“.

А најинтересното, пак, е тоа што целата оваа сцена се одвива во хрватскиот Парламент.

 

https://www.tiktok.com/@eurosong.hr/video/7099550501322181893?referer_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fi-shta-chemo-sad-konstrakta-vleze-vo-hrvatskiot-parlament-video%2F&referer_video_id=7099550501322181893&refer=embed

The post Констракта влезе во хрватскиот Парламент appeared first on Република.

]]>

Случајно или не, говорот од собраниската говорница жената го завршува со зборовите: „И шта чемо сад?“. А тие зборови, нели, се препознатлив дел од текстот на овогодинешната српска претставничка на Евровизија, Констракта. Уште поинтересно е тоа што откако собраниската говорница останува празна, тој од горе го вклучува микрофонот и вели: „Заступница мора биди здрава“. А најинтересното, пак, е тоа што целата оваа сцена се одвива во хрватскиот Парламент.   https://www.tiktok.com/@eurosong.hr/video/7099550501322181893?referer_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fi-shta-chemo-sad-konstrakta-vleze-vo-hrvatskiot-parlament-video%2F&referer_video_id=7099550501322181893&refer=embed

The post Констракта влезе во хрватскиот Парламент appeared first on Република.

]]>
Скандал на Евровизија: Шест земји со неправилни шеми на гласање, Констракта може да загуби поени https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/skandal-na-evrovizija-shest-zemji-so-nepravilni-shemi-na-glasanje-konstrakta-moze-da-zagubi-poeni/ Sun, 15 May 2022 12:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=502513

Партнер на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го следи гласањето за време на Евровизија, рече дека резултатите на шест земји идентификувале „одредени неправилни шеми на гласање“.

Иако во изјавата не е експлицитно наведено кои се „неправилните шеми на гласање“, српските медиуми пишуваат дека тоа не може да се однесува на ништо друго освен на моделот на гласање на соседните земји или европските „блокови“ – како скандинавските земји – традиционалните 12 поени што ги разменуваат Грција и Кипар на секоја Евровизија, но и поените што си ги даваат земјите од поранешна Југославија.

Со цел да се усогласи со Насоките за гласање за натпреварување, ЕБУ работеше со својот партнер за гласањето за да пресмета заменски збирен резултат за секоја земја како и за второто полуфинале и за големото финале (пресметано врз основа на резултатите од другите земји со слични гласачки записи), стои во соопштението.

Овој процес беше признаен и од Независниот мониторинг на гласање, се наведува понатаму.

ЕБУ многу сериозно ги сфаќа сите можни обиди да се манипулира со Изборот за песна на Евровизија и има право да ги отстрани таквите гласови во согласност со Официјалните упатства за гласање, без разлика дали таквите гласови веројатно ќе влијаат на резултатите и/или исходот од гласањето, се заклучува во соопштението на организаторите на Евровизија.

Тоа, како што пренесуваат српските медиуми би можело да значи дека на нивната претставничка Констракта би можело да и се повлечат единствените 12-ки што ги доби синоќа, бидејќи тие „дојдоа“ од соседството – Хрватска и Црна Гора. Жирито на Македонија синоќа на Констракта и додели 10 поени.

Претставничката на Србија на синоќешното натпреварување заврши на петтото место, додека земја-победник беше Украина.

The post Скандал на Евровизија: Шест земји со неправилни шеми на гласање, Констракта може да загуби поени appeared first on Република.

