конститутивна седница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konstitutivna-sednica/ За подобро да се разбереме Wed, 29 May 2024 08:44:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png конститутивна седница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konstitutivna-sednica/ 32 32 „Дечки, ај по дома, доста беше!“ им порача Кичевски на сопартијците пратеници од СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dechki-aj-po-doma-dosta-beshe-im-poracha-kichevski-na-sopartijtsite-pratenitsi-od-sdsm/ Wed, 29 May 2024 08:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=782635

И Васко Кичевски се приклучи кон критиките од членовите на СДСМ до сопартијците-пратеници, за нивниот вчерашен молк за време на конститутивната седница на Собранието.

Замислете пратеник на најголема опозициона партија кој сака да стане претседател на таа партија, а нема храброст да стане да зборува на ден на конституирање на собрание. Дечки ај по дома доста беше!, вели Кичевски.

Дека ниеден од пратениците на СДСМ не се јави за збор, прво реагираше Андреј Петров, кој ги прозва јавно во вестите на „Сител“ велејќи рече дека „го изело срам“ за нивното однесување.

https://republika.mk/vesti/makedonija/andrej-petrov-me-izede-sram-shto-denes-nikoj-od-pratenitsite-na-sdsm-ne-zede-zbor-na-sednitsata-na-sobranieto-toa-ne-e-mesto-kade-shto-treba-da-sedat-kutolozi/

Критики упати и Стефан Богоев, чие име се споменува меѓу можните кандидати за претседател на партијата, која бира нов лидер на 30 јуни.

https://republika.mk/vesti/makedonija/po-andrej-petrov-i-stefan-bogoev-so-komentar-pratenitsite-treba-da-znaat-deka-se-izbrani-od-narodot-za-vo-sobranie-da-argumentiraat-i-diskutiraat-a-ne-da-se-slikaat-i-da-molchat/

The post „Дечки, ај по дома, доста беше!“ им порача Кичевски на сопартијците пратеници од СДСМ appeared first on Република.

]]>

И Васко Кичевски се приклучи кон критиките од членовите на СДСМ до сопартијците-пратеници, за нивниот вчерашен молк за време на конститутивната седница на Собранието.
Замислете пратеник на најголема опозициона партија кој сака да стане претседател на таа партија, а нема храброст да стане да зборува на ден на конституирање на собрание. Дечки ај по дома доста беше!, вели Кичевски.
Дека ниеден од пратениците на СДСМ не се јави за збор, прво реагираше Андреј Петров, кој ги прозва јавно во вестите на „Сител“ велејќи рече дека „го изело срам“ за нивното однесување. https://republika.mk/vesti/makedonija/andrej-petrov-me-izede-sram-shto-denes-nikoj-od-pratenitsite-na-sdsm-ne-zede-zbor-na-sednitsata-na-sobranieto-toa-ne-e-mesto-kade-shto-treba-da-sedat-kutolozi/ Критики упати и Стефан Богоев, чие име се споменува меѓу можните кандидати за претседател на партијата, која бира нов лидер на 30 јуни. https://republika.mk/vesti/makedonija/po-andrej-petrov-i-stefan-bogoev-so-komentar-pratenitsite-treba-da-znaat-deka-se-izbrani-od-narodot-za-vo-sobranie-da-argumentiraat-i-diskutiraat-a-ne-da-se-slikaat-i-da-molchat/

The post „Дечки, ај по дома, доста беше!“ им порача Кичевски на сопартијците пратеници од СДСМ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Очекуваме поддршка од сите што се потпишани Гаши да биде претседател на Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ochekuvame-poddrshka-od-site-shto-se-potpishani-gashi-da-bide-pretsedatel-na-sobranieto/ Tue, 28 May 2024 10:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=782345

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред почетокот на конститутивната седница на Собранието изјави дека очекува предлогот Африм Гаши да биде претседател на Собранието да биде поддржан од сите што се потпишани за тој да биде прв човек на законодавниот дом.

Во врска со изјавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека ќе даде бланко поддршка за проектите доколку Африм Гаши не биде претседател тој одговори дека Апасиев претходно имал понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се придружи кон македонското национално единство.

Димитар Апасиев имаше бланко понуда да се придружи кон македонското национално единство, тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива, дали на Хургада, дали на некоја друга грчка плажа, рече тој.

Во Собранието денеска почна конститутивната седница на новиот собраниски состав. Со седницата претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику.

На дневен ред се избор на Верификациска комисија, верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието, место на кое ќе биде предложено да седне Африм Гаши од Алтернатива, дел од коалицијата „Вреди“.

The post Мицкоски: Очекуваме поддршка од сите што се потпишани Гаши да биде претседател на Собранието appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред почетокот на конститутивната седница на Собранието изјави дека очекува предлогот Африм Гаши да биде претседател на Собранието да биде поддржан од сите што се потпишани за тој да биде прв човек на законодавниот дом. Во врска со изјавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, дека ќе даде бланко поддршка за проектите доколку Африм Гаши не биде претседател тој одговори дека Апасиев претходно имал понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се придружи кон македонското национално единство.
Димитар Апасиев имаше бланко понуда да се придружи кон македонското национално единство, тој одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива, дали на Хургада, дали на некоја друга грчка плажа, рече тој.
Во Собранието денеска почна конститутивната седница на новиот собраниски состав. Со седницата претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику. На дневен ред се избор на Верификациска комисија, верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието, место на кое ќе биде предложено да седне Африм Гаши од Алтернатива, дел од коалицијата „Вреди“.

