Конско Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konsko/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Mar 2024 12:18:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Конско Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/konsko/ 32 32 Завршена изградбата на браната „Конско“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zavrshena-izgradbata-na-branata-konsko/ Sun, 10 Mar 2024 13:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=753301

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Овој капитален проект, како што беше речено на денешниот настан, е најголем во државава во последните 50 години, а се реализира со инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов, но ќе добие и нова, дополнителна вредност со предвиденото поставување пловечки фотоволтаци.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план.

The post Завршена изградбата на браната „Конско“ appeared first on Република.

]]>

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена. Овој капитален проект, како што беше речено на денешниот настан, е најголем во државава во последните 50 години, а се реализира со инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов, но ќе добие и нова, дополнителна вредност со предвиденото поставување пловечки фотоволтаци. Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план.

The post Завршена изградбата на браната „Конско“ appeared first on Република.

]]>