]]>

Партнер на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го следи гласањето за време на Евровизија, рече дека резултатите на шест земји идентификувале „одредени неправилни шеми на гласање“. Иако во изјавата не е експлицитно наведено кои се „неправилните шеми на гласање“, српските медиуми пишуваат дека тоа не може да се однесува на ништо друго освен на моделот на гласање на соседните земји или европските „блокови“ – како скандинавските земји – традиционалните 12 поени што ги разменуваат Грција и Кипар на секоја Евровизија, но и поените што си ги даваат земјите од поранешна Југославија.
Со цел да се усогласи со Насоките за гласање за натпреварување, ЕБУ работеше со својот партнер за гласањето за да пресмета заменски збирен резултат за секоја земја како и за второто полуфинале и за големото финале (пресметано врз основа на резултатите од другите земји со слични гласачки записи), стои во соопштението.
Овој процес беше признаен и од Независниот мониторинг на гласање, се наведува понатаму.
ЕБУ многу сериозно ги сфаќа сите можни обиди да се манипулира со Изборот за песна на Евровизија и има право да ги отстрани таквите гласови во согласност со Официјалните упатства за гласање, без разлика дали таквите гласови веројатно ќе влијаат на резултатите и/или исходот од гласањето, се заклучува во соопштението на организаторите на Евровизија.
Тоа, како што пренесуваат српските медиуми би можело да значи дека на нивната претставничка Констракта би можело да и се повлечат единствените 12-ки што ги доби синоќа, бидејќи тие „дојдоа“ од соседството – Хрватска и Црна Гора. Жирито на Македонија синоќа на Констракта и додели 10 поени. Претставничката на Србија на синоќешното натпреварување заврши на петтото место, додека земја-победник беше Украина.

The post Скандал на Евровизија: Шест земји со неправилни шеми на гласање, Констракта може да загуби поени appeared first on Република.

]]>
Андреа го фрлаше македонското, но Констракта го стави српското знаме на градите https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/andrea-go-frlashe-makedonskoto-no-konstrakta-go-stavi-srpskoto-zname-na-gradite/ Sat, 14 May 2022 20:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=502372

Пред почетокот на финалната вечер се појави сите учесници. Меѓу нив беше и српската претставничка Констракта. Таа гордоа го вееше знамето на својата земја и го стави на градите. Пред заминување од сцената таа се обвитка со знамето што предизвика големи симпатии на социјалните мрежи.

Таа е една од главните фаворитки за победа.

 

The post Андреа го фрлаше македонското, но Констракта го стави српското знаме на градите appeared first on Република.

]]>

Пред почетокот на финалната вечер се појави сите учесници. Меѓу нив беше и српската претставничка Констракта. Таа гордоа го вееше знамето на својата земја и го стави на градите. Пред заминување од сцената таа се обвитка со знамето што предизвика големи симпатии на социјалните мрежи. Таа е една од главните фаворитки за победа.  

The post Андреа го фрлаше македонското, но Констракта го стави српското знаме на градите appeared first on Република.

]]>
Констракта е единствената што нема да пее на англиски https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/konstrakta-e-edinstvenata-shto-nema-da-pee-na-angliski/ Mon, 09 May 2022 08:48:05 +0000 https://republika.mk/?p=499810

Српската претставничка Констракта е единствената што во евровизиското полуфинале во четврток, кога ќе настапува и Андреа Коевска, нема да има ни еден дел од песната испеан на англиски јазик.

Овој факт им беше доста интересен на евровизиските новинари во Торино, кои ја прашаа дали се плаши дека публиката нема да ја разбере на српски.

Според Констракта, песната е доволно впечатлива, така што не е битно што нема англиски делови во неа, а и „Бити здрава“ е доста лесна фраза за секој да ја научи.

The post Констракта е единствената што нема да пее на англиски appeared first on Република.

]]>

Српската претставничка Констракта е единствената што во евровизиското полуфинале во четврток, кога ќе настапува и Андреа Коевска, нема да има ни еден дел од песната испеан на англиски јазик. Овој факт им беше доста интересен на евровизиските новинари во Торино, кои ја прашаа дали се плаши дека публиката нема да ја разбере на српски. Според Констракта, песната е доволно впечатлива, така што не е битно што нема англиски делови во неа, а и „Бити здрава“ е доста лесна фраза за секој да ја научи.

The post Констракта е единствената што нема да пее на англиски appeared first on Република.

]]>
Повици за дискфалификација на Констракта поради масичките во форма на „Z“, за РТС тоа е злобно https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/povici-za-diskfalifikacija-na-konstrakta-poradi-masichkite-vo-forma-na-z-za-rts-toa-e-zlobno/ Wed, 27 Apr 2022 06:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=494049

Претставничката на Србија на Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта се најде на мета на критики од корисниците на социјалните мрежи поради масата во форма на буквата „Z“, која се поврзува со руската агресија врз Украина.