The post Мицкоски: Очекуваме поддршка од сите што се потпишани Гаши да биде претседател на Собранието appeared first on Република.

]]>
Почна конститутивната седница на Собранието, во моментов има пауза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-konstitutivnata-sednitsa-na-sobranieto-vo-momentov-ima-pauza/ Tue, 28 May 2024 10:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=782337

Започна констититувната седница на новиот парламентарен состав. Со изменети места за седење, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,ДУИ, ЗНАМ, Вреди и Левица имаат три дена да го изберат новиот претседател на Собранието, кој речиси сигурно ќе биде Африм Гаши.

На дневен ред на седницата се четири точки односно избор на Верификациска комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието.

Во моментов има пауза поради избор на Верификациона комисија.

The post Почна конститутивната седница на Собранието, во моментов има пауза appeared first on Република.

]]>

Започна констититувната седница на новиот парламентарен состав. Со изменети места за седење, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,ДУИ, ЗНАМ, Вреди и Левица имаат три дена да го изберат новиот претседател на Собранието, кој речиси сигурно ќе биде Африм Гаши. На дневен ред на седницата се четири точки односно избор на Верификациска комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието. Во моментов има пауза поради избор на Верификациона комисија.

The post Почна конститутивната седница на Собранието, во моментов има пауза appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе биде конституиран новиот парламентарен состав https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-ke-bide-konstituiran-noviot-parlamentaren-sostav/ Tue, 28 May 2024 05:27:07 +0000 https://republika.mk/?p=782225

Во Собранието денеска во 11 часот треба да започне седницата на која треба да биде конституиран новиот парламентарен состав. На дневен ред на седницата се четири точки односно избор на Верификациска комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието. Според најавите, за претседател на Собранието ќе биде предложен Африм Гаши од Алтернатива, дел од коалицијата Вреди.

Собранието ќе брои 120 пратеници, но на седницата се очекува да присуствуваат само 118 бидејќи нивните мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандата за кои се прегласуваше минатата среда се уште течат жалбените постапки.

Во новиот парламентарен состав најмногу пратеници има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ - 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има исто 18 пратеници, коалицијата Вреди 14, Левица шест и ЗНАМ шест пратеници.

Се уште траат жалбените постапки за последното прегласување во селото Ларце во Желино и не се знае дали Вреди ќе го задржи добиениот мандат. Поради кандидатурата за претседател на Собранието Африм Гаши се повлече од лидерската функција во Алтернатива, која е дел од Коалицијата Вреди. Билал Касами, претседател на Движењето БЕСА која е дел од оваа коалиција и тетовски градоначалник, пак, се откажа од пратеничкиот мандат и побара тој да не му биде верификуван на денешната седница.

Локалните избори донесоа промена во собранискиот состав откако четворица пратеници победија во првиот круг и ќе бидат градоначалници. Во трката за градоначалничката фукција во вториот изборен

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се Христијан Мицкоски, кој се очекува да биде мандатар во новата влада, Гордана Кочовска Димитриевска, Синиша Стојановски, Бети Стаменковска, Тони Јаревски, Иван Живковски, Љупчо Пренџов, Марија Митева, Иванка Василевска, Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Бобан Николовски, Бојан Стојановски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Бране Петрушевски, Драган Ковачки, Никола Мицевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Душко Иванов, Александар Јамалов, Драгана Бојковска, Емил Спасовски, Драгана Арсова, Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Дејан Проданоски, Зоран Јованчев, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Златко Пенков, Моника Ристеска, Јулија Тушева, Жан Дрвошанов, Петар Марков, Билјана Кузмановска, Ѓорѓија Сајкоски, Олга Лозановска, Сашо Донев, Пеце Милевски, Јован Јаулески, Лидија Петковска, Мевмед Џафери, Кире Божиновски, Силвана Ангелевска, Грација Бакрачевска, Дафина Стојаноска, Александар Велјановски и Валентина Марчевска и други пратеници од коалицијата.

Од СДСМ, пак, пратеници се: Димитар Ковачевски, Моника Зајкова, Даниела Николова, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Горан Мисовски, Благој Бочварски, Венко Филипче, Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска, Борче Цветков, Јован Митрески, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Митко Трајчулески и Славјанка Петровска.

Пратеници од редовите ДУИ ќе бидат Блерим Беџети, Илир Хасани, Садула Дураки, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Ељми Азири, Зиадин Села, Муса Џафери, Арбана Пашоли, Али Ахмети, Талат Џафери, Илире Даути, Мендух Таќи, Рина Ајдари, Бејџан Илјас, Илир Демири, Сали Мурати и Фатмире Исаки.

Пратеници од коалицијата Вреди се Изет Меџити, Беким Сали, Африм Гаши, Ријад Шаќири, Мерита Колчи – Коџаџику, Салим Сулејмани, Биљал Касами (кој се откажа и побара да не му биде верификуван мандатот), Беким Ќоку, Мимоза Муса, Халил Снопче, Фатмир Лимани, Саранда Имери-Стафаи и Садик Сулејмани.