РТС објави фотографии од Констракта на кои таа седи и ги мие рацете. Пред него има две маси во форма на буквата „Z“.

Брзо се појавија коментари и прашања за тоа кој ги избра масите во форма на „Z“ среде руската агресија.

Српската радио-телевизија ги осуди „непримерните инсинуации на некои поединци на социјалните мрежи дека масата на фотографијата на српската претставничка на Евровизија, поради тоа што наликува на буквата „Z“, воедно „претставува поддршка за руската армија во војната во Украина“.

„Одлучно негираме каква било слична намера и сметаме дека е злонамерно поврзувањето на нашиот претставник со актуелната политичка ситуација во светот. Масите на фотографијата се користат повеќе од три години за потребите на нашите емисии, а во овој случај се користени само за една фотосесија. Давање на некое ново значење во тој сценографски елемент е апсолутно бесмислено, а во некои случаи и злонамерно“, се вели во соопштението на РТС.

The post Повици за дискфалификација на Констракта поради масичките во форма на „Z“, за РТС тоа е злобно appeared first on Република.

]]>

Претставничката на Србија на Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта се најде на мета на критики од корисниците на социјалните мрежи поради масата во форма на буквата „Z“, која се поврзува со руската агресија врз Украина. РТС објави фотографии од Констракта на кои таа седи и ги мие рацете. Пред него има две маси во форма на буквата „Z“. Брзо се појавија коментари и прашања за тоа кој ги избра масите во форма на „Z“ среде руската агресија. Српската радио-телевизија ги осуди „непримерните инсинуации на некои поединци на социјалните мрежи дека масата на фотографијата на српската претставничка на Евровизија, поради тоа што наликува на буквата „Z“, воедно „претставува поддршка за руската армија во војната во Украина“. „Одлучно негираме каква било слична намера и сметаме дека е злонамерно поврзувањето на нашиот претставник со актуелната политичка ситуација во светот. Масите на фотографијата се користат повеќе од три години за потребите на нашите емисии, а во овој случај се користени само за една фотосесија. Давање на некое ново значење во тој сценографски елемент е апсолутно бесмислено, а во некои случаи и злонамерно“, се вели во соопштението на РТС.

The post Повици за дискфалификација на Констракта поради масичките во форма на „Z“, за РТС тоа е злобно appeared first on Република.

]]>
Се радувам на доаѓањето во Македонија: Констракта го најави своето гостување во земјава https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/se-raduvam-na-doagjanjeto-vo-makedonija-konstrakta-go-najavi-svoeto-gostuvanje-vo-zemjava/ Mon, 25 Apr 2022 12:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=493355

Во пресрет на настапот на Србија на Евровизија 2022, Ана Ѓуриќ во интервјуто за JingleTV открива многу ексклузивни информации, меѓу кои како ексклузивитет, за прв пат јавноста имаше можност да го види и кучето „Роки“ кој е дел од популарниот спот за евровизиската песна „In Corpore Sano“, токму во нејзиниот дом како нејзнин домашен миленик, од каде Ана и за прв пат во опуштено издание дава телевизиско интервју.

Ова воедно е и прво интервју на Констракта со кое го најавува својот голем концерт на еден од најпопуларните и најреномирани летни фестивали во земјава „Д Фестивал“ каде ќе настапи на главната сцена во Дојран.

The post Се радувам на доаѓањето во Македонија: Констракта го најави своето гостување во земјава appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на настапот на Србија на Евровизија 2022, Ана Ѓуриќ во интервјуто за JingleTV открива многу ексклузивни информации, меѓу кои како ексклузивитет, за прв пат јавноста имаше можност да го види и кучето „Роки“ кој е дел од популарниот спот за евровизиската песна „In Corpore Sano“, токму во нејзиниот дом како нејзнин домашен миленик, од каде Ана и за прв пат во опуштено издание дава телевизиско интервју. Ова воедно е и прво интервју на Констракта со кое го најавува својот голем концерт на еден од најпопуларните и најреномирани летни фестивали во земјава „Д Фестивал“ каде ќе настапи на главната сцена во Дојран.