Левица и ЗНАМ имаат по шест пратеници. Пратеници од Левица се Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Амар Мециновиќ, Сашко Јанчев и Јована Мојсоска. Пратеници на ЗНАМ, која станува дел од идната владејачката коалиција, се Бобан Карапејовски, Даниел Стојчевски, Даниела Белимова, Павле Арсоски, Миле Цеков и Весна Бендевска.

Со конститутивната седница ќе претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику

Конститутивната седницата ја свика претседателот на Собранието Јован Митрески, а со неа ќе претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику. Со овој парламентарен состав започнува примената на новиот Деловник за работа на Собранието.

Претседателот на Собранието го известува претседателот на Републиката за конституирањето на Собранието и за изборот на претседателот на Собранието.

Претседавачот со првата седница назначува двајца од избраните пратеници, кои по потреба го заменуваат во претседавањето со седницата. Претседавачот со прозивка на избраните пратеници го утврдува бројот на присутните избрани пратеници.

Собранието може да се конституира ако на седницата присуствуваат мнозинство на избраните пратеници.

Откако ќе се утврди кворумот, се избираат претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието. Мандатот на пратениците Собранието го верифицира на конститутивната седница по предлог од Верификационата комисија која се избира по предлог од претседавачот.

Верификационата комисија се состои од претседател и четворица членови, од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието.

Врз основа на извештајот на Државната изборна комисија за избор на секој пратеник, Верификационата комисија на Собранието му поднесува писмен извештај со предлог за верификација на мандатот на секој пратеник одделно.

Собранието го претресува и гласа во целина по извештајот на Верификациската комисија. За извештајот на Верификациската комисија се води единствен претрес, кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето по извештајот се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот. Ако Верификациската комисија го оспори изборот на одделен пратеник, на Собранието му предлага да ја одложи верификацијата на неговиот мандат. За секој предлог за одложување на верификацијата на мандат на пратеник, Собранието во рокот расправа и одлучува одделно. Собранието може да ја одложи верификацијата на мандатот на пратеник и со заклучок да побара Државната изборна комисија да ги изврши потребните согледувања, заради проверка на законитоста и правилноста на спроведениот избор и во рок од 30 дена за тоа да го извести Собранието. До добивањето на известувањето на ДИК, пратеникот чија верификација на мандатот е одложена, нема право да присуствува на седниците на Собранието.

Верификацијата на мандатот на пратеници кои станале пратеници од листата на кандидати за остатокот од мандатот, Собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот на Државната изборна комисија, а по предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Собранието на конститутивната седница, по предлог од најмалку 10 пратеници, избира Комисија за прашања на изборите и именувањата. Во Комисијата се обезбедува соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Собранието. По предлогот за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се води единствен претрес, кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето за избор на Комисијата се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот.

Собранието од редот на пратениците избира претседател на Собранието. За избор на претседател на Собранието се води единствен претрес, кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето за избор на претседател на Собранието се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот.

Кандидат за претседател на Собранието може да предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку 20 пратеници. Пратеник може да биде предлагач само на еден кандидат за претседател на Собранието.

Предлогот за кандидат за претседател на Собранието се поднесува во писмена форма на седницата на Собранието и содржи име и презиме на кандидатот со биографски податоци и образложение, како и имињата и презимињата на пратениците кои го поднесуваат предлогот и нивни своерачни потписи.

Доколку се поднесени два или повеќе предлози за кандидат за претседател на Собранието, редоследот на кандидатите за претседател на Собранието се утврдува според азбучниот ред на нивните презимиња.

Со гласањето за избор на претседател на Собранието раководи претседавачот. Ако Собранието одлучи претседателот на Собранието да се избира со тајно гласање, на претседавачот при изборот му помагаат генералниот секретар на Собранието и тројца пратеници, кои ги избира Собранието на предлог на претседавачот од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието.

Пратеникот има право да гласа само за еден од предложените кандидати за претседател на Собранието. Ако пратеникот гласа за повеќе кандидати за претседател на Собранието, неговото гласање се смета за неважечко.

За претседател на Собранието е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако за претседател е предложен еден кандидат и ако при првото гласање не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Ако за претседател се предложени двајца кандидати и ако на првото гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, гласањето се повторува.

Ако за претседател на Собранието се предложени тројца или повеќе кандидати, гласањето се повторува за двајцата кандидати кои добиле најголем број гласови на првото гласање.

Ако меѓу кандидатите со најголем број гласови има кандидати со ист број гласови, гласањето се повторува за сите кандидати со најголем број гласови. Ако и на повторното гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

The post Денеска ќе биде конституиран новиот парламентарен состав appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска во 11 часот треба да започне седницата на која треба да биде конституиран новиот парламентарен состав. На дневен ред на седницата се четири точки односно избор на Верификациска комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието. Според најавите, за претседател на Собранието ќе биде предложен Африм Гаши од Алтернатива, дел од коалицијата Вреди. Собранието ќе брои 120 пратеници, но на седницата се очекува да присуствуваат само 118 бидејќи нивните мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандата за кои се прегласуваше минатата среда се уште течат жалбените постапки. Во новиот парламентарен состав најмногу пратеници има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ - 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има исто 18 пратеници, коалицијата Вреди 14, Левица шест и ЗНАМ шест пратеници. Се уште траат жалбените постапки за последното прегласување во селото Ларце во Желино и не се знае дали Вреди ќе го задржи добиениот мандат. Поради кандидатурата за претседател на Собранието Африм Гаши се повлече од лидерската функција во Алтернатива, која е дел од Коалицијата Вреди. Билал Касами, претседател на Движењето БЕСА која е дел од оваа коалиција и тетовски градоначалник, пак, се откажа од пратеничкиот мандат и побара тој да не му биде верификуван на денешната седница. Локалните избори донесоа промена во собранискиот состав откако четворица пратеници победија во првиот круг и ќе бидат градоначалници. Во трката за градоначалничката фукција во вториот изборен Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се Христијан Мицкоски, кој се очекува да биде мандатар во новата влада, Гордана Кочовска Димитриевска, Синиша Стојановски, Бети Стаменковска, Тони Јаревски, Иван Живковски, Љупчо Пренџов, Марија Митева, Иванка Василевска, Владо Мисајловски, Жаклина Пешевска, Бобан Николовски, Бојан Стојановски, Каролина Насковска, Зоран Коцевски, Бране Петрушевски, Драган Ковачки, Никола Мицевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Даниела Христова, Марија Петрушевска, Душко Иванов, Александар Јамалов, Драгана Бојковска, Емил Спасовски, Драгана Арсова, Александар Николоски, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Дејан Проданоски, Зоран Јованчев, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Златко Пенков, Моника Ристеска, Јулија Тушева, Жан Дрвошанов, Петар Марков, Билјана Кузмановска, Ѓорѓија Сајкоски, Олга Лозановска, Сашо Донев, Пеце Милевски, Јован Јаулески, Лидија Петковска, Мевмед Џафери, Кире Божиновски, Силвана Ангелевска, Грација Бакрачевска, Дафина Стојаноска, Александар Велјановски и Валентина Марчевска и други пратеници од коалицијата. Од СДСМ, пак, пратеници се: Димитар Ковачевски, Моника Зајкова, Даниела Николова, Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Љупчо Николовски, Горан Мисовски, Благој Бочварски, Венко Филипче, Јованка Тренчевска, Миле Талевски, Соња Мираковска, Борче Цветков, Јован Митрески, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Митко Трајчулески и Славјанка Петровска. Пратеници од редовите ДУИ ќе бидат Блерим Беџети, Илир Хасани, Садула Дураки, Скендер Реџепи, Дијана Тоска, Ељми Азири, Зиадин Села, Муса Џафери, Арбана Пашоли, Али Ахмети, Талат Џафери, Илире Даути, Мендух Таќи, Рина Ајдари, Бејџан Илјас, Илир Демири, Сали Мурати и Фатмире Исаки. Пратеници од коалицијата Вреди се Изет Меџити, Беким Сали, Африм Гаши, Ријад Шаќири, Мерита Колчи – Коџаџику, Салим Сулејмани, Биљал Касами (кој се откажа и побара да не му биде верификуван мандатот), Беким Ќоку, Мимоза Муса, Халил Снопче, Фатмир Лимани, Саранда Имери-Стафаи и Садик Сулејмани. Левица и ЗНАМ имаат по шест пратеници. Пратеници од Левица се Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Амар Мециновиќ, Сашко Јанчев и Јована Мојсоска. Пратеници на ЗНАМ, која станува дел од идната владејачката коалиција, се Бобан Карапејовски, Даниел Стојчевски, Даниела Белимова, Павле Арсоски, Миле Цеков и Весна Бендевска. Со конститутивната седница ќе претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику Конститутивната седницата ја свика претседателот на Собранието Јован Митрески, а со неа ќе претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику. Со овој парламентарен состав започнува примената на новиот Деловник за работа на Собранието. Претседателот на Собранието го известува претседателот на Републиката за конституирањето на Собранието и за изборот на претседателот на Собранието. Претседавачот со првата седница назначува двајца од избраните пратеници, кои по потреба го заменуваат во претседавањето со седницата. Претседавачот со прозивка на избраните пратеници го утврдува бројот на присутните избрани пратеници. Собранието може да се конституира ако на седницата присуствуваат мнозинство на избраните пратеници. Откако ќе се утврди кворумот, се избираат претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието. Мандатот на пратениците Собранието го верифицира на конститутивната седница по предлог од Верификационата комисија која се избира по предлог од претседавачот. Верификационата комисија се состои од претседател и четворица членови, од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието. Врз основа на извештајот на Државната изборна комисија за избор на секој пратеник, Верификационата комисија на Собранието му поднесува писмен извештај со предлог за верификација на мандатот на секој пратеник одделно. Собранието го претресува и гласа во целина по извештајот на Верификациската комисија. За извештајот на Верификациската комисија се води единствен претрес, кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето по извештајот се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот. Ако Верификациската комисија го оспори изборот на одделен пратеник, на Собранието му предлага да ја одложи верификацијата на неговиот мандат. За секој предлог за одложување на верификацијата на мандат на пратеник, Собранието во рокот расправа и одлучува одделно. Собранието може да ја одложи верификацијата на мандатот на пратеник и со заклучок да побара Државната изборна комисија да ги изврши потребните согледувања, заради проверка на законитоста и правилноста на спроведениот избор и во рок од 30 дена за тоа да го извести Собранието. До добивањето на известувањето на ДИК, пратеникот чија верификација на мандатот е одложена, нема право да присуствува на седниците на Собранието. Верификацијата на мандатот на пратеници кои станале пратеници од листата на кандидати за остатокот од мандатот, Собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот на Државната изборна комисија, а по предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Собранието на конститутивната седница, по предлог од најмалку 10 пратеници, избира Комисија за прашања на изборите и именувањата. Во Комисијата се обезбедува соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Собранието. По предлогот за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се води единствен претрес, кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето за избор на Комисијата се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот. Собранието од редот на пратениците избира претседател на Собранието. За избор на претседател на Собранието се води единствен претрес, кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето за избор на претседател на Собранието се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот. Кандидат за претседател на Собранието може да предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку 20 пратеници. Пратеник може да биде предлагач само на еден кандидат за претседател на Собранието. Предлогот за кандидат за претседател на Собранието се поднесува во писмена форма на седницата на Собранието и содржи име и презиме на кандидатот со биографски податоци и образложение, како и имињата и презимињата на пратениците кои го поднесуваат предлогот и нивни своерачни потписи. Доколку се поднесени два или повеќе предлози за кандидат за претседател на Собранието, редоследот на кандидатите за претседател на Собранието се утврдува според азбучниот ред на нивните презимиња. Со гласањето за избор на претседател на Собранието раководи претседавачот. Ако Собранието одлучи претседателот на Собранието да се избира со тајно гласање, на претседавачот при изборот му помагаат генералниот секретар на Собранието и тројца пратеници, кои ги избира Собранието на предлог на претседавачот од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието. Пратеникот има право да гласа само за еден од предложените кандидати за претседател на Собранието. Ако пратеникот гласа за повеќе кандидати за претседател на Собранието, неговото гласање се смета за неважечко. За претседател на Собранието е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако за претседател е предложен еден кандидат и ако при првото гласање не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Ако за претседател се предложени двајца кандидати и ако на првото гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, гласањето се повторува. Ако за претседател на Собранието се предложени тројца или повеќе кандидати, гласањето се повторува за двајцата кандидати кои добиле најголем број гласови на првото гласање. Ако меѓу кандидатите со најголем број гласови има кандидати со ист број гласови, гласањето се повторува за сите кандидати со најголем број гласови. Ако и на повторното гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