The post Се радувам на доаѓањето во Македонија: Констракта го најави своето гостување во земјава appeared first on Република.

]]>
Ексклузивен настап на Констракта на Д Фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ekskluziven-nastap-na-konstrakta-na-d-festival/ Fri, 01 Apr 2022 10:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=481894

КОНСТРАКТА пристигнува на Д Фестивал 2022 со нејзиниот ексклузивен настап во Македонија, соопштија организаторите.

Во моментов најбараното музичко име во регионот, уметницата која донесе автентичност и освежување на популарната музичка сцена, го потврди својот премиерен и единствен настап кај нас, ова лето на Главната бина на #ДФестивал.

Придружи ни се и ти во единствената фестивалска авантура во земјава 🔜 од 1 до 3 јули во Дојран. Побрзај за најповолната понуда со РАН КОРМОРАН на https://dfestival.mk/

The post Ексклузивен настап на Констракта на Д Фестивал appeared first on Република.

]]>

КОНСТРАКТА пристигнува на Д Фестивал 2022 со нејзиниот ексклузивен настап во Македонија, соопштија организаторите.

Во моментов најбараното музичко име во регионот, уметницата која донесе автентичност и освежување на популарната музичка сцена, го потврди својот премиерен и единствен настап кај нас, ова лето на Главната бина на #ДФестивал.

Придружи ни се и ти во единствената фестивалска авантура во земјава 🔜 од 1 до 3 јули во Дојран. Побрзај за најповолната понуда со РАН КОРМОРАН на https://dfestival.mk/

The post Ексклузивен настап на Констракта на Д Фестивал appeared first on Република.

]]>
„In Corpore Sano“ почна да се пее и по свадби https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/in-corpore-sano-pochna-da-se-pee-i-po-svadbi/ Fri, 01 Apr 2022 08:03:17 +0000 https://republika.mk/?p=481763

Српската евровизиска песна „In Corpore Sano“ доби и свадбарска верзија. Српскиот пејач Слободан Цобе ја отпеа на една свадба додека младенците ја сечеа свадбената торта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Grand tv (@grand_televizija)

The post „In Corpore Sano“ почна да се пее и по свадби appeared first on Република.

]]>

Српската евровизиска песна „In Corpore Sano“ доби и свадбарска верзија. Српскиот пејач Слободан Цобе ја отпеа на една свадба додека младенците ја сечеа свадбената торта.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Grand tv (@grand_televizija)

The post „In Corpore Sano“ почна да се пее и по свадби appeared first on Република.

]]>
На сопругот на Констракта му бил дијагностициран тумор, семејниот проблем можеше да ја тргне од евровизиската сцена https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/na-soprugot-na-konstrakta-mu-bil-dijagnosticiran-tumor-semejniot-problem-mozeshe-da-ja-trgne-od-evroviziskata-scena/ Thu, 31 Mar 2022 21:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=481661

Малкумина знаеја дека Ана Ѓуриќ Констракта води голема битка и дека за малку немаше да се појави на „Беовизија, каде што победи, поради нарушеното здравје на сопругот Милан Ѓуриќ, со кого почетокот на годината го помина во Германија на лекарски прегледи. Имено, на Милан му е дијагностициран тумор, поради што Констракта ја изгубила почвата под нозете, а некое време, што е нормално, била истоштена и во многу тешка психичка состојба.

Пејачката не беше подготвена да го слуша аплаузот и да им се радува на поените на „Беовизија“, бидејќи во исто време беше загрижена за животот на својот сопатник. Во тие денови, Милан беше подложен на детални лекарски прегледи за да дознаат во која форма му е болеста.

За среќа, тестовите покажале дека нема место за паника и дека всушност се работи за бенигна форма, која лесно се отстранува. Насмевката се врати на лицата на семејството Ѓуриќ, а Констракта, знаејќи што ја чека, се фати за работа, пишува Hello.