The post Денеска ќе биде конституиран новиот парламентарен состав appeared first on Република.

]]>
Утре почнува конститутивната седница на Собранието и избор на претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-pochnuva-konstitutivnata-sednitsa-na-sobranieto-i-izbor-na-pretsedatel/ Mon, 27 May 2024 13:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=782108

Во Собранието се вршат последните подготовки пред утрешната конститутивна седница на Собранието по парламентарните избори на 8 мај. Собранието ќе брои 120 пратеници, но на утрешната седница ќе присуствуваат само 118 пратеници чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандати за кои се прегласуваше минатата среда се уште течат жалбените постапки. Претседател на Собранието најверојатно ќе биде Африм Гаши од коалицијата Вреди, како што попладнево потврдија од партиските работни групи кои преговараа за нова влада.

Во новиот парламентарен состав најмногу пратеници има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ - 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има исто 18 пратеници, коалицијата Вреди 14, Левица шест и ЗНАМ шест пратеници.

Со овој парламентарен состав започнува примената на новиот Деловник за работа на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свика претседателот на Собранието Јован Митрески.

До изборот на претседател на Собранието со конститутивната седница ќе претседава најстариот пратеник по години. Во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџику.

Дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседателот на Собранието.

Претседателот на Собранието го известува претседателот на Републиката за конституирањето на Собранието и за изборот на претседателот на Собранието.

Претседавачот со првата седница назначува двајца од избраните пратеници, кои по потреба го заменуваат во претседавањето со седницата. Претседавачот со прозивка на избраните пратеници го утврдува бројот на присутните избрани пратеници.

Собранието може да се конституира ако на седницата присуствуваат мнозинство на избраните пратеници.

Откако ќе се утврди кворумот, се избираат претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието. Мандатот на пратениците Собранието го верифицира на конститутивната седница по предлог од Верификационата комисија која се избира по предлог од претседавачот.

Верификационата комисија се состои од претседател и четворица членови, од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието.

Врз основа на извештајот на Државната изборна комисија за избор на секој пратеник, Верификационата комисија на Собранието му поднесува писмен извештај со предлог за верификација на мандатот на секој пратеник одделно.

Собранието го претресува и гласа во целина по извештајот на Верификационата комисија. За извештајот на Верификационата комисија се води единствен претрес, кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето по извештајот се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот. Ако Верификационата комисија го оспори изборот на одделен пратеник, на Собранието му предлага да ја одложи верификацијата на неговиот мандат. За секој предлог за одложување на верификацијата на мандат на пратеник, Собранието во рокот расправа и одлучува одделно.

Собранието може да ја одложи верификацијата на мандатот на пратеник и со заклучок да побара Државната изборна комисија да ги изврши потребните согледувања, заради проверка на законитоста и правилноста на спроведениот избор и во рок од 30 дена за тоа да го извести Собранието.

До добивањето на известувањето на Државната изборна комисија, пратеникот чија верификација на мандатот е одложена, нема право да присуствува на седниците на Собранието.