Таа маестрално ја изведе песната со што направи целосен пресврт, па со нетрпение ја очекуваме годинешната „Евровизија“ и настапот на Констракта која ќе ја претставува Србија на престижниот музички натпревар.

The post На сопругот на Констракта му бил дијагностициран тумор, семејниот проблем можеше да ја тргне од евровизиската сцена appeared first on Република.

]]>

Малкумина знаеја дека Ана Ѓуриќ Констракта води голема битка и дека за малку немаше да се појави на „Беовизија, каде што победи, поради нарушеното здравје на сопругот Милан Ѓуриќ, со кого почетокот на годината го помина во Германија на лекарски прегледи. Имено, на Милан му е дијагностициран тумор, поради што Констракта ја изгубила почвата под нозете, а некое време, што е нормално, била истоштена и во многу тешка психичка состојба.
Пејачката не беше подготвена да го слуша аплаузот и да им се радува на поените на „Беовизија“, бидејќи во исто време беше загрижена за животот на својот сопатник. Во тие денови, Милан беше подложен на детални лекарски прегледи за да дознаат во која форма му е болеста. За среќа, тестовите покажале дека нема место за паника и дека всушност се работи за бенигна форма, која лесно се отстранува. Насмевката се врати на лицата на семејството Ѓуриќ, а Констракта, знаејќи што ја чека, се фати за работа, пишува Hello.
Таа маестрално ја изведе песната со што направи целосен пресврт, па со нетрпение ја очекуваме годинешната „Евровизија“ и настапот на Констракта која ќе ја претставува Србија на престижниот музички натпревар.

The post На сопругот на Констракта му бил дијагностициран тумор, семејниот проблем можеше да ја тргне од евровизиската сцена appeared first on Република.

]]>
Констракта искрена: Со сапун од 20 денари го вежбав настапот! https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/konstrakta-iskrena-so-sapun-od-20-denari-go-vezbav-nastapot/ Thu, 17 Mar 2022 21:47:31 +0000 https://republika.mk/?p=474633

Констракта или Ана Ѓуриќ, ќе биде овогодинешната претставничка на Србија на Евровизија.

Таа со својот настап на Беовизија ја „размрда“ јавноста, прозборе и за тоа како се подготвувала за овој настап.

Српската претставничка на Евровизија раскажа и како течеле подготовките за фестивалот „Песна за Евровизија ’22“ и каде таа и нејзините соработници вежбале кореографија за настапот.

„Во мојот подрум, во моето студио, стиснати меѓу 4 столчиња. Таму го испланиравме и го подготвивме настапот“, низ смеа рекла Констракта.

„За првата проба купив сапун од 20 денари, не вложив доволно, а рацете ми беа уништени, па нанесував крем три дена“ – изјави пејачката која како дел од сценскиот настап, ги мие рацете на бина.

The post Констракта искрена: Со сапун од 20 денари го вежбав настапот! appeared first on Република.

]]>

Констракта или Ана Ѓуриќ, ќе биде овогодинешната претставничка на Србија на Евровизија. Таа со својот настап на Беовизија ја „размрда“ јавноста, прозборе и за тоа како се подготвувала за овој настап. Српската претставничка на Евровизија раскажа и како течеле подготовките за фестивалот „Песна за Евровизија ’22“ и каде таа и нејзините соработници вежбале кореографија за настапот. „Во мојот подрум, во моето студио, стиснати меѓу 4 столчиња. Таму го испланиравме и го подготвивме настапот“, низ смеа рекла Констракта.
„За првата проба купив сапун од 20 денари, не вложив доволно, а рацете ми беа уништени, па нанесував крем три дена“ – изјави пејачката која како дел од сценскиот настап, ги мие рацете на бина.

The post Констракта искрена: Со сапун од 20 денари го вежбав настапот! appeared first on Република.