Верификацијата на мандатот на пратеници кои станале пратеници од листата на кандидати за остатокот од мандатот, Собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот на Државната изборна комисија, а по предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Со верификацијата на мандатот пратеникот се стекнува со права и должности утврдени со Уставот, закон и со овој деловник.

Собранието на конститутивната седница, по предлог од најмалку 10 пратеници, избира Комисија за прашања на изборите и именувањата. Во Комисијата се обезбедува соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Собранието. По предлогот за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се води единствен претрес, кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето за избор на Комисијата се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот.

Собранието од редот на пратениците избира претседател на Собранието. За избор на претседател на Собранието се води единствен претрес, кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето за избор на претседател на Собранието се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот.

Кандидат за претседател на Собранието може да предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку 20 пратеници. Пратеник може да биде предлагач само на еден кандидат за претседател на Собранието.

Предлогот за кандидат за претседател на Собранието се поднесува во писмена форма на седницата на Собранието и содржи име и презиме на кандидатот со биографски податоци и образложение, како и имињата и презимињата на пратениците кои го поднесуваат предлогот и нивни своерачни потписи.

Доколку се поднесени два или повеќе предлози за кандидат за претседател на Собранието, редоследот на кандидатите за претседател на Собранието се утврдува според азбучниот ред на нивните презимиња.

Со гласањето за избор на претседател на Собранието раководи претседавачот. Ако Собранието одлучи претседателот на Собранието да се избира со тајно гласање, на претседавачот при изборот му помагаат генералниот секретар на Собранието и тројца пратеници, кои ги избира Собранието на предлог на претседавачот од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието.

Пратеникот има право да гласа само за еден од предложените кандидати за претседател на Собранието. Ако пратеникот гласа за повеќе кандидати за претседател на Собранието, неговото гласање се смета за неважечко.

За претседател на Собранието е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако за претседател е предложен еден кандидат и ако при првото гласање не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Ако за претседател се предложени двајца кандидати и ако на првото гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, гласањето се повторува.

Ако за претседател на Собранието се предложени тројца или повеќе кандидати, гласањето се повторува за двајцата кандидати кои добиле најголем број гласови на првото гласање.

Ако меѓу кандидатите со најголем број гласови има кандидати со ист број гласови, гласањето се повторува за сите кандидати со најголем број гласови. Ако и на повторното гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

На друга седница ќе бидат избрани потпретседатели на Собранието, а бројот на потпретседателите го утврдува Собранието по предлог од претседателот на Собранието. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието. Еден од потпретседателите се избира од редот на пратениците кои припаѓаат на политичката партија застапена во Собранието која е најголема опозициона партија. Најмалку еден од потпретседателите се избира од помалку застапениот пол.

The post Утре почнува конститутивната седница на Собранието и избор на претседател appeared first on Република.