]]>
Констракта откри зошто пее баш за косата на Меган Маркл и зошто мие раце на сцената https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/konstrakta-otkri-zoshto-pee-bash-za-kosata-na-megan-markl-i-zoshto-mie-race-na-scenata/ Sun, 06 Mar 2022 22:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=468612

Mузичаркат Ана Ѓуриќ, попопозната со мистериозното уметничко име Констракта, убедливо победи во големото финале на „Беовизија“ и со „In Corpore Sano“ ќе ја претсавува Србија на изборот за песна на Евровизија во Италија.

Ексцентричната пејачка, која веќе почнаа да ја споредуваат со Лејди Гага, до овој настап не беше многу позната во Србија, но уште по настапот во полуфиналето стихот од нејзината песна „Уметницата мора да биде здрава“ е вистински хит на социјалните мрежи.

За здравјето се зборува како нешто што е целосно во наша контрола, само ако го правиме ова, го купуваме она, го следиме најновиот тренд, го слушаме тоа... Човек мора да биде здрав. Тоа е притисокот што нѐ остава во страв. Од друга страна, можно е да се постигне здрав разумски однос во кој здравјето е донекаде во наши раце, во кое болеста и смртта се прифаќаат со помал страв. А системската поддршка е тенка, за жал како во здравството, така и во едуцирањето на таа тема. Здравството е сè понедостапно и поскапо..., вели Констракта за стиховите на песната.

Нејзините стихови „Која е тајната на здравата коса на Меган Маркл?“ ја освоија публиката, а Констракта откри зошто поранешната војвотка од Сасекс успеала да биде „ѕвезда“ во нејзината песна.

Решив да ја спомнам Меган Маркл во песната бидејќи во весници пишуваат дека има убава коса... Има и поубава коса од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Кејт има прекрасни шапки, а Меган убава коса. И Меган беше протерана, а ние ги поддржуваме прогонетите, рече таа.

Инаку, таа е дипломиран архитект, претседателка на куќниот совет во зградата во која живее, мајка на две деца и членка на познатата српска алтернативна група „Земља грува“. Како што открива, псевдонимот Констракта е спој на рационалното и емотивното во едно.

https://youtu.be/ZutV48eoG_c

The post Констракта откри зошто пее баш за косата на Меган Маркл и зошто мие раце на сцената appeared first on Република.

]]>

Mузичаркат Ана Ѓуриќ, попопозната со мистериозното уметничко име Констракта, убедливо победи во големото финале на „Беовизија“ и со „In Corpore Sano“ ќе ја претсавува Србија на изборот за песна на Евровизија во Италија. Ексцентричната пејачка, која веќе почнаа да ја споредуваат со Лејди Гага, до овој настап не беше многу позната во Србија, но уште по настапот во полуфиналето стихот од нејзината песна „Уметницата мора да биде здрава“ е вистински хит на социјалните мрежи.
За здравјето се зборува како нешто што е целосно во наша контрола, само ако го правиме ова, го купуваме она, го следиме најновиот тренд, го слушаме тоа... Човек мора да биде здрав. Тоа е притисокот што нѐ остава во страв. Од друга страна, можно е да се постигне здрав разумски однос во кој здравјето е донекаде во наши раце, во кое болеста и смртта се прифаќаат со помал страв. А системската поддршка е тенка, за жал како во здравството, така и во едуцирањето на таа тема. Здравството е сè понедостапно и поскапо..., вели Констракта за стиховите на песната.
Нејзините стихови „Која е тајната на здравата коса на Меган Маркл?“ ја освоија публиката, а Констракта откри зошто поранешната војвотка од Сасекс успеала да биде „ѕвезда“ во нејзината песна.
Решив да ја спомнам Меган Маркл во песната бидејќи во весници пишуваат дека има убава коса... Има и поубава коса од Кејт Мидлтон, да не се лажеме. Кејт има прекрасни шапки, а Меган убава коса. И Меган беше протерана, а ние ги поддржуваме прогонетите, рече таа.
Инаку, таа е дипломиран архитект, претседателка на куќниот совет во зградата во која живее, мајка на две деца и членка на познатата српска алтернативна група „Земља грува“. Како што открива, псевдонимот Констракта е спој на рационалното и емотивното во едно. https://youtu.be/ZutV48eoG_c

The post Констракта откри зошто пее баш за косата на Меган Маркл и зошто мие раце на сцената appeared first on Република.