]]>

Во Собранието се вршат последните подготовки пред утрешната конститутивна седница на Собранието по парламентарните избори на 8 мај. Собранието ќе брои 120 пратеници, но на утрешната седница ќе присуствуваат само 118 пратеници чии мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандати за кои се прегласуваше минатата среда се уште течат жалбените постапки. Претседател на Собранието најверојатно ќе биде Африм Гаши од коалицијата Вреди, како што попладнево потврдија од партиските работни групи кои преговараа за нова влада. Во новиот парламентарен состав најмногу пратеници има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ - 58, коалицијата За европска иднина предводена од СДСМ има 18 пратеници, коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ има исто 18 пратеници, коалицијата Вреди 14, Левица шест и ЗНАМ шест пратеници. Со овој парламентарен состав започнува примената на новиот Деловник за работа на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свика претседателот на Собранието Јован Митрески. До изборот на претседател на Собранието со конститутивната седница ќе претседава најстариот пратеник по години. Во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџику. Дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседателот на Собранието. Претседателот на Собранието го известува претседателот на Републиката за конституирањето на Собранието и за изборот на претседателот на Собранието. Претседавачот со првата седница назначува двајца од избраните пратеници, кои по потреба го заменуваат во претседавањето со седницата. Претседавачот со прозивка на избраните пратеници го утврдува бројот на присутните избрани пратеници. Собранието може да се конституира ако на седницата присуствуваат мнозинство на избраните пратеници. Откако ќе се утврди кворумот, се избираат претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието. Мандатот на пратениците Собранието го верифицира на конститутивната седница по предлог од Верификационата комисија која се избира по предлог од претседавачот. Верификационата комисија се состои од претседател и четворица членови, од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието. Врз основа на извештајот на Државната изборна комисија за избор на секој пратеник, Верификационата комисија на Собранието му поднесува писмен извештај со предлог за верификација на мандатот на секој пратеник одделно. Собранието го претресува и гласа во целина по извештајот на Верификационата комисија. За извештајот на Верификационата комисија се води единствен претрес, кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето по извештајот се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот. Ако Верификационата комисија го оспори изборот на одделен пратеник, на Собранието му предлага да ја одложи верификацијата на неговиот мандат. За секој предлог за одложување на верификацијата на мандат на пратеник, Собранието во рокот расправа и одлучува одделно. Собранието може да ја одложи верификацијата на мандатот на пратеник и со заклучок да побара Државната изборна комисија да ги изврши потребните согледувања, заради проверка на законитоста и правилноста на спроведениот избор и во рок од 30 дена за тоа да го извести Собранието. До добивањето на известувањето на Државната изборна комисија, пратеникот чија верификација на мандатот е одложена, нема право да присуствува на седниците на Собранието. Верификацијата на мандатот на пратеници кои станале пратеници од листата на кандидати за остатокот од мандатот, Собранието ја врши на првата наредна седница врз основа на извештајот на Државната изборна комисија, а по предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Со верификацијата на мандатот пратеникот се стекнува со права и должности утврдени со Уставот, закон и со овој деловник. Собранието на конститутивната седница, по предлог од најмалку 10 пратеници, избира Комисија за прашања на изборите и именувањата. Во Комисијата се обезбедува соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Собранието. По предлогот за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се води единствен претрес, кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето за избор на Комисијата се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот. Собранието од редот на пратениците избира претседател на Собранието. За избор на претседател на Собранието се води единствен претрес, кој не може да трае повеќе од еден ден. Гласањето за избор на претседател на Собранието се врши по завршување на претресот, а најдоцна до 24:00 часот. Кандидат за претседател на Собранието може да предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку 20 пратеници. Пратеник може да биде предлагач само на еден кандидат за претседател на Собранието. Предлогот за кандидат за претседател на Собранието се поднесува во писмена форма на седницата на Собранието и содржи име и презиме на кандидатот со биографски податоци и образложение, како и имињата и презимињата на пратениците кои го поднесуваат предлогот и нивни своерачни потписи. Доколку се поднесени два или повеќе предлози за кандидат за претседател на Собранието, редоследот на кандидатите за претседател на Собранието се утврдува според азбучниот ред на нивните презимиња. Со гласањето за избор на претседател на Собранието раководи претседавачот. Ако Собранието одлучи претседателот на Собранието да се избира со тајно гласање, на претседавачот при изборот му помагаат генералниот секретар на Собранието и тројца пратеници, кои ги избира Собранието на предлог на претседавачот од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието. Пратеникот има право да гласа само за еден од предложените кандидати за претседател на Собранието. Ако пратеникот гласа за повеќе кандидати за претседател на Собранието, неговото гласање се смета за неважечко. За претседател на Собранието е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако за претседател е предложен еден кандидат и ако при првото гласање не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Ако за претседател се предложени двајца кандидати и ако на првото гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, гласањето се повторува. Ако за претседател на Собранието се предложени тројца или повеќе кандидати, гласањето се повторува за двајцата кандидати кои добиле најголем број гласови на првото гласање. Ако меѓу кандидатите со најголем број гласови има кандидати со ист број гласови, гласањето се повторува за сите кандидати со најголем број гласови. Ако и на повторното гласање ниту еден од кандидатите не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. На друга седница ќе бидат избрани потпретседатели на Собранието, а бројот на потпретседателите го утврдува Собранието по предлог од претседателот на Собранието. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието. Еден од потпретседателите се избира од редот на пратениците кои припаѓаат на политичката партија застапена во Собранието која е најголема опозициона партија. Најмалку еден од потпретседателите се избира од помалку застапениот пол.

The post Утре почнува конститутивната седница на Собранието и избор на претседател appeared first on Република.

]]>
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-28-maj-zakazhana-konstitutivnata-sednitsa-na-sobranieto/ Thu, 23 May 2024 11:30:15 +0000 https://republika.mk/?p=781169

Конститутивната седница на Собранието е закажана за следниот вторник, на 28 мај. Со седницата до изборот на новиот претседател на Собранието, согласно Деловникот за работа, ќе претседава највозрасниот пратеник, а во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџаку.

Од собраниската прес-служба денеска информираа дека претседателот на Собранието Јован Митрески, врз основа на член 9 став (2) од Деловникот на Собранието, одржал состанок со претставниците на политичките партии застапени во новоизбраното Собрание, на кој консензуално било одлучено конститутивната седница, по одржувањето на единаесеттите парламентарни избори, да се одржи на 28 мај 2024 година, вторник, во 11 часот.

Претседателот Митрески ги информирал присутните дека дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.

https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-novata-vlada-se-ochekuva-do-20-juni-vo-nea-verojatno-ke-bidat-vmro-dpmne-vredi-i-znam/

Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на собранискиот претседател.

На денешниот состанок присуствувале Никола Мицески од Коалицијата „Твоја Македонија“ - ВМРО-ДПМНЕ; Оливер Спасовски од Коалицијата за европска иднина - СДСМ; Арбер Адеми од Коалицијата „Европски фронт“; Халил Снопче од Коалицијата „Влен“; Борислав Крмов од партијата Левица и Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

На состанокот присуствувале и Мерита Колчи Коџаџику, како највозрасна пратеничка, како и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

The post На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието appeared first on Република.