]]>
Дали ризикуваат со неа: Ексцентричната Констракта ќе ја преставува Србија на Евровизија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dali-rizikuvaat-so-nea-ekscentrichnata-konstrakta-kje-ja-prestavuva-srbija-na-evrovizija/ Sun, 06 Mar 2022 09:37:13 +0000 https://republika.mk/?p=468413

Вчера (05.03), по две полуфинални вечери, се одржа финалето на српскиот избор за песна на Евровизија, на кој настапи и нашата Тијана Дапчевиќ, а учествуваа вкупно 18 финалисти.

Победата ѝ припадна на Констракта, односно Ана Џуриќ родена 1978 година во Белград. Српската ексцентрична уметница ќе ја претставува својата татковина на Евровизија во Торино, Италија во мај. Констракта е мајка на две деца и архитект.

Нејзината песна „In corpore sano“ стана хит на социјалните мрежи и број 1 во трендинг на Јутуб во Србија за кусо време, иако на почетокот се сметаше за аутсајдер.

Таа беше изгласана со гласови од жирито и публиката. На второ место заврши Сара Јо со песната „Мушкарчина“.

Изборот беше совршено организиран, со одлични водители, концепт, раскошна сцена, специјални ефекти, евровизиски стил на гласање и што уште не. Многумина велат дека Србија успеа да си организира вистинска Евровизија во својата земја.

Песната на Констракта говори за начинот на живот на слободните уметници и поддршка за нив, за тоа како креираат и создаваат, а немаат здравствено осигирување. Целта на песната е да го фокусира вниманието на тоа.

Констракта не ја очекуваше победата и ја прифати збунета и со солзи во очите.

На српските медиуми се пишува дека песната е инспирирана и од член на нејзиниот поранешен бенд. Гитаристот починал од леукемија, наводно без здравствено осигурување, и сега неговото семејство се бори за да преживее.

Текстот на победничката песна започнува на специфичен начин со стихот „Која ли е тајната на здравата коса на Меган Маркл“.

The post Дали ризикуваат со неа: Ексцентричната Констракта ќе ја преставува Србија на Евровизија appeared first on Република.

]]>

Вчера (05.03), по две полуфинални вечери, се одржа финалето на српскиот избор за песна на Евровизија, на кој настапи и нашата Тијана Дапчевиќ, а учествуваа вкупно 18 финалисти. Победата ѝ припадна на Констракта, односно Ана Џуриќ родена 1978 година во Белград. Српската ексцентрична уметница ќе ја претставува својата татковина на Евровизија во Торино, Италија во мај. Констракта е мајка на две деца и архитект. Нејзината песна „In corpore sano“ стана хит на социјалните мрежи и број 1 во трендинг на Јутуб во Србија за кусо време, иако на почетокот се сметаше за аутсајдер. Таа беше изгласана со гласови од жирито и публиката. На второ место заврши Сара Јо со песната „Мушкарчина“. Изборот беше совршено организиран, со одлични водители, концепт, раскошна сцена, специјални ефекти, евровизиски стил на гласање и што уште не. Многумина велат дека Србија успеа да си организира вистинска Евровизија во својата земја. Песната на Констракта говори за начинот на живот на слободните уметници и поддршка за нив, за тоа како креираат и создаваат, а немаат здравствено осигирување. Целта на песната е да го фокусира вниманието на тоа. Констракта не ја очекуваше победата и ја прифати збунета и со солзи во очите. На српските медиуми се пишува дека песната е инспирирана и од член на нејзиниот поранешен бенд. Гитаристот починал од леукемија, наводно без здравствено осигурување, и сега неговото семејство се бори за да преживее. Текстот на победничката песна започнува на специфичен начин со стихот „Која ли е тајната на здравата коса на Меган Маркл“.

The post Дали ризикуваат со неа: Ексцентричната Констракта ќе ја преставува Србија на Евровизија appeared first on Република.

]]>