]]>

Конститутивната седница на Собранието е закажана за следниот вторник, на 28 мај. Со седницата до изборот на новиот претседател на Собранието, согласно Деловникот за работа, ќе претседава највозрасниот пратеник, а во новоизбраниот состав тоа е пратеничката Мерита Колчи Коџаџаку. Од собраниската прес-служба денеска информираа дека претседателот на Собранието Јован Митрески, врз основа на член 9 став (2) од Деловникот на Собранието, одржал состанок со претставниците на политичките партии застапени во новоизбраното Собрание, на кој консензуално било одлучено конститутивната седница, по одржувањето на единаесеттите парламентарни избори, да се одржи на 28 мај 2024 година, вторник, во 11 часот. Претседателот Митрески ги информирал присутните дека дневниот ред на конститутивната седница, според Деловникот, ќе има три точки односно избор на Верификациона комисија, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-novata-vlada-se-ochekuva-do-20-juni-vo-nea-verojatno-ke-bidat-vmro-dpmne-vredi-i-znam/ Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на собранискиот претседател. На денешниот состанок присуствувале Никола Мицески од Коалицијата „Твоја Македонија“ - ВМРО-ДПМНЕ; Оливер Спасовски од Коалицијата за европска иднина - СДСМ; Арбер Адеми од Коалицијата „Европски фронт“; Халил Снопче од Коалицијата „Влен“; Борислав Крмов од партијата Левица и Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. На состанокот присуствувале и Мерита Колчи Коџаџику, како највозрасна пратеничка, како и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.

The post На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието appeared first on Република.

]]>
Официјално ќе биде потврден новиот пратенички состав на српското собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/oficijalno-kje-bide-potvrden-noviot-pratenichki-sostav-na-srpskoto-sobranie/ Mon, 01 Aug 2022 08:07:08 +0000 https://republika.mk/?p=535584

Во српското Собрание денеска ќе се одржи конститутивната седница на новиот парламентарен состав, при што ќе бидат потврдени мандатите за пратениците кои беа избрани на парламентарните избори на 3 април годинава.

Прва точка на дневниот ред е потврдување на мандатот на пратениците, а Собранието се смета за конституирано кога ќе бидат потврдени две третини од мандатите.

По дневниот ред следува избор на претседател на Народното собрание, избор на потпретседатели и именување на генерален секретар, по што следува избор на членови на работни тела и избор на членови на постојани парламентарни делегации во меѓународните институции.

Како што беше договорено на консултациите на парламентарните партии, денеска во собранието ќе се верификуваат само мандатите и ќе се положи заклетва, додека продолжението на седницата и изборот на претседател е планирано за вторник.

Како што е најавено, за претседател на Собранието ќе биде кандидиран Владимир Орлиќ од Српската напредна странка (СНС), а во работата ќе му помагаат седум потпретседатели, од кои тројца ќе бидат избрани од редовите на опозицијата.

За потпретседатели ќе се кандидираат Божидар Делиќ и лидерот на опозициската Демократска странка (ДС), Зоран Лутовац, а останатите имиња засега не се познати.

Новиот составот на собранието ќе го сочинуваат 120 пратеници од коалиционата листа на СНС „Александар Вучиќ заедно можеме се“, 38 од опозициската листа „Обединети за победа на Србија“ предводена од Мариника Тепиќ, а трета по сила е коалицијата на социјалистите на Ивица Дачиќ СПС-ЈС со 31 пратеник.

Опозициските коалиции- НАДА има 15 пратенички места, листата Мораме има 13, а Двери и Заветница имаат по 10 места.

Кај малцинствата, Сојузот на Унгарците од Војводина доби пет мандати, листата Аманетот на Муфтијата доби три, Војвоѓанци и СДА Санџак по две и на Албанците по едно место.

The post Официјално ќе биде потврден новиот пратенички состав на српското собрание appeared first on Република.

]]>

Во српското Собрание денеска ќе се одржи конститутивната седница на новиот парламентарен состав, при што ќе бидат потврдени мандатите за пратениците кои беа избрани на парламентарните избори на 3 април годинава. Прва точка на дневниот ред е потврдување на мандатот на пратениците, а Собранието се смета за конституирано кога ќе бидат потврдени две третини од мандатите. По дневниот ред следува избор на претседател на Народното собрание, избор на потпретседатели и именување на генерален секретар, по што следува избор на членови на работни тела и избор на членови на постојани парламентарни делегации во меѓународните институции. Како што беше договорено на консултациите на парламентарните партии, денеска во собранието ќе се верификуваат само мандатите и ќе се положи заклетва, додека продолжението на седницата и изборот на претседател е планирано за вторник. Како што е најавено, за претседател на Собранието ќе биде кандидиран Владимир Орлиќ од Српската напредна странка (СНС), а во работата ќе му помагаат седум потпретседатели, од кои тројца ќе бидат избрани од редовите на опозицијата. За потпретседатели ќе се кандидираат Божидар Делиќ и лидерот на опозициската Демократска странка (ДС), Зоран Лутовац, а останатите имиња засега не се познати. Новиот составот на собранието ќе го сочинуваат 120 пратеници од коалиционата листа на СНС „Александар Вучиќ заедно можеме се“, 38 од опозициската листа „Обединети за победа на Србија“ предводена од Мариника Тепиќ, а трета по сила е коалицијата на социјалистите на Ивица Дачиќ СПС-ЈС со 31 пратеник. Опозициските коалиции- НАДА има 15 пратенички места, листата Мораме има 13, а Двери и Заветница имаат по 10 места. Кај малцинствата, Сојузот на Унгарците од Војводина доби пет мандати, листата Аманетот на Муфтијата доби три, Војвоѓанци и СДА Санџак по две и на Албанците по едно место.

The post Официјално ќе биде потврден новиот пратенички состав на српското собрание appeared first on Република.

]]>